Совет за јавни обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-javni-obviniteli/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 08:20:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет за јавни обвинители Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-javni-obviniteli/ 32 32 Најчевска: Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба сите да се отпуштат од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-ne-treba-da-se-smenat-sudskiot-sovet-i-sovetot-na-javni-obviniteli-treba-site-da-se-otpushtat-od-rabota/ Thu, 15 Aug 2024 08:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=806683

Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители, смета професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ја веста дека по Изет Меџити, членот на Советот на јавните обвинители, призна вина и склучи спогодба со обвинителството, по што беше осуден на условна казна, од Обвинителството откриваат дека и врховниот судија Наке Георгиев поднел предлог за спогодба.

Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители. Треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители. Тие се легло на криминалот, заштитници и поддржувачи на криминалот. Корупцихата и криминалот во Македонија цветаат затоа штонема судии и јавни обвинители кои имаат интелектуален и морален капацитет да се спротистават. Засрамете се сите вие кои склучувате ваква спогодба и сите вие кои молчите за ова, порачува Најчевска.

The post Најчевска: Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба сите да се отпуштат од работа appeared first on Република.

]]>

Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители, смета професорката Мирјана Најчевска коментирајќи ја веста дека по Изет Меџити, членот на Советот на јавните обвинители, призна вина и склучи спогодба со обвинителството, по што беше осуден на условна казна, од Обвинителството откриваат дека и врховниот судија Наке Георгиев поднел предлог за спогодба.
Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители. Треба да се отпуштат од работа сите судии и сите јавни обвинители. Тие се легло на криминалот, заштитници и поддржувачи на криминалот. Корупцихата и криминалот во Македонија цветаат затоа штонема судии и јавни обвинители кои имаат интелектуален и морален капацитет да се спротистават. Засрамете се сите вие кои склучувате ваква спогодба и сите вие кои молчите за ова, порачува Најчевска.

The post Најчевска: Не треба да се сменат судскиот совет и советот на јавни обвинители, треба сите да се отпуштат од работа appeared first on Република.

]]>
Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/objaven-oglasot-za-izbor-na-osnoven-javen-obvinitel-na-ojo-gokk-glasanjeto-na-7-noemvri/ Thu, 06 Oct 2022 10:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=557959

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје.

Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија.

Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.

Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.

Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК.

Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.

Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>

Советот на јавните обвинители објави оглас за избор на обвинители во повеќе обвинителства како и Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје. Ова прв ваков избор по измените на Законот за јавни обвинители, каде согласно член 66 Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Македонија. Како што информира за МИА претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, на 7 ноември обвинителите ќе гласаат, по што се доствавуваат резултатите, а Советот во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати. Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14-ти ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Со одлука на републичкиот јавен обвинител врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, минатиот месец донесе Решение за оддалечување од функцијата на шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против неа, а по претресот во Управата за финансиска полиција од страна на ОЈО ГОКК. Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор. Советот на ЈО објави оглас за избор и на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Гостивар, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Битола, Основното јавно обвинителство Кавадарци, Основното јавно обвинителство Куманово, Основното јавно обвинителство Гостивар и Основното јавно обвинителство Велес.

The post Објавен огласот за избор на Основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК, гласањето на 7 ноември appeared first on Република.

]]>
Русковска по одлуката на Советот: Не сум влијаела на ниту еден предмет, тоа може да прашаат било кој обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-po-odlukata-na-sovetot-ne-sum-vlijaela-na-nitu-eden-predmet-toa-moze-da-prashaat-bilo-koj-obvinitel/ Wed, 24 Aug 2022 11:02:41 +0000 https://republika.mk/?p=543598

Oбвинителката Вилма Русковска не е изненадена од одлуката на Советот за јавни обвинители кој ја потврди одлуката која што ја донесе ОЈО.

Таа убедува дека не влијаела на ниту еден предмет и дека тоа може да прашаат  било кој обвинител

За тоа како ќе заврши кривичната постапка која се води против неа,Русковска рече:

Тоа не можам да знам. Не сакам да коментирам, си постапува обвинител, негова ќе си биде одлуката“-вели Русковска за „А1.он“.

Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.

Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите.

Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-sovetot-na-javni-obviniteli-ja-drzi-stranata-na-joveski-odbiena-zalbata-na-ruskovska-suspenzijata-ostanuva/

 

The post Русковска по одлуката на Советот: Не сум влијаела на ниту еден предмет, тоа може да прашаат било кој обвинител appeared first on Република.

]]>

Oбвинителката Вилма Русковска не е изненадена од одлуката на Советот за јавни обвинители кој ја потврди одлуката која што ја донесе ОЈО. Таа убедува дека не влијаела на ниту еден предмет и дека тоа може да прашаат  било кој обвинител За тоа како ќе заврши кривичната постапка која се води против неа,Русковска рече:
Тоа не можам да знам. Не сакам да коментирам, си постапува обвинител, негова ќе си биде одлуката“-вели Русковска за „А1.он“. Со ова обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.
Седницата на Советот на ЈО, за време на дискусијата по жалбата на јавниот обвинител на ОЈО ГОКК Вилма Русковска, беше затворена за јавноста, за како што појасни претседателот на Советот Јолевски, заштита на интегритетот на сите јавните обвинители и предметите, кои се дел од списите. Советот на ЈО работи со осум од 11 члена, бидејќи двајца се пензионирани и се уште нема избрано нови, а обвинителот Љубомир Јовески не присуствуваше поради конфликт на интереси. https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-zivo-sovetot-na-javni-obviniteli-ja-drzi-stranata-na-joveski-odbiena-zalbata-na-ruskovska-suspenzijata-ostanuva/  

The post Русковска по одлуката на Советот: Не сум влијаела на ниту еден предмет, тоа може да прашаат било кој обвинител appeared first on Република.

]]>