соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sorabotka/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 09:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png соработка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sorabotka/ 32 32 Факултетот за музичка уметност – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Танец https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fakultetot-za-muzichka-umetnost-skopje-potpisha-memorandum-za-sorabotka-so-tanets/ Fri, 22 Nov 2024 09:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=840710

Директорката на Танец, Весна Митевска и деканката на Факултетот за музичка уметност во Скопје, м-р Дарија Андовска, потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички придонес кон одржувањето, развојот и претставувањето на македонското фолклорно богатство.

Иако, овие две државни институции припаѓаат на две различни сфери на делување – културата и образованието, тие сите овие години се упатени една на друга и имаат заедничка цел, да ги чуваат културните темели на македонската државност.

Ќе работиме за заеднички да придонесеме кон одржувањето, развојот и пласманот на нашето национално, културно и историско богатство – фолклорот, се вели во објавата од ФМУ.

The post Факултетот за музичка уметност – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Танец appeared first on Република.

]]>

Директорката на Танец, Весна Митевска и деканката на Факултетот за музичка уметност во Скопје, м-р Дарија Андовска, потпишаа меморандум за соработка со цел заеднички придонес кон одржувањето, развојот и претставувањето на македонското фолклорно богатство. Иако, овие две државни институции припаѓаат на две различни сфери на делување – културата и образованието, тие сите овие години се упатени една на друга и имаат заедничка цел, да ги чуваат културните темели на македонската државност.   Ќе работиме за заеднички да придонесеме кон одржувањето, развојот и пласманот на нашето национално, културно и историско богатство – фолклорот, се вели во објавата од ФМУ.

The post Факултетот за музичка уметност – Скопје потпиша Меморандум за соработка со Танец appeared first on Република.

]]>
Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-stilinidis-vo-solun-regionalniot-razvoj-zavisi-od-vladite-makedonija-podgotvena-za-realizatsija-na-krupni-infrastrukturni-proekti/ Tue, 22 Oct 2024 13:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=829911

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција.

На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување.

Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори.

На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите.

Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности.

Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска претстојува во работна посета во Солун каде оствари билатерална средба со Христос Стилинидис, министер за поморски работи и островска политка на Грција. На средбата која е прва меѓу двајцата министри се разговараше за економската соработка меѓу двете земји. Министерот Николоски ја истакна силната заложба на Владата за економски развој на регионот преку учество во заеднички проекти, притоа потенцирајќи ја потребата од квалитено инфраструктурно поврзување. Во духот на добрососедските односи а имајќи предвид дека регионалната соработка зависи од двете Влади, министерот Николоски изрази уверување дека Македонија е подготвена да учестува во реализација на проекти со кои ќе се зацврсти конкурентската позиција на европските коридори. На средбата, исто така министерот Николоски истакна дека голем дел од извозно ориентирани компании од Македонија соработуваат со солунското пристаништа со што се отвора потребата за поквалитетно поврзување и побрз транспорт на добрата и услугите. Двајцата министри се согласија дека ова е почетна точка во индната соработка меѓу двете Влади, со што изразија уверување дека постои огромен простор за зголемување на економската соработка во различни дејности. Министерот Николоски во рамки на работната посета на Солун, учествува на Форумот посветен за развојот на инфраструктурата и поврзување со Југоисточна Европа.

The post Николоски- Стилинидис во Солун: Регионалниот развој зависи од владите, Македонија подготвена за реализација на крупни инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>
Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kurti-imame-mnogu-dobra-sorabotka-so-novata-makedonska-vlada-prethodnata-beshe-dobronamerna-no-se-promeni/ Sun, 06 Oct 2024 16:35:18 +0000 https://republika.mk/?p=823561

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека неговата Влада има „целосна поддршка од Владата на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за проектот на тунел што ќе ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за Албанско-американскиот културен центар „Струга“ од Ривердејл, Њу Џерси, реализирано за време на неговиот престој во САД, Курти, на прашањето за „обидот на македонската Влада да промени некои закони кои ги засегаат Албанците“ рече дека Косово и Македонија, како две земји „кои се ориентирани кон демократскиот Запад, имаат многу добри односи“.

Верувам дека Република Косово и Република Македонија имаат многу добри односи како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад. И Македонија е членка на НАТО и во исто време соработуваме на многу полиња, како резултат на договорите што сме ги склучиле. Наш примарен интерес е патот Призрен - Тетово. Знаете како се вели - имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен и Тетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка од Владата на Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД кое денеска го пренесуваат медиумите во Косово.

Новинарот посочува дека актуелната Влада во РСМ ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, која партијата на Курти, Движење Самоопределување (ВВ) ја поддржа на парламентарните избори. Во однос на претходната Влада, чиј дел беше Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, Курти рече дека „на почетокот беше многу добронамерна“, но потоа „не одеше“, откако „Македонија стана активна во (иницијативата) Отворен Балкан“.

