состојбите во здравството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sostojbite-vo-zdravstvoto/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Apr 2022 13:15:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png состојбите во здравството Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sostojbite-vo-zdravstvoto/ 32 32 Стоилковски: Пандемијата ја покажа целосната политизација и корупција во здравството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-pandemijata-ja-pokaza-celosnata-politizacija-i-korupcija-vo-zdravstvoto/ Sun, 03 Apr 2022 13:18:01 +0000 https://republika.mk/?p=482601

Во текот на годината редовно сакале или не и она што не е баш пријатно за слушање излегуваат бројни афери поврзани со криминал и корупција и лукративност, а тоа и ќе биде една од темите на денешната трибина. Последиците од таа корупција и негрижата добија видливост во времето на пандемијата. Пандемијата ја покажа целосната политизација, корупција и едноставно немање на протоколи барем во првите година ипол или две од КОВИД-19, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде дека кога се говори за јавното здравство тоа опфаќа многу поголем спектар на учесници отколку само доктори, а тоа се сестри, болничари, лаборанти, медицински персонал, кои што исто така се дел и ја креираат сликата за здравството, а тие за жал се недоволно почитувани од страна на оваа влада.

И ќе дадам лична оценка за министерството за здравство во делот на јавно приватно партнерство наместо да се добијат поквалитетни услуги, самиот термин јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери. Кај нас се поврзува со стерилизација на хируршките инструменти, понатаму приватизација на Брза помош, исто така една лукративна идеја која што се појави во Владата водена од СДСМ и ДУИ, па дури стигна и до момент на набавка на медицински хеликоптери, а притоа еден проект како Клинички центар пет години се најавува односно на секои шест месеци, а нема ниту основен проект направено, појасни Стоилковски.

Стоилковски посочи дека приликите во соседството кажуваат дека нема потреба да се фрлаат толку пари како што во последната најава од министерството за здравство беше најавено, дури беше најавено десет пати повеќе средства за изградба на Клиничкиот центар.

Потребна е една реорганизација на јавното здравство, нагласи Стоилковски.

Од ЕК во извештајот кој што е за 2020-2021 година вели – Персоналот има потреба од специјализирана обука за користење на напредна здравствена опрема, пристапот до лекари специјалисти во јавниот здравствен систем останува проблематичен, рече Стоилковски.

Стоилковски укажа на сајтот на министерството за здравство може да се забележи дека коментар за извештај на ЕК е на оној од 2019 -2020 година, а на наредниот извештај на ЕК од 2020-2021 нема коментар на сајтот на МЗ.

„За извештајот на ЕК од 2020-2021 година нема реакција или оценка, свое видување, коментар на оценката од страна на министерството за здравство“, појасни Стоилковски.

Стоилковски додаде дека речиси две години немаше протоколи пропишани за борбата односно справување со КОВИД-19. Дури не само што државата немаше доволен број на вакцини, туку немаше ниту доволен број на тестови за детектирање на вирусот КОВИД-19.

Во извештајот на ЕК се вели дека Македонија е делумно усогласена со правото на ЕУ за заразни болести. И понатаму има во делот за вакцинацијата дека третиот бран на пандемијата го доведе капацитетот на здравствениот систем до неговите граници за зафатеност на болнички кревети до 90%, а вакцинацијата започна во февруари 2021 година. Според националниот план е предвидено 60% од населението да се вакцинира до крајот на 2021 година. До почетокот на октомври 2021 година целосно вакцинирани во Македонија биле само околу 35% од населението, истакна Стоилковски.

Стоилковски потсети дека покрај немањето на протоколи и немање на вакцини се поттикна недовербата кај граѓаните кон јавното здравство, но и кон вакцинацијата.

На оваа трибина се разгледа по неколку месеци извештајот на ЕК за јавното здравство во Македонија. Но се разгледаа и состојбите во јавното здравство. И се дојде до заклучок дека е потребна реорганизација во јавното здравство во Македонија за да може да одговори на предизвиците и тоа мора да биде проследено со една континуирана и специјализирана обука која што има застанато неколку години, посочи Стоилковски.

Стоилковски додаде дека јавното здравство е разорано од власта со криминал и корупција, лукративни моменти.

The post Стоилковски: Пандемијата ја покажа целосната политизација и корупција во здравството appeared first on Република.

