Совет на Град Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-grad-skopje/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Nov 2024 19:08:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет на Град Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-grad-skopje/ 32 32 Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-donese-zakluchok-i-ja-zadolzhi-arsovska-da-dostavi-izmeni-na-odlukata-za-vrednosta-na-nadomestokot-vo-liniskiot-prevoz-na-patnitsi/ Fri, 29 Nov 2024 19:08:18 +0000 https://republika.mk/?p=843225

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото.

Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз.

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.

Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.

Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.

Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.

По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.

Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.

Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.

Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.

Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.

Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.

Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.

Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.

Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.

Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.

Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.

Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.

Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците.

Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје.

По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен.

Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото. Претседателот на Советот, Трајко Славески, посочи дека одлуката ќе се применува до истекот на важноста на договорите што приватните превозници ги имаат со Град Скопје за вршење на услуги во јавниот градски превоз. Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот, Љубица Јанчева пред гласањето за овој заклучок повторно побара пауза од пет минути без да се гласа, но тоа не беше прифатено, по што претседателот на Советот, Славески паралелно додека советниците од СДСМ ја напуштаа салата продолжи и побара да се брои гласањето, по што констатираше дека „заклучокот е усвоен со мнозинството гласови од присутните, воздржани и против нема“.
Пауза пет минути. Кворумот ќе ви го срушиме. Претседателе, ве молам пауза без да гласате. Надминете се себеси, не ВМРО-ДПМНЕ. Претседателе ве молам надминете се, изјави Јанчева, и ги повика советниците да излезат за да нема 23 внатре.
Во меѓувреме, Славески побара од службите да избројат колку гласале „за“.
Ве молам, колку се „за“... има кворум. Броите, затоа што ќе бидете повикани на одговорност... Дали има некој против... нема, воздржани, нема. Констатирам дека заклучокот е усвоен со мнозинство гласови од присутните. Со тоа ја заклучувам денешната седница, изјави Славески.
По расправата на која беа образложени мислењата во однос на проблематиката, претседателот на Советот, Славевски, рече дека ќе мора да донесат заклучок и како „соломонско решение“ постојат две алтернативи.
Едната е да се раководиме од предложениот заклучок на подносителот на Иницијативата. Но, со оглед на одредени дискусии, заклучоци, расположенија и т.н. нудам заклучок под број два, за што ќе треба поддршка и мислење од Сектор за сообраќај и од госпоѓата градоначалник. За да го скратиме процесот, предлагам да го овластиме и побараме од градоначалник на Град Скопје, во најкус можен рок, за неколку часа во текот на денешниот ден да изготви измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместок за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериум - остварен километар донесен на 24 февруари 2017 година. Тоа е наједоставниот начин. Со тоа, смислата на одлуката, за оние што не ја виделе и за јавноста, е две страници табела, многу колони, каде што надоместокот е врзан со висината на цената на горивото. Значи, да се корегираат износите овдека, имаше предлог секој износ соодветен за одредена цена на горивото да се зголеми за 30 денари. Ова е единственото што со мојата памет можам да го предложам како алтернативен заклучок, а со кој што, ако има согласност, би се вратиле на седницата по одредена пауза и би донеле одлука, појасни Славески.
Во однос на оваа предлог-одлука, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, посочи дека е невозможно за толку кратко време да се направи пресметка во секторите. Таа посочи дека нема да понесе одговорност за одлука, како што рече, за која што смета дека е потребна многу подетална анализа за која што е потребно многу повеќе време.
Она што го предлагате е малку паушално и никој тука во секторите и овие луѓе, кои што ја работат експертизата нема да се нафати паушално, во рамки на 30-тина минути, да нуди решенија за кои што утре ќе треба да носи одговорност. Доколку вие сметате дека математичкото пресметано решение по формулите го имате и таа е цената зад која стоите, дајте го предлогот на Советот и гласајте го сите тука. Ако не, направете Комисија, јас ќе ја прифатам, ќе номинираме лица од секторите да учествуваат, од ЈСП, од приватните превозници, има формули врз основ на кои се дошло на таа одлука. Значи, не можете паушално, ќе зголемиме толку, да некому наметнете тука за 30 минути да прави одлука. Имавме три месеци, втора е оваа иницијатива. Луѓето доаѓаа на состаноци, разговараа, нудеа решенија, требаше да се дискутира, не се дискутираше и сега во 30 минути сакате да извршите притисок врз службите да сите неопходни постапки ги завршат за да се понуди решение, изјави Арсовска.
Мартин Стојановски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, по седницата рече дека е добро што се донел заклучок со кој се задолжува градоначалникот во најкус можен рок да достави измени и дополнување за одлуката.
Ние, како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и советничка група, сме тука за да бидеме во интерес на граѓаните и да ги решаваме проблемите на граѓаните. Денеска се случи еден таков театар од останатите советнички групи, видовме дека советниците кои се дел заедно со градоначалничката Арсовска беа многу деструктивни, агитираа на тоа да не се донесе никаков заклучок. Колегите од СДСМ, исто така беа против, сакаа предвреме да ја напуштат седницата и ги повикуваа останатите советнички групи да ја напуштат седницата и тоа значи дека не се за решение граѓаните повторно да имаат приватен превоз. За колегите советници од Левица, немам што да коментирам, уште на самиот почеток ја напуштија седницата и ја покажаа онаа деструктивност што ја има во нивната советничка група, дека се против граѓаните, изјави Стојановски.
Прашан дали заклучокот е валиден, Стојановски рече дека тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје, посочувајќи дека ова е брзо решение до, како што рече, месец мај.
Јас седам напред во вториот ред и не можев да ги бројам гласовите од позади, тоа треба да го кажат службите на Градот Скопје... Ќе видиме како ќе постапи градоначалничката, ќе чекаме одговор, а со тоа ќе се изјаснат и приватните превозници кој бил нивниот став. Ние нашето, како советничка група го направивме во интерес на граѓаните, изјави Стојановски.
Гордан Шутаров, советник во Град Скопје од СДСМ, по седницата рече дека иницијативата поднесена од нив со заклучок да се започне транспарентна постапка била одбиена од мнозинството во Советот на Град Скопје и излегло со свој предлог цената да се зголеми за 30 денари.
Кажавме дека не може тоа да се направи, од аспект на тоа дека се поминати законските рокови од 15 ноември, каде што може да се достави ребаланс на Буџетот на Град Скопје и на сите единици на локалната самоуправа и затоа ќе бидеме во неможност, доколку го изгласаме заклучокот, така, како што е дефиниран од претседателот на Советот, истиот да биде апликативен, односно да добие реализација од страна на службите, односно ЈСП, изјави Шутаров.
Прашан дали заклучокот е валиден, Шутаров, рече дека за работа на Советот на Град Скопје потребни се 23 советници присутни во салата.
Во моментот на изгласување на одлуката, по некои пресметки беа присутни 19 советници, рече Шутаров.
Денешната итна седница на Советот на Град Скопје беше свикана откако вчера јавниот градски превоз повторно се најде во фокусот на јавноста поради најавата на приватните превозници дека доколку не се исполни нивното барање за зголемување на цената за изминат километар, од понеделник ќе ги блокираат улиците. Тие ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт поради тоа што нивното барање за зголемување на цената за изминат километар не се најде на дневен ред на редовната седницата на Советот на Град Скопје. По преписките и меѓусебните обвинувања на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и претседателот на Советот, Трајко Славески, за тоа зошто оваа точка не се нашла на дневен ред на седница на Советот, вчера попладне се одржа средбата меѓу советниците на ВМРО-ДПМНЕ и приватните превозници. По средбата на која беше договорено на вонредна седница на Советот да биде донесена одлука за зголемување на цената за изминат километар од 70 на 100 денари, превозниците изјавија дека се откажуваат од блокадите што претходно ги најавија, оценувајќи го предлогот на ВМРО-ДПМНЕ како одличен. Директорот на ЈСП Драги Кушовски, претходно, во изјава за медиумите рече дека ЈСП неколку дена е со блокирана сметка по основ на долг до добавувач за нафата и дека се работи на деблокада.

The post Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници appeared first on Република.

]]>
Советот на Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата и побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ja-pozdravi-odlukata-na-vladata-i-pobara-da-prodolzhat-razgovorite-za-normalizirane-na-sostojbite-vo-gradot/ Thu, 21 Nov 2024 20:51:05 +0000 https://republika.mk/?p=840560

Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот.

Како што беше посочено на седницата, по интервенција на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за следните седум дена, в петок изутрина јавниот градски превоз во Скопје ќе биде нормализиран.

https://republika.mk/vesti/skopje/gotovo-e-vladata-odluchi-so-nafta-od-drzhavnite-rezervi-da-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/

На почетокот на седницата, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази благодарност до Владата, апелирајќи до советниците да го следат позитивниот пример. За кризата во ЈСП, Арсовска рече дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои.

https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/

Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.