Претходната влада на РСМ на почетокот беше многу добронамерна. Одржавме заедничка седница во септември 2021 година, но потоа не одеше и Македонија стана активна во Отворен Балкан. Затоа, имаме голем интерес Македонија да не биде дел од Отворени Балкан, од една страна, а од друга страна да биде што поактивна за што поскоро спроведување на заедничкиот договор за изградбата на патот Призрен-Тетово, рече Курти.

Според него, на албанскиот партнер во новата македонска владина коалиција треба да му се даде „малку време да се консолидира во владата“.

Косовскиот премиер застана во одбрана на ВРЕДИ, кој е критикуван од албанските партии во опозицијата, оценувајќи дека не верува оти се загрозуваат достигнувањата на Албанците.

Сега (ВМРО-ДПМНЕ) се во коалиција со албанските партии, со албанска коалиција. Меѓу нив, еден пратеник е од ВВ, Беким Ќоку од Струга. Мора да им дадеме малку време да се консолидираат во владата. Јас не верувам дека се загрозени достигнувањата на Албанците, но верувам дека има обид едно не толку добро наследство што го затекнаа овие кои се сега на власт, да им се припише на тие што го затекнаа, а не на оние што го создадоа, вели Курти во интервјуто за Албанско-американскиот културен центар „Струга“.

The post Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека неговата Влада има „целосна поддршка од Владата на Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за проектот на тунел што ќе ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за Албанско-американскиот културен центар „Струга“ од Ривердејл, Њу Џерси, реализирано за време на неговиот престој во САД, Курти, на прашањето за „обидот на македонската Влада да промени некои закони кои ги засегаат Албанците“ рече дека Косово и Македонија, како две земји „кои се ориентирани кон демократскиот Запад, имаат многу добри односи“.
Верувам дека Република Косово и Република Македонија имаат многу добри односи како две земји кои се ориентирани кон демократскиот Запад. И Македонија е членка на НАТО и во исто време соработуваме на многу полиња, како резултат на договорите што сме ги склучиле. Наш примарен интерес е патот Призрен - Тетово. Знаете како се вели - имало град на небото, но кога паднал на земја, планините на Шара го поделиле на два дела, на Призрен и Тетово. Ние сега сакаме да ги поврземе со тунел и за ова ја имаме целосната поддршка од Владата на Македонија, рече Курти во интервјуто на Центарот „Струга“ од САД кое денеска го пренесуваат медиумите во Косово.
Новинарот посочува дека актуелната Влада во РСМ ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ на премиерот Христијан Мицкоски и коалицијата на албанските партии ВРЕДИ, која партијата на Курти, Движење Самоопределување (ВВ) ја поддржа на парламентарните избори. Во однос на претходната Влада, чиј дел беше Демократската унија за интеграција на Али Ахмети, Курти рече дека „на почетокот беше многу добронамерна“, но потоа „не одеше“, откако „Македонија стана активна во (иницијативата) Отворен Балкан“.
Претходната влада на РСМ на почетокот беше многу добронамерна. Одржавме заедничка седница во септември 2021 година, но потоа не одеше и Македонија стана активна во Отворен Балкан. Затоа, имаме голем интерес Македонија да не биде дел од Отворени Балкан, од една страна, а од друга страна да биде што поактивна за што поскоро спроведување на заедничкиот договор за изградбата на патот Призрен-Тетово, рече Курти.
Според него, на албанскиот партнер во новата македонска владина коалиција треба да му се даде „малку време да се консолидира во владата“. Косовскиот премиер застана во одбрана на ВРЕДИ, кој е критикуван од албанските партии во опозицијата, оценувајќи дека не верува оти се загрозуваат достигнувањата на Албанците.
Сега (ВМРО-ДПМНЕ) се во коалиција со албанските партии, со албанска коалиција. Меѓу нив, еден пратеник е од ВВ, Беким Ќоку од Струга. Мора да им дадеме малку време да се консолидираат во владата. Јас не верувам дека се загрозени достигнувањата на Албанците, но верувам дека има обид едно не толку добро наследство што го затекнаа овие кои се сега на власт, да им се припише на тие што го затекнаа, а не на оние што го создадоа, вели Курти во интервјуто за Албанско-американскиот културен центар „Струга“.
 
The post Курти: Имаме многу добра соработка со новата македонска влада, претходната беше добронамерна, но се промени appeared first on Република.

]]>
Владите на Македонија и Хрватска потпишаа Спогодба за соработка во областа на здравството и медицината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladite-na-makedonija-i-hrvatska-potpishaa-spogodba-za-sorabotka-vo-oblasta-na-zdravstvoto-i-meditsinata/ Thu, 29 Aug 2024 10:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=811175

При посетата на македонската владина делегација во Хрватска предводена од премиерот Христијан Мицкоски потпишани се спогодби за соработка меѓу двете држави во областа на здравството и медицината.

