Сорбона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sorbona/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 08:56:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сорбона Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sorbona/ 32 32 Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/luka-hadhi-jordanov-edinstveniot-makedonets-so-stipendija-pgsm-za-sorbona/ Wed, 31 Jul 2024 08:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=801921

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).

Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика.

Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади.

На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година, објаснува Хаџи Јорданов.

The post Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона appeared first on Република.

]]>

Лука Хаџи Јорданов е единствениот Македонец кој добил стипендија PGSM за магистерски студии на познатиот универзитет Сорбона во Франција, кој на Шангајската листа е 4-ти во светот за студии по математика. Оваа стипендија PGSM (Paris Graduate School for Mathematical Sciences) годинава ја добиле 32 студенти во првиот рок за аплицирање, односно вкупно 44 студенти (повеќе информации за стипендијата на следниов линк: https://www.sciencesmaths-paris.fr/en/pgsm-master).
Оваа стипендија се доделува за студирање на универзитетите Sorbonne, Paris Dauphine и Paris Cité од 2010 година. Точниот број кандидати годинава се уште не е објавен, но во 2022 за овие факултети аплицирале 1023 кандидати, од кои само 41 ја добиле стипендијата, што значи ја добиваат помалку од 5% од кандидатите. Тој, исто така, аплицирал и бил примен на Оксфорд, 3. по ред на Шангајската листа за математика. Лука се натпреварува по математика уште од осмо одделение и досега бил на околу 50 олимпијади.
На околу 30-тина имам освоено медал, што претставува рекорд меѓу македонските олимпијци по математика, можеби и во која било друга наука. Годинава дипломирав теориска математика на Математичкиот факултет при Универзитетот во Белград, највисоко рангираниот универзитет на Балканот по Шангајска листа. Четиригодишните студии ги завршив за 3 години со 10.0 просек, додека последните 18 испити (од 40 вкупно) ги положив во рок од 6 месеца (вклучува и 11 испити положени во една споена испитна сесија). Мислам дека сум единствениот студент во Србија што успеал да го постигне ова откако постои Болоњската декларација во оваа земја од 2003 година, објаснува Хаџи Јорданов.

The post Лука Хаџи Јорданов – единствениот Македонец со стипендија PGSM за Сорбона appeared first on Република.

]]>
Ова е чудесно, волшебно место, вели Клер Беталу, професорка на Сорбона, која со реставратори од Франција е во посета на црквата Света Богороциа во Лешочкиот манастир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ova-e-chudesno-volshebno-mesto-veli-kler-betalu-profesorka-na-sorbona-koja-so-restavratori-od-frantsija-e-vo-poseta-na-tsrkvata-sveta-bogorotsia-vo-leshochkiot-manastir/ Mon, 13 Nov 2023 07:58:34 +0000 https://republika.mk/?p=700869

Црквата Света Богородица во тетовскиот Лешочки манастирски комплекс каде летово беше најден слој на фрескоживопис од 13 век, како и трослојно ѕидно сликарство ја посетија реставратори, универзитетски професори и стручни лица од Франција кои ќе соработуваат со македонските колеги во насока на зачувување на културното наследство. Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат.

Инструментот на Европската комисија-ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации) е можноста за оваа соработка и причината за која стручни лица од Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона да престојуваат во државата со цел да се запознаат со можностите за зачувување на културното наследство.

Се надеваме дека посетата на странски експерти е еден мал чекор во заштитата,но соработката со истите се мислеше дали да биде работилница или експертска мисија. Се одлучивме за експертска мисија, затоа што мислиме дека прво треба да се запознаат стручњаците од странство со нашите споменици за да можеме понатаму да преземеме конкретни активности во која насока би се одвивале овие работи. Во секој случај е подолгогодишна соработка со нив и со Универзитетот Сорбона. Во оваа прва фаза сега сме да се запознаеме со проблематиките, а за понатаму може да произлезе еден посериозен проект што заеднички ќе го работиме со нашите колеги од Франција, изјави Владо Мукоски, конзерватор за ѕидно сликарство.

Клер Беталу која е професорка на Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона, како и директорка на Програмата за студии за реставрација, вели дека ова што го видела во Лешочкиот манастир е нешто ново и невообичаено.

Ова е чудесно, волшебно место, и можноста што ја имам да го разоткријам и да го запознаам со тимот стручни реставратори и конзерватори, овозможува да ја разберам историската важност на оваа градба. Чудесноста ја наоѓам во оваа целисходност и комплексност на градбата. Податокот дека тука се мешаат живописи од 17 и 19 век е навистина за мене нешто неверојатно, нешто ново, нешто прекрасно бидејќи во Франција не постои таква традиција. Традицијата во Франција е да се задржи најновиот слој и да се униформира на некој начин декорот, сликата, изјави Беталу.

Таа и самата е реставраторка и конзерваторка па смета дека има одлична прилика за соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар.

Оваа првична недела има за цел да се запознаеме со македонските колеги, да ги размениме искуствата, да го запознаеме нивниот начин на реставрација и конзервација. Понатаму може да се оформат тимови на размена на знаење бидејќи ова е начин на реставрација што не ни е многу познат во Европа, така што е многу интересна оваа структура, овој проект на размена и се разбира дека има идни можности за соработка, рече Беталу.

Македонските конзерватори откако летово открија повеќеслојно сликарство во црквата во Лешок велат дека аплицирале до Министерството за култура и чекаат средства да продолжат со работата и во текот на наредната година.

