спас за Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spas-za-kovachevski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Dec 2023 19:24:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png спас за Ковачевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spas-za-kovachevski/ 32 32 Пржинска влада за спас на Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/kolumni/przhinska-vlada-za-spas-na-kovachevski/ Wed, 13 Dec 2023 19:24:39 +0000 https://republika.mk/?p=722682

Петар Поп Арсов

„Техничката влада е законска обврска и сметам дека сите политички партии, според законот, треба да делегираат свои претставници во техничката влада којашто ќе ги спроведе изборите.“

– Димитар Ковачевски

Зошто Ковачевски толку инсистира на формирање на техничката влада за спроведување на изборите во услови кога опозицијата изразува сериозна резерва во однос на оваа пржинска импровизација на функционирање на демократијата?! Каков интерес гледа Ковачевски во т.н. „Пржинска влада“, која беше вонинституционално договорена за спроведување на изборите во 2016 година?! Зарем не би требало да биде токму спротивното, тој да е оној кој што не дава, а опозицијата е таа која што бара и инсистира на формирање на техничка влада?!

Толку е нечист што никој не сака да учествува во влада со него!

Кој е интересот на Ковачевски постојано да повторува дека техничката влада е законска обврска? Кој е неговиот интерес да нè убедува дека сите страни опфатени со законот се должни да учествуваат во новата влада за спроведување на изборите во 2024 година?

Пред да се обидеме да го дадеме одговорот на овие прашања, да погледнеме првин што кажува Законот за влада на кој што постојано се повикува Ковачевски.

Пишувам на тастатурата закон за влада и како прв ми излегува линкот под наслов Закон за Влада на Република Македонија. Врска која што стои на интернет страницата на владата на Ковачевски и која се однесува на изборите во 2016 година. Значи ли тоа дека се работи за текст кој што е официјален кој што функционира во правниот промет на државата... или можеби не?

Сепак не е така!

Подолу постои уште една врска која води директно до владината страница во која е поместен пречистениот текст на законот со сите негови измени. Текст на кој што постојано се повикува Ковачевски при неговото инсистирање на законската обврска за формирање на „пржинската влада“.

Што вели текстот?

„Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.“

Ова е членот 43 од Законот за влада.

Што би можел да прочита и протолкува од текстов некој, кој што не ја знае македонската пракса на демоктратско функционирање и толкување на законите. Некој, кој што текстот би го читал буквално и во согласност со нормалното поимање на демократијата и владеењето на правото.

Ќе прочита дека треба да се формира нова влада. Влада која што ќе биде поддржана од ново владејачко мнозинство кое што нас граѓаните ќе нè владее во тие 100+ дена до формирањето на новата влада по изборите. Ќе прочита дека оние кои што се согласиле да влезат во техничката влада, всушност се новото владино мнозинство и новата власт во Македонија која ќе ја води државата „до даљњег“.

Ќе прочита дека техничката влада ќе биде „...предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство“.

Стоп, пауза!

Кој е овде владино мнозинство? Кој е најголемата политичка партија? Кој треба да биде премиер? На кого претседателот на државата треба да му го врачи мандатот по оставката на Ковачевски согласно Законот за влада на кој се повикува именуваниот?

Ако рековме дека оној што го чита законот ќе заклучи дека сите кои што учествуваат во формирањето на новата техничка влада, всушност се новото владино мнозинство, тогаш се поставува прашањето која партија во тоа мнозинство е најголема? Која партија има највеќе пратеници во Собранието?

Повторно типкам по тастатурата, одам на сајтот на Собранието и гледам дека ВМРО-ДПМНЕ има 39 пратеници, СДСМ е на второ место со 31, а ДУИ е со 13. Да бев оној кој што поим нема како функционира македонската пржинска деморатија, држејќи се исклучиво до словото на законот, ќе прочитав дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што треба да го предложи новиот претседател на владата?!

Не знам дали и Ковачевски мисли на истото додека постојано се повикува на Законот за влада?
Секако дека не! Од каде ВМРО-ДПМНЕ, со 39 пратеници, би било третирано како поголема партија од СДСМ со 31 пратеник во толкувањата на Ковачевски?! Нема шанси!

