спасени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spaseni/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 12:52:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спасени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spaseni/ 32 32 Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uspeshna-aktsija-na-spasuvane-pronajdeni-planinarite-koi-se-izgubija-vo-tetovsko/ Mon, 04 Nov 2024 17:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=833892

Вчера во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив, соопшти МВР.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.

The post Успешна акција на спасување: Пронајдени планинарите кои се изгубија во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Спасени четирите залутани лица по стрмен терен кај Велес, меѓу нив имало и 7-годишно дете https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/spaseni-chetirite-zalutani-litsa-po-strmen-teren-kaj-veles-megu-niv-imalo-i-7-godishno-dete/ Sun, 26 May 2024 08:07:03 +0000 https://republika.mk/?p=781751

Четири залутани лица, две жени, еден маж и едно дете (на возраст од 29, 18, 35 и 7 години) доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес. Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираа од Центарот за управување со кризи.

Изгубената група се обидувала по стрмен терен да стигне до манастирот Мала Богородица, по што се загубиле и немале можност да се вратат.
Спасителите беа од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“, заедно со припадници на САЕ „Тигар“. По реката спасителите наишле на многу препреки, па на неколку места чамецот го пренесувале на раце, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеле. Студенилото, мракот и влажноста дополнително ја отежнувале потрагата, а залутаните лица имале само лесна дневна облека, маички по кратки ракави.

Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот.

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасувачката акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата.

The post Спасени четирите залутани лица по стрмен терен кај Велес, меѓу нив имало и 7-годишно дете appeared first on Република.

]]>

Четири залутани лица, две жени, еден маж и едно дете (на возраст од 29, 18, 35 и 7 години) доцна синоќа биле заглавени на исклучително стрмен терен, пред манастирот Мала Богородица по клисурата на реката Пчиња под автопатот Скопје Велес. Спасители со чамец по Пчиња од Катланово стигнале до опасната локација каде што биле залутаните лица и безбедно ги извлекле од десниот на левиот брег, а потоа и до автопатот. Теренот таму е исклучително стрмен и опасен за движење, информираа од Центарот за управување со кризи. Изгубената група се обидувала по стрмен терен да стигне до манастирот Мала Богородица, по што се загубиле и немале можност да се вратат. Спасителите беа од доброволното друштво „Македонски спасител безбедност на вода и планина Велес“, заедно со припадници на САЕ „Тигар“. По реката спасителите наишле на многу препреки, па на неколку места чамецот го пренесувале на раце, а на едно место дупнатиот чамец и на терен го лепеле. Студенилото, мракот и влажноста дополнително ја отежнувале потрагата, а залутаните лица имале само лесна дневна облека, маички по кратки ракави. Рано утрово, во два часот по полноќ лицата биле безбедно префрлени преку реката Пчиња и извлечени горе на автопатот. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изрази голема благодарност на сите ангажирани во спасувачката акција за безбедно пронаоѓање и префрлање преку реката со чамец и извлекување на лицата.

The post Спасени четирите залутани лица по стрмен терен кај Велес, меѓу нив имало и 7-годишно дете appeared first on Република.

]]>
Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/politsijata-vo-kina-spasi-1-000-machki-od-nelegalnata-trgovija-so-meso/ Wed, 25 Oct 2023 09:27:30 +0000 https://republika.mk/?p=694810

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми.

Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште.

Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>

Полицијата во Кина спасила околу 1.000 мачки од камион што се движел кон кланица. Тоа било дел од нелегалната трговија со месо од мачки што се продава како свинско или јагнешко, објавија тамошните медиуми. Акцијата се одвивала во Џангјаганг, во источната кинеска област Џијангсу. По дојава од очевидци и активисти за заштита на животните, властите пресретнале возило што се користело за собирање и пренос на заловени мачки. Полицијата и земјоделските власти ги сместиле спасените мачки во блиско засолниште. Без интервенција на активистите, фатените мачки ќе биле заклани и испратени на југот на Кина каде што од нивното месо ќе се прават „свински и јагнешки“ ражен, колбаси итн., според наводите. А, од ваква пратка обично, приходот е скоро 20.000 евра.  

The post Полицијата во Кина спаси 1.000 мачки од нелегалната трговија со месо appeared first on Република.