Одлуката на Владата ја поздрави и координаторката на советничката група од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева, посочувајќи дека ова било предложено решение од страна на СДСМ и побара Советот да донесе заклучок со којшто ќе се поддржат трите предложени решенија.

Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада и со него се уредуваат сервисираните долгови на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе, но сите да го поддржат. Втор предлог е Владата да донесе одлука за доделување субвенции евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме три чекори нанапред. И последниот предлог е со закучокот пратениците во Собранието да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.

Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, пак, вели дека тие како советничка група досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но истакна дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие.

https://republika.mk/vesti/skopje/naftata-se-dostavuva-vo-baznite-stanitsi-na-jsp-se-ochekuva-utre-izutrina-da-ima-normaliziran-avtobuski-prevoz-vo-skopje/

Само оваа година доделивме 645 милиони денари, тоа мислам околу 10 милиони евра субвенции за ЈСП. И претходните години имаме огромна сума доделено субвенции, што значи дека ние како советничка група секако сме гласале за сѐ што е позитивно за ЈСП, но и за останатите претпријатија, рече Стојановски.

Прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз останува отворено, додаде Стојановски, бидејќи, како што рече, ваквата состојба за граѓаните не е само технички проблем, туку резултат на политичките игри.

И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз. За скопјани оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат, рече Стојановски.

The post Советот на Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата и побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот appeared first on Република.

]]>

Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање на состојбите во градот. Како што беше посочено на седницата, по интервенција на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за следните седум дена, в петок изутрина јавниот градски превоз во Скопје ќе биде нормализиран. https://republika.mk/vesti/skopje/gotovo-e-vladata-odluchi-so-nafta-od-drzhavnite-rezervi-da-se-reshi-problemot-so-avtobusite-niz-skopje/ На почетокот на седницата, градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изрази благодарност до Владата, апелирајќи до советниците да го следат позитивниот пример. За кризата во ЈСП, Арсовска рече дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.
Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.
Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои. https://republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/
Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.
Одлуката на Владата ја поздрави и координаторката на советничката група од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева, посочувајќи дека ова било предложено решение од страна на СДСМ и побара Советот да донесе заклучок со којшто ќе се поддржат трите предложени решенија.
Прво, измени и дополнување на Законот за финансиска поддршка на општините и јавните претпријатија основани од нив. Овој закон беше донесен во 2018 година од нашата Влада и со него се уредуваат сервисираните долгови на општините, вклучително и долгот на Град Скопје. Значи бараме измена и дополна на тој закон за да се примени и во случајот со Град Скопје. Во голем дел ќе се совпадне со веќе доспеаните долгови. По скратена постапка, СДСМ се нуди пратеничката група да го поднесе, но сите да го поддржат. Втор предлог е Владата да донесе одлука за доделување субвенции евро дизел гориво од државните резерви за нафта. Убаво е што Владата прифати една мерка од предложените решенија на СДСМ, но треба да се прецизира и затоа треба да остане и во заклучокот. Дополнително не го знаеме износот на субвенционираното дизел гориво. Ние предлагаме да се бајпасира целиот кризен период до крајот на годината. Добро е да мислиме три чекори нанапред. И последниот предлог е со закучокот пратениците во Собранието да иницираат свикување на Надзорна расправа во Собранието за состојбата во Град Скопје. Одржувањето на надзорната расправа би било примерот на претходните расправи, за прашања од јавен интерес, рече Јанчева.
Советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Стојановски, пак, вели дека тие како советничка група досега ги изгласале сите програми за Град Скопје, вклучително и за ЈСП, но истакна дека надминувањето на кризата зависи од менаџирањето од страна на Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие. https://republika.mk/vesti/skopje/naftata-se-dostavuva-vo-baznite-stanitsi-na-jsp-se-ochekuva-utre-izutrina-da-ima-normaliziran-avtobuski-prevoz-vo-skopje/
Само оваа година доделивме 645 милиони денари, тоа мислам околу 10 милиони евра субвенции за ЈСП. И претходните години имаме огромна сума доделено субвенции, што значи дека ние како советничка група секако сме гласале за сѐ што е позитивно за ЈСП, но и за останатите претпријатија, рече Стојановски.
Прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз останува отворено, додаде Стојановски, бидејќи, како што рече, ваквата состојба за граѓаните не е само технички проблем, туку резултат на политичките игри.
И покрај владината интервенција, останува прашањето за долгорочната стабилност на јавниот превоз. За скопјани оваа состојба не е само технички проблем, туку и доказ за политичките игри што го доведоа ЈСП до колапс. Нафта утре ќе има, а јавната набавка за една недела ќе биде реализирана од страна на Градот Скопје и повторно автобусите би требало да возат, секако доколку тоа успеат службите од Градот Скопје да го менаџираат, рече Стојановски.

The post Советот на Град Скопје ја поздрави одлуката на Владата и побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот appeared first on Република.

]]>
Aрсовска се појави на седницата на Град Скопје, се заблагодари за решениот проблем https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-se-pojavi-na-sednitsata-na-grad-skopje-se-zablagodari-za-resheniot-problem/ Thu, 21 Nov 2024 18:53:22 +0000 https://republika.mk/?p=840543

Советот на Градот Скопје одржува вонредна седница по кризата во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) кое од синоќа остана без нафта. На седницата беше најавено дека по интервенцијата на Владата со нафта од државните резерви за седум дена, утре изутрина ќе биде нормализиран автобускиот превоз во град Скопје.

Да истакнам една благодарност не само од мое име туку и од име на градот Скопје и од граѓаните на градот Скопје затоа што утре ќе можат да си стигнат на своите работни места сите оние коишто се движат со јавен превоз и учениците ќе можат да стигнат на училиште. Едновремено би сакала да апелирам до сите вас да се следи овој позитивен пример затоа што доколку е дојден моментот да покажеме пред граѓаните дека сме способни да направиме исчекор и консензус да имаме за прашања коишто се од клучно значење за нивниот интерес тоа можеме да го направиме и повторно со тоа што на следната седница ќе се гласаат сите оние работи коишто навистина се неопходни за нив, рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска пред советниците.

За кризата во ЈСП, Арсовска вели дека не е резултат на несоодветното менаџирање на претпријатието, туку поради што редовната јавна набавка била предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки.

Она кое што се случи вчера, а тоа е да застане превозот поради недостаток на нафта, морам да кажам дека не е предизвикано од тоа што некој несоодветно си ја завршил својата работа, туку е предизвикано од тоа што во редовна јавна набавка, односно постапка за јавна набавка, која што во рок е завршена за да нема никакви проблеми, беше предмет на управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки и истата беше поништена, и покрај тоа што се работи за јавна набавка која што е за суштинскиот енергенс, рече Арсовска.

Доколку не била поништена оваа јавна набавка, Арсовска вели овој проблем немало да постои.

Доколку не беше оваа јавна набавка поништена, ние денес овој проблем немаше да го имаме. Од друга страна, морам да кажам дека денес имавме можност да видиме она кое што го зборуваме веќе во изминатите три години, чекорот којшто беше направен од страна на Владата и од страна на премиерот, којшто во рекордно време од истато тоа Биро за јавни набавки успеавме да добиеме одобрение за директна спогодба за да може Јавното сообраќајно претпријатие во овие услови во какви што беше ставано од истата таа институција да може да испреговара и да се снабди со нафта, додаде Арсовска.

Таа посочи дека денеска во рекордно време од Бирото за јавни набавки успеале да добијат одобрение за директна спогодба за да може ЈСП во вакви услови да испреговара и да се снабди со овој енергенс.

Успеавме од страна на Владата во разговор со претседателот на Владата да добиеме ветување и тоа ветување тој го исполни да ја добиеме потребната количина на горива, односно на нафтени деривати коишто ќе бидат сосема доволни за претпријатието до моментот додека не се склучи новиот договор за да може ЈСП да функционира во нормални услови како што требаше и во изминатите денови, рече Арсовска.

На седницата зборуваат и советниците од Советот на Градот Скопје, кои изнесуваат свои предлози за излез од ситуацијата со автобускиот превоз во која се најде главниот град.

The post Aрсовска се појави на седницата на Град Скопје, се заблагодари за решениот проблем appeared first on Република.

Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/naftata-se-dostavuva-vo-baznite-stanitsi-na-jsp-se-ochekuva-utre-izutrina-da-ima-normaliziran-avtobuski-prevoz-vo-skopje/ Thu, 21 Nov 2024 18:41:17 +0000 https://republika.mk/?p=840535

Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.

Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, рече Стојановски. Ако вечерва нафтата стигне, а според нашите информации веќе се доставува, значи од утре треба да има нормален автобуски превоз. 

Стојановски оцени дека денеска Владата направила одличен потег со тоа што активирала дел од државните стокови резерви за гориво за потребите на градот Скопје со тоа што се решава проблемот со автобускиот превоз на краток рок односно за седум дена.

Се што треба градот Скопје да направи во рок од тие седум дена е да направи постапка за јавна набавка за гориво до Бирото за јавни набавки. Секако Бирото тоа би го одобрило доколку е се во ред за да нема проблем како што настана овие неколку денови, рече Стојановски.

Во однос на приватните превозници кои нудат 200 автобуси да се вклучат во сообраќајот доколку се зголеми цената за километар, советникот рече дека таква седница нема на дневен ред денеска и оти нивниот предлог мора да се разгледа за да се видат кои се реперкусиите и каков буџет е потребен. За тоа, додаде тој, сепак треба мнозинство од сите советници.

За тоа дали ќе се надмине кризата со свтобускиот превоз во Скопје, вели дека тоа сепак зависи од менаџирањето на градот Скопје за понатамошните денови откако ќе поминат овие седум дена.

Се зависи од менаџментот. Ние како Совет сме тука само да изгласаме одлуки. Менаџирањето го носи највеќе директорот на ЈСП и градоначалничката на градот Скопје, г-ѓа Арсовска, рече тој.

Стојановски нагласи дека тие како советничка група ги изгласале сите програми досега за градот Скопје, вклучително и за ЈСП Скопје.

Доделивме само оваа година 645 милиони денари, тоа мислам околу 10 милиони евра субвенции за ЈСП. И претходните години имаме огромна сума доделено субвенции, што значи дека ние како советничка група секако сме гласале за се’ што е позитивно за ЈСП Скопје, но и за останатите претпријатија, рече тој.

Дали ќе гласаат за набавка на новите еко автобуси, Стојановски нагласува дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласа неколку пати за овој предлог затоа што немаат информација од кого би се набавиле, колку би чинела сумата, колку кој би ги платил тие автобуси.

На прашањето кој ќе ги плати тие автобуси, кој ќе ги набави во градот Скопје и дали има средства за тоа ни беше одговорено дека има еден денар. Верувајте дека некој кога ќе ви одговори дека ќе има еден денар за автобусите секако не би го изгласале тоа, рече советникот на Град Скопје.

За утрешните најавени протести, смета дека се демократско право.

Советничката од СДСМ во Градот Скопје Љубица Јанчева изјави дека очекува на седницата да биде изграден консензус и да бидат донесени заеднички заклучоци по актуелната состојба во град Скопје.

Дел од предлозите коишто не се содржани во барањето ние денеска на прес-конференција и ги обзнанивме. Тоа се три предлози. Ќе бараме Советот едногласно да донесе заклучок со којшто бараме од државните резерви за нафта да биде одобрено субвенционирање од Владата на РСМ кои ќе бидат доделени на град Скопје за да се надмине хаотичната состојба во ЈСП Скопје и тоа не е првпат. Ќе бараме да донесеме консензуален заклучок за измени на Законот за финансирање на ЕЛС, единките коишто ги основаа тие. Значи и тоа не е ништо ново, рече Јанчева.

Третиот предлог е пратениците во Собранието да иницираат надзорна расправа за состојбите во град Скопје.

Иако е локална самоуправа Собранието е законодавен дом, постои Закон за град Скопје па оттука и надлежностите на Собранието за се што е во врска со јавниот интерес да се одржува надзорна расправа, рече Јанчева.

The post Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>

Нафтата од државните резерви е на пат кон базните станици на Јавното сообраќајно претпријатие и се очекува утре изутрина да има нормализиран автобускиот превоз во Скопје, најави пред вонредната седница на Советот на Градот Скопје советникот од ВМРО-ДПМНЕ Мартин Стојановски.
Според нашите информации, моментално се доставува нафтата до базите во Автокоманда и Ѓорче Петров, рече Стојановски. Ако вечерва нафтата стигне, а според нашите информации веќе се доставува, значи од утре треба да има нормален автобуски превоз. 
Стојановски оцени дека денеска Владата направила одличен потег со тоа што активирала дел од државните стокови резерви за гориво за потребите на градот Скопје со тоа што се решава проблемот со автобускиот превоз на краток рок односно за седум дена.
Се што треба градот Скопје да направи во рок од тие седум дена е да направи постапка за јавна набавка за гориво до Бирото за јавни набавки. Секако Бирото тоа би го одобрило доколку е се во ред за да нема проблем како што настана овие неколку денови, рече Стојановски.
Во однос на приватните превозници кои нудат 200 автобуси да се вклучат во сообраќајот доколку се зголеми цената за километар, советникот рече дека таква седница нема на дневен ред денеска и оти нивниот предлог мора да се разгледа за да се видат кои се реперкусиите и каков буџет е потребен. За тоа, додаде тој, сепак треба мнозинство од сите советници. За тоа дали ќе се надмине кризата со свтобускиот превоз во Скопје, вели дека тоа сепак зависи од менаџирањето на градот Скопје за понатамошните денови откако ќе поминат овие седум дена.
Се зависи од менаџментот. Ние како Совет сме тука само да изгласаме одлуки. Менаџирањето го носи највеќе директорот на ЈСП и градоначалничката на градот Скопје, г-ѓа Арсовска, рече тој.
Стојановски нагласи дека тие како советничка група ги изгласале сите програми досега за градот Скопје, вклучително и за ЈСП Скопје.
Доделивме само оваа година 645 милиони денари, тоа мислам околу 10 милиони евра субвенции за ЈСП. И претходните години имаме огромна сума доделено субвенции, што значи дека ние како советничка група секако сме гласале за се’ што е позитивно за ЈСП Скопје, но и за останатите претпријатија, рече тој.
Дали ќе гласаат за набавка на новите еко автобуси, Стојановски нагласува дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гласа неколку пати за овој предлог затоа што немаат информација од кого би се набавиле, колку би чинела сумата, колку кој би ги платил тие автобуси.
На прашањето кој ќе ги плати тие автобуси, кој ќе ги набави во градот Скопје и дали има средства за тоа ни беше одговорено дека има еден денар. Верувајте дека некој кога ќе ви одговори дека ќе има еден денар за автобусите секако не би го изгласале тоа, рече советникот на Град Скопје.
За утрешните најавени протести, смета дека се демократско право. Советничката од СДСМ во Градот Скопје Љубица Јанчева изјави дека очекува на седницата да биде изграден консензус и да бидат донесени заеднички заклучоци по актуелната состојба во град Скопје.
Дел од предлозите коишто не се содржани во барањето ние денеска на прес-конференција и ги обзнанивме. Тоа се три предлози. Ќе бараме Советот едногласно да донесе заклучок со којшто бараме од државните резерви за нафта да биде одобрено субвенционирање од Владата на РСМ кои ќе бидат доделени на град Скопје за да се надмине хаотичната состојба во ЈСП Скопје и тоа не е првпат. Ќе бараме да донесеме консензуален заклучок за измени на Законот за финансирање на ЕЛС, единките коишто ги основаа тие. Значи и тоа не е ништо ново, рече Јанчева.
Третиот предлог е пратениците во Собранието да иницираат надзорна расправа за состојбите во град Скопје.
Иако е локална самоуправа Собранието е законодавен дом, постои Закон за град Скопје па оттука и надлежностите на Собранието за се што е во врска со јавниот интерес да се одржува надзорна расправа, рече Јанчева.

The post Нафтата се доставува во базните станици на ЈСП, се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје appeared first on Република.

]]>
Советот на Град Скопје не ги донесе Одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ne-gi-donese-odlukite-za-voveduvane-na-brt-i-nabavka-na-eko-avtobusi/ Thu, 29 Aug 2024 13:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=811294

- Советот на Град Скопје на денешната седница не ја донесе Одлуката за давање согласност за склучување на договор за имплементација  на проектот воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. „За“ одлуката гласаа 14 советници, четири “против“ и двајца воздржани. Против оваа одлука гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, од Зелен хуман град и Левица.

БРТ системот, кој беше проект на претходниот градоначалник Петре Шилегов е едно од решенијата за намалување на сообраќајниот хаос во главниот град, а ова е трета година како не се спроведува и се плаќаат пенали. Парите за БРТ стојат, а од државниот буџет се плаќаат пенали – по 350 илјади евра годишно камата на ЕБОР, бидејќи кредитот во висина од 70 милиони евра е земен, но проектот не се реализира.

