совет за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-kultura/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 09:25:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png совет за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-kultura/ 32 32 Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/formiran-sovetot-za-kultura-struchno-i-sovetodavno-telo-na-ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ Thu, 07 Nov 2024 09:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=835037

Во Порта Македонија вчера се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Членови на Советот за култура се: проф. д-р Ганка Цветанова, проф. академик Вера Битракова Грозданова, проф. Атила Клинче, проф. Андријана Јаневска, оперскиот првенец Игор Дурловски, проф. Рефет Абази, проф. д-р Јован Донев, м-р Дејан Пројковски, проф. Антони Мазневски, Сузана Спасовска – пејач солист првенец, режисерот Сашко Мицевски и писателот Блаже Миневски.

[caption id="attachment_835039" align="alignnone" width="1620"] Зоран Љутков, министер за култура и туризам и проф. д-р Ганка Цветанова / Фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

На првата конститутивна седница, министерот Љутков се заблагодари за присуството и за посветеноста да бидат дел од оваа значајна и одговорна работа, истакнувајќи дека ова тело ќе има клучна улога во обликувањето на културната политика на нашата земја.

Денешнава седница претставува важен момент не само за Министерството, туку и за целата културна сцена на нашата земја, бидејќи вашата улога не е само советодавна, туку и стратешка, зашто вашите препораки и иницијативи ќе бидат основа за важни одлуки кои ќе влијаат врз обликувањето на културните процеси во земјава. Од вашите забелешки, анализи, препораки и сугестии ќе зависат многубројни одлуки и затоа сум убеден дека Советот ќе биде основен столб за трансформација на културата, како и за препознавање и вреднување на нашето културно наследство, рече министерот Љутков.

Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и лица од јавниот и општествениот живот.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура во врска со прашања од неговата законска надлежност.

The post Формиран Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

]]>

Формиран Советот за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/formiran-sovetot-za-kultura/ Tue, 24 Jan 2023 10:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=600409

Во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Бегова, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска.

Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници.

Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност.

Советот за култура се свикува на барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура.

The post Формиран Советот за култура appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Министерството за култура се одржа конститутивна седница на Советот за култура, стручно и советодавно тело на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Членови на Советот за култура се: Ѓунер Исмаил, Бедија Бегова, Бајруш Мјаку, Ивица Зориќ, Валентин Соклевски, Славица Петровска-Галиќ, Томислав Османли, Даница Павловска-Циги, Билјана Црвенковска, Анжелика Апсис и Мила Шурбановска. Членовите на Советот се од редот на истакнати уметници, стручни лица од областа на културата и од јавниот и општествениот живот, по принципот на стручност и компетентност и на соодветната и правична застапеност на граѓаните, кои припаѓаат на сите заедници. Според Законот за култура, улогата на Советот е да му дава мислења на министерот за култура по прашања од неговата законска надлежност. Советот за култура се свикува на барање на министерот. Членовите на Советот се избираат за време на мандатот на министерот за култура.  

The post Формиран Советот за култура appeared first on Република.

]]>