состанок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sostanok/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 13:34:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png состанок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sostanok/ 32 32 Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-deneska-zavrshen-sostanok-na-bankite-za-parite-od-ungarskiot-zaem/ Fri, 22 Nov 2024 12:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=840828

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата.

Во однос на каматната стапка, секоја од нив имаше свои предлози. Ги замолив денеска да се договорат и дадат конечен предлог што ќе биде понизок од 3,25 проценти, изјави Кочоска, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think.

Прашана колку точно ќе платат компаниите кон банките, Кочоска, повтори дека тоа ќе го кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата.

Да оставиме денеска да се договорат, затоа што ви кажувам имаше банки кои што предлагаа одреден ранг. Јас сега што и да кажам е несериозно, изјави Кочоска.

Секоја компанија, посочи Кочоска, ќе може да отиде кај банка каде што сака и ако и биде одобрено, Развојната банка потоа ќе трансферира пари до таа одредена банка.

Кочоска, исто така, нагласи дека немале проблем со банките, односно дека проблем бил начинот на кој ќе се дефинира рокот и ништо повеќе од тоа.

The post Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем дел од банките кажале дека нема проблем за давање до три години грејс период и до 15 години отплата.
Во однос на каматната стапка, секоја од нив имаше свои предлози. Ги замолив денеска да се договорат и дадат конечен предлог што ќе биде понизок од 3,25 проценти, изјави Кочоска, изјави Димитриеска Кочоска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на настанот „Фискалната политика на крстопат: Патот кон стабилност и одржливи јавни финансии“, во организација на Фискалниот Совет на Република Македонија и Finance Think.
Прашана колку точно ќе платат компаниите кон банките, Кочоска, повтори дека тоа ќе го кажат банките кога конечно ќе ги пласираат средствата.
Да оставиме денеска да се договорат, затоа што ви кажувам имаше банки кои што предлагаа одреден ранг. Јас сега што и да кажам е несериозно, изјави Кочоска.
Секоја компанија, посочи Кочоска, ќе може да отиде кај банка каде што сака и ако и биде одобрено, Развојната банка потоа ќе трансферира пари до таа одредена банка. Кочоска, исто така, нагласи дека немале проблем со банките, односно дека проблем бил начинот на кој ќе се дефинира рокот и ништо повеќе од тоа.

The post Димитриеска-Кочоска: Денеска завршен состанок на банките за парите од унгарскиот заем appeared first on Република.

]]>
Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-mon-sredba-so-delegatsija-od-sovetot-na-evropa-za-izvrshuvane-na-presudite-na-evropskiot-sud-za-chovekovi-prava/ Fri, 22 Nov 2024 12:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=840799

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП.

На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта.

Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.

 

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука беше домаќин на делегација на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) при надлежниот Генерален директорат на Советот на Европа. Делегацијата која претставува правен секретаријат на Комитетот на министри на Советот на Европа, има клучна улога во надзорот над извршувањето на пресудите на ЕСЧП. На средбата беше отворен конструктивен дијалог за активностите кои Македонија ги презема во насока на подобрување на инклузивноста на образовниот систем. Се дискутираше за предложените измени на Законот за основното образование и дополнителни активности предвидени во планот за спречување и превенирање на дискриминација и физичко одделување, со посебен акцент на заштитата на децата Роми во основните училишта. Оваа средба претставува значаен чекор во процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските кои произлегуваат од пресудите на ЕСЧП, со цел унапредување на еднаквоста и инклузијата во образованието.  

The post Во МОН средба со делегација од Советот на Европа за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-kako-vlada-so-site-kompanii-so-koi-sorabotuvame-sakame-da-vidime-opshtestvena-odgovornost/ Sat, 16 Nov 2024 12:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=838500

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека не е сигурен дали утре ќе ги убеди банките да субвенционираат дел од трошоците за кредити за фирмите кои ќе дојдат од унгарскиот кредит.

- Знам, сигурно, дека корисниците ќе ги имаат оние услови за кои не зборувавме, но морам да напоменам дека и во минатото, во овие 3 децении, државата секогаш субвенционирала ваков тип на кредити и огромна сума на средствата завршиле во банките по камата или што позајмувате - вели премиерот

Премиерот очекува утре на средбата со банките да има отворена дискусија за состојбите, но не е сигурен дали средбата ќе вроди со плод и дали ќе успее да ги убеди банкарите да субвенционираат дел од трошоците за кредитите што ќе им бидат распределени на компаниите од Унгарија.

- Очекувам да се видиме, отворено да разговараме и очекувам до крајот на утрешниот ден да ја завршам целата работа и од наредната недела да започнеме со подготовките за реализација на кредитот. Зошто добивам повици на дневна основа од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисници на оваа линија за да можат да ги подобрат инвестициските перформанси на вашата компанија - изјави денеска премиерот Мицкоски.

Засега е познато дека само една банка покажала подготвеност да субвенционира дел од трошоците, додека другите се помалку расположени.

Премиерот денеска ги повика банките да покажат, како што вели, општествена одговорност во ситуација на глобални предизвици.

- Како Влада ќе се дадеме и цениме дека во овие предизвикувачки услови во светот ова е најмалку што можеме заедно со банките... Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност. Нормално е некој да користи средства од граѓаните за да им врати нешто на граѓаните, тоа не е нешто ненормално. Ако некој ја банализира таа општествена одговорност, се грижам дека сум тргнал на погрешна траекторија - вели Мицкоски.

Ако нема договор со банките ќе се прилагоди во зависност од тоа каков ќе биде договорот утре.

-Но сигурно ќе биде најмалку два пати помалку отколку ако излеговме на отворен пазар и преку еврообврзници да молиме пари, зошто да не вратиме една таква Еврообврзница на 25 јануари, зошто на таа истекува седумгодишна еврообврзница од половина милијарда злоти во 2018. Не можеме да добиеме ниту еврообврзница, ниту заем додека излегуваме на отворен пазар со камата од 6 до 6,5 отсто - дополни Мицкоски.

За потсетување договорот за заем од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со рок на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие пари ќе влезат како средства во буџетот, од кои 250 милиони евра ќе се насочат кон Банката за развој, а таа преку деловните банки треба да ги пласира во приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти. главно за финансирање на општински проекти.

