Социјален центар Дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sotsijalen-tsentar-duna/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 09:11:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Социјален центар Дуња Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sotsijalen-tsentar-duna/ 32 32 Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsija-na-dokumentaren-film-i-diskusija-za-ekoloshkata-destruktsija-na-vojnite/ Mon, 22 Apr 2024 09:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=769200

Денес во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 19:30 часот а по повод Денот на планетата Земја ќе биде организирана проекција и дискусија на тема: еколошката деструкција на војните. Причината, за жал, е повеќе од јасна. Ужасите на војните се намножија во последните години: геноцидот во Газа, Украинската војна, војната во Судан, во Конго…

Природата е безгласната жртва на секоја војна. А сепак, голем дел од екологистите денес – молчат кога станува збор за војните. Како војната да не е ужас сам по себе! Како војната неизбежно да не предизвикува еколошка деструкција, страдање на целиот жив свет, а не само на луѓето! Па има прилично екологисти што се држат настрана од темата запирање на војните, како премногу политичка за нивниот префинет аполитичен вкус. Дури има и такви што активно учествуваат во разгорувањето на војните! Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, од Партијата на Зелените, со својот придонес за разгорување на Украинската војна, е најсрамниот пример!

 

Ќе биде прикажан документарецот „Отпечатокот на војните: природата на отстрел“ (2014) на Максимилијан Менх. Во него се прикажани низа последици од модерните војни што со години и децении по завршувањето на војните го загрозуваат нашиот екосистем и нас самите како дел од него. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.

The post Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните appeared first on Република.

]]>

Денес во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 19:30 часот а по повод Денот на планетата Земја ќе биде организирана проекција и дискусија на тема: еколошката деструкција на војните. Причината, за жал, е повеќе од јасна. Ужасите на војните се намножија во последните години: геноцидот во Газа, Украинската војна, војната во Судан, во Конго… Природата е безгласната жртва на секоја војна. А сепак, голем дел од екологистите денес – молчат кога станува збор за војните. Како војната да не е ужас сам по себе! Како војната неизбежно да не предизвикува еколошка деструкција, страдање на целиот жив свет, а не само на луѓето! Па има прилично екологисти што се држат настрана од темата запирање на војните, како премногу политичка за нивниот префинет аполитичен вкус. Дури има и такви што активно учествуваат во разгорувањето на војните! Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, од Партијата на Зелените, со својот придонес за разгорување на Украинската војна, е најсрамниот пример!   Ќе биде прикажан документарецот „Отпечатокот на војните: природата на отстрел“ (2014) на Максимилијан Менх. Во него се прикажани низа последици од модерните војни што со години и децении по завршувањето на војните го загрозуваат нашиот екосистем и нас самите како дел од него. Проекцијата ќе биде на англиски јазик.

The post Проекција на документарен филм и дискусија за еколошката деструкција на војните appeared first on Република.

]]>