]]>

Во текот на годината редовно сакале или не и она што не е баш пријатно за слушање излегуваат бројни афери поврзани со криминал и корупција и лукративност, а тоа и ќе биде една од темите на денешната трибина. Последиците од таа корупција и негрижата добија видливост во времето на пандемијата. Пандемијата ја покажа целосната политизација, корупција и едноставно немање на протоколи барем во првите година ипол или две од КОВИД-19, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски додаде дека кога се говори за јавното здравство тоа опфаќа многу поголем спектар на учесници отколку само доктори, а тоа се сестри, болничари, лаборанти, медицински персонал, кои што исто така се дел и ја креираат сликата за здравството, а тие за жал се недоволно почитувани од страна на оваа влада.
И ќе дадам лична оценка за министерството за здравство во делот на јавно приватно партнерство наместо да се добијат поквалитетни услуги, самиот термин јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери. Кај нас се поврзува со стерилизација на хируршките инструменти, понатаму приватизација на Брза помош, исто така една лукративна идеја која што се појави во Владата водена од СДСМ и ДУИ, па дури стигна и до момент на набавка на медицински хеликоптери, а притоа еден проект како Клинички центар пет години се најавува односно на секои шест месеци, а нема ниту основен проект направено, појасни Стоилковски.
Стоилковски посочи дека приликите во соседството кажуваат дека нема потреба да се фрлаат толку пари како што во последната најава од министерството за здравство беше најавено, дури беше најавено десет пати повеќе средства за изградба на Клиничкиот центар. Потребна е една реорганизација на јавното здравство, нагласи Стоилковски.
Од ЕК во извештајот кој што е за 2020-2021 година вели – Персоналот има потреба од специјализирана обука за користење на напредна здравствена опрема, пристапот до лекари специјалисти во јавниот здравствен систем останува проблематичен, рече Стоилковски.
Стоилковски укажа на сајтот на министерството за здравство може да се забележи дека коментар за извештај на ЕК е на оној од 2019 -2020 година, а на наредниот извештај на ЕК од 2020-2021 нема коментар на сајтот на МЗ. „За извештајот на ЕК од 2020-2021 година нема реакција или оценка, свое видување, коментар на оценката од страна на министерството за здравство“, појасни Стоилковски. Стоилковски додаде дека речиси две години немаше протоколи пропишани за борбата односно справување со КОВИД-19. Дури не само што државата немаше доволен број на вакцини, туку немаше ниту доволен број на тестови за детектирање на вирусот КОВИД-19.
Во извештајот на ЕК се вели дека Македонија е делумно усогласена со правото на ЕУ за заразни болести. И понатаму има во делот за вакцинацијата дека третиот бран на пандемијата го доведе капацитетот на здравствениот систем до неговите граници за зафатеност на болнички кревети до 90%, а вакцинацијата започна во февруари 2021 година. Според националниот план е предвидено 60% од населението да се вакцинира до крајот на 2021 година. До почетокот на октомври 2021 година целосно вакцинирани во Македонија биле само околу 35% од населението, истакна Стоилковски.
Стоилковски потсети дека покрај немањето на протоколи и немање на вакцини се поттикна недовербата кај граѓаните кон јавното здравство, но и кон вакцинацијата.
На оваа трибина се разгледа по неколку месеци извештајот на ЕК за јавното здравство во Македонија. Но се разгледаа и состојбите во јавното здравство. И се дојде до заклучок дека е потребна реорганизација во јавното здравство во Македонија за да може да одговори на предизвиците и тоа мора да биде проследено со една континуирана и специјализирана обука која што има застанато неколку години, посочи Стоилковски.
Стоилковски додаде дека јавното здравство е разорано од власта со криминал и корупција, лукративни моменти.  

The post Стоилковски: Пандемијата ја покажа целосната политизација и корупција во здравството appeared first on Република.

]]>
Последните 5 години ниту еден доктор или медицинска сестра не се испратени на обука во странство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poslednite-5-godini-nitu-eden-doktor-ili-medicinska-sestra-ne-se-ispraten-na-obuka-vo-stranstvo/ Sun, 03 Apr 2022 11:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=482587

Претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Игор Николов на денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ упати критики до власта за стопирањето на готовиот проект „Клинички центар – Мајка Тереза“ кој би бил од огромна важност, за да се оди на друг имагинарен проект „Веле Поле“ кој не е изводлив.

