СП во Катар 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sp-vo-katar-2022/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Dec 2022 07:08:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СП во Катар 2022 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sp-vo-katar-2022/ 32 32 Рубрика „верувале или не“: Франција бара да се преигра финалето на СП! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/rubrika-veruvale-ili-ne-frantsija-bara-da-se-preigra-finaleto-na-sp/ Mon, 26 Dec 2022 21:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=590121

Фудбалерите на Аргентина го освоија Светското првенство победувајќи ја Франција на пенали, а и шест дена по големото финале страстите не се смируваат.

Верувале или не, Французите започнаа петиција мечот да се преигра, но брзо добија неочекуван одговор дека тоа е невозможно.

Веб-страницата моментално има над 200.000 потписи од Французи кои се бесни на начинот на кој се судеше натпреварот и бараат ФИФА да го повтори големото финале.

Интересно е што малку подоцна аргентинскиот предлог го потпишаа повеќе од 300.000 луѓе.

The post Рубрика „верувале или не“: Франција бара да се преигра финалето на СП! appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Аргентина го освоија Светското првенство победувајќи ја Франција на пенали, а и шест дена по големото финале страстите не се смируваат. Верувале или не, Французите започнаа петиција мечот да се преигра, но брзо добија неочекуван одговор дека тоа е невозможно. Веб-страницата моментално има над 200.000 потписи од Французи кои се бесни на начинот на кој се судеше натпреварот и бараат ФИФА да го повтори големото финале. Интересно е што малку подоцна аргентинскиот предлог го потпишаа повеќе од 300.000 луѓе.

The post Рубрика „верувале или не“: Франција бара да се преигра финалето на СП! appeared first on Република.

]]>
Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-titulata-ja-posveti-na-maradona-i-navivachite/ Tue, 20 Dec 2022 22:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=588119

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на Диего Марадона.

– Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства. Трофејот му припаѓа на Диего, кој не поддржуваше од небото и на сите што ја поддржуваа репрезентацијата, внимавајќи не само на резултатот, туку и на желбата што секогаш ја покажувавме, дури и кога  не одеше сè според планот, напиша Меси. на социјалните мрежи.

Аргентина во неделата ја совлада Франција на пенали во финалето на Светското првенство во 2022 година. По натпреварот, Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион. Претходно, Аргентинците ја освоија титулата во 1978 и 1986 година

The post Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите appeared first on Република.

]]>

Капитенот на репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, победата на Светското првенство во Катар им ја посвети на навивачите, но и на Диего Марадона.
– Пехарот им припаѓа на сите што не го освоиле на претходните светски првенства. Трофејот му припаѓа на Диего, кој не поддржуваше од небото и на сите што ја поддржуваа репрезентацијата, внимавајќи не само на резултатот, туку и на желбата што секогаш ја покажувавме, дури и кога  не одеше сè според планот, напиша Меси. на социјалните мрежи.
Аргентина во неделата ја совлада Франција на пенали во финалето на Светското првенство во 2022 година. По натпреварот, Меси беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство. Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана светски шампион. Претходно, Аргентинците ја освоија титулата во 1978 и 1986 година

The post Меси им ја посвети титулата на Марадона и на навивачите appeared first on Република.

]]>
На Аргентинката која ја прослави победата топлес на трибини ѝ се заканува затвор? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/na-argentinkata-koja-ja-proslavi-pobedata-toples-na-tribini-se-zakanuva-zatvor/ Mon, 19 Dec 2022 17:26:34 +0000 https://republika.mk/?p=587744

Нема кој не ја забележа аргентинската навивачка која на трибините во Катар која во делириум го соблече дресот и ја прослави победата на националниот тим топлес, но поради овој потег може да се соочи со затворска казна.

Имено, по решавачкиот удар од пенал на Гонзало Мотиел, камерите се свртеа кон навивачите, а меѓу нив беше и една занесна русокоса која на камерите им подари нешто повеќе од очекуваното.

Пред почетокот на првенството, навивачите беа предупредени дека ќе мора да ги почитуваат обичаите и законите на Катар, а од Министерството за туризам порачаа дека „од посетителите (мажи и жени) се очекува да покажат почит кон локалната култура и да избегнуваат разголена облека во јавноста“

Жените кои не се од Катар не мораат да носат абаја фустани кои ја покриваат фигурата речиси од глава до пети, но туристите мора да внимаваат горните делови да им бидат покриени, а здолништата, фустаните и панталоните мора да ги покриваат колената.

Потегот на оваа Аргентинка  го коментираа и корисниците на социјалните мрежи и изразија страв дека ќе биде казнета.

Ја видов, многу е храбра! Ќе ја уапсат ако не внимава..., гласеше еден од коментарите.

