совети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soveti/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 08:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png совети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soveti/ 32 32 „Не оставајте вредни предмети во автомобилот кога паркирате на Водно“, предупредуваат од СВР Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-ostavajte-vredni-predmeti-vo-avtomobilot-koga-parkirate-na-vodno-predupreduvaat-od-svr-skopje/ Mon, 18 Nov 2024 08:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=839013

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, за заштита од имотни деликти, поконкретно за превенција на тешки кражби од моторни возила, соопштија од скопската полиција.

[caption id="attachment_839018" align="aligncenter" width="1600"] фото: МВР[/caption]

Активноста беше спроведена на подрачјето на ПС ОН Карпош, поточно на Средно Водно. Во директни средби и разговори со граѓаните им беше укажано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како торби, лаптопи, ранци, паричници и сл., а секако и препораката да ги заклучуваат своите возила. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци, велат од СВР Скопје.

The post „Не оставајте вредни предмети во автомобилот кога паркирате на Водно“, предупредуваат од СВР Скопје appeared first on Република.

]]>

Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, за заштита од имотни деликти, поконкретно за превенција на тешки кражби од моторни возила, соопштија од скопската полиција. [caption id="attachment_839018" align="aligncenter" width="1600"] фото: МВР[/caption]
Активноста беше спроведена на подрачјето на ПС ОН Карпош, поточно на Средно Водно. Во директни средби и разговори со граѓаните им беше укажано кога ги паркираат нивните моторни возила да не оставаат вредни предмети како торби, лаптопи, ранци, паричници и сл., а секако и препораката да ги заклучуваат своите возила. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци, велат од СВР Скопје.

The post „Не оставајте вредни предмети во автомобилот кога паркирате на Водно“, предупредуваат од СВР Скопје appeared first on Република.

]]>
Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jadat-i-po-15-jajtsa-dnevno-za-podobar-zadnik-ke-im-donese-samo-narusheno-zdravje-i-agresija-predupreduva-nutritsionistot-dineva-jovanovska/ Thu, 17 Oct 2024 13:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=828068

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.

@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵

Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки.

Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.

Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.

Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици:

- Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол
- Замастување на црн дроб
- Згрутчување на крвните садови
- Хормонален дисбаланс
- Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања
- Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе)
- Опстипација (нередовно празнење на цревата)
- Стрес
- Агресија
- Нервоза,

кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.

Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.

Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.

За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини.
Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.

The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.
@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵
Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки. Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.
Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.
Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици: - Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол - Замастување на црн дроб - Згрутчување на крвните садови - Хормонален дисбаланс - Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања - Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе) - Опстипација (нередовно празнење на цревата) - Стрес - Агресија - Нервоза, кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.
Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.
Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.
За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини. Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.
 
The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>
Како да го спречите есенското опаѓање на косата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-go-sprechite-esenskoto-opagane-na-kosata/ Tue, 01 Oct 2024 07:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=821204

Сезонските промени носат различни промени во човековото тело, а една од помалку посакуваните појави е зголеменото опаѓање на косата наесен (а понекогаш и напролет). Стручњаците велат дека, сепак, постојат начини да се намали тој косопад.

Луѓето вообичаено губат околу 100 влакна коса секој ден. Ако, сепак, има повеќе влакна од вообичаено на перницата или на четката за коса при преминот од една сезона во друга, се работи за т.н. сезонско опаѓање на косата. Тоа е нормално и нема простор за грижи. Но, доколку опаѓањето продолжи подолго време, се препорачува посета на трихолог за да се открие вистинската причина.

Сезонскиот косопад се јавува кога Вашиот скалп доживува стрес од температурните промени, што резултира со губење на косата. Есента и пролетта се најчестите периоди за овој тип опаѓање на косата, објаснува Вес Шарптон, фризер и едукатор за брендот „Хејрстори“ (Hairstory).

Косата минува низ неколку циклуси: анаген (фаза на раст), катаген (транзиција), телоген (одмор) и егзоген (опаѓање). Според истражувањата, косата влегува во телоген-фазата во лето, а во егзоген - наесен.

Што точно ја предизвикува оваа транзиција - сè уште не се знае точно, но се смета дека температурните промени го поттикнуваат и катагенот и егзогенот.

Како да се справите со сезонското опаѓање на косата? Најважно, пред сè - е да се внимава на скалпот. Сувиот скалп го зголемува опаѓањето. Затоа, корисно е да се прават регенеративни третмани барем еднаш неделно за време на промената на годишното време.

Третманите со топло масло - особено масла што го поттикнуваат растот на косата, како зелениот чај, рицинусово или масло од здравец, можат значително да помогнат. Брит Дион - стилистка и уметничка директорка на „Аведа“ (Aveda), препорачува и шампон за длабинско чистење.

Урамнотежената исхрана, исто така, игра голема улога.

Одржувањето на оптималните нивоа на клучните хранливи материи за раст на косата може да го спречи сезонското опаѓање. Клучни се хранливите материи како витамин Д-3, железо, цинк, Б-12 и фолна киселина, вели д-р Вилијам Гонак, трихолог.

Нивниот недостаток, како и воспалението предизвикано од сезонските алергии, зголемениот внос на шеќер и намаленото изложување на сонце, може да го зголеми косопадот. Земањето додатоци во исхраната може да помогне. Исто така, треба да се избегнува прекумерна употреба на топлотни алатки и силна боја на коса во овие месеци за да се намали ризикот од иритација на скалпот.

The post Како да го спречите есенското опаѓање на косата? appeared first on Република.

]]>

Сезонските промени носат различни промени во човековото тело, а една од помалку посакуваните појави е зголеменото опаѓање на косата наесен (а понекогаш и напролет). Стручњаците велат дека, сепак, постојат начини да се намали тој косопад. Луѓето вообичаено губат околу 100 влакна коса секој ден. Ако, сепак, има повеќе влакна од вообичаено на перницата или на четката за коса при преминот од една сезона во друга, се работи за т.н. сезонско опаѓање на косата. Тоа е нормално и нема простор за грижи. Но, доколку опаѓањето продолжи подолго време, се препорачува посета на трихолог за да се открие вистинската причина.
Сезонскиот косопад се јавува кога Вашиот скалп доживува стрес од температурните промени, што резултира со губење на косата. Есента и пролетта се најчестите периоди за овој тип опаѓање на косата, објаснува Вес Шарптон, фризер и едукатор за брендот „Хејрстори“ (Hairstory).
Косата минува низ неколку циклуси: анаген (фаза на раст), катаген (транзиција), телоген (одмор) и егзоген (опаѓање). Според истражувањата, косата влегува во телоген-фазата во лето, а во егзоген - наесен. Што точно ја предизвикува оваа транзиција - сè уште не се знае точно, но се смета дека температурните промени го поттикнуваат и катагенот и егзогенот. Како да се справите со сезонското опаѓање на косата? Најважно, пред сè - е да се внимава на скалпот. Сувиот скалп го зголемува опаѓањето. Затоа, корисно е да се прават регенеративни третмани барем еднаш неделно за време на промената на годишното време. Третманите со топло масло - особено масла што го поттикнуваат растот на косата, како зелениот чај, рицинусово или масло од здравец, можат значително да помогнат. Брит Дион - стилистка и уметничка директорка на „Аведа“ (Aveda), препорачува и шампон за длабинско чистење. Урамнотежената исхрана, исто така, игра голема улога.
Одржувањето на оптималните нивоа на клучните хранливи материи за раст на косата може да го спречи сезонското опаѓање. Клучни се хранливите материи како витамин Д-3, железо, цинк, Б-12 и фолна киселина, вели д-р Вилијам Гонак, трихолог.
Нивниот недостаток, како и воспалението предизвикано од сезонските алергии, зголемениот внос на шеќер и намаленото изложување на сонце, може да го зголеми косопадот. Земањето додатоци во исхраната може да помогне. Исто така, треба да се избегнува прекумерна употреба на топлотни алатки и силна боја на коса во овие месеци за да се намали ризикот од иритација на скалпот.

The post Како да го спречите есенското опаѓање на косата? appeared first on Република.

]]>
Скопската Сеизмолошка опсерваторија потсетува: Што да правите во случај на земјотрес https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/skopskata-seizmoloshka-opservatorija-potsetuva-shto-da-pravite-vo-sluchaj-na-zemjotres/ Mon, 23 Sep 2024 12:21:48 +0000 https://republika.mk/?p=819000

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска два часа по полноќ е повод скопската Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет да потсети на тоа какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.

По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, во 2:02 часот по полноќ, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате QR кодот кој ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес, велат од Сеизмолошката опсерваторија.

