По повод одбележувањето на „23 Октомври - Ден на македонската револуционерна борба“, делегација на Владата на Република Македонија составена од националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски и советникот за одбрана на претседателот на Владата на Република Македонија, Драган Василевски, денеска положија свежо цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев пред неговиот споменик во Градскиот парк во Скопје.
Република Македонија денеска го чествува „23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба“, како симбол на стремежите за сувереност и државност но и храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, сувереност, независност и македонска државност.
The post Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“ appeared first on Република.
]]>The post Владина делегација оддаде почит пред споменикот на Гоце Делчев по повод „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“ appeared first on Република.
]]>Јавното претпријатие Комунална хигиена реагираше на пишувањата дека непознати лица го чистеле споменикот на Гоце Делчев и ставиле на него знаме на Бугарија.
Невистинити се објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет, дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Имено, споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална кигиена во изминатиот месец дури трипати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси.
Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки. Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини, стои во реакцијата на Комунална хигиена.
The post Комунална хигиена негира дека некој друг го чистел споменикот на Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>Невистинити се објавите на извесни провокатори чии фотографии осамнаа на интернет, дека го чистеле споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. Имено, споменикот на Гоце Делчев, како и бројни други споменици низ градот се предмет на вандалски чинови и оштетувања во континуитет, при што само на споменикот на Гоце Делчев јавното претпријатие Комунална кигиена во изминатиот месец дури трипати има превземено акција на целосно чистење со соодветна механизација, средства и човечки ресурси. Тоа што некој врз нашите обележја става знаме на странска држава, а воедно лажно зема заслуги за работата на Јавното комунално претпријатие презентирајќи ја како своја, дополнително е за осуда и ги повикуваме надлежните институции да го истражат случајот и да превземат соодветни мерки. Повторно апелираме и повикуваме на свесност кај граѓаните да не се вандализираат и оштетуваат спомен обележјата и јавните површини, стои во реакцијата на Комунална хигиена.
The post Комунална хигиена негира дека некој друг го чистел споменикот на Гоце Делчев appeared first on Република.
]]>