Совет на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-evropa/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 12:15:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет на Европа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-evropa/ 32 32 Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-mon-sredba-so-delegatsija-od-sovetot-na-evropa-za-izvrshuvane-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Fri, 22 Nov 2024 12:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=840799

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта.

Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.

 

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП. На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта. Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.  

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-evropa-makedontsite-vo-bugarija-ne-mozhat-da-gi-uzhivaat-individualnite-maltsinski-prava/ Thu, 10 Oct 2024 15:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=825304

Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија, пренесува Дојче веле.

„Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот.

Не се спроведуваат препораките

Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција.

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот, а пренсува ДВ.

Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства.

Принцип на еднаквост 

Комитетот порачува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тој укажува дека е важно да се следи практичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци и да се примени принципот на еднаквост и еднаков пристап до правата, како и на промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите.

Во извештајот се наведува дека според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, по што следуваат Ромите (4,4%). Според резултатите, 14.870 лица се самоидентификувале како Помаци, 14.218 како Руси, 5.306 како Ерменци, 2.071 лице како Каракачијани, 1.643 како Власи, 1.625 како Грци, 1.153 како Евреи и
1.143 како Македонци.

Претставниците на одредени национални малцинства ги оспоруваат резултатите од пописот од 2021 година и сметаат дека реалните бројки на нивното соодветно малцинство се значително повисоки од прикажаните во резултатите од пописот.

„Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот.

Во извештајот се нотира и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил повреди на член 11  во однос на слободата на собирање и слобода на здружување на организациите на Македонците во Бугарија.

The post Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права appeared first on Република.

]]>

Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на заштитата на правата на малцинствата во Бугарија, пренесува Дојче веле.
„Со оглед на тоа што Бугарија има сè поактивна улога во промовирањето на правата на лицата кои припаѓаат на бугарските малцинства во странство, истите напори не можат да се забележат во земјата. Генерално, постои забележителен недостаток на свест за малцинските права како составен дел на човековите права“, се наведува во извештајот.
Не се спроведуваат препораките Во него се критикува дека не се направени напори за спроведување на голем број долгогодишни препораки во врска со ваквите прашања како принципот на слободна самоидентификација, поддршка за унапредување и заштита на малцинските права, вклучително и јазичните права, како и потребата да се обезбеди целосна еднаквост на сите што живеат во Бугарија, како и општествена интеграција.
„Лицата кои се идентификуваат како Македонци продолжуваат да бараат заштита според Рамковната конвенција, но властите не признаваат постоење на објективни критериуми, што им отежнува остварување на индивидуалните права. Нивните обиди за регистрација на здруженија не успеаја. Исто така, Помаците изразија желба за заштита, но властите не ги признаваат нивните самоидентификациони критериуми“, се наведува во извештајот, а пренсува ДВ.
Во документот се упатуваат препораки до бугарските власти да ги усогласат своите активности со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. Притоа се нотира дека се потребни повеќе активности од властите во голем број сфери поврзани со правата на потребни се лица кои припаѓаат на националните малцинства. Принцип на еднаквост  Комитетот порачува дека правата на малцинствата и нивната ефективна реализација мора да бидат приоритет за властите. Тој укажува дека е важно да се следи практичен пристап кон лицата кои се самоидентификуваат како Македонци и Помаци и да се примени принципот на еднаквост и еднаков пристап до правата, како и на промовирање на меѓусебно почитување и разбирање, особено во образованието, културата и медиумите. Во извештајот се наведува дека според пописот од 2021 година, Турците претставуваат најголемо малцинство во Бугарија со 8,4% од населението, по што следуваат Ромите (4,4%). Според резултатите, 14.870 лица се самоидентификувале како Помаци, 14.218 како Руси, 5.306 како Ерменци, 2.071 лице како Каракачијани, 1.643 како Власи, 1.625 како Грци, 1.153 како Евреи и 1.143 како Македонци. Претставниците на одредени национални малцинства ги оспоруваат резултатите од пописот од 2021 година и сметаат дека реалните бројки на нивното соодветно малцинство се значително повисоки од прикажаните во резултатите од пописот.
„Лицата кои се идентификуваат како Македонци известиле за обиди од властите да ги обесхрабрат во нивната самоидентификација. Пријавени се и инциденти за време на јавни настани и пречки во организирање протести. Учесниците во истражувањето забележуваат дека свеста за малцинските права во бугарското општество е на ниско ниво“, се вели во извештајот.
Во извештајот се нотира и дека Европскиот суд за човекови права во 12 случаи против Бугарија утврдил повреди на член 11  во однос на слободата на собирање и слобода на здружување на организациите на Македонците во Бугарија.

The post Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права appeared first on Република.

]]>
Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-makedonija-lesno-se-odi-vo-zatvor-na-vtoro-mesto-sme-vo-evropa/ Thu, 06 Jun 2024 08:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=785146

Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година.

Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад Молдавија, каде таа е зголемена за 52,1 отсто. Зад земјава се Кипар со раст на стапката на затворање од 24,8 проценти, Турција  со 15, Азербејџан со 12,5, Ирска со 11,7, Црна Гора со 11,3, Ерменија со 10,6, Хрватска со 10,4 и Унгарија со 8,7 проценти.

Најголемо намалување на стапката лани на 31 јануари 2023 споредено со истиот датум во 2022 година бележи Литванија од 8,9 отсто, пред Естонија од 8,8 и Грција од 5,2 проценти.

Од останатите земји од регионот, во Бугарија стапка на затворање за една година е зголемена за 8,1 отсто, во Србија за 4,2, во Словенија за 2,1 и во Албанија за 1,6 проценти, додека во Романија таа е непроменета. Инаку, просечната стапка на затворање во Европа бележи раст од 2,4 отсто.

Гледано, пак, номинално, со 142 затвореници на 100.000 жители Македонија е на 15-то место меѓу 48 затворски управи на земјите членки на Советот на Европа опфатени со анализата.

Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации.

Највисока стапка на затворање има Турција од 408 затвореници на 100.000 жители, пред Грузија со 256, Азербејџан со 244, Молдавија со 242, Унгарија со 211, Полска со 194, Словачка со 183, Албанија со 179, Чешка со 176, Литванија со 174, Летонија со 172, Црна Гора со 168, Србија со 162, Естонија со 151 и Македонија со 142 затвореници на 100.000 жители.

Најниски стапки на затворање се регистрирани во Финска од 52 затвореници на 100.000 жители, Холандија од 52, Норвешка од 55, Германија од 67, Словенија од 68, Данска од 71, Швајцарија од 73, Ерменија од 79, Шведска од 80 и Ирска од 85 затвореници на 100.000 жители.

Вкупниот број затвореници во земјите опфатени со Годишната казнена статистика на 31 јануари 2023 година изнесувал 1.034.876 лица. Најмногу затвореници или 348.265 имало во Турција, пред Велика Британија со 90.964, Франција со 72.294, Полска со 71.228, Германија со 56.294, Италија со 56.127, Шпанија со 55.909 и Украина со 42.708 затворени лица. 

Просечната густина во затворите во 37 затворски управи на членките на Советот на Европа на годишно ниво е намалена за 2 проценти од 93,5 на 91,6 затвореници на 100 достапни места, при што во земјава таа изнесувала 101, што ја рангира на делба на 10-то место со Хрватска според пренатрупаност на казнено-поправните установи.

Во седум земји густината во затворите била над 105 затвореници на 100 места, што се смета за „голема пренатрупаност“, и тоа Кипар со 166, Романија со 120, Франција со 119, Белгија со 115, Унгарија со 112, Италија со 109 и Словенија со 107 затвореници на 100 места. Првата десетка што ја заокружуваат Македонија и Хрватска, ја надополнуваат уште Грција со 103 и Шведска со 102 затвореници на 100 слободни места.

Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети

Најмала густина во затворите бележи Украина со 48 затвореници на 100 достапни места, пред Ерменија со 53, Шпанија (без Каталонија) со 60, Естонија со 68 и Бугарија и Литванија со по 69 затвореници на 100 слободни места.

