Совет на амбасадори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-ambasadori/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 14:42:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет на амбасадори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-na-ambasadori/ 32 32 Советот на амбасадори упати честитки до Сиљановска Давкова и до ВМРО – ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-upati-chestitki-do-silanovska-davkova-i-do-vmro-dpmne/ Thu, 09 May 2024 14:42:48 +0000 https://republika.mk/?p=776432

Советот на амбасадори изразува задоволство и упатува честитки до бирачите на ниво на цела држава за високото ниво на демократска зрелост, демонстрирана преку масовната излезност и мирното и достоинствено изразување на правото на сопствен глас.

Во оваа прилика, упатуваме честитки до д-р Гордана Сиљановска Давкова на убедливата победа и историскиот избор на првата жена - претседател на државата. Посакувајќи ѝ успешен мандат, изразуваме надеж дека соработката на Шефот на државата со Советот на амбасадори ќе продолжи и понатаму, во насока на унапредување и зајакнување на надворешната политика на земјата, и натамошно проширување и продлабочување на билатералните и мултилатералните односи со соседите и сите меѓународни чинители, на сите полиња од заемен интерес, вели Советот на амбасадори.

Честитки упатуваме и до ВМРО - ДПМНЕ за остварениот завиден резултат на парламентарните избори. Посакувајќи мирен трансфер на власта и навремено формирање на новата Влада, Советот на амбасадори изразува подготвеност за понатамошна соработка во спроведувањето на ЕУ агендата, односно во имплементација на клучните општествено -економски реформи, зајакнување на демократските процеси, фундаменталните вредности и владеењето на правото, како предуслов за стабилност и просперитет на земјата и забрзување на евроинтегративниот процес, во поддршка на националните интереси на државата и сите нејзини граѓани.

Го истакнуваме како позитивен исчекор во демократизацијата на изборните процеси јавното прифаќање на изборниот резултат од страна на Претседателот во заминување Стево Пендаровски и Претседателот на СДМС, Димитар Ковачевски, кои упатија честитки до новоизбраната претседателка и до опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицковски. Сето ова претставува уште еден израз на демократска култура на партиските чинители во земјата и предвесник на вообичаено протоколарно предавање и преземање на функциите претседател на државата и мандатар за формирање на новата Влада, исталнува Советот на амбасадори.

The post Советот на амбасадори упати честитки до Сиљановска Давкова и до ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

Советот на амбасадори изразува задоволство и упатува честитки до бирачите на ниво на цела држава за високото ниво на демократска зрелост, демонстрирана преку масовната излезност и мирното и достоинствено изразување на правото на сопствен глас. Во оваа прилика, упатуваме честитки до д-р Гордана Сиљановска Давкова на убедливата победа и историскиот избор на првата жена - претседател на државата. Посакувајќи ѝ успешен мандат, изразуваме надеж дека соработката на Шефот на државата со Советот на амбасадори ќе продолжи и понатаму, во насока на унапредување и зајакнување на надворешната политика на земјата, и натамошно проширување и продлабочување на билатералните и мултилатералните односи со соседите и сите меѓународни чинители, на сите полиња од заемен интерес, вели Советот на амбасадори. Честитки упатуваме и до ВМРО - ДПМНЕ за остварениот завиден резултат на парламентарните избори. Посакувајќи мирен трансфер на власта и навремено формирање на новата Влада, Советот на амбасадори изразува подготвеност за понатамошна соработка во спроведувањето на ЕУ агендата, односно во имплементација на клучните општествено -економски реформи, зајакнување на демократските процеси, фундаменталните вредности и владеењето на правото, како предуслов за стабилност и просперитет на земјата и забрзување на евроинтегративниот процес, во поддршка на националните интереси на државата и сите нејзини граѓани. Го истакнуваме како позитивен исчекор во демократизацијата на изборните процеси јавното прифаќање на изборниот резултат од страна на Претседателот во заминување Стево Пендаровски и Претседателот на СДМС, Димитар Ковачевски, кои упатија честитки до новоизбраната претседателка и до опозиционата ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицковски. Сето ова претставува уште еден израз на демократска култура на партиските чинители во земјата и предвесник на вообичаено протоколарно предавање и преземање на функциите претседател на државата и мандатар за формирање на новата Влада, исталнува Советот на амбасадори.

The post Советот на амбасадори упати честитки до Сиљановска Давкова и до ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znachi-mozhelo-i-bez-site-da-glasaat-za-da-se-odobri-pochetok-na-pregovori-so-eu-rekoa-od-sovetot-na-ambasadori/ Fri, 15 Dec 2023 14:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=723351

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.

Да ѝ честитаме на Украина затоа што ќе ги почне преговорите иако не можеме да и завидуваме на состојбата во која се наоѓа, а и на причините поради кои доби почеток на преговори. Значи, можело и од политички причини да се случи одобрување на почеток на преговори без разлика на подготвеноста на земјата, што не се случи со нашата земја. Знаеме и за други земји, слични работи се случија, а особено она излегување на премиерот на Унгарија, Орбан од салата каде што се гласаше, се донесе одлука 27 – 1, значи можело и тоа да се направи иако во самиот Устав и на работа во ЕУ треба сите да гласаат „за“, односно да се постигне консензус за секоја одлука, рече Филипов во изјава за новинарите дадена по трибината на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“, организирана од Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Тој воедно апелира на отрезнување кај носителите на одлуките конечно да дозволат да надвладее националниот интерес над теснопартиските интереси и вели, колективната суета.

Од друга страна, едно отрезнување за нас дека иако светот е подготвен да ни става сопки можеби, меѓутоа ние не треба самите да си ставаме сопки тие да ги на речам веќе не лични ами колективни суети на партиите во нашиот Парламент треба еднаш да ги победиме и да надвладее интересот за еднакво мислење кога е потребно државата да оди напред. Не сакам да споменувам кој е виновник, кој погрешил, меѓутоа некогаш интересите на државата треба да се стават пред интересите на која било партија, а Парламентот треба тоа да го има во предвид зошто таму се партиите. Ако не можат луѓето, тогаш партиите, ако едно поглавје на Библијата има само за суетата, нема за колективна суета, ама еве ние измисливме колективна суета зашто едни со други може да се надмудруваат, меѓутоа кој изгуби – изгуби. Изгубивме ние, изгуби Македонија, рече Филипов.

