Специјална олимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalna-olimpijada/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 08:09:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Специјална олимпијада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalna-olimpijada/ 32 32 Отворен ден на Специјална олимпијада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otvoren-den-na-spetsijalna-olimpijada/ Sat, 19 Oct 2024 08:09:38 +0000 https://republika.mk/?p=828705

На терените на спортскиот комплекс „МТП“, Специјална олимпијада Македонија денеска организира Отворен ден. На настанот ќе биде претставена работата на организацијата и улогата и моќта на спортот во трансформирањето на животите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.

Со Отворениот ден, сакаме да покажеме дека лицата со интелектуална попреченост имаат неверојатен потенцијал. Спортот може да им помогне да ги развијат своите способности, да стекнат самодоверба и да се чувствуваат вклучени во заедницата. Се надеваме дека овој настан ќе биде поттик за повеќе семејства да ни се приклучат во создавање поинклузивно општество, изјави Моника Бошкоска, претседателка на Специјална Олимпијада Македонија.

Како дел од Отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се сретнат со атлетите и членовите од СО Македонија и од прва рака да дознаат за активностите кои ги реализира Специјалната Олимпијада.

Преку реализација на Отворениот ден, Специјална олимпијада Македонија ги охрабрува семејствата со членови со интелектуална попреченост, да ги поддржат своите најблиски да се приклучат на настанот и преку нивно учество во спортските активности да го поттикнат нивното поактивно вклучување во општеството.

The post Отворен ден на Специјална олимпијада appeared first on Република.

]]>

На терените на спортскиот комплекс „МТП“, Специјална олимпијада Македонија денеска организира Отворен ден. На настанот ќе биде претставена работата на организацијата и улогата и моќта на спортот во трансформирањето на животите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства.
Со Отворениот ден, сакаме да покажеме дека лицата со интелектуална попреченост имаат неверојатен потенцијал. Спортот може да им помогне да ги развијат своите способности, да стекнат самодоверба и да се чувствуваат вклучени во заедницата. Се надеваме дека овој настан ќе биде поттик за повеќе семејства да ни се приклучат во создавање поинклузивно општество, изјави Моника Бошкоска, претседателка на Специјална Олимпијада Македонија.
Како дел од Отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се сретнат со атлетите и членовите од СО Македонија и од прва рака да дознаат за активностите кои ги реализира Специјалната Олимпијада. Преку реализација на Отворениот ден, Специјална олимпијада Македонија ги охрабрува семејствата со членови со интелектуална попреченост, да ги поддржат своите најблиски да се приклучат на настанот и преку нивно учество во спортските активности да го поттикнат нивното поактивно вклучување во општеството.

The post Отворен ден на Специјална олимпијада appeared first on Република.

]]>
Специјалната Олимпијада ја организира „Европската Недела на Фудбал“ https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/spetsijalnata-olimpijada-ja-organizira-evropskata-nedela-na-fudbal/ Mon, 10 Jun 2024 15:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=786296

Во рамки на „Европската Недела на Фудбал“, иницијатива на Специјалната Олимпијада (Special Olympics) која традиционално се одбележува секоја година, Специјалната Олимпијада на Македонија обедини околу 100 атлети, партнери, поддржувачи и фудбалери, на еден фудбалски терен.

Овогодинешното издание се одржа во соработка со Македонски Телеком А.Д., а поддржано и од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА (UNFPA), Агенција за Млади и Спорт, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) и НЛБ Банка. Настанот се одржа изминатата сабота (08.06.2024), во Градскиот Парк (кај „Школка“). Спортистите учествуваа во серија фудбалски активности и натпревар во чии рамки играа за општествена инклузија, за пријателство и уживање во спортот како еднакви, развивајќи разбирање едни кон други.

„Европската Недела на Фудбал 2024“ е иницијатива на Специјална Олимпијада (Special Olympics), која ги поврзува Атлетите преку најважната споредна работа во светот – фудбалот и го насочува фокусот на јавноста врз важноста на инклузивноста – на терен и во секојдневието.

