Совет на безбедност на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-bezbednost-na-on/ За подобро да се разбереме Sun, 04 Feb 2024 11:57:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет на безбедност на ОН Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-bezbednost-na-on/ 32 32 Србија утре ќе побара седница на Советот на ОН за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-utre-ke-pobara-sednitsa-na-sovetot-na-on-za-kosovo/ Sun, 04 Feb 2024 12:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=740190

Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека српскиот народ во Косово е во „многу тешка ситуација“ поради одлуката на Приштина за преодниот рок за укинување на динарот и најави дека Србија утре ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради постоечките тензии, јави дописникот на МИА од Белград.

Петковиќ за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти започна криза што води до „спирала на насилство“ и оцени дека „Србите кои живеат во Метохија се во најлоша положба откако се повратници“.

-Причините поради кои бараме вонредна седница на Советот за безбедност на ОН е тоа што Албин Курти врши етничко чистење на српскиот народ на Косово и Метохија или, како што во правните конвенции е формулирано, создава неподнослив услови за живот намерно подложувајќи ги Србите на такви услови да не можат да опстанат во Косово и Метохија, туку да бараат излез, особено на подрачјето на централна Србија, рече Петковиќ.

Тој додаде дека во последната година повеќе од 14 отсто од Србите ја напуштиле територијата на Косово и живеат во централна Србија.

Според него, во саботата двајца вработени во Поштата во Гораждевац биле уапсени од косовската полиција и запленети се пари наменети за исплата на пензии на Србите.

-Тие беа задржани повеќе од 12 часа во полициската станица во Печ и беа испрашувани. Дури синоќа околу 20:00 часот им беше дозволено да си одат дома. Затоа, начинот на кој Албин Курти демонстрира сила кон српскиот народ на Косово и Метохија е апсолутно неприфатлив, сега оди дотаму што буквално им оневозможува на Србите да добиваат пензии и социјални бенефиции и тоа на Србите повратници, бидејќи токму тие четири милиони динари биле наменети за таков вид на плаќање, рече Петковиќ.

Тој оцени дека САД првпат „реагирале адекватно“ од почетокот на кризата и дека изјавата на Џефри Ховениер е охрабрувачка бидејќи го осудил нападот врз српските институции на Косово.

-Се разбира, Америка нема да ја промени својата политика кон таканареченото независно Косово и Метохија, но во овој случај, кога станува збор за укинување на динарот, што создава хуманитарна катастрофа во Косово и Метохија, гледаме поинаква реакција во српските кругови, изјави Петковиќ

The post Србија утре ќе побара седница на Советот на ОН за Косово appeared first on Република.

]]>

Директорот на српската владина канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави дека српскиот народ во Косово е во „многу тешка ситуација“ поради одлуката на Приштина за преодниот рок за укинување на динарот и најави дека Србија утре ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради постоечките тензии, јави дописникот на МИА од Белград. Петковиќ за РТС изјави дека косовскиот премиер Албин Курти започна криза што води до „спирала на насилство“ и оцени дека „Србите кои живеат во Метохија се во најлоша положба откако се повратници“.
-Причините поради кои бараме вонредна седница на Советот за безбедност на ОН е тоа што Албин Курти врши етничко чистење на српскиот народ на Косово и Метохија или, како што во правните конвенции е формулирано, создава неподнослив услови за живот намерно подложувајќи ги Србите на такви услови да не можат да опстанат во Косово и Метохија, туку да бараат излез, особено на подрачјето на централна Србија, рече Петковиќ.
Тој додаде дека во последната година повеќе од 14 отсто од Србите ја напуштиле територијата на Косово и живеат во централна Србија. Според него, во саботата двајца вработени во Поштата во Гораждевац биле уапсени од косовската полиција и запленети се пари наменети за исплата на пензии на Србите.
-Тие беа задржани повеќе од 12 часа во полициската станица во Печ и беа испрашувани. Дури синоќа околу 20:00 часот им беше дозволено да си одат дома. Затоа, начинот на кој Албин Курти демонстрира сила кон српскиот народ на Косово и Метохија е апсолутно неприфатлив, сега оди дотаму што буквално им оневозможува на Србите да добиваат пензии и социјални бенефиции и тоа на Србите повратници, бидејќи токму тие четири милиони динари биле наменети за таков вид на плаќање, рече Петковиќ.
Тој оцени дека САД првпат „реагирале адекватно“ од почетокот на кризата и дека изјавата на Џефри Ховениер е охрабрувачка бидејќи го осудил нападот врз српските институции на Косово. -Се разбира, Америка нема да ја промени својата политика кон таканареченото независно Косово и Метохија, но во овој случај, кога станува збор за укинување на динарот, што создава хуманитарна катастрофа во Косово и Метохија, гледаме поинаква реакција во српските кругови, изјави Петковиќ

The post Србија утре ќе побара седница на Советот на ОН за Косово appeared first on Република.

