спомен куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-kukja/ За подобро да се разбереме Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спомен куќа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-kukja/ 32 32 Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rekonstruirana-spomen-kukata-na-stiv-naumov-kogo-bugarskite-fashisti-go-otkopaa-za-nikoj-nikogash-da-ne-mu-doaga-na-grob/ Sun, 27 Oct 2024 20:44:52 +0000 https://republika.mk/?p=831480

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола.

На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.

На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.

Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.

Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.

Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>

Никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, истакна заменик претседателката на македонското Собрание Весна Бендевска на вечерашната промоција на реконструираната Спомен куќа на Стив Наумов во Битола. На народниот собир во Битола, воедно и ден на раѓањето на народниот херој Стив Наумов (27 октомври 1920 г.), Бендевска потсети дека Битола од секогаш раѓала херои и затоа Битола има право и должност да се гордее и да ги слави и никогаш да не ги заборави хероите.
На младите луѓе им објаснуваме дека на Партизанските гробишта во Битола има еден празен гроб во кој не се посмртните останки на Стив Наумов затоа што по неговото паѓање за слобода на Македонија во селото Болно, Ресенско, Стив бил погребан на место кое веднаш станало Свето место за секој слободоумен Македонец. За да го спречат тоа, бугарските фашистички окупатори го откопале местото и од тогаш до ден денес никој не знае каде почиваат останките на Стив. Но, ние знаеме, Стив е во нас, во нашето срце и ние даваме завет. Знаеме дека фашизмот не е мртов. Ваквите споменици во чест на хероите обврзуваат и заветуваат никогаш да не ги заборавиме и секогаш да имаме на ум дека на 22 годишна возраст кога се сака Македонија, за неа вреди и животот да се даде. Токму затоа никогаш нема да се откажеме од македонскиот идентитет, од македонскиот јазик и култура, бидејќи тоа е наша обврска, истакна Бендевска.
Спомен куќата на народниот херој Стив Наумв се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола кое со гордост го носи името на својот патрон, посочи градоначалникот Тони Коњановски.
Се наоѓаме во предвечерието кога Битола слави 80 години од денот на ослободувањето, а годинава Музејот слави 90 години од денот на формирањето. На денешен ден е роден Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата куќа ќе биде трајна. Стив со својата саможртва е опомена за сите нас дека секогаш треба да се оддава почит, да ги учиме младите како што тоа го прават учениците од училиштето кое го носи името на Стив Наумов. Со оваа Спомен - куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола кои ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителната борба, истакна Коњановски.
Сеќавања за деновите од младоста на Стив Наумов искажа внукот Стефан, а за вредноста и значењето на инвестицијата пред битолчани говореше директорот на НУ Завод и Музеј-Битола, Зоран Николовски.

The post Реконструирана Спомен куќата на Стив Наумов, кого бугарските фашисти го откопаа за никој никогаш да не му доаѓа на гроб appeared first on Република.

]]>
Прилепчанец не сака да ја продаде куќата каде што живеел писателот Талев на Бугари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prilepchanets-ne-saka-da-ja-prodade-kukata-shto-zhiveel-pistatelot-talev-na-bugari/ Thu, 30 May 2024 08:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=783025

Бугарската Влада го задолжи министерот за култура Најден Тодоров што поскоро да ја истражи можноста и ја започна постапката за купување на родната куќа на Димитар Талев во Прилеп. Околу ова се обединија министрите од кабинетот на премиерот Димитар Главчев на вчерашната седница.

„Донесена е одлука за стекнување на имотот од страна на бугарската држава уште во јуни 2023 година, но досега не се преземени конкретни дејствија. Ова е и причината што темата и формално влезе во агендата на извршната власт. Конкретна причина за одлуката на Министерскиот совет е информацијата за уривање на дел од куќата, која со години се урива и нејзината состојба е исклучително лоша.

Проблемот е што во моментот само сопственичката на 2/3 од имотот се изјаснила дека сака да го продаде нејзиниот дел, а во 2023 година цената што таа ја побарала е 100.000 евра. Но, другата 1/3 е на друг сопственик, кој категорично одбива да го продаде својот дел на бугарската држава.“, стои во објава на Владата на Бугарија.