Традиционално и оваа година, како и претходните, Специјална Олимпијада Македонија се вклучи во одбележувањето на Европската Недела на Фудбалот со учество на наши атлети во мешан состав, заедно со претставници од НЛБ Банка. Преку ваквиот тип на настани, директно од терен, но и пошироко, демонстрираме колку е значајна улогата на инклузијата преку спортот и во секојдневието. Минатата сабота игравме фудбал за рекреација, за пријателство, за еднаквост и најважно – за да покажеме со пример дека доколку активно секој од нас се вклучи и подаде рака, инклузијата не е само желба, туку и реалност. Оттука, голема благодарност до Македонски Телеком А.Д. и сите наши поддржувачи, партнери, соработници, волонтери, како и до тимот на Специјална Олимпијада Македонија за поддршката и организацијата на овој настан. Само вака заеднички ќе успееме да ја подигнеме инклузивноста во нашата држава на повисоко ниво“, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада на Македонија.

Како иницијатива, „Европската Недела на Фудбал“ основана од Специјална Олимпијада Европа-Евроазија и поддржана ФИФА, на годишно ниво обединува голем број фудбалери и тренери со и без интелектуална попреченост кои, преку концептот на „Обединети Спортови“ (Unified Sports) придонесуваат за зголемување на инклузивноста. Како дел од 24. издание на Европската Недела на Фудбал, беа инволвирани над 35.000 жени и машки спортисти со и без интелектуална попреченост кои учествуваа во 350 настани распоредени низ 45 земји во Европа и Евроазија, меѓу кои и нашата држава.

The post Специјалната Олимпијада ја организира „Европската Недела на Фудбал“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на „Европската Недела на Фудбал“, иницијатива на Специјалната Олимпијада (Special Olympics) која традиционално се одбележува секоја година, Специјалната Олимпијада на Македонија обедини околу 100 атлети, партнери, поддржувачи и фудбалери, на еден фудбалски терен. Овогодинешното издание се одржа во соработка со Македонски Телеком А.Д., а поддржано и од Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА (UNFPA), Агенција за Млади и Спорт, Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) и НЛБ Банка. Настанот се одржа изминатата сабота (08.06.2024), во Градскиот Парк (кај „Школка“). Спортистите учествуваа во серија фудбалски активности и натпревар во чии рамки играа за општествена инклузија, за пријателство и уживање во спортот како еднакви, развивајќи разбирање едни кон други. „Европската Недела на Фудбал 2024“ е иницијатива на Специјална Олимпијада (Special Olympics), која ги поврзува Атлетите преку најважната споредна работа во светот – фудбалот и го насочува фокусот на јавноста врз важноста на инклузивноста – на терен и во секојдневието.
Традиционално и оваа година, како и претходните, Специјална Олимпијада Македонија се вклучи во одбележувањето на Европската Недела на Фудбалот со учество на наши атлети во мешан состав, заедно со претставници од НЛБ Банка. Преку ваквиот тип на настани, директно од терен, но и пошироко, демонстрираме колку е значајна улогата на инклузијата преку спортот и во секојдневието. Минатата сабота игравме фудбал за рекреација, за пријателство, за еднаквост и најважно – за да покажеме со пример дека доколку активно секој од нас се вклучи и подаде рака, инклузијата не е само желба, туку и реалност. Оттука, голема благодарност до Македонски Телеком А.Д. и сите наши поддржувачи, партнери, соработници, волонтери, како и до тимот на Специјална Олимпијада Македонија за поддршката и организацијата на овој настан. Само вака заеднички ќе успееме да ја подигнеме инклузивноста во нашата држава на повисоко ниво“, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада на Македонија.
Како иницијатива, „Европската Недела на Фудбал“ основана од Специјална Олимпијада Европа-Евроазија и поддржана ФИФА, на годишно ниво обединува голем број фудбалери и тренери со и без интелектуална попреченост кои, преку концептот на „Обединети Спортови“ (Unified Sports) придонесуваат за зголемување на инклузивноста. Како дел од 24. издание на Европската Недела на Фудбал, беа инволвирани над 35.000 жени и машки спортисти со и без интелектуална попреченост кои учествуваа во 350 настани распоредени низ 45 земји во Европа и Евроазија, меѓу кои и нашата држава.