Тој нагласува дека условите во однос на промена на Уставот и внесувањето на Бугарите во највисокиот државен акт, кои што се дадени од ЕУ веќе не може да се нарекуваат бугарски диктат, и не гледа проблем во тоа ако веќе се влезени други национални малцинства.

Според Филипов, можеби и наредната власт, наредниот парламент нема да има 80 пратеници – двотретинско мнозинство, но не можеме, посочува тој, да ризикуваме во недоглед да стоиме во место, затоа тоа треба да се постигне.

Иако донесовме една стратегија на Парламентот, еве не ја применуваме, пак се однесуваме предизборно. За жал, не само шест месеци пред избори ами четири години се чувствуваме како да сме пред избори. Малку сум разочаран од тој аспект, меѓутоа ние имаме нова ситуација, ќе гледаме нови можности да најдеме и во таа ситуација ако постојат, а постојат, можеме да го искористиме ова време на чекање за средување на домашни задачи што не сме распремиле по куќа, да употребам домаќински израз, имаме доста за работа во однос на подготвувањето на забелешките од скрининзите што ни се направени и во некоја смисла може и нема потреба да се изгуби чекор ако не продолжи вака да се однесува и наредниот Парламент како што овој се однесува, заклучува амбасадорот Филипов.

Коментирајќи ги одлуките на ЕУ и уставните измени кои не ги испорачавме, поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека е малку збунет бидејќи со години на разни меѓународни собири настојувал да укаже дека земјава па и другите држави од нашето соседство од Западен Балкан требало да се залагаме за поактивно, поинтензивно решавање на некои крупни прашања во рамките на ЕУ. Особено за прашања врзани за проширувањето на Унијата, за воведување решенија кои ќе бидат различни од комплетниот консензус, како што би бил консензус минус еден или консензус дури и минус два, што се од интерес дури и на самата Унијата, бидејќи и внатре во ЕУ има моменти кога некои крупни земји, битни членки на Унијата меѓусебе не можат да најдат целосна согласност.

Но јас сакам и во оваа ситуација да гледам нешто позитивно бидејќи Украина навоистина доживува и минува низ еден страшен период и не само заради воената катастрофа и агресија што и се случува вантре, туку затоа што ова веќе наликува на опасност од глобален карактер за поширокиот дел па и за целиот европски континент. И сакам да најдам некои можни идни решенија кои на поинаков начин и со поотворен пристап кон значењето на земјите од ЈИЕ и на Македонија, ЕУ ќе ги посматра при некое идно одлучување на некој иден Европски совет и дека ќе донесе одлука во интерес на нашата земја и на земјите од нашиот регион, вели Илиевски.

Смета дека ни претстои период на уште поголема неизвесност за иднината на земјава во очекување на изборите за ЕП следната година, и можниот пораст на евроскептицизмот во границите на ЕУ, но нашата шанса ја гледа во посветеноста на реформскте задачи.

Иднината ќе биде многу тешка и неизвесна, пред се во контекст на тие избори, бидејќи не го знаеме резултатот, но и да го знаеме мислам дека заради сите проблеми што во моментов ја потресуваат Европа и ја притискаат и на нејзините граници и внатре, како можната нова мигрантска криза од разни правци, веројатно ќе доведе до уште посилна ксенофобија во рамките на ЕУ, затвореност, која можеби и процесот на пристапување, на зачленување ќе го направи малку покомплициран, и потежок, и за Македонија. Но ако ние навистина си ја работиме нашата работа овде, ако работиме по европски стандарди кои се битни и за нашите граѓани мислам дека тоа, сепак, Европа и Брисел ќе го препознаат и дека нашите шанси не да не се затворени, туку уште повеќе се отвораат одошто досега, оценува Илиевски.

Поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски одлуката од Самитот на ЕУ ја означи како втор Букурешт за земјава.

Ако првиот Букурешт беше мај 2008 година, вториот беше вчерашниот ден, 14 декември 2023 година. Пропадна комплетно целокупната политика на сите влади на Зоран Заев од 2018 година па навака. Се виде дека можела ЕУ и без едногласност да носи одлуки по два услова. Првиот услов е една земја да држи до својот идентитет, државност, сувереност, како Украина што држеше, вториот момент е да има политичка волја од страна на ЕУ за проширување, рече Боцевски.

Според него, во македонскиот случај е очигледно дека го нема вториот услов, но, како што рече изминатите години го немало ниту првиот. Тој додаде дека евроинтеграцијата за земјава е логичен процес, имајќи ја предвид географската положба, но и вредностите кон кои целиме.

Македонија има конзистентна политика 30 години, тоа е европската интеграција и ќе продолжиме и понатаму и покрај сите сопки, рече Боцевски.

Во однос на тоа како ќе продолжи процесот имајќи предвид дека уставните измени не се усвоени, а претстојат и европски избори, според Боцевски следната година ЕУ нема да биде во целосна функција, со оглед на тоа дека ќе претстои избор на нов состав на Европската комисија, но тој има надеж во унгарското претседателство со ЕУ и во Виктор Орбан, од кого очекува дека ќе ги придвижи работите за земјава

The post Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори appeared first on Република.

