Сполберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spolberg/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Feb 2023 09:18:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сполберг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spolberg/ 32 32 Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spilberg-dobi-nagrada-za-zhivotno-delo-na-berlienale-ako-sakate-da-bidete-filmski-rezhiser-pishuvajte-prikaznite-ke-ja-nateraat-publikata-da-vi-obrne-vnimanie-a-ne-kadrite/ Fri, 24 Feb 2023 09:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=612651

Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј –  награда за животно дело – која му беше врачена во рамките на Берлинскиот филмски фестивал.

Еден ден потоа медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима, без разлика на неговата возраст.

Во говорот по добивањето на „Златната мечка“, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.

Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на бродвејски мјузикл од 1957 година.

Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна, им рече тој на новинарите во вторникот.

Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè.

Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од својот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.

Подготвуваме голема продукција за Ејч-би-о заснована на оригиналното сценарио на Стенли, со наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“

Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да почнат со приказна.

Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè, пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.

The post Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите appeared first on Република.

]]>

Режисерот оскаровец Стивен Спилберг се закити со уште еден трофеј –  награда за животно дело – која му беше врачена во рамките на Берлинскиот филмски фестивал. Еден ден потоа медиумите ја пофалија неговата решеност да продолжи да снима, без разлика на неговата возраст. Во говорот по добивањето на „Златната мечка“, Спилберг изјави дека можноста за снимање нови филмови и понатаму го возбудува иако има 76 години.
Режисерот, чии заслуги вклучуваат некои од најуспешните и најомилени дела во историјата на кинематографијата, меѓу кои „Е.Т. вонземјанинот“, „Ајкула“, „Индијана Џонс“ и многу други, штотуку заврши два филма еден по друг: полуавтобиографскиот „Фабелман“ и „Приказната од западната страна“, адаптација на бродвејски мјузикл од 1957 година.
Што и да беше тоа што ме обзеде како мало дете е истото чувство што го имав сите тие децении подоцна, им рече тој на новинарите во вторникот. Кога ќе најдам книга или сценарио или ќе дојдам до оригинална идеја што мислам дека би направила добар филм: таа возбуда… надминува сè.
Спилберг сега го финализира сценариото оставено недовршено од својот близок пријател Стенли Кјубрик, кој почина во 1999 година.
Подготвуваме голема продукција за Ејч-би-о заснована на оригиналното сценарио на Стенли, со наслов „Наполеон“, рече тој. „Лимитирана серија од седум епизоди.“
Спилберг, познат по своите достапни, уверливи филмови, ги советуваше идните филмаџии да почнат со приказна.
Ако сакате да бидете филмски режисер, пред сè, пишувајте“, рече тој. „Затоа што приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание вам, а не кадрите“.

The post Спилберг доби награда за животно дело на Берлиенале: Ако сакате да бидете филмски режисер, пишувајте, приказните ќе ја натераат публиката да ви обрне внимание, а не кадрите appeared first on Република.

]]>
Спилберг: „Топ ган: Маверик“ ја спаси целата филмска индустрија од пропаст https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spilberg-top-gan-maverik-ja-spasi-tselata-filmska-industrija-od-propast/ Fri, 17 Feb 2023 12:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=610193

Славниот режисер Стивен Спилберг го пофали Том Круз и неговиот филм „Top Gun: Maverick“ којшто го лансираше на листата најплатени актери на светот.

Режисерот и актерот се сретнале на свечен ручек за номинираните за Оскари 2023 година, а видеото од нивниот разговор станало вирално на социјалната мрежа Твитер.

Импресиониран од успехот на филмот, Спилберг откако се прегрнал со актерот, му рекол: „Направи пресврт... Му го спаси задникот на Холивуд“.

Круз на тоа скромно кимнал со главата, а Спилберг продолжил: „Сериозно, Maverick можеби ја спаси целата филмска индустрија“.

Да ве потсетиме, новиот „Top Gun 12“ е најуспешниот филм на сите времиња и заработи 1.48 милијарди долари на светските благајни и воедно е најуспешниот филм на актерот Круз.

Инаку, Спилберг и Круз во минатото соработувале на филмови, вклучувајќи го и „Minority Report“ од 2002 година.

Според бројните наводи актерот и режисерот влегле во кавга на снимањето на филмот „War of the Worlds“.

The post Спилберг: „Топ ган: Маверик“ ја спаси целата филмска индустрија од пропаст appeared first on Република.

]]>

Славниот режисер Стивен Спилберг го пофали Том Круз и неговиот филм „Top Gun: Maverick“ којшто го лансираше на листата најплатени актери на светот.
Режисерот и актерот се сретнале на свечен ручек за номинираните за Оскари 2023 година, а видеото од нивниот разговор станало вирално на социјалната мрежа Твитер. Импресиониран од успехот на филмот, Спилберг откако се прегрнал со актерот, му рекол: „Направи пресврт... Му го спаси задникот на Холивуд“. Круз на тоа скромно кимнал со главата, а Спилберг продолжил: „Сериозно, Maverick можеби ја спаси целата филмска индустрија“. Да ве потсетиме, новиот „Top Gun 12“ е најуспешниот филм на сите времиња и заработи 1.48 милијарди долари на светските благајни и воедно е најуспешниот филм на актерот Круз. Инаку, Спилберг и Круз во минатото соработувале на филмови, вклучувајќи го и „Minority Report“ од 2002 година. Според бројните наводи актерот и режисерот влегле во кавга на снимањето на филмот „War of the Worlds“.

The post Спилберг: „Топ ган: Маверик“ ја спаси целата филмска индустрија од пропаст appeared first on Република.

]]>