-Нема да го поддржиме овој предлог за воведување на БРТ системот, затоа што без разлика што постојано нѐ обвинувате дека немаме став, нашиот став е дека граѓаните не го поддржаа овој систем, затоа и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, рече советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ.

Советничката од СДСМ Љубица Јанчева смета дека со набавка на нови автобуси кои би сообраќале по старите траси, проблемот со јавниот транспорт нема да се реши.

-Имаме готов проект за БРТ, за кој има пари и во сумата се вклалкулирани и 50 нови автобуси. А за тој проект, кој е одобрен плаќаме пенали. Инаку потребен е нов концепт за јавен превоз, не само набавка на нови автобуси. Она што му е потребно на Скопје и на сите кои го користат јавниот превоз е нов концепт за брз, ефикасен и еколошки превоз, рече советничката од СДСМ Љубица Јанчева. Одговори и на прозивките дека со изградба на трасата на БРТ ќе се уништело средишното зеленило, затоа што планот предвидува засадување зеленило на голем дел од трасата.

Драгана Велковска од Зелен хуман град смета дека договорот за БРТ е постигнат без јавна дебата, исклучително нетранспарентно, зад затворени врати и смета дека е БРТ решението е натурено, а нема стручна студија за неговата оправданост. Таа смета дека зелениото кое ќе биде уништено е повеќедецениско, а не може да се замени со нови садници. Таа побара основна студија и кога ќе може да биде изработена, па за неа да се дискутира.

Советникот на Левица, Ванчо Спасески истакна дека нема да го поддржат овој предлог затоа што, како што рече, дека при ваков нерегулиран градски јавен превоз да се бара брз превоз е претенциозно.

Советниците на Град Скопје не ја донесоа и Одлуката за набавка на еко-автобуси. „За“ Одлуката гласаа 20 советници, пет воздржани и ниту еден „против“.

Советот на Град Скопје денеска одржува седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси.

Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.

The post Советот на Град Скопје не ги донесе Одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси appeared first on Република.

]]>

- Советот на Град Скопје на денешната седница не ја донесе Одлуката за давање согласност за склучување на договор за имплементација  на проектот воведување на Брз автобуски превоз (БРТ) во Град Скопје. „За“ одлуката гласаа 14 советници, четири “против“ и двајца воздржани. Против оваа одлука гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, од Зелен хуман град и Левица. БРТ системот, кој беше проект на претходниот градоначалник Петре Шилегов е едно од решенијата за намалување на сообраќајниот хаос во главниот град, а ова е трета година како не се спроведува и се плаќаат пенали. Парите за БРТ стојат, а од државниот буџет се плаќаат пенали – по 350 илјади евра годишно камата на ЕБОР, бидејќи кредитот во висина од 70 милиони евра е земен, но проектот не се реализира. -Нема да го поддржиме овој предлог за воведување на БРТ системот, затоа што без разлика што постојано нѐ обвинувате дека немаме став, нашиот став е дека граѓаните не го поддржаа овој систем, затоа и ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи, рече советникот Филип Јаневски од ВМРО-ДПМНЕ. Советничката од СДСМ Љубица Јанчева смета дека со набавка на нови автобуси кои би сообраќале по старите траси, проблемот со јавниот транспорт нема да се реши.
-Имаме готов проект за БРТ, за кој има пари и во сумата се вклалкулирани и 50 нови автобуси. А за тој проект, кој е одобрен плаќаме пенали. Инаку потребен е нов концепт за јавен превоз, не само набавка на нови автобуси. Она што му е потребно на Скопје и на сите кои го користат јавниот превоз е нов концепт за брз, ефикасен и еколошки превоз, рече советничката од СДСМ Љубица Јанчева. Одговори и на прозивките дека со изградба на трасата на БРТ ќе се уништело средишното зеленило, затоа што планот предвидува засадување зеленило на голем дел од трасата.
Драгана Велковска од Зелен хуман град смета дека договорот за БРТ е постигнат без јавна дебата, исклучително нетранспарентно, зад затворени врати и смета дека е БРТ решението е натурено, а нема стручна студија за неговата оправданост. Таа смета дека зелениото кое ќе биде уништено е повеќедецениско, а не може да се замени со нови садници. Таа побара основна студија и кога ќе може да биде изработена, па за неа да се дискутира. Советникот на Левица, Ванчо Спасески истакна дека нема да го поддржат овој предлог затоа што, како што рече, дека при ваков нерегулиран градски јавен превоз да се бара брз превоз е претенциозно. Советниците на Град Скопје не ја донесоа и Одлуката за набавка на еко-автобуси. „За“ Одлуката гласаа 20 советници, пет воздржани и ниту еден „против“. Советот на Град Скопје денеска одржува седница на која се очекува советниците да ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена за вработување на околу 120 лица и да донесат одлука за пренамена на средства за ЈСП со кои ќе се репарираат и стават во функција уште 30 автобуси. Градоначалничката Данела Арсовска на 22 овој месец на координација со советничките групи го претстави планот за излез од кризата во градот Скопје недоволниот број автобуси поради што мораат да чекаат и по повеќе од половина час, а исто така имаше и коментари за хигиената во градот.

The post Советот на Град Скопје не ги донесе Одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси appeared first on Република.

]]>
Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/sovetot-na-grad-skopje-ja-donese-odlukata-za-davane-subventsii-na-jsp-skopje-za-2024-godina/ Mon, 22 Jan 2024 16:09:33 +0000 https://republika.mk/?p=735589

Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.

Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој се предлагаше наместо 485 милиони денари да се дадат субвенции во висина од 185 милони денари заради подобра контрола на работењето на ЈСП Скопје. За амндамнот се изјаснија 14 советници, тројца беа против, а воздржани немаше поради тоа не беше прифатен.

На почетокот на расправата по амандманот градоначалничката Данела Арсовска не го прифати. Спред неа, не е коректен и значи исмевање на сите луѓе кои денеска чекаат пред Градот за да земат плати и со сите скопјани кои денеска измрзнаа поради немањето автобуски превоз.

-Мило ми е што се вративте и се обидувате да ја исправите белјата што ја направивте. Со овој амандман ќе им ги скратите платите на луѓето и за два месеца кога ќе има избори ќе правите нова криза. Со што ќе го контролирате ЈСП со овој амандман. Не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на овие луѓе. Да не си играте со нивините судбини пред избори. Не се срамите од ова што го правите. Не можам да разберам што е целта и што е поентата. Скопјани денеска смрзнуваат заради вас. Требаше само да се извините и да ја изгласата одлуката, рече Арсовска.

Еден од предлагачите на амандманот советникот Страшо Ангеловски рече дека идејата на амандманот е да им се излезе во пресрет на вработентие во ЈСП како да ја земат плата за декември и за уште два или три месеци.

-Во политичката борба ме доведовте во дилема зашто во октомври гласав за субвенци од 110 милиони денари со кои ќе се реши проблемот со плата во ЈСП за ноември и декември 2023 година, а денеска баравте повторно да кренам рака за она за што сум се изјснил и сум бил за. Имам лична дилема. Можеби во техничкиот дел на амандманот пишува дека е за контрола, но е за да се видиме во лице и за луѓето да си ги земат платите. Јас секогаш се залагам за компромис и сакам кога ќе излезам од оваа сала да излезам со крената глава. Ве повикувам во името на компромисот баталете го инатот. Проблемто е заради инаењтењето на Советот на една страна и градоначалникот на друга. Дајте со комрпомисно мудро и паметно решение на ЈСП да му овозможиме да продолжо да фунцкионира, рече Ангеловски.

Арсовска во реплика му одговори дека за да излезат со кренати глави требаше прво да не излезат со наведната глава од тука и да го изгласаат предлогот. -Конфликт нема никаков тие што се разумни гласаа, а тие што не се беа воздржани и предлогот не помина, рече Арсовска.

Координаторката на Советничката група на СДСМ Љубица Јанчева рече дека нема да дадат поддршка за амнадманот и додаде дека тој е изнуден од порталите откако ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше првичното решение.

Заменик-градоначалникот Александар Трајановски, пак, посочи дека амандманска расправа на вонредна седница нема и затоа, како што кажа, е смешно на вонредна седница да има расправа за „смешен амандман“.

-Повеќе од јасно е кој овде води инат и затоа во ист ден сме на втора вонредна седница, рече Трајановски. Нагласи дека во октомври гласале за луѓето да земат плата пред Нова година и додаде дека декемвриската плата се дели во јануари, а не во декември.

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека повеќе од една година укажуваат на недомаќинското работење на директорите на јавните градски претпријатија.