The post Мицкоски: Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека не е сигурен дали утре ќе ги убеди банките да субвенционираат дел од трошоците за кредити за фирмите кои ќе дојдат од унгарскиот кредит. - Знам, сигурно, дека корисниците ќе ги имаат оние услови за кои не зборувавме, но морам да напоменам дека и во минатото, во овие 3 децении, државата секогаш субвенционирала ваков тип на кредити и огромна сума на средствата завршиле во банките по камата или што позајмувате - вели премиерот Премиерот очекува утре на средбата со банките да има отворена дискусија за состојбите, но не е сигурен дали средбата ќе вроди со плод и дали ќе успее да ги убеди банкарите да субвенционираат дел од трошоците за кредитите што ќе им бидат распределени на компаниите од Унгарија. - Очекувам да се видиме, отворено да разговараме и очекувам до крајот на утрешниот ден да ја завршам целата работа и од наредната недела да започнеме со подготовките за реализација на кредитот. Зошто добивам повици на дневна основа од заинтересирани економски оператори кои сакаат да бидат корисници на оваа линија за да можат да ги подобрат инвестициските перформанси на вашата компанија - изјави денеска премиерот Мицкоски. Засега е познато дека само една банка покажала подготвеност да субвенционира дел од трошоците, додека другите се помалку расположени. Премиерот денеска ги повика банките да покажат, како што вели, општествена одговорност во ситуација на глобални предизвици. - Како Влада ќе се дадеме и цениме дека во овие предизвикувачки услови во светот ова е најмалку што можеме заедно со банките... Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност. Нормално е некој да користи средства од граѓаните за да им врати нешто на граѓаните, тоа не е нешто ненормално. Ако некој ја банализира таа општествена одговорност, се грижам дека сум тргнал на погрешна траекторија - вели Мицкоски. Ако нема договор со банките ќе се прилагоди во зависност од тоа каков ќе биде договорот утре. -Но сигурно ќе биде најмалку два пати помалку отколку ако излеговме на отворен пазар и преку еврообврзници да молиме пари, зошто да не вратиме една таква Еврообврзница на 25 јануари, зошто на таа истекува седумгодишна еврообврзница од половина милијарда злоти во 2018. Не можеме да добиеме ниту еврообврзница, ниту заем додека излегуваме на отворен пазар со камата од 6 до 6,5 отсто - дополни Мицкоски. За потсетување договорот за заем од 500 милиони евра со каматна стапка од 3,25 отсто, со рок на отплата од 15 години, односно вклучен грејс период од три години. Тие пари ќе влезат како средства во буџетот, од кои 250 милиони евра ќе се насочат кон Банката за развој, а таа преку деловните банки треба да ги пласира во приватниот сектор за инвестиции, а останатите 250 милиони евра се наменети за инфраструктурни проекти. главно за финансирање на општински проекти.

The post Мицкоски: Како влада, со сите компании со кои соработуваме, сакаме да видиме општествена одговорност appeared first on Република.

]]>
Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-sostanok-za-podgotovka-na-novata-ramka-za-sorabotka-za-odrzhliv-razvoj-pomegu-on-i-makedonija/ Fri, 15 Nov 2024 09:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=837999

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Македонија.

Како што информираат од Владната прес-служба предвидено е премиерот Мицкоски да има обраќање на овој состанок.

 

The post Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Македонија. Како што информираат од Владната прес-служба предвидено е премиерот Мицкоски да има обраќање на овој состанок.  

The post Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија appeared first on Република.

]]>
Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petti-sostanok-na-politichki-direktori-na-uchesnitsite-na-psjie-vo-skopje/ Tue, 28 May 2024 14:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=782473

Во Министерството за надворешни работи, вчера, петти пат по ред, Политичките директори на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),одржаа состанок, во присуство на претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на Европската Унија.

Во фокусот на средбата беа подготовките за состанокот на Министрите за надворешни работи, што ќе се одржи во Скопје на 13 јуни, и во овој контекст, се работеше на предлог-текстот на Заедничката декларација, како финален акт на едногодишното Претседавање.

Исто така, се разгледаа и кандидатурите за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC), според Повикот кое го отвори нашето Претседавање, со цел да се избере нов Генерален секретар, на оваа автохтона и најстара регионална иницијатива.

The post Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи, вчера, петти пат по ред, Политичките директори на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),одржаа состанок, во присуство на претставници на Регионалниот совет за соработка (RCC) и на Европската Унија.

Во фокусот на средбата беа подготовките за состанокот на Министрите за надворешни работи, што ќе се одржи во Скопје на 13 јуни, и во овој контекст, се работеше на предлог-текстот на Заедничката декларација, како финален акт на едногодишното Претседавање.

Исто така, се разгледаа и кандидатурите за избор на генерален секретар на Советот за регионална соработка (RCC), според Повикот кое го отвори нашето Претседавање, со цел да се избере нов Генерален секретар, на оваа автохтона и најстара регионална иницијатива.

The post Петти состанок на Политички директори на учесниците на ПСЈИЕ во Скопје appeared first on Република.

]]>
Научнo истражување на кој состанок е најдобро првпат да се има секс со новиот партнер https://arhiva3.republika.mk/intima/nauchno-istrazhuvane-na-koj-sostanok-e-najdobro-prvpat-da-se-ima-seks-so-noviot-partner/ Sat, 06 Apr 2024 18:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=763200

Секој си има свои преференции кога е вистинско време за секс со нов партнер, па некои не чекаат ниту втор состанок , додека други се воздржуваат до брак за да бидат интимни со партнерот. Меѓутоа, едно истражување покажа дека најдобри врски се оние во кои сексот се случил на петтиот состанок, пишува „Телеграф.рс“.

„Меч.ком“ направи истражување со повеќе од 5.500 самци во Америка за нивните навики поврзани со љубовните состаноци, вклучувајќи го и прашањето после која средба решиле да имаат секс, а волшебниот број е пет. Според истражувањето на „Самци во Америка“, 35 отсто од луѓето изјавиле дека биле најсреќни во врските во кои имале секс на петтиот состанок.

Според тоа, ако сакате да завршите во среќна врска со некој со кој моментално излегувате, заборавете на сексот барем до петтиот состанок. Ако вашата цел е да имате секс само за една вечер, тогаш бројот на состаноци не е важен. Она што можеби изненадува е фактот дека 25 проценти од мажите и жените рекле дека кај нив сексот за една вечер подоцна прераснал во врска.

До петтиот состанок веќе би требало да има јасна слика за потенцијалниот партнер

Зошто петтиот состанок е дефиниран како вистинскиот кога треба да се размислува за секс со потенцијалниот партнер? Научниците велат дека до петтиот состанок може барем делумно да се запознае личноста, односно дотогаш треба да се знае дали е пристојна, смешна, допадлива, весела или мрачна, филозофски наклонета, непријатна, вредна, безобразна и слично.

Повеќето луѓе до петтиот состанок веќе имаат јасна слика дали партнерот е тоа што го бараат, дали е забавен, интересен, дали имаат исти цели во животот, дали се компатибилни итн., пишува „Сексперт“.

