сослушување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soslushuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Nov 2023 07:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сослушување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soslushuvanje/ 32 32 Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-soslushuvaneto-na-svedotsite-i-ekspertite-za-skandalot-na-klinikata-za-onkologija/ Fri, 03 Nov 2023 21:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=697979

Со сослушување на поранешниот медицински директор на ЈЗУ Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски заврши последниот ден од сослушувањето на сведоците и експертите во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Повеќе прашања пратениците упатија кон Васев, кој беше повикан повторно, особено во врска со набавката на лековите и нефункционалноста на Като системот.

Пратеникот Ненад Коциќ, го праша Васев во врска со нефункционалноста на Като системот. Васев одговори дека системот бил некомплетен и немал изолатор.

Като системот е купен 2014 година, мислам дека авансно е платен и монтиран е во ноември 2014 година. Не е извршено технички прием од техничко лице, туку е со потпис на тогашното раководство. Пуштен е во 2017 година, два месеца пред јас да дојдам на функција. Како директор бев известен дека системот е некомплетен, тој нема изолатор. Целиот тендер за Като системот го нема во институтот, целиот тендер е исчезнат, имавме контрола од Фондот и е воочено во таа контрола во 2017 година, дека недостасуваат четири тендерски постапки. Значи ја немаше цела документација, рече Васев.

Освен тоа, тој објасни дека по бројни консултации со српската компанија како и француската компанија како производител на системот, во соработка со наши претставници од министерството се обидувале да го вклучат барем за основните норми, но софтверот што бил купен во посебна тендерска постапка никогаш не проработел.

Значи, Като системот не е исклучен од струја, а и да е оставен во подрум, тој е на истото место каде што е направен. Софтверот ден денес не е направен. Проблемите со Като системот требаше да ги открие некоја повисока институција, тој и сега не е вклучен, ниту може да се вклучи без комплетно сервисирање на сите делови, затоа што сервисот и гаранцијата поминаа истата година кога беше ставен, односно ставен е во ноември 2014 година, а гаранцијата помина веќе во јуни 2015 година, додаде Васев.

Во врска со прашањето на пратеникот Љупчо Пренџов околу доцнењето на лековите, Васев одговори дека се реагирало на доцнењето од помалите фирми, но за поголемите фирми, како што посочи, требало да има институционална реакција затоа што не било можно да се затвори соработката со нив бидејќи тоа би значело и прекин на добавувањето и на другите лекови кои доаѓале од истите тие компании.

Во однос на прашањето на пратеникот Зоран Коцевски поврзано со сумите и набавките на лековите, поранешниот директор на Онкологија кажа дека на почеток откако станал директор на Клиниката за онкологија, за една година го намалил долгот од 115 милиони денари на 12 милиони денари, 2020 година имало 52 милиони долг, но тој долг нагло се искачил на 250 милиони во 2020 година, а во 2021 година на 655 милиони денари, што, како што рече, било исклучиво од биолошката терапија и на крај во 2021 година даден е финансиски извештај на Фондот.

Не смеевме да прекинеме со биолошката терапија поради „ребаунд“ ефект. Ако прекинете имунолошка терапија повеќе од три недели, се враќа болеста, и не само што се враќа, туку се враќа многу полошо назад. Тој феномен е многу опасен кај биолошката терапија и не смее да се застане, три години, кај плуќа е две години, кај дојка е три години минимум мора да трае терапијата кај метастатската болест, рече Васев.

По сослушувањето на поранешниот економски директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи најави дека комисијата ќе продолжи со разгледување на акти и документи поврзани со овој скандал. Продолжението ќе биде дополнително закажано.

