Совет за безбедност на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-bezbednost-na-on/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 08:44:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет за безбедност на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-za-bezbednost-na-on/ 32 32 Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува предлогот на Израел за прекин на огнот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-usvoi-amerikanska-rezolutsija-shto-go-poddrzhuva-predlogot-na-izrael-za-prekin-na-ognot/ Tue, 11 Jun 2024 06:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=786412

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата.

Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана.

Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите направени на текстот, објави Тајмс оф Израел.
Палестинската исламистичка група Хамас, нејзиниот сојузник - групата Исламски џихад - и нивниот ривал Палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја поздравија резолуцијата усвоена од СБ на ОН со која се поддржува предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во соопштението Хамас објави дека е подготвен да соработува со посредниците за спроведување на принципите содржани во планот

The post Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува предлогот на Израел за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува последниот предлог на Израел за прекин на огнот и ослободување на заложниците, и го повикува палестинскиот Хамас да ја прифати понудата. Вкупно 14 членки на Советот за безбедност на ОН гласаа за резолуцијата, ниту една против, додека Русија беше воздржана. Израел минатата недела го изрази своето противење на резолуцијата, изразувајќи незадоволство од некои од амандманите направени на текстот, објави Тајмс оф Израел. Палестинската исламистичка група Хамас, нејзиниот сојузник - групата Исламски џихад - и нивниот ривал Палестинската управа на претседателот Махмуд Абас ја поздравија резолуцијата усвоена од СБ на ОН со која се поддржува предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа. Во соопштението Хамас објави дека е подготвен да соработува со посредниците за спроведување на принципите содржани во планот

The post Советот за безбедност на ОН усвои американска резолуција што го поддржува предлогот на Израел за прекин на огнот appeared first on Република.

]]>
Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grtsija-izbrana-za-nepostojana-chlenka-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Fri, 07 Jun 2024 07:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=785388

Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА.

Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело на Обединетите нации.

Советот за безбедност на ОН е единственото тело на ОН кое има моќ да донесува обврзувачки резолуции според меѓународното право, потсетува германската агенција.

САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција се петте постојани членки на Советот, од кои сите имаат право да стават вето на која било одлука или мерка, а десетте непостојани членки на советот, секоја избрана на две години, имаат многу помало влијание.

Поранешниот премиер на Камерун, Филемон Јанг, ноќеска, исто така, е избран за нов претседател  на Генералното собрание на ОН, и тој во следната година ќе ја извршува оваа главно церемонијалната функција, јави ДПА.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Јанг е „горд Африканец посветен на иднината на својот континент“, со богато искуство.

„Со нетрпение очекувам тесно да соработувам со него додека тој ги обединува земјите-членки околу заедничките решенија кои можат да испорачаат правда во Африка и светот во развој“, додаде генералниот секретар на ОН

The post Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Данска, Грција, Пакистан, Панама и Сомалија ќе бидат следните пет непостојани членки на Советот за безбедност на ОН, во период од две години, што ќе почне од 2025 година, јави ДПА. Генералното собрание на Обединетите нации ноќеска ги избра петте нови членки, кои ќе ги заменат Еквадор, Јапонија, Малта, Мозамбик и Швајцарија во ова тело на Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН е единственото тело на ОН кое има моќ да донесува обврзувачки резолуции според меѓународното право, потсетува германската агенција. САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција се петте постојани членки на Советот, од кои сите имаат право да стават вето на која било одлука или мерка, а десетте непостојани членки на советот, секоја избрана на две години, имаат многу помало влијание. Поранешниот премиер на Камерун, Филемон Јанг, ноќеска, исто така, е избран за нов претседател  на Генералното собрание на ОН, и тој во следната година ќе ја извршува оваа главно церемонијалната функција, јави ДПА. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Јанг е „горд Африканец посветен на иднината на својот континент“, со богато искуство. „Со нетрпение очекувам тесно да соработувам со него додека тој ги обединува земјите-членки околу заедничките решенија кои можат да испорачаат правда во Африка и светот во развој“, додаде генералниот секретар на ОН

The post Грција избрана за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napadot-na-shatorite-polni-begaltsi-deneska-na-itna-sednitsa-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Tue, 28 May 2024 05:45:45 +0000 https://republika.mk/?p=782228

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.

Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА.

Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе.

Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.

The post Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединетите Нации денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа. Итниот состанок беше побаран од Алжир, а поддржан од Словенија, соопштија дипломати, пренесува ДПА. Здравствените власти на Хамас во Газа соопштија дека 45 лица загинале, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе. Повеќето од жртвите на воздушниот напад се жени и деца, соопштија здравствените власти, опишувајќи го инцидентот како „масакр“.

The post Нападот на шаторите полни бегалци денеска на итна седница Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-sostojbata-vo-bosna-mozhelo-da-rasprava-sovetot-za-bezbednost-na-on-za-navodniot-genotsid-vo-srebrenitsa-go-ostavija-na-generalnoto-sobranie/ Mon, 29 Apr 2024 10:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=772144

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.

Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија

The post За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание appeared first on Република.

]]>

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија. Како што јави Н1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден. На седниците на Советот за безбедност на ОН, списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји членки на Советот за безбедност на ОН. Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на СБ на ОН ќе се обрати и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, но преку видеоврска бидејќи не побарала виза за САД. За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН. Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачич, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија

The post За состојбата во Босна можело да расправа Советот за Безбедност на ОН, за наводниот геноцид во Сребреница го оставија на Генералното собрание appeared first on Република.