Доколку сè уште не можете да одговорите на некои основни прашања за вашиот избраник до петтиот состанок, запрашајте се дали крие нешто од вас или е многу затворена личност и дали можете да бидете во врска со некој таков.

Ако ситуацијата до петтиот состанок е добра, тогаш сексот е последниот тест за вашиот потенцијален партнер. Секако, доколку не сте спремни за секс, на вас останува да одлучите кога и дали воопшто ќе имате сексуален однос.

The post Научнo истражување на кој состанок е најдобро првпат да се има секс со новиот партнер appeared first on Република.

]]>

Секој си има свои преференции кога е вистинско време за секс со нов партнер, па некои не чекаат ниту втор состанок , додека други се воздржуваат до брак за да бидат интимни со партнерот. Меѓутоа, едно истражување покажа дека најдобри врски се оние во кои сексот се случил на петтиот состанок, пишува „Телеграф.рс“. „Меч.ком“ направи истражување со повеќе од 5.500 самци во Америка за нивните навики поврзани со љубовните состаноци, вклучувајќи го и прашањето после која средба решиле да имаат секс, а волшебниот број е пет. Според истражувањето на „Самци во Америка“, 35 отсто од луѓето изјавиле дека биле најсреќни во врските во кои имале секс на петтиот состанок. Според тоа, ако сакате да завршите во среќна врска со некој со кој моментално излегувате, заборавете на сексот барем до петтиот состанок. Ако вашата цел е да имате секс само за една вечер, тогаш бројот на состаноци не е важен. Она што можеби изненадува е фактот дека 25 проценти од мажите и жените рекле дека кај нив сексот за една вечер подоцна прераснал во врска.

До петтиот состанок веќе би требало да има јасна слика за потенцијалниот партнер

Зошто петтиот состанок е дефиниран како вистинскиот кога треба да се размислува за секс со потенцијалниот партнер? Научниците велат дека до петтиот состанок може барем делумно да се запознае личноста, односно дотогаш треба да се знае дали е пристојна, смешна, допадлива, весела или мрачна, филозофски наклонета, непријатна, вредна, безобразна и слично.
Повеќето луѓе до петтиот состанок веќе имаат јасна слика дали партнерот е тоа што го бараат, дали е забавен, интересен, дали имаат исти цели во животот, дали се компатибилни итн., пишува „Сексперт“.
Доколку сè уште не можете да одговорите на некои основни прашања за вашиот избраник до петтиот состанок, запрашајте се дали крие нешто од вас или е многу затворена личност и дали можете да бидете во врска со некој таков. Ако ситуацијата до петтиот состанок е добра, тогаш сексот е последниот тест за вашиот потенцијален партнер. Секако, доколку не сте спремни за секс, на вас останува да одлучите кога и дали воопшто ќе имате сексуален однос.

The post Научнo истражување на кој состанок е најдобро првпат да се има секс со новиот партнер appeared first on Република.

]]>
Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-sostanok-na-politichki-direktori-vo-ramkite-na-pretsedavaneto-so-psjie/ Fri, 08 Mar 2024 09:17:11 +0000 https://republika.mk/?p=752539

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Македонија со оваа иницијатива.

Република Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година.

The post Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот Состанок на политички директори на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), на кој беа присутни и претставници на Советот за регионална соработка (СРС) и на Европската Унија.

Македонија претседава со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот јули 2023 - јуни 2024 година, под мотото „Премостување поделби, градење доверба“.

На состанокот се разменија мислења за актуелните прашања од интерес за Регионот и нивното влијание врз регионалната соработка, Планот за раст за Западен Балкан на Европската Унија и влијанието на моменталната геополитичка ситуација на евроинтегративниот процес, за поддршката на европската интеграција и одржливиот развој преку соработка помеѓу учесниците во Процесот, како и за тековните активности на претседавањето на Македонија со оваа иницијатива.

Република Македонија е учесник во Процесот од самото негово формирање, а претседава по трет пат, по тие во 2000 – 2001 година и во  2012 – 2013 година.

The post Втор состанок на политички директори во рамките на претседавањето со ПСЈИЕ appeared first on Република.

]]>
Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-za-vecherva-svika-itna-sednitsa-na-drzhavniot-vrv-2/ Mon, 30 Oct 2023 17:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=696330

Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.

Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.

Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт - Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите.

The post Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател, Владимир Путин, за вечерва, во 19 часот, свика итен состанок на кој ќе присуствува целото државно раководство. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин во текот на денот ќе одржи состанок на кој ќе се разговара за обидот на Западот да ги искористи настаните на Блискиот Исток за да го подели руското општество.
Добро е познато и очигледно дека вчерашните настани околу аеродромот во Махачкала во голема мера се резултат на надворешно мешање, вклучувајќи и надворешно информативно влијание, рече Песков.
Поголема група луѓе вчера предизвикаа немири при слетувањето на авионот од Тел Авив, по што аеродромот остана привремено затворен, соопшти Руската Федерална агенција за воздушен транспорт - Росавијација. По инцидентот беа уапсени 60 учесници во немирите.

The post Путин за вечерва свика итна седница на државниот врв appeared first on Република.

]]>
Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vtor-sostanok-na-rabotnata-grupa-za-novi-merki-za-penzionerite/ Tue, 12 Sep 2023 10:34:03 +0000 https://republika.mk/?p=681213

Работната група за нови мерки за пензионерите денеска одржува втор состанок, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Според неа, се работи интензивно  и споделени се сите материјали и анализи на ресорното Министерство и останатите институции.

Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека очекува многу бргу да се подготват предлог мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, како и нова законска одредба или нов закон за минимална пензија до крај на годинава.

-Се даде една недела да се размислува за можни мерки со коишто би се подобрил животниот стандард на пензионерите како и размислувања за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување или пак носење на посебен закон за минималната пензија. Очекуваме многу бргу да ги имаме предлог мерките со коишто би го подобриле животниот стандард на пензионерите, да креираме социјални мерки. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ја имаме и законската одредба или пак нов закон зависно од дискусиите во рамки на работната група за минималната пензија, изјави Тренчевска, по конференцијата „Фемицид во Македонија и Западен Балкан - Меѓународни стандарду и пракса на судовите“.

Првиот состанок на работната група формирана со одлука на Владата за изработка на законот за минимална пензија се одржа минатата недела.  Одлуката за формирање на Работната група беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.

 

 

The post Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите appeared first on Република.