]]>

Одлуката на ЕУ експресно поради политичкиот контекст да одобри почнување на пристапни преговори со Украина треба да биде отрезнување за земјава дека ако можеби светот е подготвен да ни става сопки, ние не треба самите да си поставуваме сопки. Но, нема смисла за ново разочарување и жалење за можноста, треба да бараме нови можности во новонастанатите услови, вели амбасадорот и претседател на Советот на амбасадори Ѓорѓи Филипов.
Да ѝ честитаме на Украина затоа што ќе ги почне преговорите иако не можеме да и завидуваме на состојбата во која се наоѓа, а и на причините поради кои доби почеток на преговори. Значи, можело и од политички причини да се случи одобрување на почеток на преговори без разлика на подготвеноста на земјата, што не се случи со нашата земја. Знаеме и за други земји, слични работи се случија, а особено она излегување на премиерот на Унгарија, Орбан од салата каде што се гласаше, се донесе одлука 27 – 1, значи можело и тоа да се направи иако во самиот Устав и на работа во ЕУ треба сите да гласаат „за“, односно да се постигне консензус за секоја одлука, рече Филипов во изјава за новинарите дадена по трибината на тема „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“, организирана од Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Тој воедно апелира на отрезнување кај носителите на одлуките конечно да дозволат да надвладее националниот интерес над теснопартиските интереси и вели, колективната суета.
Од друга страна, едно отрезнување за нас дека иако светот е подготвен да ни става сопки можеби, меѓутоа ние не треба самите да си ставаме сопки тие да ги на речам веќе не лични ами колективни суети на партиите во нашиот Парламент треба еднаш да ги победиме и да надвладее интересот за еднакво мислење кога е потребно државата да оди напред. Не сакам да споменувам кој е виновник, кој погрешил, меѓутоа некогаш интересите на државата треба да се стават пред интересите на која било партија, а Парламентот треба тоа да го има во предвид зошто таму се партиите. Ако не можат луѓето, тогаш партиите, ако едно поглавје на Библијата има само за суетата, нема за колективна суета, ама еве ние измисливме колективна суета зашто едни со други може да се надмудруваат, меѓутоа кој изгуби – изгуби. Изгубивме ние, изгуби Македонија, рече Филипов.
Тој нагласува дека условите во однос на промена на Уставот и внесувањето на Бугарите во највисокиот државен акт, кои што се дадени од ЕУ веќе не може да се нарекуваат бугарски диктат, и не гледа проблем во тоа ако веќе се влезени други национални малцинства. Според Филипов, можеби и наредната власт, наредниот парламент нема да има 80 пратеници – двотретинско мнозинство, но не можеме, посочува тој, да ризикуваме во недоглед да стоиме во место, затоа тоа треба да се постигне.
Иако донесовме една стратегија на Парламентот, еве не ја применуваме, пак се однесуваме предизборно. За жал, не само шест месеци пред избори ами четири години се чувствуваме како да сме пред избори. Малку сум разочаран од тој аспект, меѓутоа ние имаме нова ситуација, ќе гледаме нови можности да најдеме и во таа ситуација ако постојат, а постојат, можеме да го искористиме ова време на чекање за средување на домашни задачи што не сме распремиле по куќа, да употребам домаќински израз, имаме доста за работа во однос на подготвувањето на забелешките од скрининзите што ни се направени и во некоја смисла може и нема потреба да се изгуби чекор ако не продолжи вака да се однесува и наредниот Парламент како што овој се однесува, заклучува амбасадорот Филипов.
Коментирајќи ги одлуките на ЕУ и уставните измени кои не ги испорачавме, поранешниот амбасадор Тихомир Илиевски вели дека е малку збунет бидејќи со години на разни меѓународни собири настојувал да укаже дека земјава па и другите држави од нашето соседство од Западен Балкан требало да се залагаме за поактивно, поинтензивно решавање на некои крупни прашања во рамките на ЕУ. Особено за прашања врзани за проширувањето на Унијата, за воведување решенија кои ќе бидат различни од комплетниот консензус, како што би бил консензус минус еден или консензус дури и минус два, што се од интерес дури и на самата Унијата, бидејќи и внатре во ЕУ има моменти кога некои крупни земји, битни членки на Унијата меѓусебе не можат да најдат целосна согласност.
Но јас сакам и во оваа ситуација да гледам нешто позитивно бидејќи Украина навоистина доживува и минува низ еден страшен период и не само заради воената катастрофа и агресија што и се случува вантре, туку затоа што ова веќе наликува на опасност од глобален карактер за поширокиот дел па и за целиот европски континент. И сакам да најдам некои можни идни решенија кои на поинаков начин и со поотворен пристап кон значењето на земјите од ЈИЕ и на Македонија, ЕУ ќе ги посматра при некое идно одлучување на некој иден Европски совет и дека ќе донесе одлука во интерес на нашата земја и на земјите од нашиот регион, вели Илиевски.
Смета дека ни претстои период на уште поголема неизвесност за иднината на земјава во очекување на изборите за ЕП следната година, и можниот пораст на евроскептицизмот во границите на ЕУ, но нашата шанса ја гледа во посветеноста на реформскте задачи.
Иднината ќе биде многу тешка и неизвесна, пред се во контекст на тие избори, бидејќи не го знаеме резултатот, но и да го знаеме мислам дека заради сите проблеми што во моментов ја потресуваат Европа и ја притискаат и на нејзините граници и внатре, како можната нова мигрантска криза од разни правци, веројатно ќе доведе до уште посилна ксенофобија во рамките на ЕУ, затвореност, која можеби и процесот на пристапување, на зачленување ќе го направи малку покомплициран, и потежок, и за Македонија. Но ако ние навистина си ја работиме нашата работа овде, ако работиме по европски стандарди кои се битни и за нашите граѓани мислам дека тоа, сепак, Европа и Брисел ќе го препознаат и дека нашите шанси не да не се затворени, туку уште повеќе се отвораат одошто досега, оценува Илиевски.
Поранешниот вицепремиер и амбасадор Ивица Боцевски одлуката од Самитот на ЕУ ја означи како втор Букурешт за земјава.
Ако првиот Букурешт беше мај 2008 година, вториот беше вчерашниот ден, 14 декември 2023 година. Пропадна комплетно целокупната политика на сите влади на Зоран Заев од 2018 година па навака. Се виде дека можела ЕУ и без едногласност да носи одлуки по два услова. Првиот услов е една земја да држи до својот идентитет, државност, сувереност, како Украина што држеше, вториот момент е да има политичка волја од страна на ЕУ за проширување, рече Боцевски.
Според него, во македонскиот случај е очигледно дека го нема вториот услов, но, како што рече изминатите години го немало ниту првиот. Тој додаде дека евроинтеграцијата за земјава е логичен процес, имајќи ја предвид географската положба, но и вредностите кон кои целиме.
Македонија има конзистентна политика 30 години, тоа е европската интеграција и ќе продолжиме и понатаму и покрај сите сопки, рече Боцевски.
Во однос на тоа како ќе продолжи процесот имајќи предвид дека уставните измени не се усвоени, а претстојат и европски избори, според Боцевски следната година ЕУ нема да биде во целосна функција, со оглед на тоа дека ќе претстои избор на нов состав на Европската комисија, но тој има надеж во унгарското претседателство со ЕУ и во Виктор Орбан, од кого очекува дека ќе ги придвижи работите за земјава

The post Значи можело и без сите да гласаат „за“ да се одобри почеток на преговори со ЕУ, рекоа од Советот на амбасадори appeared first on Република.