The post Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>

Со сослушување на поранешниот медицински директор на ЈЗУ Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски заврши последниот ден од сослушувањето на сведоците и експертите во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Повеќе прашања пратениците упатија кон Васев, кој беше повикан повторно, особено во врска со набавката на лековите и нефункционалноста на Като системот. Пратеникот Ненад Коциќ, го праша Васев во врска со нефункционалноста на Като системот. Васев одговори дека системот бил некомплетен и немал изолатор.
Като системот е купен 2014 година, мислам дека авансно е платен и монтиран е во ноември 2014 година. Не е извршено технички прием од техничко лице, туку е со потпис на тогашното раководство. Пуштен е во 2017 година, два месеца пред јас да дојдам на функција. Како директор бев известен дека системот е некомплетен, тој нема изолатор. Целиот тендер за Като системот го нема во институтот, целиот тендер е исчезнат, имавме контрола од Фондот и е воочено во таа контрола во 2017 година, дека недостасуваат четири тендерски постапки. Значи ја немаше цела документација, рече Васев.
Освен тоа, тој објасни дека по бројни консултации со српската компанија како и француската компанија како производител на системот, во соработка со наши претставници од министерството се обидувале да го вклучат барем за основните норми, но софтверот што бил купен во посебна тендерска постапка никогаш не проработел.
Значи, Като системот не е исклучен од струја, а и да е оставен во подрум, тој е на истото место каде што е направен. Софтверот ден денес не е направен. Проблемите со Като системот требаше да ги открие некоја повисока институција, тој и сега не е вклучен, ниту може да се вклучи без комплетно сервисирање на сите делови, затоа што сервисот и гаранцијата поминаа истата година кога беше ставен, односно ставен е во ноември 2014 година, а гаранцијата помина веќе во јуни 2015 година, додаде Васев.
Во врска со прашањето на пратеникот Љупчо Пренџов околу доцнењето на лековите, Васев одговори дека се реагирало на доцнењето од помалите фирми, но за поголемите фирми, како што посочи, требало да има институционална реакција затоа што не било можно да се затвори соработката со нив бидејќи тоа би значело и прекин на добавувањето и на другите лекови кои доаѓале од истите тие компании. Во однос на прашањето на пратеникот Зоран Коцевски поврзано со сумите и набавките на лековите, поранешниот директор на Онкологија кажа дека на почеток откако станал директор на Клиниката за онкологија, за една година го намалил долгот од 115 милиони денари на 12 милиони денари, 2020 година имало 52 милиони долг, но тој долг нагло се искачил на 250 милиони во 2020 година, а во 2021 година на 655 милиони денари, што, како што рече, било исклучиво од биолошката терапија и на крај во 2021 година даден е финансиски извештај на Фондот.
Не смеевме да прекинеме со биолошката терапија поради „ребаунд“ ефект. Ако прекинете имунолошка терапија повеќе од три недели, се враќа болеста, и не само што се враќа, туку се враќа многу полошо назад. Тој феномен е многу опасен кај биолошката терапија и не смее да се застане, три години, кај плуќа е две години, кај дојка е три години минимум мора да трае терапијата кај метастатската болест, рече Васев.
По сослушувањето на поранешниот економски директор на Фондот за здравствено осигурување, Стево Крстевски, претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи најави дека комисијата ќе продолжи со разгледување на акти и документи поврзани со овој скандал. Продолжението ќе биде дополнително закажано.

The post Заврши сослушувањето на сведоците и експертите за скандалот на Клиниката за онкологија appeared first on Република.

]]>
Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radoichik-na-soslushuvaneto-gi-negiral-site-krivichni-dela/ Tue, 03 Oct 2023 17:06:02 +0000 https://republika.mk/?p=687593

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, го негирал извршувањето на кривичните дела за кои е обвинет.

Радоичиќ денеска беше сослушан во ВЈТ поради сомнение дека со, засега повеќе непознати лица, извршил кривични дела здружување заради извршување кривични дела, недозволено производство, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност.

ВЈТ соопшти дека на распитот осомничениот го негирал извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, пренесува Н1.

Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор поради опасност од бегство.

Наредбата за спроведување на истрагата опфаќа неколку, засега непознати лица, кои се товарат за кривично дело тешки дела против општата безбедност.

