спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spasuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 18:25:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спасување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spasuvanje/ 32 32 При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pri-gasnene-na-pozharot-na-galichitsa-spasena-povredena-turistka-od-cheshka/ Thu, 08 Aug 2024 20:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=804730

Во драматична комбинирана акција од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка, со тешка скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина.

Како што соопшти ЦУК, во акцијата за спасување биле вклучени спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и интервентен хеликоптерски превоз на МВР.

-Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, наведуваат од ЦУК.

Повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично една недела цело време се ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и логистички за поткрепа на другите противпожарни сили. Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински места. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители  отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР.

-Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасителите од  Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“  во борбата со огнената стихија. Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР кои покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби, обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка, посочуваат од ЦУК во соопштението.

Од МВР ја потврдија спасувачката акција во која бил ангажиран хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, кој потоа продолжил со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица.

The post При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка appeared first on Република.

]]>

Во драматична комбинирана акција од воздух и од земја, денеска е спасена 68-годишна туристка од Чешка, со тешка скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина. Како што соопшти ЦУК, во акцијата за спасување биле вклучени спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и интервентен хеликоптерски превоз на МВР. -Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, наведуваат од ЦУК. Повикот за помош бил примен на 112 во ЦУК, околу 13.50 минути, а потоа веднаш од Секторот за операции и координација од ЦУК било контактирано со доброволните спасителите од Охрид, коишто практично една недела цело време се ангажирани за гаснење на пожарот во Национален парк „Галичица“ и директно со своите членови, а и логистички за поткрепа на другите противпожарни сили. Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински места. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители  отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР. -Практично, во 15.30 часот повредената беше безбедно пренесена во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија, а тимот од доброволците - спасителите од  Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се врати да им помогне на своите останати членови и на пожарникарите и ренџерите од НП „Галичица“  во борбата со огнената стихија. Секоја чест на храбрите спасители и пилотите на МВР кои покажуваат на дело како сите и доброволци и припадници на институции и служби, обединето и координирано дејствуваат при спасување при животозагрозувачки ситуации во нашата држава, нешто што дава поттик за надоградба на таквата соработка, посочуваат од ЦУК во соопштението. Од МВР ја потврдија спасувачката акција во која бил ангажиран хеликоптер Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици, кој потоа продолжил со активности за гасење на пожарот во реонот на Галичица.

The post При гаснење на пожарот на Галичица, спасена повредена туристка од Чешка appeared first on Република.

]]>
Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид https://arhiva3.republika.mk/vesti/dobrovolnite-pozharnikari-od-kochani-spasija-povreden-i-dezorientiran-orel-od-zagrozen-vid/ Mon, 05 Aug 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=803483

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел.

По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило.

[caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]

Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.

[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption]

Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки.

[caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption]

Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>

Екипа пожарникари од Доброволното противпожарно друштво од Кочани доцна синоќа интервенираа во спасување повредена и дезориентирана птица од загрозениот вид источноевропски царски орел. По добиената пријава од граѓани кои забележале дека птицата долго време стоела на кров од викендичка на Пониква, на лице место се упатиле четири пожарникари со едно возило. [caption id="" align="aligncenter" width="662"] фото: МИА[/caption]
Птицата ја најдовме заглавена во громобранската инсталација на објектот, беше дехидрирана и повредена, најверојатно како последица од пожарите во Осоговијата. Природните живеалишта на овие птици се уништени од огнената стихија и примерокот што го спасивме останал дезориентиран и не можел да се врати во своето гнездо. Повредениот орел веднаш го однесовме на ветеринар во Кочани кој го прегледа и му даде соодветна терапија со инфузија, а во текот на денот ќе го транспортираме до Зоолошката градина во Скопје, каде ќе има соодветно згрижување до целосното заздравување. Ќе бараме по подобрувањето на здравствената состојба, птицата да биде вратена во нејзината природна средина на Осоговските Планини, истакна пожарникарот Дејан Минов од ДПД – Кочани.
[caption id="" align="aligncenter" width="661"] фото: МИА[/caption] Пожарот во околината на селото Зеленград, што изминатите денови се прошири на планинските падини, го зафати и заштитениот предел Осоговски Планини кое е живеалиште на царскиот орел, а од кој во државата е останат мал број двојки. [caption id="" align="aligncenter" width="660"] фото: МИА[/caption] Членовите на ДПД – Кочани упатија уште еден апел да не се пали оган на отворен простор за да не се предизвика пожар од што, освен шумите, се уништува и животинскиот свет. 

The post Доброволните пожарникари од Кочани спасија повреден и дезориентиран орел од загрозен вид appeared first on Република.