]]>

Работната група за нови мерки за пензионерите денеска одржува втор состанок, информира министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Според неа, се работи интензивно  и споделени се сите материјали и анализи на ресорното Министерство и останатите институции. Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека очекува многу бргу да се подготват предлог мерки за подобрување на животниот стандард на пензионерите, како и нова законска одредба или нов закон за минимална пензија до крај на годинава. -Се даде една недела да се размислува за можни мерки со коишто би се подобрил животниот стандард на пензионерите како и размислувања за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување или пак носење на посебен закон за минималната пензија. Очекуваме многу бргу да ги имаме предлог мерките со коишто би го подобриле животниот стандард на пензионерите, да креираме социјални мерки. Се надевам дека до крајот на оваа година ќе ја имаме и законската одредба или пак нов закон зависно од дискусиите во рамки на работната група за минималната пензија, изјави Тренчевска, по конференцијата „Фемицид во Македонија и Западен Балкан - Меѓународни стандарду и пракса на судовите“. Првиот состанок на работната група формирана со одлука на Владата за изработка на законот за минимална пензија се одржа минатата недела.  Одлуката за формирање на Работната група беше донесена минатиот месец по серијата протести на пензионерите низ земјава со кои побараа линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари од септември годинава, како и минималната пензија да изнесува 18.000 денари.
 
 

The post Втор состанок на работната група за нови мерки за пензионерите appeared first on Република.

]]>
Состанок на лидерите на земјите-членки на ЕУ утре и задутре во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sostanok-na-liderite-na-zemjite-chlenki-na-eu-utre-i-zadutre-vo-brisel/ Wed, 28 Jun 2023 08:38:53 +0000 https://republika.mk/?p=655941

Лидерите на земјите-членки на Европската унија утре и задутре ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за руската агресија врз Украина и континуираната поддршка за таа земја, економијата, миграцијата, безбедноста и одбраната и надворешните односи.

Пред почетокот на самитот, лидерите на земјите-членки ќе имаат работен ручек со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого ќе разговараат за прашањето за глобалната и европската безбедност.

Нашето силно единство е спротивно на неединството во Русија што го покажаа настаните од овој викенд - посочува претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во писмото со покана до лидерите на земјите-членки.

Ќе ја потврдиме нашата посветеност да ја поддржуваме Украина се додека е потребно, вклучително и преку постојана финансиска и воена помош“, рече Мишел.

На дневен ред е и дискусија за европската безбедност и одбрана. Во март минатата година на самитот во Версај, лидерите заклучија дека ЕУ треба да преземе поголема одговорност за својата безбедност и одбрана, а сега ќе разговараат што е досега направено во таа област и како да се забрза имплементацијата на она што беше договорено во Версај.

Во своите заклучоци, лидерите ќе укажат на потребата од зајакнување на технолошката и индустриската база на европскиот одбранбен сектор, особено во новото стратешко опкружување кое бара значителни долгорочни стратешки капацитети за одбрана.

Кога станува збор за економските теми, лидерите ќе разговараат за зајакнување на економската основа, конкурентноста, економската сигурност и отпорноста на економијата. Лидерите најверојатно ќе се повикаат на предлогот за ревизија на седумгодишниот буџет на ЕУ, во кој Комисијата бара дополнителни 66 милијарди евра до крајот на овој буџетски период во 2027 година.

Една од темите ќе биде како да се искористат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

Лидерите ќе разговараат и за подобро управување со миграцијата.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделникот испрати писмо до лидерите на земјите членки во кое презентираше преглед на она што е досега направено и што допрва треба да се направи за успешно управување со миграцијата. Таа нагласи дека ЕУ мора да има доволно финансиски ресурси за ефикасен систем за управување со миграцијата и азилот за да може да одговори на миграциските предизвици.

Минатата недела, во предлогот за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка за миграциска политика, Комисијата предложи дополнителни 15 милијарди евра до 2027 година. Оваа сума ќе биде наменета за поддршка на земјите-членки во управувањето со надворешните граници, за помош на трети земји и мигранти во тие земји.

Во своите заклучоци, лидерите ќе ги осудат неодамнешните насилни инциденти на северот на Косово и ќе повикаат на итна деескалација на ситуацијата.

Во однос на односите со Кина, кои исто така ќе бидат една од темите на самитот, Комисијата се залага за соработка со Пекинг, но и за намалување на ризикот од зависност на ЕУ од Кина.

The post Состанок на лидерите на земјите-членки на ЕУ утре и задутре во Брисел appeared first on Република.

]]>

Лидерите на земјите-членки на Европската унија утре и задутре ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за руската агресија врз Украина и континуираната поддршка за таа земја, економијата, миграцијата, безбедноста и одбраната и надворешните односи. Пред почетокот на самитот, лидерите на земјите-членки ќе имаат работен ручек со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со кого ќе разговараат за прашањето за глобалната и европската безбедност.
Нашето силно единство е спротивно на неединството во Русија што го покажаа настаните од овој викенд - посочува претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во писмото со покана до лидерите на земјите-членки.
Ќе ја потврдиме нашата посветеност да ја поддржуваме Украина се додека е потребно, вклучително и преку постојана финансиска и воена помош“, рече Мишел. На дневен ред е и дискусија за европската безбедност и одбрана. Во март минатата година на самитот во Версај, лидерите заклучија дека ЕУ треба да преземе поголема одговорност за својата безбедност и одбрана, а сега ќе разговараат што е досега направено во таа област и како да се забрза имплементацијата на она што беше договорено во Версај. Во своите заклучоци, лидерите ќе укажат на потребата од зајакнување на технолошката и индустриската база на европскиот одбранбен сектор, особено во новото стратешко опкружување кое бара значителни долгорочни стратешки капацитети за одбрана. Кога станува збор за економските теми, лидерите ќе разговараат за зајакнување на економската основа, конкурентноста, економската сигурност и отпорноста на економијата. Лидерите најверојатно ќе се повикаат на предлогот за ревизија на седумгодишниот буџет на ЕУ, во кој Комисијата бара дополнителни 66 милијарди евра до крајот на овој буџетски период во 2027 година. Една од темите ќе биде како да се искористат замрзнатите руски средства за обнова на Украина. Лидерите ќе разговараат и за подобро управување со миграцијата. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во понеделникот испрати писмо до лидерите на земјите членки во кое презентираше преглед на она што е досега направено и што допрва треба да се направи за успешно управување со миграцијата. Таа нагласи дека ЕУ мора да има доволно финансиски ресурси за ефикасен систем за управување со миграцијата и азилот за да може да одговори на миграциските предизвици. Минатата недела, во предлогот за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка за миграциска политика, Комисијата предложи дополнителни 15 милијарди евра до 2027 година. Оваа сума ќе биде наменета за поддршка на земјите-членки во управувањето со надворешните граници, за помош на трети земји и мигранти во тие земји. Во своите заклучоци, лидерите ќе ги осудат неодамнешните насилни инциденти на северот на Косово и ќе повикаат на итна деескалација на ситуацијата. Во однос на односите со Кина, кои исто така ќе бидат една од темите на самитот, Комисијата се залага за соработка со Пекинг, но и за намалување на ризикот од зависност на ЕУ од Кина.