]]>
Македонка со својот син во последен момент се спасија од Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonka-so-svojot-sin-vo-posleden-moment-se-spasija-od-izrael/ Fri, 13 Oct 2023 09:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=690807

Велешанката Ѓурѓа Рушкова и нејзиниот син во средата беа евакуирани од Израел со лет до Атина. Тие беа дел од групата 50 верници од различни држави кои беа на аџилак во светата земја. Таа за МИА со наплив на емоции ја раскажува голготата низ која поминале со нејзиниот син за да се вратат дома, откако се случи конфликтот на Блискиот Исток.

Рушкова за МИА раскажува дека биле во неверување дека всушност се случува вистинска војна, и дека ништо не наговестувало дека ќе се случи такво нешто.

Кога првпат пукна ние се наоѓавме во хотел во Витлеем, тоа е во палестинскиот дел. Појадувавме, сите бевме во ресторанот и наеднаш се слушнаа бомби. Ние бевме група од 50 верници на аџилак, кои требаше да бидеме 11 дена во Израел, да ги посетиме светите места во Израел. И кога на појадок слушнавме две гранати, бомби, се чудевме што не снајде ги прашуваме келнерите околу нас, и тие ни рекоа дека се е во ред и да не се грижиме, меѓутоа нешто навистина се случуваше, вели таа.

Потоа се информирале на рецепција што се случува и им кажале дека има некаков напад.

Во меѓувреме, после појадокот требаше да одиме во Ерусалим, но возачот кој секој ден не земаше со автобус кој доаѓаше од Ерусалим, ни јави дека не може да влезе затоа што границата е затворена. Ерусалим и Палестина имаат граница каде што има вооружена војска. За да влезеш во палестинскиот дел се поминува граница која има војници таму, во автобусот проверуваат легитимации, за да пуштат во палестинскиот дел, каде што ние бевме сместени, раскажува таа за МИА.

Вели дека кога се случило бомбардирањето, останале два дена во Витлеем, биле информирани дека има војна, но советувани да не се плашат и оти за кратко ќе можат да го продолжат патувањето.

Во меѓувреме сфативме дека не е така само кратко, туку дека нешто ќе биде посериозно, и ни беше кажано да ги контактираме нашите матични земји. Сите ние тоа го направивме, и бевме советувани да го напуштиме Витлеем, всушност, да го напуштиме хотелот каде што бевме сместени во палестинскиот дел, вели таа.

Додава дека откако почнало бомбардирањето, бензиските пумпи се затвориле, а сопствениците на хотелот им кажале да очекуваат дека во секој момент може да снемаат и вода и струја.

Раскажува дека по два дена успеале да го напуштат Витлеем со помош на нивниот возач на автобусот, кој издејствувал да ја отворат границата и тие да излезат од палестинскиот дел, по што биле сместени во друг хотел во стариот дел на Ерусалим, од каде очекувале дека ќе го продолжат нивното патување.

Меѓутоа од таму стана уште посериозно, значи само што влеговме се чекиравме во новиот хотел се качивме горе на покривот имаше ресторан седнавме, и кога наеднаш сирените почнаа свират за да се евакуираме, да одиме долу, затоа што се очекува некој напад.

Откако дојдовме во Ерусалим, тоа беше секојдневие. Ќе слушнеш сирени и мораш веднаш да одиш во лобито, тоа беше голем хотел од седум ката, преполн со луѓе и сите се стискавме во една просторија, раскажува Рушкова видно потресена.

Од таму, продолжува таа во разговорот за МИА, почна драмата – пукање, слушавме постојано авиони над хотелот.

Бевме советувани да седиме во хотелот, да не излегуваме надвор и оти тоа е единственото нешто што може да се направи во моментот. Таму седевме два дена. Војската, полицијата, излегоа на улиците, од балконот од хотелот гледавме што се случува – имаше ситуација вооружен војник грабна едно момче кое одеше по улица и носеше ранец, што им беше сомнителен. Не знам што се случуваше и затоа си рековме дека ова е навистина сериозно, раскажува Рушкова.

Додава дека биле во контакт со израелската полиција, бидејќи не знаеле што се случува.

Се беше откажано по авионските компании и ние останавме во хотелот. Ја контактиравме израелската полиција, јас лично, разговарав дали е безбедно, бидејќи ние пошто бевме група од 50 луѓе, да одиме во Јордан. Таа ни беше најблиска локација каде што може да излеземе, само да преминеме граница, сакавме само да преминеме граница и да бидеме на безбедно.