]]>
Србинка со јавна благодарност до храбрата Ана од Скопје: Твоите дела се непроценливи https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/srbinka-so-javna-blagodarnost-do-hrabrata-ana-od-skopje-tvoite-dela-se-neprotsenlivi/ Fri, 12 Jul 2024 09:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=796089

Србинката Александра преку големата фејсбук-група „Грчка инфо“ испрати јавна благодарност до скопјанката која ѝ го спасила животот додека патувала за Грција на одмор со семејството, кога ненадејно ѝ се слошило и се онесвестила покрај патот.

За жал, многу минувачи не застанаа да помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не се двоумеше. Ана беше единствената која го запре својот автомобил и дојде да помогне. Таа ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа, а мојот сопруг очајнички се обидуваше да запре други возила, пишува Србинката.

Како што понатаму истакнува, нејзината несебична и професионална реакција била пресудна во тој тежок момент.

Ана, ти благодарам од се срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Вашата скромност и несебичност се навистина трогателни. На крајот Ана само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно си замина. Вашите дела се бесценети и вечно ќе ви бидеме благодарни. Ви благодариме што сте наш ангел чувар, вели Александра, бидејќи од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одбила да размени контакти за да не се чувствуваат должни, решила да го напише овој поста за јавно да и се заблагодари.

The post Србинка со јавна благодарност до храбрата Ана од Скопје: Твоите дела се непроценливи appeared first on Република.

Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/negotinskite-politsajtsi-i-pozharnikari-spasuvaa-zhena-shto-se-strupoli-pokraj-pat/ Sat, 11 May 2024 08:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=776988

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК.

По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.

Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.

Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

The post Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат appeared first on Република.

]]>

На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација за падната возрасна жена во стрмен засек покрај пат, откако се лизнала при движење по земјениот пат од Неготино кон село Тимјаник, соопшти денеска ЦУК. По пријавата, веднаш биле известени полицајците од ПС Неготино и пожарникарите од ТППЕ Неготино, како и Итната медицинска помош.
Во првото нејзиното јавување информирала дека не можела да излезе сама од таму, но се обидувала, па подоцна и успеало во момент кога спасителите дошле во близина, на лице место. Конкретно, екипа од ПС Неготино итно отишла на лице место на настанот и го пронашло возрасното женско лице на земјениот пат. Иако паднато возрасно женско лице немало видливи повреди, сепак, превентивно е преземено од Итната медицинска помош и со возило е однесено до локалната амбуланта, наведува ЦУК во соопштение.
Во последното деноноќие на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало 1 951 повик, за отстранување вода од улици, паднати дрвја и одрони, како и за еден пожар на отворено.

The post Неготинските полицајци и пожарникари спасуваа жена што се струполи покрај пат appeared first on Република.

]]>
Спасување за време на новогодишната ноќ: Од пожар извлечена неподвижна жена https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spasuvane-za-vreme-na-novogodishnata-nok-od-pozhar-izvlechena-nepodvizhna-zhena/ Mon, 01 Jan 2024 09:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=728582

Вкупно 2 145 повици се регистрирани на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од нив „реални“ биле 42,33 отсто, а 57,67 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14 оттсо, кон Итната медицинска помош 38,25 отсто, а кон пожарникарите 3,51 процент од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,11 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64 отсто - вкупно 1 243, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.

Во изминато новогодишно деноноќие имало пет пожари на отворено. Во урбаните средини пожари на објекти имало најмногу во Скопско, а во гевгелиското село Миравци имало и спасувачка акција за извлекување неподвижно лице при пожар на куќа.

Во Скопје од 11:00 до 12:25 часот, со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена депонија на површина од 600 m2 на стариот пат кон Арачиново во Општина Арачиново. Во период од 12:20 до 13:10 часот со две возила и пет пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа на површина од 10 m2 на бул. „Св. Наум Охридски“ бр 45 во Општина Центар. Во периодот од 21.20 до 22.00 часот гаснеле запалена електрична инсталација во куќа на ул. „3“ во село Глумово, со две возила и пет пожарникари, во Општина Сарај. Во периодот од 22.35 до 23.15 часот со едно возило и тројца пожарникари гаснеле запалени гранки во нива на површина од 100 m2 во село Бардовци во Општина Карпош. Од 22.35 до 23.05 часот гаснеле запалени кабли на бандера во село Грчец. Интервенцијата ја извршиле со едно возило и тројца пожарникари во Општина Сарај. Од 01.45 до 02.10 часот со едно возило и двајца пожарникари кога гаснеле запалена настрешница на Плоштад „Македонија“ во Општина Центар и БППЗ на Град Скопје имала уште една помала интервенција во градот. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 12:45 до 13:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Мажучиште. Во период од 16:05 до 17:15 часот, со тројца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена нискостеблеста вегетација во с.Забрчани, Општина Долнени, информира ЦУК.

