специјалисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalisti/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Dec 2023 17:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png специјалисти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalisti/ 32 32 Во Кавадарци, во здравството последното возило е купено во 2012 година, а докторите се принудени сами да купуваат основни средства и лекови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-kavadartsi-vo-zdravstvoto-poslednoto-vozilo-e-kupeno-vo-2012-godina-a-doktorite-se-prinudeni-sami-da-kupuvaat-osnovni-sredstva-i-lekovi/ Sat, 16 Dec 2023 17:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=723718

Запознаени сме со проблемите на пациентите од целата држава. И тука во Кавадарци ја гледаме истата слика, граѓаните се жалат дека тешко стигнуваат до здравствена услуга преглед, а уште потешко до интервенција, дека нема основни лекови, а тие што ги има се од постара генерација, дека во голем процент и приватно плаќаат услуги, дека имаме централизирани здравствени услуги наместо заложба за нивно децентрализирање и секој пациент да добие услуга поблизу до местото на живеење, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Кавадарци.

Според него немањето системско решение и досегашната негрижа за специјалистичкиот кадар се гледа и во Кавадарци. И тука, како што вели Николов, недостасуваат специјалисти од повеќе оддели.

Персонал нема ниту во итната медицинска помош. Во здравствените институции нема нови апарати, нема нови возила, па за „грижата” за здравството во Кавадарци говори податокот дека последното ново возило било од 2012 година, а здравствените работници дури се принудени сами да купуваат основни средства и лекови. Негрижата и заминувањето на кадарот е нотирано и во извештајот на Европската комисија за здравство каде имаме НУЛА напредок во здравството“, рече Николов.

Николов укажа дека има низа нереализирани ветувања од Програмата за живот на СДСМ.

Нашите проценки се дека и по 7 години власт одродената влада има 80 проценти нереализирани проекти токму во здравството. Но, ние продолжуваме заедно со фелата, директно од терен и заедно со здруженијата на пациенти преку пошироки консултации да дојдеме до заеднички решенија кои ќе ги преточиме во изборната програма која ќе е победничка, кажа Николов.

Николов посочи дека во Кавадарци каде е во посета со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе се одржи и стручна академија која е петта по ред.

За нас е посебно важна затоа што е на иницијатива на експерти од областите примарна и превентивна медицина, а во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Се обврзуваме дека ваквиот пристап и заедничкото изнаоѓање решенија со фелата и здруженијата ќе биде и во иднина основа на креирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Николов.

The post Во Кавадарци, во здравството последното возило е купено во 2012 година, а докторите се принудени сами да купуваат основни средства и лекови appeared first on Република.

]]>

Запознаени сме со проблемите на пациентите од целата држава. И тука во Кавадарци ја гледаме истата слика, граѓаните се жалат дека тешко стигнуваат до здравствена услуга преглед, а уште потешко до интервенција, дека нема основни лекови, а тие што ги има се од постара генерација, дека во голем процент и приватно плаќаат услуги, дека имаме централизирани здравствени услуги наместо заложба за нивно децентрализирање и секој пациент да добие услуга поблизу до местото на живеење, рече доктор Игор Николов, претседател на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Кавадарци. Според него немањето системско решение и досегашната негрижа за специјалистичкиот кадар се гледа и во Кавадарци. И тука, како што вели Николов, недостасуваат специјалисти од повеќе оддели.
Персонал нема ниту во итната медицинска помош. Во здравствените институции нема нови апарати, нема нови возила, па за „грижата” за здравството во Кавадарци говори податокот дека последното ново возило било од 2012 година, а здравствените работници дури се принудени сами да купуваат основни средства и лекови. Негрижата и заминувањето на кадарот е нотирано и во извештајот на Европската комисија за здравство каде имаме НУЛА напредок во здравството“, рече Николов.
Николов укажа дека има низа нереализирани ветувања од Програмата за живот на СДСМ.
Нашите проценки се дека и по 7 години власт одродената влада има 80 проценти нереализирани проекти токму во здравството. Но, ние продолжуваме заедно со фелата, директно од терен и заедно со здруженијата на пациенти преку пошироки консултации да дојдеме до заеднички решенија кои ќе ги преточиме во изборната програма која ќе е победничка, кажа Николов.
Николов посочи дека во Кавадарци каде е во посета со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе се одржи и стручна академија која е петта по ред.
За нас е посебно важна затоа што е на иницијатива на експерти од областите примарна и превентивна медицина, а во организација на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Се обврзуваме дека ваквиот пристап и заедничкото изнаоѓање решенија со фелата и здруженијата ќе биде и во иднина основа на креирање на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, заклучи Николов.
 
The post Во Кавадарци, во здравството последното возило е купено во 2012 година, а докторите се принудени сами да купуваат основни средства и лекови appeared first on Република.

]]>
Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-za-zdravstvo-na-vmro-dpmne-dali-znae-medhiti-kolku-spetsijalisti-na-klinichki-tsentar-majka-tereza-imaat-nereshen-status-zaradi-neazhurnost-na-menadherite/ Thu, 14 Dec 2023 13:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=722938

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство.

Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ.

Оттаму тие прашуваат:

Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор?

Во кои установи и од кои области?

Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање?

Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?

Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните

Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот.

Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.

The post Комисија за здравство на ВМРО ДПМНЕ: Дали знае Меџити колку специјалисти на Клинички центар „Мајка Тереза“ имаат нерешен статус заради неажурност на менаџерите? appeared first on Република.

]]>

„До Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа информации дека и во комплексот клиники Мајка Терза има готови специјалисти кои не можат да добијат статус – специјалист заради неажурност на менаџерите на јавните здравствени установи и Министерството за здравство. Клиниката за детски болести е една од нив, каде иако има недостаток на повеќе специјалисти кои не можат да го добијат статусот како специјалисти, сепак заради неспособност и негрижа од надлежните статусот не им е решен, велат од Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ. Оттаму тие прашуваат: Има ли Меџити информација за колку специјалисти со нерешен статус станува збор? Во кои установи и од кои области? Зошто иако има недостиг од специјалисти никој не се заложува да се реши ова прашање? Дали и за овој проблем Меџити повторно ќе се жали од Министерството за финансии само со префрлување на одговорност, додека за него не е проблем да тера огласи за административен кадар во Министерството со кое раководи?
Го охрабруваме Меџити да се фати за работа и прво да се ангажира за решавање на статусот на готовите специјалисти, во исто време додека се фали за отворање нови специјалности во Тетово, иако не направил ништо за решавање на статусот на веќе постојните Токму, негрижата за кадарот е нотирана и во Извештајот за здравство на Европската комисија, а на овој начин се демотивира кадарот. Загрижува фактот дека ниту недостигот од повеќе специјалности на Детската клиника не е причина за надлежните да се заложат и да се фатат за работа и да ја валоризираат работата на специјалистичкиот кадар“, стои во постот на Фејсбук.