Според наредбата за спроведување истрагата, Радоичиќ се терети дека од Тузла набавувал оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ, кои му биле доставени на територијата на Белград, најчесто на релација Бубањ Поток – Врчин.

А кои потоа ги транспортирал и складирал на неутврдени локации на територијата на Косово, каде ги криел во напуштени згради и шуми, па како водач на група со неколку непознати лица, со заедничка акција и општо опасна акција на 24 септември, предизвикал опасност по животот на луѓето во местото Бањска“, се наведува во соопштението на ВЈТ.

Радоичиќ пред неколку дена одговори на поканата на српските државни органи.

Тогаш беше соопштено дека ВЈТ во Белград ќе биде известена во форма на извештај, која ќе преземе дополнителни мерки и дејствија во нејзина надлежност.

Радоичиќ ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово.

На 24 септември во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот Бањска.

Во акцијата загинаа тројца Срби, по потекло од северот на Косово.

 

The post Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела appeared first on Република.

]]>

Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, на сослушувањето во Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград, го негирал извршувањето на кривичните дела за кои е обвинет. Радоичиќ денеска беше сослушан во ВЈТ поради сомнение дека со, засега повеќе непознати лица, извршил кривични дела здружување заради извршување кривични дела, недозволено производство, држење, носење и тргување со огнено оружје и експлозивни материи и тешки прекршоци против општата безбедност. ВЈТ соопшти дека на распитот осомничениот го негирал извршувањето на кривичните дела кои му се ставаат на товар, пренесува Н1. Обвинителството по сослушувањето му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград на осомничениот да му одреди притвор поради опасност од бегство. Наредбата за спроведување на истрагата опфаќа неколку, засега непознати лица, кои се товарат за кривично дело тешки дела против општата безбедност. Според наредбата за спроведување истрагата, Радоичиќ се терети дека од Тузла набавувал оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ, кои му биле доставени на територијата на Белград, најчесто на релација Бубањ Поток – Врчин.
А кои потоа ги транспортирал и складирал на неутврдени локации на територијата на Косово, каде ги криел во напуштени згради и шуми, па како водач на група со неколку непознати лица, со заедничка акција и општо опасна акција на 24 септември, предизвикал опасност по животот на луѓето во местото Бањска“, се наведува во соопштението на ВЈТ.
Радоичиќ пред неколку дена одговори на поканата на српските државни органи. Тогаш беше соопштено дека ВЈТ во Белград ќе биде известена во форма на извештај, која ќе преземе дополнителни мерки и дејствија во нејзина надлежност. Радоичиќ ја презеде целосната одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово. На 24 септември во селото Бањска беше убиен косовски полицаец, по што следеше акција на специјалните единици на косовската полиција насочена кон вооружена група која се обиде да најде засолниште во манастирот Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби, по потекло од северот на Косово.  

The post Радоичиќ на сослушувањето ги негирал сите кривични дела appeared first on Република.

]]>
Заврши сослушувањето на детето убиец: Коста наводно рекол дека се кае за сѐ што сторил https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zavrshi-soslushuvaneto-na-deteto-ubiets-kosta-navodno-rekol-deka-se-kae-za-s-shto-storil/ Tue, 18 Jul 2023 14:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=662809

По сведочењето на момчето убиец Коста К., кое изврши масакр во српското училиште, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В. К., за медиумите откри дека момчето било детално испрашувано зошто го извршило масакрот, а како што тврди таа, изразило и каење.

Денеска беше сослушан малолетник, детално сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го потврди она што го кажа таткото – дека оружјето било целосно обезбедено. Исто така, тој тврди дека татко му не му го овозможил првиот контакт со оружје. Изрази каење за сѐ што направи - изјави адвокатката Ирина Боровиќ.

Сослушувањето на Коста траело речиси четири часа во рамките на постапката што се води против татко му, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.

Се сомнева дека не го чувал оружјето според прописите, а со кое момчето убиец уби девет врсници и училиштен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Исто така, тој е осомничен дека го научил својот син да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Момчето убиец беше испрашуван преку видеоконференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која е набљудуван и Вишото јавно обвинителство во Белград.

