Совет ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-eu/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Mar 2023 19:20:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Совет ЕУ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sovet-eu/ 32 32 Советот на ЕУ за шест месеци ги продолжи санкциите против лица и ентитети поврзани со војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-za-shest-mesetsi-gi-prodolzhi-sanktsiite-protiv-litsa-i-entiteti-povrzani-so-vojnata-vo-ukraina/ Mon, 13 Mar 2023 19:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=619295

Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина.

Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица и 205 субјекти. Санкциите за физички лица се состојат во забрана за патување во земјите на ЕУ, а другите мерки се замрзнување на имотот на територијата на ЕУ и забрана за давање пристап до средства и други економски ресурси на лица и субјекти од казнената листа, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

По 24 февруари 2022 година, кога почна руската инвазија врз Украина, ЕУ драстично ги прошири постојните санкции против Русија со цел значително да ја ослабне економската база на земјата, да ја лиши од пристапот до критичните технологии и пазари и значително да ја намали нејзината способност да ја води војната.

Советот на ЕУ оцени дека руската агресија против Украина претставува „флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации“ и дека предизвика „огромно страдање и уништување“ на Украина и нејзиниот народ.

„Русија мора веднаш да ја прекине својата ужаснувачка војна“, се додава во соопштението на Советот на ЕУ.

The post Советот на ЕУ за шест месеци ги продолжи санкциите против лица и ентитети поврзани со војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската унија денеска за уште шест месеци ја продолжи важноста на санкциите што им беа наметнати на одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Со одлука на Советот времетраењето на санкциите се продолжува до 15 септември 2023 година, а со овие рестриктивни мерки се опфатени 1.473 лица и 205 субјекти. Санкциите за физички лица се состојат во забрана за патување во земјите на ЕУ, а другите мерки се замрзнување на имотот на територијата на ЕУ и забрана за давање пристап до средства и други економски ресурси на лица и субјекти од казнената листа, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. По 24 февруари 2022 година, кога почна руската инвазија врз Украина, ЕУ драстично ги прошири постојните санкции против Русија со цел значително да ја ослабне економската база на земјата, да ја лиши од пристапот до критичните технологии и пазари и значително да ја намали нејзината способност да ја води војната. Советот на ЕУ оцени дека руската агресија против Украина претставува „флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации“ и дека предизвика „огромно страдање и уништување“ на Украина и нејзиниот народ. „Русија мора веднаш да ја прекине својата ужаснувачка војна“, се додава во соопштението на Советот на ЕУ.

The post Советот на ЕУ за шест месеци ги продолжи санкциите против лица и ентитети поврзани со војната во Украина appeared first on Република.

]]>