спор со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spor-so-bugarija/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 14:59:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спор со Бугарија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spor-so-bugarija/ 32 32 Зајкова на иста линија со Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zajkova-na-ista-linija-so-mitskoski/ Thu, 17 Oct 2024 14:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=828122

Уставни измени со одложено дејство се добра и можна опција што треба да се искористи за откочување на еу интеграција, сметаат во опозициската ЛДП. Претседателката на партијата Моника Зајкова вели дека во заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија никаде не е зададена обврска на земјава кога уставните измени да стапат во сила. Со ваквиот став Зајкова се доближи до ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на спорот со Бугарија.

Идејата за одложено дејство ја добила од разговори со партнерските либерални партии од Европа, од каде и биле посочен Брегзит и протоколот од Виндзор кога проблемот во имплементацијата бил решен преку толкување.

Зајкова вели дека и додека била дел од владата на поранепниот премиер Димитар Ковачевска сугерирала да се изнајде начин заклучоците на Советот во делот за уставните измени да се спроведат без штета за земјава. Според неа, ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на ЕУ процесот.

Премиерот Мицкоски вчера, по средбите на Самитот на Берлинскиот процес и со германскиот државен врв, изјави дека е поголем оптимист за откочување на ЕУ интеграцијата на земјава. Тој дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите.

Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие држави што даваат поддршка на ваквата македонска позиција.

The post Зајкова на иста линија со Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Уставни измени со одложено дејство се добра и можна опција што треба да се искористи за откочување на еу интеграција, сметаат во опозициската ЛДП. Претседателката на партијата Моника Зајкова вели дека во заклучоците на Европскиот совет за почеток на преговорите со Македонија никаде не е зададена обврска на земјава кога уставните измени да стапат во сила. Со ваквиот став Зајкова се доближи до ставовите на премиерот Христијан Мицкоски во однос на спорот со Бугарија. Идејата за одложено дејство ја добила од разговори со партнерските либерални партии од Европа, од каде и биле посочен Брегзит и протоколот од Виндзор кога проблемот во имплементацијата бил решен преку толкување. Зајкова вели дека и додека била дел од владата на поранепниот премиер Димитар Ковачевска сугерирала да се изнајде начин заклучоците на Советот во делот за уставните измени да се спроведат без штета за земјава. Според неа, ЛДП ќе биде првата партија што ќе подаде рака на Владата за продолжување и интензивирање на ЕУ процесот. Премиерот Мицкоски вчера, по средбите на Самитот на Берлинскиот процес и со германскиот државен врв, изјави дека е поголем оптимист за откочување на ЕУ интеграцијата на земјава. Тој дури ја отвори опцијата да се откаже од најавеното писмо до Брисел во кое требаше да се најдат македонските позиции и предлози за надминување на проблемот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ. Сепак, како што рече, нема да споделува детали во интерес на разговорите. Претходно, лидерот на опозициската СДСМ Филипче, пак, најави дека СДСМ нема да ја кочи ЕУ интеграцијата и ќе даде поддршка за уставни измени со одложено дејство, но побара премиерот да каже кои се тие држави што даваат поддршка на ваквата македонска позиција.

The post Зајкова на иста линија со Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Премногу отстапки се направија, на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-premnogu-otstapki-se-napravija-na-makedontsite-vo-bugarija-ne-im-davaat-nitu-nevladina-da-registriraat/ Tue, 08 Oct 2024 09:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=824089

„Апсолутно е подобро да преговараме, немам дилема. Но, најдобро е да преговараме, а ништо ова кое што претходно го направивме како идентитетска отстапка да не го направевме. Најдобро е така и тогаш ќе беше се нормално и за нас да зависеше само Копенхашките критериуми и иполнувањето на условите кои се содржани во кластерите. Најдобро ќе беше така.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ.

„Имаме проблем сега да влезат Бугарите во Уставот, но немаме проблем да влезат кога ќе бидеме дел од Европската унија. А сега имаме проблем.“, дециден е Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи дека Македонија има премногу отстапки направено кон Бугарија години наназад, укажувајќи дека повеќе не смеат да бидат наивни, односно како што рече тој ни не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, туку нуди конструктивен компромис за кој што е подготвен да разговараат.

