спомен плоча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-plocha/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спомен плоча Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-plocha/ 32 32 Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kaj-karpalak-postavena-nova-spomen-plocha-vo-chest-na-makedonskite-braniteli-koja-prethodno-beshe-skrshena/ Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=809022

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово.

Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.

 

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово. Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово. Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби. При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.  

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>
Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/originalnata-plocha-od-asnom-vo-prohor-pchinski-sheshel-ja-skrshi-so-chekan-delchinata-se-zagubile-vo-vrane/ Sat, 03 Aug 2024 17:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=803120

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава.

Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е  оригиналното место каде што стоела.

Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се одржало заседанието во воденицата која исто така веќе не постои.

Што се случило со оригиналната плоча

Плочата беше на вистинското место се до 1990 година кога Војислав Шешељ на Илинден влезе и ја скрши во чекан. Тоа е период на зголемен национализам и почеток на војните во поранешна Југославија.

Шешељ тогаш изјавуваше дека „нема зошто да им се дозволува на Македонците влез во манастирот“. Се заканувал и дека „за шест часа може да ја прегази Македонија“

Искршената плоча била префрлена во Народниот музеј во Врање но подоцна и се губи трагата и не можела да биде пронајдена, па дури и во парчиња.

Покрај плочата, во пожарот во 2014 година кој го зафати манастирот настрада и спомен собата на АСНОМ. Иста таква реплика многу години подоцна беше направена во Меморијалниот центар Пелинце кој беше направен како замена за Прохор Пчињски.

По дивеењето следеше период на влошени односи меѓу Србија и Македонија поради црковниот спор и официјално одбележување во манастирот речиси и да немаше.

Така беше се до минатата година кога поранешниот претседател Стево Пендаровски доби покана да го посети манстирот и да положи венец.Но, проблем била плочата откако српските власти добиле информација од Врање дека никако не можат да ја пронајдат и оти веројатно е фрлена.

Тогаш е изработена нова, „верна на ориггиналот“ пред која се поклони претседателката Силјановска Давкова.

The post Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Македонија Гордана Силјановска Давкова вчера положи венец пред манастирот Св.Прохор Пчињски во Србија. Таа се поклони пред плочата на која пишува дека тука на 2 август 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ и се удрени темелите на современата македонска држава. Но, малкумина знаат дека тоа не е оригиналната плоча ниту е  оригиналното место каде што стоела. Плочата се наоѓала во кругот на манастирот каде што и се одржало заседанието во воденицата која исто така веќе не постои.

Што се случило со оригиналната плоча

Плочата беше на вистинското место се до 1990 година кога Војислав Шешељ на Илинден влезе и ја скрши во чекан. Тоа е период на зголемен национализам и почеток на војните во поранешна Југославија. Шешељ тогаш изјавуваше дека „нема зошто да им се дозволува на Македонците влез во манастирот“. Се заканувал и дека „за шест часа може да ја прегази Македонија“ Искршената плоча била префрлена во Народниот музеј во Врање но подоцна и се губи трагата и не можела да биде пронајдена, па дури и во парчиња. Покрај плочата, во пожарот во 2014 година кој го зафати манастирот настрада и спомен собата на АСНОМ. Иста таква реплика многу години подоцна беше направена во Меморијалниот центар Пелинце кој беше направен како замена за Прохор Пчињски. По дивеењето следеше период на влошени односи меѓу Србија и Македонија поради црковниот спор и официјално одбележување во манастирот речиси и да немаше. Така беше се до минатата година кога поранешниот претседател Стево Пендаровски доби покана да го посети манстирот и да положи венец.Но, проблем била плочата откако српските власти добиле информација од Врање дека никако не можат да ја пронајдат и оти веројатно е фрлена. Тогаш е изработена нова, „верна на ориггиналот“ пред која се поклони претседателката Силјановска Давкова.

The post Оригиналната плоча од АСНОМ во Прохор Пчињски Шешељ ја скрши со чекан, делчињата се загубиле во Врање appeared first on Република.

]]>
Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spomen-plocha-na-albanski-jazik-so-koja-se-velicha-fashistichkata-okupatsija-postavena-vo-struga/ Thu, 07 Mar 2024 13:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=752294

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година.

Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко.

За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко.

Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>

Старата зграда на основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, каде по реконструкцијата се смести Општината, доби спомен-плоча испишана само на албански јазик со која се велича фашистичката окупација на градот, кога Албанското кралство го востановило албанскиот јазик како службен во Југозападна Македонија, пренесува „Сакам да кажам“. Текстот на еднојазичната табла во превод содржи: основно училиште, Конгресот во Битола и датумот на негово отворање 1 септември 1941 година. Никола Кукунеш од Советот на Општина Струга објаснува дека таблата значи повикување на придобивка којашто е настаната под фашистичка окупација. Вели дека образованието на овие простори почнува во 1945 година за сите подеднакво и за Албанците и за Турците и за Македонците, а тоа е нешто што нè обединува и што е заедничко. За советниците од ВМРО-ДПМНЕ ваквата, како што ја нарекоа, скандалозна спомен-плоча испишана само на албански јазик го отсликува самоволието на градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко. Целата сторија на „Сакам да кажам“

The post Спомен-плоча на албански јазик со која се велича фашистичката окупација поставена во Струга appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, имате ли контрола над територијата или не? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-imate-li-kontrola-nad-teritorijata-ili-ne/ Wed, 03 May 2023 08:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=636330

Димитар Ковачевски, до кога ќе бегате и кога ќе одговорите за кршењето на плочите во Вејце?, го прашува пратеникот Драган Ковачки.

Мала ли работа е ова за Вас како премиер, да ви газат врз коските на загинатите, а вие да молчите?
Имате ли контрола над територијата или не?
Чија е оваа држава, за кого паднаа бранителите? Или Вам не Ви е важно, ја пративте Славјанка да положи цвеќе, си помина денот и толку, демек ќе се заборави? До кога со тој однос? До момент кога нема да биде дозволено ни цвеќе да положиме?
Нелегитимен и неизбран премиере Ковачевски, деновиве сте во посета на САД.
Земете пример од таму и прашајте ги како се однесуваат кон сопствените загинати војници.
Прашајте ги дали и таму во сред држава некој крши плочи на херои и ги гази цвеќињата за нив?
*Антимакедонската (!) власт на ДУИ и нивните слуги СДС нè тераат пред сè нас - Македонците, сопствената држава веќе да не ја чувствуваме за своја.
**Држава што не се грижи за тие што загинале за неа, не заслужува да биде држава.

The post Ковачевски, имате ли контрола над територијата или не? appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски, до кога ќе бегате и кога ќе одговорите за кршењето на плочите во Вејце?, го прашува пратеникот Драган Ковачки.
Мала ли работа е ова за Вас како премиер, да ви газат врз коските на загинатите, а вие да молчите? Имате ли контрола над територијата или не? Чија е оваа држава, за кого паднаа бранителите? Или Вам не Ви е важно, ја пративте Славјанка да положи цвеќе, си помина денот и толку, демек ќе се заборави? До кога со тој однос? До момент кога нема да биде дозволено ни цвеќе да положиме? Нелегитимен и неизбран премиере Ковачевски, деновиве сте во посета на САД. Земете пример од таму и прашајте ги како се однесуваат кон сопствените загинати војници. Прашајте ги дали и таму во сред држава некој крши плочи на херои и ги гази цвеќињата за нив? *Антимакедонската (!) власт на ДУИ и нивните слуги СДС нè тераат пред сè нас - Македонците, сопствената држава веќе да не ја чувствуваме за своја. **Држава што не се грижи за тие што загинале за неа, не заслужува да биде држава.

The post Ковачевски, имате ли контрола над територијата или не? appeared first on Република.

]]>
Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/maksim-dimitrievski-tito-beshe-eden-od-najistaknatite-pobornici-za-mir-i-aktiven-sozivot-simbol-za-socijalna-pravda-podobar-i-posiguren-zivot/ Wed, 04 May 2022 13:43:02 +0000 https://republika.mk/?p=497559

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело, рече Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот на општината Ивана Ѓорѓиевска, денеска положија свежо цвеќе на спомен плочата на Јосип Броз Тито на малиот градски плоштад во Куманово по повод 42 години од смртта на Јосип Броз Тито.

Доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Jосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување, еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот. Денеска, на одбележувањето 42 години од смртта положивме свежо цвеќе пред неговата спомен плоча на малиот градски плоштад во Куманово. Исто така, почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело, рече Димитриевски.

The post Максим Димитриевски: Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, симбол за социјална правда, подобар и посигурен живот appeared first on Република.

]]>