Едно е јасно. Изминативе 5 години се пропушти да се продолжи проектот „Клинички центар – Мајка Тереза кој што беше готов. Се застана и се прекина за еден друг проект кој што беше имагинарен, а тоа е проектот „Клинички центар – Веле поле“ кој по мене и по нас како здравствена комисија и политичка партија, проектот „Веле поле“ е неизводлива работа и може да се прогласи за мртов. Втора работа. Петте години кои поминаа покажаа дека доколку имавме зграда и имавме Клинички центар – Мајка Тереза поедноставно ќе се спротиставевме на пандемијата која што не нападна последните три години. Немаше да имаме толку жртви колку што имавме и системот подобро ќе одговореше на сите предизвици коишто произлегоа, истакна Николов.

Освен ова тој додаде дека голем пропуст е и тоа што во изминативе 5 години комплетно беа укинати обуките и едукациите на луѓето кои што се испраќаа во странство.

Во овој изминат период се прекинаа обуките и едукациите на луѓето кои што се испраќаа во странство. Последните 5 години ниту еден доктор, лекар или медицинска сестра не беше испратен на обука. Опозицијата во континуитет апелираше и бараше да се поканат странски експерти да дојдат и да ни помогнат во справувањето со КОВИД-19 пандемијата, но сето тоа беше ставено на игнор. Понатаму, цело време сугериравме мерки кои требаше да бидат преземени, проактивно учествувавме со давање сугестии како тоа да се менаџира и регулира, но не беше спроведено, рече Николов.

Според Николов ваквите пропусти кои беа направени во изминатите години го доведоа здравството здравството во ситуација да нема доволен број на обучен кадар и да нема континуитет во зајакнувањето на здравствениот систем.

Резултатите на ова што го живееме денеска е недоволен број на обучен кадар заради тоа што немаше континуитет во обуката, немавме континуитет во зајакнување на здравствениот систем, а тоа е градбата на клинички центар. Е сега, овие два континуитета се прекинаа од 2017 година и заради тоа очекувано одговорот и коментарите од Европската комисија се такви какви што се. Пристапноста и достапноста на здравствените услуги за општата популација паднаа, се намалија и од таму доаѓа тој коментар, подвлече Николов.

Тој исто додаде дека во менаџирањето на пандемијата здравствените власти не успаа да го исконтролираат ниту начинот на работење на приватните здравствени болници за каде имаше граѓани кои мораа унапред да платат огромни суми на пари за да добијат здравствена нега.

Сами бевме сите сведоци дека во период на КОВИД-19 имаше пациенти кои што мораше унапред да платат 12 илјади евра за да добијат здравствена нега во приватна здравствена институција, а тоа во период на прогласена здравствена криза и пандемија мораше да се спречи, да се корегира и да се контролира, потенцираше Николов.

За разлика од Македонија земјите од соседството поефикасно се справуваа со оваа проблематика со тоа што во време на здравствена криза приватните болници беа обврзани дел од своите капацитети да ги стават на располагање на јавното здравство.

Во соседството приватните болници беа обврзани секој четврти ковид пациент, зборувам за пандемијата, да им биде на сметка на другите дијагнози кои што ги третираат. Со самото тоа, во состојба на здравствена криза, една четвртина од капацитетите беа ставени во служба на јавното здравство, а тоа кај нас не се успеа да се направи. Се направи некаков обид, се понудија некакви капацитети, но јавното здравство не најде сила да ги искористи тие капацитети, рече Николов.

Тој како огромен пропуст го посочи и недостатокот на унифицирани протоколи за лекување на пациентите заразени со КОВИД-19.

„Сведоци сме дека до скоро ги немавме ни протоколите за третман на пациенти со ковид. Македонија беше единствена земја каде што државна тајна беа протоколите. Една институција лекуваше на еден начин, друга институција на друг начин и тоа е причината за тоа што не снајде ова што не снајде, додаде Николов.

The post Последните 5 години ниту еден доктор или медицинска сестра не се испратени на обука во странство appeared first on Република.

