Спенсер Бојер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spenser-bojer/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Jan 2023 17:49:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спенсер Бојер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spenser-bojer/ 32 32 Петровска – Бојер: Поддршката од САД за модернизација на Армијата ја зајакнува безбедноста и стабилноста на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-bojer-poddrshkata-od-sad-za-modernizatsija-na-armijata-ja-zajaknuva-bezbednosta-i-stabilnosta-na-regionot/ Tue, 10 Jan 2023 17:49:06 +0000 https://republika.mk/?p=595533

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од делегацијата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, која е во посета на Македонија.

На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД во рамки на одбраната, при што министерката Славјанка Петровска го запозна помошник секретарот Бојер за тековните проекти за модернизација и опремување на Армијата, чекорите кои ги презема Македонија во насока на зголемување на регионалната стабилност и безбедност, како и помошта и поддршката за Украина, соопшти МО.

Петровска истакна дека САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети и изрази благодарност за сојузничката поддршка од 106 милиони американски долари за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата во 2022 година. Таа потенцира дека САД одлучно ја демонстрираат својата заложба за мир, стабилност и просперитет на регионот и одлучно и посветено ја поддржуваат воената модернизација на Македонија.

– Нашите стратешки партнери САД, недвосмислено ги поддржуваат нашите напори да изградиме современи интероперабилни сили и модерна Армија. Буџетот за одбрана во последните неколку години бележи невиден раст – бројките се непобитен доказ за нашата решеност да инвестираме повеќе во Армијата и нејзините припадници, рече Петровска.

The post Петровска – Бојер: Поддршката од САД за модернизација на Армијата ја зајакнува безбедноста и стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со Спенсер Бојер, заменик помошник секретар за одбрана за Европска и НАТО политика на САД, кој е дел од делегацијата на советникот на Стејт департментот Дерек Шоле, која е во посета на Македонија. На средбата се разговараше за стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД во рамки на одбраната, при што министерката Славјанка Петровска го запозна помошник секретарот Бојер за тековните проекти за модернизација и опремување на Армијата, чекорите кои ги презема Македонија во насока на зголемување на регионалната стабилност и безбедност, како и помошта и поддршката за Украина, соопшти МО. Петровска истакна дека САД се наш долгогодишен стратегиски партнер во развојот на армиските капацитети и изрази благодарност за сојузничката поддршка од 106 милиони американски долари за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата во 2022 година. Таа потенцира дека САД одлучно ја демонстрираат својата заложба за мир, стабилност и просперитет на регионот и одлучно и посветено ја поддржуваат воената модернизација на Македонија. – Нашите стратешки партнери САД, недвосмислено ги поддржуваат нашите напори да изградиме современи интероперабилни сили и модерна Армија. Буџетот за одбрана во последните неколку години бележи невиден раст – бројките се непобитен доказ за нашата решеност да инвестираме повеќе во Армијата и нејзините припадници, рече Петровска.

The post Петровска – Бојер: Поддршката од САД за модернизација на Армијата ја зајакнува безбедноста и стабилноста на регионот appeared first on Република.

]]>