]]>
Треба ли Македонија да се кандидира за непостојана членка на Советот на безбедност на Обединетите нации? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/treba-li-makedonija-da-se-kandidira-za-nepostojana-chlenka-na-sovetot-na-bezbednost-na-obedinetite-natsii/ Mon, 15 Apr 2024 06:55:39 +0000 https://republika.mk/?p=766090

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе се кандидидираат за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за 2025/26 година.Вучиќ дека смета дека земјата ќе има бенефит од тоа бидејќи ќе може да даваат предлози за сите важни прашања.

„Кога ќе ја изгласаат за резолуцијата за Сребреница и ако ја изгласаат затоа што ќе се бориме до последен момент, истиот ден ќе се кандидираме за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025 и 2026 година-најави српскиот претседател.

Во Советот за безбедност на ОН покрај петте постојани членки, Велика Британија, Кина,Русија, САД и Франција има и 10 непостојани членки со мандат од две години. Почнувајќи од 2025 година редот е на источноевропските членки и тука е шансата на државите од регионот. Црна Гора и Литванија веќе аплицираа.

Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова за „Република“ даде предлог и Македонија да се кандидира за непостојан членка на Советот за безбедност на  ОН.

Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме  и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат  во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит-објасни Силјановска Давкова.

The post Треба ли Македонија да се кандидира за непостојана членка на Советот на безбедност на Обединетите нации? appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе се кандидидираат за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за 2025/26 година.Вучиќ дека смета дека земјата ќе има бенефит од тоа бидејќи ќе може да даваат предлози за сите важни прашања.
„Кога ќе ја изгласаат за резолуцијата за Сребреница и ако ја изгласаат затоа што ќе се бориме до последен момент, истиот ден ќе се кандидираме за непостојана членка на Советот за безбедност на ОН за 2025 и 2026 година-најави српскиот претседател.
Во Советот за безбедност на ОН покрај петте постојани членки, Велика Британија, Кина,Русија, САД и Франција има и 10 непостојани членки со мандат од две години. Почнувајќи од 2025 година редот е на источноевропските членки и тука е шансата на државите од регионот. Црна Гора и Литванија веќе аплицираа. Кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова за „Република“ даде предлог и Македонија да се кандидира за непостојан членка на Советот за безбедност на  ОН.
Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме  и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат  во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит-објасни Силјановска Давкова.

The post Треба ли Македонија да се кандидира за непостојана членка на Советот на безбедност на Обединетите нации? appeared first on Република.

]]>
Советот за безбедност не донесе одлука Палетина да биде примена за полноправна членка на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-za-bezbednost-ne-donese-odluka-paletina-da-bide-primena-za-polnopravna-chlenka-na-on/ Fri, 12 Apr 2024 07:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=765236

- Членките на Советот за безбедност на ОН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност, пренесе Бета.

-Немаше консензус за прием на палестинска држава, рече Ванеса Фрејзиер по состанокот зад затворени врати.

Сепак, недостатокот на консензус не ја спречува земјата-членка да го поднесе прашањето до Советот за безбедност на гласање.

Советот за безбедност на ОН одлучи да одговори на барањето на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации до крајот на април, изјави претходно Фрејзер, што палестинските власти го опишаа како „историско“, а Израел остро го осуди.

Во септември 2011 година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН.

Палестина минатата недела го ажурираше своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН, укажувајќи на израелската офанзива во Газа, а ова тело од понеделникот почна процес на разгледување на барањето

The post Советот за безбедност не донесе одлука Палетина да биде примена за полноправна членка на ОН appeared first on Република.

]]>

- Членките на Советот за безбедност на ОН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност, пренесе Бета.
-Немаше консензус за прием на палестинска држава, рече Ванеса Фрејзиер по состанокот зад затворени врати.
Сепак, недостатокот на консензус не ја спречува земјата-членка да го поднесе прашањето до Советот за безбедност на гласање. Советот за безбедност на ОН одлучи да одговори на барањето на Палестина за полноправно членство во Обединетите нации до крајот на април, изјави претходно Фрејзер, што палестинските власти го опишаа како „историско“, а Израел остро го осуди. Во септември 2011 година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи „пристапување на државата Палестина во ОН“, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на „држава набљудувач која не е членка“ на ОН. Палестина минатата недела го ажурираше своето барање за членство во ОН со писмо до Советот за безбедност на ОН, укажувајќи на израелската офанзива во Газа, а ова тело од понеделникот почна процес на разгледување на барањето

The post Советот за безбедност не донесе одлука Палетина да биде примена за полноправна членка на ОН appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова: Македонија треба да почне лобирање за членство  во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-makedonija-treba-da-pochne-lobirane-za-chlenstvo-vo-sovetot-za-bezbednost-na-obedinetite-natsii-kako-nepostojan-chlen/ Fri, 05 Apr 2024 12:48:58 +0000 https://republika.mk/?p=762634

Професорката Силјановска-Давкова за прв пат за „Република“ открива дека Македонија треба да почне лобирање за членство  во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член.

Тоа го можеме бидејќи ние сме имале и во ОН претставници, дипломати кои останале запаметени.И овде имаме луѓе кои се изворедни во дипломатијата и има што да кажат, само што треба да се однесуваме одговорно, посветено, да лобираме, да покажеме и да докажеме дека иако сме мала држава имаме  и ние зад себе историски ама и сега субјекти, универзитети, наука што изнедрила личности-државници кои рамноправно можат да одлучуваат  во надворешната политика.Тогаш кон нас ќе се одлучуваат со почит.Ама ако вие не заслужувате почит тогаш тоа ќе дојде до израз во секој разговор.Ако го зборувате тоа што не го мислите, ако не го зборувате тоа што морате да го кажете, ако го зборувате тоа што другиот сака да го чуе-тогаш вие не можете да бидете достоинствени.Потребни се темелни реформи и да ги препознаеме луѓето кои знаат и умеат, луѓе кои се почитувани надвор, оти сликата за Македонија и односот кон Македонија на претставниците на ЕУ и САД во голема мера зависи кој ја претставува.Ние сме потонати во тешка криза не само на лидерство туку и на просечност и потпросечност.

https://www.youtube.com/watch?v=ZWii6uJx4GQ

The post Силјановска-Давкова: Македонија треба да почне лобирање за членство  во Советот за безбедност на Обединетите нации како непостојан член appeared first on Република.

Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/frantsija-ne-sakashe-vo-sovetot-na-bezbednost-na-on-da-se-rasprava-za-nato-bombardiraneto-na-srbija/ Mon, 25 Mar 2024 21:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=758717

Советот за безбедност на Обединетите нации, со жестоко противење од Русија, ја отфрли расправата за 25 годишницата од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија, откако за дневниот ред не гласаа доволен број амбасадори на земјите членки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тројца членови на Советот за безбедност гласаа за предлогот за дискусија, предложен од Русија, додека останатите 12 беа воздржани, соопшти РТС, додавајќи дека на гласањето му претходела долга дискусија меѓу амбасадорите на Русија и Франција, Василиј Небензја и Николас де Ривиер, кои искажаа спротивставени ставови за потребата пред ова тело да се разговара за бомбардирањето на НАТО во 1999 година на СРЈ.

-Русија ова го предложи без консултации со Србија, која беше ставена пред свршен чин. Им кажав на српските дипломати дека ваква седница нема да се одржи... Го поканувам претставникот на Руската Федерација, да речеме, утре да одржи ваква расправа во арија формат, рече францускиот амбасадор.

„Арија формула“ е неформален формат на состаноци на Советот за безбедност, создаден за време на војните во поранешна Југославија, кој не претпоставува редовни процедури и присуство на сите земји-членки на ова тело.

Рускиот амбасадор кажа дека е јасно оти одреден број земји-членки се противат на таква дискусија, оти „НАТО агресијата започна под лажен изговор“, поради што ова прашање „не е поврзано со историјата, туку со работите што се случуваат во Косово дури и сега".

Небезја изјави дека овој состанок е во програмата за работа за март, која е достапна за сите, но дека Франција дури денеска ја доведе во прашање оваа точка на дневниот ред.

-Историјата треба да ја оставиме на историчарите, а правдата на трибуналите... Треба внимателно да го користиме времето на овој совет, рече францускиот амбасадор, пренесува РТС.

Претседателот на Советот за безбедност, јапонскиот амбасадор, рече дека за „рускиот предлог-да се одржи брифинг за ова прашање подоцна денеска ќе се одлучува дополнително“.

На почетокот на март Русија предложи одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а Јапонија како претседавач со Советот за безбедност ја поддржа таа иницијатива и ја закажа седницата

The post Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>

Советот за безбедност на Обединетите нации, со жестоко противење од Русија, ја отфрли расправата за 25 годишницата од почетокот на НАТО бомбардирањето на СР Југославија, откако за дневниот ред не гласаа доволен број амбасадори на земјите членки, јави дописникот на МИА од Белград.
-Тројца членови на Советот за безбедност гласаа за предлогот за дискусија, предложен од Русија, додека останатите 12 беа воздржани, соопшти РТС, додавајќи дека на гласањето му претходела долга дискусија меѓу амбасадорите на Русија и Франција, Василиј Небензја и Николас де Ривиер, кои искажаа спротивставени ставови за потребата пред ова тело да се разговара за бомбардирањето на НАТО во 1999 година на СРЈ. -Русија ова го предложи без консултации со Србија, која беше ставена пред свршен чин. Им кажав на српските дипломати дека ваква седница нема да се одржи... Го поканувам претставникот на Руската Федерација, да речеме, утре да одржи ваква расправа во арија формат, рече францускиот амбасадор.
„Арија формула“ е неформален формат на состаноци на Советот за безбедност, создаден за време на војните во поранешна Југославија, кој не претпоставува редовни процедури и присуство на сите земји-членки на ова тело. Рускиот амбасадор кажа дека е јасно оти одреден број земји-членки се противат на таква дискусија, оти „НАТО агресијата започна под лажен изговор“, поради што ова прашање „не е поврзано со историјата, туку со работите што се случуваат во Косово дури и сега". Небезја изјави дека овој состанок е во програмата за работа за март, која е достапна за сите, но дека Франција дури денеска ја доведе во прашање оваа точка на дневниот ред.
-Историјата треба да ја оставиме на историчарите, а правдата на трибуналите... Треба внимателно да го користиме времето на овој совет, рече францускиот амбасадор, пренесува РТС.
Претседателот на Советот за безбедност, јапонскиот амбасадор, рече дека за „рускиот предлог-да се одржи брифинг за ова прашање подоцна денеска ќе се одлучува дополнително“. На почетокот на март Русија предложи одржување на седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на 25-годишнината од НАТО бомбардирањето на Сојузна Република Југославија, а Јапонија како претседавач со Советот за безбедност ја поддржа таа иницијатива и ја закажа седницата

The post Франција не сакаше во Советот на безбедност на ОН да се расправа за НАТО бомбардирањето на Србија appeared first on Република.

]]>
Советот за безбедност на ОН повика на прекин на огнот, дали двете страни ќе го послушаат апелот? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-za-bezbednost-na-on-povika-na-prekin-na-ognot-dali-dvete-strani-ke-go-poslushaat-apelot/ Mon, 25 Mar 2024 16:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=758640

Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и безусловно ослободување на заложниците.

СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“ за време на Рамазан, што трае уште две недели.

„За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“.

Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на СБ, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија.

Во претходните обиди постојаните земји-членки на СБ на ОН ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа.

САД досега ставија вето на три нацрт резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог.

Во резолуцијата се нагласува и итната потреба да зголемување на хуманитарната помош и да се интензивира заштитата на цивилите ширум палестинската енклава

The post Советот за безбедност на ОН повика на прекин на огнот, дали двете страни ќе го послушаат апелот? appeared first on Република.

]]>

Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и безусловно ослободување на заложниците. СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“ за време на Рамазан, што трае уште две недели. „За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“. Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на СБ, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија. Во претходните обиди постојаните земји-членки на СБ на ОН ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа. САД досега ставија вето на три нацрт резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог. Во резолуцијата се нагласува и итната потреба да зголемување на хуманитарната помош и да се интензивира заштитата на цивилите ширум палестинската енклава

The post Советот за безбедност на ОН повика на прекин на огнот, дали двете страни ќе го послушаат апелот? appeared first on Република.

]]>
Вучиќ по седницата на Советот за безбедност на ОН: На страната на Курти најмногу се Велика Британија и Швајцарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-po-sednitsata-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-na-stranata-na-kurti-najmnogu-se-velika-britanija-i-shvajtsarija/ Fri, 09 Feb 2024 10:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=742141

Вчера во Њујорк се одржа вонредната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата на Косово а Србија ја претставуваше претседателот Александар Вучиќ.

- Ги видовте нашите аргументи, нашите одговори - одговорни и сериозни.Кога не можеш да одговориш на аргументите, тогаш треба да прибегнуваш кон лични навреди и добро е што го покажаа тоа и немаа сериозна аргументација од тоа. Задоволен сум од она што го слушнавме во Советот за безбедност. На страната на Приштина најмногу беа Велика Британија и Швајцарија. Бев изненаден од правилниот пристап на Французите, Алжир, Кина, Русија, Еквадор, Кореја, Малта и така натаму. Тоа е мојата прва анализа – изјави  претседателот на Србија.

The post Вучиќ по седницата на Советот за безбедност на ОН: На страната на Курти најмногу се Велика Британија и Швајцарија appeared first on Република.

САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-so-veto-za-rezolutsijata-za-prekin-na-ognot-vo-gaza-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Sat, 09 Dec 2023 07:40:55 +0000 https://republika.mk/?p=721188

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Газа.

Тринаесет членки на Советот за безбедност ја поддржаа нацрт-резолуцијата поднесена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека Велика Британија се воздржа од гласањето. Гласањето доаѓа откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата го предупреди Советот за безбедност на глобалната закана од двомесечната војна во Газа.

Која е пораката што им ја испраќаме на Палестинците ако не можеме да се обединиме зад повикот за привремено запирање на масовното бомбардирање на Газа?, рече заменикот постојан претставник на ОАЕ во ОН, Мохамед Абушахаб.

Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд истакна дека нацрт-резолуцијата е одвоена од реалноста и „нема да промени ништо на теренот“.

Затоа, иако САД силно го поддржуваат воспоставувањето траен мир во кој Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот, додаде американскиот дипломат.

Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански, пак, изјави:

Нашите американски колеги буквално пред наши очи потпишаа смртни налози за илјадници, ако не и десетици илјади повеќе цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и претставници на ОН кои се обидуваат да им помогнат. Историјата ќе покаже проценка на овие дејствија од Вашингтон.

САД и Израел се противат на прекин на огнот затоа што веруваат дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон повикува на пауза во непријателствата за да се заштитат цивилите и да се дозволи ослободување на заложниците земени од Хамас.

The post САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

САД ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас во Газа. Тринаесет членки на Советот за безбедност ја поддржаа нацрт-резолуцијата поднесена од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека Велика Британија се воздржа од гласањето. Гласањето доаѓа откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во средата го предупреди Советот за безбедност на глобалната закана од двомесечната војна во Газа.
Која е пораката што им ја испраќаме на Палестинците ако не можеме да се обединиме зад повикот за привремено запирање на масовното бомбардирање на Газа?, рече заменикот постојан претставник на ОАЕ во ОН, Мохамед Абушахаб.
Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд истакна дека нацрт-резолуцијата е одвоена од реалноста и „нема да промени ништо на теренот“.
Затоа, иако САД силно го поддржуваат воспоставувањето траен мир во кој Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот, додаде американскиот дипломат.
Заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански, пак, изјави:
Нашите американски колеги буквално пред наши очи потпишаа смртни налози за илјадници, ако не и десетици илјади повеќе цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и претставници на ОН кои се обидуваат да им помогнат. Историјата ќе покаже проценка на овие дејствија од Вашингтон.
САД и Израел се противат на прекин на огнот затоа што веруваат дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон повикува на пауза во непријателствата за да се заштитат цивилите и да се дозволи ослободување на заложниците земени од Хамас.

The post САД со вето за резолуцијата за прекин на огнот во Газа на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН по руската „нуклеарна уцена” https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-bara-itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-po-ruskata-nuklearna-utsena/ Mon, 27 Mar 2023 07:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=624039

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН со цел да се спротивстави на руската „нуклеарна уцена” откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе распореди никлеарно оружје во Белорусија.

Европската Унија пак, и се закани на Белорусија со нови санкции ако тоа оружје биде распоредено, додека САД навестија дека „немаат индиции” дека Москва има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина.

Министерството ги повика и Г7 и ЕУ да извршат притисок врз Белорусија и да и се заканат со „големи последици” ако прифати распоредување на руско нуклеарно оружје.

