Специјален суд за Косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalen-sud-za-kosovo/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Dec 2023 17:22:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Специјален суд за Косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/specijalen-sud-za-kosovo/ 32 32 За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-chetiri-godini-namalena-zatvorskata-kazna-na-poraneshen-komandant-od-uchk/ Thu, 14 Dec 2023 12:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=722910

Апелациониот совет при Специјалниот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, му изрече денеска на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Салих Мустафа казна затвор во траење од 22 години, со што ја намали за четири години првостепената казна изречена пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мустафа беше уапсен од Специјалниот суд на 24 септември 2020 година, откако во јуни истата година беше потврдено обвинението против него. Првостепениот судски совет на Специјалниот суд на 16 декември 2022 година го прогласи за виновен за воени злосторства, вклучувајќи произволно притворање, тортура и незаконско убиство, осудувајќи го на 26 години затвор.

Апелација му ја намали казната на Мустафа за дел од кривичните дела за кои е обвинет.

Апелациониот совет оцени дека единствената казна од 22 години затвор, сметајќи го времето поминато во притвор, ја одразува севкупноста на криминалната активност на Салих Мустафа во овој случај, се вели во образложението на денешната одлука.

Втората инстанца на Судот во Хаг ги отфрли речиси сите приговори на Мустафа на првостепената одлука.

Ова е прв случај што е разгледуван од Апелацијата на Специјалниот суд од неговото формирање во 2015 година.

The post За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК appeared first on Република.

]]>

Апелациониот совет при Специјалниот суд за Косово, чие седиште е во Хаг, му изрече денеска на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Салих Мустафа казна затвор во траење од 22 години, со што ја намали за четири години првостепената казна изречена пред една година, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа беше уапсен од Специјалниот суд на 24 септември 2020 година, откако во јуни истата година беше потврдено обвинението против него. Првостепениот судски совет на Специјалниот суд на 16 декември 2022 година го прогласи за виновен за воени злосторства, вклучувајќи произволно притворање, тортура и незаконско убиство, осудувајќи го на 26 години затвор. Апелација му ја намали казната на Мустафа за дел од кривичните дела за кои е обвинет.
Апелациониот совет оцени дека единствената казна од 22 години затвор, сметајќи го времето поминато во притвор, ја одразува севкупноста на криминалната активност на Салих Мустафа во овој случај, се вели во образложението на денешната одлука.
Втората инстанца на Судот во Хаг ги отфрли речиси сите приговори на Мустафа на првостепената одлука. Ова е прв случај што е разгледуван од Апелацијата на Специјалниот суд од неговото формирање во 2015 година.

The post За четири години намалена затворската казна на поранешен командант од УЧК appeared first on Република.

]]>
По поранешна Југославија, Косово, ќе има ли специјален суд за Украина? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-poraneshna-jugoslavija-kosovo-kje-ima-li-specijalen-sud-za-ukraina/ Fri, 21 Oct 2022 13:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=564097

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден од самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, формирање специјален суд кој ќе суди за злосторствата извршени од Русија во Украина.
„Апсолутно треба да разговараме за правниот одговор на извршените злосторства и за формирање специјален суд кој ќе ги процесуира“, изјави естонската премиерка Каја Калас.

Според неа, воените злосторства спаѓаат во надлежност на Меѓународниот кривичен суд, но за злосторствата за агресија (против Украина) треба да суди само специјален трибунал.

Летонскиот премиер Крисјанис Каринс, исто така, ја повика Европа да се обедини и да ја „поддржи Украина, не само да ја осуди Русија, туку да почне да работи на формирање суд кој ќе бара одговорност од Русија за злосторствата што во моментов ги прави во Украина“.

Естонија и Латвија, заедно со Литванија, неодамна ја повикаа ЕУ да и помогне на Украина да воспостави таква јурисдикција, која би била „комплементарна“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, исто така повика на создавање специјален трибунал откако беа откриени стотици тела закопани во близина на Изјум, град во источна Украина кој беше во рацете на Русија.

Земјите од ЕУ немаат заеднички став за создавање ваков специјален трибунал, што во неколку наврати го побара украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела изјави дека е неопходно „прво максимално да се искористат сите постоечки алатки“, а тоа се услугите на украинскиот јавен обвинител, истрагите што ги спроведуваат 14 земји-членки и истрагите на МКС

The post По поранешна Југославија, Косово, ќе има ли специјален суд за Украина? appeared first on Република.

]]>

Балтичките земји побараа денеска, на вториот ден од самитот на Европската унија (ЕУ) во Брисел, формирање специјален суд кој ќе суди за злосторствата извршени од Русија во Украина.
„Апсолутно треба да разговараме за правниот одговор на извршените злосторства и за формирање специјален суд кој ќе ги процесуира“, изјави естонската премиерка Каја Калас.
Според неа, воените злосторства спаѓаат во надлежност на Меѓународниот кривичен суд, но за злосторствата за агресија (против Украина) треба да суди само специјален трибунал. Летонскиот премиер Крисјанис Каринс, исто така, ја повика Европа да се обедини и да ја „поддржи Украина, не само да ја осуди Русија, туку да почне да работи на формирање суд кој ќе бара одговорност од Русија за злосторствата што во моментов ги прави во Украина“. Естонија и Латвија, заедно со Литванија, неодамна ја повикаа ЕУ да и помогне на Украина да воспостави таква јурисдикција, која би била „комплементарна“ на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Чешка, која моментално претседава со Советот на ЕУ, исто така повика на создавање специјален трибунал откако беа откриени стотици тела закопани во близина на Изјум, град во источна Украина кој беше во рацете на Русија. Земјите од ЕУ немаат заеднички став за создавање ваков специјален трибунал, што во неколку наврати го побара украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс минатата недела изјави дека е неопходно „прво максимално да се искористат сите постоечки алатки“, а тоа се услугите на украинскиот јавен обвинител, истрагите што ги спроведуваат 14 земји-членки и истрагите на МКС

The post По поранешна Југославија, Косово, ќе има ли специјален суд за Украина? appeared first on Република.

]]>