Од ТППЕ Радовиш од 13:35 до 14:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена сува трева и грмушки кај црквата во с.Ораовица. Со пожарот била зафатена површина од 1 декар.

Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со две противпожарни возила и седум пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице. Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во с.Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување. ТППЕ Берово од 14:05 до 15:15 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во атар на с.Црник.

Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 15:28 до 13:44 часот, со пет пожарникари и едно возило имале техничка интервенција на сообраќајна незгода на ул. „Бајрам Шабани“.

ТППЕ Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие имала една помала интервенција во градот, додека пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со три пожарникари и едно возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“.

Пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“.

The post Спасување за време на новогодишната ноќ: Од пожар извлечена неподвижна жена appeared first on Република.

]]>

Вкупно 2 145 повици се регистрирани на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив „реални“ биле 42,33 отсто, а 57,67 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14 оттсо, кон Итната медицинска помош 38,25 отсто, а кон пожарникарите 3,51 процент од реалните повици кон 112 во ЦУК. Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,11 отсто од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64 отсто - вкупно 1 243, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК), наведува ЦУК.
Во изминато новогодишно деноноќие имало пет пожари на отворено. Во урбаните средини пожари на објекти имало најмногу во Скопско, а во гевгелиското село Миравци имало и спасувачка акција за извлекување неподвижно лице при пожар на куќа.
Во Скопје од 11:00 до 12:25 часот, со едно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена депонија на површина од 600 m2 на стариот пат кон Арачиново во Општина Арачиново. Во период од 12:20 до 13:10 часот со две возила и пет пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа на површина од 10 m2 на бул. „Св. Наум Охридски“ бр 45 во Општина Центар. Во периодот од 21.20 до 22.00 часот гаснеле запалена електрична инсталација во куќа на ул. „3“ во село Глумово, со две возила и пет пожарникари, во Општина Сарај. Во периодот од 22.35 до 23.15 часот со едно возило и тројца пожарникари гаснеле запалени гранки во нива на површина од 100 m2 во село Бардовци во Општина Карпош. Од 22.35 до 23.05 часот гаснеле запалени кабли на бандера во село Грчец. Интервенцијата ја извршиле со едно возило и тројца пожарникари во Општина Сарај. Од 01.45 до 02.10 часот со едно возило и двајца пожарникари кога гаснеле запалена настрешница на Плоштад „Македонија“ во Општина Центар и БППЗ на Град Скопје имала уште една помала интервенција во градот. Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 12:45 до 13:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Мажучиште. Во период од 16:05 до 17:15 часот, со тројца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена нискостеблеста вегетација во с.Забрчани, Општина Долнени, информира ЦУК.
Од ТППЕ Радовиш од 13:35 до 14:45 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена сува трева и грмушки кај црквата во с.Ораовица. Со пожарот била зафатена површина од 1 декар.
Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со две противпожарни возила и седум пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице. Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во с.Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување. ТППЕ Берово од 14:05 до 15:15 часот, со двајца пожарникари и едно возило интервенирале на запалена ниска вегетација во атар на с.Црник.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 15:28 до 13:44 часот, со пет пожарникари и едно возило имале техничка интервенција на сообраќајна незгода на ул. „Бајрам Шабани“. ТППЕ Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие имала една помала интервенција во градот, додека пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со три пожарникари и едно возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“. Пожарникарите од ТППЕ Гостивар од 15:00 до 16:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалено ѓубриште покрај патот кон „Стража“.

The post Спасување за време на новогодишната ноќ: Од пожар извлечена неподвижна жена appeared first on Република.

]]>
Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-trigodishno-dete-i-trojtsa-vozrasni-koi-bea-zaglaveni-na-zhicharata-na-vodno/ Sun, 26 Nov 2023 07:45:02 +0000 https://republika.mk/?p=716279

Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени вчера на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.

Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија.

-Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување.

The post Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно appeared first on Република.

]]>

Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени вчера на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија. -Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје, се вели во соопштението од МВР. Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување.

The post Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно appeared first on Република.

]]>
Тригодишно дете меѓу заглавените на жичарата на Водно, ги спасуваа полициски екипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trigodishno-dete-megu-zaglavenite-na-zhicharata-na-vodno-gi-spasuvaa-politsiski-ekipi/ Sat, 25 Nov 2023 21:43:18 +0000 https://republika.mk/?p=716271

Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.

Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија.

Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје, се вели во соопштението од МВР.

Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување.

https://youtube.com/shorts/3fzkbhZB8aU?si=Z1uJaPrr20bk3kt0

The post Тригодишно дете меѓу заглавените на жичарата на Водно, ги спасуваа полициски екипи appeared first on Република.

]]>

Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија.
Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје, се вели во соопштението од МВР.
Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување. https://youtube.com/shorts/3fzkbhZB8aU?si=Z1uJaPrr20bk3kt0

The post Тригодишно дете меѓу заглавените на жичарата на Водно, ги спасуваа полициски екипи appeared first on Република.

]]>
Спасен повреден планинар на Осоговските планини https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/spasen-povreden-planinar-na-osogovskite-planini/ Sat, 07 Oct 2023 18:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=689010

Денеска околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.

Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.

https://youtu.be/armmi3uf5Zw

The post Спасен повреден планинар на Осоговските планини appeared first on Република.

]]>

Денеска околу 17 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени и Алпинистичкиот тим од Одделот за специјални полициски операции – САЕ Тигар успешно спроведоа спасувачка акција на Осоговските планини, откако во попладневните часови било пријавено дека лице кое планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи. Веднаш по добиената пријава, Алпинистичкиот тим на САЕ Тигар со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од Хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје каде е предадено за укажување лекарска помош.   https://youtu.be/armmi3uf5Zw

The post Спасен повреден планинар на Осоговските планини appeared first on Република.

]]>
Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-pet-pozharnikari-obikoleni-od-ognot-vo-cheshinovo-obleshevo-helikopter-na-mvr-isfrlil-nad-60-toni-voda/ Sat, 26 Aug 2023 18:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=676169

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрлил над 60 тони вода.

Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.

Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени пет пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.

The post Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода appeared first on Република.

]]>

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК) за гасење на пожар на територија на општина Чешиново-Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрлил над 60 тони вода. Како што информираат од МВР, особено се делувало во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола.
Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени пет пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување, велат од МВР.

The post Спасени пет пожарникари обиколени од огнот во Чешиново-Облешево, хеликоптер на МВР исфрлил над 60 тони вода appeared first on Република.

]]>
Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-tek-spasuvachka-aktsija-na-galichitsa-na-holandski-paraglajderist/ Wed, 02 Aug 2023 15:27:48 +0000 https://republika.mk/?p=667981

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист.

Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите.

Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината.

Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени, Алпинистичкиот тим и животоспасителите од Одделот за специјални полициски операции, заедно со граничната полиција од РЦ Запад попладнево се веќе на планината Галичица и интервенираат за спасување на тешко повредениот холандски параглајдерист. Од МВР потврдуваат дека спасувачката акција е во тек, но повеќе информации најавуваат по завршувањето на активностите. Во попладневните часови било пријавено дека холандски државјанин се здобил со тешки телесни повреди при спуштање со параглајдер на падините на Галичица од македонската страна на планината. Спасувачката акција за параглајдеристот претходно ја најави и Центарот за управување со кризи

The post Во тек спасувачка акција на Галичица на холандски параглајдерист appeared first on Република.

]]>
Ново чудо од Турција: Жив и здрав по 23 дена под урнатитните спасен е хаската Алекс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novo-chudo-od-turtsija-zhiv-i-zdrav-po-23-dena-pod-urnatitnite-spasen-e-haskata-aleks/ Thu, 02 Mar 2023 18:59:54 +0000 https://republika.mk/?p=615232

Спасувачки тим во Хатај, Турција пронајде живо куче кое поминало 23 дена под урнатините по разорните земјотреси. Станува збор за младата хаска Алекс, кој  беше спасен во вторникот.

Осман Полат, волонтер од турската организација за заштита на животните HAYTAP, кој помогнал во спасувањето, откри дека кучето е во генерално добра состојба, иако значително изгубило на тежина. Го слушнале додека барале привремено засолниште за жителите кои ги загубиле домовите.

Пронајденото куче било пренесено во теренската ветеринарна болница во Хатај, каде му била укажана лекарска помош.

21 ден по разорниот земјотрес под урнатините беше пронајден коњ:

https://republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-turtsija-po-21-den-zhiv-i-zdrav-izvlechen-kon-od-pod-urnatinite/

The post Ново чудо од Турција: Жив и здрав по 23 дена под урнатитните спасен е хаската Алекс appeared first on Република.

