сп во фудбал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sp-vo-fudbal/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Dec 2022 21:12:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сп во фудбал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sp-vo-fudbal/ 32 32 Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zavrshi-fudbalskata-bajka-za-maroko-francija-se-plasirashe-vo-finaleto-na-sp-vo-katar/ Wed, 14 Dec 2022 21:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=585753

Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0.

По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута.

Голот на Ернандез е најбрз во полуфиналињата на Мундијалите од 1958 година. Тогаш Бразилецот Вава постигна гол против Франција во првите две минути.

Французите ќе играат во финалето против Аргентина каде ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на Мундијалот во Русија.

Финалето ќе се игра на 18 декември со почеток во 16 часот.

Ден претходно (17 декември од 16 часот) Мароко ќе игра со Хрватска во мечот за 3. место.

The post Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар appeared first on Република.

]]>

Франција е вториот финалист на Светското фудбалско првенство 2022. „Триколорите“ вечерва во Ал Хор ја оправдаа улогата на фаворит во полуфиналето со Мароко славејќи победа со 2:0. По само пет минути Тео Ернандез и донесе водство на Франција, а победата ја запечати Коло Муани во 79. минута. Голот на Ернандез е најбрз во полуфиналињата на Мундијалите од 1958 година. Тогаш Бразилецот Вава постигна гол против Франција во првите две минути. Французите ќе играат во финалето против Аргентина каде ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години на Мундијалот во Русија. Финалето ќе се игра на 18 декември со почеток во 16 часот. Ден претходно (17 декември од 16 часот) Мароко ќе игра со Хрватска во мечот за 3. место.

The post Заврши фудбалската бајка за Мароко, Франција се пласираше во финалето на СП во Катар appeared first on Република.

]]>
Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/anglija-lesno-preku-senegal-do-chetvrtfinaleto-na-sp/ Sun, 04 Dec 2022 21:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=581810

Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022.

Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф.

Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа победа над Полска со 3:1.

Утре на распоредот се уште два натпревара од осминафиналната фаза:
Јапонија – Хрватска (16 часот)
Бразил – Јужна Кореја (20 часот).

 

The post Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП appeared first on Република.

]]>

Со убедлива победа од 3:0 против Сенегал, репрезентацијата на Англија вечерва избори пласман во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство 2022. Џордан Хендерсон и Хари Кејн се запишаа во листата на стрелците во првото полувреме, Букајо Сака погоди во вториот дел за убедлив триумф. Во четвртфиналето Англија ќе се сретне со Франција која денес забележа победа над Полска со 3:1. Утре на распоредот се уште два натпревара од осминафиналната фаза: Јапонија – Хрватска (16 часот) Бразил – Јужна Кореја (20 часот).  

The post Англија лесно преку Сенегал до четвртфиналето на СП appeared first on Република.

]]>
Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/novinarka-ja-ograbile-vo-katar-pa-policijata-ja-prashala-kakva-kazna-saka-za-kradecot/ Mon, 21 Nov 2022 14:36:36 +0000 https://republika.mk/?p=576570

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Миндијалот во Катар. Нејзе и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари.

Таа го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени.

Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.

Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата, раскажува Доминик Мецгер.

 

The post Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот appeared first on Република.

]]>

Аргентинската новинарка Доминик Мецгер била ограбена додека известувала во живо од Миндијалот во Катар. Нејзе и бил украден новчаник во кој имало документи, картички и пари. Таа го пријавила случајот во полиција, и било кажано дека на многу локации има камери со висока резолуција, па крадецот ќе биде фатен и работите ќе и бидат вратени. Но таа се изненадила кога полицијата ја запрашала каква казна сака да му биде изречена на крадецот. Во прв момент мислела дека се работи за грешка во преводот, но Катарците во вториот обид биле појасни.
Ме прашаа дали сакам сторителот да биде осуден на 5 години затвор, или пак сакам да биде депортиран…. Инсистираа да кажам каква сакам да биде казната, јас да одлучам. Но не, им кажав дека сакам само да ми се вратат работите. Не сакам правдата да биде во мои раце. Ми се наежи кожата, раскажува Доминик Мецгер.
 

The post Новинарка ја ограбиле во Катар, па полицијата ја прашала каква казна сака за крадецот appeared first on Република.

]]>