Спорт за сите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sport-za-site/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Apr 2023 07:31:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спорт за сите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sport-za-site/ 32 32 Владата организира спортски саем во „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-organizira-sportski-saem-vo-boris-trajkovski/ Wed, 12 Apr 2023 07:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=630030

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе се одржи официјален настан за промоција на спортски саем, под мотото „Спорт за сите”.

Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е инициран од заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во рамки на проектот „Од знаење и образование до зајакнување и учество“ со фокус на промоција на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и практикување на пристап заснован на човекови права.

Во рамки на настанот, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, ќе се одржи панел дискусија „Спорт за сите-можности и перспективи” на која присутните ќе имаат можност активно да дискутираат за овој општествено важен сегмент.

Како што посочуват од Владата, на саемот ќе се презентираат можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови, како и практично демонстрирање на спортските дисциплини пред посетителите, преку обиколка на промотивните штандови, кои ќе бидат поставени во спортската сала.

 

The post Владата организира спортски саем во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје денеска ќе се одржи официјален настан за промоција на спортски саем, под мотото „Спорт за сите”. Настанот, како што информираат од владината прес-служба, е инициран од заменичката на претседателот на Владата на Република Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска во рамки на проектот „Од знаење и образование до зајакнување и учество“ со фокус на промоција на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и практикување на пристап заснован на човекови права. Во рамки на настанот, организиран во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации и во партнерство со Националните сојузи и организации на лица со попреченост, ќе се одржи панел дискусија „Спорт за сите-можности и перспективи” на која присутните ќе имаат можност активно да дискутираат за овој општествено важен сегмент. Како што посочуват од Владата, на саемот ќе се презентираат можностите за активно спортување на лицата со попреченост во неколку спортски федерации и спортски клубови, како и практично демонстрирање на спортските дисциплини пред посетителите, преку обиколка на промотивните штандови, кои ќе бидат поставени во спортската сала.  

The post Владата организира спортски саем во „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>