]]>

Спасувачки тим во Хатај, Турција пронајде живо куче кое поминало 23 дена под урнатините по разорните земјотреси. Станува збор за младата хаска Алекс, кој  беше спасен во вторникот. Осман Полат, волонтер од турската организација за заштита на животните HAYTAP, кој помогнал во спасувањето, откри дека кучето е во генерално добра состојба, иако значително изгубило на тежина. Го слушнале додека барале привремено засолниште за жителите кои ги загубиле домовите. Пронајденото куче било пренесено во теренската ветеринарна болница во Хатај, каде му била укажана лекарска помош. 21 ден по разорниот земјотрес под урнатините беше пронајден коњ: https://republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-turtsija-po-21-den-zhiv-i-zdrav-izvlechen-kon-od-pod-urnatinite/  

The post Ново чудо од Турција: Жив и здрав по 23 дена под урнатитните спасен е хаската Алекс appeared first on Република.

]]>
Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chudo-vo-turtsija-po-21-den-zhiv-i-zdrav-izvlechen-kon-od-pod-urnatinite/ Wed, 01 Mar 2023 08:32:27 +0000 https://republika.mk/?p=614475

По 21 ден од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, вест за чудеснo спасувањe пристигнува од Адијаман. Како што објави турското Министерство за земјоделство и шумарство, од под урнатините на еден објект извлечен е коњ.

Со мала помош, коњот сам се качил на цврста почва и веднаш бил пренесен на ветеринар, кој утврдил дека нема сериозни повреди. Среќниот коњ потоа му бил вратен на сопственикот.

The post Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините appeared first on Република.

]]>

По 21 ден од разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, вест за чудеснo спасувањe пристигнува од Адијаман. Како што објави турското Министерство за земјоделство и шумарство, од под урнатините на еден објект извлечен е коњ. Со мала помош, коњот сам се качил на цврста почва и веднаш бил пренесен на ветеринар, кој утврдил дека нема сериозни повреди. Среќниот коњ потоа му бил вратен на сопственикот.

The post Чудо во Турција: По 21 ден жив и здрав извлечен коњ од под урнатините appeared first on Република.

]]>
Не постои поголема награда од спасен живот, велат струмичките пожарникари кои спасија жена по пет дена под урнатините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-postoi-pogolema-nagrada-od-spasen-zhivot-velat-strumichkite-pozharnikari-koi-spasija-zhena-po-pet-dena-pod-urnatinite/ Tue, 14 Feb 2023 08:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=608684

Осумте пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица синоќа по полноќ се вратија од спасувачката мисија во подрачјето погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција.

Нив синоќа ги пречека градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој им приреди прием во кабинетот и ги награди со по една просечна плата за нивната пожртвуваност, а на сите пожарникари на ТППЕ Струмица им подари бесплатен паркинг на територијата на Општината до крајот на нивниот работен век.

Според Вернер Стоилов, водач на тимот за урбано пребарување и спасување, тие во градот Адијамен рамо до рамо работеле со преку 70 тимови од цел свет.

По пристигнувањето и поминати 2.200 километри веднаш бевме распоредени во градот, кој е близу сириската граница и брои околу 270 илјади жители. Најголем дел од зградите се урнати, а во останатите нема никакви услови за живеење. Има неколку илјади мртви и повредени, раселени, со еден збор ситуацијата е многу тешка, рече Стоилов.

По пристигнувањето, од страна на турските сили за спасување, им биле дадени координати за пребарување на урната десеткатница, каде имало затрупано преку сто луѓе.

Работевме деноноќно. Работеа и повеќе спасувачки тимови заедно со турските спасувачки сили. На петтиот ден добивме информација дека се слуша глас од некое затрупано лице. Веднаш стапивме во акција и по пет часа успеавме да извлечеме жива жена, која беше предадена на турските медицински служби, раскажува водачот на тимот на струмичките пожарникари.

Додава дека тоа било вистинско чудо пет денови по земјотресот да биде извлечен жив човек.

Тоа е многу голем успех за нас како спасувачки тим. Непроценлива чест е тоа и не постои поголема награда за спасувачки тим кога ќе извлече жив човек под урнатините, подвлече Стоилов.

Вели дека се вратиле со помешани чувства, какви што ги имаат и преживеаните од земјотресот во Турција. Раскажува дека по четвртиот ден почнале да се извлекуваат се повеќе загинати, а тагата на најблиските и роднините, кои се веднаш до урнатите објектите, е голема.

Сепак, од локалното население почувствувавме голема почит. Не прашуваа од каде сме и кога ќе кажевме дека сме од Македонија на цел глас по нас не поздравуваа со извици Македонија, Македонија. Искажаа голема почит кон нас, раскажува Вернер Стоилов.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, порача дека ја споделува гордоста за храброста и пожртвуваноста на струмичките херои и им додели признанија.