„Не смееме повеќе да бидеме наивни. Премногу отстапки направивме овие децении наназад како никој што не направил и ако навистина има желба, тогаш има начин како сето ова да се заврши. Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме.“, потенцираше тој.

 Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија.

„Имам проблем сега, затоа што во овој момент го поставувам прашањето зошто сега. Еве кажете ми зошто сега. Правата нечии се нарушени, човекови? Ако се нарушени човековите права, кој е Бојко Борисов или Радев или Христијан или Петко, Трајко небитно, политичар да цени дали нечии права се нарушени? Има институција која се вика Суд за човекови права во Стразбур и тој вели 14 пресуди за Македонската заедница во Бугарија којашто не смее ни невладина да регистрира и нула за бугарската заедница во Македонија.“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека има проблем со тоа што во Бугарија која е земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права на Македонците не им се дава ниту да регистрираат невладина.

„Имам проблем затоа што моите таму сонародници не можат ни невладина да си организираат, а не па за Уставот. Еве не бил нивниот устав таков, во ред, дајте им на луѓево барем невладина. И замислете сега за да биде целата оваа хипокризија вака уште повеќе да кулминира, кога се предлагаше новата методологија за пристапување кон ЕУ, меѓу институциите коишто беа клучни во носењето одлука беа Венецијанската комисија и Европскиот суд за човекови права.“, истакна Мицкоски и додаде:

„Земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права не сака тоа да го исполни. Од каде ми е мене гаранцијата дека за шест месеци нема да има ново вето за нешто друго“.

Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка да не информираат за ништо

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за информирање на планот за надминување на проблемот со Бугарија истакна дека кога ќе има нови детали опозицијата ќе биде информирана, оваа влада нема да ја повтори грешката на СДСМ кога беа на власт и сами го тераа процесот без да информираат и без да се консултираат со опозицијата.

„Не ја повторуваме истата грешка и нема да ја повториме. Кога ќе има нешто за кое би требало да биде информирана опозицијата, тогаш верувајте веднаш ќе ги информираме. Односно да има напредок за да може да го споделиме со опозицијата. Во моментов се е на позиционирање и поставување на играта и нема поместување.“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека ова што го зборува јавно би им го кажал и на нив, а разликата од тоа кога СДСМ беа на власт е суштински различна.

„Пред да се прифати т.н. Француски предлог ние имавме два месеци прес конференција во која повикавме на вклучување на опозицијата, затоа што имавме информации дека се случува тоа и тоа. Повикавме немојте, ќе направите грешка, тие рекоа дека не ги интересира, сами ќе си го тераме процесот. И видовме до каде го дотераа. Првиот момент кога ќе има поместување ќе ги информираме, лично ќе го повикам и него ќе повикам и лидерска средна со сите  други и ќе ги запознам со напредокот или можното решение.“, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека додека е премиер никогаш нема да влезе во процес клучен за државата и иднината на граѓаните во кој опозицијата и другите политички партии нема да бидат запознаени.

Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо.

„Треба да бидеме дел од европското семејство и тука нема дилема. Дали имаме поддршка, не од една, ние имаме поддршка од 26 земји членки и за сите тие не е важно какво ќе биде решението, туку да има решение. Освен една тоа е нашиот источен сосед кој е сега во предизборен период. Да почекаме кој ќе биде исходот од тоа. За сите останати 26 земји членки е важно да има решение, и во нив има помалку гласни и повеќе гласни поддржувачи.“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека на таа тема многу гласен беше во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и на неговата билатерална посета во земјава унгарскиот премиер Виктор Орбан.

„Поентата е ние мораме заеднички да работиме ако сакаме да дојдеме до решение кое што ќе биде предвидливо. Ние сега немаме предвидливо решение. Многумина велат таа преговарачката рамка и е јасна. Да, но нејасен е патот и целта. Тоа е проблемот. Не би се сложил со констатацијата дека мнозинството граѓани мислат дека овој процес на преговори нас ќе ни ги реши сите проблеми како животната средина, повисок стандард, повисоки плати и така натаму.“, посочи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека ние денеска ги имаме европските фондови на располагање, но проблемот е друг, дали ние сакаме да си ја завршиме домашната задача.