-Размена на експерти поради давање на соодветни услуги при лекување на пациенти
Соработка во областа на стручно усовршување на здравствените работници
Соработка во областа на донирање и трансплантација на органи
Соработка за превенција и рано откривање на карцином
Соработка во врска со моделите за финансирање на здравствените услуги, објави премиерот Мицкоски.

И многу други соработки кои се потребни за обезбедување добро здравство, објави во постот на Фејсбук премиерот Мицкоски.

The post Владите на Македонија и Хрватска потпишаа Спогодба за соработка во областа на здравството и медицината appeared first on Република.

]]>

При посетата на македонската владина делегација во Хрватска предводена од премиерот Христијан Мицкоски потпишани се спогодби за соработка меѓу двете држави во областа на здравството и медицината. -Размена на експерти поради давање на соодветни услуги при лекување на пациенти Соработка во областа на стручно усовршување на здравствените работници Соработка во областа на донирање и трансплантација на органи Соработка за превенција и рано откривање на карцином Соработка во врска со моделите за финансирање на здравствените услуги, објави премиерот Мицкоски. И многу други соработки кои се потребни за обезбедување добро здравство, објави во постот на Фејсбук премиерот Мицкоски.

The post Владите на Македонија и Хрватска потпишаа Спогодба за соработка во областа на здравството и медицината appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски на средба со турскиот амбасадор, Фатих Улусој: Уште поинтензивна соработка со Турција во полињата од меѓусебен интерес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-na-sredba-so-turskiot-ambasador-fatih-ulusoj-ushte-pointenzivna-sorabotka-so-turtsija-vo-polinata-od-meguseben-interes/ Wed, 24 Jul 2024 17:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=799978

Денес остварив средба со турскиот амбасадор, Фатих Улусој, соопшто на својот фејсбук профил Премиерот Христијан Мицкоски.

Ги потврдивме одличните односи на Македонија и Турција, соработката која постои во повеќе области, како и меѓусебната поддршка која двете држави си ја даваат. Посочив дека Владата е насочена кон искористување на сите потенцијали кои се во насока на креирање на напредок и подобар живот за граѓаните и на тој план стимулирам уште поинтензивна соработка со Турција во полињата од меѓусебен интерес.

The post Премиерот Мицкоски на средба со турскиот амбасадор, Фатих Улусој: Уште поинтензивна соработка со Турција во полињата од меѓусебен интерес appeared first on Република.

ВМРО ДПМНЕ и МК постигнаа договор за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-i-mk-postignaa-dogovor-za-sorabotka/ Sat, 23 Mar 2024 13:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=757800

ВМРО ДПМНЕ и МК постигнаа договор за соработка по најважните национални прашања, базиран на принципите и определбите за политичко обединување на опозицијата и сите прогресивни сили кои работат за пораз на оваа власт која ја одзема државата од народот и кои работат на обнова, економско зајакнување, стабилизирање и брза интеграција на Македонија во ЕУ.

Соработката е поттикната од определбата да се издигне Македонија од состојбата на постојано деградирање, девастирање и економско осиромашување. Да се престане со ударите и поразите околу идентитетско и политичко обезличување како и да се реализираат стратешките интереси на државата преку запазување на идентитските линии важни за македонскиот народ.

Коалицискиот договор за заеднички настап на парламентарните и претседстелски избори ќе биде потпишан во наредните денови, со што ќе продолжи успешната соработка, започната од предходините локални избори, а јавноста ќе биде во целост информирана.

The post ВМРО ДПМНЕ и МК постигнаа договор за соработка appeared first on Република.

]]>

ВМРО ДПМНЕ и МК постигнаа договор за соработка по најважните национални прашања, базиран на принципите и определбите за политичко обединување на опозицијата и сите прогресивни сили кои работат за пораз на оваа власт која ја одзема државата од народот и кои работат на обнова, економско зајакнување, стабилизирање и брза интеграција на Македонија во ЕУ. Соработката е поттикната од определбата да се издигне Македонија од состојбата на постојано деградирање, девастирање и економско осиромашување. Да се престане со ударите и поразите околу идентитетско и политичко обезличување како и да се реализираат стратешките интереси на државата преку запазување на идентитските линии важни за македонскиот народ. Коалицискиот договор за заеднички настап на парламентарните и претседстелски избори ќе биде потпишан во наредните денови, со што ќе продолжи успешната соработка, започната од предходините локални избори, а јавноста ќе биде во целост информирана.  

The post ВМРО ДПМНЕ и МК постигнаа договор за соработка appeared first on Република.