The post На Аргентинката која ја прослави победата топлес на трибини ѝ се заканува затвор? appeared first on Република.

]]>

Нема кој не ја забележа аргентинската навивачка која на трибините во Катар која во делириум го соблече дресот и ја прослави победата на националниот тим топлес, но поради овој потег може да се соочи со затворска казна. Имено, по решавачкиот удар од пенал на Гонзало Мотиел, камерите се свртеа кон навивачите, а меѓу нив беше и една занесна русокоса која на камерите им подари нешто повеќе од очекуваното. Пред почетокот на првенството, навивачите беа предупредени дека ќе мора да ги почитуваат обичаите и законите на Катар, а од Министерството за туризам порачаа дека „од посетителите (мажи и жени) се очекува да покажат почит кон локалната култура и да избегнуваат разголена облека во јавноста“ Жените кои не се од Катар не мораат да носат абаја фустани кои ја покриваат фигурата речиси од глава до пети, но туристите мора да внимаваат горните делови да им бидат покриени, а здолништата, фустаните и панталоните мора да ги покриваат колената. Потегот на оваа Аргентинка  го коментираа и корисниците на социјалните мрежи и изразија страв дека ќе биде казнета.
Ја видов, многу е храбра! Ќе ја уапсат ако не внимава..., гласеше еден од коментарите.

The post На Аргентинката која ја прослави победата топлес на трибини ѝ се заканува затвор? appeared first on Република.

]]>
ФИФА барала репортерите да бришат снимки за да го сокрие скандалот со бесниот Хакими и Џани Инфантино https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-barala-reporterite-da-brishat-snimki-za-da-go-sokrie-skandalot-so-besniot-hakimi-i-dzani-infantino/ Sun, 18 Dec 2022 07:57:03 +0000 https://republika.mk/?p=587088

Селекторот Валид Реграги едвај успеал да го внесе во тунелот бесниот Ашраф Хакими, кој по поразот (1-2) од Хрватска во мечот за третото место на СП во Катар протестирал кај судијата Абдулрахман Ал-Јасим.

На пат кон соблекувалните, фудбалерот на ПСЖ се сретнал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и вербално го нападнал и него, пишува „Газета дело спорт“.

Во една ситуација во вториот дел, Мароко сметаше дека имаат момент за пенал, но судијата не им го досуди, па тоа воопшто не му се допадна на Хакими, кој по натпреварот, во тунелот ги извади фрустрациите, па удри по Инфантино и ФИФА.

Постоела дури и видео снимка на која ФИФА работи таа да не стане јавна бидејки ќе предизвика скандал.

Од ФИФА побараа да избришеме одредени фотографии, јасно е дека тоа за нив е незгодна сцена и сакаат тие да не станат јавно достапни“, објасни еден репортер кој го уловил бесниот момент на Хакими во тунелот.

Според сведоштвото на новинарите, Хакими му се внел во лицето на Инфантино, на само неколку сантиметри од него, со повишен тон му зборуваше на претседателот на ФИФА за судиите, момент од кој ФИФА нареди ништо да не излезе во јавност.

Наводно бесниот Мароканец го сопрел и почнал да го навредува. Мароканецот е лут на судење на полуфиналето против Франција, како и на мечот за третото место против Хрватска.

The post ФИФА барала репортерите да бришат снимки за да го сокрие скандалот со бесниот Хакими и Џани Инфантино appeared first on Република.

]]>

Селекторот Валид Реграги едвај успеал да го внесе во тунелот бесниот Ашраф Хакими, кој по поразот (1-2) од Хрватска во мечот за третото место на СП во Катар протестирал кај судијата Абдулрахман Ал-Јасим. На пат кон соблекувалните, фудбалерот на ПСЖ се сретнал со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино и вербално го нападнал и него, пишува „Газета дело спорт“. Во една ситуација во вториот дел, Мароко сметаше дека имаат момент за пенал, но судијата не им го досуди, па тоа воопшто не му се допадна на Хакими, кој по натпреварот, во тунелот ги извади фрустрациите, па удри по Инфантино и ФИФА. Постоела дури и видео снимка на која ФИФА работи таа да не стане јавна бидејки ќе предизвика скандал.
Од ФИФА побараа да избришеме одредени фотографии, јасно е дека тоа за нив е незгодна сцена и сакаат тие да не станат јавно достапни“, објасни еден репортер кој го уловил бесниот момент на Хакими во тунелот.
Според сведоштвото на новинарите, Хакими му се внел во лицето на Инфантино, на само неколку сантиметри од него, со повишен тон му зборуваше на претседателот на ФИФА за судиите, момент од кој ФИФА нареди ништо да не излезе во јавност. Наводно бесниот Мароканец го сопрел и почнал да го навредува. Мароканецот е лут на судење на полуфиналето против Франција, како и на мечот за третото место против Хрватска.

