спасители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spasiteli/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Sep 2023 07:47:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спасители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spasiteli/ 32 32 „Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-smeete-da-go-pravite-ova-ke-se-udavite-i-vie-spasuvachkata-kristina-otkriva-shto-da-pravite-koga-ke-vidite-davenik/ Sat, 02 Sep 2023 09:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=674658

Кристина Миладиновиќ од Здружението на спасители на вода на Србија во утринската програма на „Курир ТВ“ зборуваше кога е предоцна спасувачот на плажа да реагира, кои се грешките што ги правиме кога ќе видиме давеник и дали морето навистина е толку непредвидливо.

Таа се осврна конкретно на случајот во кој таткото самоиницијативно, односно инстинктивно тргнал да го спаси своето 8-годишно дете, по што се удави, трагедија која неодамна се случи на плажата Лагониси на Ситонија.

Тоа е голем проблем, зошто и покрај природната желба да помогнеме, кога не сме обучени за тоа се ставаме и самите во опасност. Спасувачите се водат по принципот дека никогаш не смееме да ги загрозиме нашите животи за да спасиме некого, бидејќи во такви ситуации може наместо еден да има два смртни случаи. Најдобро е да се повика стручна помош или да се посегне по предметот за кој ќе се држи давеникот, а контактот лице в лице да се избегнува, рече Миладиновиќ.

Таа објаснува дека во тој момент, давеникот не гледа во вас личност која сака да помогне, туку ве гледа како спас, односно како нешто на кое може да се фати и да се качи.

Потенцираше дека има многу луѓе кои не се свесни за потенцијалните ризици што ги носи водата со себе.

The post „Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник appeared first on Република.

]]>

Кристина Миладиновиќ од Здружението на спасители на вода на Србија во утринската програма на „Курир ТВ“ зборуваше кога е предоцна спасувачот на плажа да реагира, кои се грешките што ги правиме кога ќе видиме давеник и дали морето навистина е толку непредвидливо. Таа се осврна конкретно на случајот во кој таткото самоиницијативно, односно инстинктивно тргнал да го спаси своето 8-годишно дете, по што се удави, трагедија која неодамна се случи на плажата Лагониси на Ситонија.
Тоа е голем проблем, зошто и покрај природната желба да помогнеме, кога не сме обучени за тоа се ставаме и самите во опасност. Спасувачите се водат по принципот дека никогаш не смееме да ги загрозиме нашите животи за да спасиме некого, бидејќи во такви ситуации може наместо еден да има два смртни случаи. Најдобро е да се повика стручна помош или да се посегне по предметот за кој ќе се држи давеникот, а контактот лице в лице да се избегнува, рече Миладиновиќ.
Таа објаснува дека во тој момент, давеникот не гледа во вас личност која сака да помогне, туку ве гледа како спас, односно како нешто на кое може да се фати и да се качи. Потенцираше дека има многу луѓе кои не се свесни за потенцијалните ризици што ги носи водата со себе.

The post „Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник appeared first on Република.

]]>
Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/solzi-radosnitsi-megu-spasuvachite-otkako-po-skoro-10-dena-pod-urnatinite-zhiv-i-zdrav-izvlechen-e-dedo/ Wed, 15 Feb 2023 19:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=609463

По 227 часа под урнатините, или скоро 10 дена, спасувачките екипи во Труција успеаја да извлечат жив 74 годишен маж, објави турската државна телевизија.

https://youtube.com/watch?v=yfZ-TgDJ_ek&feature=shares

Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатините изјави претседателот Ердоган, кој притоа вети брза реконструкцијата на уништените објекти. Земјотресот ги погоди Труција и Сирија на 6 февраури.

Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000 а над 100.000 луѓе се повредени. Природната катастрофа погоди 13 милиони луѓе вклучувајќи околу седум милиони деца.

The post Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо appeared first on Република.

]]>

По 227 часа под урнатините, или скоро 10 дена, спасувачките екипи во Труција успеаја да извлечат жив 74 годишен маж, објави турската државна телевизија. https://youtube.com/watch?v=yfZ-TgDJ_ek&feature=shares Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатините изјави претседателот Ердоган, кој притоа вети брза реконструкцијата на уништените објекти. Земјотресот ги погоди Труција и Сирија на 6 февраури. Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000 а над 100.000 луѓе се повредени. Природната катастрофа погоди 13 милиони луѓе вклучувајќи околу седум милиони деца.

The post Солзи радосници меѓу спасувачите откако по скоро 10 дена под урнатините, жив и здрав извлечен е дедо appeared first on Република.

]]>
Спасители од Битола отпатуваа за Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasiteli-od-bitola-otpatuvaa-za-turtsija/ Tue, 07 Feb 2023 07:59:32 +0000 https://republika.mk/?p=605745

Пет битолчани од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица - Битола отпатуваа за Турција за да се вклучат во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот.

Од Општина Битола информираат дека на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, утре ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.

Ова е само еден од начините, со кои Општина Битола, се обидува да обезбеди поддршка за населението во овие земји кои се соочуваат со тешки материјални и човечки загуби, после катастрофалниот земјотрес. Пријателството меѓу Битола и Турција, се негува многу години, како со збратимениот град Бурса, така и со други градови од оваа земја, се нагласува во соопштението на Општина Битола.

Длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот, изрази градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.

The post Спасители од Битола отпатуваа за Турција appeared first on Република.

]]>

Пет битолчани од тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица - Битола отпатуваа за Турција за да се вклучат во спасувачката мисија во подрачјата погодени од земјотресот. Од Општина Битола информираат дека на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, утре ќе се одржи вонредна седница на Советот, на која ќе биде донесена Одлука за обезбедување средства од буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите во Турција и Сирија.