Соравија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soravija/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 14:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соравија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soravija/ 32 32 Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-za-sluchajot-soravija-nikoj-ne-e-nad-zakonot-i-sekoj-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki/ Mon, 29 Jul 2024 14:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=801357

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера.

На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.

Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.

Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.

Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.

Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.

Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера. На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.
Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.
Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.
Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.
Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.
Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>
Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/finasier-na-uchk-ja-prezema-firmata-na-drin-ahmeti/ Thu, 14 Mar 2024 10:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=754666

Oткако Тор индустрис на Дрин Ахмети објави дека фирмата ја презема компанијата Тексас американ интернешнл холдингс (Texas American International Holdings Inc.), емисијата„Код“ објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги.

Мехмеди е и финансиер на УЧК и во деведесеттите години во неколку наврати испраќал пари во Приштина.

Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмеди од основачкиот влог од три милиони евра.

Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

The post Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Oткако Тор индустрис на Дрин Ахмети објави дека фирмата ја презема компанијата Тексас американ интернешнл холдингс (Texas American International Holdings Inc.), емисијата„Код“ објави дека во јули лани, Ник Назар Мехмеди основал фирма со влог од 3 милиони евра и со седиште на истата адреса како Тор. Ник Мехмеди е сопственик на стриптиз барови во Далас, Тексас, а скопската фирма му се вика Американ инвестментс и е регистрирана за консултантски услуги. Мехмеди е и финансиер на УЧК и во деведесеттите години во неколку наврати испраќал пари во Приштина. Дрин Ахмети таму стана директор лани на први септември, односно по примена позајмица од страна на фирмата на Ник Мехмеди од основачкиот влог од три милиони евра. Во обвинителството водат две предистраги за Тор и Дрин Ахмети, едната е за Соравиа и купувањето на овој деловен центар која е проширена и во која има и други проверки за имот и за финансиски трансакции. Втората е во скопското обвинителство и се однесува на 749 парчиња пиротехника и огномети кои еден ден пред Нова Година беа најдени во гепекот на автомобилот на Дрин Ахмети.

The post Финасиер на УЧК ја презема фирмата на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-se-povlekuva-od-rakovodnata-funktsija-na-tor-industris-soopshti-kompanijata/ Wed, 13 Mar 2024 18:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=754522

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“.

Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.

Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.

Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“. Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.
Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.
Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.
Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.
Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време. Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>
Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mladite-sakaat-da-se-iselat-a-vlasta-im-prodava-prikazni-deka-24-godishen-anonimus-mozhe-da-ja-kupi-soravija/ Sat, 22 Jul 2023 13:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=664221

Една од причините мотивите за вклучување во политиката ми беше да се подобри животот на младите во Македонија за да ни останат тука. Јас сум мајка на два сина кои се мали за да зборуваат за иселување, но ќе дојде момент кога тоа ќе се случи и гледајќи ги како растат си го поставувам прашањето зошто младите се иселуваат. Секојдневно низ разни примери гледаме како кај младите создава незадоволство на секое ниво, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија за Економија на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“.

Кочоска Димитриеска истакна дека младите гледаат како некој на 24 годишна возраст може да ја купи Соравија, а претходно бил целосен анонимус, додека во исто време тие се трудат и работат, им продаваат приказни како тој бил мотивиран.

Тоа што најмногу им смета на младите и се иселуваат од државата, отвораме вести погледнуваме вести. Првата вест вели 59% пораснала просечната плата во Македонија откако се СДС на власт, а вие како млади го читате ова и си викате дека некој кој имал плата до 24.000 денари во 2017 денес треба да има 38.000 денари плата, ги погледнувате вашите родители или средината и се прашувате кој добил толку кога тоа не е така. Понатаму дали може да се преживее месецот. Знаете дека инфлацијата во Македонија беше над 20%, цените остануваат високи, храната порасна за над 30%, гледаме дека во опкружување немаме покачување на плати како што се фали владата. И доаѓаме до заклучок дека од владата лажат, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека додека во исто време се фалат со толку голема плата, ако погледнете огласи и кога се аплицира за работно место платата е еднаква на минималната.

Сите знаат дека 85% од луѓето кои плаќаат придонеси имаат плата под просечната и си викате на кому се продаваат приказни дека убаво се живее, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи и дека уште една работа што ги фрустрира младите е како се делат парите од Фонд за иновации, се е поврзано со корупција и криминал.