Од останатите земји во регионот, густината во затворите во Турција изнесува 100, Црна Гора со 78 и Албанија со 87 затвореници на 100 слободни места.

Просечната возраст на македонските затвореници е 35 години, што е под просекот утврден во 40-те затворски управи опфатени со анализата, кој изнесува 38 години.

Најмлади затвореници во просек има Бугарија со просечна возраст од 33 година, пред Шведска со 34 и Данска, Молдавија и Франција, каде просечната старост на затворската популација, како и во земјава изнесува 35 години.

Највозрасни затвореници со просечна старост од 50 години има Србија, пред Грузија со 44, Италија со 43, Португалија и Шпанија со по 41 и Естонија, Албанија, Чешка и Норвешка со затвореници со 40-годишна просечна возраст.

Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан.

Од вкупниот број затвореници, приближно 15 проценти биле на возраст од 50 до 64 години, а оваа стапка во земјава изнесува 21 отсто. Најголем процент на затвореници во оваа возрасна категорија или 24 имаат Италија и Словачка, по што следуваат Македонија и Португалија со 21 и Шпанија со 19 отсто.

Од сите затвореници, само речиси три проценти биле на возраст од над 65 години, при што таа стапка е највисока во Хрватска со 10,3 отсто, по што следуваат Литванија и Италија со по пет, Словенија со 4,8 и Летонија и Албанија со по 4,7 проценти.

На 31 јануари 2023 година само 5 од 100 затвореници во Европа биле жени. Најголем процент на затворенички е регистриран на Кипар од 9,2 отсто, пред Чешка од 8,5, Летонија и Финска од 7,7, Унгарија од 7,4 и Шпанија (без Каталонија), Словачка и Португалија со 7,2 проценти жени затвореници. Најмалку затворенички имало во Албанија од 1,3 отсто, пред Хрватска со 1,9, Ерменија со 2,6, Азербејџан со 2,9, Франција со 3,2 и Грузија со 3,4 проценти.

Од вкупниот број затвореници во европските затвори дури 27 отсто биле странци. Највисока стапка на странски затвореници или 78 отсто имало во Луксембург, пред Швајцарија со 71, Грција со 57, Кипар со 55, Австрија со 51, Шпанија и Малта со по 49, Белгија со 42, Германија со 40, Словенија со 34, Естонија со 33, Италија со 32 и Данска со 29 проценти. Најмал процент на странски затвореници имало во затворите во Романија и тоа само 1,1 отсто, пред Молдавија со 1,5, Азербејџан со 1,9, Украина со 2,1, Летонија со 2,4, Полска со 2,6 и Албанија со 2,8 проценти.

Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со Ковид-19 или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман.

Речиси една третина од лицата што се наоѓале во европските затвори на 31 јануари минатата година бил во притвор. Во Македонија на овој датум 12,3 отсто од лицата сместени во КПУ биле во притвор, со што земјава се наоѓа на петтото место според најмала стапка на притвореници. Помалку лица во притвор имале само Чешка со 7,5, Полска со 11,4, Литванија со 11,2 и Романија со 12,1 отсто од вкупниот број лица лишени од слобода. Најголема стапка на притвореници имало во Албанија од 55 отсто, пред Ерменија со 53, Луксембург со 49, Швајцарија со 46, Холандија со 45 и Црна Гора со 42 проценти.

Во 2022 година просечната должина на казната на затворениците во европските затвори изнесувала 10,1 месец, што е над трипати повеќе од просечната должина на затворските казни во Македонија, која изнесува три месеци и ја рангира земјата на второто место меѓу државите со најкуси казни, веднаш зад Швајцарија каде тие изнесувале 2,1 месеци. Веднаш зад земјава со просечна должина на затворските казни од 3,7 месеци е Луксембург, пред Холандија со 4,2 и Германија со 4,4 месеци.

Најголема просечна затворска казна во траење од 30,2 месеци имало во Португалија, пред Азербејџан од 27,2, Украина од 26,1, Молдавија од 25,3, Романија од 24, Чешка од 22, Литванија од 20,5, Шпанија (без Каталонија) од 19,7, Естонија од 19,2, Грција од 18,4 и Ерменија 18 месеци.

За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица.

Просечната стапка на самоубиства во европските затвори во 2022 година изнесувала 5,3 самоубијци на 10.000 затвореници. Најголема стапка на самоубиства е регистрирана во Летонија со 21,7, пред Швајцарија со 20,2, Франција со 19,1, Шкотска со 18,9, Каталонија со 16,8, Италија со 15, Белгија со 14,3, Луксембург со 14,2 и Словенија со 13,9 самоубијци на 10.000 затвореници.

Главна причина за отслужување затворски казни во 45 затворски управи на членките на Советот на Европа биле кривични дела поврзани со наркотици. Така, на 31 јануари 2023 година за дела поврзани со наркотици биле осудени 18,5 проценти од затворениците, по што следуваат пресуди за убиство или обид за убиство со 12,8, за кражба со 11,5, за грабеж со 7,7, за физички напад со 6,7, за сексуални престапи без силување со 4,6, за силување 4,3 и за економски или финансиски криминал или сообраќајни прекршоци по три отсто.

Највисока стапка на затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога од 42 отсто има Летонија, пред Азербејџан со 42, Турција со 34, Италија со 31, Белгија и Србија со по 29, Данска со 27 и Шведска и Малта со по 25 проценти

The post Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа appeared first on Република.

