Спајиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spajik/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Aug 2023 11:36:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Спајиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/spajik/ 32 32 Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spajik-mandatar-za-sostav-na-nova-vlada-na-tsrna-gora/ Thu, 10 Aug 2023 11:36:06 +0000 https://republika.mk/?p=670767

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник.

Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност.

Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ

Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места.

Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира владата.

Дел од политичките преговори е и прашањето за новото раководство на Парламентот на Црна Гора.

Новиот состав беше конституиран на 27 јули, кога беа верификувани мандатите на пратениците, но собраниското раководство не беше избрано.

Мандатарот има рок од 90 дена да го состави кабинетот и да ја предложи програмата за работа на идната влада

The post Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, му го додели мандатот за формирање нова влада на лидерот на Движењето Европа сега (ПЕС), Милојко Спајиќ, наведувајќи дека при консултациите со претставниците на политичките партии добил уверување дека го поддржуваат 44 од вкупно 81 пратеник. Милатовиќ истакна дека од Спајиќ очекува одговорност и експедитивност.
Како претседател на Црна Гора сметам дека ни е потребна политичка и реформска влада, посочи Милатовиќ
Движењето Европа сега освои најмногу мандати на изборите во јуни, 24 од 81 пратенички места. Засега, пак, не се знае кој ќе ја сочинува новата извршна власт и кога ќе се формира владата. Дел од политичките преговори е и прашањето за новото раководство на Парламентот на Црна Гора. Новиот состав беше конституиран на 27 јули, кога беа верификувани мандатите на пратениците, но собраниското раководство не беше избрано. Мандатарот има рок од 90 дена да го состави кабинетот и да ја предложи програмата за работа на идната влада

The post Спајиќ мандатар за состав на нова влада на Црна Гора appeared first on Република.

]]>