The post Состанок на лидерите на земјите-членки на ЕУ утре и задутре во Брисел appeared first on Република.

]]>
Потребно е итно решавање на статус-квото за регулирање на аудиовизуелните авторски права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potrebno-e-itno-reshavane-na-status-kvoto-za-regulirane-na-audiovizuelnite-avtorski-prava/ Thu, 23 Feb 2023 16:19:50 +0000 https://republika.mk/?p=612400

Македонските  автори и изведувачи трпат големи загуби додека донесувањето на тарифникот за регулирање на аудиовизуелните авторски права е закочен кај Комисијата за посредување во авторското право и сродните права. Потребно е што поскоро решавање на оваа состојба, се согласија претставниците од европските асоцијации и организации за заштита и посредување со авторските и сродни права денеска во Скопје и Секретаријатот за европски прашања и Министерството за култура коишто вчера одржаа итен состанок за решавање на повеќегодинешниот статус кво за регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава.

На средбата што ја организираше Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС  присуствуваа Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Методија Димовски, Државниот секретар и заменик главен преговарач, Дрита Абдуи Халили, Раководителот на Одделението за авторското право и сродните права при Министерството за култура, Ацо Стефаноски, претставници на АЗАС, како и високи претставници на партнерските организации на АЗАС од Европа и тоа, Реми Деросиер, Генерален директор на SCAPR (Societies’ Council for the Collective Management of Performers’ Rights) од Белгија, Сесил Деспрингр, Генерален секретар на SAA (Society of Audiovisual Authors) од Белгија, Хозе Мариа Монтес од Шпанија, директор за интернационална соработка во AISGE Шпанија, Јоан Каес, Генерален секретар на AEPO ARTIS од Белгија, Грегор Штиберник, генерален директор на Словенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти АИПА од Словенија и Петар Кеп, правник и оперативен менаџер во АИПА Словенија.

АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата.

За меѓународната заедница во која членува АЗАС заедно со гореспоменатите претставници од европските асоцијации, е неприфатливо по речиси четири години да не се помрднува од статус кво и да не се одобрува тарифата.

Јоан Каес од Белгија рече дека во Македониоја имаме неверојатно добар закон, добра дозвола, но неприфатливо е како не се дозволува сето тоа да стане пракса и порача дека мора да се дозволи АЗАС да почне со работа како би можело да се докаже таа легислатива во пракса.

Деспрингр надополни дека се удрени темелите за една неверојатно добра работа, но нејасно е што е тоа што не дозволува да се одобри тарифата и побара одговор кога оваа ситуација би се решила.

Мариа Монтес се фокусираше на домашните автори и изведувачи и рече:

-  Mакедонскиот филм во последните години успешно циркулира низ светот, но поради проблемот што го кочи АЗАС, локалните автори и изведувачи не се во можност да ги добијат заслугите за авторските права што им следуваат. Заради нив е неопходно да се одобри тарифата што побрзо.

Кеп истакна дека важноста од активна работна асоцијација е огромна заради тоа што има словенечко-македонски копродукции каде сите автори и изведувачи не земаат исто и сразмерно.

Од АЗАС, пак, рекоа дека авторите и изведувачите имаат право да ја тужат Владата заради тоа што не им се дозволува да го користат тоа што претходно им е дадено од државата.

Од Владата се спремни во најбрз можен рок да ги разгледаат причините и да ги известат АЗАС и јавноста, како и да се назначат членови на Комисија за посредување во авторски и сродни права со цел одобрување на тарифникот.

The post Потребно е итно решавање на статус-квото за регулирање на аудиовизуелните авторски права appeared first on Република.

]]>

Македонските  автори и изведувачи трпат големи загуби додека донесувањето на тарифникот за регулирање на аудиовизуелните авторски права е закочен кај Комисијата за посредување во авторското право и сродните права. Потребно е што поскоро решавање на оваа состојба, се согласија претставниците од европските асоцијации и организации за заштита и посредување со авторските и сродни права денеска во Скопје и Секретаријатот за европски прашања и Министерството за култура коишто вчера одржаа итен состанок за решавање на повеќегодинешниот статус кво за регулирањето на аудиовизуелните авторски права во земјава. На средбата што ја организираше Асоцијацијата за заштита на авторски и сродни права – АЗАС  присуствуваа Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Методија Димовски, Државниот секретар и заменик главен преговарач, Дрита Абдуи Халили, Раководителот на Одделението за авторското право и сродните права при Министерството за култура, Ацо Стефаноски, претставници на АЗАС, како и високи претставници на партнерските организации на АЗАС од Европа и тоа, Реми Деросиер, Генерален директор на SCAPR (Societies’ Council for the Collective Management of Performers’ Rights) од Белгија, Сесил Деспрингр, Генерален секретар на SAA (Society of Audiovisual Authors) од Белгија, Хозе Мариа Монтес од Шпанија, директор за интернационална соработка во AISGE Шпанија, Јоан Каес, Генерален секретар на AEPO ARTIS од Белгија, Грегор Штиберник, генерален директор на Словенечката организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права на изведувачите, авторите и филмските продуценти АИПА од Словенија и Петар Кеп, правник и оперативен менаџер во АИПА Словенија. АЗАС, иако е единствената македонска организација за колективно управување со авторските и сродните филмски права во согласност со ЗАПСП, и има дозвола за работа, издадена од Министерството за култура, уште од септември 2018 година, сè уште не може да започне со активна работа и со наплата само затоа што нема активна Комисија за посредување во авторските и сродните права која треба да ја одобри тарифата. За меѓународната заедница во која членува АЗАС заедно со гореспоменатите претставници од европските асоцијации, е неприфатливо по речиси четири години да не се помрднува од статус кво и да не се одобрува тарифата. Јоан Каес од Белгија рече дека во Македониоја имаме неверојатно добар закон, добра дозвола, но неприфатливо е како не се дозволува сето тоа да стане пракса и порача дека мора да се дозволи АЗАС да почне со работа како би можело да се докаже таа легислатива во пракса. Деспрингр надополни дека се удрени темелите за една неверојатно добра работа, но нејасно е што е тоа што не дозволува да се одобри тарифата и побара одговор кога оваа ситуација би се решила. Мариа Монтес се фокусираше на домашните автори и изведувачи и рече: -  Mакедонскиот филм во последните години успешно циркулира низ светот, но поради проблемот што го кочи АЗАС, локалните автори и изведувачи не се во можност да ги добијат заслугите за авторските права што им следуваат. Заради нив е неопходно да се одобри тарифата што побрзо. Кеп истакна дека важноста од активна работна асоцијација е огромна заради тоа што има словенечко-македонски копродукции каде сите автори и изведувачи не земаат исто и сразмерно. Од АЗАС, пак, рекоа дека авторите и изведувачите имаат право да ја тужат Владата заради тоа што не им се дозволува да го користат тоа што претходно им е дадено од државата. Од Владата се спремни во најбрз можен рок да ги разгледаат причините и да ги известат АЗАС и јавноста, како и да се назначат членови на Комисија за посредување во авторски и сродни права со цел одобрување на тарифникот.