]]>

Во земјава на 31 јануари минатата година т.н. стапка на затворање изнесувала 142 затвореници на 100.000 жители, што претставува нејзино зголемување за 25,5 проценти на годишно ниво, покажуваа податоците од Годишна казнена статистика на Советот на Европа за 2023 година. Со ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Македонија се наоѓа на второ место меѓу членките на Советот на Европа според растот на стапката на затворање зад Молдавија, каде таа е зголемена за 52,1 отсто. Зад земјава се Кипар со раст на стапката на затворање од 24,8 проценти, Турција  со 15, Азербејџан со 12,5, Ирска со 11,7, Црна Гора со 11,3, Ерменија со 10,6, Хрватска со 10,4 и Унгарија со 8,7 проценти. Најголемо намалување на стапката лани на 31 јануари 2023 споредено со истиот датум во 2022 година бележи Литванија од 8,9 отсто, пред Естонија од 8,8 и Грција од 5,2 проценти. Од останатите земји од регионот, во Бугарија стапка на затворање за една година е зголемена за 8,1 отсто, во Србија за 4,2, во Словенија за 2,1 и во Албанија за 1,6 проценти, додека во Романија таа е непроменета. Инаку, просечната стапка на затворање во Европа бележи раст од 2,4 отсто. Гледано, пак, номинално, со 142 затвореници на 100.000 жители Македонија е на 15-то место меѓу 48 затворски управи на земјите членки на Советот на Европа опфатени со анализата. Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации. Највисока стапка на затворање има Турција од 408 затвореници на 100.000 жители, пред Грузија со 256, Азербејџан со 244, Молдавија со 242, Унгарија со 211, Полска со 194, Словачка со 183, Албанија со 179, Чешка со 176, Литванија со 174, Летонија со 172, Црна Гора со 168, Србија со 162, Естонија со 151 и Македонија со 142 затвореници на 100.000 жители. Најниски стапки на затворање се регистрирани во Финска од 52 затвореници на 100.000 жители, Холандија од 52, Норвешка од 55, Германија од 67, Словенија од 68, Данска од 71, Швајцарија од 73, Ерменија од 79, Шведска од 80 и Ирска од 85 затвореници на 100.000 жители. Вкупниот број затвореници во земјите опфатени со Годишната казнена статистика на 31 јануари 2023 година изнесувал 1.034.876 лица. Најмногу затвореници или 348.265 имало во Турција, пред Велика Британија со 90.964, Франција со 72.294, Полска со 71.228, Германија со 56.294, Италија со 56.127, Шпанија со 55.909 и Украина со 42.708 затворени лица.  Просечната густина во затворите во 37 затворски управи на членките на Советот на Европа на годишно ниво е намалена за 2 проценти од 93,5 на 91,6 затвореници на 100 достапни места, при што во земјава таа изнесувала 101, што ја рангира на делба на 10-то место со Хрватска според пренатрупаност на казнено-поправните установи. Во седум земји густината во затворите била над 105 затвореници на 100 места, што се смета за „голема пренатрупаност“, и тоа Кипар со 166, Романија со 120, Франција со 119, Белгија со 115, Унгарија со 112, Италија со 109 и Словенија со 107 затвореници на 100 места. Првата десетка што ја заокружуваат Македонија и Хрватска, ја надополнуваат уште Грција со 103 и Шведска со 102 затвореници на 100 слободни места. Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети Најмала густина во затворите бележи Украина со 48 затвореници на 100 достапни места, пред Ерменија со 53, Шпанија (без Каталонија) со 60, Естонија со 68 и Бугарија и Литванија со по 69 затвореници на 100 слободни места. Од останатите земји во регионот, густината во затворите во Турција изнесува 100, Црна Гора со 78 и Албанија со 87 затвореници на 100 слободни места. Просечната возраст на македонските затвореници е 35 години, што е под просекот утврден во 40-те затворски управи опфатени со анализата, кој изнесува 38 години. Најмлади затвореници во просек има Бугарија со просечна возраст од 33 година, пред Шведска со 34 и Данска, Молдавија и Франција, каде просечната старост на затворската популација, како и во земјава изнесува 35 години. Највозрасни затвореници со просечна старост од 50 години има Србија, пред Грузија со 44, Италија со 43, Португалија и Шпанија со по 41 и Естонија, Албанија, Чешка и Норвешка со затвореници со 40-годишна просечна возраст. Апелацискиот суд во Иран и потврди петгодишна затворска казна на иранско-француската научничка Фариби Аделкан. Од вкупниот број затвореници, приближно 15 проценти биле на возраст од 50 до 64 години, а оваа стапка во земјава изнесува 21 отсто. Најголем процент на затвореници во оваа возрасна категорија или 24 имаат Италија и Словачка, по што следуваат Македонија и Португалија со 21 и Шпанија со 19 отсто. Од сите затвореници, само речиси три проценти биле на возраст од над 65 години, при што таа стапка е највисока во Хрватска со 10,3 отсто, по што следуваат Литванија и Италија со по пет, Словенија со 4,8 и Летонија и Албанија со по 4,7 проценти. На 31 јануари 2023 година само 5 од 100 затвореници во Европа биле жени. Најголем процент на затворенички е регистриран на Кипар од 9,2 отсто, пред Чешка од 8,5, Летонија и Финска од 7,7, Унгарија од 7,4 и Шпанија (без Каталонија), Словачка и Португалија со 7,2 проценти жени затвореници. Најмалку затворенички имало во Албанија од 1,3 отсто, пред Хрватска со 1,9, Ерменија со 2,6, Азербејџан со 2,9, Франција со 3,2 и Грузија со 3,4 проценти. Од вкупниот број затвореници во европските затвори дури 27 отсто биле странци. Највисока стапка на странски затвореници или 78 отсто имало во Луксембург, пред Швајцарија со 71, Грција со 57, Кипар со 55, Австрија со 51, Шпанија и Малта со по 49, Белгија со 42, Германија со 40, Словенија со 34, Естонија со 33, Италија со 32 и Данска со 29 проценти. Најмал процент на странски затвореници имало во затворите во Романија и тоа само 1,1 отсто, пред Молдавија со 1,5, Азербејџан со 1,9, Украина со 2,1, Летонија со 2,4, Полска со 2,6 и Албанија со 2,8 проценти. Албанскиот Хелсиншки комитет обвини дека затворениците кои биле заразени со Ковид-19 или сомнителни на вирусот, биле дискриминирани во нивниот здравствен третман. Речиси една третина од лицата што се наоѓале во европските затвори на 31 јануари минатата година бил во притвор. Во Македонија на овој датум 12,3 отсто од лицата сместени во КПУ биле во притвор, со што земјава се наоѓа на петтото место според најмала стапка на притвореници. Помалку лица во притвор имале само Чешка со 7,5, Полска со 11,4, Литванија со 11,2 и Романија со 12,1 отсто од вкупниот број лица лишени од слобода. Најголема стапка на притвореници имало во Албанија од 55 отсто, пред Ерменија со 53, Луксембург со 49, Швајцарија со 46, Холандија со 45 и Црна Гора со 42 проценти. Во 2022 година просечната должина на казната на затворениците во европските затвори изнесувала 10,1 месец, што е над трипати повеќе од просечната должина на затворските казни во Македонија, која изнесува три месеци и ја рангира земјата на второто место меѓу државите со најкуси казни, веднаш зад Швајцарија каде тие изнесувале 2,1 месеци. Веднаш зад земјава со просечна должина на затворските казни од 3,7 месеци е Луксембург, пред Холандија со 4,2 и Германија со 4,4 месеци. Најголема просечна затворска казна во траење од 30,2 месеци имало во Португалија, пред Азербејџан од 27,2, Украина од 26,1, Молдавија од 25,3, Романија од 24, Чешка од 22, Литванија од 20,5, Шпанија (без Каталонија) од 19,7, Естонија од 19,2, Грција од 18,4 и Ерменија 18 месеци. За првпат во Албанија ќе функцонира затвор наменетен само за повозрасни лица. Просечната стапка на самоубиства во европските затвори во 2022 година изнесувала 5,3 самоубијци на 10.000 затвореници. Најголема стапка на самоубиства е регистрирана во Летонија со 21,7, пред Швајцарија со 20,2, Франција со 19,1, Шкотска со 18,9, Каталонија со 16,8, Италија со 15, Белгија со 14,3, Луксембург со 14,2 и Словенија со 13,9 самоубијци на 10.000 затвореници. Главна причина за отслужување затворски казни во 45 затворски управи на членките на Советот на Европа биле кривични дела поврзани со наркотици. Така, на 31 јануари 2023 година за дела поврзани со наркотици биле осудени 18,5 проценти од затворениците, по што следуваат пресуди за убиство или обид за убиство со 12,8, за кражба со 11,5, за грабеж со 7,7, за физички напад со 6,7, за сексуални престапи без силување со 4,6, за силување 4,3 и за економски или финансиски криминал или сообраќајни прекршоци по три отсто. Највисока стапка на затвореници осудени за кривични дела поврзани со дрога од 42 отсто има Летонија, пред Азербејџан со 42, Турција со 34, Италија со 31, Белгија и Србија со по 29, Данска со 27 и Шведска и Малта со по 25 проценти

The post Во Македонија лесно се оди во затвор, на второ место сме во Европа appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе го решеа со еден телефонски повик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-da-zaviseshe-chlenstvoto-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-od-makedonija-toa-ke-go-reshea-so-eden-telefonski-povik/ Sun, 26 May 2024 07:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=781545

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека тоа што Косово нема да стане членка на Советот на Европа е резултат на паметната дипломатија на Србија како и на разумниот став на Франција и Германија.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/

Тоа да зависеше од Македонија или од Црна Гора тоа ќе беше решено со телефонски повик, немаше да биде потребно некој да доаѓа да гласа.Не им помина така како што очекуваа-рече Вучиќ синоќа за ТВ Прва.

The post Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе го решеа со еден телефонски повик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вели дека тоа што Косово нема да стане членка на Советот на Европа е резултат на паметната дипломатија на Србија како и на разумниот став на Франција и Германија. https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-najmnogu-me-pogodi-shto-makedonija-glasashe-za-srebrenitsa-iako-znam-deka-ke-rechat-deka-toa-se-albantsite/
Тоа да зависеше од Македонија или од Црна Гора тоа ќе беше решено со телефонски повик, немаше да биде потребно некој да доаѓа да гласа.Не им помина така како што очекуваа-рече Вучиќ синоќа за ТВ Прва.