]]>
Се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија во областа на одбраната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-podgotvuva-dogovor-za-sorabotka-megu-iran-i-rusija-vo-oblasta-na-odbranata/ Wed, 20 Sep 2023 13:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=683475

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери објави дека се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија, пренесоа иранските медиуми.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна во Техеран со Багери, кој придава значење на зајакнувањето на нивните билатерални односи, пренесе БТА.

-Односите меѓу Иран и Русија се прошируваат, а меѓусебната соработка добива нови димензии, рече тој.

Според него, светските настани покажуваат дека ерата на униполарниот свет е завршена и дека структурата на меѓународниот систем се менува во мултиполарен свет.

Рускиот министер за одбрана, пак, изјави дека посетата е реализирана со цел да се прошират врските во областа на одбраната за прашања од заеднички интерес. Тој рече дека Иран е подготвен да помогне во решавањето на споровите меѓу Ерменија и Азербејџан.

Функционерот ја истакна потребата од воспоставување соработка во областа на образованието и размената на студенти, а повика и на заеднички воени вежби.

The post Се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија во областа на одбраната appeared first on Република.

]]>

Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери објави дека се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија, пренесоа иранските медиуми. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу се сретна во Техеран со Багери, кој придава значење на зајакнувањето на нивните билатерални односи, пренесе БТА. -Односите меѓу Иран и Русија се прошируваат, а меѓусебната соработка добива нови димензии, рече тој. Според него, светските настани покажуваат дека ерата на униполарниот свет е завршена и дека структурата на меѓународниот систем се менува во мултиполарен свет. Рускиот министер за одбрана, пак, изјави дека посетата е реализирана со цел да се прошират врските во областа на одбраната за прашања од заеднички интерес. Тој рече дека Иран е подготвен да помогне во решавањето на споровите меѓу Ерменија и Азербејџан. Функционерот ја истакна потребата од воспоставување соработка во областа на образованието и размената на студенти, а повика и на заеднички воени вежби.

The post Се подготвува договор за соработка меѓу Иран и Русија во областа на одбраната appeared first on Република.

]]>
АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/appt-turistichkata-i-kulturnata-diplomatija-ushte-ednash-gi-pokazhaa-svoite-mozhnosti-i-moki-vo-povrzuvane-na-narodite/ Tue, 05 Sep 2023 10:20:38 +0000 https://republika.mk/?p=678949

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.

Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот.

Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>

Во рамките на одбележување на Деновите на македонската култура во градот Шибеник, Република Хрватска, кои започнаа во саботата 02.09.2023 година, на свеченото отворање од страна на раководството на Македонско-хрватската тангента се доделија наградите за достигнувања во унапредување на соработката помеѓу двете земји на повеќе полиња. Помеѓу добитниците на овие признанија се градоначалникот на општината Шибеник Жељко Буриќ, директорот на шибеничкиот музеј Жељко Крнчевиќ и Љупчо Јаневски директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите и градењето на мостови на соработка, а  коишто  треба секојдневно да се зацврстуваат како нишка на комуникација помегу хрватскиот и македонскиот народ на полето од туризмот и културата. Не смееме  да останеме рамнодушни на позитивната енергија која ја наметна Македонско-хрватската тангента, нејзините членови и нивната неуморна работа во остварување на визијата која е исправена пред нив. Наше е да работиме и помогнеме во достигнување на уште поголеми височини кои не носат кон трајни вредности помеѓу двата народи, истакна Јаневски.
Делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот д-р Љупчо Јаневски покрај активностите во рамките на одбележувањето на македонските денови на кутурата во Шибеник оствари средби со градоначалникот на Шибеник, Жељко Буриќ, директорот на Туристичката организација на градот Шибеник, како и средба во општината Примоштен со кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има потпишано меморандум за соработка на полето од туризмот. Овие средби се значајни од аспект на запознавање со искуствата и практиките во реализација на европските фондови и значајните дела кои во последните десет години градот Шибеник ги реализираше во подобрување на туристичката клима во дестинациите, овозможувајки троцифрен раст на туристичкото влијание врз локалниот економски развој. Во периодот што следува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, заедно со тимовите на овие општини ќе подготвува проектна документација за аплицирање на многубројните европски фондови, со цел зајакнување на капацитетите на туристичките производи и инфраструктурата во руралните средини.  

The post АППТ: Туристичката и културната дипломатија уште еднаш ги покажаа своите можности и моќи во поврзување на народите appeared first on Република.

]]>
Меџити: Со Касами и Гаши разговаравме за принципите на нашата соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-so-kasami-i-gashi-razgovaravme-za-printsipite-na-nashata-sorabotka/ Mon, 24 Jul 2023 20:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=664891

Изет Меџити, кој излезе од ДУИ и најави дека ќе формира ново политичко движење, по денешната средба со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција.