На сведочењето присуствуваа в.д. обвинител, адвокатот на таткото, адвокати на оштетените, како и неколку родители на убиените деца.

The post Заврши сослушувањето на детето убиец: Коста наводно рекол дека се кае за сѐ што сторил appeared first on Република.

]]>

По сведочењето на момчето убиец Коста К., кое изврши масакр во српското училиште, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В. К., за медиумите откри дека момчето било детално испрашувано зошто го извршило масакрот, а како што тврди таа, изразило и каење.
Денеска беше сослушан малолетник, детално сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го потврди она што го кажа таткото – дека оружјето било целосно обезбедено. Исто така, тој тврди дека татко му не му го овозможил првиот контакт со оружје. Изрази каење за сѐ што направи - изјави адвокатката Ирина Боровиќ.
Сослушувањето на Коста траело речиси четири часа во рамките на постапката што се води против татко му, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност. Се сомнева дека не го чувал оружјето според прописите, а со кое момчето убиец уби девет врсници и училиштен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Исто така, тој е осомничен дека го научил својот син да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште. Момчето убиец беше испрашуван преку видеоконференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која е набљудуван и Вишото јавно обвинителство во Белград. На сведочењето присуствуваа в.д. обвинител, адвокатот на таткото, адвокати на оштетените, како и неколку родители на убиените деца.

The post Заврши сослушувањето на детето убиец: Коста наводно рекол дека се кае за сѐ што сторил appeared first on Република.

]]>
Убиецот од Сисак изведен на сослушување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ubietsot-od-sisak-izveden-na-soslushuvane/ Mon, 03 Jul 2023 12:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=657718

По исцрпен полициски увид и кривична истрага, полицијата во Сисак на надзорникот на притворот му го предаде Неѓад Фетиќ, 52-годишниот маж, кој викендов уби едно и повреди четири лица во Чапрашки Пољане, известуваат хрватските медиуми.

Тој се товари за тешко убиство, четири обиди за убиство, загрозување живот и имот и продолжено кривично дело против општата безбедност за што му се заканува долгогодишна затворска казна.

По поминати две ноќи во полициски притвор, тој со лисици е доведен на сослушување во канцелариите на Окружното државно обвинителство во Сисак. Без разлика на неговата одбрана, резултатите од вештачењето, особено психијатриското, ќе бидат многу важни во текот на истрагата, преку кое стручниот психијатар ќе одговори дали Фетиќ бил пресметлив додека пукал во соседите и палел куќи и автомобили, пренесува „Јутарњи лист“.

Како што пишува „Јутарњи лист“, пред десет години Неѓад Фетиќ бил клучен сведок на Обвинителството во случајот за воени злосторства врз српски цивили од 1991 година.

The post Убиецот од Сисак изведен на сослушување appeared first on Република.

]]>

По исцрпен полициски увид и кривична истрага, полицијата во Сисак на надзорникот на притворот му го предаде Неѓад Фетиќ, 52-годишниот маж, кој викендов уби едно и повреди четири лица во Чапрашки Пољане, известуваат хрватските медиуми. Тој се товари за тешко убиство, четири обиди за убиство, загрозување живот и имот и продолжено кривично дело против општата безбедност за што му се заканува долгогодишна затворска казна. По поминати две ноќи во полициски притвор, тој со лисици е доведен на сослушување во канцелариите на Окружното државно обвинителство во Сисак. Без разлика на неговата одбрана, резултатите од вештачењето, особено психијатриското, ќе бидат многу важни во текот на истрагата, преку кое стручниот психијатар ќе одговори дали Фетиќ бил пресметлив додека пукал во соседите и палел куќи и автомобили, пренесува „Јутарњи лист“. Како што пишува „Јутарњи лист“, пред десет години Неѓад Фетиќ бил клучен сведок на Обвинителството во случајот за воени злосторства врз српски цивили од 1991 година.

The post Убиецот од Сисак изведен на сослушување appeared first on Република.