The post Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе го решеа со еден телефонски повик appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе беше решено со еден телефонски повик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-da-zaviseshe-chlenstvoto-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-od-makedonija-toa-ke-beshe-resheno-so-eden-telefonski-povik/ Sat, 25 May 2024 19:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=781709

Претседателот на Србија Александар Вучиќ смета дека тоа што Косово нема да стане членка на Советот на Европа е резултат на паметната дипломатија на Србија како и на разумниот став на Франција и Германија.

https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nitu-eden-iden-pretsedatel-na-srbija-nema-da-go-povtori-toa-shto-go-kazhav-vo-nujork/

Тоа да зависеше од Македонија или од Црна Гора тоа ќе беше решено со телефонски повик, немаше да биде потребно некој да доаѓа да гласа.Не им помина така како што очекуваа-рече Вучиќ синоќа за ТВ Прва.

The post Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе беше решено со еден телефонски повик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ смета дека тоа што Косово нема да стане членка на Советот на Европа е резултат на паметната дипломатија на Србија како и на разумниот став на Франција и Германија.
https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-nitu-eden-iden-pretsedatel-na-srbija-nema-da-go-povtori-toa-shto-go-kazhav-vo-nujork/
Тоа да зависеше од Македонија или од Црна Гора тоа ќе беше решено со телефонски повик, немаше да биде потребно некој да доаѓа да гласа.Не им помина така како што очекуваа-рече Вучиќ синоќа за ТВ Прва.

The post Вучиќ: Да зависеше членството на Косово во Советот на Европа од Македонија тоа ќе беше решено со еден телефонски повик appeared first on Република.

]]>
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ungarija-stavi-veto-na-rezolutsijata-na-sovetot-na-evropa-za-ukraina/ Fri, 17 May 2024 10:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=779147

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови.

The post Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина. „Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук. Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови.

The post Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина appeared first on Република.

]]>
Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-lobira-li-za-priem-na-kosovo-osmani-vo-sovetot-na-evropa/ Thu, 16 May 2024 12:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=778840

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур.

Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер.

За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството.

The post Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур. Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер. За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството.

The post Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/marko-boshnak-nov-pretsedatel-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Mon, 13 May 2024 20:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=777753

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој таа функција ќе ја наследи од Сиофра О’Лири, соопшти денеска судот со седиште во Стразбур, Бошњак (50) беше потпретседател на ЕСЧП од ноември 2022 година.

Бошњак ќе ја преземе новата функција на 2 јули. Времетраењето на неговиот мандат не е прецизирано.

Претседателот на Европскиот суд за човекови права вообичаено се избира за период од најмногу три години, но судиите не можат да останат на функцијата повеќе од девет години.

Бошњак е во Европскиот суд за човекови права од 2016 година, а неговиот мандат треба да истече во 2025 година.

Судиите немаат право на повторен избор.

Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на судот, во принцип по еден судија по земја членка на Советот на Европа.

Сиофра О’Лири беше првата жена избрана на чело на ЕСЧП.

Норвешкиот судија Арнфин Бардсен денеска е избран за потпретседател на ЕСЧП. И тој ќе ја преземе функцијата на 2 јули.

Европскиот суд за човекови права е судска гранка на Советот на Европа.

Тој е одговорен за постапување по жалби поврзани со прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права во 46 земји кои ја ратификувале.

 

The post Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот судија Марко Бошњак е избран за нов претседател на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој таа функција ќе ја наследи од Сиофра О’Лири, соопшти денеска судот со седиште во Стразбур, Бошњак (50) беше потпретседател на ЕСЧП од ноември 2022 година. Бошњак ќе ја преземе новата функција на 2 јули. Времетраењето на неговиот мандат не е прецизирано. Претседателот на Европскиот суд за човекови права вообичаено се избира за период од најмногу три години, но судиите не можат да останат на функцијата повеќе од девет години. Бошњак е во Европскиот суд за човекови права од 2016 година, а неговиот мандат треба да истече во 2025 година. Судиите немаат право на повторен избор. Претседателот на ЕСЧП го избираат 46 судии на судот, во принцип по еден судија по земја членка на Советот на Европа. Сиофра О’Лири беше првата жена избрана на чело на ЕСЧП. Норвешкиот судија Арнфин Бардсен денеска е избран за потпретседател на ЕСЧП. И тој ќе ја преземе функцијата на 2 јули. Европскиот суд за човекови права е судска гранка на Советот на Европа. Тој е одговорен за постапување по жалби поврзани со прекршување на Европската конвенција за заштита на човековите права во 46 земји кои ја ратификувале.  

The post Марко Бошњак нов претседател на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Голема победа на српската дипломатија: Koсово извиси за членство во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/golema-pobeda-na-srpskata-diplomatija-kosovo-izvisi-za-chlenstvo-vo-sovetot-na-evropa/ Mon, 13 May 2024 13:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=777602

Комитетот на министри во Советот на Европа нема да расправа за Косово на состанокот што се очекува да го одржат оваа недела, објави порталот „Коха“, повикувајќи се на извори во СЕ.

Во одговорот за приштинските медиуми од канцеларијата за медиуми на Советот на Европа, се вели дека во оваа фаза не можат да споделат повеќе информации.

„Косово не е на дневен ред на состанокот на Комитетот на министри следната недела. Немаме повеќе информации во оваа фаза“, се вели во краткиот одговор од СЕ.

Според агендата, министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на Советот на Европа ќе одржат годишна сесија на 17 мај годинава во рамките на 75-годишнината на организацијата.

На дневен ред ќе бидат мерките што Советот на Европа продолжува да ги презема како одговор на целосната агресија на Руската Федерација врз Украина, спроведувањето на Декларацијата од Рејкјавик (усвоена на Самитот на шефови на држави и влади во 2023 година) и усвојување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото.

Парламентарното собрание на СЕ на 16 април годинава во Стразбур го усвои извештајот на известувачката за Косово, Дора Бакојани, во кој се препорачува членство на Косово во таа меѓународна организација без никакви услови.

По дискусијата која траеше повеќе од два часа и во која учествуваа 59 пратеници, за прием на Косово гласаа 131 пратеник, 29 беа против, а 11 беа воздржани. Беше потребно двотретинско мнозинство од присутните претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 46 земји-членки.

По гласањето во ПС на СЕ, останува уште Советот на министри на земјите членки да гласаат за Косово да биде примено во членство на организацијата.

Неколку земји сојузнички на Косово, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Германија и Франција, побараа од Владата на Албин Курти да преземе конкретни дејствија во правец на основањето на Зеаедницата на општини со срспско мнозинство, по што приемот во СЕ би бил гарантиран. Курти одбива да го стори тоа, тврдејќи дека Приштина ги исполнила сите барања поставени претходно од СЕ, а Заедницата досега не била услов за зачленување во организацијата

The post Голема победа на српската дипломатија: Koсово извиси за членство во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Комитетот на министри во Советот на Европа нема да расправа за Косово на состанокот што се очекува да го одржат оваа недела, објави порталот „Коха“, повикувајќи се на извори во СЕ. Во одговорот за приштинските медиуми од канцеларијата за медиуми на Советот на Европа, се вели дека во оваа фаза не можат да споделат повеќе информации. „Косово не е на дневен ред на состанокот на Комитетот на министри следната недела. Немаме повеќе информации во оваа фаза“, се вели во краткиот одговор од СЕ. Според агендата, министрите за надворешни работи на 46-те земји членки на Советот на Европа ќе одржат годишна сесија на 17 мај годинава во рамките на 75-годишнината на организацијата. На дневен ред ќе бидат мерките што Советот на Европа продолжува да ги презема како одговор на целосната агресија на Руската Федерација врз Украина, спроведувањето на Декларацијата од Рејкјавик (усвоена на Самитот на шефови на држави и влади во 2023 година) и усвојување на Рамковна конвенција за вештачка интелигенција, човекови права, демократија и владеење на правото. Парламентарното собрание на СЕ на 16 април годинава во Стразбур го усвои извештајот на известувачката за Косово, Дора Бакојани, во кој се препорачува членство на Косово во таа меѓународна организација без никакви услови. По дискусијата која траеше повеќе од два часа и во која учествуваа 59 пратеници, за прием на Косово гласаа 131 пратеник, 29 беа против, а 11 беа воздржани. Беше потребно двотретинско мнозинство од присутните претставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 46 земји-членки. По гласањето во ПС на СЕ, останува уште Советот на министри на земјите членки да гласаат за Косово да биде примено во членство на организацијата. Неколку земји сојузнички на Косово, меѓу кои Соединетите Американски Држави, Германија и Франција, побараа од Владата на Албин Курти да преземе конкретни дејствија во правец на основањето на Зеаедницата на општини со срспско мнозинство, по што приемот во СЕ би бил гарантиран. Курти одбива да го стори тоа, тврдејќи дека Приштина ги исполнила сите барања поставени претходно од СЕ, а Заедницата досега не била услов за зачленување во организацијата

The post Голема победа на српската дипломатија: Koсово извиси за членство во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanija-bara-prvo-da-se-formira-zso-se-komplitsira-priemot-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ Tue, 07 May 2024 13:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=775032

 Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини.

Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета.

„Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада.

The post Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

 Германската амбасада во Приштина соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори за создавање Заедница на српски општини. Германската амбасада соопшти дека Квинта и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесе Бета.
„Таков чекор, според нас, би бил поднесување предлог за статутот на ЗСО до Уставниот суд. Како што наведе амбасадорот во својот твит по гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа: Косово мора да направи голема работа. Тоа се уште не се случило. Сега останува на премиерот Албин Курти и неговата влада да ги убедат неопходните земји-членки со други средства, односно со преземање други конкретни чекори кон создавање на Заедница на општини со српско мнозинство, која Косово се обврза да ја формира и што е меѓународна обврска“, соопштуваат од германската амбасада.

The post Германија бара прво да се формира ЗСО: Се комплицира приемот на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Пријателот на Заев: Ципрас беше воздржан на гласањето за прием на Косово во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatelot-na-zaev-tsipras-beshe-vozdrzhan-na-glasaneto-za-priem-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ Thu, 18 Apr 2024 20:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=767507

Грчките медуми се гневни на однесувањето на известувачот на Советот на Европа за Косово Дора Бакојани која предложи Косово да биде примено во најстарата европска организација.

За предлогот четворица пратеници  гласале „за“, и тоа: самата Дора Бакојани, Ана Ефтиму, Јоргос Стаматис, Еврипидис Стилијанидис.

[caption id="attachment_43983" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption]

Единствена што гласаше против  беше Нина Касимати од Сириза, додека Алексис Ципрас и Јоргос Папандреу беа воздржани.

The post Пријателот на Заев: Ципрас беше воздржан на гласањето за прием на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Грчките медуми се гневни на однесувањето на известувачот на Советот на Европа за Косово Дора Бакојани која предложи Косово да биде примено во најстарата европска организација. За предлогот четворица пратеници  гласале „за“, и тоа: самата Дора Бакојани, Ана Ефтиму, Јоргос Стаматис, Еврипидис Стилијанидис. [caption id="attachment_43983" align="alignnone" width="640"] (фото: Влада на РМ)[/caption] Единствена што гласаше против  беше Нина Касимати од Сириза, додека Алексис Ципрас и Јоргос Папандреу беа воздржани.

The post Пријателот на Заев: Ципрас беше воздржан на гласањето за прием на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Koj како гласаше за прием на Косово во Советот на Европа: Црна Гора и Босна против, Македонија за https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koj-kako-glasashe-za-priem-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-tsrna-gora-i-bosna-protiv-makedonija-za/ Wed, 17 Apr 2024 11:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=767097

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го усвои нацрт-извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Приштина да добие одобрение да стане членка на Советот на Европа.

За прием гласаа 131 од присутните 171 член на ПС СП, 29 беа против, а 11 беа воздржани.

На веб-страницата на ПССЕ беше објавено кои претставници гласале на вчерашната седница.

Осум пратеници од Шпанија и четворица пратеници од Унгарија, двајца од Кипар беа против членството на Приштина во Советот на Европа, а само еден глас беше против од пет пратеници од Грција. Против гласаше и еден пратеник од Германија. За гласаше и Дарко Каевски од СДСМ.

Против беа седум члена на српската делегација, како и Маја Вукиќевиќ од Црна Гора, како и Сњежана Новаковиќ и Бранислав Бореновиќ од Босна и Херцеговина.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-darko-kaevski-albanski-zet-dedo-mu-e-albert-musliu-shura-ambasador-na-dui/

Меѓу 11-те воздржани имаше и еден пратеник од Црна Гора, шест Италијанци и тројца Молдавци, како и еден пратеник од Германија.

Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе испрати препорака за прием до Комитетот на министри за надворешни работи, кој ја донесува конечната одлука со двотретинско мнозинство од министрите или амбасадорите кои ги претставуваат и кои се присутни во моментот на гласањето.

Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.

The post Koj како гласаше за прием на Косово во Советот на Европа: Црна Гора и Босна против, Македонија за appeared first on Република.

]]>

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го усвои нацрт-извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Приштина да добие одобрение да стане членка на Советот на Европа. За прием гласаа 131 од присутните 171 член на ПС СП, 29 беа против, а 11 беа воздржани. На веб-страницата на ПССЕ беше објавено кои претставници гласале на вчерашната седница. Осум пратеници од Шпанија и четворица пратеници од Унгарија, двајца од Кипар беа против членството на Приштина во Советот на Европа, а само еден глас беше против од пет пратеници од Грција. Против гласаше и еден пратеник од Германија. За гласаше и Дарко Каевски од СДСМ. Против беа седум члена на српската делегација, како и Маја Вукиќевиќ од Црна Гора, како и Сњежана Новаковиќ и Бранислав Бореновиќ од Босна и Херцеговина. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-darko-kaevski-albanski-zet-dedo-mu-e-albert-musliu-shura-ambasador-na-dui/ Меѓу 11-те воздржани имаше и еден пратеник од Црна Гора, шест Италијанци и тројца Молдавци, како и еден пратеник од Германија. Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе испрати препорака за прием до Комитетот на министри за надворешни работи, кој ја донесува конечната одлука со двотретинско мнозинство од министрите или амбасадорите кои ги претставуваат и кои се присутни во моментот на гласањето. Состанокот на Комитетот на министри треба да се одржи од 16 до 17 мај во Стразбур.

The post Koj како гласаше за прием на Косово во Советот на Европа: Црна Гора и Босна против, Македонија за appeared first on Република.

]]>
Кој е Дарко Каевски: Албански зет, дедо му е Алберт Муслиу, шура амбасадор на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-darko-kaevski-albanski-zet-dedo-mu-e-albert-musliu-shura-ambasador-na-dui/ Wed, 17 Apr 2024 08:44:50 +0000 https://republika.mk/?p=767005

Дарко Каевски од СДСМ гласаше вчера за прием на Косово во Советот на Европа. Тој еден од најистакнатите членови на СДСМ.Беше порттпарол а и директор на Агенцијата за млади и спорт.

https://republika.mk/vesti/makedonija/darko-kaevski-od-sdsm-glasashe-kosovo-da-stane-chlenka-na-sovetot-na-evropa/

Каевски е и албански зет. Негова сопруга е ќерката на Алберт Муслиу, тн. политички аналитичар кој во јавните настапи ги брани политиките на власта, посебно на ДУИ како главна партија.

Шура на Каевски пак е  Петрит Муслиу, конзул во Чикаго кој пред неколку месеци се однесуваше арогантно со Македонци кои дошле да прашаат за процедура за нов пасош.