„Ако сакаме, ќе ја завршиме и со ова сега што го имаме на располагање. Преговарањето не значи членство, туку подразбира процес во кој ние ќе го зголемуваме капацитетот на институциите и ќе добиеме поинакви вештини во рамки на администрацијата. Од нас самите зависи дали сакаме да си ја завршиме домашната задача. Ние како Влада сакаме и сме фокусирани на тоа.“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека сето она кое се случуваше изминативе децении создаде еден вид фрустрација кај граѓаните и таа фрустрација денеска е огромна, затоа што оваа преговарачка рамка  нема јасна цел и светло на крајот на тунелот.

„Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има  и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме тоа, уставните амандмани да важат кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме.“, истакна Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека после се што сме направиле, што никој не го направил, ниту еден народ, ниту една држава која е членка, сме заслужиле да го добиеме ова прашање за одложеното дејство.

The post Mицкоски: Премногу отстапки се направија, на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат appeared first on Република.

]]>

„Апсолутно е подобро да преговараме, немам дилема. Но, најдобро е да преговараме, а ништо ова кое што претходно го направивме како идентитетска отстапка да не го направевме. Најдобро е така и тогаш ќе беше се нормално и за нас да зависеше само Копенхашките критериуми и иполнувањето на условите кои се содржани во кластерите. Најдобро ќе беше така.“, вели Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во вчерашното интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ.
„Имаме проблем сега да влезат Бугарите во Уставот, но немаме проблем да влезат кога ќе бидеме дел од Европската унија. А сега имаме проблем.“, дециден е Мицкоски. Претседателот Мицкоски нагласи дека Македонија има премногу отстапки направено кон Бугарија години наназад, укажувајќи дека повеќе не смеат да бидат наивни, односно како што рече тој ни не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, туку нуди конструктивен компромис за кој што е подготвен да разговараат.
„Не смееме повеќе да бидеме наивни. Премногу отстапки направивме овие децении наназад како никој што не направил и ако навистина има желба, тогаш има начин како сето ова да се заврши. Ние не нудиме нешто кое што е надвор од здравиот разум, ние нудиме конструктивен компромис за кој сме подготвени да разговараме.“, потенцираше тој.
 Бугарија прави чекори со кои ги негира идентитетските обележја, имам проблем кога на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, говорејќи околу тоа зошто уставните измени се проблем да се донесат пред да се добијат јасни гаранции дека нема да има нови пречки од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, истакна дека и ние имаме проблем со тоа што Бугарија не им дозволува на Македонците таму ниту невладина да регистрираат, а Европскиот суд за човекови права нема ниту една пресуда за нарушени права на Бугарите во Македонија, наспроти 14 во корист на Македонците во Бугарија. „Имам проблем сега, затоа што во овој момент го поставувам прашањето зошто сега. Еве кажете ми зошто сега. Правата нечии се нарушени, човекови? Ако се нарушени човековите права, кој е Бојко Борисов или Радев или Христијан или Петко, Трајко небитно, политичар да цени дали нечии права се нарушени? Има институција која се вика Суд за човекови права во Стразбур и тој вели 14 пресуди за Македонската заедница во Бугарија којашто не смее ни невладина да регистрира и нула за бугарската заедница во Македонија.“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека има проблем со тоа што во Бугарија која е земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права на Македонците не им се дава ниту да регистрираат невладина. „Имам проблем затоа што моите таму сонародници не можат ни невладина да си организираат, а не па за Уставот. Еве не бил нивниот устав таков, во ред, дајте им на луѓево барем невладина. И замислете сега за да биде целата оваа хипокризија вака уште повеќе да кулминира, кога се предлагаше новата методологија за пристапување кон ЕУ, меѓу институциите коишто беа клучни во носењето одлука беа Венецијанската комисија и Европскиот суд за човекови права.