Наследниците на писателот одамна не живеат во таа куќа и се чуствуваат избркани од Прилеп и Македонија.

Кој е Димитар Талев

Димитар Талев е роден во Прилеп во 1898 година. Син е на Тале Палисламов. Основно образование завршил во Прилеп и Битола. Студирал во Виена, Загреб и Софија. Тој е толстоевски тип на поет, патриот-филозоф, типичен романтичен прилепчанец, народен филозоф.

The post Прилепчанец не сака да ја продаде куќата каде што живеел писателот Талев на Бугари appeared first on Република.

]]>

Бугарската Влада го задолжи министерот за култура Најден Тодоров што поскоро да ја истражи можноста и ја започна постапката за купување на родната куќа на Димитар Талев во Прилеп. Околу ова се обединија министрите од кабинетот на премиерот Димитар Главчев на вчерашната седница.
„Донесена е одлука за стекнување на имотот од страна на бугарската држава уште во јуни 2023 година, но досега не се преземени конкретни дејствија. Ова е и причината што темата и формално влезе во агендата на извршната власт. Конкретна причина за одлуката на Министерскиот совет е информацијата за уривање на дел од куќата, која со години се урива и нејзината состојба е исклучително лоша.
Проблемот е што во моментот само сопственичката на 2/3 од имотот се изјаснила дека сака да го продаде нејзиниот дел, а во 2023 година цената што таа ја побарала е 100.000 евра. Но, другата 1/3 е на друг сопственик, кој категорично одбива да го продаде својот дел на бугарската држава.“, стои во објава на Владата на Бугарија. Наследниците на писателот одамна не живеат во таа куќа и се чуствуваат избркани од Прилеп и Македонија.

Кој е Димитар Талев

Димитар Талев е роден во Прилеп во 1898 година. Син е на Тале Палисламов. Основно образование завршил во Прилеп и Битола. Студирал во Виена, Загреб и Софија. Тој е толстоевски тип на поет, патриот-филозоф, типичен романтичен прилепчанец, народен филозоф.

The post Прилепчанец не сака да ја продаде куќата каде што живеел писателот Талев на Бугари appeared first on Република.

]]>
Студентите на ФЛУ преку делата укажаа на негрижата на државата кон ликот и делото на Личеноски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/studentite-na-flu-preku-delata-ukazaa-na-negrizata-na-drzavata-kon-likot-i-deloto-na-lichenoski/ Thu, 10 Nov 2022 08:52:21 +0000 https://republika.mk/?p=572144

По 14 години откако беше прогласена за привремено заштитено добро по закон и 6 години откако го доби статусот културно наследство од особено значење, куќата на ликовниот уметник Лазар Личеноски сместена на кејот на Вардар, под Скопското кале, со препознатливиот мозаик „Апотеоза на трудот“, сеуште не е комплетно обновена, но е отворена за јавноста.

Настанот го организираше Европската куќа-Скопје по повод нејзиниот трет роденден, и по тој повод во објектот е поставена изложба на дела од студентите на ФЛУ. Изложбата на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје која беше отворена вчера во Куќата-музеј на Личеновски ја покажа негрижата на државата за културното наследство.

Имено, со вчерашниот настан ЕУ хаус-Скопје ја почна прославата на својот трет роденден и по тој повод ги повика младите уметници да творат на тема Личеновски. Крвавите солзи на портретот на уметникот предизвикаа најголемо внимание, откако во јавност излегоа фотографиите од запуштената и пропадната куќа на Личеноски која се наоѓа во строгиот центар на градот на кејот на Вардар.

Делата се инспирани од просторот, од неговата личност, меѓутоа исто така и од чувството кое што го стекнаа нашите студенти кога за прв пат пред две и пол недели влегоа во куќата. Нивните коментари и искази се непроценливи, треба да се негуваат, мислам дека нашите млади луѓе сакаат да бидат слушнати и забележани, рече Славица Јанашлиева, професор во Училиштето за применета уметност, сега Државно средно училиште за ликовна уметност и дизајн, кое го носи неговото име, создава нови генерации на македонски сликари.