-Почитувани граѓани, истомисленици и соработници. Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касами и г. Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е!, напиша Меџити на Фејсбук.

Во одделни објави за средбата се огласија и Касами и Гаши кои истакнаа дека дискутирале за можно зацврстување на албанскиот опозициски блок.

-Денес имавме заедничка и многу конструктивна средба со Изети Меџити, кој работи во рамките на новото движење и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Разговаравме за идејата за соработка и интеграција за создавање заеднички опозициски фронт како потреба на албанската политичка сцена. Во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за следните чекори за плодна соработка на албанската политичка сцена. Останатите детали за оваа соработка ќе бидат откриени во следните денови, напиша Касами.

Гаши, пак, посочува дека се разговарало за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма.

-Помеѓу другото, разговаравме и за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма. Лавината веќе започна. На хоризонтот е државен удар на оваа моќ. На новите избори, новата влада, напиша Гаши.

На средбата, како што изјави претходно Меџити за дел од медиумите, станало збор и за утрешната  расправа за уставните измени, за што рече дека нема дилема дека ќе дадат поддршка. За поддршката од Алтернатива за ова прашање, според Гаши, ќе одлучат партските органи, но нема да ги блокираат евроинтеграците на државата.

-Ќе видиме како ќе тече дебатата. Нормално на крај кај нас одлучуваат органите за такво битно прашање. Во суштина ние сме кажале дека сме за европски интеграции. Ние затоа и бевме дел од Владата и затоа ќе настојуваме, ќе направиме се да се отворат што побргу преговорите и поглавјата, изјави Гаши.

По средбата на Меџити, Гаши и Касами, потпретседателот на Беса Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“.

-Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа

The post Меџити: Со Касами и Гаши разговаравме за принципите на нашата соработка appeared first on Република.

]]>

Изет Меџити, кој излезе од ДУИ и најави дека ќе формира ново политичко движење, по денешната средба со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција. -Почитувани граѓани, истомисленици и соработници. Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на опозицијата во земјата. Денешната средба со г. Касами и г. Гаши во Собранието на РСМ, каде што разговаравме за принципите на нашата соработка. Нашето искрено патување продолжува! Со среќа нека ни е!, напиша Меџити на Фејсбук. Во одделни објави за средбата се огласија и Касами и Гаши кои истакнаа дека дискутирале за можно зацврстување на албанскиот опозициски блок. -Денес имавме заедничка и многу конструктивна средба со Изети Меџити, кој работи во рамките на новото движење и со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Разговаравме за идејата за соработка и интеграција за создавање заеднички опозициски фронт како потреба на албанската политичка сцена. Во пријателска и конструктивна атмосфера разговаравме за следните чекори за плодна соработка на албанската политичка сцена. Останатите детали за оваа соработка ќе бидат откриени во следните денови, напиша Касами. Гаши, пак, посочува дека се разговарало за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма. -Помеѓу другото, разговаравме и за подготовката на предлог понуда која дополнително ќе се прошири во предизборната програма. Лавината веќе започна. На хоризонтот е државен удар на оваа моќ. На новите избори, новата влада, напиша Гаши. На средбата, како што изјави претходно Меџити за дел од медиумите, станало збор и за утрешната  расправа за уставните измени, за што рече дека нема дилема дека ќе дадат поддршка. За поддршката од Алтернатива за ова прашање, според Гаши, ќе одлучат партските органи, но нема да ги блокираат евроинтеграците на државата. -Ќе видиме како ќе тече дебатата. Нормално на крај кај нас одлучуваат органите за такво битно прашање. Во суштина ние сме кажале дека сме за европски интеграции. Ние затоа и бевме дел од Владата и затоа ќе настојуваме, ќе направиме се да се отворат што побргу преговорите и поглавјата, изјави Гаши. По средбата на Меџити, Гаши и Касами, потпретседателот на Беса Аријанит Хоџа исто така во објава на социјалните мрежи се огради од, како што напиша, политичките дејствија во т.н „опозициски блок“. -Од денеска целосно се оградувам од политичките дејствија во таканаречениот „опозициски блок“ со оглед на тоа што главните актери, носители на оваа иницијатива не имаат за цел политичка ротација, туку едноставно „перење“ на политички фигури кои не далеку од денес беа актери за одржување на актуелната власт во живот и ја спречија ротацијата во албанскиот политички табор. За детали за политичките убедувања и луѓето кои го делат истото политичко мислење со мене, ќе ве известиме преку прес конференција во текот на оваа недела, стои во објавата на Хоџа

The post Меџити: Со Касами и Гаши разговаравме за принципите на нашата соработка appeared first on Република.