(Доколку не може да скенирате кликнете тука)

Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека нудат стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица и дека контактот може да се оствари преку нивната фб страница и преку веб страницата https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта seismobsko@pmf.ukim.mk.

Преку соопштението се упатува и апел за пополнување на прашалник за почувствуван земјотрес и се нагласува дека таквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

The post Скопската Сеизмолошка опсерваторија потсетува: Што да правите во случај на земјотрес appeared first on Република.

]]>

Земјотресот што беше почувствуван ноќеска два часа по полноќ е повод скопската Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет да потсети на тоа какви мерки треба да се преземат во случај на посилен земјотрес.
По случениот земјотрес изутринава во град Скопје, во 2:02 часот по полноќ, со локална Рихтерова магнитуда ML=3.4, кој ги вознемири жителите на град Скопје, Велес, Свети Николе и околните населени места, ја користиме оваа прилика да се потсетиме на мерките за заштита од земјотрес. Ве замолуваме да го скенирате QR кодот кој ќе ве упати кон мерките за заштита пред, за време и по случен земјотрес, велат од Сеизмолошката опсерваторија.
(Доколку не може да скенирате кликнете тука) Од Сеизмолошката опсерваторија информираат дека нудат стручни предавања од оваа област на ученици и останати заинтересирани лица и дека контактот може да се оствари преку нивната фб страница и преку веб страницата https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/, или пак на е-пошта seismobsko@pmf.ukim.mk. Преку соопштението се упатува и апел за пополнување на прашалник за почувствуван земјотрес и се нагласува дека таквите податоци се од големо значење за работата на Сеизмолошката опсерваторија.

The post Скопската Сеизмолошка опсерваторија потсетува: Што да правите во случај на земјотрес appeared first on Република.

]]>
Како да ви се јаде помалку благо? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-vi-se-jade-pomalku-blago/ Sun, 04 Aug 2024 16:22:23 +0000 https://republika.mk/?p=802942

Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение... Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците.

Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ - ендорфин и допамин, но само кусо време. Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина.

Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ - производите со протеини. Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати.

Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер.

Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати. Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот којшто води кон желба за благо. Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците.

Следниот совет гласи: Спијте доволно. Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија. Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.

The post Како да ви се јаде помалку благо? appeared first on Република.

]]>

Желбата за слатки често се поврзува со потребата за „утеха“ и подобро расположение... Но, тој „ефект“ не трае долго, па затоа е подобро да го замениме вишокот јагленохидрати со здрава доза протеини, советуваат стручњаците. Според науката, јагленохидратите влијаат на „хормоните на среќата“ - ендорфин и допамин, но само кусо време. Енергијата што ја даваат слатките, бргу се троши и предизвикува нова желба за уште повеќе таква храна, за што поскоро „да ни го врати доброто расположение“. И, тој своевиден „магичен круг“ најчесто води само до зголемување на телесната тежина. Постојат намирници што може да го прекинат тој „круг“ - производите со протеини. Тие помагаат да се урамнотежи нивото на шеќер во крвта и да се намали желбата за шеќер и јаглехидрати. Тоа значи: Повеќе месо, риба, јаткасти плодови, семки, авокадо, природен јогурт, јајца и путер од семки, советува нутриционистката Лили Саутер. Исто така, и лажичка цимет дневно ќе ја намали желбата за јагленохидрати. Тоа го намалува „напливот“ на инсулин после оброкот којшто води кон желба за благо. Додадете малку цимет во храната или чајот, истакнуваат стручњаците. Следниот совет гласи: Спијте доволно. Ако на телото му недостасува сон, тоа ќе бара дополнителни калории во текот на денот, заради повеќе енергија. Истражувањата покажуваат дека, ако човек не спие доволно, дневно внесува и до 400 калории повеќе.

The post Како да ви се јаде помалку благо? appeared first on Република.

]]>
Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-polesno-da-zaspiete-koga-nadvor-ne-se-dishe-od-zheshko/ Sat, 20 Jul 2024 17:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=798618

Екстремните температури и топлината која држи уште долго во ноќта, направи проблеми за многу луѓе кои се борат со несоница. Премногу топлото време и постојаното потење едноставно им го нарушуваат сонот на многумина.

Постојат неколку мали трикови со кои ќе ви се подобри сонот:

Дури и преку ден, затемнете ја спалната соба. Ова ќе спречи прегревање, но и ќе ви овозможи подобро да спиете. Човечкото тело едноставно се буди кога ќе го погоди првиот зрак светлина, а во лето денот трае исклучително долго.

Погрижете се да се истуширате со топол туш пред спиење.

Најдете средство против комарци со убав мирис и ставете го во спалната соба.

Оставете го клима уредот да работи цел ден и намалете ја температурата пред вечер, а исклучете го во текот на ноќта.

При варење, телото произведува енергија и се загрева. Тоа не се големи разлики во температурата, но во лето значи се. Затоа, јадете лесно сварлива храна и избегнувајте шеќери и масти пред спиење.

The post Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко appeared first on Република.

]]>

Екстремните температури и топлината која држи уште долго во ноќта, направи проблеми за многу луѓе кои се борат со несоница. Премногу топлото време и постојаното потење едноставно им го нарушуваат сонот на многумина. Постојат неколку мали трикови со кои ќе ви се подобри сонот: Дури и преку ден, затемнете ја спалната соба. Ова ќе спречи прегревање, но и ќе ви овозможи подобро да спиете. Човечкото тело едноставно се буди кога ќе го погоди првиот зрак светлина, а во лето денот трае исклучително долго. Погрижете се да се истуширате со топол туш пред спиење. Најдете средство против комарци со убав мирис и ставете го во спалната соба. Оставете го клима уредот да работи цел ден и намалете ја температурата пред вечер, а исклучете го во текот на ноќта. При варење, телото произведува енергија и се загрева. Тоа не се големи разлики во температурата, но во лето значи се. Затоа, јадете лесно сварлива храна и избегнувајте шеќери и масти пред спиење.

The post Како полесно да заспиете кога надвор не се дише од жешко appeared first on Република.

]]>
Овие луѓе на плажа се изложени на најголем ризик од инфаркт и мозочен удар, oткрива кардиологот Тасиќ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-luge-na-plazha-se-izlozheni-na-najgolem-rizik-od-infarkt-i-mozochen-udar-otkriva-kardiologot-tasik/ Mon, 15 Jul 2024 18:12:50 +0000 https://republika.mk/?p=794557

Пливањето во студени реки и наглото влегување во вода на овие рекордни жештини може да биде фатално доколку не се почитуваат одредени правила. Кардиологот Небојша Тасиќ на Телевизија Прва зборуваше за опасностите што може да ги предизвика влегувањето во ладна вода на високи температури.

Ретко кој почитува, можеби постарите повеќе, но сепак ретко кој го почитува она што е најважно, а тоа постепеното влегување во водата, телото да се навикне на температурата на водата, дури и кога станува збор за влегување во релативно топла вода, рече Тасиќ.

Тој потенцира дека секое влегување во ладна вода со себе носи големи ризици.

Екстремни се ситуациите кога доаѓа до смрт или давење по инфаркт или мозочен удар во ладна вода. Но, не е реткост луѓето да се пожалат на лекар дека кога влегле во студената вода почувствувале нагло треперење, треска, а потоа имале аритмија, им се завртило...Тоа е еден вид предупредување, но проблемот е што ненадејното влегување во ладна вода може да доведе до спазам на крвните садови. Ова е првата реакција на телото, најпрво има забрзана, а подоцна забавена срцева работа како последица од капењето, истакнува доктор Тасиќ.

Тој потенцира дека колку е потопло надвор, толку е поопасно да се влезе во ладна вода. Доколку долго сте се сончале, објаснува тој, крвните садови се шират, вие сте во една состојба и откако наеднаш влегувате во студена вода го шокирате организмот.

Загрозени се и адолесцентите, кои мислат дека можат сè, особено во комбинација со ноќниот живот, влегувајќи под дејство на некои енергетски пијалоци, алкохол и други супстанци. Потоа се будат околу пладне и се упатуваат право кон водата, тоа се опасни работи, но тешко е да му се објасни на еден млад човек, вели тој.

The post Овие луѓе на плажа се изложени на најголем ризик од инфаркт и мозочен удар, oткрива кардиологот Тасиќ appeared first on Република.

Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zadolzhitelno-da-se-nosi-kapa-krem-za-sonchane-da-se-izbegnuva-topla-zachineta-i-solena-hrana-ijz-so-soveti-za-zheshtinite/ Tue, 09 Jul 2024 15:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=795024

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

УХМР денеска соопшти дека продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде и над 30 степени, наместа и повеќе од 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Кога станува збор за патувањата, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува.

– Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија – на пример лекови за маларија и-или вакцинација – на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате. Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје. Подгответе ја вашата „здравствена чанта“ – сет за прва помош, лекови за хронична терапија -доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислите дека можеби е тешко да се најде во вашата дестинација, пишува на веб-страницата.

Задолжително да се понесе средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка.

Од ИЈЗ нагласуваат дека доколку се следат четири правила, може да се намали веројатноста од инфекција.

– Користете репеленти. Нанесете репеленти – средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 – 50% или icardine , на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците – очи, нос, уста – дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот. Запомнете: репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода – по капење, пливање, нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор – кога се користат истовремено, бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine, имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг, е првото правило на ИЈЗ.

Второто е носење соодветни облека и обувки за време на патувањето.

– Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриена што поголем дел од површината на телото. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер, нагласуваат од ИЈЗ.

Трето правило, според Институтот, е да се користат заштитни мрежи, или граѓаните да одмораат во климатизирани простории.

– За време на патувањето, спијте и одморете се во климатизирани простории или простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мреза за спиење, натопена со инсектициди, препорачуваат од ИЈЗ.

И последното, но, не и помалку важно, доколку граѓаните се разболат, да побараат медицинска помош.

– Ако за време на патувањето развиете треска – 38°С и повеќе, или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Останете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловете или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода, пишува на веб-страницата.

Наведено е дека граѓаните треба да бидат внимателни дали водното тело ги има следните карактеристики: присутност на бариери кои го контролираат пристапот до вода, безбеден простор за деца од претшколска возраст далеку, дали има спасител на плажата и дали има систем за информирање на квалитетот на водата за капење, како и оти водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност – елек за спасување.

– По враќањето од летни патувања, ако се разболите во рок од три недели, задолжително кажете му на вашиот лекар каде и кога сте патувале и кога сте се разболеле. Кај лица кои развиваат симптоми на зика болест, маларија и друго, неопходно е да се спроведат мерки за заштита од каснување од комарци – заштитни мрежи за кревети, прозорци и врати. Доброволното дарување крв се одложува за одредено време по враќањето, нагласуваат од Институтот.

Потребно е да се преземат следните чекори за заштита.

– Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор. Носете широка, лесна и памучна облека со светла – бела боја. Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот. Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено. Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање еден час дневно на топло. Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика, гласат препораките на ИЈЗ.

The post Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините appeared first on Република.

]]>

Граѓаните со себе да носат шише вода, да се разладуваат со вентилатори или клима уреди, да носат лесна, светла и комотна облека, да се тушираат со посвежа или млака вода кога чувствуваат дека им е топло, да се носи капа, шешир или чадор за заштита, доволно да се спие, да се јаде овошје и салати, да се избегнуваат алкохол, кафе, чај, како и топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, препорачува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). УХМР денеска соопшти дека продолжува периодот на сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде и над 30 степени, наместа и повеќе од 40 степени. Особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица, кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Кога станува збор за патувањата, од ИЈЗ препорачуваат граѓаните да се информираат за општата здравствена состојба, заразните заболувањa и потенцијалните ризици по здравјето во подрачјето каде се планира да се патува. – Најмалку еден месец пред да заминете на планираното патување проверете ги препораките за профилактична терапија – на пример лекови за маларија и-или вакцинација – на пример против жолта треска, во подрачјето во кое планирате да патувате. Осигурајте се дека сте ги примиле вашите рутински вакцини, особено бидете во тек со вакциналниот статус на децата со кои патувате. Доколку имате потреба од дополнителни сознанија, консултирајте го вашиот избран лекар или надлежниот Центар за јавно здравје. Подгответе ја вашата „здравствена чанта“ – сет за прва помош, лекови за хронична терапија -доколку има, антипиретици, аналгетици, лекови за гастроинтестинални проблеми и сè што мислите дека можеби е тешко да се најде во вашата дестинација, пишува на веб-страницата. Задолжително да се понесе средства за заштита од инсекти, крем за сончање со заштитен УВ-фактор над 30, алкохолни дезинфекциони средства и здравствената книшка. Од ИЈЗ нагласуваат дека доколку се следат четири правила, може да се намали веројатноста од инфекција. – Користете репеленти. Нанесете репеленти – средства што одбиваат комарци, за тропски области, на пример на база на DEET 30 – 50% или icardine , на непокриените делови на кожата од телото, избегнувајќи ги слузниците – очи, нос, уста – дење и ноќе, внатре и на отворено. Користете ги строго според упатствата на производот. Запомнете: репелентот треба да го нанесувате доволно често во зависност од потењето и изложеноста на вода – по капење, пливање, нанесете го по користење на препарати со заштитен УВ-фактор – кога се користат истовремено, бремени жени, доилки и деца постари од два месеца не треба да користат репеленти на база на DEET или icardine, имајте доволна залиха на репеленти поради можен недостиг, е првото правило на ИЈЗ. Второто е носење соодветни облека и обувки за време на патувањето. – Облеката треба да биде во светла боја, со долги ракави и ногавици, а секогаш кога е можно, носете чорапи и чевли за да биде покриена што поголем дел од површината на телото. Имајте на ум дека комарците касаат дење и ноќе, на отворено и на затворено. Комарците кои ги пренесуваат инфекциите со зика, денга и чикунгуња се најактивни во текот на денот и во самрак, а комарците кои пренесуваат маларија се најактивни во приквечерие и навечер, нагласуваат од ИЈЗ. Трето правило, според Институтот, е да се користат заштитни мрежи, или граѓаните да одмораат во климатизирани простории. – За време на патувањето, спијте и одморете се во климатизирани простории или простории со заштитни мрежи на прозорците и вратите. Доколку спиете на отворено или во простории заштитени од комарци, задолжително спијте под заштитна мреза за спиење, натопена со инсектициди, препорачуваат од ИЈЗ. И последното, но, не и помалку важно, доколку граѓаните се разболат, да побараат медицинска помош. – Ако за време на патувањето развиете треска – 38°С и повеќе, или други симптоми, побарајте медицинска помош. Маларијата и другите тропски болести можат да бидат сериозни и треба веднаш да се лекуваат. Останете безбедни за време на активности на вода. Ако вашите летни патувања вклучуваат активности на вода, бидете внимателни кога пливате, пловете или нуркате, особено во земјите каде што службите за итни случаи можеби не се брзо достапни или нема спасувачи. Избегнувајте пливање во реки. Инфекциите како што се шистозомијаза и лептоспироза се пренесуваат со контакт со слатка вода, пишува на веб-страницата. Наведено е дека граѓаните треба да бидат внимателни дали водното тело ги има следните карактеристики: присутност на бариери кои го контролираат пристапот до вода, безбеден простор за деца од претшколска возраст далеку, дали има спасител на плажата и дали има систем за информирање на квалитетот на водата за капење, како и оти водното тело за капење треба да биде осигурано и безбедно за пливање за сите категории на граѓани, со соодветна означеност на безбедната длабочина. Поставување и спроведување на безбедни прописи за пловење, превоз на патници вклучително и носење на лична опрема за безбедност – елек за спасување. – По враќањето од летни патувања, ако се разболите во рок од три недели, задолжително кажете му на вашиот лекар каде и кога сте патувале и кога сте се разболеле. Кај лица кои развиваат симптоми на зика болест, маларија и друго, неопходно е да се спроведат мерки за заштита од каснување од комарци – заштитни мрежи за кревети, прозорци и врати. Доброволното дарување крв се одложува за одредено време по враќањето, нагласуваат од Институтот. Потребно е да се преземат следните чекори за заштита. – Претпочитајте да пиете безбедна вода за пиење. Водата за пиење треба да биде без мраз, заради превенција од заразни заболувања и настинки. Носете капа со широк обод и очила за сонце со заштитен УВ фактор. Носете широка, лесна и памучна облека со светла – бела боја. Планирајте активности на отворено во поладни периоди од денот, пред 11 и после 17 часот. Одмарајте често и обидете се да останете во сенка кога сте на отворено. Ако правите напорни активности на топло, како што се планинарење или возење велосипед, обидете се да се прилагодите на надворешната температура пред таа активност со вежбање еден час дневно на топло. Ако сте во затворен простор со вклучено ладење од клима уредот, пред да излезете надвор во топла средина исклучете ја климата барем половина час пред тоа, за да полесно се адаптирате на темепературната разлика, гласат препораките на ИЈЗ.  

The post Задолжително да се носи капа, крем за сончање, да се избегнува топла, зачинета и солена храна, ИЈЗ со совети за жештините appeared first on Република.