-Ние сме должни да ја чуваме градската каса, но и да обезбедиме јавен превоз. Го поднесовме овој амандман да дадеме шанса да се изгласаат субвенции за вработените да земат пари. И да не се усвои амандманот, а да се усови предлогот дали граѓаните нема по 45 минути да чекаат автобус и да се гужбваат во автобусите. Пари сме дале, но не се гледа каде се. И повторно да се дадат пари проблемите нема да се решат, рече Андоновска.

Ова беше втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што е свикана денеска, откако на претходната не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против.

Вработените во ЈСП организирани од Синдикатот од претпладнето се пред просториите на град Скопје чекајќи исход за одлуката за субвенционирање. Синдикатот веќе најави дека без позитивен исход нема да продолжи јавниот градски превоз кој денеска функционираше од 04.30 до 09.00 часот.

The post Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра. Пред гласањето Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесе амандман со кој се предлагаше наместо 485 милиони денари да се дадат субвенции во висина од 185 милони денари заради подобра контрола на работењето на ЈСП Скопје. За амндамнот се изјаснија 14 советници, тројца беа против, а воздржани немаше поради тоа не беше прифатен. На почетокот на расправата по амандманот градоначалничката Данела Арсовска не го прифати. Спред неа, не е коректен и значи исмевање на сите луѓе кои денеска чекаат пред Градот за да земат плати и со сите скопјани кои денеска измрзнаа поради немањето автобуски превоз. -Мило ми е што се вративте и се обидувате да ја исправите белјата што ја направивте. Со овој амандман ќе им ги скратите платите на луѓето и за два месеца кога ќе има избори ќе правите нова криза. Со што ќе го контролирате ЈСП со овој амандман. Не ја разбирам потребата да си играте со интелигенцијата на овие луѓе. Да не си играте со нивините судбини пред избори. Не се срамите од ова што го правите. Не можам да разберам што е целта и што е поентата. Скопјани денеска смрзнуваат заради вас. Требаше само да се извините и да ја изгласата одлуката, рече Арсовска. Еден од предлагачите на амандманот советникот Страшо Ангеловски рече дека идејата на амандманот е да им се излезе во пресрет на вработентие во ЈСП како да ја земат плата за декември и за уште два или три месеци. -Во политичката борба ме доведовте во дилема зашто во октомври гласав за субвенци од 110 милиони денари со кои ќе се реши проблемот со плата во ЈСП за ноември и декември 2023 година, а денеска баравте повторно да кренам рака за она за што сум се изјснил и сум бил за. Имам лична дилема. Можеби во техничкиот дел на амандманот пишува дека е за контрола, но е за да се видиме во лице и за луѓето да си ги земат платите. Јас секогаш се залагам за компромис и сакам кога ќе излезам од оваа сала да излезам со крената глава. Ве повикувам во името на компромисот баталете го инатот. Проблемто е заради инаењтењето на Советот на една страна и градоначалникот на друга. Дајте со комрпомисно мудро и паметно решение на ЈСП да му овозможиме да продолжо да фунцкионира, рече Ангеловски. Арсовска во реплика му одговори дека за да излезат со кренати глави требаше прво да не излезат со наведната глава од тука и да го изгласаат предлогот. -Конфликт нема никаков тие што се разумни гласаа, а тие што не се беа воздржани и предлогот не помина, рече Арсовска. Координаторката на Советничката група на СДСМ Љубица Јанчева рече дека нема да дадат поддршка за амнадманот и додаде дека тој е изнуден од порталите откако ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше првичното решение. Заменик-градоначалникот Александар Трајановски, пак, посочи дека амандманска расправа на вонредна седница нема и затоа, како што кажа, е смешно на вонредна седница да има расправа за „смешен амандман“. -Повеќе од јасно е кој овде води инат и затоа во ист ден сме на втора вонредна седница, рече Трајановски. Нагласи дека во октомври гласале за луѓето да земат плата пред Нова година и додаде дека декемвриската плата се дели во јануари, а не во декември. Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека повеќе од една година укажуваат на недомаќинското работење на директорите на јавните градски претпријатија. -Ние сме должни да ја чуваме градската каса, но и да обезбедиме јавен превоз. Го поднесовме овој амандман да дадеме шанса да се изгласаат субвенции за вработените да земат пари. И да не се усвои амандманот, а да се усови предлогот дали граѓаните нема по 45 минути да чекаат автобус и да се гужбваат во автобусите. Пари сме дале, но не се гледа каде се. И повторно да се дадат пари проблемите нема да се решат, рече Андоновска. Ова беше втора вонредна седница на Советот на Град Скопје што е свикана денеска, откако на претходната не беше донесена одлуката за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра со што ќе се овозможи исплата на декемвриската плата на вработените во ЈСП, кои изутрина од 9 часот прекинаа со работа и нема јавен градски превоз во Скопје. Одлуката не помина за еден глас, односно не беа доволни 22. гласа „за“ од присутните советници. Триенаесет беа воздражани, а ниту еден против. Вработените во ЈСП организирани од Синдикатот од претпладнето се пред просториите на град Скопје чекајќи исход за одлуката за субвенционирање. Синдикатот веќе најави дека без позитивен исход нема да продолжи јавниот градски превоз кој денеска функционираше од 04.30 до 09.00 часот.

The post Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Одговорност и да не се повтори: Советот ја задолжи Арсовска редовно да ја одржува хигиената во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/odgovornost-i-da-ne-se-povtori-sovetot-ja-zadolzhi-arsovska-redovno-da-ja-odrzhuva-higienata-vo-grad-skopje/ Thu, 13 Jul 2023 12:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=660900

Советниците на град Скопје на седмата вонредна седница ги донесоа заклучоците по единствената точка на дневен ред за актуелната состојба со комунална хигиена, со цел спречување на еколошка катастрофа и појава на заразни болести. Претседателот на Советот на град Скопје, Трајко Славевски по координацијата на советничките групи го прочита заклучокот, во кои се предвидени и мерки.

Прво се задолжува градоначалникот на град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“-Скопје да ги преземат следните мерки: Редовно чистење и миење на сите сообраќајници во град Скопје. Дезинфекција и дезинсекција на сите места каде што се наоѓаат контејнерите и во блиската околина. Дезинфекција и дезинсекција и редовно одржување на контејнерите. Итна набавка на пет нови камиони и механизација за собирање на отпад. Итна набавка на пет модерни еколошки чистачи на улиците и сообраќајниците, вели Славевски.

Меѓу заклуоците е и детална проверка на договорите на вработените, за коишто има сомнеж не се појавуваат на работа, а оставруваат право на плата, како и на оние кои имаат нерегулиран статус повеќе од пет години.

Одговорност за сите кои директно или индиректно учествувале во креирањето на ваквите состојби во ЈП „Комунална хигиена“. Проверка и на договорите за вработување и во останатите јавни претпријатија во соработка со надлежните државни институции, вели Славевски.

Меѓу заклуоците на советниците на Советот на град Скопје и ревизија на работата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“, како и формирање и на работно тело за надзор на работата на јавното претпријатие. Советниците побараа и редовни координации меѓу градоначалничката и координаторите на советничките групи.

Соработка меѓу сите јавни претпријатија за надминување на состојбите во градот. Изработка на функционална анализа на сите установи, институции, вклучувајќи ја и администрацијата на град Скопје да се изработи темелно, непристрасно за да може да служи како основа за унапредување на јавните услиги. Во кризниот штаб да се вклучат и претставници од членовите на Советот на град Скопје, вели Славевски.

Советниците во заклуоците наведуваат дека бараат и извештај од страна на ЈП Комунална хигиена и во рок од три дена да го достави до Советот на град Скопје, потоа да се достави Програма за јавната чистота, да се реализира и јавна дебата за разгледување на можностите за децентрализација на дел од надлежностите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Под број два овој заклучок да се достави до градоначалникот на град Скопје и директор на ЈП „Комунална хигиена“ на денешен датум, рече Славевски.

За овие заклучоци на денешната вонредна седма седница на град Скопје едногласно гласаа вкупно 24 советници од Советот на град Скопје.

The post Одговорност и да не се повтори: Советот ја задолжи Арсовска редовно да ја одржува хигиената во Град Скопје appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да не си ги мести сопствените советници: Прво гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-bara-sdsm-da-ne-si-gi-mesti-sopstvenite-sovetnitsi-prvo-glasaat-planovi-i-programi-na-arsovska-a-potoa-da-glumat-skarani-tie-se-koalitsija-za-tenderi/ Fri, 31 Mar 2023 15:40:26 +0000 https://republika.mk/?p=625886

СДС да не си ги мести сопствените советници, прво да гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери.

СДСM – ДУИ – Левица се во коалиција од финансиски интерес со Данела Арсовска, кога делат тендери и договараат програми, можат и да се договорат да ја реновираат и Универзална сала.Од СДСM очигледно си ги местат сoпствените советници на прес конференции кои треба да ги упатат кон Ковачевски, бара ВМРО-ДПМНЕ.