 

https://republika.mk/vesti/makedonija/familijarna-dui-diplomatija-konzulot-vo-chikago-e-shura-na-darko-kaevski-od-sdsm-i-sin-na-nezavisniot-ekspert-albert-musliu/

The post Кој е Дарко Каевски: Албански зет, дедо му е Алберт Муслиу, шура амбасадор на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Дарко Каевски од СДСМ гласаше вчера за прием на Косово во Советот на Европа. Тој еден од најистакнатите членови на СДСМ.Беше порттпарол а и директор на Агенцијата за млади и спорт. https://republika.mk/vesti/makedonija/darko-kaevski-od-sdsm-glasashe-kosovo-da-stane-chlenka-na-sovetot-na-evropa/ Каевски е и албански зет. Негова сопруга е ќерката на Алберт Муслиу, тн. политички аналитичар кој во јавните настапи ги брани политиките на власта, посебно на ДУИ како главна партија. Шура на Каевски пак е  Петрит Муслиу, конзул во Чикаго кој пред неколку месеци се однесуваше арогантно со Македонци кои дошле да прашаат за процедура за нов пасош.   https://republika.mk/vesti/makedonija/familijarna-dui-diplomatija-konzulot-vo-chikago-e-shura-na-darko-kaevski-od-sdsm-i-sin-na-nezavisniot-ekspert-albert-musliu/

The post Кој е Дарко Каевски: Албански зет, дедо му е Алберт Муслиу, шура амбасадор на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Дарко Каевски од СДСМ гласаше Косово да стане членка на Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/darko-kaevski-od-sdsm-glasashe-kosovo-da-stane-chlenka-na-sovetot-na-evropa/ Wed, 17 Apr 2024 07:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=766954

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, што е претпоследниот чекор до целосно членство.Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот. „За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници.

Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и Дарко Каевски од СДСМ и Арта БилалиЗендели од ДУИ. Сега Парламентарното собрание на Советот треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство. Истиот треба да се одржи на 16 и 17. мај во Стразбур.

The post Дарко Каевски од СДСМ гласаше Косово да стане членка на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Косово доби препорака да стане членка на Советот на Европа, што е претпоследниот чекор до целосно членство.Парламентарното собрание на Советот на Европа синоќа со двотретинско мнозинство го усвои извештајот на грчката пратеничка Дора Бакојани со кој се препорачува Косово да биде покането да стане членка на Советот. „За„ гласаа 131 пратеници од 171 присутни, „против“ беа 29, а „воздржани“ 11 пратеници. Меѓу пратениците кои гласаа „за„ се и Дарко Каевски од СДСМ и Арта БилалиЗендели од ДУИ. Сега Парламентарното собрание на Советот треба да го испрати предлогот за прием на Косово до Комитетот на министри за надворешни работи, кој треба да ја донесе конечната одлука со двотретинско мнозинство. Истиот треба да се одржи на 16 и 17. мај во Стразбур.

The post Дарко Каевски од СДСМ гласаше Косово да стане членка на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Дачиќ: Ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dachik-den-na-sramot-vo-parlamentarnoto-sobranie-na-sovetot-na-evropa/ Tue, 16 Apr 2024 19:36:07 +0000 https://republika.mk/?p=766901

По веста дека Парламентарното собрание го усвои предлогот за прием на Косово во Советот на Европа, со реакција се огласи српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој изјави дека „денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на СЕ, бидејќи за прв пат во историјата препорачано е членството на нешто што не е држава, кое не ги исполнуваат основните услови во доменот на човековите права и слободи“, јави дописникот на МИА од Белград.

Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За прв пат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава, кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи. Напротив, веќе 11 години одбива да формира Заедница на српски општини, што е нивна меѓународна обврска и спроведува политика на терор врз српскиот народ и етничко чистење, се наведува во изјавата на Дачиќ што ја соопшти неговиот кабинет.

Во неа се додава дека „оваа одлука, наметната од силата на меѓународните моќници, се поткопуваат темелите на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок“.

За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија? Ќе ја продолжиме нашата борба со сите сили, ќе се бориме оваа одлука да не биде донесена на Комитетот на министри на 16 мај, вели Дачиќ.

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го поддржа приемот на Косово во членството на Советот на Европа и го повика Комитетот на министри да донесе таква одлука. Предлог-мислењето за барањето на Косово за членство со кое се препорачува прием на Косово во Советот на Европа на денешната седница во Стразбур го поддржаа 131 пратеник, а 29 гласаа против.

The post Дачиќ: Ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

По веста дека Парламентарното собрание го усвои предлогот за прием на Косово во Советот на Европа, со реакција се огласи српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој изјави дека „денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на СЕ, бидејќи за прв пат во историјата препорачано е членството на нешто што не е држава, кое не ги исполнуваат основните услови во доменот на човековите права и слободи“, јави дописникот на МИА од Белград.
Денеска е ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа. За прв пат во историјата се препорачува членство на нешто што не е држава, кое не ги исполнува основните услови во доменот на човековите права и слободи. Напротив, веќе 11 години одбива да формира Заедница на српски општини, што е нивна меѓународна обврска и спроведува политика на терор врз српскиот народ и етничко чистење, се наведува во изјавата на Дачиќ што ја соопшти неговиот кабинет.
Во неа се додава дека „оваа одлука, наметната од силата на меѓународните моќници, се поткопуваат темелите на Советот на Европа и меѓународниот правен поредок“.
За кој принцип на заштита на територијалниот интегритет ќе продолжат да зборуваат кога го нарушија територијалниот интегритет на Србија? Ќе ја продолжиме нашата борба со сите сили, ќе се бориме оваа одлука да не биде донесена на Комитетот на министри на 16 мај, вели Дачиќ.
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го поддржа приемот на Косово во членството на Советот на Европа и го повика Комитетот на министри да донесе таква одлука. Предлог-мислењето за барањето на Косово за членство со кое се препорачува прием на Косово во Советот на Европа на денешната седница во Стразбур го поддржаа 131 пратеник, а 29 гласаа против.

The post Дачиќ: Ден на срамот во Парламентарното собрание на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Поставувањето нови услови би било нечеснo: Претседателот на косовското собрание е оптимист за зачленувањето на Косово во СЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/postavuvaneto-novi-uslovi-bi-bilo-nechesno-pretsedatelot-na-kosovskoto-sobranie-e-optimist-za-zachlenuvaneto-na-kosovo-vo-se/ Tue, 16 Apr 2024 16:18:30 +0000 https://republika.mk/?p=766820

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изрази оптимизам дека денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Косово ќе го помине вториот чекор за членство во Советот, за потоа да оди на последниот, на 16 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за медиумите по обраќањето на меѓународниот Форум за жените, мирот и безбедноста, Коњуфца рече дека е неправедно да се наметнуваат дополнителни услови за членство во СЕ.

Денеска сум голем оптимист дека Косово ќе го помине овој втор голем чекор, затоа што тогаш останува уште само третиот. Во однос на тоа што сте го слушнале како нови услови, не мислам дека тоа го има во извештајот на г-ѓа (Дора) Бакојани (известувач за Косово во СЕ), не мислам дека е фер Косово да прими дополнителни услови од тие што можете сами да го прочитате во извештајот составен од експертите на СЕ. Тие еминентни експерти добија мандат да дојдат во Косово и да го оценат нивото на демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се трите најважни столбови на Советот, рече Коњуфца.

Тој додаде дека Бакојани во својот извештај за Косово нагласила дека има само еден критериум, а тоа е доделувањето на имотот на Дечанскиот манастир, кој, како што рече, Косово го решил како прашање.

Коњуфца вели дека би било неприфатливо ако владите на другите земји бараат други услови, бидејќи, како што рече, тоа би било „намерно нанесување штета на Косово“.

По изготвувањето на извештајот, еминентните експерти ја прикажаа ситуацијата во Косово, додека Бакојани го изгради својот извештај врз нивните податоци, во кој се вели дека Косово има само еден критериум, што се однесува до членството, а критериумот е манастирот Дечани, што го решивме како прашање. Нема други дополнителни услови. Ако другите земји сакаат да наметнат дополнителни услови, тогаш мислам дека тоа е неприфатливо. Тоа е намерно нанесување штета на Косово и на неговиот интерес и воопшто не е добредојдено, кога самата госпоѓа Бакојани, која доаѓа од држава која не нé признава, вели дека услов е само манастирот, рече Коњуфца.

Собранискоот спикер вели дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово не е услов за зачленување во таа организација и дека тоа не е ниту споменато во извештајот на Бакојани.