]]>
Што да правите ако ве фати поплава на пат и додека сте во автомобил https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/shto-da-pravite-ako-ve-fati-poplava-na-pat-i-dodeka-ste-vo-avtomobil/ Wed, 03 Jul 2024 19:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=793199

Силни ветрови проследени со поројни дождови и грмежи, кои резултираа со голем број на паднати дрвја, откорнати покриви и поплави, погодија неколку региони на Балканот во последните две недели.

Од невремето настрадаа Скопскиот, Кривопаланечкиот, Тетовскиот и Кумновскиот регион, а вчера истураше и во Битола. Пораки со предупредувања добија сите кои се наоѓаат на северот на Грција.

Поради сè oва, добро е да се знае што треба да направите доколку ве фати поплава на пат или додека сте во автомобилот:

Останете смирени и отклучете ја вратата - Доколку дождот предизвика нагло покачување на нивото на водата на улицата, најважно е да останете смирени. Oдврзете го појасот и отклучете ги сите врати од автомобилот за да бидете подготвени за брза евакуација доколку е потребно.

Паркирајте на страна - Доколку е изводливо, автомобилот треба да се паркира на страна од патот и да се почека водата да се повлече од патот. Ова е најсигурната опција ако процените дека водата нема брзо да се подигне.

Оставете го возилото доколку се заканува опасност - Доколку нивото на водата се заканува да ја надмине висината на тркалата на автомобилот, најдобро е да го напуштите возилото за да ја избегнете можноста да бидете „заробени“ во автомобилот. Повикајте помош на телефон и засолнете се на побезбедно место, по можност на високо место или на покривот на автомобилот доколку е потребно.

Проверете ја временската прогноза пред да тргнете - Пред да започнете со патувањето, задолжително проверете ја временската прогноза за да избегнете лошо време и потенцијални несреќи додека возите.

Откако невремето ќе престане, а водата ќе се расчисти, битно е да не пробувате сами да го палите или преместувате возилото, доколку во него навлегла вода. Повикајте шлеп служба за мајстор да може да провери дали сè е во ред со моторот, маслото и сите останати делови.

The post Што да правите ако ве фати поплава на пат и додека сте во автомобил appeared first on Република.

]]>

Силни ветрови проследени со поројни дождови и грмежи, кои резултираа со голем број на паднати дрвја, откорнати покриви и поплави, погодија неколку региони на Балканот во последните две недели. Од невремето настрадаа Скопскиот, Кривопаланечкиот, Тетовскиот и Кумновскиот регион, а вчера истураше и во Битола. Пораки со предупредувања добија сите кои се наоѓаат на северот на Грција. Поради сè oва, добро е да се знае што треба да направите доколку ве фати поплава на пат или додека сте во автомобилот: Останете смирени и отклучете ја вратата - Доколку дождот предизвика нагло покачување на нивото на водата на улицата, најважно е да останете смирени. Oдврзете го појасот и отклучете ги сите врати од автомобилот за да бидете подготвени за брза евакуација доколку е потребно. Паркирајте на страна - Доколку е изводливо, автомобилот треба да се паркира на страна од патот и да се почека водата да се повлече од патот. Ова е најсигурната опција ако процените дека водата нема брзо да се подигне. Оставете го возилото доколку се заканува опасност - Доколку нивото на водата се заканува да ја надмине висината на тркалата на автомобилот, најдобро е да го напуштите возилото за да ја избегнете можноста да бидете „заробени“ во автомобилот. Повикајте помош на телефон и засолнете се на побезбедно место, по можност на високо место или на покривот на автомобилот доколку е потребно. Проверете ја временската прогноза пред да тргнете - Пред да започнете со патувањето, задолжително проверете ја временската прогноза за да избегнете лошо време и потенцијални несреќи додека возите. Откако невремето ќе престане, а водата ќе се расчисти, битно е да не пробувате сами да го палите или преместувате возилото, доколку во него навлегла вода. Повикајте шлеп служба за мајстор да може да провери дали сè е во ред со моторот, маслото и сите останати делови.

The post Што да правите ако ве фати поплава на пат и додека сте во автомобил appeared first on Република.

]]>
„Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/navecher-ne-zastanuvajte-ni-na-politsija-soveti-za-patuvane-niz-grtsija/ Thu, 20 Jun 2024 18:40:13 +0000 https://republika.mk/?p=786017

Еден од членовите на групата „Грчка инфо“ сподели корисни совети за сите туристи кои планираат да возат низ Грција.

Сезоната почна, има гужви, нервоза, се случуваат дефекти, измами и сè што оди заедно со зголемената концентрација на сообраќај. Возам активно 25 години, поминав десетици илјади километри во странство, од кои над 25 со автомобил низ Грција. Имам одредени насоки за однесување до кои се придржувам и можеби некој нема да се согласи со мене, а можеби некому ќе му помогне...“, пишува член по име Немања и сподели корисни совети:

1. Секогаш гледајте да имате барем половина резервоар гориво, штом ќе стигне на половина, наполнете го

2. Гледајте секогаш да возите по автопат, ќе стигнете побрзо и ќе го сочувате автомобилот (амортизацијата е сведена на минимум)

3. Не турајте гориво со адитив во слабите автомобили, тоа прави повеќе штета отколку корист

4. Патувајте кога можете, т.е. кога ви одговара, подобро е да влезете во сообраќаен метеж отколку да не стигнете до вашата дестинација (некој не може да вози ноќе, а сака да ја избегне гужвата и седи зад воланот уморен)

5. Во текот на ноќта, не застанувајте за никого, дури ни за полиција, на неосветлени или оддалечени локации. Возете до првата бензинска пумпа или постојка за одмор, а потоа видете за што се работи.

6. Внимавајте на сообраќајните правила бидејќи камерите не можат да се поткупат

7. Секогаш одржувајте растојание од другите возила

8. Пред патувањето проверете го маслото во моторот, маслото во сопирачките и гумите

9. Правете паузи на секои 3-4 часа!

10. Имајте во автомобилот клучеви 17 и 19, ПП уред, резервно тркало и неколку литри вода за ладилникот и доволно вода за пиење

11. Сите можни резервни осигурувачи (знам дека се подразбира, но вреди да се повтори)

12. Задолжително понесете резервен клуч од автомобилот

13. Намалете ја нервозата што е можно повеќе, контролирајте ја возбудата, зголемете ја толеранцијата

The post „Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција appeared first on Република.

]]>

Еден од членовите на групата „Грчка инфо“ сподели корисни совети за сите туристи кои планираат да возат низ Грција. Сезоната почна, има гужви, нервоза, се случуваат дефекти, измами и сè што оди заедно со зголемената концентрација на сообраќај. Возам активно 25 години, поминав десетици илјади километри во странство, од кои над 25 со автомобил низ Грција. Имам одредени насоки за однесување до кои се придржувам и можеби некој нема да се согласи со мене, а можеби некому ќе му помогне...“, пишува член по име Немања и сподели корисни совети: 1. Секогаш гледајте да имате барем половина резервоар гориво, штом ќе стигне на половина, наполнете го 2. Гледајте секогаш да возите по автопат, ќе стигнете побрзо и ќе го сочувате автомобилот (амортизацијата е сведена на минимум) 3. Не турајте гориво со адитив во слабите автомобили, тоа прави повеќе штета отколку корист 4. Патувајте кога можете, т.е. кога ви одговара, подобро е да влезете во сообраќаен метеж отколку да не стигнете до вашата дестинација (некој не може да вози ноќе, а сака да ја избегне гужвата и седи зад воланот уморен) 5. Во текот на ноќта, не застанувајте за никого, дури ни за полиција, на неосветлени или оддалечени локации. Возете до првата бензинска пумпа или постојка за одмор, а потоа видете за што се работи. 6. Внимавајте на сообраќајните правила бидејќи камерите не можат да се поткупат 7. Секогаш одржувајте растојание од другите возила 8. Пред патувањето проверете го маслото во моторот, маслото во сопирачките и гумите 9. Правете паузи на секои 3-4 часа! 10. Имајте во автомобилот клучеви 17 и 19, ПП уред, резервно тркало и неколку литри вода за ладилникот и доволно вода за пиење 11. Сите можни резервни осигурувачи (знам дека се подразбира, но вреди да се повтори) 12. Задолжително понесете резервен клуч од автомобилот 13. Намалете ја нервозата што е можно повеќе, контролирајте ја возбудата, зголемете ја толеранцијата  

The post „Навечер не застанувајте ни на полиција“: Совети за патување низ Грција appeared first on Република.

]]>
Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-josipovik-od-brza-pomosh-sovetuva-shto-prvo-da-se-napiete-ako-na-zheshtinite-vi-padne-pritisokot/ Sat, 08 Jun 2024 09:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=785681

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот.

Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок.

Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.

Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.

The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>

Докторот Небојша Јосиповиќ од Итната помош дава неколку совети како полесно да се поднесе жештината и што да направите во случај вам или на некој близок ви падне притисокот. Тој за РТС изјави дека високите температури лошо се одразуваат на сите хронични заболувања, а чести се колапсите поради падот на крвниот притисок. Јосиповиќ предупредува дека при екстремни горештини први на удар се крвните садови бидејќи се шират, што резултира со пад на крвниот притисок. Ако додека сме надвор почувствуваме дека не можеме да одиме, имаме чувство дека ќе колабираме, нè советува веднаш да се напиеме газиран пијалок.
Најбрзо би било човек да седне или да легне, да ги крене нозете и да се напие нешто газирно како минерална вода, „кока-кола“ и слично. Ако е дома, може да земе и малку солен раствор, да измеша вода и сол, советува д-р Небојша Јосиповиќ.
 
The post Д-р Јосиповиќ од Брза помош советува што прво да се напиете ако на жештините ви падне притисокот appeared first on Република.

]]>
Денеска е најдепресивниот ден во годината, еве неколку совети како да го надминете https://arhiva3.republika.mk/zivot/psihologija/deneska-e-najdepresivniot-den-vo-godinata-eve-nekolku-soveti-kako-da-go-nadminete/ Mon, 15 Jan 2024 09:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=733188

Тажниот или „син“ трет понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината … Ова не се заснова на научни факти, но сепак, многумина чувствуваат емоционални тешкотии и предизвици во зимскиот ден кога температурите сè уште се ниски, деновите се сè уште куси, а празниците се зад нас.

Теоријата за „тажниот син понеделник“ е поставена 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште при Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу коишто и временските услови, долговите, времето по Божиќ и мотивацијата. Формулата на Арнал гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за дните минати од Божиќ, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е за нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.

Прво ме замолија да смислам ден кој според мене е најдобар за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работата и предавањата, сите овие фактори укажаа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен, рече во една прилика д-р Дин Бурнет за „Дејли телеграф“ говорејќи за „тажниот понеделник“.

Тој сепак смета дека таа теорија е научно бесмислена и потенцијално штетна.

Ако знаете нешто за психологијата, менталното здравје или како функционира реалниот свет, „тажниот понеделник“ нема апсолутно никаква смисла!, нагласи тој. – Сепак, долги години во медиумите се следи како да е утврден факт. Неделите по Божиќ се релативно тешки поради лошото време, финансиите се исцрпени поради празниците, нема причина за славење, сите се трудат да се придржуваат до исхраната и слично, додава д-р Бурнет.

Така, првиот совет гласи:

Освежете ги Вашите цели и приоритети! „Тажниот понеделник“ може да биде прилика за повторно сосредоточување на целите и приоритетите за претстојнава година. Поставувањето нови цели или преразгледување и надградба на постоечките може да даде чувство за цел и мотивација.

Натаму, направете план за физичка активност! Телото и умот се поврзани, па и редовното вежбање може да го подобри расположението. Прошетки, трчање низ парк или вежбање на справи може да помогне во ослободувањето на ендорфините – природни телесни супстанции што го намалуваат стресот.

Поврзете се со пријателите и семејството! Поддршката од околината и опкружувањето има клучна улога во борбата против лошото расположение. Денеска е совршен ден за дружење со саканите, заради попријатни чувства и поведар дух.

Работете на Вашето ментално здравје! „Тажниот понеделник“ е и потсетник за грижа за менталното здравје. Можеби е време за разговор со психолог, ако тоа е потребно.

Дозволете си да се опуштите! Не заборавајте на себе си и Вашите потреби. Опуштањето и занимациите коишто исполнуваат и носат радости – без разлика дали тоа е читање книга, гледање филм или медитација – сè тоа е многу препорачливо и пожелно.

Поставете си „дневни цели за среќа“! Наместо да се сосредоточите на еден ден, последниот совет гласи: размислете за поставување дневни цели, за посреќни денови преку цела година. Ова помага да се одржи потребниот позитивен дух.

The post Денеска е најдепресивниот ден во годината, еве неколку совети како да го надминете appeared first on Република.

]]>

Тажниот или „син“ трет понеделник во јануари се смета за најдепресивниот ден во годината … Ова не се заснова на научни факти, но сепак, многумина чувствуваат емоционални тешкотии и предизвици во зимскиот ден кога температурите сè уште се ниски, деновите се сè уште куси, а празниците се зад нас. Теоријата за „тажниот син понеделник“ е поставена 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предавал во вечерното училиште при Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу коишто и временските услови, долговите, времето по Божиќ и мотивацијата. Формулата на Арнал гласи: [V + (D – d)] k TK / M k Na. Притоа, V означува време, D – долгови, d – месечна плата, T е за дните минати од Божиќ, K – денот кога сме се откажале од новогодишните одлуки, M е за нивото на мотивација и N е „параметарот“ за чувството дека треба да направиме нешто.
Прво ме замолија да смислам ден кој според мене е најдобар за да резервирам летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите за резервирање одмор, сеќавајќи се што ми кажаа илјадници луѓе за време на работата и предавањата, сите овие фактори укажаа дека третиот понеделник во јануари е особено депресивен, рече во една прилика д-р Дин Бурнет за „Дејли телеграф“ говорејќи за „тажниот понеделник“.
Тој сепак смета дека таа теорија е научно бесмислена и потенцијално штетна.
Ако знаете нешто за психологијата, менталното здравје или како функционира реалниот свет, „тажниот понеделник“ нема апсолутно никаква смисла!, нагласи тој. – Сепак, долги години во медиумите се следи како да е утврден факт. Неделите по Божиќ се релативно тешки поради лошото време, финансиите се исцрпени поради празниците, нема причина за славење, сите се трудат да се придржуваат до исхраната и слично, додава д-р Бурнет.
Така, првиот совет гласи: Освежете ги Вашите цели и приоритети! „Тажниот понеделник“ може да биде прилика за повторно сосредоточување на целите и приоритетите за претстојнава година. Поставувањето нови цели или преразгледување и надградба на постоечките може да даде чувство за цел и мотивација. Натаму, направете план за физичка активност! Телото и умот се поврзани, па и редовното вежбање може да го подобри расположението. Прошетки, трчање низ парк или вежбање на справи може да помогне во ослободувањето на ендорфините – природни телесни супстанции што го намалуваат стресот. Поврзете се со пријателите и семејството! Поддршката од околината и опкружувањето има клучна улога во борбата против лошото расположение. Денеска е совршен ден за дружење со саканите, заради попријатни чувства и поведар дух. Работете на Вашето ментално здравје! „Тажниот понеделник“ е и потсетник за грижа за менталното здравје. Можеби е време за разговор со психолог, ако тоа е потребно. Дозволете си да се опуштите! Не заборавајте на себе си и Вашите потреби. Опуштањето и занимациите коишто исполнуваат и носат радости – без разлика дали тоа е читање книга, гледање филм или медитација – сè тоа е многу препорачливо и пожелно. Поставете си „дневни цели за среќа“! Наместо да се сосредоточите на еден ден, последниот совет гласи: размислете за поставување дневни цели, за посреќни денови преку цела година. Ова помага да се одржи потребниот позитивен дух.

The post Денеска е најдепресивниот ден во годината, еве неколку совети како да го надминете appeared first on Република.

]]>
„Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-smeete-da-go-pravite-ova-ke-se-udavite-i-vie-spasuvachkata-kristina-otkriva-shto-da-pravite-koga-ke-vidite-davenik/ Sat, 02 Sep 2023 09:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=674658

Кристина Миладиновиќ од Здружението на спасители на вода на Србија во утринската програма на „Курир ТВ“ зборуваше кога е предоцна спасувачот на плажа да реагира, кои се грешките што ги правиме кога ќе видиме давеник и дали морето навистина е толку непредвидливо.

Таа се осврна конкретно на случајот во кој таткото самоиницијативно, односно инстинктивно тргнал да го спаси своето 8-годишно дете, по што се удави, трагедија која неодамна се случи на плажата Лагониси на Ситонија.

Тоа е голем проблем, зошто и покрај природната желба да помогнеме, кога не сме обучени за тоа се ставаме и самите во опасност. Спасувачите се водат по принципот дека никогаш не смееме да ги загрозиме нашите животи за да спасиме некого, бидејќи во такви ситуации може наместо еден да има два смртни случаи. Најдобро е да се повика стручна помош или да се посегне по предметот за кој ќе се држи давеникот, а контактот лице в лице да се избегнува, рече Миладиновиќ.