Ковачевски го толкува законот онакака како што до сега беше толкуван од сите, исклучиво политички! Според придобивките на Шарената револуција.

Ако Ковачевски го толкува законот онака како што си го толкува, тогаш според тоа толлување, Претседателот на државата треба мандатот за формирање на влада да и го даде на СДСМ, а не на ДУИ. СДСМ и ДУИ имале политички договор за „албанец премиер“. Па нели требаше да се почитува законот? Ако работиме по закон, нека биде по закон. Не може Ковачевски во исто време да се повикува и на закон и на политички договор! Неговата контрадикторност е трагикомична.

Одиме понатаму!

„Заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон.

Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија.

Министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“

Ова стои во членот 44 од Законот за влада.

Кој е тука претседател на влада? Кој е тука опозиција? Каква е тоа опозиција која што има министри во една влада? Што е ова, скриена камера?

Ова би биле сосема логични прашања на истиот оној кој што нема поим како функционира македонската демократија од Пржино. Демократија, својствена за недозреана држава на стаклени нозе, а не за земја која што во меѓувреме стана членка на НАТО и „доби“ пет-шест датуми за почеток на преговорите со ЕУ.

Членот 45 вели:

Заради организација на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, именува дополнителен заменик на министерот (во натамошниот текст: дополнителен заменик на министерот) во:

- Министерството за внатрешни работи - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за труд и социјална политика - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за финансии - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија,

- Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен од политичката партија во опозиција со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија и

- Министерството за информатичко општество и администрација - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“

Кој е овде власт, а кој опозиција, кога сите заедно ќе учествуваат во истата влада? Има ли ред и крај во овие тешки импровизации во Законот за влада кој што беше договорен во Пржино во 2016 година?! Ако на сето ова ги додадеме и врзаните потписи за се она што ќе се одлучува во министерствата со дополнителен заменик министер, тогаш со сигурност може да заклучиме дека повторно нè очекува хаос со новата техничка влада.

Ова инверзија во толкувањето на законот ја користиме за да покажаме дека законот на кој што се повикува Ковачевски е небулозен. Со ваквото иронизирање на текстот на на законот сакаме да покажеме дека се работи за политичка импровизација која нема никаква врска со правото и правните толкувања. Тој претставува сива зона во правниот поредок на државата која остава простор за креирање на дополнителна политичка криза во услови кога една од страните би била незадоволна од проектираните резултати на изборите кои што следат.

Затоа овој закон не треба да се применува и потребно е да се промени час поскоро. Можноста за неговото контрадикторно толкување на начин на кого како му чини и одговара, е нешто кое што дефинитивно треба да биде напуштено како една од придобивките на Шарената револуција.

За крај!

Останавме должни да кажеме збор два за интересот на Ковачевски од формирањето на техничката влада. Не е воопшто тешко да се заклучи дека во тие сто дена сака да ја сподели одговорноста за своите неуспеси на сите полиња кои што ги имаше во текот на неговото владеење. Не е тешко да се заклучи дека криминалот и корупцијата, кои што ги имаме во континуитет, заедно со новите скандали и афери кои би следеле во периодот на функционирање на новата влада, треба да паднат на терет и на сегашната опозиција.

Неуспесите на Министерството за внатрешни работи и сè она што беше ставано под тепих со години, ќе ескалира токму во тие сто дена пред изборите. Воопшто не е важно дали тоа ќе биде поврзано со бескрајните редици за менување на пасошите и останатите лични документи (како пример и илустрација), дали ќе биде во врска со не/екстрадицијата на првоосомничениот од случајот Вања од Турција или пак ќе биде заради нешто трето кое што во моментов се подготвува како нагазна мина, дефинитивно ќе има циркус во тоа министерство за внатрешни.
Секој споделен циркус во режија на Спасовски и Ковачевски му оди во прилог на СДСМ и токму тоа е интересот за кој што зборуваме. Тоа е интересот според кој се води Ковачевски во намерата да ја намали предноста во гласови која што во моментов ја има опозицијата. Тоа е интересот поради кој инсистира на спроведување на Законот за влада, како облигација од која опозицијата не може да избега.

А, опозицијата?! Опозицијата ако сака да победи, не смее да загуби, ниту пак да учествува во иста влада со СДСМ и ДУИ!

