советник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovetnik/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 17:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png советник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovetnik/ 32 32 На советникот на Трамп, му е наредено да се пријави во затвор до 1 јули https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-sovetnikot-na-tramp-mu-e-naredeno-da-se-prijavi-vo-zatvor-do-1-juli/ Thu, 06 Jun 2024 18:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=785342

Поранешниот висок советник на Доналд Трамп, Стив Банон, доби наредба од судија да се пријави во затвор до 1 јули за да почне со отслужување на четиримесечната казна поради непочитување на Конгресот, јавија американските медиуми.

Бенон (70), еден од главните во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, беше осуден во октомври 2022 година поради непочитување на поканата од Конгресот, но остана на слобода додека ја обжали пресудатa.

The post На советникот на Трамп, му е наредено да се пријави во затвор до 1 јули appeared first on Република.

]]>

Поранешниот висок советник на Доналд Трамп, Стив Банон, доби наредба од судија да се пријави во затвор до 1 јули за да почне со отслужување на четиримесечната казна поради непочитување на Конгресот, јавија американските медиуми. Бенон (70), еден од главните во претседателската кампања на Трамп во 2016 година, беше осуден во октомври 2022 година поради непочитување на поканата од Конгресот, но остана на слобода додека ја обжали пресудатa.

The post На советникот на Трамп, му е наредено да се пријави во затвор до 1 јули appeared first on Република.

]]>
Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetnik-na-sdsm-sopstvenik-na-noken-klub-e-uapsen-za-proizvodstvo-i-truene-na-nashite-detsa-so-droga/ Tue, 09 Apr 2024 17:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=764356

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога.

Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потпретседатели на партијата.

Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.

Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, порача тој.

The post Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, додека е на средби со граѓаните во Крива Паланка, се обрати на социјалните мрежи со вест дека уапсен е советник на СДСМ од Берово. Според неговите информации, советникот, кој е и сопственик на ноќен клуб, е приведен поради вмешаност со дрога. Тој побара одговорност и од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, но и од носителите на листи од таа изборна единица, Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, потпретседатели на партијата. Претходно Ковачки порача дека промените доаѓаат и во Крива Паланка.
Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом „Боро Менков“. Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај. Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка. Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова, порача тој.

The post Советник на СДСМ, сопственик на ноќен клуб, е уапсен за производство и труење на нашите деца со дрога appeared first on Република.

]]>
Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот за лица со попреченост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochina-teodor-bogoevski-sovetnik-na-premierot-za-litsa-so-poprechenost/ Thu, 23 Nov 2023 08:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=715392

Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот Димитар Ковачевски за лица со попреченост.

Веста за смртта ја објавија секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска кои преку Фејсбук се простија од него.

„Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност ,да си наш другар, пријател, соборец.Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи. Ќе недостасуваш многу“, напиша Лукаревска на Фејсбук.

Кичевски напиша дека Богоевски ќе остане запаметен како голем борец за лицата со хендикеп.

Со тага и неверување ја примив веста дека нѐ напушти нашиот другар и колега Тео Богоевски. Ти благодариме за твојата долгогодишна заложба и значителен придонес во креирањето политики за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството, порача Кичевски.

Тој заврши Правен факултет, беше храбар човек и отворено зборуваше за својот хендикеп.

Тој во мај ја промовираше книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост”.

The post Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>

Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот Димитар Ковачевски за лица со попреченост. Веста за смртта ја објавија секретарот за јавни политики на Владата, Васко Кичевски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска кои преку Фејсбук се простија од него.
„Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас. Ти ни ја даде најголемата можност ,да си наш другар, пријател, соборец.Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи. Ќе недостасуваш многу“, напиша Лукаревска на Фејсбук.
Кичевски напиша дека Богоевски ќе остане запаметен како голем борец за лицата со хендикеп.
Со тага и неверување ја примив веста дека нѐ напушти нашиот другар и колега Тео Богоевски. Ти благодариме за твојата долгогодишна заложба и значителен придонес во креирањето политики за интегрирање на лицата со посебни потреби во општеството, порача Кичевски.
Тој заврши Правен факултет, беше храбар човек и отворено зборуваше за својот хендикеп. Тој во мај ја промовираше книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост”.