Поклон до земја од мое име прво како човек, а потоа како градоначалник. Тие покажаа невидена хуманост и заминаа на долг и неизвесен пат за да спасат човечки живот. Тие се гордост на Струмица и потврда дека нашиот град има луѓе кои се подготвени и специјализирани да одговарат на такви големи природни катастрофи, изјави струмичкиот градоначалник.

Тимот на струмичките пожарникари беше во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Македонија кој беше меѓу првите што замина за Турција. 

The post Не постои поголема награда од спасен живот, велат струмичките пожарникари кои спасија жена по пет дена под урнатините appeared first on Република.

]]>

Осумте пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица синоќа по полноќ се вратија од спасувачката мисија во подрачјето погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција. Нив синоќа ги пречека градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој им приреди прием во кабинетот и ги награди со по една просечна плата за нивната пожртвуваност, а на сите пожарникари на ТППЕ Струмица им подари бесплатен паркинг на територијата на Општината до крајот на нивниот работен век. Според Вернер Стоилов, водач на тимот за урбано пребарување и спасување, тие во градот Адијамен рамо до рамо работеле со преку 70 тимови од цел свет.
По пристигнувањето и поминати 2.200 километри веднаш бевме распоредени во градот, кој е близу сириската граница и брои околу 270 илјади жители. Најголем дел од зградите се урнати, а во останатите нема никакви услови за живеење. Има неколку илјади мртви и повредени, раселени, со еден збор ситуацијата е многу тешка, рече Стоилов.
По пристигнувањето, од страна на турските сили за спасување, им биле дадени координати за пребарување на урната десеткатница, каде имало затрупано преку сто луѓе.
Работевме деноноќно. Работеа и повеќе спасувачки тимови заедно со турските спасувачки сили. На петтиот ден добивме информација дека се слуша глас од некое затрупано лице. Веднаш стапивме во акција и по пет часа успеавме да извлечеме жива жена, која беше предадена на турските медицински служби, раскажува водачот на тимот на струмичките пожарникари.
  Додава дека тоа било вистинско чудо пет денови по земјотресот да биде извлечен жив човек.

Тоа е многу голем успех за нас како спасувачки тим. Непроценлива чест е тоа и не постои поголема награда за спасувачки тим кога ќе извлече жив човек под урнатините, подвлече Стоилов.

Вели дека се вратиле со помешани чувства, какви што ги имаат и преживеаните од земјотресот во Турција. Раскажува дека по четвртиот ден почнале да се извлекуваат се повеќе загинати, а тагата на најблиските и роднините, кои се веднаш до урнатите објектите, е голема.
Сепак, од локалното население почувствувавме голема почит. Не прашуваа од каде сме и кога ќе кажевме дека сме од Македонија на цел глас по нас не поздравуваа со извици Македонија, Македонија. Искажаа голема почит кон нас, раскажува Вернер Стоилов.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, порача дека ја споделува гордоста за храброста и пожртвуваноста на струмичките херои и им додели признанија.
Поклон до земја од мое име прво како човек, а потоа како градоначалник. Тие покажаа невидена хуманост и заминаа на долг и неизвесен пат за да спасат човечки живот. Тие се гордост на Струмица и потврда дека нашиот град има луѓе кои се подготвени и специјализирани да одговарат на такви големи природни катастрофи, изјави струмичкиот градоначалник.
Тимот на струмичките пожарникари беше во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Македонија кој беше меѓу првите што замина за Турција. 

The post Не постои поголема награда од спасен живот, велат струмичките пожарникари кои спасија жена по пет дена под урнатините appeared first on Република.

]]>
Тетовски алпинист учествуваше во извлекување десетгодишно девојче седум дена по земјотресот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/tetovski-alpinist-uchestvuvashe-vo-izvlekuvane-desetgodishno-devojche-sedum-dena-po-zemjotresot/ Sun, 12 Feb 2023 14:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=608032

Тетовски алпинист учествуваше во извлекување десетгодишно девојче седум дена по земјотресот во Турција. Надир Мурсели за тв21 од турскиот град Кахраманмараш испратил информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите. Тој сам замина во Турција каде се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче.

Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала.Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.

Тој од 9 февруари е во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, поточно во Кахраманмараш, на југоистокот од земјата.

The post Тетовски алпинист учествуваше во извлекување десетгодишно девојче седум дена по земјотресот appeared first on Република.

Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nash-armiski-tim-pomogna-vo-izvlekuvane-na-petgodishno-dete-od-urnatinite-vo-kahramanmarash-turtsija/ Thu, 09 Feb 2023 18:33:17 +0000 https://republika.mk/?p=607067

Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините.

-По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.

The post Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција appeared first on Република.