The post Потребно е итно решавање на статус-квото за регулирање на аудиовизуелните авторски права appeared first on Република.

]]>
Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nema-tochen-datum-koga-privatnite-prevoznitsi-ke-se-vratat-na-skopskite-ulitsi-do-chetvrtok-ke-ima-ushte-eden-sostanok/ Mon, 06 Feb 2023 12:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=605443

Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.

Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.

Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори.

Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

The post Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок appeared first on Република.

]]>

Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска.
Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица Зафировски, кои денеска беа на средба со градоначалничката Данела Арсовска.
Официјално не е ништо договорено, треба да пренесат на колегите од двете здруженија. Оваа недела ќе има уште најмалку еден состанок, за да се направат следните чекори. Не може да се каже точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе има уште еден состанок за да се договорат деталите. Тие се надеваат дека сите приватни превозници ќе се вратат на линиите кои ги опслужуваа.

The post Нема точен датум кога приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, до четврток ќе има уште еден состанок appeared first on Република.

]]>
Таравари пред состанокот на претседателството: Се уште немаме понуда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-pred-sostanokot-na-pretsedatelstvoto-se-ushte-nemame-ponuda/ Fri, 27 Jan 2023 16:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=601730

Алијанса на Албанците го почна состанокот на претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници.

Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред спстанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката.

- Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања - рече Таравари.

Сепак тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема.

- Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим - рече тој.

The post Таравари пред состанокот на претседателството: Се уште немаме понуда appeared first on Република.

]]>

Алијанса на Албанците го почна состанокот на претседателство на кој ќе се носи конечната одлука за тоа дали партијата ќе влезе во владата на Ковачевски и ќе го засили мнозинството со дополнителни 8 пратеници. Неофицијалните информации се дека мнозинството членови на партијата се за влез во владината коалиција. Сепак, лидерот Таравари пред спстанокот не сакаше да ја прејудицира одлуката. - Да видиме како ќе одлучи претседателството. Мојот личен став ќе го соопштам од кога ќе ги чујам сите размислувања - рече Таравари. Сепак тој потврди дека вечерва ќе се формира преговарачки тим, иако конкретна понуда од Ковачевски нема. - Нема понуда. Да, ќе формирaме преговарачки тим - рече тој.

The post Таравари пред состанокот на претседателството: Се уште немаме понуда appeared first on Република.

]]>
Никогаш не закажувајте состанок во овој ден https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/nikogash-ne-zakazhuvajte-sostanok-vo-ovoj-den/ Sat, 07 Jan 2023 21:50:31 +0000 https://republika.mk/?p=594430

Американско истражувања покажаа дека состаноците најчесто се откажуваат во последен момент, а главни причини се болеста, заморот, работните обврски и подобрата понуда.

За разлика од понеделник, саботата е најпопуларна бидејќи луѓето имаат повеќе време за подготовка. За 80 отсто од испитаниците, викендот е дури четири пати попопуларен од работните денови.

Не е чудно што понеделник е најлошиот ден бидејќи луѓето се уморни од активностите за време на викендот или преоптоварени се со работа, истакна Кејт Тејлор од истражувачкиот тим.

The post Никогаш не закажувајте состанок во овој ден appeared first on Република.

]]>

Американско истражувања покажаа дека состаноците најчесто се откажуваат во последен момент, а главни причини се болеста, заморот, работните обврски и подобрата понуда. За разлика од понеделник, саботата е најпопуларна бидејќи луѓето имаат повеќе време за подготовка. За 80 отсто од испитаниците, викендот е дури четири пати попопуларен од работните денови. Не е чудно што понеделник е најлошиот ден бидејќи луѓето се уморни од активностите за време на викендот или преоптоварени се со работа, истакна Кејт Тејлор од истражувачкиот тим.

The post Никогаш не закажувајте состанок во овој ден appeared first on Република.

]]>
Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-deneska-kje-odrzi-sostanok-so-kompanijata-za-nabavka-na-priroden-gas-shto-ja-posochi-mickoski/ Fri, 07 Oct 2022 06:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=558190

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата.

Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.

Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.

Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.

Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.

Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.

Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.

Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.

Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.

 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, како и со Виктор Андонов, советник за енергетика на премиерот, во текот на денешниот ден ќе остварат состанок со една од компаниите за набавка на природен гас која што како контакт до Владата ја даде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. И Бектеши, како што рече, ќе учествува на средбата која нема да се одржи во Скопје, туку ќе биде надвор од земјава, а јавноста детално ќе биде информирана за разговорите и понудата. Состанок со другата компанија, за набавка на поевтин мазут, што исто така ја посочи Мицкоски, се очекува до крајот на неделата, најверојатно за викендот, во сабота или во недела.
Да, стапивме во контакт со една од компаниите. Во однос на компанијата што ја предложи Мицкоски за природен гас утре е закажен состанок со генералниот директор, а ќе присуствуваат премиерот Ковачевски, неговиот советник за енергетика и јас. Ќе разговараме за детали. Ако условите и понудата е прифатлива за ЕСМ, тоа треба да го направи ЕСМ со трговец со природен гас, истакна Бектеши вчера во Дневникот на ТВ Сител.
Од македонска страна, напомена, веќе се пратени количините и потребите, вклучително и потребите на ТЕ-ТО.
Се работи за компанија регистрирана во Европа. Согласно најавите утре понудата треба да се детализира од страна на компанијата и ќе ја известиме јавноста откога ќе ги завршиме преговорите.Средбата нема да биде во Скопје, туку надвор од Северна Макдонија. Ние во текот на утрешниот ден ќе се вратиме и јавноста ќе биде информирана за понудата и за тоа како течеа преговорите, подвлече Бектеши.
Во однос на разговорите со Србија, тој оцени дека се блиску до договор.
Блиску сме до договор со Србија. Очекуваме српската страна да одлучи, нашиот предлог е пратен. Нивниот експертски тим треба да ги извести министерката за енергетика Зорана Михајловиќ и претседателот Вучиќ, но до денеска, за жал, немаме одговор. Нема да чекаме, зашто разгледуваме различни понуди, рече министерот.
Тој уште еднаш апелира граѓаните да не се грижат зашто ќе има топлинска и електрична енергија.
Но, тоа не тереба да биде на штета на Буџетот. Затоа ќе се склучи договор за најдобрата понуда. Грѓаните да бидат спокојни зашто ние можеме да покриваме 100 отсто топлинска енергија од топланите, но ако работи ТЕ-ТО, помали ќе бидат трошоците, рече Бектеши.
 