The post ФИФА барала репортерите да бришат снимки за да го сокрие скандалот со бесниот Хакими и Џани Инфантино appeared first on Република.

]]>
ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fifa-ne-dozvoluva-obrakjanje-na-zelenski-pred-finaleto-vo-katar/ Fri, 16 Dec 2022 18:47:13 +0000 https://republika.mk/?p=586665

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски да има видео-обраќање пред финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, пренесува американската телевизиска мрежа CNN.

Повикувајќи се на своите извори, телевизијата пренесува дека отфрлањето на обраќањето од страна на организаторот на елитната фудбалска смотра „ги изненадило“ претставниците на кабинетот на украинскиот претседател. Притоа се наведува дека не е јасно дали било планирано обраќањето на Зеленски да биде снимено или емитувано во живо.

Се наведува и дека за оваа тема сѐ уште се водат преговори меѓу претставници на кабинетот на Зеленски и челниците на ФИФА.

Од друга страна, пак, челникот на светската фудбалска асоцијација Џани Инфантино на денешната прес-конференција посочи дека фудбалскиот терен не е место за политички акции и протести, веројатно индиректно алудираше на споменатите преговори.

Зеленски претходно, освен на политички собири на странски челници, имаше видео обраќања и на други медиумски многу следени настани, како на пример доделувањето на американските музички награди Греми и на Канскиот филмски фестивал.

Финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра на 18-ти декември на стадионот „Лусаил Ајконик“, во кој селекцијата на Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата во соочувањето со Аргентина.

The post ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар appeared first on Република.

]]>

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го одби барањето на украинскиот претседател Володомир Зеленски да има видео-обраќање пред финалниот натпревар на Светското првенство во Катар, пренесува американската телевизиска мрежа CNN. Повикувајќи се на своите извори, телевизијата пренесува дека отфрлањето на обраќањето од страна на организаторот на елитната фудбалска смотра „ги изненадило“ претставниците на кабинетот на украинскиот претседател. Притоа се наведува дека не е јасно дали било планирано обраќањето на Зеленски да биде снимено или емитувано во живо. Се наведува и дека за оваа тема сѐ уште се водат преговори меѓу претставници на кабинетот на Зеленски и челниците на ФИФА. Од друга страна, пак, челникот на светската фудбалска асоцијација Џани Инфантино на денешната прес-конференција посочи дека фудбалскиот терен не е место за политички акции и протести, веројатно индиректно алудираше на споменатите преговори. Зеленски претходно, освен на политички собири на странски челници, имаше видео обраќања и на други медиумски многу следени настани, како на пример доделувањето на американските музички награди Греми и на Канскиот филмски фестивал. Финалниот натпревар на Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра на 18-ти декември на стадионот „Лусаил Ајконик“, во кој селекцијата на Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата во соочувањето со Аргентина.

The post ФИФА не дозволува обраќање на Зеленски пред финалето во Катар appeared first on Република.

]]>
Климата на стадионите ги грипоса и Варан и Конате, неизвесно дали ќе играат во финалето https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/klimata-na-stadionite-gi-griposa-i-varan-i-konate-neizvesno-dali-kje-igraat-vo-finaleto/ Fri, 16 Dec 2022 17:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=586629

Француската репрезентација во Катар со проблеми пред финалето во Катар. Дајот Упамекано и Адриен Рабио веќе неколку дена се виросани, па не настапија во полуфиналето против Мароко.

Селекторот на Франција, Дидие Дешам, има нова причина за загриженост бидејќи овојпат со грип се заразени двајцата централни дефанзивци, Ибрахима Конате и Рафаел Варан. Сето ова се случува на само два дена пред финалето на СП 2022 против Аргентина.

Конате го замени Упамекано во центарот на одбраната против Мароко. Сепак, сега и дефанзивецот на Ливерпул и Варан се во прашање за финалето, откако денеска се чувствуваа лошо, пишува францускиот медиум „Л’Екип“.

Од францускиот табор вината за големиот број болни фудбалери ја префрлуваат на силното воздушно ладење на стадионите.

The post Климата на стадионите ги грипоса и Варан и Конате, неизвесно дали ќе играат во финалето appeared first on Република.

]]>

Француската репрезентација во Катар со проблеми пред финалето во Катар. Дајот Упамекано и Адриен Рабио веќе неколку дена се виросани, па не настапија во полуфиналето против Мароко. Селекторот на Франција, Дидие Дешам, има нова причина за загриженост бидејќи овојпат со грип се заразени двајцата централни дефанзивци, Ибрахима Конате и Рафаел Варан. Сето ова се случува на само два дена пред финалето на СП 2022 против Аргентина. Конате го замени Упамекано во центарот на одбраната против Мароко. Сепак, сега и дефанзивецот на Ливерпул и Варан се во прашање за финалето, откако денеска се чувствуваа лошо, пишува францускиот медиум „Л’Екип“. Од францускиот табор вината за големиот број болни фудбалери ја префрлуваат на силното воздушно ладење на стадионите.