Тие ни кажаа дека претходното утро се случило британски туристи биле нападнати пред преминот на Јордан и не советуваа да не одиме да преминуваме преку Јордан, вели таа.

Во меѓувреме, додава, откако се регистрирав со македонската амбасада во Тел Авив, значи ги контактиравме, кажавме дека сме македонски државјани, во кој хотел бевме сместени, и ги замоливме доколку има опција да се евакуираат луѓе, дека ние сме во тој и тој хотел.

Тие ни кажаа дека соработуваат со нашите македонски органи понатаму како треба да се одвиваат работите, ќе не контактираат ако има некои информации. Тоа беше после вториот ден откако се започна. Кога веќе не се издржуваше, значи тоа беше таква агонија, нонстоп притисок нонстоп бегање доле, криење во лобито, постојано слушавме пукање седејќи во соба. Бевме луѓе од повеќе националности – од Хрватска, од Србија, од Канада, од Белгија, Исланд, од секаде не имаше, додава таа.

Бидејќи повеќе не можеле да ја издржат неизвесноста во која се наоѓале, и на сопствена одговорност решиле заедно со уште пет жени да го напуштат хотелот и со такси се упатиле кон аеродромот во Тел Авив.

Тогаш ние шест повикавме такси и се упативме до аеродромот во Тел Авив. Кога отидовме таму што да видиме, маса од народ, преполно туристи и не се знаеше што се случува.

Во меѓувреме, пред да го напуштиме хотелот, ја контактирав македонската амбасада во Тел Авив и ги информирав да знаат дека сум на аеродром. Беа многу љубезни, јас се воодушевив од нивната соработка. Кога ќе им напишев порака на Ватсап до амбасадата во Тел Авив, добивав одговор што се случува, како дали има некоја опција за наше евакуирање, луѓето секогаш одговараа, вели таа.

Пред да го напуштам хотелот, од Ерусалим, продолжува, јас се јавив во амбасадата, во Тел Авив, разговарав со нив дека ако се појави опција за евакуација, затоа што немаше шанса да се купат авионски карти.

Јас купив две авионски карти, за две различни дестинации да можеме само да излеземе од Ерусалим, летовите се откажуваа моментално… Имавме купено карти да одиме до Јордан , да летаме од Јордан, меѓутоа и тоа таму пропадна. Ги информирав во македонската амбасада и кажав јас и мојот син ќе бидеме на аеродромот во Тел Авив и ако нешто се јави да не контактираат, вели таа.

Таа изразува огромна благодарност за македонската Амбасада во Тел Авив кои им се јавиле додека чекале во редот за било каква опција за лет.

Кога влеговме на аеродром, имаше една опција, четири саати стоевме во тој ред за да ако има некоја шанса да те стават во било кој авион да си купиш карта. Јас и мојот син и уште тие неколку госпоѓи што беа со мене, што патувавме заедно, стоевме тука и чекавме пак да купиме карта. И додека бев во тој ред, добив телефонски повик од македонската амбасада во Тел Авив и ме информираа дека има лет за Атина, и дали ќе сакам да патувам, да го прифатам тој лет. Откако тие ни се јавија добивме олеснување, вели Рушкова видно потресена.

Сето тоа се заврши за еден час, продолжува таа, кога пак биле контактирани од нашата амбасада во Тел Авив, кои ја информирале дека има уште две наши сограѓанки кои ќе бидат на летот до Атина.

Во Атина не пречекаа од амбасадата и не однесоа на автобуска станица. Не качија во автобус до Солун. Од тука, кога стигнавме во Солун не пречека конзулот од нашата земја, тој не зема со неговиот автомобил и не донесе до граница. Ја поминавме границата и од граница не пречека лице од МНР, тој не презема и не донесоа во Македонија. Нас не оставија во Велес, останатите за Скопје. Морам потенцирам и јавно да се заблагодарам прво на македонската Амбасада во Тел Авив, за нивната макотрпна работа, помош и информација што ја пружија за нас. Голема благодарност и до нашата амбасада во Грција. Ние бевме давеници кои чекавме сламка за спас, раскажува Рушкова во солзи.

Во текот денов, пак, околу 13 часот по израелско време, се очекува да биде организиран бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побарале помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош. Според последните информации на МНР, засега неизвесна останува евакуацијата на брачен пар кој во моментов е заглавен во Газа. Тие се обиделе да ја напуштат областа преку преминот Рафа кон Египет, но тој бил затворен непосредно пред да ја реализираат намерата. Друг копнен излез од земјата нема со оглед дека израелската војска постави обрач по должината на целата граница со Појасот Газа и не дозволува никој да ја премине границата.

