Совет за унапредување на образованието и науката Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 14:44:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет за унапредување на образованието и науката Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжува да прави паралелни тела на постоечките институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vlasta-prodolzuva-da-pravi-paralelni-tela-na-postoechkite-institucii/ Thu, 06 Oct 2022 14:44:12 +0000 https://republika.mk/?p=558062

Од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека продолжува тенденцијата на правење паралелни тела на постоечките институции.

Вчера Владата донесе нова скандалозна одлука, да се формира посебен Совет за унапредување на образованието и науката.

Прашуваме, зошто е потребен ваков совет, кога постои Министерството за образование и наука и низа други институции во кои има по стотици вработени и раководен кадар кои добиваат плата за да креираат политики за унапредување на овие области?

Уште потрагично е кој ќе го води овој совет. Владиниот претседател Таче, заедно со оние главните во неговата Влада, неколку министри на ДУИ – Груби, Бесими и Шаќири.

Дружина која ја доведе државата на ова дереџе на кое сме во моментов - велат од Комисијата.

Оттаму додаваат дека таквите постапки придонесуваат граѓаните на Македонија да бидат исмевани на меѓународна сцена, потчинети од соседите, осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај.

Дружина која создаде хаотично образование, без книги и без наставни помагала.
Без струја и греење во училиштата. Без превоз за ученици на кои ова право им следува...

Без пари за проекти на научниците. Разочарани професори на факултетите кои секојдневно протестираат.

Е, истите тие политички истрошени лица на кои поради бројните измами и неверства кон граѓаните, не може да им се верува, сега ќе глумат експерти во Совет за унапредување на образованието и науката и веројатно ќе добиваат огромен хонорар за тоа.

Ќе работат во тело кое ќе го замени МОН, како што Комисијата за историски и образовни прашања го замени и етапно го згаснува ИНИ и за оваа мисија нејзините членови досега добија награда во износ од над 240 илјади евра.

Епа, доста е!
Доста е од глупости и кражби!
Време е за избори!
Време е оваа Влада да си замине! - се наведува во реакцијата на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжува да прави паралелни тела на постоечките институции appeared first on Република.

]]>

Од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, обвинуваат дека продолжува тенденцијата на правење паралелни тела на постоечките институции.
Вчера Владата донесе нова скандалозна одлука, да се формира посебен Совет за унапредување на образованието и науката.   Прашуваме, зошто е потребен ваков совет, кога постои Министерството за образование и наука и низа други институции во кои има по стотици вработени и раководен кадар кои добиваат плата за да креираат политики за унапредување на овие области?   Уште потрагично е кој ќе го води овој совет. Владиниот претседател Таче, заедно со оние главните во неговата Влада, неколку министри на ДУИ – Груби, Бесими и Шаќири.   Дружина која ја доведе државата на ова дереџе на кое сме во моментов - велат од Комисијата.
Оттаму додаваат дека таквите постапки придонесуваат граѓаните на Македонија да бидат исмевани на меѓународна сцена, потчинети од соседите, осиромашени граѓани кои едвај врзуваат крај со крај.
Дружина која создаде хаотично образование, без книги и без наставни помагала. Без струја и греење во училиштата. Без превоз за ученици на кои ова право им следува...   Без пари за проекти на научниците. Разочарани професори на факултетите кои секојдневно протестираат.   Е, истите тие политички истрошени лица на кои поради бројните измами и неверства кон граѓаните, не може да им се верува, сега ќе глумат експерти во Совет за унапредување на образованието и науката и веројатно ќе добиваат огромен хонорар за тоа.   Ќе работат во тело кое ќе го замени МОН, како што Комисијата за историски и образовни прашања го замени и етапно го згаснува ИНИ и за оваа мисија нејзините членови досега добија награда во износ од над 240 илјади евра.   Епа, доста е! Доста е од глупости и кражби! Време е за избори! Време е оваа Влада да си замине! - се наведува во реакцијата на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Власта продолжува да прави паралелни тела на постоечките институции appeared first on Република.