“, истакна Мицкоски и додаде: „Земја членка на ЕУ, потписник на Конвенцијата за заштита на човековите права не сака тоа да го исполни. Од каде ми е мене гаранцијата дека за шест месеци нема да има ново вето за нешто друго“. Мицкоски: Кога ќе има нови детали со Бугарија ќе ја информирам опозицијата, нема да ја повторувам нивната грешка да не информираат за ништо Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ, на прашање за повикот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче за информирање на планот за надминување на проблемот со Бугарија истакна дека кога ќе има нови детали опозицијата ќе биде информирана, оваа влада нема да ја повтори грешката на СДСМ кога беа на власт и сами го тераа процесот без да информираат и без да се консултираат со опозицијата. „Не ја повторуваме истата грешка и нема да ја повториме. Кога ќе има нешто за кое би требало да биде информирана опозицијата, тогаш верувајте веднаш ќе ги информираме. Односно да има напредок за да може да го споделиме со опозицијата. Во моментов се е на позиционирање и поставување на играта и нема поместување.“, рече Мицкоски. Премиерот Мицкоски потенцираше дека ова што го зборува јавно би им го кажал и на нив, а разликата од тоа кога СДСМ беа на власт е суштински различна. „Пред да се прифати т.н. Француски предлог ние имавме два месеци прес конференција во која повикавме на вклучување на опозицијата, затоа што имавме информации дека се случува тоа и тоа. Повикавме немојте, ќе направите грешка, тие рекоа дека не ги интересира, сами ќе си го тераме процесот. И видовме до каде го дотераа. Првиот момент кога ќе има поместување ќе ги информираме, лично ќе го повикам и него ќе повикам и лидерска средна со сите  други и ќе ги запознам со напредокот или можното решение.“, изјави Мицкоски. Мицкоски нагласи дека додека е премиер никогаш нема да влезе во процес клучен за државата и иднината на граѓаните во кој опозицијата и другите политички партии нема да бидат запознаени.   Мицкоски: Преговорите со ЕУ нема да ни ги решат сите проблеми, треба сами да ја завршиме домашната задача Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Отворено студио „100 дена Влада“ на МРТ говорејќи на тема за преговорите со Европската Унија и проблемот со Бугарија истакна дека преговорите нема да ни ги решат домашните проблеми, туку прво треба да си ја завршиме домашната задача, а Владата е фокусирана токму на тоа, решавање на домашните проблеми и решение за ЕУ кое ќе биде предвидливо. „Треба да бидеме дел од европското семејство и тука нема дилема. Дали имаме поддршка, не од една, ние имаме поддршка од 26 земји членки и за сите тие не е важно какво ќе биде решението, туку да има решение. Освен една тоа е нашиот источен сосед кој е сега во предизборен период. Да почекаме кој ќе биде исходот од тоа. За сите останати 26 земји членки е важно да има решение, и во нив има помалку гласни и повеќе гласни поддржувачи.“, рече премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски нагласи дека на таа тема многу гласен беше во Загреб хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и на неговата билатерална посета во земјава унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Поентата е ние мораме заеднички да работиме ако сакаме да дојдеме до решение кое што ќе биде предвидливо. Ние сега немаме предвидливо решение. Многумина велат таа преговарачката рамка и е јасна. Да, но нејасен е патот и целта. Тоа е проблемот. Не би се сложил со констатацијата дека мнозинството граѓани мислат дека овој процес на преговори нас ќе ни ги реши сите проблеми како животната средина, повисок стандард, повисоки плати и така натаму.“, посочи премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека ние денеска ги имаме европските фондови на располагање, но проблемот е друг, дали ние сакаме да си ја завршиме домашната задача. „Ако сакаме, ќе ја завршиме и со ова сега што го имаме на располагање. Преговарањето не значи членство, туку подразбира процес во кој ние ќе го зголемуваме капацитетот на институциите и ќе добиеме поинакви вештини во рамки на администрацијата. Од нас самите зависи дали сакаме да си ја завршиме домашната задача. Ние како Влада сакаме и сме фокусирани на тоа.“, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека сето она кое се случуваше изминативе децении создаде еден вид фрустрација кај граѓаните и таа фрустрација денеска е огромна, затоа што оваа преговарачка рамка  нема јасна цел и светло на крајот на тунелот.
„Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има  и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме тоа, уставните амандмани да важат кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме.“, истакна Мицкоски.
Премиерот Мицкоски нагласи дека после се што сме направиле, што никој не го направил, ниту еден народ, ниту една држава која е членка, сме заслужиле да го добиеме ова прашање за одложеното дејство.

