специјална проекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spetsijalna-proektsija/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Dec 2023 11:04:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png специјална проекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spetsijalna-proektsija/ 32 32 Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина https://arhiva3.republika.mk/scena/film/spetsijalna-proektsija-na-filmot-molkot-na-razumot-na-kumjana-novakova-vecherva-vo-kino-frosina/ Tue, 12 Dec 2023 11:01:08 +0000 https://republika.mk/?p=721593

Silence of Reason / Молкот на разумот, филмот на Кумјана Новакова ќе има специјална проекција на 12 декември во 20 часот во Кино „Фросина“.

МОЛКОТ НА РАЗУМОТ | SILENCE OF REASON е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување како форма на тортура и за воено сексуално ропство како злосторство против човештвото.

По проекцијата на филмот следува дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. * Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. *

Базиран исклучиво од форензичка визуелна архива и сведоштва, МОЛКОТ НА РАЗУМОТ дејствува како меморијата: недостижна, флуидна, надвор од рамките, се движи во сите правци – просторни и временски. Искуствата на насилство и тортура врз жените од логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот.
Добитник на наградата за најдобра режија на програмската секција „Envision“ на Меѓународниот фестивал на документарен филм ИДФА (IDFA) во Амстердам 2023.
Добитник на наградата за човекови права на Филмскиот фестивал во Сараево 2023.
Добитник на најхрабар филм на Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград.
Специјално признание на Филмскиот фестивал во Торино 2023.

Режија: Кумјана Новакова
Сценарио: Кумјана Новакова
Монтажа: Јелена Максимовиќ
Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ
Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев
Продукција: Кумјана Новакова
Продукција: „Медеа“
Копродукција: „Pravo Ljudski“
VFX: Нувит Бингол

По потекло од Југославија, Кумјана работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е коосновач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево, каде што е главна кураторка и директорка. Од 2018 до 2021 година го водела и филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје – МСУ.

Како авторка, нејзиното истражување лежи помеѓу филмот и современата видеоуметност, често истражувајќи како подвижните слики се однесуваат на идентитетите, сеќавањата и колективното јас. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ (корежиран со Гилермо Карерас Канди) беше во потесниот избор за наградите на Академијата.

Нејзиниот нов аудиовизуелен уметнички проект „Молкот на разумот“ ги следи искуствата на жените изложени на насилство во време на војна во поранешна Југославија и е награден со уметнички грант од БИРН.

Работи како вонредна професорка на магистерската програма по филм на Холандската филмска академија и следи докторски студии за современи уметности и медиуми во Белград.
Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје.

2021 година, „Вознемирена земја“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм
2016, „Може да биде филм“, Кумјана Новакова, филмски есеј
2014, „Кога облаците пукаат...“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, филмски есеј
2014, „СК 2014“, Кумјана Новакова, Емилио Гуера, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм

The post Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина appeared first on Република.

]]>

Silence of Reason / Молкот на разумот, филмот на Кумјана Новакова ќе има специјална проекција на 12 декември во 20 часот во Кино „Фросина“.

МОЛКОТ НА РАЗУМОТ | SILENCE OF REASON е форензички видеоесеј изграден како перформативно истражување на првиот случај на меѓународен кривичен трибунал во кој беа донесени пресуди за воено силување како форма на тортура и за воено сексуално ропство како злосторство против човештвото.

По проекцијата на филмот следува дискусија водена од филмската критичарка Петра Метерц. * Дискусијата ќе се одвива на англиски јазик. *

Базиран исклучиво од форензичка визуелна архива и сведоштва, МОЛКОТ НА РАЗУМОТ дејствува како меморијата: недостижна, флуидна, надвор од рамките, се движи во сите правци – просторни и временски. Искуствата на насилство и тортура врз жените од логорите за силување во Фоча за време на војната во Босна и Херцеговина стануваат наши колективни сеќавања, надминувајќи ги времето и просторот. Добитник на наградата за најдобра режија на програмската секција „Envision“ на Меѓународниот фестивал на документарен филм ИДФА (IDFA) во Амстердам 2023. Добитник на наградата за човекови права на Филмскиот фестивал во Сараево 2023. Добитник на најхрабар филм на Филмскиот авторски фестивал 2023 во Белград. Специјално признание на Филмскиот фестивал во Торино 2023.

Режија: Кумјана Новакова Сценарио: Кумјана Новакова Монтажа: Јелена Максимовиќ Дизајнер на звук: Владимир Живковиќ Графички дизајн: Елена Диновска Зарапчиев Продукција: Кумјана Новакова Продукција: „Медеа“ Копродукција: „Pravo Ljudski“ VFX: Нувит Бингол

По потекло од Југославија, Кумјана работи во областа на филмот и уметноста од 2006 година. Таа е коосновач на Филмскиот фестивал „Pravo Ljudski“ во Сараево, каде што е главна кураторка и директорка. Од 2018 до 2021 година го водела и филмското одделение на Музејот на современата уметност во Скопје – МСУ.

Како авторка, нејзиното истражување лежи помеѓу филмот и современата видеоуметност, често истражувајќи како подвижните слики се однесуваат на идентитетите, сеќавањата и колективното јас. Нејзиниот последен филм „Вознемирена земја“ (корежиран со Гилермо Карерас Канди) беше во потесниот избор за наградите на Академијата.

Нејзиниот нов аудиовизуелен уметнички проект „Молкот на разумот“ ги следи искуствата на жените изложени на насилство во време на војна во поранешна Југославија и е награден со уметнички грант од БИРН.

Работи како вонредна професорка на магистерската програма по филм на Холандската филмска академија и следи докторски студии за современи уметности и медиуми во Белград. Кумјана моментално живее меѓу Сараево и Скопје.

2021 година, „Вознемирена земја“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм 2016, „Може да биде филм“, Кумјана Новакова, филмски есеј 2014, „Кога облаците пукаат...“, Кумјана Новакова, Гилермо Карерас Канди, филмски есеј 2014, „СК 2014“, Кумјана Новакова, Емилио Гуера, Гилермо Карерас Канди, креативен документарен филм

The post Специјална проекција на филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова вечерва во кино Фросина appeared first on Република.

]]>