НАТО, пак, ја осуди „опасната и неодговорна нуклеарна реторика”, тврдејќи дека „внимателно ја следи ситуацијата”.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе распореди „тактичко” нуклеарно оружје во Белорусија и дека 10 авиони веќе се спремни за употреба на тоа оружје.

The post Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН по руската „нуклеарна уцена” appeared first on Република.

]]>

Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН со цел да се спротивстави на руската „нуклеарна уцена” откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе распореди никлеарно оружје во Белорусија. Европската Унија пак, и се закани на Белорусија со нови санкции ако тоа оружје биде распоредено, додека САД навестија дека „немаат индиции” дека Москва има намера да употреби нуклеарно оружје во Украина. Министерството ги повика и Г7 и ЕУ да извршат притисок врз Белорусија и да и се заканат со „големи последици” ако прифати распоредување на руско нуклеарно оружје. НАТО, пак, ја осуди „опасната и неодговорна нуклеарна реторика”, тврдејќи дека „внимателно ја следи ситуацијата”. Претходно рускиот претседател Владимир Путин најави дека Русија ќе распореди „тактичко” нуклеарно оружје во Белорусија и дека 10 авиони веќе се спремни за употреба на тоа оружје.

The post Украина бара итна седница на Советот за безбедност на ОН по руската „нуклеарна уцена” appeared first on Република.

]]>
Вершињин: Идејата за отстранување на Русија од Советот за бебедност на ОН е невозможна и опасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vershinjin-idejata-za-otstranuvanje-na-rusija-od-sovetot-za-bebednost-na-on-e-nevozmozna-i-opasna/ Wed, 05 Oct 2022 20:37:33 +0000 https://republika.mk/?p=557716

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Вершињин, истакна дека идејата на некои земји за исфрлање на Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации е невозможна.

Иницијативата да се одземе членството на Русија во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН е нереална. Таквите лошо обмислени идеи најмногу ги застапува Украина - истакна Вершињин.

Ваквата идеја тој ја оцени како „непромислена и опасна“.

На почетокот на годината, постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергеј Кислица, побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, додека претседателот Володимир Зеленски, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, праша зошто Русија сè уште има правото на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека Русија со воената операција во Украина ја прекршила Повелбата на ОН, а нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа.

Вашингтон и Брисел ја поддржуваат таквата иницијатива.

The post Вершињин: Идејата за отстранување на Русија од Советот за бебедност на ОН е невозможна и опасна appeared first on Република.

]]>

Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Вершињин, истакна дека идејата на некои земји за исфрлање на Русија од Советот за безбедност на Обединетите нации е невозможна.
Иницијативата да се одземе членството на Русија во Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН е нереална. Таквите лошо обмислени идеи најмногу ги застапува Украина - истакна Вершињин.
Ваквата идеја тој ја оцени како „непромислена и опасна“. На почетокот на годината, постојаниот претставник на Украина во ОН, Сергеј Кислица, побара Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност на ОН, додека претседателот Володимир Зеленски, во обраќањето пред Генералното собрание на ОН минатиот месец, праша зошто Русија сè уште има правото на вето во Советот за безбедност. Тој оцени дека Русија со воената операција во Украина ја прекршила Повелбата на ОН, а нејзиното присуство во Советот за безбедност ја изгубило правната основа. Вашингтон и Брисел ја поддржуваат таквата иницијатива.

The post Вершињин: Идејата за отстранување на Русија од Советот за бебедност на ОН е невозможна и опасна appeared first on Република.

]]>
Русија бара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-bara-svikuvanje-itna-sednica-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Wed, 28 Sep 2022 17:07:59 +0000 https://republika.mk/?p=555308

Русија ќе побара свикување на состанок на Советот за безбедност на ОН за истекувањето на гасот откриено на гасоводите Северен тек 1 и 2, откако го повика претседателот на САД, Џо Бајден да каже дали тие се одговорни за саботажата, објави руската дипломатија.

„Русија има намера да свика официјална седница на Советот за безбедност на ОН по провокациите поврзани со гасоводите Северен тек 1 и 2“, објави на Телеграм портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.

Руската дипломатија претходно побара одговори од Џо Бајден за причината за истекувањето во Балтичкото Море.

„Американскиот претседател мора да одговори дали САД ја извршија својата закана“, напиша таа на Телеграм, осврнувајќи се на изјавата на Бајден на почетокот на февруари дека Вашингтон ќе го укине Северен тек 2 доколку Москва воено интервенира во Украина.

„Ако Русија ја окупира (Украина), нема да има повеќе Северен тек 2“, рече Џо Бајден на 7 февруари, две недели пред руската офанзива.

Европската унија најави одлучен одговор на „секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура“.

Поради истекување на гас, се послаби се изгледите за неизбежно обновување на руските испораки во Европа.

Поправка на оштетениот гасовод Северен тек 1 е една од опциите по проценката на штетата, рече операторот во средата, при што аналитичарите посочуваат дека гасот од Русија може да стигне и до Европа преку преостанатиот неоштетен гасовод.

Операторот на гасоводот „Северен тек“ сака да ја утврди штетата што е можно поскоро, односно штом владите ја укинат забраната за пристап до зоната на истекување гас, рече портпаролот.

Тој одби да даде детали за можните трошоци и кој ќе ги сноси.

Портпаролот на компанијата „Северен тек 2“, Улрих Лисек, изјави дека „во моментов никој не може сериозно да каже каква е ситуацијата таму долу“, но дека „структурниот интегритет на гасоводот секако е многу нарушен“.