The post Климата на стадионите ги грипоса и Варан и Конате, неизвесно дали ќе играат во финалето appeared first on Република.

]]>
Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/idiotski-argentincite-frlija-vo-kanta-podaren-dres-od-hrvatskite-reprezentativci/ Wed, 14 Dec 2022 12:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=585547

Традиционално, хрватските и аргентинските фудбалери по вчерашното полуфинале си ги разменија дресовите, но неспортското славје на Гаучосите во соблекувалната оправдано наиде на осуда од јавноста.

На видео објавено од страна на Пауло Дибала, хрватски дрес заврши во канта.

Соиграчот на Иван Перишиќ од Тотенхем, Кристијан Ромеро, го извади дресот од корпата и го фрли кон својот соиграч.

The post Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци appeared first on Република.

]]>

Традиционално, хрватските и аргентинските фудбалери по вчерашното полуфинале си ги разменија дресовите, но неспортското славје на Гаучосите во соблекувалната оправдано наиде на осуда од јавноста. На видео објавено од страна на Пауло Дибала, хрватски дрес заврши во канта.
Соиграчот на Иван Перишиќ од Тотенхем, Кристијан Ромеро, го извади дресот од корпата и го фрли кон својот соиграч.

The post Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци appeared first on Република.

]]>
Роналдо: Сакам сите да знаат дека дадов сè од себе, ама сонот ми беше скратен https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ronaldo-sakam-site-da-znaat-deka-dadov-se-od-sebe-ama-sonot-mi-beshe-skraten/ Sun, 11 Dec 2022 17:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=584360

Кристијано Роналдо се осврна на настапот за репрезентацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година.

Португалците вчера загубија од Мароко во четвртфиналето.

Освојувањето на Светското првенство за Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За среќа, освоив многу меѓународни трофеи, вклучително и со Португалија. Но да го доведам името на нашата земја на највисоко светско ниво беше мојот најголем сон. Се борев за тоа. Упорно се борев за сонот. За 16 години учествував на пет светски првенства, играв покрај одлични фудбалери и со поддршка од милиони Португалци. Дадов се од себе. За жал, вчера сонот беше скратен. Сакам сите да знаат: многу е кажано, многу е напишано, многу шпекулации, но мојата верност кон Португалија не се промени ниту за момент. Отсекогаш сум бил еден од оние кои се бореле за заеднички цели. И никогаш не би им свртел грб на соиграчите и на мојата земја. Сега немам што повеќе да кажам. Благодарам Португалија. Фала Катар. Сонот беше прекрасен додека траеше… Сега останува да почекаме додека времето не стане добар советник и ќе му дозволи на секој да донесе свои заклучоци, напиша 37-годишниот напаѓач на социјалните мрежи.

Роналдо кој сезонава ја почна во Манчестер јунајтед е во очекување на прифатлива понуда каде ќе ја продолжи кариерата по разделбата со клубот од „Олд Трафорд“.

The post Роналдо: Сакам сите да знаат дека дадов сè од себе, ама сонот ми беше скратен appeared first on Република.

]]>

Кристијано Роналдо се осврна на настапот за репрезентацијата на Португалија од Светското првенство во 2022 година. Португалците вчера загубија од Мароко во четвртфиналето.
Освојувањето на Светското првенство за Португалија беше мојот најголем и најамбициозен сон во кариерата. За среќа, освоив многу меѓународни трофеи, вклучително и со Португалија. Но да го доведам името на нашата земја на највисоко светско ниво беше мојот најголем сон. Се борев за тоа. Упорно се борев за сонот. За 16 години учествував на пет светски првенства, играв покрај одлични фудбалери и со поддршка од милиони Португалци. Дадов се од себе. За жал, вчера сонот беше скратен. Сакам сите да знаат: многу е кажано, многу е напишано, многу шпекулации, но мојата верност кон Португалија не се промени ниту за момент. Отсекогаш сум бил еден од оние кои се бореле за заеднички цели. И никогаш не би им свртел грб на соиграчите и на мојата земја. Сега немам што повеќе да кажам. Благодарам Португалија. Фала Катар. Сонот беше прекрасен додека траеше… Сега останува да почекаме додека времето не стане добар советник и ќе му дозволи на секој да донесе свои заклучоци, напиша 37-годишниот напаѓач на социјалните мрежи.
Роналдо кој сезонава ја почна во Манчестер јунајтед е во очекување на прифатлива понуда каде ќе ја продолжи кариерата по разделбата со клубот од „Олд Трафорд“.

