спомен куќа на Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-kuka-na-gotse-delchev/ За подобро да се разбереме Thu, 04 May 2023 11:48:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спомен куќа на Гоце Делчев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spomen-kuka-na-gotse-delchev/ 32 32 Пред куќата на Гоце Делчев во Битола почна одбележувањето на 120 години од неговото убиство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pred-kukata-na-gotse-delchev-vo-bitola-pochna-odbelezhuvaneto-na-120-godini-od-negovoto-ubistvo/ Thu, 04 May 2023 11:48:16 +0000 https://republika.mk/?p=636805

Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината, како и претставници на политичките партии, Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“, основното училиште „Гоце Делчев“ и други граѓани, со полагање цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба Гоце Делчев, ја одбележаа годишнината од неговата смрт.

Денешниот ден е потсетување и оддавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, истакна градоначалникот Тони Коњановски.

Денешниот ден е оддавање почит кон македонскиот национален херој, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водич, високо свесен, пред своето време, вистински алтруист, космополит кој го разбирал светот единствено како поле за културен натпревар на народите. Одбележувајќи 120 години од смртта на Гоце Делчев, истовремено одбележуваме и 120 години од големото наследство кое ни го остави оваа импозантна личност, која со гордост и пиетет ја славиме. Неговиот лик и дело не потсетуваат и ни помагаат да се издигнеме од сите премрежја и предизвици и да останеме достојни за неговата идеја и жртва, а како негови горди потомци, да продолжиме да ја чуваме и негуваме искрата на национална одржливост, посочи Коњановски.

Одбележувањето на 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев, во Битола, продолжува вечер со културно уметничката програма „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“ од Зоран Пејковски и проекција на документарниот филм „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков, кои ќе се одржат во битолскиот Офицерски дом.

The post Пред куќата на Гоце Делчев во Битола почна одбележувањето на 120 години од неговото убиство appeared first on Република.

]]>

Делегација на Општина Битола, предводена од градоначалникот Тони Коњановски, придружуван од претставници на Советот на општината, како и претставници на политичките партии, Ансамблот за фолклор „Гоце Делчев“, основното училиште „Гоце Делчев“ и други граѓани, со полагање цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба Гоце Делчев, ја одбележаа годишнината од неговата смрт. Денешниот ден е потсетување и оддавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев, истакна градоначалникот Тони Коњановски.
Денешниот ден е оддавање почит кон македонскиот национален херој, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водич, високо свесен, пред своето време, вистински алтруист, космополит кој го разбирал светот единствено како поле за културен натпревар на народите. Одбележувајќи 120 години од смртта на Гоце Делчев, истовремено одбележуваме и 120 години од големото наследство кое ни го остави оваа импозантна личност, која со гордост и пиетет ја славиме. Неговиот лик и дело не потсетуваат и ни помагаат да се издигнеме од сите премрежја и предизвици и да останеме достојни за неговата идеја и жртва, а како негови горди потомци, да продолжиме да ја чуваме и негуваме искрата на национална одржливост, посочи Коњановски.
Одбележувањето на 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев, во Битола, продолжува вечер со културно уметничката програма „Баница 1903 – Стратегот на македонскиот универзум“ од Зоран Пејковски и проекција на документарниот филм „Македонија во слики“ на Арсениј Јовков, кои ќе се одржат во битолскиот Офицерски дом.

The post Пред куќата на Гоце Делчев во Битола почна одбележувањето на 120 години од неговото убиство appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура одобрува само 6% од потребните средства за обнова на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, која со години е затворена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-kultura-odobruva-samo-6-od-potrebnite-sredstva-za-obnova-na-spomen-kukata-na-gotse-delchev-vo-bitola-koja-so-godini-e-zatvorena/ Tue, 14 Feb 2023 08:16:26 +0000 https://republika.mk/?p=608666

Деновиве е актуелен проблемот со чествувањето на апостолот на македонската национална борба Гоце Делчев. Но, покрај распродавањето на неговиот идеолошки легат, и спомен куќата на Делчев во Битола со години е затворена. Причината поради која е затворена е наводно лошата состојба во која се наоѓа објектот, велат од Левица.

Министерството за култура не одобрува или одобрува само шест проценти од вкупните потребни средства за конзервација и реставрација на фасадата, па според тоа не може да се предвиди кога би била повторно отворена за посетители. Минатата година биле доделени 250.000 денари за реализација на предвидените активности, а оваа година со Годишната програма на Министерството за култура се доделени само 350.000 денари, од побараните 5.799.000 денари за целосна реализација на проектот, алармираат од партијата.

Во оваа куќа Гоце Делчев во 1901 година престојувал во домот на тогашниот началник на Реонскиот комитет на ВМРО во Битолско, Михаил Ракиџиев. Во Битола останал два месеца, а за тоа време, во битолскиот затвор отишол во посета на војводата Даме Груев и остварил други средби со истакнати припадници на револуционерната организација. На заминување, во знак на благодарност, му подарил пиштол на Ракиџиев, што како реликвија се пренесувал од генерација на генерација, кој на крај завршил како вреден експонат во куќата.

Распродавањето на културните, идентитетските и националните маркери е модус операнди на оваа власт. Веќе е евидентно дека запуштањето на културното наследство и историските столбови систематски и тенденциозно се спроведува, сè во интерес на соседските шовинистичките политики и внатрешното национално разградување, велат од Левица.

The post Министерството за култура одобрува само 6% од потребните средства за обнова на спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, која со години е затворена appeared first on Република.