СДС – ДУИ – Левица, покрај тоа што се централна власт, преку Арсовска чии програми вчера ги изгласаа се и власт во град Скопје. СДС и Арсовска се виновни зошто универзална сала стои како руина, наместо да биде реновирана.

Арсовска нема реализирано еден проект откако се уортачи со СДС, освен заедничко гласање на програми и договарање тендери ништо не прават.

СДС – ДУИ – Левица не можат да сокријат дека тие управуваат со Скопје заедно со Арсовска. Сите директори на јавни претпријатија се од овие партии, и тие ги раскрчмуваат парите на скопјани.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да не си ги мести сопствените советници: Прво гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери appeared first on Република.

]]>

СДС да не си ги мести сопствените советници, прво да гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери. СДСM – ДУИ – Левица се во коалиција од финансиски интерес со Данела Арсовска, кога делат тендери и договараат програми, можат и да се договорат да ја реновираат и Универзална сала.Од СДСM очигледно си ги местат сoпствените советници на прес конференции кои треба да ги упатат кон Ковачевски, бара ВМРО-ДПМНЕ.
СДС – ДУИ – Левица, покрај тоа што се централна власт, преку Арсовска чии програми вчера ги изгласаа се и власт во град Скопје. СДС и Арсовска се виновни зошто универзална сала стои како руина, наместо да биде реновирана. Арсовска нема реализирано еден проект откако се уортачи со СДС, освен заедничко гласање на програми и договарање тендери ништо не прават.
СДС – ДУИ – Левица не можат да сокријат дека тие управуваат со Скопје заедно со Арсовска. Сите директори на јавни претпријатија се од овие партии, и тие ги раскрчмуваат парите на скопјани.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да не си ги мести сопствените советници: Прво гласаат планови и програми на Арсовска, а потоа да глумат скарани, тие се коалиција за тендери appeared first on Република.

]]>
Арсовска не помислува на оставка: Ако не биде изгласан буџетот на Град Скопје, ќе се оди на избори за Советот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-ne-pomisluva-na-ostavka-ako-ne-bide-izglasan-budzetot-na-grad-skopje-kje-se-odi-na-izbori-za-sovetot/ Wed, 30 Nov 2022 14:27:33 +0000 https://republika.mk/?p=580086

Оставка не е опција за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, туку избори за Советот како што беше случај во Општина Тетово доколку не биде изгласан буџетот за 2023 година. Ова го истакна Арсовска во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Доколку советниците одлучат дека не треба да поддржат функционален буџет за граѓани, за реализација на проектите и за модерно Скопје, тогаш, по автоматизам, нивниот мандат престанува и ќе си одат на локални избори и ќе си дојдат советници кои ќе работат во интерес на граѓаните. Меѓутоа, мој личен впечаток е дека таму има искусни луѓе, и во политиката и како советници, и никој не би понел таква политичка штета по нив. Мене ми е јасно дека на двете најголеми политички партии во државата не им е мило да видат дека некој поединец се обидува да смени нешто што се случува и во градот и во државата. И тоа е нивно легитимно право, рече Арсовска.

The post Арсовска не помислува на оставка: Ако не биде изгласан буџетот на Град Скопје, ќе се оди на избори за Советот appeared first on Република.

„Анима мунди“: Советот на Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/anima-mundi-sovetot-na-grad-skopje-da-odobri-nepovratna-finansiska-pomosh-za-jp-lajka/ Fri, 11 Nov 2022 13:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=572773

Бездомните кучиња и нивениот третман не се само проблем од етичка природа, туку реалност која секојдневно влијае врз севкупниот живот на Скопјани и сите посетители на градот.

Не сакаме да гледаме гладни, несреќни животни по улиците, животни без дом. Безбедноста, здравствената заштита на населението, стандардот на градска чистота се сфери кои исклучително зависат  од тоа на кој начин и во која мерка ќе обезбедиме хуман третман на животните, кои се на улица, но не по сопствен избор или вина.

Граѓаните на Град Скопје  бараат од Вас решавање на овие проблеми, хуман третман, поголема грижа за нивната безбедност и здравје. Како Совет на Град Скопје должни сте за рационално, одговорно, ефикасно распоредување на нивните средства.

Во понеделник се одлучува  по прашањето дали средствата на граѓаните ќе одат за превенција на штети, унапредување на севкупниот животен стандард во градот, хумано намалување на бројката бездомни животни, или средствата ќе се трошат во блиска иднина наменети за санирање штета, исплата на оштети од претрпен страв и физички повреди. Секоја инвестиција во оваа област сега, спречува одлив на милиони во иднина.

ЈП Лајка е единствено претпријатие чија намена е да се справи со предизвиците и проблемите кои се таложени 3 децении. ЈП Лајка маневрира во услови каде секојдневно се зголемува бројката бездомни животни поради тоа што нема соодветна законска регулатива која наложува забрана за неконтролирано размножување и напуштање миленик, која регулира продажна дејност со животни, нивно подарување, која најстрого санкционира насилство на животни и нивно занемарување. .. ЈП Лајка не смее да има вработени кои се во континуитет изложени на несигурноста и стравот дали ќе имаат плата,  кои поради енормата , наследена задолженост на претпријатието во минатото немаат основна опрема за работа, медикаметни за стерилизации не можат својата иднина долгорочно да ја планираат тука, бидејќи е неизвесна и самата судбина на претпријатието. ЈП Лајка не може да испорача резултат на Скопјани доколку стерилизира масовно, брзо без прекин, со цел да се опфатат минимум 75% на постоечките нестеризирани единки на улица.ЈП Лајка не може да биде успешна приказна доколку не се сфати неговата исклучителна важност, доколку сега не се помогне за да ја премости кризната состојба која произлегува од енормна, наследена презадолженост на претпријатието и, последователно не се предвидат и инвестираат средства во буџетот за 2023 година, сразмерно на реалните потреби на град Скопје и претпријатието кое ги има внатре.

Во име активистите за права на животни, хуманите граѓани и секој еден кој е директно или индиректно засегнат од оваа проблематика, бараме да ја согледате важноста на ЈП Лајка и во понеделник дадете поддршка за за финансиска помош на претпријатието.

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“

The post „Анима мунди“: Советот на Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка appeared first on Република.

]]>

Бездомните кучиња и нивениот третман не се само проблем од етичка природа, туку реалност која секојдневно влијае врз севкупниот живот на Скопјани и сите посетители на градот. Не сакаме да гледаме гладни, несреќни животни по улиците, животни без дом. Безбедноста, здравствената заштита на населението, стандардот на градска чистота се сфери кои исклучително зависат  од тоа на кој начин и во која мерка ќе обезбедиме хуман третман на животните, кои се на улица, но не по сопствен избор или вина. Граѓаните на Град Скопје  бараат од Вас решавање на овие проблеми, хуман третман, поголема грижа за нивната безбедност и здравје. Како Совет на Град Скопје должни сте за рационално, одговорно, ефикасно распоредување на нивните средства. Во понеделник се одлучува  по прашањето дали средствата на граѓаните ќе одат за превенција на штети, унапредување на севкупниот животен стандард во градот, хумано намалување на бројката бездомни животни, или средствата ќе се трошат во блиска иднина наменети за санирање штета, исплата на оштети од претрпен страв и физички повреди. Секоја инвестиција во оваа област сега, спречува одлив на милиони во иднина. ЈП Лајка е единствено претпријатие чија намена е да се справи со предизвиците и проблемите кои се таложени 3 децении. ЈП Лајка маневрира во услови каде секојдневно се зголемува бројката бездомни животни поради тоа што нема соодветна законска регулатива која наложува забрана за неконтролирано размножување и напуштање миленик, која регулира продажна дејност со животни, нивно подарување, која најстрого санкционира насилство на животни и нивно занемарување. .. ЈП Лајка не смее да има вработени кои се во континуитет изложени на несигурноста и стравот дали ќе имаат плата,  кои поради енормата , наследена задолженост на претпријатието во минатото немаат основна опрема за работа, медикаметни за стерилизации не можат својата иднина долгорочно да ја планираат тука, бидејќи е неизвесна и самата судбина на претпријатието. ЈП Лајка не може да испорача резултат на Скопјани доколку стерилизира масовно, брзо без прекин, со цел да се опфатат минимум 75% на постоечките нестеризирани единки на улица.ЈП Лајка не може да биде успешна приказна доколку не се сфати неговата исклучителна важност, доколку сега не се помогне за да ја премости кризната состојба која произлегува од енормна, наследена презадолженост на претпријатието и, последователно не се предвидат и инвестираат средства во буџетот за 2023 година, сразмерно на реалните потреби на град Скопје и претпријатието кое ги има внатре. Во име активистите за права на животни, хуманите граѓани и секој еден кој е директно или индиректно засегнат од оваа проблематика, бараме да ја согледате важноста на ЈП Лајка и во понеделник дадете поддршка за за финансиска помош на претпријатието. Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“

The post „Анима мунди“: Советот на Град Скопје да одобри неповратна финансиска помош за ЈП Лајка appeared first on Република.

