спојување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spojuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 13:00:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спојување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spojuvanje/ 32 32 Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-eden-direktor-na-tsel-klinichki-tsentar-i-spojuvane-na-nekolku-bolnitsi-so-zdravstveni-domovi/ Mon, 16 Sep 2024 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=816793

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари потсети дека кога бил министер за здравство во 2017 година разрешил околу 30 економски директори. Неразрешени останале, рече, уште 10 до 15.

Според Таравари, има јасна анализа колку пари чиниле старо-новите советници кои претходно биле економски директори.

Еден директор приближно примал плата околу 1 500 евра, па пресметајте. Но, наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар и неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Мислам дека сумата е значајна и со тие пари место да ги добива некој што може да биде одговорен во администрација на Клиниката, да не биде директор, би плаќале повеќе инвестиции во здравството, нови апарати, нови згради, реновирање клиники и јавни здравствени институции,... Целта беше таа, не е од сега таа цел. И во 2017 година кога бев министер за здравство разрешив сигурно околу 30 директори, останаа уште 10 - 15 неразрешени, истакна Таравари.

The post Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска најави дека наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар, како и дека неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари потсети дека кога бил министер за здравство во 2017 година разрешил околу 30 економски директори. Неразрешени останале, рече, уште 10 до 15. Според Таравари, има јасна анализа колку пари чиниле старо-новите советници кои претходно биле економски директори.
Еден директор приближно примал плата околу 1 500 евра, па пресметајте. Но, наскоро ќе има еден директор на цел Клинички центар и неколку болници ќе се спојат со здравствени домови. Мислам дека сумата е значајна и со тие пари место да ги добива некој што може да биде одговорен во администрација на Клиниката, да не биде директор, би плаќале повеќе инвестиции во здравството, нови апарати, нови згради, реновирање клиники и јавни здравствени институции,... Целта беше таа, не е од сега таа цел. И во 2017 година кога бев министер за здравство разрешив сигурно околу 30 директори, останаа уште 10 - 15 неразрешени, истакна Таравари.

The post Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови appeared first on Република.

]]>
Почнува процесот на спојување на 32 клиники во една https://arhiva3.republika.mk/vesti/pochnuva-protsesot-na-spojuvane-na-32-kliniki-vo-edna/ Sun, 25 Aug 2024 15:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=810052

Ќе успее ли Арбен Таравари да ги спои клиниките на Клинички во една целина која ќе ја раководат еден или двајца менаџери? Министерот за здравство цврсто стои позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години. Таравари најави дека во првите денови од септември ќе ги седне на маса раководителите на клиниките – за да се направи анализа и да се бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија, анализира Алфа.

Од 2-ри септември ќе имам советодавно тело во Министерството со кое што ќе започнеме процесот на интеграција. А тоа е интеграција на Клинички центар и тоа беше ветување да немаме 32 клиники на Клинички центар каде што имаме по пет членови на управен одбор туку да биде еден клинички како секаде во светот. И да има еден директор или двајца директори евентуално борд од директори, ќе видиме кое е најдобро можно решение, изјави Таравари во политичкиот магазин на Алфа, „За или против”.

Инаку, сегашните 30-тина медицински и исто толку организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните седум години најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори, истото го вети и СДСМ во предизборната програма 2016-та. Но, тоа не се случи.

Идејата на Таравари не е спојување само на скопските клиники, тој вели дека доколку се направи добра реогранизација, болниците ќе раководат и со здравствените домови ширум државата.

Со истиот закон ќе се направат промени и во сите градови .На пример, постои општа болница во Штип, постои здравствен дом во Штип, ние ќе одиме со интегрирање за во секој град да има една јавна здравствена установа. Потоа ќе има шефови за примарно, секундарно здравство епидемиологија и превентива, изјави министерот за здравство.

Инаку, пред само неколку недели министерството за здравство со Владина одлука ги разреши организациските директори во јавните здравствени установи. Таравари смета дека тоа е огромен чекор за да се почне со промените.

Со оваа одлука за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година. Оваа заштеда е само од укинување на функцијата организациски директор, а во иднина нема да има трошоци за секретари, службени возила, телефони и патувања во странство што досега ги користеа овие функционери.

The post Почнува процесот на спојување на 32 клиники во една appeared first on Република.

]]>

Ќе успее ли Арбен Таравари да ги спои клиниките на Клинички во една целина која ќе ја раководат еден или двајца менаџери? Министерот за здравство цврсто стои позади планот кој неговите претходници го ветуваа со години. Таравари најави дека во првите денови од септември ќе ги седне на маса раководителите на клиниките – за да се направи анализа и да се бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија, анализира Алфа.
Од 2-ри септември ќе имам советодавно тело во Министерството со кое што ќе започнеме процесот на интеграција. А тоа е интеграција на Клинички центар и тоа беше ветување да немаме 32 клиники на Клинички центар каде што имаме по пет членови на управен одбор туку да биде еден клинички како секаде во светот. И да има еден директор или двајца директори евентуално борд од директори, ќе видиме кое е најдобро можно решение, изјави Таравари во политичкиот магазин на Алфа, „За или против”.
Инаку, сегашните 30-тина медицински и исто толку организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра. Речиси сите министри последните седум години најавуваа дека ќе ги укинат организациските директори, истото го вети и СДСМ во предизборната програма 2016-та. Но, тоа не се случи. Идејата на Таравари не е спојување само на скопските клиники, тој вели дека доколку се направи добра реогранизација, болниците ќе раководат и со здравствените домови ширум државата.
Со истиот закон ќе се направат промени и во сите градови .На пример, постои општа болница во Штип, постои здравствен дом во Штип, ние ќе одиме со интегрирање за во секој град да има една јавна здравствена установа. Потоа ќе има шефови за примарно, секундарно здравство епидемиологија и превентива, изјави министерот за здравство.
Инаку, пред само неколку недели министерството за здравство со Владина одлука ги разреши организациските директори во јавните здравствени установи. Таравари смета дека тоа е огромен чекор за да се почне со промените. Со оваа одлука за најмалку половина милион евра ќе биде побогата здравствената каса за една година. Оваа заштеда е само од укинување на функцијата организациски директор, а во иднина нема да има трошоци за секретари, службени возила, телефони и патувања во странство што досега ги користеа овие функционери.

The post Почнува процесот на спојување на 32 клиники во една appeared first on Република.

]]>