The post Почина Теодор Богоевски, советник на премиерот за лица со попреченост appeared first on Република.

]]>
Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetnik-od-partijata-na-kurti-uapsen-vo-tirana-za-shverts-na-droga/ Tue, 15 Aug 2023 12:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=672344

Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник Мујеци и четворицата други осомничени, од кои уште еден косовски и тројца албански државјани, полицијата пронашла 11.300 таблети екстази ми, чија пазарна вредност се проценува на околу 400. 000 евра.

Албанската полиција соопшти дека, во рамки на акција именувана како „Панишер 2“, спомената група била уапсена по неколкумесечна истрага, а апсењето се случило претпладнево во центарот на Тирана.

Според полицијата, осомничените ја користеле туристичката сезона за испраќање на пратките со автобуси на релацијата Приштина-Тирана, по што со изнајмени возила. Дрогата била пренесувана низ Тирана и други, главно приморски, градови низ Албанија.

Партијата на Курти, која во општина Приштина е во опозиција, соопшти дека покренала дисциплинска процедура против Мујеци.

The post Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога appeared first on Република.

]]>

Член на Советот на општина Приштина од редовите на владејачката партија на премиерот Албин Курти е еден од петмината уапсени денеска во Тирана при обид од Косово во Албанија да прошверцуваат наркотични средства во вредност од неколку стотици илјади евра, јави дописникот на МИА од Приштина. Кај советникот од редовите на партијата Самоопределување (ВВ), Бесник Мујеци и четворицата други осомничени, од кои уште еден косовски и тројца албански државјани, полицијата пронашла 11.300 таблети екстази ми, чија пазарна вредност се проценува на околу 400. 000 евра. Албанската полиција соопшти дека, во рамки на акција именувана како „Панишер 2“, спомената група била уапсена по неколкумесечна истрага, а апсењето се случило претпладнево во центарот на Тирана. Според полицијата, осомничените ја користеле туристичката сезона за испраќање на пратките со автобуси на релацијата Приштина-Тирана, по што со изнајмени возила. Дрогата била пренесувана низ Тирана и други, главно приморски, градови низ Албанија. Партијата на Курти, која во општина Приштина е во опозиција, соопшти дека покренала дисциплинска процедура против Мујеци.

The post Советник од партијата на Курти уапсен во Тирана за шверц на дрога appeared first on Република.

]]>
Советникот на Зеленски поднесе оставка, предизвика бура реакции со изјавите за смртоносниот напад на Днепар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetnikot-na-zelenski-podnese-ostavka-predizvika-bura-reaktsii-so-izjavite-za-smrtonosniot-napad-na-dnepar/ Tue, 17 Jan 2023 10:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=597802

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, утрово му поднесе оставка на Володимир Зеленски.

Арестович предизвика бура со својата изјава по нападот на Днепар. Арестович претходно беше познат како личност склона кон контроверзни изјави, во кои директно или индиректно се судри со командантите на вооружените сили на Украина, локални политичари итн.

Овој пат тој предизвика бура со својот говор, во кој изјави дека проектилот над градот бил соборен од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа, тој паднал неконтролирано.

Аргументот на кој Арестович ја изградил својата верзија на настаните е особено интересен: „Мојот пријател, поранешен офицер за противвоздушна одбрана, одеше по улицата во моментот на ударот, ми рече дека 100 % слушнал две експлозии и дека се идентификувал првиот како работа на противвоздушната одбрана. До сега не згреши. И беше сигурен дека проектилот е соборен“.

По таа изјава, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, Арестович го опиша како „самољубив никаквец“.

Покрај тоа, тој ги покани Службата за безбедност на Украина и контраразузнавачката служба да одговорат на изјавите на советникот.

Коментарот предизвика бес во Украина, што го натера Арестович да се извини.

„Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите што беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руска ракета погоди станбена зграда“, напиша тој на „Фејсбук“.