The post Македонка со својот син во последен момент се спасија од Израел appeared first on Република.

]]>

Велешанката Ѓурѓа Рушкова и нејзиниот син во средата беа евакуирани од Израел со лет до Атина. Тие беа дел од групата 50 верници од различни држави кои беа на аџилак во светата земја. Таа за МИА со наплив на емоции ја раскажува голготата низ која поминале со нејзиниот син за да се вратат дома, откако се случи конфликтот на Блискиот Исток. Рушкова за МИА раскажува дека биле во неверување дека всушност се случува вистинска војна, и дека ништо не наговестувало дека ќе се случи такво нешто.
Кога првпат пукна ние се наоѓавме во хотел во Витлеем, тоа е во палестинскиот дел. Појадувавме, сите бевме во ресторанот и наеднаш се слушнаа бомби. Ние бевме група од 50 верници на аџилак, кои требаше да бидеме 11 дена во Израел, да ги посетиме светите места во Израел. И кога на појадок слушнавме две гранати, бомби, се чудевме што не снајде ги прашуваме келнерите околу нас, и тие ни рекоа дека се е во ред и да не се грижиме, меѓутоа нешто навистина се случуваше, вели таа.
Потоа се информирале на рецепција што се случува и им кажале дека има некаков напад.
Во меѓувреме, после појадокот требаше да одиме во Ерусалим, но возачот кој секој ден не земаше со автобус кој доаѓаше од Ерусалим, ни јави дека не може да влезе затоа што границата е затворена. Ерусалим и Палестина имаат граница каде што има вооружена војска. За да влезеш во палестинскиот дел се поминува граница која има војници таму, во автобусот проверуваат легитимации, за да пуштат во палестинскиот дел, каде што ние бевме сместени, раскажува таа за МИА.
Вели дека кога се случило бомбардирањето, останале два дена во Витлеем, биле информирани дека има војна, но советувани да не се плашат и оти за кратко ќе можат да го продолжат патувањето.
Во меѓувреме сфативме дека не е така само кратко, туку дека нешто ќе биде посериозно, и ни беше кажано да ги контактираме нашите матични земји. Сите ние тоа го направивме, и бевме советувани да го напуштиме Витлеем, всушност, да го напуштиме хотелот каде што бевме сместени во палестинскиот дел, вели таа.
Додава дека откако почнало бомбардирањето, бензиските пумпи се затвориле, а сопствениците на хотелот им кажале да очекуваат дека во секој момент може да снемаат и вода и струја. Раскажува дека по два дена успеале да го напуштат Витлеем со помош на нивниот возач на автобусот, кој издејствувал да ја отворат границата и тие да излезат од палестинскиот дел, по што биле сместени во друг хотел во стариот дел на Ерусалим, од каде очекувале дека ќе го продолжат нивното патување.
Меѓутоа од таму стана уште посериозно, значи само што влеговме се чекиравме во новиот хотел се качивме горе на покривот имаше ресторан седнавме, и кога наеднаш сирените почнаа свират за да се евакуираме, да одиме долу, затоа што се очекува некој напад.
Откако дојдовме во Ерусалим, тоа беше секојдневие. Ќе слушнеш сирени и мораш веднаш да одиш во лобито, тоа беше голем хотел од седум ката, преполн со луѓе и сите се стискавме во една просторија, раскажува Рушкова видно потресена. Од таму, продолжува таа во разговорот за МИА, почна драмата – пукање, слушавме постојано авиони над хотелот.
Бевме советувани да седиме во хотелот, да не излегуваме надвор и оти тоа е единственото нешто што може да се направи во моментот. Таму седевме два дена. Војската, полицијата, излегоа на улиците, од балконот од хотелот гледавме што се случува – имаше ситуација вооружен војник грабна едно момче кое одеше по улица и носеше ранец, што им беше сомнителен. Не знам што се случуваше и затоа си рековме дека ова е навистина сериозно, раскажува Рушкова.
Додава дека биле во контакт со израелската полиција, бидејќи не знаеле што се случува.
Се беше откажано по авионските компании и ние останавме во хотелот. Ја контактиравме израелската полиција, јас лично, разговарав дали е безбедно, бидејќи ние пошто бевме група од 50 луѓе, да одиме во Јордан. Таа ни беше најблиска локација каде што може да излеземе, само да преминеме граница, сакавме само да преминеме граница и да бидеме на безбедно.
Тие ни кажаа дека претходното утро се случило британски туристи биле нападнати пред преминот на Јордан и не советуваа да не одиме да преминуваме преку Јордан, вели таа. Во меѓувреме, додава, откако се регистрирав со македонската амбасада во Тел Авив, значи ги контактиравме, кажавме дека сме македонски државјани, во кој хотел бевме сместени, и ги замоливме доколку има опција да се евакуираат луѓе, дека ние сме во тој и тој хотел.