Младите не сакаат да ги гледаат овие неправди. Околу рудникот Иловица се сеќавате дека истиве луѓе протестираа и кажуваат дека три министерки не приметиле какви документи им се даваат. Кога ќе се прочита збор рудник треба косата да им се крене да се тргне точката и да се анализира. Младите си викаат зошто да седат во вакво општество каде и неписмените продаваат приказни дека се писмени, рече Димитриеска Кочоска.

The post Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија appeared first on Република.

]]>

Една од причините мотивите за вклучување во политиката ми беше да се подобри животот на младите во Македонија за да ни останат тука. Јас сум мајка на два сина кои се мали за да зборуваат за иселување, но ќе дојде момент кога тоа ќе се случи и гледајќи ги како растат си го поставувам прашањето зошто младите се иселуваат. Секојдневно низ разни примери гледаме како кај младите создава незадоволство на секое ниво, изјави Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната панел дискусија за Економија на Саем на проекти за млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, „Иднина за сите во Македонија“. Кочоска Димитриеска истакна дека младите гледаат како некој на 24 годишна возраст може да ја купи Соравија, а претходно бил целосен анонимус, додека во исто време тие се трудат и работат, им продаваат приказни како тој бил мотивиран.

Тоа што најмногу им смета на младите и се иселуваат од државата, отвораме вести погледнуваме вести. Првата вест вели 59% пораснала просечната плата во Македонија откако се СДС на власт, а вие како млади го читате ова и си викате дека некој кој имал плата до 24.000 денари во 2017 денес треба да има 38.000 денари плата, ги погледнувате вашите родители или средината и се прашувате кој добил толку кога тоа не е така. Понатаму дали може да се преживее месецот. Знаете дека инфлацијата во Македонија беше над 20%, цените остануваат високи, храната порасна за над 30%, гледаме дека во опкружување немаме покачување на плати како што се фали владата. И доаѓаме до заклучок дека од владата лажат, рече Димитриеска Кочоска.

Таа посочи дека додека во исто време се фалат со толку голема плата, ако погледнете огласи и кога се аплицира за работно место платата е еднаква на минималната. Сите знаат дека 85% од луѓето кои плаќаат придонеси имаат плата под просечната и си викате на кому се продаваат приказни дека убаво се живее, рече Димитриеска Кочоска. Таа посочи и дека уште една работа што ги фрустрира младите е како се делат парите од Фонд за иновации, се е поврзано со корупција и криминал.
Младите не сакаат да ги гледаат овие неправди. Околу рудникот Иловица се сеќавате дека истиве луѓе протестираа и кажуваат дека три министерки не приметиле какви документи им се даваат. Кога ќе се прочита збор рудник треба косата да им се крене да се тргне точката и да се анализира. Младите си викаат зошто да седат во вакво општество каде и неписмените продаваат приказни дека се писмени, рече Димитриеска Кочоска.

The post Младите сакаат да се иселат, а власта им продава приказни дека 24 годишен анонимус може да ја купи Соравија appeared first on Република.

]]>
Дали со молчењето власта потврдува дека Дрин Ахмети не платил данок за „Соравиja“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-so-molcheneto-vlasta-potvrduva-deka-drin-ahmeti-ne-platil-danok-za-soravija/ Thu, 06 Jul 2023 08:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=658573

Скандалите со кланот од Зајас немаат крај, се надоврзуваат еден на друг. А, Власта молчи и не дава одговори, туку напротив се обидува овој случај да го заташка и да дефокусира со други теми. Ваквиот однос на ДУИ и СДС само потврдува дека сите коруптивни зделки кои ги објавуваме и за кои говори јавноста се точни, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, освен што се стекна со сериозен удел во Трговскиот центар Соравиа без да уплати и денар, постои сериозен сомнеж дека нема уплатено ниту денар на име платен промет за овој свој „успешен бизнис“. Владата оваа информација не ја демантираше. Впрочем нивниот молк говори дека се фатени на дело. Доколку Дрин Ахмети не уплатил данок за оваа трансакција која се уште сама по себе е скандалозна и отвора сомнежи за сериозен криминал и корупција, тогаш сторил сериозен криминал и  предизвикал финансиска штета на државата. За тоа треба да биде испитуван и гонет од неколку институции.