Д-р Костов: Протоколи за лекување донесоа дури две години по почетокот на пандемијата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-kostov-protokoli-za-lekuvanje-donesoa-duri-dve-godini-po-pochetokot-na-pandemijata/ Sun, 03 Apr 2022 11:34:49 +0000 https://republika.mk/?p=482583

Оваа пандемија отвори многу јавно здравствени аспекти, а битно е да се знае дека на самиот почеток и Светската здравствена организација прилично тешко почна да се справува, стана недоследна на почетокот, а потоа конфузна бидејќи испраќаше различни и двосмислени насоки и соопштенија, за да брзо после тоа одлучи да го трансферира целиот менаџмент на пандемијата на локалните здравствени системи, односно секоја држава да си се справува како таа мисли понатаму. Е, сега кај нас тоа е во ситуација на отсуство на тој еден магичен менаџмент, се доведовме во една голема конфузно, неадекватно известување и транспарентност од страна од на институциите на здравствениот систем кон населението. И ова е една од причините за жал за една трагедија која што не снајде и оваа енормна висока стапка на смртност. Кај нас на пример немаше протоколи за лекување тоа што го зборуваме, речиси по две години тие се донесоа сега скоро. И ако претходно Комисијата за заразни болести во чија надлежност се носење на овие протоколи често пати носеше политички одлуки бидејќи тие мораа да бидат и потврдени од самата влада, истакна доктор Миленко Костов на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Доктор Костов потсети на дадената дозвола за одржување на свадбени веселби на затворено токму во моментите кога Делта сојот беше актуелен.

На сметка на неажурноста или на евентуално поради некој друг мотив имавме ненавремена уплата за вакцини и со тоа го изгубивме нашиот ред за нарачка. И потоа моравме да чекаме да ни достават дали ќе биде тоа од Србија, или како случај со Бугарија да добиеме голем број на вакцини на кои што рокот им беше при крај, рече доктор Костов.

Доктор Костов додаде дека во светот многу се вложуваше во обуки на персоналот, а кај нас ниту се имаше доволно заштитна опрема, ниту се обучуваше здравствениот персонал.

Немавме ниту доволно простор и логистика за сместување на болните пациенти. Модуларните болници помпезно беа поставувани, а испадна дека имаат несоодветна канализација, немаат ниту греење, сега не би сакал да се навратам на трагедијата од 8-ми септември со модуларната болница во Тетово, појасни доктор Костов.

Доктор Костов посочи дека македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци. Да не беше максималното и несебично залагање на сите здравствени работници ќе имаше уште поголема смртност.

Пи-арот односно начинот на кој што се обидуваше здравствената власт да пристапи до населението беше очигледно неадекватен. Сметам дека сите сме и попаметни и поискусни и дека протоколите се жива материја кои што цело време треба да се адаптираат во зависност од ситуациите кои што ги носи секоја варијанта на вирусот. Мислам дека иако вирусот во наредните варијанти последни кои доаѓаат се во поблага варијанта, но сепак во фаза на лекување на КОВИД-19 сепак последиците кои што ги остава можат да бидат драматични. Така да во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат проблем со белите дробови, бубрези, бидејќи вирусот е хематоген и допира до секоја една клетка, до секоја една клетка во организмот, појасни доктор Костов.

Доктор Костов укажа дека во наредната фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација, и на болните кои што веќе го прележале КОВИД-19.

„Во Комисијата за заразни болести седат лекари, и на нивна совест останува каква одлука ќе донесат, дали таа ќе биде политички мотивирана или пак ќе биде медицински мотивирана“, порача доктор Костов.

The post Д-р Костов: Протоколи за лекување донесоа дури две години по почетокот на пандемијата appeared first on Република.