The post Специјалната Олимпијада ја организира „Европската Недела на Фудбал“ appeared first on Република.

]]>
Бронзен медал за Марио Мицковски на специјалната олимпијада во Берлин https://arhiva3.republika.mk/sport/bronzen-medal-za-mario-mitskovski-na-spetsijalnata-olimpijada-vo-berlin/ Sun, 25 Jun 2023 16:32:22 +0000 https://republika.mk/?p=654985

Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.

Олимписка бронза за сто метри пливање слободен стил. Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и за тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи, соопшти денеска Специјалната олимпијада на Македонија на својата фејсбук страна.

Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.

The post Бронзен медал за Марио Мицковски на специјалната олимпијада во Берлин appeared first on Република.

Средба на Пендаровски со раководствата на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија и на Специјална Олимпијада на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pendarovski-so-rakovodstvata-na-spetsijalna-olimpijada-za-evropa-i-evroazija-i-na-spetsijalna-olimpijada-na-makedonija/ Wed, 26 Apr 2023 15:12:04 +0000 https://republika.mk/?p=634340

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги примил раководствата на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија и на Специјална Олимпијада на Македонија.

На средбата било разговарано за тековните активности на Специјална Олимпијада којашто поддржува повеќе од пет милиони спортисти, еден милион тренери и волонтери, повеќе од 100.000 натпревари годишно и 32 спортови од олимписки тип преку програми во над 190 земји.

Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот на државата, соговорниците го запознале Пендаровски и со динамиката на реализирањето на проектот „Социјална инклузија и зајакнување на младите преку спорт“, што треба да даде позитивен импулс кон засилена вклученост на лицата со попреченост, како и промовирање на инклузивното образование.

Шефот на државата Пендаровски ја изразил безрезервната поддршка на ваквата долгогодишна благородна заложба на Специјална Олимпијада, која придонесува преку спортот да се поттикне нивната сеопфатна инклузија во општествените текови, овозможувајќи им да ги изразат своите афинитети и индивидуални квалитети.

На средбата присуствувале Дејвид С. Евангелиста и Марта Јо Брајчич од Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија, како и Моника Бошкоска и Драган Караџовски од Специјална олимпијада на Македонија.

The post Средба на Пендаровски со раководствата на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија и на Специјална Олимпијада на Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ги примил раководствата на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија и на Специјална Олимпијада на Македонија. На средбата било разговарано за тековните активности на Специјална Олимпијада којашто поддржува повеќе од пет милиони спортисти, еден милион тренери и волонтери, повеќе од 100.000 натпревари годишно и 32 спортови од олимписки тип преку програми во над 190 земји. Како што соопштија од Кабинетот на Претседателот на државата, соговорниците го запознале Пендаровски и со динамиката на реализирањето на проектот „Социјална инклузија и зајакнување на младите преку спорт“, што треба да даде позитивен импулс кон засилена вклученост на лицата со попреченост, како и промовирање на инклузивното образование. Шефот на државата Пендаровски ја изразил безрезервната поддршка на ваквата долгогодишна благородна заложба на Специјална Олимпијада, која придонесува преку спортот да се поттикне нивната сеопфатна инклузија во општествените текови, овозможувајќи им да ги изразат своите афинитети и индивидуални квалитети. На средбата присуствувале Дејвид С. Евангелиста и Марта Јо Брајчич од Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија, како и Моника Бошкоска и Драган Караџовски од Специјална олимпијада на Македонија.

The post Средба на Пендаровски со раководствата на Специјална Олимпијада за Европа и Евроазија и на Специјална Олимпијада на Македонија appeared first on Република.

]]>