]]>
„Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-go-pozdravi-stavaneto-na-tsrna-lista-na-sad/ Thu, 22 Jun 2023 14:02:39 +0000 https://republika.mk/?p=654112

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција.

Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба против корупција и организираниот криминал треба веднаш да отворат соодветна истрага за случаите кои што го предизвикале Стејт Департментот да постапи на овој начин, а притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош, како во случајот на Рамиз Мерко, така и за останатите високи функционери за кои што постои сомневање дека ги злоупотребиле своите функции за лични цели.

Советот на амбасадори смета и дека Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во ЕУ (или во Шенгенскиот простор) за високите должносници на земјите-кандидати од Западниот Балкан кои се вклучени во корупција или во мрежите на организираниот криминал.

-Се разбира, ништо не е замена за работата на домашното правосудство кое што, за жал, сè уште не е на висината на задачата кое што доликува на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува една од клучните точки кои што треба драматично да се подобрат за реализација на целите на македонската надворешна политика, но и за повисок економски, социјален и демократски развој на земјата, се наведува во соопштението.

The post „Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>

Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на амбасадори“ ја поздравува одлуката на американскиот Стејт Департмент да го прогласи Рамиз Мерко, градоначалникот на општина Струга, за неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значителна корупција додека ја извршувал актуелната функција. Како што се наведува во соопштението, Советот на амбасадори смета дека институциите на нашиот правосуден систем за борба против корупција и организираниот криминал треба веднаш да отворат соодветна истрага за случаите кои што го предизвикале Стејт Департментот да постапи на овој начин, а притоа користејќи ги механизмите за меѓународна соработка и меѓународна правна помош, како во случајот на Рамиз Мерко, така и за останатите високи функционери за кои што постои сомневање дека ги злоупотребиле своите функции за лични цели. Советот на амбасадори смета и дека Европската Унија треба да создаде слични механизми за забрана на влез во ЕУ (или во Шенгенскиот простор) за високите должносници на земјите-кандидати од Западниот Балкан кои се вклучени во корупција или во мрежите на организираниот криминал.
-Се разбира, ништо не е замена за работата на домашното правосудство кое што, за жал, сè уште не е на висината на задачата кое што доликува на една земја членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија. Борбата против корупцијата и организираниот криминал останува една од клучните точки кои што треба драматично да се подобрат за реализација на целите на македонската надворешна политика, но и за повисок економски, социјален и демократски развој на земјата, се наведува во соопштението.

The post „Советот на амбасадори“ го поздрави ставањето на црна листа на САД appeared first on Република.

]]>
Советот на амбасадори задоволен што САД ќе се зафати во борбата против корупцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-zadovolen-shto-sad-kje-se-zafati-vo-borbata-protiv-korupcijata/ Tue, 06 Dec 2022 19:37:15 +0000 https://republika.mk/?p=582710

Од Советот на амбасадори денеска соопштија дека со големо задоволство ја примиле веста објавена на твитер од страна на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во РСМ и по агресивно ќе ги разгледува досејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори.

– Совет на Амбасадори црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот, наведоа од Советот на амбасадори.

Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна екзистенција.

– Ја овикуваме Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупцијата во нивните редови за да конечно државата оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината, порачаа од Советот на амбасадори

The post Советот на амбасадори задоволен што САД ќе се зафати во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>

Од Советот на амбасадори денеска соопштија дека со големо задоволство ја примиле веста објавена на твитер од страна на амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер, дека тимот за санкции од Вашингтон веќе е во РСМ и по агресивно ќе ги разгледува досејата на поранешни и актуелни корумпирани политичари и да ги дава сите можни одговори. – Совет на Амбасадори црвсто ги поддржува констатаците на амбасадорот на САД Агелер, на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир и амбасадорите на некои земји членки на Унијата, јавно изнесени на разни конференции и дебати, како и констатациите изнесени во годишните извештаи на ЕУ, дека на правосудниот сектор во Македонија му требаат повеќе истраги, гонење за да се покаже дека никој не е над законот, наведоа од Советот на амбасадори.   Советот исто така смета дека корупцијата воопшто, како и корупцијата на високи државни фукционери, е главната причина што младите ја напуштат земјата и заминуват во странство за да обезбедуваат материјални средства за лична и семејна екзистенција.
– Ја овикуваме Владата, раководителите на органите на Владата, државните институции како и лидерите и членството на сите политички парттии од власта и опозицијата, да се борат против минатата и сегашна корупцијата во нивните редови за да конечно државата оди кон вистинстки економски, социјален, финансиски, културен и секаков прогрес од сега до иднината, порачаа од Советот на амбасадори

The post Советот на амбасадори задоволен што САД ќе се зафати во борбата против корупцијата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-na-sredba-so-sovet-na-ambasadori-potrebno-ni-e-seto-znaenje-i-institucionalna-memorija-za-istoriski-najvaznata-evrointegracija-koja-ni-pretstoi/ Thu, 01 Dec 2022 14:12:29 +0000 https://republika.mk/?p=580550

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска беше домаќин на средба со претставници на Советот на амбасадори, претседателот Мухамед Халили, Тихомир Илиевски, Елеонора Петрова, Љупчо Арсовски, Илјаз Сабриу, Нано Ружин.

На состанокот се разговараше околу тековниот скрининг процес, како и претстојните чекори кои Владата ги спроведува во преговорите со Европската Унија. Поздравена беше посветеноста на Владата која е видлива во спроведувањето на скрининг процесот, но и кон задржување на европскиот курс на државата.

Премиерот Ковачевски истакна дека Владата е целосно поставена со политиките на ЕУ, а секако и како НАТО членка силно придонесува кон обединетоста и заедништвото во политиката на Алијансата.

На средбата се разговараше и за глобална состојба со енергетската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и развојот на состојбите и можните сценарија за претстојната зима.