]]>
Славески го повика Инспекторатот да интервенира во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/slaveski-go-povika-inspektoratot-da-intervenira-vo-grad-skopje/ Tue, 08 Nov 2022 10:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=571346

Пред да предложам дневен ред сакам да укажам на нешто, имено знаете дека на изминативе две седници забележавме дека некој неовластено без дозвола на претседател на Совет и на советниците кои што се единствени кои што можат да вршат измени во оваа сала на опремата, на распоред на седење и така натаму, на претседателот на Совет му е оневозможено да го спроведува Деловникот од аспект на спроведување на редот во салата, давањето и одземањето ако за тоа има потреба збор, контролата на времето на дискусии итн., истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје денеска на седницата.

Славески додаде дека токму тоа беше и причина за одредени тензии на изминатите две седници.

Јас како претседател на Совет во неколку наврати и усно, а и писмено се обратив да му се овозможи на претседателот на Совет тоа деловничко и статутарно право. Дури и потпишав една наредба до секторот за општи работи. И како што гледам до овој момент не е постапено, нагласи Славески.

Тој потсети дека претседател на Совет треба да дава збор по редослед на пријавување и доколку некој од дискутантите не се придржува на точката на дневен ред по три опомени, да одзема збор.

Јас немам начин за одземање на збор освен нели да исклучувам микрофони на советниците. Тоа што нели е постапено по она што беше барање и доставено и писмено, овој момент јавно го повикувам инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје, ќе побарам и писмено заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Совет. Замолувам и давам пауза од половина час да се врати опремата со која што Советот одржа 18 седници, повика Славески.

The post Славески го повика Инспекторатот да интервенира во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Пред да предложам дневен ред сакам да укажам на нешто, имено знаете дека на изминативе две седници забележавме дека некој неовластено без дозвола на претседател на Совет и на советниците кои што се единствени кои што можат да вршат измени во оваа сала на опремата, на распоред на седење и така натаму, на претседателот на Совет му е оневозможено да го спроведува Деловникот од аспект на спроведување на редот во салата, давањето и одземањето ако за тоа има потреба збор, контролата на времето на дискусии итн., истакна Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје денеска на седницата. Славески додаде дека токму тоа беше и причина за одредени тензии на изминатите две седници.
Јас како претседател на Совет во неколку наврати и усно, а и писмено се обратив да му се овозможи на претседателот на Совет тоа деловничко и статутарно право. Дури и потпишав една наредба до секторот за општи работи. И како што гледам до овој момент не е постапено, нагласи Славески.
Тој потсети дека претседател на Совет треба да дава збор по редослед на пријавување и доколку некој од дискутантите не се придржува на точката на дневен ред по три опомени, да одзема збор.
Јас немам начин за одземање на збор освен нели да исклучувам микрофони на советниците. Тоа што нели е постапено по она што беше барање и доставено и писмено, овој момент јавно го повикувам инспекторатот за локална самоуправа да интервенира во Град Скопје, ќе побарам и писмено заради попречување на работата на Советот и одземање на ингеренциите на претседателот на Совет. Замолувам и давам пауза од половина час да се врати опремата со која што Советот одржа 18 седници, повика Славески.

The post Славески го повика Инспекторатот да интервенира во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Станковиќ: Сите советници да ја поддржат одлуката за давање на субвенции на ЈСП, се со цел вработените да ги имаат своите плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stankovikj-site-sovetnici-da-ja-poddrzat-odlukata-za-davanje-na-subvencii-na-jsp-se-so-cel-vrabotenite-da-gi-imaat-svoite-plati/ Thu, 20 Oct 2022 12:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=563596

Гледајќи и согледувајќи ја ваквата состојба, советничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива со која се обидовме и понудивме решение за излез од оваа состојба во која е западнато Јавното претпријатие, изјави Малиша Станковиќ членот на Советот на Град Скопје од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Станковиќ потенцираше дека со дадените субвенции ќе се обезбедат плати на вработените во ЈСП Скопје. Со самото тоа ќе биде задоволено основното барање на синдикатот и основното барање на овие вработени и со заедничко гласање на оваа одлука ќе се надмине состојбата во која е западнато Јавното Претпријатие.

После долга дискусија вчера го изразуваме нашето задоволство дека поголемиот дел од советниците гласаа за таа иницијатива. Како резултат на таа иницијатива , денеска имаме предлог одлука за измена на давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2022 година, рече Станковиќ.

Тој се надева дека Град Скопје сериозно ќе почне да работи во наредниот период за изнаоѓање на трајно решение на ова Јавно Претпријатие.

Оттаму како советничка група ги замолуваме сите советници денеска да ја поддржиме оваа одлука, нашата цел и вчера беше со иницијативата да иницираме да се донесе ваква одлука и со оваа одлука да го надминеме проблемот, кажа Станковиќ.

Станковиќ ги замоли сите советници заеднички да ја изгласаме оваа одлука, бидејќи со оваа проблемот е решен, со оваа одлука нашата заедничка цел е постигната и ЈСП Скопје од денеска ќе ги имаат своите плати.

The post Станковиќ: Сите советници да ја поддржат одлуката за давање на субвенции на ЈСП, се со цел вработените да ги имаат своите плати appeared first on Република.

Андоновски до Арсовска: Да не беше поддршката од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на мапа не можеа да те најдат https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovski-do-arsovska-da-ne-beshe-poddrshkata-od-mickoski-i-vmro-dpmne-na-mapa-ne-mozea-da-te-najdat/ Thu, 29 Sep 2022 16:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=555748

По однос на оваа точка навистина е збунувачки затоа што во три дена имате три различни изјави, од градоначалникот, па од новиот менаџер на Водовод. Првата изјава беше оваа беа партиски луѓе кои што не доаѓале на работа. Втората изјава беше ова биле партиски луѓе кои не знам дали биле партиски луѓе ама некој не доаѓале на работа, а некои не си ја извршувале работата како што треба. За после тоа овој директорот што не знае дали е член на Управен одбор, на Надзорен одбор а во исто време е директор да излезе да каже компанијата нема потреба од овие вработени имаме превработеност, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутира по точка за утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија.

Според Андоновски во ЈП Водовод и канализација наместо 120 луѓе, би требало да се вработат само 30 бидејќи 30 луѓе во 2023 година ќе заминат во пензија, а останатите 90 кои што треба да се вработат би биле вишок.

Е сега затоа што компанијата има превработеност тогаш би требало со планот за вработување да имаме 30 вработувања затоа што 30 луѓе одат во пензија, да речеме дека тие места се тотално неопходни и тие 30 вработувања да бидат нов, но 120 тогаш се вишок. Значи треба 90 луѓе да не ги вработувате ако за нив немало никаква потреба, додаде тој.

Андоновски нагласи дека ново именуваниот директор им ги прекинал договорите за вработување на лица бранители од 2021 година, а на останатите им било нудено од страна на претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката да станат дел од таа политичка партија ако сакаат да им биде продолжен договорот за вработување.

Инаку точна е информацијата дека не им бил на сите прекинати договорите и биле избркани. Меѓу тие што се избркани биле бранители од 2001 година, а меѓу тие што не биле избркани се пуштале списоци од претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката, и по овие списоци биле врбувани луѓето на начин сакаш да станеш дел од нашата партија за да ти биде продолжен договорот за вработување. Вака буквално изгледале разговорите, рече Андоновски.

Андоновски и порача на Данела Арсовска пред да употребува погрди зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да размисли бидејќи да не била поддршка од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не можела да собере ниту потписи за кандидатурата, а не пак да победи, односно како што и рече тој на мапа не можеа да те најдат, 10 луѓе немаше да има на твој митинг затоа што луѓето не те препознава на анкетите.

Во секоја реченица градоначалничката употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа, таа би требало да си закачи слика дома од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој, таа потписи не можеше да собере а не па да се кандидира за независен градоначалник. На мапа не можеше да ја најдат да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг да не беше ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии кои што ја поддржаа. Да не беше Христијан Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните што луѓето воопшто ги препознаваат, рејтинг имаше 10 проценти затоа што 90 проценти од луѓето не знаеја за кого станува збор. Затоа пред да ставате такви лоши невкусни изрази во уста, размислете кој ви ја поддржа кандидатурата без која што вие не можете да бидете ни директор на Стопански комори, а не пак градоначалник на Скопје. Да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вие потписи не можевте да соберете, и порача Андоновски на Арсовска.