Да потсетиме дека уделот кој што Дрин Ахмети го стекнал во Соравиа, без да плати денар, тежи милиони евра. Патем трговскиот центар не е загубар како што се обидуваа да го престават, туку во последните години остварил добивка од 2 милиони евра. Сето ова е основа на која треба да се прави истрага од надлежните институции. Правосудството наместо да биде продолжена маша и да исполнува политички нарачки на власта треба да се позанимава со овој скандал со кланот Зајас.

The post Дали со молчењето власта потврдува дека Дрин Ахмети не платил данок за „Соравиja“ appeared first on Република.

Обвинителството на Ислам Абази ќе ja истражува купопродажбата на „Соравија“ од Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-na-islam-abazi-ke-ja-istrazhuva-kupoprodazhbata-na-soravija-od-drin-ahmeti/ Wed, 05 Jul 2023 10:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=658322

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрин, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент, објави „Алсат“.

Обвинителството  за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“.

Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), се наведува во одговорот на Обвинителството.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-ne-platil-ni-danok-za-soravija/

The post Обвинителството на Ислам Абази ќе ja истражува купопродажбата на „Соравија“ од Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет за истрагата за продажбата на трговскиот центар Соријавија, за која се вели дека внукот на Али Ахмети, Дрин, добил над 39 отсто од акциите без да инвестираат ниту цент, објави „Алсат“. Обвинителството  за Алсат вели дека го отворило случајот за истрага по гласовите во јавноста. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, по информациите кои постојано се објавуваат во медиумите, минатата недела отвори предмет според гласовите во јавноста за купопродажбата на ТЦ „Соравија“. Предметот е доделен на јавен обвинител кој ќе постапи и ќе ги достави соодветните поднесоци до институциите надлежни за истрага на финансиските текови (Управа за финансиска полиција, Единица за финансиски истраги при Министерството за внатрешни работи, Управа за јавни приходи итн.), се наведува во одговорот на Обвинителството. https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-ne-platil-ni-danok-za-soravija/

The post Обвинителството на Ислам Абази ќе ja истражува купопродажбата на „Соравија“ од Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Внукот на Ахмети не платил ни данок за Соравија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-ne-platil-ni-danok-za-soravija/ Wed, 05 Jul 2023 09:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=658267

Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на Соравија и како е извршена трансакцијата?, повика Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Прашува дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет?

Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива. Истовремено мора да се нотира дека се лага тврдењата и сликата која сакаат да ја создадат Ахмети и други инволвирани во случајот, дека Соравија е загубар, со големи кредити. Од достапните информации, може да се заклучи дека за две години деловниот центар Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога истиот не е целосно искористен. Деловниот центар Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Оттука логички се поставува прашањето, дали во истиот ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи? Дали кланот Зајас преку Соравија ќе вади милионски профити?, вели Ковачки.

The post Внукот на Ахмети не платил ни данок за Соравија? appeared first on Република.

]]>

Владата на Ковачевски и институциите под негова контрола наместо да молчат, да кажат дали е платен данок за промет на Соравија и како е извршена трансакцијата?, повика Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Прашува дали внукот на Ахмети покрај тоа што не платил ниту денар за Соравија, не платил ниту денар на име данок на промет?
Според тоа што го објавија медиумите во нивни истражувања не е евидентирана никаква трансакција во Македонија? Оттука Ахмети треба да каже како е направена купопродажбата и преку која даночна регулатива. Истовремено мора да се нотира дека се лага тврдењата и сликата која сакаат да ја создадат Ахмети и други инволвирани во случајот, дека Соравија е загубар, со големи кредити. Од достапните информации, може да се заклучи дека за две години деловниот центар Соравија остварил добивка од близу 2 милиони евра. И сето тоа кога истиот не е целосно искористен. Деловниот центар Соравија е голем објект кој има голем неискористен простор. Оттука логички се поставува прашањето, дали во истиот ќе се најдат како закупци фирми блиски до власта или можеби и државни органи? Дали кланот Зајас преку Соравија ќе вади милионски профити?, вели Ковачки.
   