The post Mицкоски: Премногу отстапки се направија, на Македонците во Бугарија не им даваат ниту невладина да регистрираат appeared first on Република.

]]>
СДСМ бара седница за спорот со Бугарија, Мицкоски тврди дека во моментов нема решение на повидок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-bara-sednitsa-za-sporot-so-bugarija-mitskoski-tvrdi-deka-vo-momentov-nema-reshenie-na-povidok/ Tue, 08 Oct 2024 07:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=824020

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија.

Премиерот Мицкоски и Владата имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите.

Oд друга страна пак, премиерот Мицкоски вчера рече дека не бега од тоа да ја запознае опозицијата за спорот со Бугарија но во моментов нема решение на повидок.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-vo-momentov-nema-predvidlivo-reshenie-i-problemot-e-shto-ne-e-jasen-patot-i-tselta/

Според него, подобро е да се преговара, отколку да не се преговара. Во моментот, вели, нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта. Повтори дека премногу отстапки се направени од наша страна во изминатиот период.

– Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме – уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.

The post СДСМ бара седница за спорот со Бугарија, Мицкоски тврди дека во моментов нема решение на повидок appeared first on Република.

]]>

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија.
Премиерот Мицкоски и Владата имаат обврска пред пратениците и пред граѓаните да го презентира планот за продолжување на европската интеграција на земјата и подобрување на позициите во преговарачката рамка со конкретни рокови, како што беше ветено пред граѓаните пред изборите.
Oд друга страна пак, премиерот Мицкоски вчера рече дека не бега од тоа да ја запознае опозицијата за спорот со Бугарија но во моментов нема решение на повидок. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-vo-momentov-nema-predvidlivo-reshenie-i-problemot-e-shto-ne-e-jasen-patot-i-tselta/ Според него, подобро е да се преговара, отколку да не се преговара. Во моментот, вели, нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта. Повтори дека премногу отстапки се направени од наша страна во изминатиот период.
– Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме – уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.
 
The post СДСМ бара седница за спорот со Бугарија, Мицкоски тврди дека во моментов нема решение на повидок appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за спорот со Бугарија: Во моментов нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-sporot-so-bugarija-vo-momentov-nema-predvidlivo-reshenie-i-problemot-e-shto-ne-e-jasen-patot-i-tselta/ Tue, 08 Oct 2024 05:45:14 +0000 https://republika.mk/?p=823983

Владата сака да биде проевропска и сака да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед. За останатите земји членки е важно да има решение, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Тој во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ посочи дека во сите досегашни дипломатски активности успеале да ги изнесат аргументите на маса и дека од ниту еден соговорник не слушнал дека пречката е во Владата.

Вели дека е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија.

- Бугарските политичари сега викаат дека нема потреба некој да биде медијатор, ќе преговараме билатерално, а до скоро викаа дека ова е проблем на Европската унија. Сега, кога претседавачот на ЕУ вика да седнеме на маса, велат нема потреба. Нели е тоа малку чудно и создава сомнеж и недоверба дека овој процес ќе има изгледни шанси да заврши еден ден, вели Мицкоски.

Според него, подобро е да се преговара, отколку да не се преговара. Во моментот, вели, нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта. Повтори дека премногу отстапки се направени од наша страна во изминатиот период.

- Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме - уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.

Вели проблемот е вештачки создаден посочувајќи дека европските вредности немаат никаква врска со промената на името или Преамбулата на Уставот. Посочи дека во Судот за човекови права во Стразбур има 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија која не може да регистрира ниту невладина и нула пресуди за бугарската заедница во Македoнија

The post Мицкоски за спорот со Бугарија: Во моментов нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта appeared first on Република.