]]>
Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради соборувањето на авионот со украински заробеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-pobara-iten-sostanok-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-soboruvaneto-na-avionot-so-ukrainski-zarobenitsi/ Wed, 24 Jan 2024 19:54:28 +0000 https://republika.mk/?p=736492

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија побарала итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради соборувањето на авионот во регионот на Белгород.

Побаравме итен состанок на Советот за безбедност во 15:00 часот по њујоршко време и се надеваме дека француското претседателство совесно ќе ги исполни своите обврски и ќе го закаже што е можно поскоро“, рече Лавров на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, пренесува РИА Новости.

Лавров изјави дека во соборениот авион имало украински воени заробеници кои биле префрлени во регионот на Белгород, каде што денеска требало да се изврши размената на заробените војници, за која претходно се договориле Москва и Киев.

Наместо размена, украинската армија го нападна авионот со противвоздушни ракети од областа Харков и имаше фатален исход, рече Лавров.

Украинската воена разузнавачка служба претходно денеска соопшти дека немаат веродостојни и сеопфатни информации за тоа кој точно се наоѓал во авионот и колку патници имало и дека руската страна морала да ја гарантира безбедноста на украинските војници.

Во исто време, украинската страна не беше информирана за потребата од обезбедување на воздушниот простор во областа на градот Белгород во одреден временски период, како што тоа беше направено неколку пати во минатото. Украина не беше информирана за бројот на возила, маршрутите и начините на испорака на затворениците. Познато е дека затворениците се носат со воздушен, железнички и патен транспорт. Ова може да укаже на намерни дејствија на Русија насочени кон создавање закана за животот и безбедноста на затворениците“, велат тие.

Слетувањето транспортен авион во воена зона долга 30 километри не може да биде безбедно и во секој случај, двете страни мора да разговараат за тоа, бидејќи во спротивно тоа го става на ризик целиот процес на размена, велат тие.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека во воено-транспортниот авион „Иљушин 76“ што беше соборен во Белгородската област превезувале 65 украински војници кои се превезувале на размена, шест членови на екипажот и три лица кои го придружувале.

Авионот летал од аеродромот Чкаловски во близина на Москва кон Белгород, а пред падот, радарската служба на руските воздушни сили снимила лансирање на две украински противвоздушни ракети од областа на селото Липци во областа Харков.

 

The post Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради соборувањето на авионот со украински заробеници appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија побарала итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради соборувањето на авионот во регионот на Белгород.
Побаравме итен состанок на Советот за безбедност во 15:00 часот по њујоршко време и се надеваме дека француското претседателство совесно ќе ги исполни своите обврски и ќе го закаже што е можно поскоро“, рече Лавров на прес-конференција во седиштето на ОН во Њујорк, пренесува РИА Новости.
Лавров изјави дека во соборениот авион имало украински воени заробеници кои биле префрлени во регионот на Белгород, каде што денеска требало да се изврши размената на заробените војници, за која претходно се договориле Москва и Киев.
Наместо размена, украинската армија го нападна авионот со противвоздушни ракети од областа Харков и имаше фатален исход, рече Лавров.
Украинската воена разузнавачка служба претходно денеска соопшти дека немаат веродостојни и сеопфатни информации за тоа кој точно се наоѓал во авионот и колку патници имало и дека руската страна морала да ја гарантира безбедноста на украинските војници.
Во исто време, украинската страна не беше информирана за потребата од обезбедување на воздушниот простор во областа на градот Белгород во одреден временски период, како што тоа беше направено неколку пати во минатото. Украина не беше информирана за бројот на возила, маршрутите и начините на испорака на затворениците. Познато е дека затворениците се носат со воздушен, железнички и патен транспорт. Ова може да укаже на намерни дејствија на Русија насочени кон создавање закана за животот и безбедноста на затворениците“, велат тие.
Слетувањето транспортен авион во воена зона долга 30 километри не може да биде безбедно и во секој случај, двете страни мора да разговараат за тоа, бидејќи во спротивно тоа го става на ризик целиот процес на размена, велат тие. Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека во воено-транспортниот авион „Иљушин 76“ што беше соборен во Белгородската област превезувале 65 украински војници кои се превезувале на размена, шест членови на екипажот и три лица кои го придружувале. Авионот летал од аеродромот Чкаловски во близина на Москва кон Белгород, а пред падот, радарската служба на руските воздушни сили снимила лансирање на две украински противвоздушни ракети од областа на селото Липци во областа Харков.  

The post Русија побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради соборувањето на авионот со украински заробеници appeared first on Република.

]]>