]]>
Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelkite-ruskovska-trajcheva-i-josifoska-deneska-bea-soslushani-vo-obvinitelstvoto/ Fri, 03 Mar 2023 13:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=615589

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив.

Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог, ни одговорија од Обвинителството.

Од Обвинителството додаваат дека бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот Гордан Галајџиев, во улога на експерт.

На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како “сведок експерт кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка”. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени. Согласно правилникот, присуството на предлагачот – Јавниот обвинител на РСМ не е задолжително и тој остана на доказите наведени во писмениот предлог. Ова не го оспорија ниту јавните обвинителки против кои се води постапката, појаснуваат од Обвинителството.

Инаку, постапувајќи по предлогот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Комисијата првично одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство.

Дисциплинската постапка против трите обвинителки следуваше за нивното постапувањето во случајот поврзан со претресот во Управата за финансиска полиција.

Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

The post Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифоска, денеска беа сослушани во Обвинителството, а во врска со поведената дисциплинска постапка против нив.
Комисијата денеска одржа седница на која беа сослушани трите јавни обвинителки, кои да дадоа свои искази и се изведоа сите докази во постапката. Членот на комисијата кој е известител во предметот сега треба да изготви извештај по завршување на постапката со предлог, ни одговорија од Обвинителството.
Од Обвинителството додаваат дека бил одбиен предлогот на обвинителките да биде сослушан професорот Гордан Галајџиев, во улога на експерт.
На денешната седница членовите на комисијата едногласно не го прифатија предлогот да биде сослушан професорот Калајџиев кој беше предложен како “сведок експерт кој треба да даде правно мислење по однос на тоа дали се повредени норми од Законот за кривична постапка”. Предлогот беше одбиен бидејќи органот кој ја води постапката го применува законот и правните норми во него. Сите останати докази беа изведени. Согласно правилникот, присуството на предлагачот – Јавниот обвинител на РСМ не е задолжително и тој остана на доказите наведени во писмениот предлог. Ова не го оспорија ниту јавните обвинителки против кои се води постапката, појаснуваат од Обвинителството.
Инаку, постапувајќи по предлогот на републичкиот обвинител Љубомир Јовески, Комисијата првично одржа расправа на која го разгледа писмениот извештај од известителот по предлогот за поведување дисциплинска постапка и писмените изјаснувања на јавните обвинителки, по што оцени дека постои основано сомнение дека трите јавни обвинителки сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство. Дисциплинската постапка против трите обвинителки следуваше за нивното постапувањето во случајот поврзан со претресот во Управата за финансиска полиција. Предметот кој го отвори обвинителката Русковска против екс директорот на Управата, Арафат Муареми, пак, премина во рацете на обвинителката Лиле Стефанова, бидејќи според републичкиот обвинител Јовески, од старт за овој случај бил надлежен обвинител од Одделението за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

The post Обвинителките Русковска, Трајчева и Јосифоска денеска беа сослушани во Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-izbegnuva-soslushuvanjeto-za-vojnata-vo-ukraina-vo-sudot-na-on/ Mon, 07 Mar 2022 09:55:02 +0000 https://republika.mk/?p=468846

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.

Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки - рече претседателката Џоан Доногју.

Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето.

Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.

The post Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН appeared first on Република.

]]>

Русија одби да присуствува денеска на сослушувањето во Високиот суд на ОН каде Украина бара итна наредба за прекин на конфликтот, рече главниот судија.
Судот жали поради непојавувањето на Руската федерација во овие усни постапки - рече претседателката Џоан Доногју.
Редот од места резервирани за руски адвокати во Меѓународниот суд на правдата беше празен денеска наутро кога беше отворено сослушувањето. Претседателката на судот, американската судијка Доногју, рече дека рускиот амбасадор во Холандија ги информирал судиите дека „неговата влада немала намера да учествува во усната постапка“. Сослушувањето помина без руската делегација.

The post Русија го избегнува сослушувањето за војната во Украина во судот на ОН appeared first on Република.

]]>