]]>

Владата сака да биде проевропска и сака да ја види државата интегрирана во рамки на ЕУ, но не по секоја цена, туку по нормална траекторија во која што би биле со сочувано достоинство. За ова имаме поддршка од 26 земји членки, освен од нашиот источен сосед. За останатите земји членки е важно да има решение, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски. Тој во емисијата „100 дена Влада“ на МРТ посочи дека во сите досегашни дипломатски активности успеале да ги изнесат аргументите на маса и дека од ниту еден соговорник не слушнал дека пречката е во Владата. Вели дека е чудно тоа што Бугарија го одбила предлогот на Унгарија како претседавач на Европската унија да биде медијатор во целиот процес, иако претходно велела дека проблемот е на Европската унија.
- Бугарските политичари сега викаат дека нема потреба некој да биде медијатор, ќе преговараме билатерално, а до скоро викаа дека ова е проблем на Европската унија. Сега, кога претседавачот на ЕУ вика да седнеме на маса, велат нема потреба. Нели е тоа малку чудно и создава сомнеж и недоверба дека овој процес ќе има изгледни шанси да заврши еден ден, вели Мицкоски.
Според него, подобро е да се преговара, отколку да не се преговара. Во моментот, вели, нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта. Повтори дека премногу отстапки се направени од наша страна во изминатиот период.
- Сите почнале и го завршиле процесот, ние немаме таков јасен показател и параметар. Кога ќе има и тоа би го зграпчиле. Нашиот став околу одложеното дејство не е ништо повеќе од формула која функционирала како што е Преспанскиот договор кој велеше дека амандманите ќе станат ефективни кога грчкиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за државава во НАТО.  Велат дека Преспанскиот договор бил ремек дело на дипломатијата, ајде тогаш тоа да го реплицираме - уставните амандмани да важат кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот договор за ЕУ. Ако е тоа добро, само да го копираме и примениме, нагласи Мицкоски.
Вели проблемот е вештачки создаден посочувајќи дека европските вредности немаат никаква врска со промената на името или Преамбулата на Уставот. Посочи дека во Судот за човекови права во Стразбур има 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија која не може да регистрира ниту невладина и нула пресуди за бугарската заедница во Македoнија

The post Мицкоски за спорот со Бугарија: Во моментов нема предвидливо решение и проблемот е што не е јасен патот и целта appeared first on Република.

]]>
Мицкоски прашува: Зошто уставните измени со Бугарија да не ги решиме на ист начин како со Договорот од Преспа? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prashuva-zoshto-ustavnite-izmeni-so-bugarija-da-ne-gi-reshime-na-ist-nachin-kako-so-dogovorot-od-prespa/ Mon, 07 Oct 2024 07:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=823670

Некој не довел до оваа состојба по прашањето со Бугарија за да биде уште некое време на власт.Ќе се бориме и ќе победиме, ништо не паднало од небо.Не влегуваме на тие преговори да се инаетиме туку влегуваме и нудиме решение и сме контруктивни. Тој направи споредба и со Договорот со Грција,објасни премиерот Мицкоски во поткастот кај Лазаров.

Велат дека Преспанскиот договор бил добар.Тогаш зошто прашањето со Бугарија не го решиме на ист начин.Во Договорот од Преспа стои-уставните измени ќе бидат ефективни кога Грција ќе го ратификува пристапниот протокол за Македонија во НАТО.Зошто тоа да не го решиме на идентичен начин со Бугарија.Уставните измени са важат кога Бугарија  ќе го ратификува пристапниот договор за Македонија во ЕУ.И нема да има пречки.-прашува премиерот.

The post Мицкоски прашува: Зошто уставните измени со Бугарија да не ги решиме на ист начин како со Договорот од Преспа? appeared first on Република.

Мицкоски за oдносите со Бугарија: Кој може да ни гарантира дека уставните измени се последно барање? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-odnosite-so-bugarija-koj-mozhe-da-ni-garantira-deka-ustavnite-izmeni-se-posledno-barane/ Tue, 09 Jul 2024 09:56:45 +0000 https://republika.mk/?p=794878

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, пред присутните, меѓу другото, зборуваше во врска со нашето отпочнување преговори со ЕУ, потенцирајќи дека ние немаме гаранција за последно барање во разговорите со Бугарија.

- Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени, рече Мицкоски.