]]>
ДПМ потпиша договор за соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dpm-potpisha-dogovor-za-sorabotka-so-filozofskiot-fakultet-pri-ukim/ Mon, 27 Feb 2023 08:42:05 +0000 https://republika.mk/?p=613589

Потпишување на Договор за соработка меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Филозофскиот факултет при УКИМ.

Плодна размена на идеи за проекти и настани меѓу Деканот проф. д-р Ратко Дуев, Претседателот на ДПМ Христо Петрески и Кристина Николовска, Претседателка на Собранието на асоцијацијата, информираа од ДПМ.

The post ДПМ потпиша договор за соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ appeared first on Република.

Јаневска: Соработката на централната власт со општините е комплетно опструктивна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sorabotkata-na-centralnata-vlast-so-opshtinite-e-kompletno-opstruktivna/ Sun, 06 Nov 2022 14:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=570406

Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека веќе подолг период се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво.

Веќе подолг период се зборува, а сега и се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво и би рекла не е коректна, а во одредени моменти и комплетно опструктивноа. Ќе почнам од блок дотациите, во оваа страшна економска криза кога растат цените на струјата, на огревното дрво, денес читам достигнало и до 5.000 денари, блок дотациите не стигнуваат да ги покријат овие режии, а да не заборавиме дека општините треба да ги платат од овие блок дотации и превозот на учениците и за средно и за основно образование. Градоначалниците се приморани да прават прераспределба на своите сопствени општински буџетски средства за да можат да покријат барем режијата и овие основни потреби за да може воспитно-образовниот процес да се одвива, инаку би морал да биде прекинат, рече Јаневска.

Јаневска во своето обраќање зборуваше за нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник.

Друго за што можеме да зборуваме е нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник. Во населбата Ченто е одобрено изградба на училиште за која владата одобрува 20 илјади евра за проект кој вреди милион и петстотини илјади евра и е крајно несериозно, што може градоначалникот да направи со 20.000 евра. Има такви ситуации во повеќе, кажа Јаневска.

Јаневска се осврна на одземање на ингеренции на градоначалници за училиштата но и за градинките од страна на централната власт.

Можеме да дискутираме и за одземање на ингеренции на нашите градоначалници за училиштата но и за градинките. Наместо централната власт да им помогне на градоначалниците, да постават нови кадри кои соодветно ќе работат во корист на училиштата и учениците, централната власт одлучи да им одземе ингеренции, толку многу одземање ингеренции никогаш немало, додаде Јаневска.

The post Јаневска: Соработката на централната власт со општините е комплетно опструктивна appeared first on Република.

Фон дер Лајен: ЕК е за соработка со Сунак за украинската криза и климатските промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fon-der-lajen-ek-e-za-sorabotka-so-sunak-za-ukrainskata-kriza-i-klimatskite-promeni/ Thu, 27 Oct 2022 08:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=566179

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека разговарала со новиот британски премиер Риши Сунак и дека е за соработка за прашања како што се руската агресија врз Украина и климатските промени.

Унијата исто така работи на изнаоѓање заеднички решенија во рамки на Протоколот за Ирска и Северна Ирска кои ќе обезбедат стабилност и предвидливост, објави Фон дер Лајен на Твитер.

Сунак и рекол на Фон дер Лајен дека претпочита да ја истражи можноста за постигнување решение преку преговори за прашањата поврзани со Протоколот за Северна Ирска, рече портпаролот на Даунинг стрит во посебна изјава.

„Премиерот и претседателката Фон дер Лајен со нетрпение очекуваат лична средба наскоро“, се додава во соопштението, но не се наведува кога би можело тоа да се случи

The post Фон дер Лајен: ЕК е за соработка со Сунак за украинската криза и климатските промени appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека разговарала со новиот британски премиер Риши Сунак и дека е за соработка за прашања како што се руската агресија врз Украина и климатските промени. Унијата исто така работи на изнаоѓање заеднички решенија во рамки на Протоколот за Ирска и Северна Ирска кои ќе обезбедат стабилност и предвидливост, објави Фон дер Лајен на Твитер. Сунак и рекол на Фон дер Лајен дека претпочита да ја истражи можноста за постигнување решение преку преговори за прашањата поврзани со Протоколот за Северна Ирска, рече портпаролот на Даунинг стрит во посебна изјава. „Премиерот и претседателката Фон дер Лајен со нетрпение очекуваат лична средба наскоро“, се додава во соопштението, но не се наведува кога би можело тоа да се случи

The post Фон дер Лајен: ЕК е за соработка со Сунак за украинската криза и климатските промени appeared first on Република.