Таа објаснува дека во тој момент, давеникот не гледа во вас личност која сака да помогне, туку ве гледа како спас, односно како нешто на кое може да се фати и да се качи.

Потенцираше дека има многу луѓе кои не се свесни за потенцијалните ризици што ги носи водата со себе.

The post „Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник appeared first on Република.

]]>

Кристина Миладиновиќ од Здружението на спасители на вода на Србија во утринската програма на „Курир ТВ“ зборуваше кога е предоцна спасувачот на плажа да реагира, кои се грешките што ги правиме кога ќе видиме давеник и дали морето навистина е толку непредвидливо. Таа се осврна конкретно на случајот во кој таткото самоиницијативно, односно инстинктивно тргнал да го спаси своето 8-годишно дете, по што се удави, трагедија која неодамна се случи на плажата Лагониси на Ситонија.
Тоа е голем проблем, зошто и покрај природната желба да помогнеме, кога не сме обучени за тоа се ставаме и самите во опасност. Спасувачите се водат по принципот дека никогаш не смееме да ги загрозиме нашите животи за да спасиме некого, бидејќи во такви ситуации може наместо еден да има два смртни случаи. Најдобро е да се повика стручна помош или да се посегне по предметот за кој ќе се држи давеникот, а контактот лице в лице да се избегнува, рече Миладиновиќ.
Таа објаснува дека во тој момент, давеникот не гледа во вас личност која сака да помогне, туку ве гледа како спас, односно како нешто на кое може да се фати и да се качи. Потенцираше дека има многу луѓе кои не се свесни за потенцијалните ризици што ги носи водата со себе.

The post „Не смеете да го правите ова, ќе се удавите и вие“: Спасувачката Кристина открива што да правите кога ќе видите давеник appeared first on Република.

]]>
Иако е жешко, не чини да се седи по воден костим за капење https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/iako-e-zheshko-ne-chini-da-se-sedi-po-voden-kostim-za-kapene/ Sat, 22 Jul 2023 12:50:37 +0000 https://republika.mk/?p=662763

Докторите предупредуваат дека поради овие три причини мора се пресоблечете при секое излегување од вода.

1. Воспаление на мочниот меур

Наглите промени на температури како што е излегувањето од климатизиран простор или влегување во ладна вода може да бидат виновници за воспаление на меурот. А, мокриот костим за капење е студен пред целосно да се исуши.

Зачестеното мокрење е првиот симптом кој ќе го забележите, како и пецкањето. Докторите препорачуваат да пиете многу течности како би ги исфрлиле бактериите, а топлиот увин чај и свежите овошја и зеленчуци се секогаш добредојдени.

2. Габични инфекции

Инфекциите од овој тип најлесно може да се појават ако се бањате во базен. Најзагрозени се луѓето кои јадат многу слатко, пијат алкохол и имаат ослабен имунитет бидејќи се често изложени на стрес.

Најчести симптоми се црвенилото и чешањето, а проблемот може да се реши само со соодветна терапија од антибиотици.

3. Воспаление на јајници

Воспалението од овој тип е многу често додека сте на одмор, а симптомите најчесто се болки во долниот дел од стомакот, околу јајниците, како и повишена температура.

Тоа мора да се третира со антибиотици препишани од лекар, а за да го спречите неговото појавување избегнувајте студени пијалаци и одење боси.

Ако сепак се соочите со вакво воспаление додека сте на одмор, стомакот почесто загревајте го и изложувајте го на сонце.

Затоа, следен пат кога вашата мајка ќе ви каже дека треба да го пресоблечете мокриот костим по бањањето, не се смејте, туку направете го тоа.

Исто така за да се заштитите од овие појави препорачливо е да земате многу пробиотици пред одморот и додека сте на одмор.

The post Иако е жешко, не чини да се седи по воден костим за капење appeared first on Република.

]]>

Докторите предупредуваат дека поради овие три причини мора се пресоблечете при секое излегување од вода.

1. Воспаление на мочниот меур

Наглите промени на температури како што е излегувањето од климатизиран простор или влегување во ладна вода може да бидат виновници за воспаление на меурот. А, мокриот костим за капење е студен пред целосно да се исуши. Зачестеното мокрење е првиот симптом кој ќе го забележите, како и пецкањето. Докторите препорачуваат да пиете многу течности како би ги исфрлиле бактериите, а топлиот увин чај и свежите овошја и зеленчуци се секогаш добредојдени.

2. Габични инфекции

Инфекциите од овој тип најлесно може да се појават ако се бањате во базен. Најзагрозени се луѓето кои јадат многу слатко, пијат алкохол и имаат ослабен имунитет бидејќи се често изложени на стрес. Најчести симптоми се црвенилото и чешањето, а проблемот може да се реши само со соодветна терапија од антибиотици.

3. Воспаление на јајници

Воспалението од овој тип е многу често додека сте на одмор, а симптомите најчесто се болки во долниот дел од стомакот, околу јајниците, како и повишена температура. Тоа мора да се третира со антибиотици препишани од лекар, а за да го спречите неговото појавување избегнувајте студени пијалаци и одење боси. Ако сепак се соочите со вакво воспаление додека сте на одмор, стомакот почесто загревајте го и изложувајте го на сонце. Затоа, следен пат кога вашата мајка ќе ви каже дека треба да го пресоблечете мокриот костим по бањањето, не се смејте, туку направете го тоа. Исто така за да се заштитите од овие појави препорачливо е да земате многу пробиотици пред одморот и додека сте на одмор.

The post Иако е жешко, не чини да се седи по воден костим за капење appeared first on Република.

]]>
Старински начини за разладување без клима уред https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/starinski-nachini-za-razladuvane-bez-klima-ured/ Mon, 17 Jul 2023 19:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=662446

Македонија и неделава ќе остане во портокалова фаза, предупредување на високи температури и штетен УВ фактор. Бидејќи и претераната употреба на клима уредот за разладување може да биде штетна за вашето здравје, во текот на денот комбинирајте го со овие неколку совети за разладување:

Ова се некои од начините за ефикасно и брзо ладење без клима уред:

Разладете ги зглобовите

Веднаш штом ќе влезете во собата, по подолга прошетка на висока температура, ставете ги зглобовите под ладен млаз вода. Можете исто така да прочитате подлактици. На овој начин ги ладите вените, а докажано е дека колку ни се поладни вените, толку е поладно за нас (и обратно).

Немојте да се туширате со студена вода

На голема топлина, телото ја зголемува својата температура и кога одите под туш со мраз студена вода, едноставно постои голема разлика во температурата. Студениот туш може да ви помогне да се чувствувате попријатно, но штом ќе излезете од кабината и ќе се избришете, веќе сте влажни. Затоа, би било добро да се истуширате со вода што е одреден степен, два под температурата на вашето тело.

Избегнувајте алкохол

За да избегнете дехидрација на организмот, што не е добро во лето, намалете го внесот на алкохолни пијалоци и кафе.

Разладете ги нозете

Изладете ги стапалата затоа што кога стапалата ви се ладни, целото тело ви се лади. Може да се оладите ставајќи ги стапалата во ладна вода или облекувајќи разладени чорапи што сте ги чувале во фрижидер.

Ставете мраз под вентилаторот

Ако сте решиле да користите вентилатор како средство за ладење, задолжително поставете кофа со мраз под неа.

Избегнувајте обилни и тешки оброци

Телото троши многу енергија за варење на вакви оброци, па затоа лесните оброци како што се салатите се препорачуваат во текот на летото.

Носете облека со посветли бои

Темните бои привлекуваат сончева светлина. Би било добро да избегнувате црна боја, подобро е да се одлучите за светло сина, бела или посветла нијанса на пастелни бои.

Отворете ја вратата

Циркулацијата на воздухот е исто толку важна како и свежиот воздух.

Немојте да се разладувате со раце

Можеби звучи чудно, но тоа е многу добар совет. Ако сакате да се изладите, земете вентилатор или поголемо парче хартија. Ладењето со рацете бара многу енергија и ја зголемува температурата на телото.

Консумирате храна која лади

На телесната температура влијае и храната што ја јадеме. Би било добро да се јаде што повеќе храна што содржи многу вода во текот на летото – лубеница, грејпфрут, краставица. Јадете храна што лесно се вари и не заборавајте да пиете многу вода во текот на летото.

The post Старински начини за разладување без клима уред appeared first on Република.