The post Андоновски до Арсовска: Да не беше поддршката од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на мапа не можеа да те најдат appeared first on Република.

]]>

По однос на оваа точка навистина е збунувачки затоа што во три дена имате три различни изјави, од градоначалникот, па од новиот менаџер на Водовод. Првата изјава беше оваа беа партиски луѓе кои што не доаѓале на работа. Втората изјава беше ова биле партиски луѓе кои не знам дали биле партиски луѓе ама некој не доаѓале на работа, а некои не си ја извршувале работата како што треба. За после тоа овој директорот што не знае дали е член на Управен одбор, на Надзорен одбор а во исто време е директор да излезе да каже компанијата нема потреба од овие вработени имаме превработеност, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на која се дискутира по точка за утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија. Според Андоновски во ЈП Водовод и канализација наместо 120 луѓе, би требало да се вработат само 30 бидејќи 30 луѓе во 2023 година ќе заминат во пензија, а останатите 90 кои што треба да се вработат би биле вишок.
Е сега затоа што компанијата има превработеност тогаш би требало со планот за вработување да имаме 30 вработувања затоа што 30 луѓе одат во пензија, да речеме дека тие места се тотално неопходни и тие 30 вработувања да бидат нов, но 120 тогаш се вишок. Значи треба 90 луѓе да не ги вработувате ако за нив немало никаква потреба, додаде тој.
Андоновски нагласи дека ново именуваниот директор им ги прекинал договорите за вработување на лица бранители од 2021 година, а на останатите им било нудено од страна на претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката да станат дел од таа политичка партија ако сакаат да им биде продолжен договорот за вработување.
Инаку точна е информацијата дека не им бил на сите прекинати договорите и биле избркани. Меѓу тие што се избркани биле бранители од 2001 година, а меѓу тие што не биле избркани се пуштале списоци од претставници на новиот коалиционен партнер за Зелено Скопје на градоначалничката, и по овие списоци биле врбувани луѓето на начин сакаш да станеш дел од нашата партија за да ти биде продолжен договорот за вработување. Вака буквално изгледале разговорите, рече Андоновски.
Андоновски и порача на Данела Арсовска пред да употребува погрди зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, да размисли бидејќи да не била поддршка од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не можела да собере ниту потписи за кандидатурата, а не пак да победи, односно како што и рече тој на мапа не можеа да те најдат, 10 луѓе немаше да има на твој митинг затоа што луѓето не те препознава на анкетите. Во секоја реченица градоначалничката употребува погрдни зборови за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо тоа, таа би требало да си закачи слика дома од него и да му се моли секој ден, затоа што да не беше тој, таа потписи не можеше да собере а не па да се кандидира за независен градоначалник. На мапа не можеше да ја најдат да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како поддршка. Немаше да има 10 луѓе на митинг да не беше ВМРО-ДПМНЕ и останатите партии кои што ја поддржаа. Да не беше Христијан Мицкоски, на анкетите беше меѓу последните што луѓето воопшто ги препознаваат, рејтинг имаше 10 проценти затоа што 90 проценти од луѓето не знаеја за кого станува збор. Затоа пред да ставате такви лоши невкусни изрази во уста, размислете кој ви ја поддржа кандидатурата без која што вие не можете да бидете ни директор на Стопански комори, а не пак градоначалник на Скопје. Да не беше Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вие потписи не можевте да соберете, и порача Андоновски на Арсовска.

The post Андоновски до Арсовска: Да не беше поддршката од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на мапа не можеа да те најдат appeared first on Република.

]]>
Станковиќ: Нема да поддржиме вработување на 120 лица во Водовод, oткако Арсовска избрка 100 луѓе со изговор дека претпријатието е превработено https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/stankovikj-nema-da-poddrzime-vrabotuvanje-na-120-lica-vo-vodovod-otkako-arsovska-izbrka-100-lugje-so-izgovor-deka-pretprijatieto-e-prevraboteno/ Thu, 29 Sep 2022 15:50:34 +0000 https://republika.mk/?p=555740

Малиша Станковиќ, советник во советот на Град Скопје од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, СПМ на денешната седница говорејќи за годишниот план за вработување на 120 лица во ЈП Водовод и канализација за 2023 година, истакна дека нема да поддржи вработување на овие лица, бидејќи ново именуваниот директор на претпријатието веќе ги прекинал договорите на 100 лица со објаснување дека претпријатието е превработено.

Се работи за една точка а тоа е утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија. Во случај ова е точка на вработувања на лица во ЈП Водовод и канализација каде што е предвидено дека во наредната година односно во 2023 треба да се вработат 120 лица. Не значи дека сите 120 лица ќе се вработат, меѓутоа со самото постоење на ваква одлука, постои можност за вработување на лица во јавното претпријатие. Земјаќи во предвид дека директорот на јавното претпријатие Водовод и канализации веднаш непосредно после своето стапување на функција отпушти од работа односно ги раскина договорите на преку 100 вработени во јавното претпријатие, сметам дека ваквата одлука како советници не треба да ја поддржиме за да не го ставаме во дополнителен терет да се става во искушение некого да вработи во јавното претпријатие во 2023 година, бидејќи со самото тоа покажува тенденција дека има превработени луѓе за очекување дека во 2023 година овој директор, како и воопшто директорите на јавните претпријатија ќе продолжат со онаа стратегија на опуштање на луѓе, а не со примање на луѓе во работен однос. Па затоа ваквиот тип на одлуки нема да им бидат поддржани и нема да ги гласаме одлуките кои што се однесуваат за годишен вработување на директорите на јавните претпријатија, вели Становиќ.

The post Станковиќ: Нема да поддржиме вработување на 120 лица во Водовод, oткако Арсовска избрка 100 луѓе со изговор дека претпријатието е превработено appeared first on Република.

ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ju-za-urbanizam-kenzo-tange-koja-kje-raboti-na-prostorno-i-urbanistichko-planiranje-vo-grad-skopje/ Mon, 25 Jul 2022 15:08:04 +0000 https://republika.mk/?p=533021

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ.

Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје.

Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови.

Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност.

Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на објекти на Град Скопје. Јавната установа за урбанизам покрај дефинираните надлежности согласно со Националната класификација на дејности ќе учествува во изработка и донесување на генерален урбанистички план на Град Скопје, спроведување и следење на спроведувањето, ќе изработува урбанистички планови и урбанистички проекти и учествува во нивното донесување, спроведување и следење на спроведувањето, изработка стручна ревизија на урбанистички планови и урбанистички проекти согласно условите за вршење на ревизија пропишани со закон, изработува проектно-техничка документација за инфраструктурни и супраструктурни објекти, како и надзор над имплементација на истите, изработува студии, експертски елаборати и програми поврзани со планирањето и уредувањето и просторниот развој на градот.

Воедно врши одржување и ажурирање на базата на просторни податоци за своето подрачје, следење и анализа на  спроведувањето на урбанистичките планови, изработка извештај за состојбите во просторот, изработка на основни и сообраќајни проекти, учество во создавање на оценката за просторниот развој и учество во создавање на програмата за донесување на урбанистички планови. Покрај ова, оваа установа ќе остварува соработка со надлежните институции за планирање на просторот при изработувањето на просторни планови од нејзина надлежност. Јавната установа се организира на начин кој ќе овозможи Градот Скопје да обезбеди услови и стратешки поголемо влијание за рамномерен просторен развој на градот, рационално уредување и користење на просторот и услови за хумано живеење и работа на граѓаните, одржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата, заштита на културните и историски вредности, јавност во постапката за донесување и спроведување на плановите, усогласеност со нормативите и стандардите за просторно и урбанистичко планирање, при што и работењето на Јавната установа  ќе се заснова на принципите на стручност, професионалност, транспарентност и одговорност во работењето и постигнатите резултати.

The post ЈУ за урбанизам ,,Кензо Танге” која ќе работи на просторно и урбанистичко планирање во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/taksito-nema-da-poskapi-sovetot-ne-gi-prifati-novite-ceni/ Mon, 11 Jul 2022 11:31:00 +0000 https://republika.mk/?p=526980

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.

Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.

The post Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени appeared first on Република.

]]>

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје. Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници. Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари. Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите. Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час. Сепак, советниците и покрај тоа што претседателот на Советот, Трајко Славески побара и поединечно изјаснување, не ги прифатија новите цени на такси превозот.

The post Таксито нема да поскапи, Советот не ги прифати новите цени appeared first on Република.

]]>