The post Внукот на Ахмети не платил ни данок за Соравија? appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-ke-proveri-kako-bile-izdadeni-dozvolite-za-hidrotsentrala-na-drin-ahmeti/ Mon, 03 Jul 2023 19:31:46 +0000 https://republika.mk/?p=657852

Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска.

Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.

За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска.

Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.

За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои сè институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

The post Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Антикорупциската комисија ќе направи проверки дали постои судир на интереси при постапувањето на институциите во случајот со издавањето концесија за изградба на хидроцентрала на Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, најави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска. Во гостување во дневникот на Сител прашана во врска со актуелни случаи поврзани со семејството на лидерот на ДУИ, односно со внуците и синот на Али Ахмети и конкретно барањата на опозицијата да ја провери имотната состојба на внукот Дрин Ахмети кој без ниту еден денар стекнал 39 проценти од акциите во ТЦ „Соравија“, Ивановска појасни дека тој не е функционер и немаат надлежност да ја испитуваат неговата имотна состојба.
За да испитуваме ние имотна состојба на Дрин Ахмети немаме надлежност бидејќи тој не е функционер. Меѓутоа, ние можеме да постапуваме од аспект на тоа како постапувале институциите – кога му ги давале дозволите за работа? Значи, од тој аспект – да, може да постапува ДКСК, рече Ивановска.
Таа при тоа потврдно одговори дека проверките ќе бидат направени од Антикорупциска за како биле издадени дозволите. Воедно, појасни дека за да се отвори предмет по сопствена иницијатива, одлуката треба да биде донесена на колегиумот на антикорупционерите.
За ние за да отвориме предмет треба сите околности да ги ставиме на едно место и на колегиум да донесеме одлука по сопствена иницијатива да отвориме предмет. Меѓутоа, една колешка ни е на скрининг. Моментално на работа сме две колешки. Следната недела мислам дека ќе имаме кворум за да имаме колегиум. Во меѓувреме си ги правиме истражувањата кои сè институции се вклучени во неговиот случај, така што кога ќе имаме колегиум да бидеме подготвени и да кажеме овие и овие ситуации се пред нас, рече претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

The post Антикорупциска ќе провери како биле издадени дозволите за хидроцентрала на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Малинковски: Навреда за интелигенцијата на јавноста е целиот случај со Ахмети и „Соравија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/malinkovski-navreda-za-inteligentsijata-na-javnosta-e-tseliot-sluchaj-so-ahmeti-i-soravija/ Mon, 03 Jul 2023 18:43:48 +0000 https://republika.mk/?p=657843

Случајот со купувањето на дел од „Соравија“ од членови на семејството Ахмети е навреда за интелигенцијата на јавноста и обраќањето на австрискиот акционер кога кажа дека се решил да му ги подари акциите, бидејќи бил воодушевен од енергијата, позитивноста и идеите на момчето, истакна Драган Малиновски, адвокат и поранешен член на ДКСК, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

Институциите овде дефинитивно мора да се позанимаваат. Имаме Управа за финансиско разузнување и други институции, бидејќи сите бевме затечени од начинот како беше презентиран и образложен тој трансфер на сопственоста на „Соравија“, истакна Малиновски.

The post Малинковски: Навреда за интелигенцијата на јавноста е целиот случај со Ахмети и „Соравија“ appeared first on Република.

Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-smeta-deka-mozhe-da-se-otvori-istraga-za-kupuvaneto-na-soravija/ Tue, 27 Jun 2023 20:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=655855

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека има можност да се отвори постапка за проверка на финансиските текови околу продажбата на ТЦ „Соравија“, со која како што беше објавено вчера, со 39 проценти удел ќе се стекне Дрин Ахмети.

Ова се податоци и информации коишто даваат можност да се отвори постапка за проверка, пред се финансиските текови, и секако дека Јавното обвинителство ќе може да отвори истрага и на основа на тоа да задолжи соодветни институции за спроведување на законот и да се проверат сите факти и аргументи, изјави Спасовски, на новинарско прашање дали МВР ќе провери како Дрин Ахмети се стекнал со 39 проценти од „Соравија“.

Во однос на случајот и истрагите за градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко откако пред една недела беше ставен на Црната листа на САД посочи дека МВР како институција е подготвена да постапува по сите наредби кои ќе ги добијат.