Тој потоа го повлече своето извинување преку интернет велејќи дека јасно ставил до знаење во своите првични коментари дека неговиот заклучок е само прелиминарна теорија.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека станбен комплекс во Днепар бил погоден од руска ракета „Х-22“ за која Киев тврди дека нема опрема за пресретнување.

The post Советникот на Зеленски поднесе оставка, предизвика бура реакции со изјавите за смртоносниот напад на Днепар appeared first on Република.

]]>

Советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович, утрово му поднесе оставка на Володимир Зеленски. Арестович предизвика бура со својата изјава по нападот на Днепар. Арестович претходно беше познат како личност склона кон контроверзни изјави, во кои директно или индиректно се судри со командантите на вооружените сили на Украина, локални политичари итн. Овој пат тој предизвика бура со својот говор, во кој изјави дека проектилот над градот бил соборен од украинската противвоздушна одбрана и дека поради тоа, тој паднал неконтролирано. Аргументот на кој Арестович ја изградил својата верзија на настаните е особено интересен: „Мојот пријател, поранешен офицер за противвоздушна одбрана, одеше по улицата во моментот на ударот, ми рече дека 100 % слушнал две експлозии и дека се идентификувал првиот како работа на противвоздушната одбрана. До сега не згреши. И беше сигурен дека проектилот е соборен“. По таа изјава, градоначалникот на Днепар, Борис Филатов, Арестович го опиша како „самољубив никаквец“. Покрај тоа, тој ги покани Службата за безбедност на Украина и контраразузнавачката служба да одговорат на изјавите на советникот. Коментарот предизвика бес во Украина, што го натера Арестович да се извини. „Искрено им се извинувам на жртвите и нивните роднини, жителите на Днепар и сите што беа длабоко повредени од мојата погрешна верзија за причината поради која руска ракета погоди станбена зграда“, напиша тој на „Фејсбук“. Тој потоа го повлече своето извинување преку интернет велејќи дека јасно ставил до знаење во своите првични коментари дека неговиот заклучок е само прелиминарна теорија. Украинското воено воздухопловство соопшти дека станбен комплекс во Днепар бил погоден од руска ракета „Х-22“ за која Киев тврди дека нема опрема за пресретнување.

The post Советникот на Зеленски поднесе оставка, предизвика бура реакции со изјавите за смртоносниот напад на Днепар appeared first on Република.

]]>
Маскиран маж претепал советник од Општина Карпош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maskiran-maz-pretepal-sovetnik-od-opshtina-karposh/ Tue, 01 Nov 2022 14:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=568373

Непознато маскирано лице го нападнало советникот во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески, информираа општинските власти.

Нападот се случил во 7:40 часот пред трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето, од кои му нанел видливи повреди. Инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал, информираат од Општина Карпош.

Оттаму појаснуваат дека Илиески во изминатиот период јавно изразувал несогласување со политиките и одлуките на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Поради неговите ставови, советникот во повеќе наврати се жалеше дека добивал сериозни закани по живот преку СМС пораки од непознати броеви, како и од страна на висок општински функционер во ВМРО-ДПМНЕ во разговор со неговиот татко. Од Илиески се барало да се откаже од советничката функција во Општина Карпош, а за возврат партијата би му ги исплати паушалите до крајот на советничкиот мандат. Доколку не го стори тоа му било порачано дека може да му се случат „лоши работи“. Сите овие закани веќе се пријавени во МВР. Александар Илиески, веднаш по инцидентот беше во полициска станица Карпош каде што даде изјава за физичкиот напад, наведено е во соопштението на Општина Карпош.

The post Маскиран маж претепал советник од Општина Карпош appeared first on Република.

]]>

Непознато маскирано лице го нападнало советникот во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески, информираа општинските власти. Нападот се случил во 7:40 часот пред трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето, од кои му нанел видливи повреди. Инцидентот бил забележан од граѓани кои притрчале на помош, по што напаѓачот избегал, информираат од Општина Карпош. Оттаму појаснуваат дека Илиески во изминатиот период јавно изразувал несогласување со политиките и одлуките на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.