Истражувањето или поправката на гасоводот на компанијата најверојатно ќе биде попречено бидејќи од почетокот на годината е под американски санкции.

Аналитичарите, од друга страна, сметаат дека рускиот гас сепак би можел да пристигне во Европа преку гасоводот „Северен тек 2“ со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно.

Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност со седиште во Москва, рече дека гасоводот сè уште треба да се тестира и дека сè уште е под оперативен притисок.

„Ако работите се решат, може да функционира, под услов да има дозвола од регулаторот“, рече Гривач.

Со неговата оценка се согласува Игор Галактинов од брокерската куќа BCS Mir Investitsiy.

„Судејќи според јавно достапните информации, една линија остана неоштетена. Теоретски, доколку се донесе политичка одлука и се постави опрема за преработка на гас, можно е снабдување преку тој приклучок“, вели Игор Галактинов.

Гаспром не одговори на барањето да ги коментира тие проценки.

Европа започна истрага за истекување на големо количество гас од два руски гасоводи во Балтичкото Море. Шведска, Германија и Данска шпекулираат дека се работи за саботажа, но не наведуваат кој стои зад тоа.

Германија го блокираше проектот за гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас, откако Русија официјално призна два отцепени региони во источна Украина, само два дена пред почетокот на нејзината инвазија на соседната земја.

Гасоводот оди речиси паралелно со Северен тек 1. Неговата изградба започна во 2011 година и беше завршена во септември 2021 година, но гасоводот никогаш не профункционира.

Германската мрежна агенција ја прекина процедурата за сертификација во ноември минатата година со образложение дека операторот мора да биде регистриран во Германија, а не во Швајцарија.

The post Русија бара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Русија ќе побара свикување на состанок на Советот за безбедност на ОН за истекувањето на гасот откриено на гасоводите Северен тек 1 и 2, откако го повика претседателот на САД, Џо Бајден да каже дали тие се одговорни за саботажата, објави руската дипломатија. „Русија има намера да свика официјална седница на Советот за безбедност на ОН по провокациите поврзани со гасоводите Северен тек 1 и 2“, објави на Телеграм портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова. Руската дипломатија претходно побара одговори од Џо Бајден за причината за истекувањето во Балтичкото Море. „Американскиот претседател мора да одговори дали САД ја извршија својата закана“, напиша таа на Телеграм, осврнувајќи се на изјавата на Бајден на почетокот на февруари дека Вашингтон ќе го укине Северен тек 2 доколку Москва воено интервенира во Украина. „Ако Русија ја окупира (Украина), нема да има повеќе Северен тек 2“, рече Џо Бајден на 7 февруари, две недели пред руската офанзива. Европската унија најави одлучен одговор на „секое намерно нарушување на европската енергетска инфраструктура“. Поради истекување на гас, се послаби се изгледите за неизбежно обновување на руските испораки во Европа. Поправка на оштетениот гасовод Северен тек 1 е една од опциите по проценката на штетата, рече операторот во средата, при што аналитичарите посочуваат дека гасот од Русија може да стигне и до Европа преку преостанатиот неоштетен гасовод. Операторот на гасоводот „Северен тек“ сака да ја утврди штетата што е можно поскоро, односно штом владите ја укинат забраната за пристап до зоната на истекување гас, рече портпаролот. Тој одби да даде детали за можните трошоци и кој ќе ги сноси. Портпаролот на компанијата „Северен тек 2“, Улрих Лисек, изјави дека „во моментов никој не може сериозно да каже каква е ситуацијата таму долу“, но дека „структурниот интегритет на гасоводот секако е многу нарушен“. Истражувањето или поправката на гасоводот на компанијата најверојатно ќе биде попречено бидејќи од почетокот на годината е под американски санкции. Аналитичарите, од друга страна, сметаат дека рускиот гас сепак би можел да пристигне во Европа преку гасоводот „Северен тек 2“ со капацитет од 27,5 милијарди кубни метри гас годишно. Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност со седиште во Москва, рече дека гасоводот сè уште треба да се тестира и дека сè уште е под оперативен притисок. „Ако работите се решат, може да функционира, под услов да има дозвола од регулаторот“, рече Гривач. Со неговата оценка се согласува Игор Галактинов од брокерската куќа BCS Mir Investitsiy. „Судејќи според јавно достапните информации, една линија остана неоштетена. Теоретски, доколку се донесе политичка одлука и се постави опрема за преработка на гас, можно е снабдување преку тој приклучок“, вели Игор Галактинов. Гаспром не одговори на барањето да ги коментира тие проценки. Европа започна истрага за истекување на големо количество гас од два руски гасоводи во Балтичкото Море. Шведска, Германија и Данска шпекулираат дека се работи за саботажа, но не наведуваат кој стои зад тоа. Германија го блокираше проектот за гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас, откако Русија официјално призна два отцепени региони во источна Украина, само два дена пред почетокот на нејзината инвазија на соседната земја. Гасоводот оди речиси паралелно со Северен тек 1. Неговата изградба започна во 2011 година и беше завршена во септември 2021 година, но гасоводот никогаш не профункционира. Германската мрежна агенција ја прекина процедурата за сертификација во ноември минатата година со образложение дека операторот мора да биде регистриран во Германија, а не во Швајцарија.

The post Русија бара свикување итна седница на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Лавров задоцни час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН и откако се обрати си замина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-zadocni-chas-i-polovina-na-sednicata-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-i-otkako-se-obrati-si-zamina/ Thu, 22 Sep 2022 20:42:54 +0000 https://republika.mk/?p=553327

Сергеј Лавров задоцни час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН и веднаш по неговиот говор си замина. Во говорот тој рече дека Украина станала тоталитрна држава, слична на нацистите.

