спектакл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spektakl/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Jan 2023 08:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спектакл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spektakl/ 32 32 Билетите за хуманитарно ракометно музичкиот настан се распродадени https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/biletite-za-humanitarno-rakometno-muzichkiot-nastan-se-rasprodadeni/ Tue, 03 Jan 2023 08:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=592996

Пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје на 3 јануари (19.00 часот) ќе се организира „Мечот на деценијата“.

Како што информира Ракометната федерација на Македонија (РФМ) билетите за овој спектакл се распродадени:

Официјално: билетите за хуманитарниот ракометно музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА – стои во објавата на РФМ.

Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев.

Спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар.

Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.

The post Билетите за хуманитарно ракометно музичкиот настан се распродадени appeared first on Република.

]]>

Пред полни трибини во СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје на 3 јануари (19.00 часот) ќе се организира „Мечот на деценијата“. Како што информира Ракометната федерација на Македонија (РФМ) билетите за овој спектакл се распродадени:
Официјално: билетите за хуманитарниот ракометно музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА – стои во објавата на РФМ.
Не го пропуштајте спектакуларниот ракометен меч помеѓу актуелните и поранешните ракометни репрезентативци проследен со трето, музичко полувреме на кое ќе настапат Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Водител на настанот е Сашко Коцев. Спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар. Приходите од продажбата на билетите, Ракометната федерација на Македонија ќе ги донира на „СОС Детско село“ од Скопје, која организација во моментов поддржува повеќе од 394 деца и млади кои се без родители и родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Повеќе од 20 години СОС Детско село функционира на принцип на донации, благодарение на кои се грижи за децата кои се под нивна надлежност.

The post Билетите за хуманитарно ракометно музичкиот настан се распродадени appeared first on Република.

]]>
Спектакл во Скопје: Гостува Железничар од Сараево за 35 години Комити и 75 години Вардар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spektakl-vo-skopje-gostuva-zeleznichar-od-saraevo-za-35-godini-komiti-i-75-godini-vardar/ Thu, 10 Nov 2022 12:20:25 +0000 https://republika.mk/?p=572297

Еден од најголемите босански клубови, Железничар од Сараево, ќе гостува во Скопје на 23 ноември, на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити.

Популарниот босански клуб познат уште и како Жељо е поранешен шампион на СФРЈ од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и црвено-црните кои беа прваци во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година. Гигантот од Грбавица од распадот на СФРЈ има шест титули и шест купови во БиХ, а има европско полуфинале во 1984/85 во Купот на УЕФА, сегашната Лига Европа.

Сараевчани доаѓаат на пријателски меч и спектакл кој го подготвуваат Комити за да се одбележи голем јубилеј на црвено-црните и нивната најверна армија навивачи, а мечот е закажан за скопската Арена „Тодор Проески“ на 23 ноември од 19.30 часот.

The post Спектакл во Скопје: Гостува Железничар од Сараево за 35 години Комити и 75 години Вардар appeared first on Република.

]]>

Еден од најголемите босански клубови, Железничар од Сараево, ќе гостува во Скопје на 23 ноември, на спектаклот по повод 75-годишнината од формирањето на најтрофејниот македонски клуб Вардар и 35 години од формирањето на најверните вардарови навивачи Комити. Популарниот босански клуб познат уште и како Жељо е поранешен шампион на СФРЈ од сезоната 1971/72 и има еден освоен Куп трофеј од поранешната држава (1981), исто како и црвено-црните кои беа прваци во 1987, а освојувачи на Купот во 1961 година. Гигантот од Грбавица од распадот на СФРЈ има шест титули и шест купови во БиХ, а има европско полуфинале во 1984/85 во Купот на УЕФА, сегашната Лига Европа. Сараевчани доаѓаат на пријателски меч и спектакл кој го подготвуваат Комити за да се одбележи голем јубилеј на црвено-црните и нивната најверна армија навивачи, а мечот е закажан за скопската Арена „Тодор Проески“ на 23 ноември од 19.30 часот.

The post Спектакл во Скопје: Гостува Железничар од Сараево за 35 години Комити и 75 години Вардар appeared first on Република.

]]>
РФМ најавува спектакл, ќе играат актуелните против поранешните репрезентативци! https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-najavuva-spektakl-kje-igraat-aktuelnite-protiv-poraneshnite-reprezentativci/ Fri, 02 Sep 2022 12:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=546789

Кон крајот на годинава ќе се одржи ракометен спектал на кој ќе учестуваат актуелни и поранешни репрезентативци, најави Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Претседателот Живко Мукаетов најави пријателски натпревар меѓу поранешните репрезентативци на Македонија и актуелните репрезентативци во сениорската селекција.

Во тимот на поранешните репрезентативци ќе бидат оние кои беа дел од селекцијата од СП 2009 па наваму, но веќе се во играчка пензија и актуелните репрезентативци кои ќе се подготвуваат за настапот на СП.

РФМ со овој потег сака да им се заблагодари на некогашните репрезентативци за нивниот придонес во македонскиот дрес за целото ова време.

 

The post РФМ најавува спектакл, ќе играат актуелните против поранешните репрезентативци! appeared first on Република.

]]>

Кон крајот на годинава ќе се одржи ракометен спектал на кој ќе учестуваат актуелни и поранешни репрезентативци, најави Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Претседателот Живко Мукаетов најави пријателски натпревар меѓу поранешните репрезентативци на Македонија и актуелните репрезентативци во сениорската селекција. Во тимот на поранешните репрезентативци ќе бидат оние кои беа дел од селекцијата од СП 2009 па наваму, но веќе се во играчка пензија и актуелните репрезентативци кои ќе се подготвуваат за настапот на СП. РФМ со овој потег сака да им се заблагодари на некогашните репрезентативци за нивниот придонес во македонскиот дрес за целото ова време.  

The post РФМ најавува спектакл, ќе играат актуелните против поранешните репрезентативци! appeared first on Република.

]]>