]]>
Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dogovor-za-sorabotka-na-pisatelite-od-srbija-i-makedonija/ Fri, 09 Sep 2022 19:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=549261

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески и в.д. претседателот на Здружението на писателите на Србија Милош Јанковиќ, договорија на манифестациите и фестивалите да учествуваат писателите од Србија и Македонија, да се објавуваат нивни текстови во списанијата Књижевне новине и Стожер, да се публикуваат, преведени книги и на двата јазика, да се доделуваат награди и признанија и друго.

Исто така, при потпишувањето на Спогодбата за соработка и размена, од двете страни беше нагласено дека што поскоро во Белград и во Скопје треба да се отворат и Културно-информативните центри, исто така да се отвори Лекторатот за македонски јазик во Белград и да се води грижа за културата, уметноста и информирањето на српското и македонското малцинство во двете држави.

-Ја поздравувам и поддржувам соработката и размената на писателите од Србија и Македонија и нивните дела и творби. Српските и македонските писатели од секогаш комуницирале, создавале и заеднички настапувале. Така ќе биде и во иднина, зашто не само што сме соседи, туку и нашите култури се многу блиски. Па, на тој план и во таа смисла, ќе продолжиме да иницираме, креираме и реализираме нови и бројни активности за што денес уште еднаш и поконкретно разговаравме и се договоривме. До крајот на оваа година и во наредниот период предвидени се повеќе форми и начини за заедничка книжевна размена и соработка, изјави проф.д-р Христо Петрески.

Спогодбата за соработка и размена меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија ќе ја потпишат претседателот на ДПМ, Христо Петрески и в.д претседателот на Здружението на писателите на Србија, Милош Јанковиќ. Оваа соработка и спогодба е во рамките на процесите на Отворен Балкан и иницијативата за поврзување, размена и соработка на писателите од балканските држави.

The post Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески и в.д. претседателот на Здружението на писателите на Србија Милош Јанковиќ, договорија на манифестациите и фестивалите да учествуваат писателите од Србија и Македонија, да се објавуваат нивни текстови во списанијата Књижевне новине и Стожер, да се публикуваат, преведени книги и на двата јазика, да се доделуваат награди и признанија и друго. Исто така, при потпишувањето на Спогодбата за соработка и размена, од двете страни беше нагласено дека што поскоро во Белград и во Скопје треба да се отворат и Културно-информативните центри, исто така да се отвори Лекторатот за македонски јазик во Белград и да се води грижа за културата, уметноста и информирањето на српското и македонското малцинство во двете држави. -Ја поздравувам и поддржувам соработката и размената на писателите од Србија и Македонија и нивните дела и творби. Српските и македонските писатели од секогаш комуницирале, создавале и заеднички настапувале. Така ќе биде и во иднина, зашто не само што сме соседи, туку и нашите култури се многу блиски. Па, на тој план и во таа смисла, ќе продолжиме да иницираме, креираме и реализираме нови и бројни активности за што денес уште еднаш и поконкретно разговаравме и се договоривме. До крајот на оваа година и во наредниот период предвидени се повеќе форми и начини за заедничка книжевна размена и соработка, изјави проф.д-р Христо Петрески. Спогодбата за соработка и размена меѓу Друштвото на писателите на Македонија и Здружението на писателите на Србија ќе ја потпишат претседателот на ДПМ, Христо Петрески и в.д претседателот на Здружението на писателите на Србија, Милош Јанковиќ. Оваа соработка и спогодба е во рамките на процесите на Отворен Балкан и иницијативата за поврзување, размена и соработка на писателите од балканските држави.

The post Договор за соработка на писателите од Србија и Македонија appeared first on Република.

]]>
Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Вевчани и АППТ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-vevchani-i-appt/ Thu, 28 Jul 2022 08:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=534138

Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот.
Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат  преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање трибини, советувања и други настани за развивање и промоција на туризмот.
На средбата од страна на директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски беше посочена неопходната промоција на туристичките потенцијали со кои располага Вевчани сместена под падините на Јабланица на туристичките саеми надвор од државата, одржување на трибина за развој на руралниот туризам, категоризација на туристичките сместувачки капацитети со кои располага општината и нејзино мотивирање преку туристичка такса да се уредуваат и издаваат и други објекти за привлекување на што поголем број на туристи.
Исто така беше истакната и потребата од изградба на информативни табли на кои ќе ги има најзначајните места, објекти и локалитети со кои располага општина Вевчани.
Потврдувајќи ја потребата од меѓусебна соработка заради  активно унапредување на туризмот, преку формирање на заедничка туристичка понуда, збогатување на туристичките содржини и нивна промоција, Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Вевчани се согласија да бидат потписници на овој меморандум.
Согласно меморандумот страните потписнички на овој меморандум ќе работаат на исполнување на билатерално утврдените цели кои се во рамки на законските надлежности на двете институции.
Страните потписнички на овој меморандум ќе воспостават поволна клима за инвестиции во областа на туризмот, преку поддршка и давање препораки, проширување на мрежата на соработка со други институции како и меѓусебно информирање за постигнатите резултати произлезени од сите видови на туризам (културен туризам, рурален туризам, еко туризам, гастрономски, манифестациски, конгресен,  организиран и индивидуален туризам итн).
Воедно ќе ги разменуваат сите информации,  вклучувајќи ги и статистичките податоци од областа на туризмот, ќе придонесат во размена на искуство во областа на стручно усовршување на персоналот од туристичката индустрија преку учество и организирање на работилници со цел подигнување на интелектуалниот капацитет и човечките ресурси на двете институции.
Страните потписнички ќе се заложат да создадат нови туристички производи, но и во подобрување на политиките и развојот на приватниот сектор во туризмот. Соработката ќе придонесе кон поорганиизрано искористување на туристичките потенцијали на општина Вевчани, што овозможува зголемен број на домашни и странски туристи, следствено зголемени приходи во општината по основ – туризам.
Целокупната имплементацијата на активностите договорени во овој Меморандум ќе биде следена и подржана од директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и градоначалникот на општина Вевчани.
Facebook
Website
Instagram