]]>

Оваа пандемија отвори многу јавно здравствени аспекти, а битно е да се знае дека на самиот почеток и Светската здравствена организација прилично тешко почна да се справува, стана недоследна на почетокот, а потоа конфузна бидејќи испраќаше различни и двосмислени насоки и соопштенија, за да брзо после тоа одлучи да го трансферира целиот менаџмент на пандемијата на локалните здравствени системи, односно секоја држава да си се справува како таа мисли понатаму. Е, сега кај нас тоа е во ситуација на отсуство на тој еден магичен менаџмент, се доведовме во една голема конфузно, неадекватно известување и транспарентност од страна од на институциите на здравствениот систем кон населението. И ова е една од причините за жал за една трагедија која што не снајде и оваа енормна висока стапка на смртност. Кај нас на пример немаше протоколи за лекување тоа што го зборуваме, речиси по две години тие се донесоа сега скоро. И ако претходно Комисијата за заразни болести во чија надлежност се носење на овие протоколи често пати носеше политички одлуки бидејќи тие мораа да бидат и потврдени од самата влада, истакна доктор Миленко Костов на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ. Доктор Костов потсети на дадената дозвола за одржување на свадбени веселби на затворено токму во моментите кога Делта сојот беше актуелен.
На сметка на неажурноста или на евентуално поради некој друг мотив имавме ненавремена уплата за вакцини и со тоа го изгубивме нашиот ред за нарачка. И потоа моравме да чекаме да ни достават дали ќе биде тоа од Србија, или како случај со Бугарија да добиеме голем број на вакцини на кои што рокот им беше при крај, рече доктор Костов.
Доктор Костов додаде дека во светот многу се вложуваше во обуки на персоналот, а кај нас ниту се имаше доволно заштитна опрема, ниту се обучуваше здравствениот персонал.
Немавме ниту доволно простор и логистика за сместување на болните пациенти. Модуларните болници помпезно беа поставувани, а испадна дека имаат несоодветна канализација, немаат ниту греење, сега не би сакал да се навратам на трагедијата од 8-ми септември со модуларната болница во Тетово, појасни доктор Костов.
Доктор Костов посочи дека македонското здравство во текот на пандемијата се доведе во една ситуација да зависи од моментална инспирација на поединци. Да не беше максималното и несебично залагање на сите здравствени работници ќе имаше уште поголема смртност.
Пи-арот односно начинот на кој што се обидуваше здравствената власт да пристапи до населението беше очигледно неадекватен. Сметам дека сите сме и попаметни и поискусни и дека протоколите се жива материја кои што цело време треба да се адаптираат во зависност од ситуациите кои што ги носи секоја варијанта на вирусот. Мислам дека иако вирусот во наредните варијанти последни кои доаѓаат се во поблага варијанта, но сепак во фаза на лекување на КОВИД-19 сепак последиците кои што ги остава можат да бидат драматични. Така да во оваа фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација на пациентите кои што се пост КОВИД, дали тоа се срцеви тегоби, проблеми со периферниот нервен систем, дали имаат проблем со белите дробови, бубрези, бидејќи вирусот е хематоген и допира до секоја една клетка, до секоја една клетка во организмот, појасни доктор Костов.
Доктор Костов укажа дека во наредната фаза треба доста внимание да се обрне на рехабилитација, и на болните кои што веќе го прележале КОВИД-19.
„Во Комисијата за заразни болести седат лекари, и на нивна совест останува каква одлука ќе донесат, дали таа ќе биде политички мотивирана или пак ќе биде медицински мотивирана“, порача доктор Костов.
 
The post Д-р Костов: Протоколи за лекување донесоа дури две години по почетокот на пандемијата appeared first on Република.

]]>
Д-р Симеонов: Потребен е нов клинички центар на соодветна локација со соодветна инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-simeonov-potreben-e-nov-klinichki-centar-na-soodvetna-lokacija-so-soodvetna-infrastruktura/ Sun, 03 Apr 2022 10:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=482577

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Ристо Симеонов кој што ја истакна потребата од нов клинички центар на соодветна локација, со соодветна инфраструктура, достапен за пациентите и финансиски оправдан во интерес на буџетот на државата.