 

 

The post Студентите на ФЛУ преку делата укажаа на негрижата на државата кон ликот и делото на Личеноски appeared first on Република.

]]>

По 14 години откако беше прогласена за привремено заштитено добро по закон и 6 години откако го доби статусот културно наследство од особено значење, куќата на ликовниот уметник Лазар Личеноски сместена на кејот на Вардар, под Скопското кале, со препознатливиот мозаик „Апотеоза на трудот“, сеуште не е комплетно обновена, но е отворена за јавноста. Настанот го организираше Европската куќа-Скопје по повод нејзиниот трет роденден, и по тој повод во објектот е поставена изложба на дела од студентите на ФЛУ. Изложбата на ликовни творби на студенти од Факултетот за ликовни уметности во Скопје која беше отворена вчера во Куќата-музеј на Личеновски ја покажа негрижата на државата за културното наследство. Имено, со вчерашниот настан ЕУ хаус-Скопје ја почна прославата на својот трет роденден и по тој повод ги повика младите уметници да творат на тема Личеновски. Крвавите солзи на портретот на уметникот предизвикаа најголемо внимание, откако во јавност излегоа фотографиите од запуштената и пропадната куќа на Личеноски која се наоѓа во строгиот центар на градот на кејот на Вардар.
Делата се инспирани од просторот, од неговата личност, меѓутоа исто така и од чувството кое што го стекнаа нашите студенти кога за прв пат пред две и пол недели влегоа во куќата. Нивните коментари и искази се непроценливи, треба да се негуваат, мислам дека нашите млади луѓе сакаат да бидат слушнати и забележани, рече Славица Јанашлиева, професор во Училиштето за применета уметност, сега Државно средно училиште за ликовна уметност и дизајн, кое го носи неговото име, создава нови генерации на македонски сликари.
   

The post Студентите на ФЛУ преку делата укажаа на негрижата на државата кон ликот и делото на Личеноски appeared first on Република.

]]>
Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/spomen-kukjata-na-goce-delchev-vo-bitola-vo-izminative-chetiri-godini-intenzivno-se-obnovuva/ Sat, 02 Jul 2022 11:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=522563

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција.

Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства.

Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари и за 2022 година се предвидени 400.000 денари.

Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам да куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла, „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ треба да биде врежана во сите нас затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Со овие средства досега е заменета и кровната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот.

Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата.

Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор.

 

The post Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува appeared first on Република.

]]>

Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува, осовременува и се работи на нејзина комплетна реконструкција. Конзерваторско-реставраторските зафати започнаа во 2016 година кога беше изработена проектна документација за осовременување на куќата. Во 2018 година од Министерството за култура беа доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, со што беше комплетно заменета електричната инсталација и беа преземени некои помали зафати во ентериерот, што повторно беше во согласност со висината на доделените средства. Подоцна во 2019 година, од Министерството повторно беа обезбедени 350.000 денари, во 2020 година 400.000 денари, во 2021 година 310.000 денари и за 2022 година се предвидени 400.000 денари.
Навистина ми е драго што секоја година се издвојуваат средства за Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, а со тоа се врши континуирана реставрација и очекувам да куќата повторно да биде отворена за секој посетител. Токму неговата мисла, „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ треба да биде врежана во сите нас затоа што македонското културно наследство треба да го негуваме секојдневно – истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Со овие средства досега е заменета и кровната конструкција, дограмата, реставрирана е фасадата, а сега се преземаат градежни работи на ентериерот на објектот. Во оваа куќа, Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор го посетил и војводата Даме Груев и остварил средби и со други истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација и на крај, завршил како вреден експонат во Спомен куќата. Куќата содржеше две изложбени простории со вкупна површина од 37 квадратни метри. Едната имаше документи и фотографии за дејствувањето на војводата, а во другата, каде Делчев ги одржувал состаноците, беше задржан ентериерот во оригинална состојба. Таму беше и гобленот извезен од разнобојни монистри, кој за спомен му бил даден на Ракиџиев од политичките затвореници во Централниот битолски затвор.  

The post Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола во изминативе четири години интензивно се обновува appeared first on Република.

]]>