-Ние дадовме многу конкретни информации во однос на оваа состојба, во однос на предметите кои се водат беа изнесени точно и од страна на Јавното обвинителство во делот на овие постапки. Така што, ние сме тука како институција да постапуваме по сите наредби кои ќе ги добиеме не само за конкретниот случај туку и за сите останати, меѓутоа, да, има случај за ова и се наоѓа пред обвинителство, изјави министерот Спасовски.

The post Спасовски смета дека може да се отвори истрага за купувањето на „Соравија“ appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за купувањето на Соравија од страна на внукот на Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-bara-javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-kupuvaneto-na-soravija-od-strana-na-vnukot-na-ahmeti/ Tue, 27 Jun 2023 09:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=655602

Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади  целата оваа зделка.

Тор Индустриес на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети е фирма која е основано во 2020 година, истата не прикажува профит, напротив работи и со загуба. Истата оваа фирма, сега заедно со албанската Певлаку ШПК го презема деловниот центар Соравиа, и наместо со паричен влог, фирмата партнер од Албанија е таа која плаќа, а младиот Ахмети добива 39% затоа што е млад и има убав поглед кон иднината. И како таков треба да го менаџира деловниот центар, објаснува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=VZn5P7eqHwo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Кога си внук на Али Ахмети, покрај тоа што други фирми плаќаа за да ти бидат партнери, и владата ти дава милионски бизниси, министрите од ДУИ се редат за да гласаат за тебе.

Имено на 14.05.2019 година на седница на влада на која биле Бујар Османи и Крешник Бектеши е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на Еверест ЏД на Дрин Ахмети, кога младиот претприемач имал само 21 година.

Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 KW. За да се направи таква хидроцентрала потребни се 1.2 милиони евра.

Гледајќи како функционира Дрин Ахмети, сигурно некоја банка одлучила во целост да ја покрие инвестицијата на 21 годишникот.

ЈО и органите на прогонот треба да отворат истрага веднаш. Како 25 годишниот внук на Ахмети влегува во милионски бизниси, без вложен денар? Дали за тоа му помогнала функција на неговиот чичко? Дали Ахмети тргувал со влијание за младиот Дрин Ахмети бесплатно да добие 39% сопственост на 30 милионскиот деловен центар Соравиа? Дали Али влијаел за Дрин да добие концесија за хидроцентрала и потоа и да ја изгради?

Внукот на Ахмети очигледно е најпосакуваниот бизнис партнер во Македонија, за тој да влезе во бизнис, не плаќа, туку други плаќаат за него.

Секој граѓанин, но и ЈО и истражните органи треба да си дадат пред себе  одговор на следното прашање. Дали било кој друг бизнисмен од Македонија или било каде во светот, ќе добие 39% од некоја милионска луксузна недвижност, без да плати за тоа ниту еден цент, само затоа што има претприемачки дух?

Сите добро го знаеме одговорот на ова прашање. Одговорот е не! Токму затоа непостапувањето од страна на ЈО и на истражните органи ќе значи нивна вмешаност, но и ќе остане запаметено како најподаничкото однесување на ЈО и одлика на заробената држава од страна на ДУИ и на СДС.