The post Роналдо: Сакам сите да знаат дека дадов сè од себе, ама сонот ми беше скратен appeared first on Република.

]]>
Мароко е прва селекција од Африка што во историјата се пласира во полуфинале на Светското првенство https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/maroko-e-prva-selekcija-od-afrika-shto-vo-istorijata-se-plasira-vo-polufinale-na-svetskoto-prvenstvo/ Sat, 10 Dec 2022 19:36:18 +0000 https://republika.mk/?p=584132

Репрезентацијата на Мароко денес ја совлада селекцијата на Португалија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година.

Мароко стана првата селекција од Африка во историјата која се пласирала во полуфиналето на фудбалските Мундијали.

Претходно ниту една африканска селекција не помина подалеку од четвртфиналната фаза.

Африканците ги загубија претходните три четвртфиналиња: Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002 година и Гана во 2010 година.

Во полуфиналето Мароканците ќе играат со победникот од дуелот Франција – Англија

The post Мароко е прва селекција од Африка што во историјата се пласира во полуфинале на Светското првенство appeared first on Република.

]]>

Репрезентацијата на Мароко денес ја совлада селекцијата на Португалија со 1:0 во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство 2022 година. Мароко стана првата селекција од Африка во историјата која се пласирала во полуфиналето на фудбалските Мундијали. Претходно ниту една африканска селекција не помина подалеку од четвртфиналната фаза. Африканците ги загубија претходните три четвртфиналиња: Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002 година и Гана во 2010 година. Во полуфиналето Мароканците ќе играат со победникот од дуелот Франција – Англија

The post Мароко е прва селекција од Африка што во историјата се пласира во полуфинале на Светското првенство appeared first on Република.

]]>
Пепе: Неприфатливо е аргентински судија да ја дели правдата на нашиот натпревар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pepe-neprifatlivo-e-argentinski-sudija-da-ja-deli-pravdata-na-nashiot-natprevar/ Sat, 10 Dec 2022 18:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=584116

Дефанзивецот на Португалија Пепе реагираше на назначувањето на судијата од Аргентина за делител на правдата на денешниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.

Неприфатливо е аргентински судија да го суди нашиот натпревар. Не велам дека дојде ове со некоја намера… Но колку игравме во второто полувреме? Колку минути додаде? Петтемина судии кои денеска беа на терен, Аргентинците… Што друго да кажам, да видиме кој ќе победи на крајот.

Ние бевме единствената екипа што играше фудбал. Тажни сме. Имавме квалитети да го освоиме Светското првенство, а не успеавме. Заминувам со тага бидејќи имавме можност да го освоиме овој Мундијал, го цитира Пепе „Record“.

Во полуфиналето Мароко ќе игра со победникот до дуелот Англија – Франција, додека Аргентина и Хрватска ќе се соочат во другото полуфинале.

The post Пепе: Неприфатливо е аргентински судија да ја дели правдата на нашиот натпревар appeared first on Република.

]]>

Дефанзивецот на Португалија Пепе реагираше на назначувањето на судијата од Аргентина за делител на правдата на денешниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.
Неприфатливо е аргентински судија да го суди нашиот натпревар. Не велам дека дојде ове со некоја намера… Но колку игравме во второто полувреме? Колку минути додаде? Петтемина судии кои денеска беа на терен, Аргентинците… Што друго да кажам, да видиме кој ќе победи на крајот. Ние бевме единствената екипа што играше фудбал. Тажни сме. Имавме квалитети да го освоиме Светското првенство, а не успеавме. Заминувам со тага бидејќи имавме можност да го освоиме овој Мундијал, го цитира Пепе „Record“.
Во полуфиналето Мароко ќе игра со победникот до дуелот Англија – Франција, додека Аргентина и Хрватска ќе се соочат во другото полуфинале.

The post Пепе: Неприфатливо е аргентински судија да ја дели правдата на нашиот натпревар appeared first on Република.

]]>
СП2022: Денеска се комплетираат полуфиналните пресметки https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/sp2022-deneska-se-kompletiraat-polufinalnite-presmetki/ Sat, 10 Dec 2022 11:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=583952

Со дуелите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот) денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар.

Пласман меѓу најдобрите четири репрезентации вчера обезбедија Хрватска и Аргентина.

Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако дуелот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1.

Со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0).

Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина е на програмата во вторник од 20 часот во Лусаил.

The post СП2022: Денеска се комплетираат полуфиналните пресметки appeared first on Република.