The post Лавров задоцни час и половина на седницата на Советот за безбедност на ОН и откако се обрати си замина appeared first on Република.

Пендаровски на Советот за безбедност: Не е тајна дека не очекува тешка зима https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-na-sovetot-za-bezbednost-ne-e-tajna-deka-ne-ochekuva-teshka-zima/ Tue, 06 Sep 2022 12:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=547976

Да ги подготвиме сите ресурси на државата за максимално производство на сопствена енергија, ќе биде целта на Владата во претстојниот период, соопшти премиерот Димитар Ковачевски по завршување на седницата Советот за безбедност.

Како што рече Ковачевски, ова е одлуката од денешната седница на Советот што ја поддржале сите присутни, а целта е во најтешкиот период кој почнува на 1 октовмри и ќе трае до април 2023 година па и понатаму, до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност.

Ковачевски напомена дека планот за производство на ЕСМ годинава ќе се зголеми за 25 отсто. Постојат, додаде, и ризици поради можни испади заради застареност на опремата во некои блокови стари по 45 – 50 години, но и во однос на цените во светски рамки, евентуални забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија.

Овој план, подвлече Ковачевски, е за да нема рестрикции.

-Оваа есен, зима, следната пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го пребродиме заедно. Планот е договорен, денеска презентиран и во претстојниот период, но и веќе се работи на негова реализација. Се работи и на нов енергетски план за следната пролет, како и на план за максимално зголемување на производството на храна. За ова што е случува се подготвуваме и сме подготвени, истакна премиерот.

Претходно ,претседателот на државата Стево Пендаровски нагласи дека го свикал Советот за безбедност зашто сметал дека е важно да се слушнат сите надлежни за темата што ги засега сите.

-Не е тајна дека не очекува тешка зима. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза. Премиерот и членовите на Владата информираа за анализите и проекциите за претстојната сеозна, за чекорите кои досега се преземаа во однос на ескалирањето на цената на струјата, како и за мерките што ќе се поддржат за поддршка на домаќинствата и бизнис секторот, рече Пендаровски.

The post Пендаровски на Советот за безбедност: Не е тајна дека не очекува тешка зима appeared first on Република.

]]>

Да ги подготвиме сите ресурси на државата за максимално производство на сопствена енергија, ќе биде целта на Владата во претстојниот период, соопшти премиерот Димитар Ковачевски по завршување на седницата Советот за безбедност. Како што рече Ковачевски, ова е одлуката од денешната седница на Советот што ја поддржале сите присутни, а целта е во најтешкиот период кој почнува на 1 октовмри и ќе трае до април 2023 година па и понатаму, до почетокот на летото, на сите граѓани, ученици, студенти, средни, мали и микро бизниси да им се обезбеди најниска можна цена на струјата, како и снабдување со топлинска енергија по сегашната цена со задржување на евтината тарифа и 24-часовна достапност. Ковачевски напомена дека планот за производство на ЕСМ годинава ќе се зголеми за 25 отсто. Постојат, додаде, и ризици поради можни испади заради застареност на опремата во некои блокови стари по 45 – 50 години, но и во однос на цените во светски рамки, евентуални забрани за извоз на природен гас и други суровини за производство на електрична енергија. Овој план, подвлече Ковачевски, е за да нема рестрикции. -Оваа есен, зима, следната пролет се најтешки во повоената македонска држава и ние тоа ќе го пребродиме заедно. Планот е договорен, денеска презентиран и во претстојниот период, но и веќе се работи на негова реализација. Се работи и на нов енергетски план за следната пролет, како и на план за максимално зголемување на производството на храна. За ова што е случува се подготвуваме и сме подготвени, истакна премиерот.
Претходно ,претседателот на државата Стево Пендаровски нагласи дека го свикал Советот за безбедност зашто сметал дека е важно да се слушнат сите надлежни за темата што ги засега сите. -Не е тајна дека не очекува тешка зима. По пандемијата сега сме соочени со голема енергетска и економска криза. Премиерот и членовите на Владата информираа за анализите и проекциите за претстојната сеозна, за чекорите кои досега се преземаа во однос на ескалирањето на цената на струјата, како и за мерките што ќе се поддржат за поддршка на домаќинствата и бизнис секторот, рече Пендаровски.

The post Пендаровски на Советот за безбедност: Не е тајна дека не очекува тешка зима appeared first on Република.

]]>
Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-od-uganda-afrikanskite-zemji-treba-da-dobijat-pogolema-uloga-vo-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Tue, 26 Jul 2022 16:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=533443

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, од Уганда порача дека Москва ја поддржува реформата на Советот за безбедност на ОН, за земјите во развој, особено африканските, да добијат поголемо влијание.

По средбата со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во главниот град Кампала, првиот руски дипломат истакна дека двете страни „ги потврдиле своите позиции кога станува збор за реформата на Советот за безбедност на ОН“.

Главниот проблем е недоволната застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност, а единствено решение е поголема застапеност на азиските, африканските и латиноамериканските земји во оваа институција - порача Лавров по средбата со Мусевени, сојузник на САД кој одржува пријателски врски со Русија.

Мусевени изјави дека Русија е пријател на Уганда повеќе од 100 години и дека не може одеднаш да стане непријател поради ривалството меѓу Москва и Вашингтон.

Уганда е третата станица на африканската турнеја на Лавров, кој, пред Уганда, ги посети Египет и ДР Конго, а турнејата ја завршува со посета на Етиопија, седиштето на Африканската Унија.

Уганда е една од 25-те африкански земји кои се воздржаа или не гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската воена акција во Украина. Многу африкански земји имаат долги врски со Москва, кои датираат од Студената војна кога Советскиот Сојуз ја поддржа нивната борба за независност.