Тие ни кажаа дека соработуваат со нашите македонски органи понатаму како треба да се одвиваат работите, ќе не контактираат ако има некои информации. Тоа беше после вториот ден откако се започна. Кога веќе не се издржуваше, значи тоа беше таква агонија, нонстоп притисок нонстоп бегање доле, криење во лобито, постојано слушавме пукање седејќи во соба. Бевме луѓе од повеќе националности – од Хрватска, од Србија, од Канада, од Белгија, Исланд, од секаде не имаше, додава таа.
Бидејќи повеќе не можеле да ја издржат неизвесноста во која се наоѓале, и на сопствена одговорност решиле заедно со уште пет жени да го напуштат хотелот и со такси се упатиле кон аеродромот во Тел Авив.
Тогаш ние шест повикавме такси и се упативме до аеродромот во Тел Авив. Кога отидовме таму што да видиме, маса од народ, преполно туристи и не се знаеше што се случува.
Во меѓувреме, пред да го напуштиме хотелот, ја контактирав македонската амбасада во Тел Авив и ги информирав да знаат дека сум на аеродром. Беа многу љубезни, јас се воодушевив од нивната соработка. Кога ќе им напишев порака на Ватсап до амбасадата во Тел Авив, добивав одговор што се случува, како дали има некоја опција за наше евакуирање, луѓето секогаш одговараа, вели таа. Пред да го напуштам хотелот, од Ерусалим, продолжува, јас се јавив во амбасадата, во Тел Авив, разговарав со нив дека ако се појави опција за евакуација, затоа што немаше шанса да се купат авионски карти.
Јас купив две авионски карти, за две различни дестинации да можеме само да излеземе од Ерусалим, летовите се откажуваа моментално… Имавме купено карти да одиме до Јордан , да летаме од Јордан, меѓутоа и тоа таму пропадна. Ги информирав во македонската амбасада и кажав јас и мојот син ќе бидеме на аеродромот во Тел Авив и ако нешто се јави да не контактираат, вели таа.
Таа изразува огромна благодарност за македонската Амбасада во Тел Авив кои им се јавиле додека чекале во редот за било каква опција за лет.
Кога влеговме на аеродром, имаше една опција, четири саати стоевме во тој ред за да ако има некоја шанса да те стават во било кој авион да си купиш карта. Јас и мојот син и уште тие неколку госпоѓи што беа со мене, што патувавме заедно, стоевме тука и чекавме пак да купиме карта. И додека бев во тој ред, добив телефонски повик од македонската амбасада во Тел Авив и ме информираа дека има лет за Атина, и дали ќе сакам да патувам, да го прифатам тој лет. Откако тие ни се јавија добивме олеснување, вели Рушкова видно потресена.
Сето тоа се заврши за еден час, продолжува таа, кога пак биле контактирани од нашата амбасада во Тел Авив, кои ја информирале дека има уште две наши сограѓанки кои ќе бидат на летот до Атина.
Во Атина не пречекаа од амбасадата и не однесоа на автобуска станица. Не качија во автобус до Солун. Од тука, кога стигнавме во Солун не пречека конзулот од нашата земја, тој не зема со неговиот автомобил и не донесе до граница. Ја поминавме границата и од граница не пречека лице од МНР, тој не презема и не донесоа во Македонија. Нас не оставија во Велес, останатите за Скопје. Морам потенцирам и јавно да се заблагодарам прво на македонската Амбасада во Тел Авив, за нивната макотрпна работа, помош и информација што ја пружија за нас. Голема благодарност и до нашата амбасада во Грција. Ние бевме давеници кои чекавме сламка за спас, раскажува Рушкова во солзи.
Во текот денов, пак, околу 13 часот по израелско време, се очекува да биде организиран бесплатен авионски превоз за граѓаните кои побарале помош и евакуација од Израел. Во услови на целосно откажани летови и блокиран авио транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“ за транспорт на граѓаните кои побарале помош, соопшти вчера Владата посочувајќи дека трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.
Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија. Амбасадата и Министерството за надворешни работи остануваат отворени за сите прашања врзани со оваа проблематика, се наведува во соопштението од Владата.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош. Според последните информации на МНР, засега неизвесна останува евакуацијата на брачен пар кој во моментов е заглавен во Газа. Тие се обиделе да ја напуштат областа преку преминот Рафа кон Египет, но тој бил затворен непосредно пред да ја реализираат намерата. Друг копнен излез од земјата нема со оглед дека израелската војска постави обрач по должината на целата граница со Појасот Газа и не дозволува никој да ја премине границата.  