Да се надеваме дека ќе биде поддржан овој проект со поголеми финансии со тоа што динамиката ќе се зголеми во зависност од средствата. Очекуваме да продолжат истражувањата, и очекуваме да најдеме и други откритија. Како што беше големото откритие на Кирил Александриски. Не се надевавме дека ќе дојдеме до трослојно сликарство, така што и самиот проект ја смени динамиката и тие се малце покомплексни работи што треба и како треба да се презентира. Тоа сигурно ќе биде покомплициран зафат затоа што да раслоите три слоја на сликарство, а да го зачувате е навистина реткост, истакна Владо Мукоски.

Во текот на јуни при годинешниве работи на реставрацијата беше откриен трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок. Конзерваторите направија соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13 век ќе биде покриен со тој од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати.

Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид на културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат што повеќе луѓе.

The post Ова е чудесно, волшебно место, вели Клер Беталу, професорка на Сорбона, која со реставратори од Франција е во посета на црквата Света Богороциа во Лешочкиот манастир appeared first on Република.

]]>

Црквата Света Богородица во тетовскиот Лешочки манастирски комплекс каде летово беше најден слој на фрескоживопис од 13 век, како и трослојно ѕидно сликарство ја посетија реставратори, универзитетски професори и стручни лица од Франција кои ќе соработуваат со македонските колеги во насока на зачувување на културното наследство. Неделава конзерваторите од Националниот конзерваторски центар низ повеќе локации во државата ги запознаа колегите од Франција со конзерваторските работи кои се во тек, како основа врз која во иднина може да соработуваат. Инструментот на Европската комисија-ТАЕКС (Техничка помош и размена на информации) е можноста за оваа соработка и причината за која стручни лица од Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона да престојуваат во државата со цел да се запознаат со можностите за зачувување на културното наследство.
Се надеваме дека посетата на странски експерти е еден мал чекор во заштитата,но соработката со истите се мислеше дали да биде работилница или експертска мисија. Се одлучивме за експертска мисија, затоа што мислиме дека прво треба да се запознаат стручњаците од странство со нашите споменици за да можеме понатаму да преземеме конкретни активности во која насока би се одвивале овие работи. Во секој случај е подолгогодишна соработка со нив и со Универзитетот Сорбона. Во оваа прва фаза сега сме да се запознаеме со проблематиките, а за понатаму може да произлезе еден посериозен проект што заеднички ќе го работиме со нашите колеги од Франција, изјави Владо Мукоски, конзерватор за ѕидно сликарство.
Клер Беталу која е професорка на Универзитетот Париз 1 Партеон-Сорбона, како и директорка на Програмата за студии за реставрација, вели дека ова што го видела во Лешочкиот манастир е нешто ново и невообичаено.
Ова е чудесно, волшебно место, и можноста што ја имам да го разоткријам и да го запознаам со тимот стручни реставратори и конзерватори, овозможува да ја разберам историската важност на оваа градба. Чудесноста ја наоѓам во оваа целисходност и комплексност на градбата. Податокот дека тука се мешаат живописи од 17 и 19 век е навистина за мене нешто неверојатно, нешто ново, нешто прекрасно бидејќи во Франција не постои таква традиција. Традицијата во Франција е да се задржи најновиот слој и да се униформира на некој начин декорот, сликата, изјави Беталу.
Таа и самата е реставраторка и конзерваторка па смета дека има одлична прилика за соработка со колегите од Националниот конзерваторски центар.
Оваа првична недела има за цел да се запознаеме со македонските колеги, да ги размениме искуствата, да го запознаеме нивниот начин на реставрација и конзервација. Понатаму може да се оформат тимови на размена на знаење бидејќи ова е начин на реставрација што не ни е многу познат во Европа, така што е многу интересна оваа структура, овој проект на размена и се разбира дека има идни можности за соработка, рече Беталу.
Македонските конзерватори откако летово открија повеќеслојно сликарство во црквата во Лешок велат дека аплицирале до Министерството за култура и чекаат средства да продолжат со работата и во текот на наредната година.
Да се надеваме дека ќе биде поддржан овој проект со поголеми финансии со тоа што динамиката ќе се зголеми во зависност од средствата. Очекуваме да продолжат истражувањата, и очекуваме да најдеме и други откритија. Како што беше големото откритие на Кирил Александриски. Не се надевавме дека ќе дојдеме до трослојно сликарство, така што и самиот проект ја смени динамиката и тие се малце покомплексни работи што треба и како треба да се презентира. Тоа сигурно ќе биде покомплициран зафат затоа што да раслоите три слоја на сликарство, а да го зачувате е навистина реткост, истакна Владо Мукоски.
Во текот на јуни при годинешниве работи на реставрацијата беше откриен трослојниот фрескоживопис од 13, 17 и 19 век во црквата Света Богородица во Лешок. Конзерваторите направија соодветен носач со кој постариот фрескоживопис од 13 век ќе биде покриен со тој од 17 век. По потреба за научните истражувања ќе може да се помести, да се работи и пак да се врати. Секоја година по 20-тина дена неколку члената екипа на конзерватори работи на заштита на ваквиот вид на културно наследство во црквите стари и по неколку векови. Овие стручни лица посочуваат на потребата од повеќе средства, но и да се образуваат што повеќе луѓе.