]]>
Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimova-koga-bev-nekoj-faktor-mi-beshe-kazano-deka-premierot-ima-interes-za-otvoranje-nov-univerzitet/ Wed, 05 Oct 2022 13:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=557626

Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет, коментира поранешната пратеничка Лидија Димова на веста дека ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката, со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими.

https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-kovachevski-makedonec-vo-noviot-sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/

Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност... Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава... ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!, пишува таа.

Инаку Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови.

The post Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет appeared first on Република.

]]>

Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет, коментира поранешната пратеничка Лидија Димова на веста дека ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката, со кој ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими. https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-kovachevski-makedonec-vo-noviot-sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/
Од составот на ова тело се гледа дека Советов е осуден на пропаст. Премиерот има интерес за отворање нов универзитет (барем јас кога бев некој фактор ми беше кажано), а другите се занимаваат само со финансии. Каде е СЕП? Да не ја споменувам ни Националната агенција за европски образовни програми и мобилност... Или, ова нема да биде дел од евроинтерациите на нашата држава... ЕУ има милион образовни стратегии што мора да ги следиме!, пишува таа.
Инаку Димова е обвинета дека како директорка на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, заедно со уште две лица злоупотребила 320.000 евра пари од европски фондови.

The post Димова: Kога бев некој фактор ми беше кажано дека премиерот има интерес за отворање нов универзитет appeared first on Република.

]]>
Само Ковачевски Македонец во новиот Совет за унапредување на образованието и науката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-kovachevski-makedonec-vo-noviot-sovet-za-unapreduvanje-na-obrazovanieto-i-naukata/ Wed, 05 Oct 2022 06:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=557442

Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката. Предлогот е на Министерството за образование и наука, а Владата вчера ја усвои информацијата за потребата од формирање на Советот.

Како што информира Министерството за образование и наука, преку Советот ќе се овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираноста на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот.

Одлуката, како што се наведува, е во согласност со направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард и обезбедување на учебници, а во насока на градење јавни и транспрентни политики во образованието.

Со работата на Советот ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.

МОН како транспарентна и одговорна институција која создава можности за учество во креирањето на политиките од сите засегнати страни, ќе ги вклучи претставниците од стратешките партнери на Министерството. Во активностите на Совет ќе учествуваат Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Агенцијата за квалитет во високото образование, Одборот за акредитација на високото образование, Одборот за евалуција на високото образование, студентските собранија, Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно обраование и обука, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат и Центарот за образование на возрасните, стои во соопштението.

Со оваа одлука, како што се наведува, МОН ќе креира политики кои ќе се базираат на информациите за моменталната функционалност на системот на национално ниво, како и на меѓународните истражувања за факторите што придонесуваат за ефективна настава и учење.

The post Само Ковачевски Македонец во новиот Совет за унапредување на образованието и науката appeared first on Република.

]]>

Ќе се формира Совет за унапредување на образованието и науката. Предлогот е на Министерството за образование и наука, а Владата вчера ја усвои информацијата за потребата од формирање на Советот. Како што информира Министерството за образование и наука, преку Советот ќе се овозможи подобрување на квалитетот на образованието и науката, оптимизација во образованието, зајакнување на системите на евалуација и оценување, реформирање на наставните програми со нивна поголема насоченост кон резултатите од учење, подобра ориентираноста на програмите за стручно образование и обука кон потребите на пазарот на трудот, како и програмите во високото образование да ги отсликуваат потребите на пазарот на трудот. Одлуката, како што се наведува, е во согласност со направените сеопфатни анализи за состојбите во основно, средно и високо образование и наука, ученички и студентски стандард и обезбедување на учебници, а во насока на градење јавни и транспрентни политики во образованието. Со работата на Советот ќе претседава премиерот Димитар Ковачевски, а во состав ќе бидат министерот за образование и наука Јетон Шаќири, првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими и Педагошката служба како орган на државната управа во состав на Министерството за образование и наука.