списоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spisoci/ За подобро да се разбереме Mon, 08 May 2023 18:34:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png списоци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spisoci/ 32 32 Ученици правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uchenitsi-pravele-spisotsi-so-uchenitsi-vo-koi-ke-pukaat/ Mon, 08 May 2023 18:34:32 +0000 https://republika.mk/?p=638514

Како што потврди српското МВР за порталот Н1, во три училишта во Србија учениците правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат. Сите биле приведени заедно со нивните родители, а биле пријавени од ученици и други родители, јави дописникот на МИА од Белград.

Се работи за училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Миријево, а мајката на еден од учениците испрати писмо од кое се гледа дека родителите се вознемирени и дека многумина нема да ги праќаат децата на училиште.

Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац, двајца ученици од петто одделение направиле список, како и еден ученик во училиште во Бајина Башта.

Полицијата на Зрењанин го уапсила А.С.(19) од околината на Нова Црња поради сомнение дека предизвикал паника.

Се сомнева дека А.С., во својата одделенска група преку мобилна апликација објавил цртеж на кој се гледа училница со крвави ликови како лежат покрај клупите, додека еден од нив држи предмет сличен на пиштол, се наведува во соопштението на МВР.

Се додава дека тоа ги вознемирило учениците и нивните родители.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

The post Ученици правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат appeared first on Република.

]]>

Како што потврди српското МВР за порталот Н1, во три училишта во Србија учениците правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат. Сите биле приведени заедно со нивните родители, а биле пријавени од ученици и други родители, јави дописникот на МИА од Белград. Се работи за училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“ во белградската населба Миријево, а мајката на еден од учениците испрати писмо од кое се гледа дека родителите се вознемирени и дека многумина нема да ги праќаат децата на училиште. Во основното училиште „Бора Станковиќ“ во Вождовац, двајца ученици од петто одделение направиле список, како и еден ученик во училиште во Бајина Башта. Полицијата на Зрењанин го уапсила А.С.(19) од околината на Нова Црња поради сомнение дека предизвикал паника. Се сомнева дека А.С., во својата одделенска група преку мобилна апликација објавил цртеж на кој се гледа училница со крвави ликови како лежат покрај клупите, додека еден од нив држи предмет сличен на пиштол, се наведува во соопштението на МВР. Се додава дека тоа ги вознемирило учениците и нивните родители. На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

The post Ученици правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат appeared first on Република.

]]>
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/spisotsite-na-korisnitsi-na-finansiska-poddrshka-objaveni-na-veb-stranata-na-ministerstvoto-za-trud-i-sotsijalna-politika-2/ Mon, 06 Feb 2023 08:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=605239

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Линк до списоците: http://bitly.ws/zQ9k

The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош). На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување). На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија (невработени лица - корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок). Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk. Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето. Линк до списоците: http://bitly.ws/zQ9k

The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.

]]>
Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spisocite-na-korisnici-na-finansiska-poddrshka-objaveni-na-veb-stranicata-na-ministerstvoto-za-trud-i-socijalna-politika/ Mon, 05 Dec 2022 16:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=582281

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година.

Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финансиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година, а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија.

Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита.

Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.

Линк до веб: http://bitly.ws/xuIM

The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството. Доколку, некои од граѓаните/корисници во категориите опфатени со овој закон, не се во списокот, а сметаат дека ги исполнуваат условите можат да поднесат приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка која ја формира министерката за труд и социјална политика, во рок од три дена од датумот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка. Комисијата, по поднесените приговори одлучува во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на приговорот. Притоа, Комисијата за одобрените приговори доставува известување до подносителот и до институциите, а за одбиените приговори до подносителот. Рокот за приговор е 3 дена, сметано од 06.12.2022 година, заклучно со 09.12.2022 година. Министерството за труд и социјална политика информира и дека, исплатата на финансиската поддршка, согласно овој закон, за корисниците на правата од социјалната и детската заштита ќе биде на 12.12.2022 година, а за корисниците на паричен надоместок по основ на невработеност, исплатата ќе биде на 14.12.2022 година. На корисниците на пензија и корисниците на правото на надоместок за телесно оштетување финансиската поддршка за месец декември е исплатена со исплатата на ноемвриската пензија. Со цел подобра информираност на граѓаните, Министерството за труд и социјална политика потенцира дека исплатата на средствата кои се дел од финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза се исплаќаат одвоено од редовната месечна исплата на средствата кои произлегуваат од правата од социјална и детска заштита. Министерството информира и дека списоците се објавуваат согласно член 17, член 18, и член 19 од Законот за заштита на лични податоци, а во врска со член 5 од Законот за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза. Линк до веб: http://bitly.ws/xuIM

The post Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страницата на Министерството за труд и социјална политика appeared first on Република.

]]>