Сите инволвирани, треба да знаат дека за ова одговорност ќе има.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за купувањето на Соравија од страна на внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, со вчерашното признание дека презема 39% од сопственоста на деловниот центар Соравиа, без да даде ниту еден денар за тоа, само затоа што има претприемачки дух, фрла сомнеж и дополнително го инкриминира Али Ахмети, дека тој лично стои позади  целата оваа зделка. Тор Индустриес на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети е фирма која е основано во 2020 година, истата не прикажува профит, напротив работи и со загуба. Истата оваа фирма, сега заедно со албанската Певлаку ШПК го презема деловниот центар Соравиа, и наместо со паричен влог, фирмата партнер од Албанија е таа која плаќа, а младиот Ахмети добива 39% затоа што е млад и има убав поглед кон иднината. И како таков треба да го менаџира деловниот центар, објаснува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=VZn5P7eqHwo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Кога си внук на Али Ахмети, покрај тоа што други фирми плаќаа за да ти бидат партнери, и владата ти дава милионски бизниси, министрите од ДУИ се редат за да гласаат за тебе.
Имено на 14.05.2019 година на седница на влада на која биле Бујар Османи и Крешник Бектеши е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на Еверест ЏД на Дрин Ахмети, кога младиот претприемач имал само 21 година. Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 KW. За да се направи таква хидроцентрала потребни се 1.2 милиони евра. Гледајќи како функционира Дрин Ахмети, сигурно некоја банка одлучила во целост да ја покрие инвестицијата на 21 годишникот. ЈО и органите на прогонот треба да отворат истрага веднаш. Како 25 годишниот внук на Ахмети влегува во милионски бизниси, без вложен денар? Дали за тоа му помогнала функција на неговиот чичко? Дали Ахмети тргувал со влијание за младиот Дрин Ахмети бесплатно да добие 39% сопственост на 30 милионскиот деловен центар Соравиа? Дали Али влијаел за Дрин да добие концесија за хидроцентрала и потоа и да ја изгради? Внукот на Ахмети очигледно е најпосакуваниот бизнис партнер во Македонија, за тој да влезе во бизнис, не плаќа, туку други плаќаат за него.
Секој граѓанин, но и ЈО и истражните органи треба да си дадат пред себе  одговор на следното прашање. Дали било кој друг бизнисмен од Македонија или било каде во светот, ќе добие 39% од некоја милионска луксузна недвижност, без да плати за тоа ниту еден цент, само затоа што има претприемачки дух?
Сите добро го знаеме одговорот на ова прашање. Одговорот е не! Токму затоа непостапувањето од страна на ЈО и на истражните органи ќе значи нивна вмешаност, но и ќе остане запаметено како најподаничкото однесување на ЈО и одлика на заробената држава од страна на ДУИ и на СДС. Сите инволвирани, треба да знаат дека за ова одговорност ќе има.

The post ВМРО-ДПМНЕ бара Јавното обвинителство да отвори истрага за купувањето на Соравија од страна на внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Внукот на Ахмети објасни како ја купил „Соравија“: Дознавме дека има долг што не може да го врати, па го откупивме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-objasni-kako-ja-kupil-soravija-doznavme-deka-ima-dolg-shto-ne-mozhe-da-go-vrati-pa-go-otkupivme/ Mon, 26 Jun 2023 11:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=655302

Бизнисменот Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, чија фирма е нов сопственик на деловниот центар „Соравија“, пред јавноста објаснуваше како дошло до идејата да се купи имотот во центарот на Скопје. Тој објасни дека дознал за долговите што ги има деловниот центар, а не може да ги врати, по што стапил во контакт со австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија. Имало разговори и анализи и тогаш Дрин Ахмети решил со фирмите да го купи бизнис-центарот, но да ги исплати и долговите.

Ние почнавме од минатата година од април кога испративме писмо да имаме пристап до сите важни финансиски податоци за сите компании што имаат удел во ‘Соравија’. Баравме информации за да ги анализираме податоците и дојдовме до сознанија дека имаат голем долг, кој не може да го вратат. Го видовме ова како можност да направиме нешто. По разговорите, решивме да гледаме на ова како можност, одлучивме да одиме на средба во Виена, кај господинот Соравија. Таму јас ја претставив мојата компанија, мојот конзорциум. Дискутиравме за можноста како да најдеме договор во врска со имотот - изјави Ахмети.

Бизнисменот посочи дека австрискиот милијардер и инвеститор Хано Соравија, кој остана со 10 проценти удели во бизнис-центарот, сакал партнери во бизнисот. Дрин Ахмети со фирмите нашол кредитна линија за да се платат долговите.

Хано Соравија ги поздрави дискусиите. Гледаше дека има хемија меѓу нас и сакаше еден конкретен предлог во врска со ситуацијата. И тој сакаше да има мал удел во компанијата што досега ја имаше. Ние дискутиравме од октомври минатата година до мај оваа година кога потпишавме договор. Во договорот, кој е постигнат во врска со финансиите, од наша страна учеството беше најдено преку банка во Албанија, каде што партнерот има свој удел. Уплативме 51 процент за „Соравија“ - додаде Ахмети.

„Соравија инвест“ има долг кон банки со износ од 20 милиони евра.