]]>

Со дуелите меѓу Мароко и Португалија (16 часот) и Франција против Англија (20 часот) денеска завршува четвртфиналната фаза по што ќе бидат познати сите полуфиналисти на Светското првенство во Катар. Пласман меѓу најдобрите четири репрезентации вчера обезбедија Хрватска и Аргентина. Хрватска го совлада Бразил на пенали со 4-2, откако дуелот по регуларниот дел и продолженијата заврши 1-1. Со подобро изведување пенали пласман обезбеди и Аргентина со 4-3 (2-2,1-0). Полуфиналето меѓу Хрватска и Аргентина е на програмата во вторник од 20 часот во Лусаил.

The post СП2022: Денеска се комплетираат полуфиналните пресметки appeared first on Република.

]]>
Има зошто Меси со ушите покажа кон Ван Гал, Холанѓанецот пцуен и од Мартинез https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/ima-zoshto-mesi-so-ushite-pokaza-kon-van-gal-holangjanecot-pcuen-i-od-martinez/ Sat, 10 Dec 2022 09:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=583941

Нетипично за нив беше однесувањето на аргентинските фудбалери, особено она на капитенот Лионел Меси на мечот против Холандија, каде во неколку наврати бесот го истурија врз Луис Ван Гал.

Голманот Емилијано Мартинез испрати бројни пцовки кон 71-годишниот холандски селектор.

Те е*евме, те е*ав двапати, двапати те пое*ав ку*во една, му дофрла Мартинез по крајот на пенал-серијата.

Тој по мечот изјави:

Слушнав дека Ван Гал рече дека ако се дојде до пенали, Холандија ќе има предност. Мислам дека треба да ја затвори устата.

Меси, пак, прво го прослави голот пред клупата на Холандија ставајќи ги рацете на уши. Тоа го направил поради Хуан Рикелме, чиј заштитен знак е ваквиот вид на прослава. Меси на тој начин сакал да се одмазди за лошиот третман кој го имаше Рикелме во Барселона кога Ван Гал беше тренер таму. Поради холандскиот стратег Рикелме си замина од Барселона.

Подоцна Меси му се втури во лице на Ван Гал, и влезе во вербална конфронтација со неколку претставници од противничкиот табор. На Холанѓанецот му порача дека многу зборува.

На интервјуата порача дека искусниот Ван Гал покажал непочитување кон него и аргентинската репрезентација со своите изјави пред четвртфиналето, па решил и сам да го побара селекторот за да му посочи колку погрешил.

The post Има зошто Меси со ушите покажа кон Ван Гал, Холанѓанецот пцуен и од Мартинез appeared first on Република.

]]>

Нетипично за нив беше однесувањето на аргентинските фудбалери, особено она на капитенот Лионел Меси на мечот против Холандија, каде во неколку наврати бесот го истурија врз Луис Ван Гал. Голманот Емилијано Мартинез испрати бројни пцовки кон 71-годишниот холандски селектор.
Те е*евме, те е*ав двапати, двапати те пое*ав ку*во една, му дофрла Мартинез по крајот на пенал-серијата.
Тој по мечот изјави:
Слушнав дека Ван Гал рече дека ако се дојде до пенали, Холандија ќе има предност. Мислам дека треба да ја затвори устата.
Меси, пак, прво го прослави голот пред клупата на Холандија ставајќи ги рацете на уши. Тоа го направил поради Хуан Рикелме, чиј заштитен знак е ваквиот вид на прослава. Меси на тој начин сакал да се одмазди за лошиот третман кој го имаше Рикелме во Барселона кога Ван Гал беше тренер таму. Поради холандскиот стратег Рикелме си замина од Барселона. Подоцна Меси му се втури во лице на Ван Гал, и влезе во вербална конфронтација со неколку претставници од противничкиот табор. На Холанѓанецот му порача дека многу зборува. На интервјуата порача дека искусниот Ван Гал покажал непочитување кон него и аргентинската репрезентација со своите изјави пред четвртфиналето, па решил и сам да го побара селекторот за да му посочи колку погрешил.

The post Има зошто Меси со ушите покажа кон Ван Гал, Холанѓанецот пцуен и од Мартинез appeared first on Република.

]]>
Меси: Ќе биде тешко против Хрватска https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/mesi-kje-bide-teshko-protiv-hrvatska/ Sat, 10 Dec 2022 09:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=583937

Аргентинскиот капитен Лионел Меси изјави оти е пресреќен од пласманот во полуфиналето на Мундијалот во Катар, откако Аргентина синоќа во драматичен натпревар ја совлада Холандија на пенали со 4-3.

Аргентина е меѓу четирите најдобри репрезентации во светот бидејќи овие играчи покажуваат дека знаат секој натпревар да го одиграат со иста желба и ист интензитет. Пресреќен сум. Не моравме да одиме во продолжетоци или на пенали, но очигледно моравме да страдаме. Минавме и тоа е импресивно, изјави по натпреварот Меси.