The post Владата денеска ќе одржи состанок со компанијата за набавка на природен гас што ја посочи Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sostanok-za-globalnata-sajber-bezbednost/ Sat, 24 Sep 2022 08:41:09 +0000 https://republika.mk/?p=553671

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност - Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерката за надворешни работи на Франција, Катерин Колона.

 

Во фокусот на дискусиите беа безбедносните предизвици во сајбер просторот како сериозна закана за постојниот меѓународен поредок. Воедно, беше нагласена потребата од ефективен мултилатерален одговор и стратешка размена на информации и искуства особено меѓу НАТО сојузниците, во насока на успешно справување и надминување на сајбер заканите кои стануваат сѐ побројни, поразновидни и пософистицирани.

 

Во своето излагање, министерот Османи се осврна на предизвиците во сајбер просторот со кои се соочува Македонија, нагласувајќи дека сајбер нападите се карактеристични и за други земји од Западен Балкан, тренд што особено се интензивираше по почетокот на руската воена инвазија во Украина. Османи се осврна и на опасностите поврзани со хибридните ризици и закани, како што се злонамерните сајбер активности, кои имаат за цел да ги дестабилизираат државите и да предизвикаат несигурност кај граѓаните.

 

“Националната стратегија за сајбер безбедност е еден од столбовите на системот за зајакнување на капацитетите за сајбер одбрана, заштита на критичната информатичка инфраструктура, подигнување на свеста за информатичка безбедност и безбедносната култура на сите актери во сајбер просторот. Македонија континуирано соработува со сите засегнати страни – бизнис секторот, истражувачката и академската заедница, како и со граѓанското општество, со цел изнаоѓање заеднички решенија за овие предизвици”, заклучи Османи.

 

Посочувајќи на неограничените можности и придобивки на дигиталната технологија во нашето современо живеење, министерот Османи истакна дека нашата држава се залага за слободно, отворено, мирољубиво и безбедно опкружување во користењето на информатичката технологија.

 

The post Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанок на тема: „Обликување на глобалната сајбер-безбедност - Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, чии домаќини беа министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерката за надворешни работи на Франција, Катерин Колона.   Во фокусот на дискусиите беа безбедносните предизвици во сајбер просторот како сериозна закана за постојниот меѓународен поредок. Воедно, беше нагласена потребата од ефективен мултилатерален одговор и стратешка размена на информации и искуства особено меѓу НАТО сојузниците, во насока на успешно справување и надминување на сајбер заканите кои стануваат сѐ побројни, поразновидни и пософистицирани.   Во своето излагање, министерот Османи се осврна на предизвиците во сајбер просторот со кои се соочува Македонија, нагласувајќи дека сајбер нападите се карактеристични и за други земји од Западен Балкан, тренд што особено се интензивираше по почетокот на руската воена инвазија во Украина. Османи се осврна и на опасностите поврзани со хибридните ризици и закани, како што се злонамерните сајбер активности, кои имаат за цел да ги дестабилизираат државите и да предизвикаат несигурност кај граѓаните.   “Националната стратегија за сајбер безбедност е еден од столбовите на системот за зајакнување на капацитетите за сајбер одбрана, заштита на критичната информатичка инфраструктура, подигнување на свеста за информатичка безбедност и безбедносната култура на сите актери во сајбер просторот. Македонија континуирано соработува со сите засегнати страни – бизнис секторот, истражувачката и академската заедница, како и со граѓанското општество, со цел изнаоѓање заеднички решенија за овие предизвици”, заклучи Османи.   Посочувајќи на неограничените можности и придобивки на дигиталната технологија во нашето современо живеење, министерот Османи истакна дека нашата држава се залага за слободно, отворено, мирољубиво и безбедно опкружување во користењето на информатичката технологија.  

The post Османи на состанок за глобалната сајбер безбедност appeared first on Република.

]]>
Состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија поради претстојната криза со храна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sostanok-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-g7-vo-germanija-poradi-pretstojnata-kriza-so-hrana/ Fri, 13 May 2022 08:47:48 +0000 https://republika.mk/?p=501769

Министрите за надворешни работи на Групата седум богати нации (Г7) денеска ќе се сретнат во германското летувалиште Вајсенхаус на Балтичкото Море за да разговараат за прашањето за ублажување на проблемите со безбедноста на храната, бидејќи расте стравот дека војната меѓу Русија и Украина може да ја дестабилизира Молдавија.

На годишниот состанок, кој ќе трае до сабота, ќе се соберат највисоките дипломати од Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Франција, Јапонија, САД и Европската Унија.

Во разговорите ќе доминира ситуацијата во Украина и начинот на управување со последиците од конфликтот, кој би можел да трае со месеци, ако не и подолго, пренесува Ројтерс.

На состанокот денеска ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Украина и на Молдавија, на кој индустриски развиените западни земји треба да ја потврдат својата поддршка.

Војната во Украина доведе до раст на глобалните цени на житариците, маслото за јадење, горивото и вештачките ѓубрива, а агенциите на Обединетите нации предупредуваат дека зголемувањето на цените ќе ја влоши кризата со храна, особено во Африка.

Руската агресија против Украина, која започна во февруари, го наруши транспортот во Црното Море, главниот транспортен пат за жито и други стоки, и го задуши извозот од Украина и Русија, анализираат медиумите.

Во украинското пристаниште Одеса моментално се блокирани 25 милиони тони житарки, што значи храна за милиони луѓе во светот на кои им е итно потребна, особено во африканските земји и на Блискиот Исток. Затоа денеска испраќаме јасен сигнал „Ве гледаме, слушаме и ве поддржуваме - изјави пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Дипломатски извори велат дека состанокот има за цел подобро да ги организира седумте земји за да најдат брзи и ефективни одговори на кризата со храна.

Иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен нема да присуствува на состанокот бидејќи се заразил со Ковид-19, преостанатите министри ќе се обидат да и дадат поддршка на Молдавија, која се бори со приливот на бегалци од соседна Украина.

На денешниот состанок во Германија ќе се приклучи и индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди, чија земја во моментов претседава со Групата 20 индустриски и растечки економии (Г20), чиј член е Русија.

Француски функционер изјави дека ќе се постави прашањето за присуството на Русија на состанокот на шефовите на држави во ноември, пренесе Ројтерс.