The post Пржинска влада за спас на Ковачевски appeared first on Република.

]]>

Петар Поп Арсов

„Техничката влада е законска обврска и сметам дека сите политички партии, според законот, треба да делегираат свои претставници во техничката влада којашто ќе ги спроведе изборите.“ – Димитар Ковачевски Зошто Ковачевски толку инсистира на формирање на техничката влада за спроведување на изборите во услови кога опозицијата изразува сериозна резерва во однос на оваа пржинска импровизација на функционирање на демократијата?! Каков интерес гледа Ковачевски во т.н. „Пржинска влада“, која беше вонинституционално договорена за спроведување на изборите во 2016 година?! Зарем не би требало да биде токму спротивното, тој да е оној кој што не дава, а опозицијата е таа која што бара и инсистира на формирање на техничка влада?! Толку е нечист што никој не сака да учествува во влада со него! Кој е интересот на Ковачевски постојано да повторува дека техничката влада е законска обврска? Кој е неговиот интерес да нè убедува дека сите страни опфатени со законот се должни да учествуваат во новата влада за спроведување на изборите во 2024 година? Пред да се обидеме да го дадеме одговорот на овие прашања, да погледнеме првин што кажува Законот за влада на кој што постојано се повикува Ковачевски. Пишувам на тастатурата закон за влада и како прв ми излегува линкот под наслов Закон за Влада на Република Македонија. Врска која што стои на интернет страницата на владата на Ковачевски и која се однесува на изборите во 2016 година. Значи ли тоа дека се работи за текст кој што е официјален кој што функционира во правниот промет на државата... или можеби не? Сепак не е така! Подолу постои уште една врска која води директно до владината страница во која е поместен пречистениот текст на законот со сите негови измени. Текст на кој што постојано се повикува Ковачевски при неговото инсистирање на законската обврска за формирање на „пржинската влада“. Што вели текстот? „Сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, Собранието на Република Македонија ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство.“ Ова е членот 43 од Законот за влада. Што би можел да прочита и протолкува од текстов некој, кој што не ја знае македонската пракса на демоктратско функционирање и толкување на законите. Некој, кој што текстот би го читал буквално и во согласност со нормалното поимање на демократијата и владеењето на правото. Ќе прочита дека треба да се формира нова влада. Влада која што ќе биде поддржана од ново владејачко мнозинство кое што нас граѓаните ќе нè владее во тие 100+ дена до формирањето на новата влада по изборите. Ќе прочита дека оние кои што се согласиле да влезат во техничката влада, всушност се новото владино мнозинство и новата власт во Македонија која ќе ја води државата „до даљњег“. Ќе прочита дека техничката влада ќе биде „...предводена од нов претседател на Влада кој го предлага најголемата политичка партија што го формира владиното мнозинство“. Стоп, пауза! Кој е овде владино мнозинство? Кој е најголемата политичка партија? Кој треба да биде премиер? На кого претседателот на државата треба да му го врачи мандатот по оставката на Ковачевски согласно Законот за влада на кој се повикува именуваниот? Ако рековме дека оној што го чита законот ќе заклучи дека сите кои што учествуваат во формирањето на новата техничка влада, всушност се новото владино мнозинство, тогаш се поставува прашањето која партија во тоа мнозинство е најголема? Која партија има највеќе пратеници во Собранието? Повторно типкам по тастатурата, одам на сајтот на Собранието и гледам дека ВМРО-ДПМНЕ има 39 пратеници, СДСМ е на второ место со 31, а ДУИ е со 13. Да бев оној кој што поим нема како функционира македонската пржинска деморатија, држејќи се исклучиво до словото на законот, ќе прочитав дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која што треба да го предложи новиот претседател на владата?! Не знам дали и Ковачевски мисли на истото додека постојано се повикува на Законот за влада? Секако дека не! Од каде ВМРО-ДПМНЕ, со 39 пратеници, би било третирано како поголема партија од СДСМ со 31 пратеник во толкувањата на Ковачевски?! Нема шанси! Ковачевски го толкува законот онакака како што до сега беше толкуван од сите, исклучиво политички! Според придобивките на Шарената револуција. Ако Ковачевски го толкува законот онака како што си го толкува, тогаш според тоа толлување, Претседателот на државата треба мандатот за формирање на влада да и го даде на СДСМ, а не на ДУИ. СДСМ и ДУИ имале политички договор за „албанец премиер“. Па нели требаше да се почитува законот? Ако работиме по закон, нека биде по закон. Не може Ковачевски во исто време да се повикува и на закон и на политички договор! Неговата контрадикторност е трагикомична. Одиме понатаму! „Заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон. Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија. Министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“ Ова стои во членот 44 од Законот за влада. Кој е тука претседател на влада? Кој е тука опозиција? Каква е тоа опозиција која што има министри во една влада? Што е ова, скриена камера? Ова би биле сосема логични прашања на истиот оној кој што нема поим како функционира македонската демократија од Пржино. Демократија, својствена за недозреана држава на стаклени нозе, а не за земја која што во меѓувреме стана членка на НАТО и „доби“ пет-шест датуми за почеток на преговорите со ЕУ. Членот 45 вели: „Заради организација на избори за пратеници, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, именува дополнителен заменик на министерот (во натамошниот текст: дополнителен заменик на министерот) во: - Министерството за внатрешни работи - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за труд и социјална политика - предложен од политичката партија на власт со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за финансии - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија, - Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предложен од политичката партија во опозиција со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија и - Министерството за информатичко општество и администрација - предложен од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието на Република Македонија.“ Кој е овде власт, а кој опозиција, кога сите заедно ќе учествуваат во истата влада? Има ли ред и крај во овие тешки импровизации во Законот за влада кој што беше договорен во Пржино во 2016 година?! Ако на сето ова ги додадеме и врзаните потписи за се она што ќе се одлучува во министерствата со дополнителен заменик министер, тогаш со сигурност може да заклучиме дека повторно нè очекува хаос со новата техничка влада. Ова инверзија во толкувањето на законот ја користиме за да покажаме дека законот на кој што се повикува Ковачевски е небулозен. Со ваквото иронизирање на текстот на на законот сакаме да покажеме дека се работи за политичка импровизација која нема никаква врска со правото и правните толкувања. Тој претставува сива зона во правниот поредок на државата која остава простор за креирање на дополнителна политичка криза во услови кога една од страните би била незадоволна од проектираните резултати на изборите кои што следат. Затоа овој закон не треба да се применува и потребно е да се промени час поскоро. Можноста за неговото контрадикторно толкување на начин на кого како му чини и одговара, е нешто кое што дефинитивно треба да биде напуштено како една од придобивките на Шарената револуција. За крај! Останавме должни да кажеме збор два за интересот на Ковачевски од формирањето на техничката влада. Не е воопшто тешко да се заклучи дека во тие сто дена сака да ја сподели одговорноста за своите неуспеси на сите полиња кои што ги имаше во текот на неговото владеење. Не е тешко да се заклучи дека криминалот и корупцијата, кои што ги имаме во континуитет, заедно со новите скандали и афери кои би следеле во периодот на функционирање на новата влада, треба да паднат на терет и на сегашната опозиција. Неуспесите на Министерството за внатрешни работи и сè она што беше ставано под тепих со години, ќе ескалира токму во тие сто дена пред изборите. Воопшто не е важно дали тоа ќе биде поврзано со бескрајните редици за менување на пасошите и останатите лични документи (како пример и илустрација), дали ќе биде во врска со не/екстрадицијата на првоосомничениот од случајот Вања од Турција или пак ќе биде заради нешто трето кое што во моментов се подготвува како нагазна мина, дефинитивно ќе има циркус во тоа министерство за внатрешни. Секој споделен циркус во режија на Спасовски и Ковачевски му оди во прилог на СДСМ и токму тоа е интересот за кој што зборуваме. Тоа е интересот според кој се води Ковачевски во намерата да ја намали предноста во гласови која што во моментов ја има опозицијата. Тоа е интересот поради кој инсистира на спроведување на Законот за влада, како облигација од која опозицијата не може да избега. А, опозицијата?! Опозицијата ако сака да победи, не смее да загуби, ниту пак да учествува во иста влада со СДСМ и ДУИ!

The post Пржинска влада за спас на Ковачевски appeared first on Република.

]]>