The post Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска беше домаќин на средба со претставници на Советот на амбасадори, претседателот Мухамед Халили, Тихомир Илиевски, Елеонора Петрова, Љупчо Арсовски, Илјаз Сабриу, Нано Ружин. На состанокот се разговараше околу тековниот скрининг процес, како и претстојните чекори кои Владата ги спроведува во преговорите со Европската Унија. Поздравена беше посветеноста на Владата која е видлива во спроведувањето на скрининг процесот, но и кон задржување на европскиот курс на државата. Премиерот Ковачевски истакна дека Владата е целосно поставена со политиките на ЕУ, а секако и како НАТО членка силно придонесува кон обединетоста и заедништвото во политиката на Алијансата. На средбата се разговараше и за глобална состојба со енергетската криза предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина и развојот на состојбите и можните сценарија за претстојната зима.

The post Ковачевски на средба со Совет на амбасадори: Потребно ни е сето знаење и институционална меморија за историски најважната евроинтеграција која ни претстои appeared first on Република.

]]>
Совет на амбасадори: Сомнителните постапки на државни институции ги уриваат угледот на државата и довербата кај стратешките партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-ambasadori-somnitelnite-postapki-na-drzavni-institucii-gi-urivaat-ugledot-na-drzavata-i-doverbata-kaj-strateshkite-partneri/ Mon, 21 Nov 2022 13:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=576531

Советот на амбасадори денеска преку соопштение изрази, како што се посочува, „изненаденост и загриженост што одреден вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност“, како што овие денови објавуваат медиумите од реакциите на дипломатските претставништва акредитирани во земјата, доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ.

Советот, се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, државјанин на Украина кој се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, а за кого била објавена потерница од Украина, земја која ја ужива нашата воена и друга поддршка за ослободување, поради криминални, финансиски и други противзаконски дејствија. Овој вид небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми.

Нашата загриженост е дека се работи за сомнителни и неприфатливи постапки на државни институции кои го уриваат авторитетот на државата на меѓународен план и ја разнишуваат довербата кај нашите стратешки партнери САД и ЕУ, кои со децении вложуваат значајни финансиски средства во зајакнувањето на институциите надлежни за борбата против корупцијата, организираниот криминал, непотизмот и партизацијата, се наведува во соопштението.

Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги подржува ставовите на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски државните институции да преземат итни чекори во обелоденувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочат не само со морална, туку и законска одговорност (доколку ја има), бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и им наштетуваат на евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори

The post Совет на амбасадори: Сомнителните постапки на државни институции ги уриваат угледот на државата и довербата кај стратешките партнери appeared first on Република.

]]>

Советот на амбасадори денеска преку соопштение изрази, како што се посочува, „изненаденост и загриженост што одреден вид неприфатливи дејствија на непотизам, партиско влијание и небрежност“, како што овие денови објавуваат медиумите од реакциите на дипломатските претставништва акредитирани во земјата, доаѓаат од важни државни институции и органи на државна управа како што се М-НАВ, Совет на јавни обвинители и посебно АНБ. Советот, се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко, државјанин на Украина кој се наоѓа на црната листа на нашиот стратешки партнер САД, а за кого била објавена потерница од Украина, земја која ја ужива нашата воена и друга поддршка за ослободување, поради криминални, финансиски и други противзаконски дејствија. Овој вид небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми. Нашата загриженост е дека се работи за сомнителни и неприфатливи постапки на државни институции кои го уриваат авторитетот на државата на меѓународен план и ја разнишуваат довербата кај нашите стратешки партнери САД и ЕУ, кои со децении вложуваат значајни финансиски средства во зајакнувањето на институциите надлежни за борбата против корупцијата, организираниот криминал, непотизмот и партизацијата, се наведува во соопштението. Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги подржува ставовите на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски државните институции да преземат итни чекори во обелоденувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочат не само со морална, туку и законска одговорност (доколку ја има), бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и им наштетуваат на евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори

The post Совет на амбасадори: Сомнителните постапки на државни институции ги уриваат угледот на државата и довербата кај стратешките партнери appeared first on Република.

]]>
Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-izrazuva-sochuvstvo-do-semejstvoto-na-ramadan-nazifi/ Sat, 03 Sep 2022 14:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=547115

Советот на Амбасадори на Република Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи.

Назифи, беше амбасадор на Македонија во Берлин од 2019 година.

– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.

По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства.

The post Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи appeared first on Република.

]]>

Советот на Амбасадори на Република Македонија изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи. Назифи, беше амбасадор на Македонија во Берлин од 2019 година.
– Советот на Амбасадори со голема болка и тага ја прими веста за прераната смрт на нашиот поранешен колега досегашниот амбасадор на Република Македонија во Германија Рамадан Назифи, со кого неколку години тесно сме соработувале и сме ги споделиле искуствата во развојот на дипломатската пракса и афирмација на земјата во меѓународни рамки, се вели во телеграмата со сочувство од Советот на Амбасадори.
По овој тажен повод, се вели во телеграмата со сочувство, Советот на Амбасадори на неговото блиско семејство, на неговите колеги со кои тој соработувал како раководител во дипломатската служба и потоа амбасадор им упатуваме искрени сочуства.

The post Советот на Амбасадори изразува сочувство до семејството на Рамадан Назифи appeared first on Република.

]]>
Совет на амбасадори: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово прилог за мирот и стабилизација на регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-ambasadori-postignatiot-dogovor-megju-srbija-i-kosovo-prilog-za-mirot-i-stabilizacija-na-regionot/ Mon, 29 Aug 2022 12:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=545261

Совет на амбасадори денеска преку соопштение ја поздрави веста објавена од страна на Жозеп Борел, висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, за постигнатиот договор за личните документи меѓу Србија и Косово.

-Со ова на граѓаните на двете земји им се овозможува слободно движење преку границите со лични карти издадени во двете земји. Советот високо го цени големиот придонес што во постигнувањето на овој договор (потпишан во 2011 год) го дале специјалниот претставник на ЕУ за олеснување на преговорите меѓу двете земји Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, и се надева и очекува лидерите на двете земји да го продолжат и продлабочуваат диалогот и за уште посуштествени теми сè до постигнување на конечниот договор, се наведува во соопштението.

Советот на амбасадори, како што се посочува, смета дека успешната имплементација на постигнатиот договор и на другите кои се веќе потпишани ќе го отвори патот на побрза европска интеграција на двете земји како и дека ќе придонесе за зацрстување на мирот и стабилизација на односите во регионот.