Зборувајќи за ветото на Бугарија, тој истакнал дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни. Македонските граѓани, рече Мицкоски, премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.

-Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, потенцирше премиерот Мицкоски.

На предавањето на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, кое беше дел од посетата на САД, каде македонската делегација ќе учествува и на Самитот на НАТО, премиерот зборуваше за теми важни за Македонија, од интерес на регионот и пошироко.

- Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротивно ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцирал Мицкоски.

Претседателот на Владата истакнал дека трите најважни работи ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата, соопшти владината прес служба.

Премиерот кажа дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2 отсти доверба меѓу граѓаните.

-Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротивно би потфрлиле, кажал Мицкоски.

Тој потенцирал дека ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда.

Премиерот се задржал и на актуелното прашања со Украина.

-Мојата држава е огромен донатор за Украина. Собранието гласаше за огромна поддршка за Украина. Ние сме меѓу топ 5 доставувачи на помош по глава на жител во светот, истакнал премиерот Мицкоски, посочувајќи дека ние не сме толку голема и богата држава, но сме направиле максимални напори во насока да ја поддржиме Украина и украинскиот народ

The post Мицкоски за oдносите со Бугарија: Кој може да ни гарантира дека уставните измени се последно барање? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одржа предавање на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, пред присутните, меѓу другото, зборуваше во врска со нашето отпочнување преговори со ЕУ, потенцирајќи дека ние немаме гаранција за последно барање во разговорите со Бугарија.
- Ние нема да може да бидеме спремни да ги отпочнеме преговорите ако не вметнеме неколку стотина наши граѓани во Уставот, што значи дека тоа е дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може нам да ни гарантира дека ова е последно барање? Во судот за човекови права во Стразбур, имаме 14 пресуди кои велат дека правата на Македонската заедница во Бугарија се повредени. И тука се поставува логично прашање, чии права се повредени, рече Мицкоски.
Зборувајќи за ветото на Бугарија, тој истакнал дека треба да се разговара за вистински добрососедски односи, но тие да бидат двонасочни. Македонските граѓани, рече Мицкоски, премногу жртвуваа за европската перспектива и доста е со понижувања.
-Ние не сме политичари полни со наводи за криминал и корупција какви има во регионот. Ќе ги штитиме нашите интереси, подготвени сме да разговараме со аргументи, да ги презентираме истите, да видиме чии аргументи ќе преовладеат. Македонските граѓани за европската перспектива дадоа како никој досега, потенцирше премиерот Мицкоски.
На предавањето на престижниот Универзитет Џон Хопкинс во Балтимор, кое беше дел од посетата на САД, каде македонската делегација ќе учествува и на Самитот на НАТО, премиерот зборуваше за теми важни за Македонија, од интерес на регионот и пошироко.
- Најголем приоритет на Владата пред се ќе биде зајакнување на економијата. А таа не може да расте, ако нема одлучна борба против криминалот и корупцијата. Мораме да се соочиме со криминалот и корупцијата ако сакаме да ја развиеме нашата држава за следната генерација. Има голема коалиција помеѓу одредени политичари, судии, обвинители и бизнис елита, и ние мора да ја разбиеме таа коалиција, во спротивно ќе потфрлиме исто како сите наши претходници и би биле поразени, потенцирал Мицкоски.
Претседателот на Владата истакнал дека трите најважни работи ќе бидат инвестициите во енергетиката, Интер конекторот на гас како и вложувањата во инфраструктурата, соопшти владината прес служба. Премиерот кажа дека од самиот почеток тргнал со идејата за распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, затоа што тие две институции имаат само 2 отсти доверба меѓу граѓаните.
-Кога има проблем треба да се соочиме со него и да се даде решение. Има експерти кои се против, но никој не дава решение како да се реши истиот. Ние сега имаме статус кво, но ќе ја продолжиме нашата борба, во насока да донесеме правда и надеж, тие два столба одат заедно, во спротивно би потфрлиле, кажал Мицкоски.
Тој потенцирал дека ќе се бори за своите ставови, ќе се соочи со аргументи со сите експерти, затоа што народот е гладен за правда. Премиерот се задржал и на актуелното прашања со Украина.