Ова е вистинската приказна за компанијата. Ние имаме повеќе од 20 милиони евра обврски. Го презедовме долгот на ‘Соравија’ како одговорност. За плаќањето на долгот на ‘Соравија’ имаме земено кредитна линија 6 милиони евра, од кои три милиони се одобрени. Ова сè е направено за иднината на Соравија - рече Дрин Ахмети.

The post Внукот на Ахмети објасни како ја купил „Соравија“: Дознавме дека има долг што не може да го врати, па го откупивме appeared first on Република.

Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ne-odgovori-dali-razgovaral-so-ahmeti-za-sluchaite-so-merko-i-soravia/ Sun, 25 Jun 2023 13:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=654948

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите.

- Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар.  Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.

За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни

-  На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски.

Во однос на барањето на Антикоруциската комисија за Законот за потекло на имот, Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза. Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен, рече Ковачевски.

-Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски.

Тврди дека се што е до Владата, било процесирано и дека нема ниту еден документ застанат во Владата.

- Секогаш кога некој ќе побарал нешто во Владата, секогаш било доставено. Не заборавајте два генерални секретари на Владата се на суд, рече Ковачевски.

Премиерот повторно се обрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање во чија фиока стојат предметите поврзани со нив и дали за еден, како што рече, „потазе случај се јавувале кај бившата обвинителка... кај еден од обвинителите што не се на функција“.

-Дали има еден предмет што го шетале меѓу три обвинители?  Зашто го шетале меѓу три обвинители за да се падне кај некој кој ќе го сочува некаде? Ова се прашања на кој што тие треба да одговорат, рече Ковачевски

The post Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук. Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите.
- Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд. Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар.  Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.
За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни -  На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски. Во однос на барањето на Антикоруциската комисија за Законот за потекло на имот, Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза. Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен, рече Ковачевски. -Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски. Тврди дека се што е до Владата, било процесирано и дека нема ниту еден документ застанат во Владата.
- Секогаш кога некој ќе побарал нешто во Владата, секогаш било доставено. Не заборавајте два генерални секретари на Владата се на суд, рече Ковачевски.
Премиерот повторно се обрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање во чија фиока стојат предметите поврзани со нив и дали за еден, како што рече, „потазе случај се јавувале кај бившата обвинителка... кај еден од обвинителите што не се на функција“. -Дали има еден предмет што го шетале меѓу три обвинители?  Зашто го шетале меѓу три обвинители за да се падне кај некој кој ќе го сочува некаде? Ова се прашања на кој што тие треба да одговорат, рече Ковачевски

The post Ковачевски не одговори дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>
„ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duing-biznis-bratot-na-grubi-si-kupi-dukan-na-ulitsa-makedonija-vnukot-na-ahmeti-trgovski-tsentar-sinot-raboti-so-struja/ Thu, 22 Jun 2023 09:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=653924

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности.

Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/

Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци.

Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата.

Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра.

Кого го бива за сѐ го бива.

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>

ДУИ дил ориентед“ вака слободно може да се нарече партијата од Мала Речица. Речиси и да нема истакнат член на раководстовото на партијата што не се занимава со бизнис во слободно време.Но, немојте да помислите дека тие држат тезга на пазар или дека товараат зелки на Кванташки. Не, не, тие се фрлија на многу попрофитабилни бизниси како што е струја и недвижности. Најсвеж пример е внукот од брат на лидерот на партијата Ахмети. Дрин заедно со партнер од Албанија го купија деловно-трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. На Дрин не му оди само бизнисот со недвижнини, туку и рударството. Тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. https://republika.mk/vesti/makedonija/sinot-na-ahmeti-zaedno-so-poraneshen-stranski-sovetnik-vo-vladata-na-vmro-dpmne-dui-otvorija-firma-za-struja/ Не е само внукот на Ахмети по бизнисите, тука е и неговиот син Шкумбин Ахмети кој заеднички со „СЕЕ Повер ДОО Скопје“ основаа   компанија под името „Мега Повер ДОО Скопје“, чија дејност е производство на струја. Седиштето на партнерската компанија е регистрирана во скопската населба Бардовци. Аријанит Џафери, син на Муса Џафери е сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У пауер“. Аријанит дури и го нападна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски откако му ја одзее лиценцата. Бизнис има и братот на еден од најблиските соработници на Али Ахмети, Артан Груби. Ветон Груби купи дуќа на улица „Македонија“ за „џабалк“, односно 127 метри квадратни за половина милион евра. Кого го бива за сѐ го бива.  