The post Совет на амбасадори: Постигнатиот договор меѓу Србија и Косово прилог за мирот и стабилизација на регионот appeared first on Република.

Арсовски: На Македонија ѝ се подготвува огромно предавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/arsovski-na-makedonija-se-podgotvuva-ogromno-predavstvo/ Thu, 14 Jul 2022 09:50:41 +0000 https://republika.mk/?p=528539

Поранешниот амбасадор на Македонија во Грција, сега член на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски, на својот Фејсбук профил предупреди дека со францускиот предлог на Македонија ѝ се подготвува огромно предавство, пренесувајќи дека бугарските медиуми го објавиле „протоколот кој го крие предавничката македонска власт од народот“.

Во постот се објавени неколку точки.

1. Протоколот е составен од преговарачка рамка, за која двете страни се договориле да биде криена од народот, значи го лажат народот дека протоколот е само формален, тоа што е јасно е дека нема да има датум, Македонија нема да добие датум сѐ додека не ги исполни бугарските услови од протоколот!

2. Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, при што се бара Бугарите да бидат внесени како државотворна заедница а не како малцинство!

3. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени учебниците под контрола на Бугарија, односно се додека не ја бугаризира својата историја!

4. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени написите на спомениците, односно македонските херои да бидат запишани како бугарски!

5. Договорено е откако предавничката власт ќе го потпише протоколот, да биде организирана фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, за да се фалат пред народот дека добиле датум, а потоа Македонија ќе мора да ги исполни сите бугарски ултиматуми наместо да работи на реални европски стандарди!

6. Во текстот на преговарачката рамка која треба да ја усвои македонското собрание, ќе биде изоставен делот за македонскиот како дијалект на бугарскиот јазик, за да нема револт, па потоа ќе биде обелоденето дека е прифатено да биде дијалект на бугарскиот јазик, преку декларации (затоа Османи цело време го лаже народот дека јазикот е обезбеден и дека предлогот не задира во идентитетот, а всушност е договорено да ги објават декларациите подоцна).

7. Дополнително, дури и ако во преговорите меѓу страните се постигне договор за сите теми и овој договор се потпише, останува обврската на државите да продолжат да водат нови состаноци на комисијата, и можноста да се потпишуваат нови протоколи, во кои е можно да се вметне постигнатиот договор за нови теми кои моментално не се во преден план.

„Мудроста е да се предвидат последиците“, пишува во постот.

The post Арсовски: На Македонија ѝ се подготвува огромно предавство appeared first on Република.

]]>

Поранешниот амбасадор на Македонија во Грција, сега член на Советот на амбасадори, Љупчо Арсовски, на својот Фејсбук профил предупреди дека со францускиот предлог на Македонија ѝ се подготвува огромно предавство, пренесувајќи дека бугарските медиуми го објавиле „протоколот кој го крие предавничката македонска власт од народот“.
Во постот се објавени неколку точки. 1. Протоколот е составен од преговарачка рамка, за која двете страни се договориле да биде криена од народот, значи го лажат народот дека протоколот е само формален, тоа што е јасно е дека нема да има датум, Македонија нема да добие датум сѐ додека не ги исполни бугарските услови од протоколот! 2. Македонија нема да ги почне преговорите со ЕУ додека не го смени Уставот, при што се бара Бугарите да бидат внесени како државотворна заедница а не како малцинство! 3. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени учебниците под контрола на Бугарија, односно се додека не ја бугаризира својата историја! 4. Македонија нема да добие датум се додека не ги смени написите на спомениците, односно македонските херои да бидат запишани како бугарски! 5. Договорено е откако предавничката власт ќе го потпише протоколот, да биде организирана фото сесија на Ковачевски и Османи во Брисел, за да се фалат пред народот дека добиле датум, а потоа Македонија ќе мора да ги исполни сите бугарски ултиматуми наместо да работи на реални европски стандарди! 6. Во текстот на преговарачката рамка која треба да ја усвои македонското собрание, ќе биде изоставен делот за македонскиот како дијалект на бугарскиот јазик, за да нема револт, па потоа ќе биде обелоденето дека е прифатено да биде дијалект на бугарскиот јазик, преку декларации (затоа Османи цело време го лаже народот дека јазикот е обезбеден и дека предлогот не задира во идентитетот, а всушност е договорено да ги објават декларациите подоцна). 7. Дополнително, дури и ако во преговорите меѓу страните се постигне договор за сите теми и овој договор се потпише, останува обврската на државите да продолжат да водат нови состаноци на комисијата, и можноста да се потпишуваат нови протоколи, во кои е можно да се вметне постигнатиот договор за нови теми кои моментално не се во преден план. „Мудроста е да се предвидат последиците“, пишува во постот.

The post Арсовски: На Македонија ѝ се подготвува огромно предавство appeared first on Република.

]]>
Советот на амбасадори го поддржа францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovetot-na-ambasadori-go-poddrza-francuskiot-predlog/ Tue, 12 Jul 2022 09:01:16 +0000 https://republika.mk/?p=527411

Во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа, Советот на амбасадори ги охрабрува проевропски ориентираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци, но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на францускиот предлог, да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ.

– Во минатото почнувајќи од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор, нашите граѓани, напредната интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евроатлански интеграции, посочува Советот на амбасадори во денешното соопштение.

Советот смета дека е неопходно да се прифати европскиот компромис како важен чекор кој ќе ја приближи Македонија кон членството во ЕУ со кој ќе биде надмината и блокадата од источниот сосед.

– Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ, посочуваат од ова граѓанско здружение.

Советот воедно ја потсетува јавноста дека и европската конструкција и нејзиното функционирање било и е резултат на бројни компромиси, премрежија, отстапувања и договори.