Во последните месеци, африканските лидери бараат континентот да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тоа тело има пет постојани членки (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и десет непостојани, а прашањето за неговата реформа е предмет на дебата со децении.

Африканската Унија бара да се прошири Советот за безбедност на 26 членки, од кои 11 ќе бидат постојани, вклучително и две африкански земји кои ќе имаат право на вето. Африканската унија предлага од 26 членки, Африка да има пет непостојани места.

The post Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, од Уганда порача дека Москва ја поддржува реформата на Советот за безбедност на ОН, за земјите во развој, особено африканските, да добијат поголемо влијание. По средбата со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во главниот град Кампала, првиот руски дипломат истакна дека двете страни „ги потврдиле своите позиции кога станува збор за реформата на Советот за безбедност на ОН“.
Главниот проблем е недоволната застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност, а единствено решение е поголема застапеност на азиските, африканските и латиноамериканските земји во оваа институција - порача Лавров по средбата со Мусевени, сојузник на САД кој одржува пријателски врски со Русија.
Мусевени изјави дека Русија е пријател на Уганда повеќе од 100 години и дека не може одеднаш да стане непријател поради ривалството меѓу Москва и Вашингтон. Уганда е третата станица на африканската турнеја на Лавров, кој, пред Уганда, ги посети Египет и ДР Конго, а турнејата ја завршува со посета на Етиопија, седиштето на Африканската Унија. Уганда е една од 25-те африкански земји кои се воздржаа или не гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската воена акција во Украина. Многу африкански земји имаат долги врски со Москва, кои датираат од Студената војна кога Советскиот Сојуз ја поддржа нивната борба за независност. Во последните месеци, африканските лидери бараат континентот да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тоа тело има пет постојани членки (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и десет непостојани, а прашањето за неговата реформа е предмет на дебата со децении. Африканската Унија бара да се прошири Советот за безбедност на 26 членки, од кои 11 ќе бидат постојани, вклучително и две африкански земји кои ќе имаат право на вето. Африканската унија предлага од 26 членки, Африка да има пет непостојани места.

The post Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>
Русија се залага за проширување на Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-se-zalaga-za-proshiruvanje-na-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Mon, 04 Jul 2022 10:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=523505

Рускиот амбасадор во Кина, Андреј Денисов, смета дека е неопходно да се прошири Советот за безбедност на ОН за да ги вклучи африканските, азиските и латиноамериканските земји и на тој начин да биде подемократски.

Советот за безбедност на ОН практично се претвори во сцена каде западните колеги „вршат пропаганда“, ги презентираат своите ставови како конечна вистина - изјави дипломатот, говорејќи на пленарната седница на Глобалниот мировен форум на ОН во Пекинг.

The post Русија се залага за проширување на Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

Албанија ќе го предводи Советот за безбедност на ОН до крајот на јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-kje-go-predvodi-sovetot-za-bezbednost-na-on-do-krajot-na-juni/ Mon, 30 May 2022 08:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=508584

Албанија ќе претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации од 1-ви јуни до крајот на тој месец, според распоредот на веб-страницата на светската организација.

Албанија е избрана за непостојана членка на највисокото тело на ОН на 11 јуни 2021 година, а нејзиниот мандат истекува на 31 декември 2023 година. Членовите ги менуваат позициите во позицијата претседавач со Советот за безбедност на ОН по азбучен ред.

Бразил оваа позиција ќе ја преземе од Албанија на 1 јули, а потоа до крајот на годината ќе бидат Кина, Франција, Габон, Гана и Индија, пренесуваат медиумите.

The post Албанија ќе го предводи Советот за безбедност на ОН до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>

Албанија ќе претседава со Советот за безбедност на Обединетите нации од 1-ви јуни до крајот на тој месец, според распоредот на веб-страницата на светската организација. Албанија е избрана за непостојана членка на највисокото тело на ОН на 11 јуни 2021 година, а нејзиниот мандат истекува на 31 декември 2023 година. Членовите ги менуваат позициите во позицијата претседавач со Советот за безбедност на ОН по азбучен ред. Бразил оваа позиција ќе ја преземе од Албанија на 1 јули, а потоа до крајот на годината ќе бидат Кина, Франција, Габон, Гана и Индија, пренесуваат медиумите.  

The post Албанија ќе го предводи Советот за безбедност на ОН до крајот на јуни appeared first on Република.

]]>
Од 1 јуни Албанија претседава со Советот за безбедност на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/od-1-juni-albanija-pretsedava-so-sovetot-za-bezbednost-na-on/ Mon, 30 May 2022 06:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=508512

Албанија на први јуни  го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.

Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Амбасадорот на Албанија во ОН Ферит Хоџа ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ ченел.

Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија.

Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.

The post Од 1 јуни Албанија претседава со Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>

Албанија на први јуни  го презема едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
Во Њујок на преземањето на штафетата за претседавање со Советот за безбедност ќе присуствуваат премиерот Еди Рама и министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Амбасадорот на Албанија во ОН Ферит Хоџа ова го оценува како голема одговорност, но секако и привилегија, пренесува Топ ченел.
Според истиот извор министерката Џачка изјавила дека со преземањето на претседавањето Албанија ќе биде гласноговорник на дипломатските напори за изолација на Русија. Албанија членка на ОН е од 14 декември 1955 година а за непостојана членка во Советот за безбедност на светската организација беше примена на 11 јуни 2021 година, што се смета за историски датум за земјата.

The post Од 1 јуни Албанија претседава со Советот за безбедност на ОН appeared first on Република.

]]>