Во моментов велам дека Косово ќе се држи само до она што го гледаме како слово во извештајот на г-ѓа Бакојани. Извештајот не вели ништо за Заедницата пред зачленувањето. По зачленувањето, СЕ рече дека ќе формирам мониторинг комисија за Косово во врска со следните чекори во имплементацијата на таканаречените постоечки договори, од кои еден би можел да биде Заедницата, рече Коњуфца.

The post Поставувањето нови услови би било нечеснo: Претседателот на косовското собрание е оптимист за зачленувањето на Косово во СЕ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, изрази оптимизам дека денеска на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Косово ќе го помине вториот чекор за членство во Советот, за потоа да оди на последниот, на 16 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за медиумите по обраќањето на меѓународниот Форум за жените, мирот и безбедноста, Коњуфца рече дека е неправедно да се наметнуваат дополнителни услови за членство во СЕ.
Денеска сум голем оптимист дека Косово ќе го помине овој втор голем чекор, затоа што тогаш останува уште само третиот. Во однос на тоа што сте го слушнале како нови услови, не мислам дека тоа го има во извештајот на г-ѓа (Дора) Бакојани (известувач за Косово во СЕ), не мислам дека е фер Косово да прими дополнителни услови од тие што можете сами да го прочитате во извештајот составен од експертите на СЕ. Тие еминентни експерти добија мандат да дојдат во Косово и да го оценат нивото на демократијата, човековите права и владеењето на правото, кои се трите најважни столбови на Советот, рече Коњуфца.
Тој додаде дека Бакојани во својот извештај за Косово нагласила дека има само еден критериум, а тоа е доделувањето на имотот на Дечанскиот манастир, кој, како што рече, Косово го решил како прашање. Коњуфца вели дека би било неприфатливо ако владите на другите земји бараат други услови, бидејќи, како што рече, тоа би било „намерно нанесување штета на Косово“.
По изготвувањето на извештајот, еминентните експерти ја прикажаа ситуацијата во Косово, додека Бакојани го изгради својот извештај врз нивните податоци, во кој се вели дека Косово има само еден критериум, што се однесува до членството, а критериумот е манастирот Дечани, што го решивме како прашање. Нема други дополнителни услови. Ако другите земји сакаат да наметнат дополнителни услови, тогаш мислам дека тоа е неприфатливо. Тоа е намерно нанесување штета на Косово и на неговиот интерес и воопшто не е добредојдено, кога самата госпоѓа Бакојани, која доаѓа од држава која не нé признава, вели дека услов е само манастирот, рече Коњуфца.
Собранискоот спикер вели дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово не е услов за зачленување во таа организација и дека тоа не е ниту споменато во извештајот на Бакојани.
Во моментов велам дека Косово ќе се држи само до она што го гледаме како слово во извештајот на г-ѓа Бакојани. Извештајот не вели ништо за Заедницата пред зачленувањето. По зачленувањето, СЕ рече дека ќе формирам мониторинг комисија за Косово во врска со следните чекори во имплементацијата на таканаречените постоечки договори, од кои еден би можел да биде Заедницата, рече Коњуфца.

The post Поставувањето нови услови би било нечеснo: Претседателот на косовското собрание е оптимист за зачленувањето на Косово во СЕ appeared first on Република.

]]>
Дипломатијата киднапирана од ДУИ: 2.200 граѓани ќе останат без работа во Србија преку „Отворен Балкан“ поради Oсмани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/diplomatijata-kidnapirana-od-dui-2-200-gragani-ke-ostanat-bez-rabota-vo-srbija-preku-otvoren-balkan-poradi-bujar/ Tue, 16 Apr 2024 09:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=766583

Македонската дипломатија е киднапирирана од страна на ДУИ. Најновото барање на министерот за надворешни работи од Мала Речица Бујар Османи дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан ги исплаши нашите граѓани кои видоа можност да најдат работа во Србија или Албанија.

Според официјалните податоци,2.200 лица се пријавиле во последниот месецво рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот.

„Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“ . Најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји. Османи сака сево ова да го уништи.

Повеќе од очигледна е причината зошто Османи сака Македонија да излезе од „Отворен Балкан“.Го боли што таму не е Косово а лидерската улога ја има Србија. За Македонија најмалку се грижи.

Следен чекор кој може да се очекува од дипломатијата на ДУИ денеска во рамки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да поддржи Косово да стане членка. Ова е спротивно на сите меѓународни правни норми бидејќи Косово не е членка на Обединетите нации и според Уставот на Србија која е постојана членка на СЕ Косово е нивен составен дел.

И како капак на однесувањето на Османи е најавата дека Македонија ќе биде промотор во Обединетите нации да се изгласа Резолуција за Сребреница според која Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ.

Османи веројатно не знае или се прави дека не ја знае дефинцијата за геноцид и оти тоа е системско уништување на еден народ или нација. Тоа секако го немаше во Сребреница каде имаше војна во која гинеа и се убиваа од двете страни.

Впрочем и неговата партија додека го носеше името УЧК или ОНА беше дел од една војна, или конфликт, како сака нека ја нарече. И во Македонија се убиваа луѓе Бујаре. 

 

The post Дипломатијата киднапирана од ДУИ: 2.200 граѓани ќе останат без работа во Србија преку „Отворен Балкан“ поради Oсмани appeared first on Република.

]]>

Македонската дипломатија е киднапирирана од страна на ДУИ. Најновото барање на министерот за надворешни работи од Мала Речица Бујар Османи дека ќе предложи Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан ги исплаши нашите граѓани кои видоа можност да најдат работа во Србија или Албанија. Според официјалните податоци,2.200 лица се пријавиле во последниот месецво рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот. „Слободен пристап до пазарот на трудот“ е најголема придобивка од „Отворениот Балкан“ . Најавите се дека до почетокот на летото дури 10.000 работници без никакви пречки ќе работат во трите земји. Османи сака сево ова да го уништи. Повеќе од очигледна е причината зошто Османи сака Македонија да излезе од „Отворен Балкан“.Го боли што таму не е Косово а лидерската улога ја има Србија. За Македонија најмалку се грижи. Следен чекор кој може да се очекува од дипломатијата на ДУИ денеска во рамки на Парламентарното Собрание на Советот на Европа да поддржи Косово да стане членка. Ова е спротивно на сите меѓународни правни норми бидејќи Косово не е членка на Обединетите нации и според Уставот на Србија која е постојана членка на СЕ Косово е нивен составен дел. И како капак на однесувањето на Османи е најавата дека Македонија ќе биде промотор во Обединетите нации да се изгласа Резолуција за Сребреница според која Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ. Османи веројатно не знае или се прави дека не ја знае дефинцијата за геноцид и оти тоа е системско уништување на еден народ или нација. Тоа секако го немаше во Сребреница каде имаше војна во која гинеа и се убиваа од двете страни. Впрочем и неговата партија додека го носеше името УЧК или ОНА беше дел од една војна, или конфликт, како сака нека ја нарече. И во Македонија се убиваа луѓе Бујаре.   

The post Дипломатијата киднапирана од ДУИ: 2.200 граѓани ќе останат без работа во Србија преку „Отворен Балкан“ поради Oсмани appeared first on Република.

]]>
Советот на Европа денеска расправа за прием на Косово во Советот на Европа, како ќе гласа Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetot-na-evropa-deneska-rasprava-za-priem-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-kako-ke-glasa-makedonija/ Tue, 16 Apr 2024 07:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=766532

Србија  испрати нон-пејпер на адресите на сите членки на Советот на Европа, кој  содржи факти и јасно искажани аргументи поради кои причини Косово не треба да стане дел од оваа најстара европска организациja.

Документот ќе ги содржи сите етнички мотивирани напади врз Србите, конфискација на имот, сквернавење на цркви, манастири и гробишта, примери за узурпација на земјиштето на кое Приштина гради воена база, монтирани судски процеси против нашите сонародници пред судови без сведоци, како и зошто повеќе од 4.000 дена  одбиваат да ги исполнат обврските од бриселскиот договор и да формираат заедница на српските општиним укинувањето на динарот....

Денеска Парламентарното собрание на СЕ ќе гласа за членство на  Косово а потребна е двотретинска поддршка од земјите-членки.