]]>

Македонија и неделава ќе остане во портокалова фаза, предупредување на високи температури и штетен УВ фактор. Бидејќи и претераната употреба на клима уредот за разладување може да биде штетна за вашето здравје, во текот на денот комбинирајте го со овие неколку совети за разладување: Ова се некои од начините за ефикасно и брзо ладење без клима уред:

Разладете ги зглобовите

Веднаш штом ќе влезете во собата, по подолга прошетка на висока температура, ставете ги зглобовите под ладен млаз вода. Можете исто така да прочитате подлактици. На овој начин ги ладите вените, а докажано е дека колку ни се поладни вените, толку е поладно за нас (и обратно).

Немојте да се туширате со студена вода

На голема топлина, телото ја зголемува својата температура и кога одите под туш со мраз студена вода, едноставно постои голема разлика во температурата. Студениот туш може да ви помогне да се чувствувате попријатно, но штом ќе излезете од кабината и ќе се избришете, веќе сте влажни. Затоа, би било добро да се истуширате со вода што е одреден степен, два под температурата на вашето тело.

Избегнувајте алкохол

За да избегнете дехидрација на организмот, што не е добро во лето, намалете го внесот на алкохолни пијалоци и кафе.

Разладете ги нозете

Изладете ги стапалата затоа што кога стапалата ви се ладни, целото тело ви се лади. Може да се оладите ставајќи ги стапалата во ладна вода или облекувајќи разладени чорапи што сте ги чувале во фрижидер.

Ставете мраз под вентилаторот

Ако сте решиле да користите вентилатор како средство за ладење, задолжително поставете кофа со мраз под неа.

Избегнувајте обилни и тешки оброци

Телото троши многу енергија за варење на вакви оброци, па затоа лесните оброци како што се салатите се препорачуваат во текот на летото.

Носете облека со посветли бои

Темните бои привлекуваат сончева светлина. Би било добро да избегнувате црна боја, подобро е да се одлучите за светло сина, бела или посветла нијанса на пастелни бои.

Отворете ја вратата

Циркулацијата на воздухот е исто толку важна како и свежиот воздух.

Немојте да се разладувате со раце

Можеби звучи чудно, но тоа е многу добар совет. Ако сакате да се изладите, земете вентилатор или поголемо парче хартија. Ладењето со рацете бара многу енергија и ја зголемува температурата на телото.

Консумирате храна која лади

На телесната температура влијае и храната што ја јадеме. Би било добро да се јаде што повеќе храна што содржи многу вода во текот на летото – лубеница, грејпфрут, краставица. Јадете храна што лесно се вари и не заборавајте да пиете многу вода во текот на летото.

The post Старински начини за разладување без клима уред appeared first on Република.

]]>
Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sostojki-shto-gi-imate-po-doma-a-mozhe-da-pomognat-protiv-izgorenitsi/ Sun, 09 Jul 2023 16:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=659431

Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме.

Доколку се случи тоа, има неколку природни методи, кои можат да ни помогнат. Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно, во период од 15 до 20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа.

Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне. Густата течност од растението алое, исто така, ги намалува црвенилото и болката од изгореницата.

Пресечете неои од подебелите листови на растението и течноста се нанесува пет до шест пати дневно и тоа се повторува во тек на неколку дена.

The post Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници appeared first on Република.

]]>

Изгорениците од сончевите зраци се чести во летниот период, без оглед колку и какви мерки преземаме. Доколку се случи тоа, има неколку природни методи, кои можат да ни помогнат. Еден од нив е премачкување со неколку лажици готварска сода и млака вода, сразмерно, во период од 15 до 20 минути. Потоа, изгореното место да не се брише со крпа. Овесните снегулки се друг начин. Една чаша овес се става во млака вода и така добиената смеса се истура на кожата за таа да омекне. Густата течност од растението алое, исто така, ги намалува црвенилото и болката од изгореницата. Пресечете неои од подебелите листови на растението и течноста се нанесува пет до шест пати дневно и тоа се повторува во тек на неколку дена.

The post Состојки што ги имате по дома, а може да помогнат против изгореници appeared first on Република.

]]>
Со неколку метални денари, вода и кесе ослободете се од мувите засекогаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/so-nekolku-metalni-denari-voda-i-kese-oslobodete-se-od-muvite-zasekogash/ Thu, 08 Jun 2023 10:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=649106

Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот.

За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.

Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.

Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен.

https://youtu.be/19gHB9JJeXs

The post Со неколку метални денари, вода и кесе ослободете се од мувите засекогаш appeared first on Република.

]]>

Со топлото време се буди и природата, што значи и зголемување на бројот на инсекти, како што се мувите, во и околу домот. За да се ослободите од несаканите „натрапници“, Андреја Жан, која пренесува бројни совети за чистење и уредување на домот, овојпат споделува трик со монети, вода и ќесе за замрзнување.
Значи, ставете ги паричките во ќесето и додајте вода за тие да пловат во неа. Ќесето се закачува на влезната врата или пред прозорецот, вели Жан.
Луѓето велат дека овој необичен трик, всушност е навистина делотворен. https://youtu.be/19gHB9JJeXs

The post Со неколку метални денари, вода и кесе ослободете се од мувите засекогаш appeared first on Република.

]]>
Седум знаци дека вашето тело е полно со токсини и како да си помогнете https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/sedum-znatsi-deka-vasheto-telo-e-polno-so-toksini-i-kako-da-si-pomognete/ Sun, 14 May 2023 14:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=629087

Гадење, осип на кожата, главоболки, замор се само дел од симптомите кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини, велат експертите.

1. Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Доколку имате проблеми со спиењето треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган.

Пробајте пијалоци направени од брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб. Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа внесете
во исхраната што е можно повеќе намирници богати со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

2. Летаргија

Ако се будите уморни и летаргични, a уморот ве следи во текот на денот, треба да размислите за детоксикација.

Нема да го решите проблемот ако недостатокот на енергија го надоместувате со кофеин. Напротив, само ќе ја влошите состојбата. Јадете многу житарки бидејќи се богати со витамини од групата Б, кои влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.

3. Главоболки

Хроничните главоболки, исто така, може да укажуваат на прекумерна количина на токсини во телото.

Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. За време на процесот на детоксикација, главоболките може прво да се влошат, но штом токсините ќе се исфрлат од телото, тие треба веднаш да исчезнат.

4. Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот бидејќи се што не е во ред се исфрла на неговата површина.

5. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на отров во телото.

Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз што го опфаќа јазикот. Ако површината на јазикот е видливо бела или има жолт слој, дигестивниот тракт се бори против токсините.

6. Масно ткиво на стомакот

Токсините кои ги внесувате преку храната и пијалоците, но и токсините кои ги вдишувате, помагаат во акумулацијата на масно ткиво на абдоменот. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

7. Жештина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е преку потењето. Кога има премногу отров во телото, тоа ќе се „прегрее“ обидувајќи се да ги исфрли со потење, поради што постојано може да се чувствувате жешко, дури и кога надвор е ладно.

The post Седум знаци дека вашето тело е полно со токсини и како да си помогнете appeared first on Република.

]]>

Гадење, осип на кожата, главоболки, замор се само дел од симптомите кои покажуваат дека вашето тело е полно со токсини, велат експертите.

1. Несоница

Несоницата е една од главните последици од акумулацијата на токсините во телото. Доколку имате проблеми со спиењето треба да го проверите црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на тој орган. Пробајте пијалоци направени од брокула, карфиол и сличен зеленчук кои го чистат црниот дроб. Црниот дроб обично ги неутрализира токсините, затоа внесете во исхраната што е можно повеќе намирници богати со сулфур, а лукот е најдобар за тоа.

2. Летаргија

Ако се будите уморни и летаргични, a уморот ве следи во текот на денот, треба да размислите за детоксикација. Нема да го решите проблемот ако недостатокот на енергија го надоместувате со кофеин. Напротив, само ќе ја влошите состојбата. Јадете многу житарки бидејќи се богати со витамини од групата Б, кои влијаат на менталните функции како концентрацијата и меморијата.

3. Главоболки

Хроничните главоболки, исто така, може да укажуваат на прекумерна количина на токсини во телото. Задржувањето на токсините е една од најголемите причини за главоболки и мигрена. За време на процесот на детоксикација, главоболките може прво да се влошат, но штом токсините ќе се исфрлат од телото, тие треба веднаш да исчезнат.

4. Проблеми со кожата

Доколку забележите осип или мозолчиња на вашата кожа, време е за детоксикација. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот бидејќи се што не е во ред се исфрла на неговата површина.

5. Жолт или бел јазик

Јазикот е важен индикатор за откривање на количината на отров во телото. Храната која содржи токсини може да ја наруши деликатната слуз што го опфаќа јазикот. Ако површината на јазикот е видливо бела или има жолт слој, дигестивниот тракт се бори против токсините.