The post „ДУИНГ“ бизнис : Братот на Груби си купи дуќан на улица „Македонија“, внукот на Ахмети трговски центар, синот работи со струја appeared first on Република.

]]>
Бизнисмен на чичо: Ова е внукот на Али Ахмети што ја купи „Соравија“, беше и во „шарените“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/biznismen-na-chicho-ova-e-vnukot-na-ali-ahmeti-shto-ja-kupi-soravija-beshe-i-vo-sharenite/ Thu, 22 Jun 2023 06:01:30 +0000 https://republika.mk/?p=653850

Многу внимание во јавноста предизвика информацијата дека фирмата на внукот на лидерот на Али Ахмети го купил  деловно-трговскиот центар „Соравија“ кој практично е залепен со ГТЦ.

Името на Дрин Ахмети не е непознато во јавноста. Станува збор за внук од брат на лидерот на ДУИ. Братот на Али се вика Фекри, а неговиот син Дрин стана бизнисмен, толку моќен да купува имоти среде Скопје.

На Дрин Ахмети му одат повеќе бизниси од рака па тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари.

Но, не е само бизнисот. Дрин беше и дел од „шарените“ на протестите против минатата власт и гордо се фотографираше со неговите „соборци“ пред Владата на тогаш Република Македонија.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ali-ahmeti-go-kupi-trgovskiot-tsentar-soravija-srede-skopjn/

The post Бизнисмен на чичо: Ова е внукот на Али Ахмети што ја купи „Соравија“, беше и во „шарените“ appeared first on Република.

]]>

Многу внимание во јавноста предизвика информацијата дека фирмата на внукот на лидерот на Али Ахмети го купил  деловно-трговскиот центар „Соравија“ кој практично е залепен со ГТЦ. Името на Дрин Ахмети не е непознато во јавноста. Станува збор за внук од брат на лидерот на ДУИ. Братот на Али се вика Фекри, а неговиот син Дрин стана бизнисмен, толку моќен да купува имоти среде Скопје. На Дрин Ахмети му одат повеќе бизниси од рака па тој е  косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Но, не е само бизнисот. Дрин беше и дел од „шарените“ на протестите против минатата власт и гордо се фотографираше со неговите „соборци“ пред Владата на тогаш Република Македонија.   https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ali-ahmeti-go-kupi-trgovskiot-tsentar-soravija-srede-skopjn/  

The post Бизнисмен на чичо: Ова е внукот на Али Ахмети што ја купи „Соравија“, беше и во „шарените“ appeared first on Република.

]]>
Внукот на Али Ахмети го купи трговскиот центар Соравија среде Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ali-ahmeti-go-kupi-trgovskiot-tsentar-soravija-srede-skopje/ Wed, 21 Jun 2023 20:03:03 +0000 https://republika.mk/?p=653830

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“.

Дрин Ахмети, внук од братот на Али АхметиФекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3., пишува „МКД.мк“.

Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.

The post Внукот на Али Ахмети го купи трговскиот центар Соравија среде Скопје appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита на конкуренцијата на 9 јуни ја објави информацијата за добиено известување дека бизнис центарот Соравиа се продава на „Тор индустрис“ ДООЕЛ Скопје и албанската компанија „Пе-вла-ку ШПК“. Дрин Ахмети, внук од братот на Али АхметиФекри, од 2020 година е сопственик на компанијата за развој на градежни проекти „Тор индустрис“. Од известувањето на КЗК може да се види дека сите три компании, „Тор индистрис“, подружницата на „Пе-вла-ку“ во Македонија и „Соравиа инвест“, сопственикот на бизнис центарот, се регистрирани на иста адреса, на улицата „Филип Втори Македонски“ број 3., пишува „МКД.мк“. Дрин Ахмети е косопственик и на фирмата „Еверест ЏД“ која има активна концесија за експлоатација на варовник на локалитетот „Буковиќ“ во Зајас. Оваа фирма добила пет тендери во вкупна вредност од 8 милиони денари. Негов партнер во оваа фирма бил и Бесин Ахмети, неговиот брат.  

The post Внукот на Али Ахмети го купи трговскиот центар Соравија среде Скопје appeared first on Република.

]]>