The post Македонка со својот син во последен момент се спасија од Израел appeared first on Република.

]]>
Спасени три лица чиј чамец бурата го повлекла длабоко во водите на Дојранското езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-tri-litsa-chij-chamets-burata-go-povlekla-dlaboko-vo-vodite-na-dojranskoto-ezero/ Wed, 30 Aug 2023 08:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=677227

Спасени се три лица лица чиј чамец бурата го повлекла длабоко о немирните води на Дојранското езеро, соопшти денеска Стојанче Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Утринава околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое уште со двајца биле наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото, објасни Ангелов.

Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност.

The post Спасени три лица чиј чамец бурата го повлекла длабоко во водите на Дојранското езеро appeared first on Република.

Спасени пет лица од едрилица кои се изгубиле во Охридското Езеро поради невремето https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/spaseni-pet-litsa-od-edrilitsa-koi-se-izgubile-vo-ohridskoto-ezero-poradi-nevremeto/ Sun, 20 Aug 2023 07:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=673809

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” спасиле пет лица од едрилица на Охридското Езеро.

По пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, информираа синоќа од МВР.

Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, соопшти МВР.

The post Спасени пет лица од едрилица кои се изгубиле во Охридското Езеро поради невремето appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” спасиле пет лица од едрилица на Охридското Езеро. По пријава дoбиена околу 19 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, сопственик на пловен објект-едрилица, на која покрај него се превезувале уште четири лица, изгубил контрола поради невремето и поради кршење на крмен лист, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор„Охридско Езеро” веднаш излегоа на терен и околу 19.25 часот ја пронајдоа едрилицата на околу 7000 метри од брегот на езерото, во близина на границата со Република Албанија, информираа синоќа од МВР. Н.Б. (55) од Охрид, кој ја управувал едрилицата заедно со другите лица кои се превезувале на неа се спасени и безбедно пренесени до Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” во добра здравствена состојба, без повреди, соопшти МВР.

The post Спасени пет лица од едрилица кои се изгубиле во Охридското Езеро поради невремето appeared first on Република.

]]>
Спасени 117 мигранти во Средоземно Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/spaseni-117-migranti-vo-sredozemno-more/ Sat, 17 Jun 2023 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=652490

Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море.

Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче.

Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.

The post Спасени 117 мигранти во Средоземно Море appeared first on Република.

]]>

Шпанската хуманитарна организација „Отворени раце“ (Open Arms) соопшти дека денеска спасила 117 мигранти од небезбеден дрвен брод во Средоземно Море. Бродот испловил од Либија, а со него се превезувале мигранти од Етритреја, Судан и Либија. Помеѓу патниците имало и 25 жени и едно тригодишно момче. Спасувачката мисија е извршена во меѓународни води на десетици километри од брегот на Либија.  

The post Спасени 117 мигранти во Средоземно Море appeared first on Република.

]]>
Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pet-godini-po-nesrekata-misteriozno-pochina-edno-od-momchinata-spaseni-od-peshterata-vo-tajland/ Wed, 15 Feb 2023 21:28:31 +0000 https://republika.mk/?p=609497

Едно од 12-те момчиња спасени од тајландска пештера во 2018 година почина во Велика Британија, каде што беше дел од фудбалска академија.

https://arhiva.republika.mk/936690

Момчето Дуангпех Промтеп (17) било пронајдено во несвест во студентски дом во Лестершир и било пренесено во болница, каде што починало, јави Би-Би-Си.

Причината за смртта е непозната, но локалната полиција соопшти дека неговата смрт не се третира како сомнителна.