The post Советот на Европа денеска расправа за прием на Косово во Советот на Европа, како ќе гласа Македонија? appeared first on Република.

]]>

Србија  испрати нон-пејпер на адресите на сите членки на Советот на Европа, кој  содржи факти и јасно искажани аргументи поради кои причини Косово не треба да стане дел од оваа најстара европска организациja. Документот ќе ги содржи сите етнички мотивирани напади врз Србите, конфискација на имот, сквернавење на цркви, манастири и гробишта, примери за узурпација на земјиштето на кое Приштина гради воена база, монтирани судски процеси против нашите сонародници пред судови без сведоци, како и зошто повеќе од 4.000 дена  одбиваат да ги исполнат обврските од бриселскиот договор и да формираат заедница на српските општиним укинувањето на динарот.... Денеска Парламентарното собрание на СЕ ќе гласа за членство на  Косово а потребна е двотретинска поддршка од земјите-членки.

The post Советот на Европа денеска расправа за прием на Косово во Советот на Европа, како ќе гласа Македонија? appeared first on Република.

]]>
Советот на Европа се подготвува за приемот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sovetot-na-evropa-se-podgotvuva-za-priemot-na-kosovo/ Mon, 15 Apr 2024 06:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=766099

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска почнува пролетната сесија, што ќе трае до 19 април, на која пратениците во Стразбур ќе го разгледаат барањето на Косово за прием во таа организација.

Од српската делегација наведуваат дека ќе се спротивстават со аргументите што ќе упатуваат на безбедносната состојба во Косово, на тоа што Приштина не ја формирала ЗСО и дека со таквата одлука се крши статутот на организацијата, јавија српските медиуми.

Во нивните извештаи се додава дека претседателот Александар Вучиќ вчера изјавил дека Србија ги презела сите мерки и дека им пишал на сите членки на Советот на Европа во кои ги повикал уште еднаш да размислат за прифаќање на на Косово во СЕ како и за нивната одлука да биде различна на Комитетот на министри.

Изјаснувањето за барањето на Косово на пленарна седница, а врз основа на извештајот што ќе го презентира известувачот на ПССЕ за приемот на Косово до таа организација, Дора Бакојани, е закажан за вторник, 16 април. Мислењето на Бакојани денеска ќе биде изнесено пред Комисијата за правни прашања и еднаквост на ПССЕ, што треба да даде свое мислење

The post Советот на Европа се подготвува за приемот на Косово appeared first on Република.

]]>

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска почнува пролетната сесија, што ќе трае до 19 април, на која пратениците во Стразбур ќе го разгледаат барањето на Косово за прием во таа организација. Од српската делегација наведуваат дека ќе се спротивстават со аргументите што ќе упатуваат на безбедносната состојба во Косово, на тоа што Приштина не ја формирала ЗСО и дека со таквата одлука се крши статутот на организацијата, јавија српските медиуми. Во нивните извештаи се додава дека претседателот Александар Вучиќ вчера изјавил дека Србија ги презела сите мерки и дека им пишал на сите членки на Советот на Европа во кои ги повикал уште еднаш да размислат за прифаќање на на Косово во СЕ како и за нивната одлука да биде различна на Комитетот на министри. Изјаснувањето за барањето на Косово на пленарна седница, а врз основа на извештајот што ќе го презентира известувачот на ПССЕ за приемот на Косово до таа организација, Дора Бакојани, е закажан за вторник, 16 април. Мислењето на Бакојани денеска ќе биде изнесено пред Комисијата за правни прашања и еднаквост на ПССЕ, што треба да даде свое мислење

The post Советот на Европа се подготвува за приемот на Косово appeared first on Република.

]]>
Западот е решен да го внесе Косово во Советот на Европа – Србија ќе име две членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zapadot-e-reshen-da-go-vnese-kosovo-vo-sovetot-na-evropa-srbija-ke-ime-dve-chlenki/ Sun, 14 Apr 2024 11:29:42 +0000 https://republika.mk/?p=765927

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија ги презела сите мерки и испратила писма до сите членки на Советот на Европа за да го спречи приемот на Приштина во таа организација, како и писмо до претседателот на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.

- Напишав вкупно 14 различни писма до европските лидери, главно персонализирани писма. На сите им се обратив имајќи ги предвид специфичните околности и односи што ги имаме. На еден начин и до оние кои ја признаваат Приштина, а на друг начин и до оние кои не ја признаваат Приштина. Побарав уште еднаш да ја разгледаат одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одлуката на Комитетот на министри за Косово да биде поинаква, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека е јасно дека на Косово нема владеење на правото, дека таму се практикува терор и дека ЗСО не е формирана по 11 години.

 

 

- Посебно укажав на трикот што мислат дека ќе го искористат на 10 мај со испраќањето на нацртот на ЗСО предложен од Европејците до таканаречениот уставен суд на уставна оцена, по што секако нема да преземат ништо, да замачкаат очи и да обезбедат глас во Советот на Европа. Ние ќе продолжиме да работиме и да се бориме, за ова секако дека најдолго разговарав со францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера и завчера имаше разговори со Олаф Шолц. Ќе видиме како тоа понатаму ќе се одвива. А, ние ќе се држиме до меѓународните јавно-правни норми и до последен момент ќе се бориме за вистина и правда, рече Вучиќ.

Тој рече дека му напишал писмо и на претседателот на Генералното собрание на ОН и разговарал со него за резолуцијата за Сребреница.

- Писмото ќе го достави специјалниот пратеник Вук Јеремиќ, ќе ги пренесе сите мои вербални пораки, а ќе имаме специјални пратеници и на други адреси, рече Вучиќ.

Тој додаде дека вчера добил официјална потврда од Соединетите Американски Држави дека „исклучително силно ќе лобираат за резолуцијата за Сребреница“.

- Ќе одам во Њујорк да се борам против нивното лобирање и да разговарам со пријателски и слободољубиви земји, рече Вучиќ

The post Западот е решен да го внесе Косово во Советот на Европа – Србија ќе име две членки appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Србија ги презела сите мерки и испратила писма до сите членки на Советот на Европа за да го спречи приемот на Приштина во таа организација, како и писмо до претседателот на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница, јави дописникот на МИА од Белград.
- Напишав вкупно 14 различни писма до европските лидери, главно персонализирани писма. На сите им се обратив имајќи ги предвид специфичните околности и односи што ги имаме. На еден начин и до оние кои ја признаваат Приштина, а на друг начин и до оние кои не ја признаваат Приштина. Побарав уште еднаш да ја разгледаат одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа и одлуката на Комитетот на министри за Косово да биде поинаква, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека е јасно дека на Косово нема владеење на правото, дека таму се практикува терор и дека ЗСО не е формирана по 11 години.    
- Посебно укажав на трикот што мислат дека ќе го искористат на 10 мај со испраќањето на нацртот на ЗСО предложен од Европејците до таканаречениот уставен суд на уставна оцена, по што секако нема да преземат ништо, да замачкаат очи и да обезбедат глас во Советот на Европа. Ние ќе продолжиме да работиме и да се бориме, за ова секако дека најдолго разговарав со францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера и завчера имаше разговори со Олаф Шолц. Ќе видиме како тоа понатаму ќе се одвива. А, ние ќе се држиме до меѓународните јавно-правни норми и до последен момент ќе се бориме за вистина и правда, рече Вучиќ.
Тој рече дека му напишал писмо и на претседателот на Генералното собрание на ОН и разговарал со него за резолуцијата за Сребреница. - Писмото ќе го достави специјалниот пратеник Вук Јеремиќ, ќе ги пренесе сите мои вербални пораки, а ќе имаме специјални пратеници и на други адреси, рече Вучиќ. Тој додаде дека вчера добил официјална потврда од Соединетите Американски Држави дека „исклучително силно ќе лобираат за резолуцијата за Сребреница“. - Ќе одам во Њујорк да се борам против нивното лобирање и да разговарам со пријателски и слободољубиви земји, рече Вучиќ

The post Западот е решен да го внесе Косово во Советот на Европа – Србија ќе име две членки appeared first on Република.

]]>