6. Масно ткиво на стомакот

Токсините кои ги внесувате преку храната и пијалоците, но и токсините кои ги вдишувате, помагаат во акумулацијата на масно ткиво на абдоменот. Тие можат да се отстранат само со детоксикација.

7. Жештина

Еден од природните начини на кои телото ги исфрла токсините е преку потењето. Кога има премногу отров во телото, тоа ќе се „прегрее“ обидувајќи се да ги исфрли со потење, поради што постојано може да се чувствувате жешко, дури и кога надвор е ладно.

The post Седум знаци дека вашето тело е полно со токсини и како да си помогнете appeared first on Република.

]]>
Екперт за безбедност предупредува: Овие четири работи не ги носете во паричник https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ekpert-za-bezbednost-predupreduva-ovie-chetiri-raboti-ne-gi-nosete-vo-parichnik/ Thu, 04 May 2023 18:15:29 +0000 https://republika.mk/?p=636815

Губењето или кражба на паричник може да значи многу неволји, па за полесно справување со тоа стручњаците советуваат дека некои работи никогаш не се чуваат во паричникот.

1. Сметки

Брендон Кинг е основач на приватната служба за безбедност на домот, „Хоум секјурити хироус“ (Home Security Heroes). Тој вели дека не треба да се чуваат сметките в паричник бидејќи тие може да се користат за извлекување подробности за трансакциите, за банкарски сметки, па дури и за навиките за купување.

Вештиот измамник може да ги искористи Вашите сметки за да се јави во компанијата на вашата кредитна картичка и да добие повеќе податоци за сметката, вели Кинг.

2. Кредитни картички

Доколку се носи кредитна картичка в паричник, постои поголема опасност „да потрошите повеќе пари“ отколку што е планирано. Ако пак, таа оставне дома, корисникот полесно ќе ја следи потрошувачката, советуваат стручњаците.

3. Лозинки

Ова е веројатно очигледно и се подразбира за многумина, но сепак некои луѓе чуваат важни лозинки, ПИН-кодови на картички или за врати во паричникот.

Не правете го тоа. Не ја запишувајте лозинката ниту на хартија. Чувањето список со лозинки, ПИН-кодови или шифра за клуч во Вашиот паричник е голема опасност за (кражба на) идентитетот, што му олеснува на крадецот во кражбата, предупредува Кинг.

4. Клучеви

Иако изгледа прилично погодно да чувате клуч во паричникот, и тоа не е безбедна опција, особено затоа што во паричникот има и документи со Вашата адреса, што полесно води до Вашиот дом.

Ако ги загубите клучевите, мора да ги смените и бравите на вратите, па трошокот ќе биде многу поголем, вели Вејн Бехтол, виш даночен сметководител.

Освен тоа, доколку има повеќе картички, готовина и документи, паричникот вообичаено изгледа понадуен, па и „попривлечна мета“ за крадците.

The post Екперт за безбедност предупредува: Овие четири работи не ги носете во паричник appeared first on Република.

Туберкулозата иако звучи како болест од минатото, и денес претставува проблем, но се лекува https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/tuberkulozata-iako-zvuchi-kako-bolest-od-minatoto-i-denes-pretstavuva-problem-no-se-lekuva/ Fri, 24 Mar 2023 08:24:26 +0000 https://republika.mk/?p=623098

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата (ТБ), која можеби звучи како болест од минатото, но ТБ претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест.

Туберкулозата е излечива болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Болеста обично ги оштетува белите дробови, но некогаш може да оштети и други делови од телото, на пример, лимфните жлезди, бубрезите, коските, итн.

BcG вакцината штити од тешки форми на туберкулоза и е безбедна и ефикасна, особено за децата.

Министерството за здравство споделува совети околу превенцијата од заразата со ТБ.

Како се пренесува туберкулозата?

Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт.
Кога заразените со активна форма на болеста кашлаат, киваат или плукаат, исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. „Активна“ значи дека микробите на ТБ се размножуваат и се шират во вашето тело. Затоа, лекарите ги советуваат оние кои имаат активна туберкулоза да останат дома и подалеку од другите луѓе колку што е можно повеќе, се додека не бидат повеќе заразни за околината. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии но сѐ уште не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат истата.

Како да ја препознаете?

Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци.

Како да го спречиме пренесувањето?

Ако имате активна форма на туберкулоза, мора веднаш да се лекувате. Ова може да вклучува земање на поголем број на антибиотски лекови во времетраење од 6 до 12 месеци. Важно е да ги земате сите лекови, како што ви се препишани од вашиот лекар, во текот на целиот временски период - дури и ако се чувствувате подобро.

Ако имате латентна ТБ, не можете да ја пренесете болеста на други, но, вашиот лекар сепак може да препорача да земате лекови за да ги спречите бактериите да станат активни.

Следете ги овие совети за да спречите другите да заболат од ТБ во текот на првите неколку недели од третманот или додека лекарот не каже дека повеќе не сте заразни:

• Земајте ги сите лекови редовно како што ви се препишани, се додека лекарот не одлучи да ја прекине терапијата
• Одете на редовни контроли кај вашиот лекар
• Секогаш покривајте ја устата со марамче кога кашлате или кивате.
• Измијте ги рацете по кашлање или кивање.
• Не посетувајте други луѓе и не ги повикувајте да ве посетат.
• Останете дома. Не одете на работа, училиште или други јавни места.
• Користете вентилатор или отворени прозорци за да се движи свеж воздух низ просторијата во која престојувате.
• Не користете јавен превоз.

The post Туберкулозата иако звучи како болест од минатото, и денес претставува проблем, но се лекува appeared first on Република.

]]>

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против туберкулозата (ТБ), која можеби звучи како болест од минатото, но ТБ претставува проблем и денес. Како и со сите здравствени состојби, превенцијата е секогаш подобра од лек. Иако не постои сигурен начин целосно да се спречи ширењето на туберкулозата во овој момент, постојат голем број мерки што може да се преземат за да се намали ширењето на оваа болест. Туберкулозата е излечива болест што ја предизвикува инфекција со бактеријата Mycobacterium tuberculosis. Болеста обично ги оштетува белите дробови, но некогаш може да оштети и други делови од телото, на пример, лимфните жлезди, бубрезите, коските, итн. BcG вакцината штити од тешки форми на туберкулоза и е безбедна и ефикасна, особено за децата. Министерството за здравство споделува совети околу превенцијата од заразата со ТБ. Како се пренесува туберкулозата? Лицето кое ја има активната форма на болеста во белите дробови може да ја пренесе низ воздухот на другите лица со кои е во близок контакт. Кога заразените со активна форма на болеста кашлаат, киваат или плукаат, исфрлаат бацили-микроби на ТБ во воздухот. Едно лице е потребно да вдише само неколку од овие бактерии за да биде заразено. „Активна“ значи дека микробите на ТБ се размножуваат и се шират во вашето тело. Затоа, лекарите ги советуваат оние кои имаат активна туберкулоза да останат дома и подалеку од другите луѓе колку што е можно повеќе, се додека не бидат повеќе заразни за околината. Околу една четвртина од светската популација има латентна ТБ, што значи дека луѓето биле заразени со ТБ бактерии но сѐ уште не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат истата. Како да ја препознаете? Кога некое лице развива активна болест на ТБ, симптомите како треска, кашлица, ноќно потење или губење на тежина можат да бидат лесни-непрепознатливи неколку месеци. Како да го спречиме пренесувањето? Ако имате активна форма на туберкулоза, мора веднаш да се лекувате. Ова може да вклучува земање на поголем број на антибиотски лекови во времетраење од 6 до 12 месеци. Важно е да ги земате сите лекови, како што ви се препишани од вашиот лекар, во текот на целиот временски период - дури и ако се чувствувате подобро. Ако имате латентна ТБ, не можете да ја пренесете болеста на други, но, вашиот лекар сепак може да препорача да земате лекови за да ги спречите бактериите да станат активни. Следете ги овие совети за да спречите другите да заболат од ТБ во текот на првите неколку недели од третманот или додека лекарот не каже дека повеќе не сте заразни: • Земајте ги сите лекови редовно како што ви се препишани, се додека лекарот не одлучи да ја прекине терапијата • Одете на редовни контроли кај вашиот лекар • Секогаш покривајте ја устата со марамче кога кашлате или кивате. • Измијте ги рацете по кашлање или кивање. • Не посетувајте други луѓе и не ги повикувајте да ве посетат. • Останете дома. Не одете на работа, училиште или други јавни места. • Користете вентилатор или отворени прозорци за да се движи свеж воздух низ просторијата во која престојувате. • Не користете јавен превоз.

The post Туберкулозата иако звучи како болест од минатото, и денес претставува проблем, но се лекува appeared first on Република.

]]>