Последната пречка на Аргентина за пласман во финалето ќе биде Хрватска, која вчера на пенали го елиминираше Бразил.

Тоа ќе биде многу тежок натпревар. Хрватска докажа дека е многу добра и видовме дека, доколку им дозволиме да играат, имаат многу добри играчи, кои умеат со топката, особено во средниот ред, додаде Меси.

The post Меси: Ќе биде тешко против Хрватска appeared first on Република.

Далиќ сподели дел од славјето: Заедништво, храброст, патриотизам, вера! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dalikj-spodeli-del-od-slavjeto-zaednishtvo-hrabrost-patriotizam-vera/ Sat, 10 Dec 2022 08:50:01 +0000 https://republika.mk/?p=583927

Хрватскиот селектор Златко Далиќ на социјалните мрежи објави видео како неговите избраници ја прославија победата над Бразил и пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Катар.

Заедништво, храброст, патриотизам, вера!, напиша тој.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatko Dalic (@daliczlatko)

Во меѓувреме во нивната Хрватска улиците беа преполни со граѓани:

https://republika.mk/sport/fudbal/vo-hrvatska-zastana-se-ostanato-ogneno-se-slavi-za-ognenite/

The post Далиќ сподели дел од славјето: Заедништво, храброст, патриотизам, вера! appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот селектор Златко Далиќ на социјалните мрежи објави видео како неговите избраници ја прославија победата над Бразил и пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Катар.
Заедништво, храброст, патриотизам, вера!, напиша тој.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zlatko Dalic (@daliczlatko)

Во меѓувреме во нивната Хрватска улиците беа преполни со граѓани: https://republika.mk/sport/fudbal/vo-hrvatska-zastana-se-ostanato-ogneno-se-slavi-za-ognenite/  

The post Далиќ сподели дел од славјето: Заедништво, храброст, патриотизам, вера! appeared first on Република.

]]>
Хрват гол скокна во море по победата https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/hrvat-gol-skokna-vo-more-po-pobedata/ Sat, 10 Dec 2022 08:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=583894

Додека во Загреб навивачи се фрлија во градската фонтана за да ја прослават победата на Хрватска над Бразил, еден трогирчанец се реши влезот во полуфинале на националниот тим да го прослави со главечки скок во Јадранското Море.

Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, температурата на морето кај Трогир во петокот навечер била 16 Целзиусови степени.

The post Хрват гол скокна во море по победата appeared first on Република.

]]>

Додека во Загреб навивачи се фрлија во градската фонтана за да ја прослават победата на Хрватска над Бразил, еден трогирчанец се реши влезот во полуфинале на националниот тим да го прослави со главечки скок во Јадранското Море. Според податоците на Државниот хидрометеоролошки завод, температурата на морето кај Трогир во петокот навечер била 16 Целзиусови степени.

The post Хрват гол скокна во море по победата appeared first on Република.

]]>
Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/novinarot-koj-protestirashe-so-maica-so-vinozito-nenadejno-pochinal-na-natprevarot-argentina-holandija/ Sat, 10 Dec 2022 07:42:13 +0000 https://republika.mk/?p=583905

Американскиот новинар Грант Вол (48) ненадејно колабирал, по што починал за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали.

Неговиот агент Тим ​​Сканал за „Њујорк тајмс“ изјави дека за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал.

Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.

Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!, се вели во соопштението.

Неговиот брат на социјалните мрежи ги сподели своите сомнежи околу неговата смрт, бидејќи според него Вал бил сосема здрав.

На почетокот на првенството новинарот крена бука откако на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан  бил приведен поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство.

https://republika.mk/sport/fudbal/soblechi-ja-ili-odi-si-ne-go-pushtile-na-stadion-poradi-negovata-maica/

The post Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија appeared first on Република.

]]>

Американскиот новинар Грант Вол (48) ненадејно колабирал, по што починал за време на четвртфиналето на Светското првенство во Катар додека известуваше од натпреварот помеѓу Аргентина и Холандија за време на изведувањето пенали. Неговиот агент Тим ​​Сканал за „Њујорк тајмс“ изјави дека за време на натпреварите Вал доживеал голем стрес и починал. Според соопштението на Фудбалската асоцијација на САД, Грант известувал од четвртфиналниот натпревар, а причината за смртта не е позната.
Целото семејство на американски фудбал е скршено кога дозна дека го загубивме Грант Вол. Му благодариме на Грант за неговата огромна посветеност и влијание врз нашата игра. Неговото пишување и приказните што ги раскажува ќе живеат!, се вели во соопштението.
Неговиот брат на социјалните мрежи ги сподели своите сомнежи околу неговата смрт, бидејќи според него Вал бил сосема здрав. На почетокот на првенството новинарот крена бука откако на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан  бил приведен поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство. https://republika.mk/sport/fudbal/soblechi-ja-ili-odi-si-ne-go-pushtile-na-stadion-poradi-negovata-maica/

The post Новинарот кој протестираше со маица со виножито ненадејно починал на натпреварот Аргентина – Холандија appeared first on Република.