The post Состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија поради претстојната криза со храна appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Групата седум богати нации (Г7) денеска ќе се сретнат во германското летувалиште Вајсенхаус на Балтичкото Море за да разговараат за прашањето за ублажување на проблемите со безбедноста на храната, бидејќи расте стравот дека војната меѓу Русија и Украина може да ја дестабилизира Молдавија. На годишниот состанок, кој ќе трае до сабота, ќе се соберат највисоките дипломати од Велика Британија, Канада, Германија, Италија, Франција, Јапонија, САД и Европската Унија. Во разговорите ќе доминира ситуацијата во Украина и начинот на управување со последиците од конфликтот, кој би можел да трае со месеци, ако не и подолго, пренесува Ројтерс. На состанокот денеска ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на Украина и на Молдавија, на кој индустриски развиените западни земји треба да ја потврдат својата поддршка. Војната во Украина доведе до раст на глобалните цени на житариците, маслото за јадење, горивото и вештачките ѓубрива, а агенциите на Обединетите нации предупредуваат дека зголемувањето на цените ќе ја влоши кризата со храна, особено во Африка. Руската агресија против Украина, која започна во февруари, го наруши транспортот во Црното Море, главниот транспортен пат за жито и други стоки, и го задуши извозот од Украина и Русија, анализираат медиумите.
Во украинското пристаниште Одеса моментално се блокирани 25 милиони тони житарки, што значи храна за милиони луѓе во светот на кои им е итно потребна, особено во африканските земји и на Блискиот Исток. Затоа денеска испраќаме јасен сигнал „Ве гледаме, слушаме и ве поддржуваме - изјави пред новинарите германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.
Дипломатски извори велат дека состанокот има за цел подобро да ги организира седумте земји за да најдат брзи и ефективни одговори на кризата со храна. Иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен нема да присуствува на состанокот бидејќи се заразил со Ковид-19, преостанатите министри ќе се обидат да и дадат поддршка на Молдавија, која се бори со приливот на бегалци од соседна Украина. На денешниот состанок во Германија ќе се приклучи и индонезискиот министер за надворешни работи Ретно Марсуди, чија земја во моментов претседава со Групата 20 индустриски и растечки економии (Г20), чиј член е Русија. Француски функционер изјави дека ќе се постави прашањето за присуството на Русија на состанокот на шефовите на држави во ноември, пренесе Ројтерс.

The post Состанок на министрите за надворешни работи на Г7 во Германија поради претстојната криза со храна appeared first on Република.

]]>
Османи: На министерскиот состанок на НАТО ќе разговараме за зголемување на поддршката за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-ministerskiot-sostanok-na-nato-kje-razgovarame-za-zgolemuvanje-na-poddrshkata-za-ukraina/ Wed, 06 Apr 2022 14:55:21 +0000 https://republika.mk/?p=484215

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека членките на НАТО денеска ќе разговараат за испраќање засилена помош во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што истакна, пак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, надежта е дека 30-те земји членки ќе се усогласат за испраќање посилна и офанзивна одбрана во Украина за да се справи со рускиот напад.

Министерот Османи, кој учествува на овој вонреден состанок за надворешни работи денеска во Брисел изјави дека зголемувањето на оваа воена поддршка за Украина ќе биде една од темите на денешниот состанок.

Тој повтори и дека НАТО ќе испрати повторно порака на обединетост и солидарност со Украина.

Османи, исто така, нагласи дека е важно идниот стратешки концепт на НАТО, за кој исто така ќе се разговара овие два дена, да го зајакне и југоисточниот дел на Алијансата.

Сите аспекти треба да се рефлектираат во овој следен стратешки концепт, да се зајакне партнерството со ЕУ и да се забрза ангажманот кон Западен Балкан со цел засилување на стабилноста и безбедноста на југоисточниот дел, рече Османи пред почетокот на вонредниот министерски состанок на НАТО.

The post Османи: На министерскиот состанок на НАТО ќе разговараме за зголемување на поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, потврди дека членките на НАТО денеска ќе разговараат за испраќање засилена помош во Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Како што истакна, пак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, надежта е дека 30-те земји членки ќе се усогласат за испраќање посилна и офанзивна одбрана во Украина за да се справи со рускиот напад. Министерот Османи, кој учествува на овој вонреден состанок за надворешни работи денеска во Брисел изјави дека зголемувањето на оваа воена поддршка за Украина ќе биде една од темите на денешниот состанок. Тој повтори и дека НАТО ќе испрати повторно порака на обединетост и солидарност со Украина. Османи, исто така, нагласи дека е важно идниот стратешки концепт на НАТО, за кој исто така ќе се разговара овие два дена, да го зајакне и југоисточниот дел на Алијансата.
Сите аспекти треба да се рефлектираат во овој следен стратешки концепт, да се зајакне партнерството со ЕУ и да се забрза ангажманот кон Западен Балкан со цел засилување на стабилноста и безбедноста на југоисточниот дел, рече Османи пред почетокот на вонредниот министерски состанок на НАТО.

The post Османи: На министерскиот состанок на НАТО ќе разговараме за зголемување на поддршката за Украина appeared first on Република.

]]>
Петков е домаќин на шефовите на влади на земјите од ЈИЕ членки на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-e-domakjin-na-shefovite-na-vladi-na-zemjite-od-jie-chlenki-na-nato/ Mon, 28 Mar 2022 09:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=479682

Во Софија денес започна Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.

После минатонеделниот Вонреден самит на НАТО, продолжуваме со координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа, објави македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој му е гостин на бугарскиот премиер Кирил Петков.

The post Петков е домаќин на шефовите на влади на земјите од ЈИЕ членки на НАТО appeared first on Република.

]]>

Во Софија денес започна Состанокот на шефовите на влади на земјите од Југоисточна Европа членки на НАТО.
После минатонеделниот Вонреден самит на НАТО, продолжуваме со координација на заедничките безбедносни стратегии наспроти ризиците и заканите од војната во Украина и за зајакнување на регионалната соработка во земјите од Југоисточна Европа, објави македонскиот премиер Димитар Ковачевски, кој му е гостин на бугарскиот премиер Кирил Петков.

The post Петков е домаќин на шефовите на влади на земјите од ЈИЕ членки на НАТО appeared first on Република.

]]>
Министерката за одбрана Петровска на вонреден состанок на НАTO министри за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-za-odbrana-petrovska-na-vonreden-sostanok-na-nato-ministri-za-odbrana/ Wed, 16 Mar 2022 08:42:18 +0000 https://republika.mk/?p=473555

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата.

На денешниот вонреден состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ. Ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.

The post Министерката за одбрана Петровска на вонреден состанок на НАTO министри за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата. На денешниот вонреден состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ. Ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.

The post Министерката за одбрана Петровска на вонреден состанок на НАTO министри за одбрана appeared first on Република.

]]>