Се согласувам дека има потреба од нов клинички центар, меѓутоа тој да биде на соодветна локација, со соодветна инфраструктура достапен за пациентите за медицинскиот персонал, достапен за амбулантните возила, пред се финансиски оправдан, во интерес на пациентите и во интерес на буџетот на државата. Лично мислење мое е дека соодветно место за нов клинички центар е просторот кај сегашната 8 ми Септември болница каде што веќе има постоечка инфраструктура, болничка инфраструктура, каде што постои пет центар кој што може да се надополни со онколошки центар и нуклеарна медицина, просторот кај поранешната кардиохирургија кај Филип Втори може да биде современ ургентен хируршки центар со операциони сали, ќе ги има сите клиники што ги има сегашниот клинички центар, на местото на сегашниот клинички центар во ред е да останат одредени клиники, институти, медицинскиот факултет, студентите заслужуваат современ студентски кампус каде што е сега клиничкиот центар, модерен тренинг центар за студенти и специјализанти и сето тоа може финансиски да биде оправдано со многу и помалку средства од предвидените 500 милиони евра за клинички центар за кои што нема основни податоци ниту инфраструктура само за пример клиничкиот центар во Белград во вредност од 260 милиони евра за популација на градот од 1,4 милиони односно 7 милиони на држава Србија - нагласи Симеонов.

Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање ги истакна и проблемите во здравството со кои се соочува Македонија како и лошото менаџирање на здравствениот систем и лошата организација од страна на здравствените власти.

Проблемот во здравството е организацијата, менаџирање со здравствениот систем, едукација и стварање на квалитетен кадар. Во зависност од потребите на здравствениот систем треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток, затоа има недостаток на гинеколози, педијатри анестезиолози, во болници низ Македонија и не треба да се централизира сите доктори специјалисти да работат во Скопје, треба да се направи прераспределба на кадар онаму каде што има недостаток - заклучи Симеонов.

Д-р Ристо Симеонов при своето обраќање истакна дека во јавното здравство има исто така квалитетни доктори како и во приватното меѓутоа проблемот е организацијата, менаџирањето, едукацијата и системот на награди.

Јас сум доктор во приватно здравство, меѓутоа свесно тврдам дека квалитетни доктори има и во јавното здравство. Во јавното здравство проблемот е организација на системот менаџирање едукација и награда. Тие доктори во јавно здравство кои што двојат од останатите треба да им се најде модул како да бидат наградени. Еден од начините е да му се даде право на пациентот на здравствен систем меѓутоа сето тоа регулирано преку фондот за здравствено осигурување. Тоа е конкурентност, која ќе роди со квалитет. Системот на награда треба да се одбере соодветен модел без притоа да се наштети на некој а да се награди другиот. Постојат такви модели на пример во Словенија конкретно за хирургија, наградата е според бројот на поминати часови во операциона сала - нагласи Симеонов.

The post Д-р Симеонов: Потребен е нов клинички центар на соодветна локација со соодветна инфраструктура appeared first on Република.

Срцева: Ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/srceva-kovidot-gi-donese-na-povrshina-site-nedostatoci-i-nefunkcionalnost-na-zdravstveniot-sistem/ Sun, 03 Apr 2022 10:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=482573

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Марија Јовановски Срцева која што истакна дека ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем, а медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.

Ковидот не научи колку не функционира здравствениот систем. Не функционираат основните работи кои што се поставени во здравствениот систем, инфраструктурните објекти, недостаток на лекови, недостаток на лекари никогаш не смееме да ги заборавиме а некако го подзаборавивме медицинскиот персонал, медицинските сестри и помошниот персонал. За жал во Македонија она што се случува е фактот дека средниот медицински персонал, односно медицинските сестри и акушерки во Македонија не постои закон, тие немаат конкретна дејност, а тие го носеа најголемиот товар кој што го донесе ковидот, и исто така го носат големиот товар во целиот здравствен систем. Тоа се луѓе кои што имаат адекватна обука меѓутоа никаде во законот, во ниту еден закон не се носители на дејност ниту се носители на здравствена нега. Она што со години наназад се ветува и некаде мислам дека во 2019 министерството за здравство проба да ги изедначи нашите легислативи со ЕУ легислативи посебно во однос на медицинскиот персонал, меѓутоа од тогаш наваму не е направено ништо - нагласи Срцева.

Срцева истакна и дека медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.

Кога зборуваме за покачување на плата зборуваме некако по дифолт за покачување на плата на здравствени работници пред се мислејќи на лекари, ја подзабораваме оваа категорија а не смееме да заборавиме дека секаде во светот на глобално ниво околу 27 милиони луѓе се сестри или акушерки кои што практично го носат товарот на 50 проценти од целиот медицински персонал и во Македонија е сигурно така, но немаме точна статистика. Покрај лекарите најголемиот товар е на сестрите и на некој начин токму на нив треба да им се даде дополнителен мотив, едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред - истакна Срцева.