]]>
Готово е, и Аргентина е во полуфинале https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gotovo-e-i-argentina-e-vo-polufinale/ Fri, 09 Dec 2022 22:04:09 +0000 https://republika.mk/?p=583890

Јужна Америка, сепак, ќе има свој борец за светската фудбалска титула, откако Аргентина на пенали ја доби Холандија во вториот четвртфинален меч од Светското првенство во Катар.

Иако беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, Аргентина доби ладен туш во последната минута од судиското продолжение, кога Холанѓаните израмнија на 2:2.

Сепак, тимот на Меси е тој што во вторник ќе се соочи со Хрватска, која претходно денеска, исто така на пенали, го елиминираше Бразил.

The post Готово е, и Аргентина е во полуфинале appeared first on Република.

]]>

Јужна Америка, сепак, ќе има свој борец за светската фудбалска титула, откако Аргентина на пенали ја доби Холандија во вториот четвртфинален меч од Светското првенство во Катар. Иако беше во водство во поголемиот дел од натпреварот, Аргентина доби ладен туш во последната минута од судиското продолжение, кога Холанѓаните израмнија на 2:2. Сепак, тимот на Меси е тој што во вторник ќе се соочи со Хрватска, која претходно денеска, исто така на пенали, го елиминираше Бразил.

The post Готово е, и Аргентина е во полуфинале appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска застана сè останато – огнено се слави за Огнените! https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-hrvatska-zastana-se-ostanato-ogneno-se-slavi-za-ognenite/ Fri, 09 Dec 2022 21:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=583875

Ништо друго не е важно вечерва за Хрватите освен втората најважна работа во светот! Улиците во Загреб, но и другите градови, се блокирани од луѓето кои излегоа заедно да ја споделат радоста од победата на хрватскиот национален тим на Светското првенство во Катар.

Се пуштаат огномети, се веат знамиња, се пее, се слави... Ова е само дел од атмосферата во Загреб, која ни ја долови наш читател:

The post Во Хрватска застана сè останато – огнено се слави за Огнените! appeared first on Република.

]]>

Ништо друго не е важно вечерва за Хрватите освен втората најважна работа во светот! Улиците во Загреб, но и другите градови, се блокирани од луѓето кои излегоа заедно да ја споделат радоста од победата на хрватскиот национален тим на Светското првенство во Катар. Се пуштаат огномети, се веат знамиња, се пее, се слави... Ова е само дел од атмосферата во Загреб, која ни ја долови наш читател:

The post Во Хрватска застана сè останато – огнено се слави за Огнените! appeared first on Република.

]]>
„Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/jutarnji-koj-likuvashe-koga-shvajcarija-pobedi-sega-iznenaden-od-ubavite-naslovi-vo-srbija/ Fri, 09 Dec 2022 21:15:21 +0000 https://republika.mk/?p=583870

„Фудбалот е чудо“ пишува хрватски „Јутарњи лист“ споделувајќи ги насловите за победата на Хрватска над Брзил на српските медиуми. Во нив Хрватска е сензација, чудо, неверојатна, а Огнените вистински тим на кого му симнуваат капа.

Истиот „Јутарњи“ пред само неколку дена ликуваше кога Швајцарија ја елиминираше Србија од светското прввенство, па во коментарите јавноста ги прашува:

„Јутарњи“ како ќе го преживеете ова? 

The post „Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија appeared first on Република.

]]>

„Фудбалот е чудо“ пишува хрватски „Јутарњи лист“ споделувајќи ги насловите за победата на Хрватска над Брзил на српските медиуми. Во нив Хрватска е сензација, чудо, неверојатна, а Огнените вистински тим на кого му симнуваат капа. Истиот „Јутарњи“ пред само неколку дена ликуваше кога Швајцарија ја елиминираше Србија од светското прввенство, па во коментарите јавноста ги прашува:
„Јутарњи“ како ќе го преживеете ова? 
 
The post „Јутарњи“ кој ликуваше кога Швајцарија победи сега изненаден од убавите наслови во Србија appeared first on Република.

]]>
Фото на денот https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/foto-na-denot/ Fri, 09 Dec 2022 20:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=583865

The post Фото на денот appeared first on Република.

]]>

The post Фото на денот appeared first on Република.

]]>