советодавно тело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovetodavno-telo/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 10:55:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png советодавно тело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovetodavno-telo/ 32 32 Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ova-se-chlenovite-na-sovetodavnoto-telo-koi-kje-odluchuvaat-za-upotrebata-na-iminja-na-istoriski-i-drugi-poznati-lichnosti/ Wed, 05 Oct 2022 10:55:52 +0000 https://republika.mk/?p=557572

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата.

Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.

За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.

Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира.

Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.

Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата. Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи. За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот факултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија. Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира. Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје - за прашања од антички период и среден век/ д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје - за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева - регистратор во Централниот регистар.
Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

The post Oва се членовите на Советодавното тело кои ќе одлучуваат за употребата на имиња на историски и други познати личности appeared first on Република.

]]>
Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/formirano-sovetodavno-telo-shto-kje-dava-mislenja-za-iminja-na-zdruzenija/ Tue, 06 Sep 2022 19:23:44 +0000 https://republika.mk/?p=536413

На Владина седница била донесена Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице, соопштија од Владата.

Претходно, била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка. Ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност.

Владиниот потег доаѓа откако во јавноста имаше многу реакции по формирањето здруженија со имиња на контроверзни личности од историјата поврзани со Бугарија, како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“.

Формираното владино тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Советодавното тело е составено од седуммина членови, номинирани од самите институции:

1. Д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје;

2. Д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век;

3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите;

4. Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура;

5. Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија;

6. Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и

7. Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Македонија;

Во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

The post Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија appeared first on Република.

]]>

На Владина седница била донесена Oдлука за формирање на Советодавно тело за давање на мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице, соопштија од Владата. Претходно, била усвоена информацијата за потребата од иницирање меѓуресорско, ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации, којшто е во фаза на изработка. Ова е преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата и сите правни субјекти, кои во името имаат историска личност. Владиниот потег доаѓа откако во јавноста имаше многу реакции по формирањето здруженија со имиња на контроверзни личности од историјата поврзани со Бугарија, како „Иван Михајлов“ и „Цар Борис“. Формираното владино тело ќе ги анализира поднесените предмети и на надлежните институции ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи. Советодавното тело е составено од седуммина членови, номинирани од самите институции: 1. Д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје; 2. Д-р Бобан Петровски, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје – за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје – за прашања од нов и најнов век; 3. Академик Драги Ѓоргиев, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите; 4. Антонио Павлоски, посебен советник во Кабинетот на Министерот за култура; 5. Билјана Мицковска, од Сектор за правни работи при Министерството за економија; 6. Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и 7. Ана Трајчева – регистратор во Централниот регистар на Република Македонија; Во работата на ова тело по потреба може да бидат вклучени дополнително и други лица од граѓанскиот сектор и надлежните институции.

The post Формирано советодавно тело што ќе дава мислења за имиња на здруженија appeared first on Република.

]]>