Во однос на Јавното и приватното здравство Срцева истакна дека според најновите истражување од СЗО сите инвестиции и во инфрастуктурата и во едукацијата на кадар инвестициите се враќаат назад за отприлика 7 години.

Мислам дека пред два до три дена светската здравствена организација заедно со центарот за амерички заболувања истражиле дека инвестирањето и во јавното и во било кое здравство со самото инвестирање за извесен број на години отприлика за 7 години е нивната пресметка дека се враќа на економската стапка на самата држава. Значи колку побргу инвестираме не само во инфраструктура во едукација во начин на наградување сето тоа има улога во економскиот развој на самата држава. И тоа е нешто што е издадено пред 3 дена од Светската здравствена организација како извештај.

Д-р Марија Јовановски Срцева додаде и дека Европскиот извештај за 2021 главно е негативен, токму поради корупцијата во здравството а пред се во јавно приватното партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, и на сето она што требаше на некој начин да се приватизира од оваа влада.

Европскиот извештај за 2021 во главно е негативен. Меѓутоа е така дискретно направен негативен во сите полиња доминира корупцијата, посебно во здравството доминира корупцијата но е дискретно направен поради тоа што короната е посреди. Не се заборавени да се напоменат сите оние недостатоци кои што ги имаме во јавното здравство и посебно во однос на ова јавно приватно партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, на сето она што требаше на некој начин се приватизира од оваа влада - заклучи Срцева.

The post Срцева: Ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем appeared first on Република.

]]>

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Марија Јовановски Срцева која што истакна дека ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем, а медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.
Ковидот не научи колку не функционира здравствениот систем. Не функционираат основните работи кои што се поставени во здравствениот систем, инфраструктурните објекти, недостаток на лекови, недостаток на лекари никогаш не смееме да ги заборавиме а некако го подзаборавивме медицинскиот персонал, медицинските сестри и помошниот персонал. За жал во Македонија она што се случува е фактот дека средниот медицински персонал, односно медицинските сестри и акушерки во Македонија не постои закон, тие немаат конкретна дејност, а тие го носеа најголемиот товар кој што го донесе ковидот, и исто така го носат големиот товар во целиот здравствен систем. Тоа се луѓе кои што имаат адекватна обука меѓутоа никаде во законот, во ниту еден закон не се носители на дејност ниту се носители на здравствена нега. Она што со години наназад се ветува и некаде мислам дека во 2019 министерството за здравство проба да ги изедначи нашите легислативи со ЕУ легислативи посебно во однос на медицинскиот персонал, меѓутоа од тогаш наваму не е направено ништо - нагласи Срцева.
Срцева истакна и дека медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.
Кога зборуваме за покачување на плата зборуваме некако по дифолт за покачување на плата на здравствени работници пред се мислејќи на лекари, ја подзабораваме оваа категорија а не смееме да заборавиме дека секаде во светот на глобално ниво околу 27 милиони луѓе се сестри или акушерки кои што практично го носат товарот на 50 проценти од целиот медицински персонал и во Македонија е сигурно така, но немаме точна статистика. Покрај лекарите најголемиот товар е на сестрите и на некој начин токму на нив треба да им се даде дополнителен мотив, едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред - истакна Срцева.
Во однос на Јавното и приватното здравство Срцева истакна дека според најновите истражување од СЗО сите инвестиции и во инфрастуктурата и во едукацијата на кадар инвестициите се враќаат назад за отприлика 7 години. Мислам дека пред два до три дена светската здравствена организација заедно со центарот за амерички заболувања истражиле дека инвестирањето и во јавното и во било кое здравство со самото инвестирање за извесен број на години отприлика за 7 години е нивната пресметка дека се враќа на економската стапка на самата држава. Значи колку побргу инвестираме не само во инфраструктура во едукација во начин на наградување сето тоа има улога во економскиот развој на самата држава. И тоа е нешто што е издадено пред 3 дена од Светската здравствена организација како извештај. Д-р Марија Јовановски Срцева додаде и дека Европскиот извештај за 2021 главно е негативен, токму поради корупцијата во здравството а пред се во јавно приватното партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, и на сето она што требаше на некој начин да се приватизира од оваа влада.