– Совет на амбасадори е убеден дека ЕУ и нејзините членки и институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис со помош на ЕУ. Наеднаш искажуваме задоволство што во овие значајни историски моменти и покрај обидите на поединци, не се дозволи да се нарушат меѓуетничките односи, ниту да се наметнат некои други сценарија или алтернативи, бидејќи членството во ЕУ нема алтернативи. Горди сме што на патот кон ЕУ граѓаните од сите етнички заедници , дејствуваат сплотени и единствени кога се во прашање европските интеграции и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет, се наведува во соопштението потпишано од Извршниот одбор на Советот на амбасадори

The post Советот на амбасадори го поддржа францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Во овој критичен момент на европската историја обележена со инвазијата на Русија во Украина, унапредувањето на патот на нашата држава кон ЕУ е од клучно значење за иднината, стабилноста и просперитетот на државата, регионот и пошироко на Европа, Советот на амбасадори ги охрабрува проевропски ориентираните граѓани, невладини организации, политички партии, пратеници, новинари, интелектуалци, но и оние кои од недоволната информираност поради недостапност до вистински информации емотивно реагираа на францускиот предлог, да се соочиме сите заедно со предизвиците и храбро да зачекориме кон ЕУ. – Во минатото почнувајќи од одржувањето на референдумот за независност, потоа влезот на нашата држава во ООН под референцата, преку усвојувањето на Охридскиот договор и реформите кои следеа во државата, како и усвојувањето на Преспанскиот договор, нашите граѓани, напредната интелигенција, политички партии и раководства и НВО донесоа правилни и историски одлуки со кои се трасираа нашите евроатлански интеграции, посочува Советот на амбасадори во денешното соопштение. Советот смета дека е неопходно да се прифати европскиот компромис како важен чекор кој ќе ја приближи Македонија кон членството во ЕУ со кој ќе биде надмината и блокадата од источниот сосед. – Свесни сме дека компромисите понекогаш се болни отстапки, свесни сме дека во дипломатските преговори никогаш не се постигнува апсолутна сатисфакција на која било страна, но најзначајно за нашите граѓани е тоа што со „францускиот предлог“ се зацементирани и гарантирани македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ, посочуваат од ова граѓанско здружение. Советот воедно ја потсетува јавноста дека и европската конструкција и нејзиното функционирање било и е резултат на бројни компромиси, премрежија, отстапувања и договори.
– Совет на амбасадори е убеден дека ЕУ и нејзините членки и институции ќе бидат на висината на европските критериуми и вредности и нема да дозволат наметнувања на евентуално дополнителни интерпретации на тешко постигнатиот компромис со помош на ЕУ. Наеднаш искажуваме задоволство што во овие значајни историски моменти и покрај обидите на поединци, не се дозволи да се нарушат меѓуетничките односи, ниту да се наметнат некои други сценарија или алтернативи, бидејќи членството во ЕУ нема алтернативи. Горди сме што на патот кон ЕУ граѓаните од сите етнички заедници , дејствуваат сплотени и единствени кога се во прашање европските интеграции и зачувувањето на македонскиот јазик и идентитет, се наведува во соопштението потпишано од Извршниот одбор на Советот на амбасадори

The post Советот на амбасадори го поддржа францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Совет на амбасадори: Историските прашања, јазикот и билатералниот протокол не смеат да бидат дел од преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-ambasadori-istoriskite-prashanja-jazikot-i-bilateralniot-protokol-ne-smeat-da-bidat-del-od-pregovarachkata-ramka/ Mon, 27 Jun 2022 08:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=520101

Советот на амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите резултати од Самитот на Европската Унија, смета дека е постигнат историски чекор со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како и отворените европски перспективи за Грузија. Меѓутоа во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е несупехот од изминатите години. Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатски статус, додека Косово не доби визна либерализација.

Во однос на предложената преговарачка рамка од страна на Франција, Советот на амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со неколку забелешки.

Билатералниот протокол, кој инаку не е потпишан од страна на претставниците на заедничката комисија, а усвоен од страна на Собранието на Бугарија, не смее да остане во заклучоците на Европскиот совет, бидејки ќе и овозможи на Бугарија, постојано да се повикува на контраверзните делови на овој документ.

Советот уште еднаш подвлекува дека историските прашања не треба да бидат составен дел на Преговарачката рамка.

Што се однесува до најчуствителното прашање на идентитетот, а тоа е јазикот, доколку Бугарија инсистира на непризнавањето на македонскиот јазик, треба јасно да се даде до знаење дека граѓаните, политичките и државните институции на нашата држава ќе ја отфрлат таквата Преговарачка рамка. Инаку според францускиот предлог јазикот на преведување на актите на Унијата е македонски, и тоа не може да биде предмет на преговори.

Советот на амбасадори смета дека „е ирационален и нереален е предлогот на Софија, како conditio sine qua non да се условува отворањето на Уставот заради внесувањето на самоосвестените Бугари од Македонија во Преамбулата на Уставот пред отпочнувањето на преговорите“.

– Повеќе од јасно е дека во овој миг не постојат реални претпоставки за достигање на двотретинско мнозинство. Сметаме дека ова прашање треба да се реши при завршетокот на преговорите или во некој поволен моментум, се наведува во соопштението.

Советот смета дека ЕУ треба да и гарантира на Македонија дека нема да ги прифаќа останатите новонастанати предлози на бугарската страна оти таквиот потег би личел на игри без граници.

Советот на амбасадори апелира до сите политички субјекти без оглед на нивната идеолошка припадност, во соработка со невладиниот сектор да направаат напори за создавање заеднички ставови во надворешната политика за прашања од државен интерес сè со цел земјата успешно да ги надмине пречките во нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.

The post Совет на амбасадори: Историските прашања, јазикот и билатералниот протокол не смеат да бидат дел од преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>