]]>

Армискиот тим, кој е ангажиран во активностите за пребарување на теренот, пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните во градот Кахраманмараш во попладневните часови асистираше во успешно спроведена акција на спасување на петгодишно дете од рушевините. -По сознанијата дека се слушнати гласови под рушевини, нашиот армиски тим заедно со турскиот тим за пребарување по шестчасовно расчистување на рушевините слушнале детски глас и по четири часовното максимално ангажирање успеале да го извлечат петгодишниот Сулејман од рушевините, информираат од Канцеларијата за односи со јавност на Генералштабот на Армијата.

The post Наш армиски тим помогна во извлекување на петгодишно дете од урнатините во Кахраманмараш, Турција appeared first on Република.

]]>
Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/strumichkite-pozharnikari-stignaa-vo-adana-se-vkluchija-vo-prebaruvaneto-na-zhrtvi-od-zemjotresot/ Thu, 09 Feb 2023 10:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=606816

Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес.

Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините.

Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев.

Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови.

Инаку, според информациите од Адана, град кој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес. рт/цр

The post Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот appeared first on Република.

]]>

Тимот од осум пожарникари и еден преведувач, по поминати 2.200 километри, во раните утрински часови стигнал во Адана, Турција, каде веднаш се вклучил во пребарувањето на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Според информациите од командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев, тие пристигнале безбедно и веќе работат на пребарување во урнатините. Заедно со припадниците на AFAD, Република Турција,во градот Адана, кој е речиси целосно уништен, работат на пронаоѓање и спасување на евентуални преживеани луѓе. Ќе се продолжи со напорите се додека постои и најмала надеж за спасување на барем еден човечки живот, изјави Гудев. Тимот на струмичките пожарникари-спасители, специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при дирекцијата за заштита и спасување, треба да остане таму во наредните десет денови. Инаку, според информациите од Адана, град кој има околу 270 илјади жители, бил скоро целосно разурнат од катастрофалниот земјотрес. рт/цр

The post Струмичките пожарникари стигнаа во Адана, се вклучија во пребарувањето на жртви од земјотресот appeared first on Република.

]]>
Осумгодишниот Јигит цели 52 часа бил под урнатата зграда и чекал помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/osumgodishniot-jigit-tseli-52-chasa-bil-pod-urnatata-zgrada-i-chekal-pomosh/ Wed, 08 Feb 2023 11:33:37 +0000 https://republika.mk/?p=606451

Спасувањето на преживеаните кои останаа заробени под урнатините по страшниот земјотрес што пред два дена опустоши делови од Турција и Сирија се уште е во тек.

Повеќе од 9.500 луѓе загинаа, а околу 40.000 се повредени, но се стравува дека овие бројки ќе бидат многу поголеми.

Спасувачите со помош на граѓаните се уште копаат по урнатините и ги извлекуваат преживеаните, а штотуку пристигна веста дека по 52 часа од урнатините е извлечено осумгодишно момче.

Јигит Чакмак бил закопан под урната зграда во Хатај, Турција, а откако бил извлечен, мајка му цврсто го прегрнала и плачела од среќа.

The post Осумгодишниот Јигит цели 52 часа бил под урнатата зграда и чекал помош appeared first on Република.

]]>

Спасувањето на преживеаните кои останаа заробени под урнатините по страшниот земјотрес што пред два дена опустоши делови од Турција и Сирија се уште е во тек. Повеќе од 9.500 луѓе загинаа, а околу 40.000 се повредени, но се стравува дека овие бројки ќе бидат многу поголеми. Спасувачите со помош на граѓаните се уште копаат по урнатините и ги извлекуваат преживеаните, а штотуку пристигна веста дека по 52 часа од урнатините е извлечено осумгодишно момче. Јигит Чакмак бил закопан под урната зграда во Хатај, Турција, а откако бил извлечен, мајка му цврсто го прегрнала и плачела од среќа.

The post Осумгодишниот Јигит цели 52 часа бил под урнатата зграда и чекал помош appeared first on Република.

]]>
Моментот кога тригодишно дете е спасено после 22 часа под урнатитнуте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/momentot-koga-trigodishno-dete-e-spaseno-posle-22-chasa-pod-urnatitnute/ Tue, 07 Feb 2023 08:59:33 +0000 https://republika.mk/?p=605807

Момче преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција.

Моментот од спасувањето на Твитер го сподели новинарот на ТРТ, Хакан Чопур.

The post Моментот кога тригодишно дете е спасено после 22 часа под урнатитнуте appeared first on Република.