Според тајландските медиуми, Промтеп се здобил со повреди на главата.

The post Пет години по несреќата мистериозно почина едно од момчињата спасени од пештерата во Тајланд appeared first on Република.

„Кој ден е денес“ прашала мајката која со двете деца е спасена после 228 часа под урнатини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/koj-den-e-denes-prashala-majkata-koja-so-dvete-detsa-e-spasena-posle-228-chasa-pod-urnatini/ Wed, 15 Feb 2023 21:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=609494

Ново чудо и натчовечки подвиг на спасителите доаѓа од Турција, каде по 228 часа (повеќе од 9 деноноќија) поминати под урнатините на зграда во Антакија, спасени се мајка и нејзините две деца.

Членот на спасувачката екипа Мехмет Ериилмаз го опиша моментот кога ги нашле мајката и нејзините две деца и ги извлекле на слобода.

Мајката беше среќна што нè виде. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смиривме, изјави тој за „Анадолија“, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на првата помош. Потоа ги прашала своите спасители: „Кој ден е денес?

Спасената жена се вика Ела и има две деца, девојче и момче, кои заедно со неа биле извлечени од урнатините. „Анадолија“ извести дека се работи за странска државјанка, но не ја наведоа нејзината националност.

Претходно, тимови во јужна Турција соопштија дека сè уште може да ги слушнат гласовите на преживеаните заробени во урнатините.

The post „Кој ден е денес“ прашала мајката која со двете деца е спасена после 228 часа под урнатини appeared first on Република.

]]>

Ново чудо и натчовечки подвиг на спасителите доаѓа од Турција, каде по 228 часа (повеќе од 9 деноноќија) поминати под урнатините на зграда во Антакија, спасени се мајка и нејзините две деца. Членот на спасувачката екипа Мехмет Ериилмаз го опиша моментот кога ги нашле мајката и нејзините две деца и ги извлекле на слобода.
Мајката беше среќна што нè виде. Прво ја држев за рака. Разговаравме и ја смиривме, изјави тој за „Анадолија“, додавајќи дека мајката прво побарала вода, но дека поради околностите не смееле да направат ништо без интервенција на првата помош. Потоа ги прашала своите спасители: „Кој ден е денес?
Спасената жена се вика Ела и има две деца, девојче и момче, кои заедно со неа биле извлечени од урнатините. „Анадолија“ извести дека се работи за странска државјанка, но не ја наведоа нејзината националност. Претходно, тимови во јужна Турција соопштија дека сè уште може да ги слушнат гласовите на преживеаните заробени во урнатините.

The post „Кој ден е денес“ прашала мајката која со двете деца е спасена после 228 часа под урнатини appeared first on Република.

]]>
Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-chetirigodishno-devojche-spaseni-nad-60-migranti-vo-sredozemnoto-more/ Wed, 07 Sep 2022 13:16:32 +0000 https://republika.mk/?p=548378

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното Море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта.

Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста.

Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта.

Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош.

Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани.

The post Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>

Четиригодишно девојче почина, а 61 мигрант беше пренесен на грчкиот остров Крит, откако чамецот со кој се пренесувале во Средоземното Море се соочил со проблеми и биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, но била побарана помош од Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Девојчето вчера, со хеликоптер на грчката воена морнарица било пренесено во болница на Крит, каде што била констатирана смртта. Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, странските државјани, вкупно 63 лица биле спасени од танкер во морскиот дел во надлежност на Малта, а капетанот преку координативниот центар за спасување на Малта побарал помош за две лица кои ја загубиле свеста. Барањето било упатено и до грчките власти, по што веднаш бил испратен хеликоптер на воената морнарица и го пренел четиригодишното девојче во болницата на Крит, но лекарите само ја констатирале смртта. Мајката на девојчето е згрижена во болницата, додека пак останатите мигранти (61 лице) денеска биле пренесени на Крит, откако претходно од капетанот на танкерот било побарано да го смени курсот и да се упати во морската област во одговорност на Грција, со оглед на тоа дека на некои од патниците им била потребна медицинска помош. Рано утрово, мигрантите, 33 мажи, седум жени и 21 дете пристигнале на Крит, а две лица, еден маж и една жена биле пренесени во болница каде што се хоспитализирани.

The post Почина четиригодишно девојче, спасени над 60 мигранти во Средоземното Море appeared first on Република.

]]>