Советот на амбасадори, осврнувајќи се на постигнатите резултати од Самитот на Европската Унија, смета дека е постигнат историски чекор со доделувањето на кандидатскиот статус на Украина и Молдавија како и отворените европски перспективи за Грузија. Меѓутоа во однос на аспирациите на Западен Балкан, повторен е несупехот од изминатите години. Македонија и Албанија не добија датум за преговори, Србија и Црна Гора тапкаат во место, БиХ не доби кандидатски статус, додека Косово не доби визна либерализација. Во однос на предложената преговарачка рамка од страна на Франција, Советот на амбасадори смета дека овој мултилатерален документ дава надежни основи за добивање на датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ, но со неколку забелешки. Билатералниот протокол, кој инаку не е потпишан од страна на претставниците на заедничката комисија, а усвоен од страна на Собранието на Бугарија, не смее да остане во заклучоците на Европскиот совет, бидејки ќе и овозможи на Бугарија, постојано да се повикува на контраверзните делови на овој документ. Советот уште еднаш подвлекува дека историските прашања не треба да бидат составен дел на Преговарачката рамка. Што се однесува до најчуствителното прашање на идентитетот, а тоа е јазикот, доколку Бугарија инсистира на непризнавањето на македонскиот јазик, треба јасно да се даде до знаење дека граѓаните, политичките и државните институции на нашата држава ќе ја отфрлат таквата Преговарачка рамка. Инаку според францускиот предлог јазикот на преведување на актите на Унијата е македонски, и тоа не може да биде предмет на преговори. Советот на амбасадори смета дека „е ирационален и нереален е предлогот на Софија, како conditio sine qua non да се условува отворањето на Уставот заради внесувањето на самоосвестените Бугари од Македонија во Преамбулата на Уставот пред отпочнувањето на преговорите“.
– Повеќе од јасно е дека во овој миг не постојат реални претпоставки за достигање на двотретинско мнозинство. Сметаме дека ова прашање треба да се реши при завршетокот на преговорите или во некој поволен моментум, се наведува во соопштението.
Советот смета дека ЕУ треба да и гарантира на Македонија дека нема да ги прифаќа останатите новонастанати предлози на бугарската страна оти таквиот потег би личел на игри без граници. Советот на амбасадори апелира до сите политички субјекти без оглед на нивната идеолошка припадност, во соработка со невладиниот сектор да направаат напори за создавање заеднички ставови во надворешната политика за прашања од државен интерес сè со цел земјата успешно да ги надмине пречките во нејзиниот пат кон полноправно членство во Унијата.

The post Совет на амбасадори: Историските прашања, јазикот и билатералниот протокол не смеат да бидат дел од преговарачката рамка appeared first on Република.

]]>
Совет на амбасадори: Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sovet-na-ambasadori-vladata-da-go-sochuva-dostoinstvoto-na-gragjanite-i-da-gi-pochituva-i-opstoi-na-crvenite-linii/ Tue, 21 Jun 2022 08:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=517929

Советот на амбасадори во врска со францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ, смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион.

Како што велат од таму, ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на Амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани.

Совет на Амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата- кандидат кон Европската Унија.

Изразуваат надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Македонија да стане полноправна членка на ЕУ.

Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизмите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не Софија. На тој начин,,како што оценуваат, ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава.

Советот се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови.

Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на Канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки„ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање“, е потенцирано во нивната реакција.

Апелираат до Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Македонија.

The post Совет на амбасадори: Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии appeared first on Република.

]]>

Советот на амбасадори во врска со францускиот предлог за одблокирање на пристапниот пат на Македонија кон ЕУ, смета дека членството во ЕУ нема алтернативи и е не само од стратешко значење за нашата држава туку и безбедносно прашање за целиот регион. Како што велат од таму, ги поздравува напорите на претседателот Макрон и на канцеларот Шолц, како и на другите лидери и дипломати на ЕУ и САД, кои активно ја подржуваат интеграцијата на Македонија во ЕУ. Во отсуство на јавна објава на интегралниот текст на Францускиот предлог, кој ја бранува македонската јавност и создава бројни негативни реакции кои го јакнат евроскептицизмот и национализмот во државата, Совет на Амбасадори смета дека треба најнапред да се добие целиот текст, внимателно да се анализира, а потоа да се заземат соодветни позиции кои ќе ги одразуваат долгорочните национални интереси на државата и нејзините граѓани. Совет на Амбасадори смета дека преговарачката рамка претставува мултилатерален документ, чија намена е да послужи како водилка за темелно реформирање и пристапување на државата- кандидат кон Европската Унија. Изразуваат надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе усвојат рамка која ќе го отсликува мултилатералниот карактер на документот, а Бугарија ќе биде на ниво на пријателска држава во чиј национален интерес е соседната држава Македонија да стане полноправна членка на ЕУ. Советот смета дека утврдувањето на „Преговарачката рамка“ и управувањето со механизмите за нејзино спроведување треба да биде реализирано од Брисел, а не Софија. На тој начин,,како што оценуваат, ќе се намали можноста за „зачестени блокади“ на пристапниот процес, од што најмногу стравуваат граѓаните на нашата држава. Советот се надева и очекува ЕУ да има доволно чувство за реална проценка на политичката состојба во Македонија и да не го условува почетокот на преговорите со донесувањето на уставните промени, туку таквиот процес да биде поместен за кога тоа ќе го дозволат политичките и општествените услови. Совет на Амбасадори уште еднаш подвлекува дека сегашниот консенсуален начин на донесување на одлуки ги блокира процесите на одлучување во Унијата, и неодамнешната констатација на Канцеларот Олаф Шолц дека „ЕУ треба да ги модернизира структурите и процесите за носење одлуки„ го смета за вистински исчекор кон нејзино реформирање“, е потенцирано во нивната реакција. Апелираат до Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии за зачувување на идентитетот и интегритетот на Република Македонија.

The post Совет на амбасадори: Владата да го сочува достоинството на граѓаните и да ги почитува и опстои на црвените линии appeared first on Република.

]]>
Честитка од Советот на амбасадори по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chestitka-od-sovetot-na-ambasadori-po-povod-odlukata-na-spc-za-prifakjanje-na-avtokefalnosta-na-mpc-oa/ Tue, 24 May 2022 17:07:05 +0000 https://republika.mk/?p=506449

Советот на амбасадори упати честитка до граѓаните по повод одлуката на Српската Православна Црква за прифаќање на афтокефалноста на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија и по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители.

Jа поздравувамe мудроста и дипломатската вештина на српскиот Патријарх Порфириј и македонскиот Архиепископ Стефан кои донесоа правилни одлуки, со што овозможија сплотување на верниците на двата народа во една Света Апостолска Црква. Исто така, ја поздравуваме одлуката на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за иницијативата што ја овозможи и за дваесеттина дена административно ќе ја заокружи автокефалноста во Истанбул со врачување на Акт за признавање на канонство на Македонската православна црква, се вели во честитката.

The post Честитка од Советот на амбасадори по повод одлуката на СПЦ за прифаќање на автокефалноста на МПЦ-ОА appeared first on Република.