]]>

Момче преживеа 22 часа заробено под урнатините, на студ, без храна и вода во Малатија, која се наоѓа во близина на епицентарот на разорниот земјотрес што вчера ја погоди Турција. Моментот од спасувањето на Твитер го сподели новинарот на ТРТ, Хакан Чопур.

The post Моментот кога тригодишно дете е спасено после 22 часа под урнатитнуте appeared first on Република.

]]>
Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseno-lice-koe-skoknalo-kaj-kameni-most-vo-vardar/ Tue, 13 Dec 2022 09:20:09 +0000 https://republika.mk/?p=585060

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР.

Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

The post Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар appeared first on Република.

Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rodendenski-podarok-shto-nikogash-nema-da-go-zaboravam-ivan-ja-raskaza-svojata-prikazna-eden-mesec-po-spasuvanjeto/ Mon, 08 Aug 2022 07:50:27 +0000 https://republika.mk/?p=537839

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. Неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски се` уште не е пронајден и покрај опсежната и секојдневна потрага во која освен грчките служби, беа вклучени и волонтери и пријатели од Македонија.

Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат - вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.

Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Иван излезе како победник… По 20 часа на море сам и беспомошен, кошмарот заврши.

Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишув за грчката телевизија СКАИ.

Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра.

Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.

Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок - рече Иван.

Сето тоа додека една топка не му ја промени судбината…

Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето, вели Иван за топката, која иако издувана, го одржа во живот додека со часови беше во вода.

Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издувана. Беше разочарувачки. Но, тој не се откажа, продолжи да се бори со брановите, цврсто држејќи се за истата топка што двајца браќа ја загубија во Лемнос 10 дена претходно.

Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога - изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.

Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија.

Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

The post Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето appeared first on Република.

]]>

Скопјанецот Иван (30) кој кој минатиот месец заедно со пријателите исчезна на отворено море од плажата Мити на Халкидики, но беше спасен по 20-тина часа од страна на грчките спасувачки служби ја раскажа својата шокантна приказна за преживувањето и спасувањето. Неговиот пријател, 31-годишниот Мартин Јовановски се` уште не е пронајден и покрај опсежната и секојдневна потрага во која освен грчките служби, беа вклучени и волонтери и пријатели од Македонија.
Вториот ден кога видов дека сите бараат по околните места. Тогаш сфатив дека веројатно нема да ме најдат - вели Иван, опишувајќи низ што поминал и што размислувал во тие тешки часови.
Беше разочарувачки. Поминаа 20 скоро 21 час. Иван излезе како победник… По 20 часа на море сам и беспомошен, кошмарот заврши. Тоа беше најлошиот роденденски подарок, во смисла на хоророт низ кој помина и кој го опишув за грчката телевизија СКАИ. Иван овој роденденски подарок никогаш нема да го заборави. Еден месец подоцна, во разговор со новинарот Христос Николаидис го опишува времето на теророт, кога струите го носеле од плажата Мити до Посеиди на Халкидики каде го прославувал својот роденден, 15 наутички милји подалеку, јужно од Касандра. Во тие моменти противник му е студот и темнината. Иван многу карактеристично го опишува „мирисот на смртта“ кој се чувствува кога во текот на ноќта нема надеж за спасување.
Тоа е исто како и секое друго чувство, вие само ја прифаќате вашата судбина, правите што можете и се концентрате на својот опстанок - рече Иван.
Сето тоа додека една топка не му ја промени судбината… Да, најдов мала топка, детска топка. Вториот ден беше тоа, само неколку часа по изгрејсонцето, вели Иван за топката, која иако издувана, го одржа во живот додека со часови беше во вода. Ја најдов топката во морето и допливав кон неа и ја држев со раце. Таа беше малку издувана. Беше разочарувачки. Но, тој не се откажа, продолжи да се бори со брановите, цврсто држејќи се за истата топка што двајца браќа ја загубија во Лемнос 10 дена претходно.
Само благодарам, вистинска благодарност до сите што учествуваа во моето спасување без разлика на нивната улога - изјавува Иван, сеќавајќи се како се чувствувал кога сфатил дека хеликоптерот што лета над него го забележал.
Сега Иван се обидува да го заборави тоа што се случи, но никогаш нема да престане, како што вели, да ги води сопствените битки, објави грчката телевизија. Кратко по исчезнувањето на 9.јули од морето е извлечен неговиот пријател Васил, а потрагата по Мартин Јовановски официјално, од страна на грчката крајбрежна служба ОФКАТ прекина пред десетина дена, но пријателите не се откажуваат и остануваат да го бараат по бреговите на Халкидики.

The post Роденденски подарок што никогаш нема да го заборавам:Иван ја раскажа својата приказна еден месец по спасувањето appeared first on Република.

]]>