The post Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Вевчани и АППТ appeared first on Република.

]]>

Во просториите на општина Вевчани градоначалникот Спасе Кочовски и директорот на АППТ д-р Љупчо Јаневски потпишаа меморандум за соработка и дејствување во областа на туризмот. Со тоа локалната самоуправа и Агенцијата за подршка и промоција на туризмот се обврзаа дека ќе работат на афирмација и креирање на услови за развој на туризмот. Потписниците се обврзаа дека заеднички ќе делуваат и меѓусебно соработуваат  преку размена на искуства и најдобри практики, како и учество во настани и активности од заеднички интерес. Подготовка, развивање и учество во заеднички проекти и истражувачки активности како и организирање трибини, советувања и други настани за развивање и промоција на туризмот. На средбата од страна на директорот на АППТ, д-р Љупчо Јаневски беше посочена неопходната промоција на туристичките потенцијали со кои располага Вевчани сместена под падините на Јабланица на туристичките саеми надвор од државата, одржување на трибина за развој на руралниот туризам, категоризација на туристичките сместувачки капацитети со кои располага општината и нејзино мотивирање преку туристичка такса да се уредуваат и издаваат и други објекти за привлекување на што поголем број на туристи. Исто така беше истакната и потребата од изградба на информативни табли на кои ќе ги има најзначајните места, објекти и локалитети со кои располага општина Вевчани.
Потврдувајќи ја потребата од меѓусебна соработка заради  активно унапредување на туризмот, преку формирање на заедничка туристичка понуда, збогатување на туристичките содржини и нивна промоција, Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот и Општина Вевчани се согласија да бидат потписници на овој меморандум. Согласно меморандумот страните потписнички на овој меморандум ќе работаат на исполнување на билатерално утврдените цели кои се во рамки на законските надлежности на двете институции. Страните потписнички на овој меморандум ќе воспостават поволна клима за инвестиции во областа на туризмот, преку поддршка и давање препораки, проширување на мрежата на соработка со други институции како и меѓусебно информирање за постигнатите резултати произлезени од сите видови на туризам (културен туризам, рурален туризам, еко туризам, гастрономски, манифестациски, конгресен,  организиран и индивидуален туризам итн). Воедно ќе ги разменуваат сите информации,  вклучувајќи ги и статистичките податоци од областа на туризмот, ќе придонесат во размена на искуство во областа на стручно усовршување на персоналот од туристичката индустрија преку учество и организирање на работилници со цел подигнување на интелектуалниот капацитет и човечките ресурси на двете институции.
Страните потписнички ќе се заложат да создадат нови туристички производи, но и во подобрување на политиките и развојот на приватниот сектор во туризмот. Соработката ќе придонесе кон поорганиизрано искористување на туристичките потенцијали на општина Вевчани, што овозможува зголемен број на домашни и странски туристи, следствено зголемени приходи во општината по основ – туризам. Целокупната имплементацијата на активностите договорени во овој Меморандум ќе биде следена и подржана од директорот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и градоначалникот на општина Вевчани.
Facebook
Website
Instagram

The post Потпишан меморандум за соработка помеѓу општина Вевчани и АППТ appeared first on Република.

]]>
Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-makedonija-i-albanija-formiraa-rabotna-grupa-za-sorabotka-vo-energetikata/ Mon, 25 Jul 2022 18:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=533144

Вицепремиерката на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска во Тирана изјави дека министрите од Македонија и Албанија ја прифатиле иницијативата на Србија за формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа рече дека за енергетска безбедност на регионот во кризни услови потребна е солидарност, поврзаност и заедничка работа на стратешки проекти.

-Сите ние во регионот сме под голем притисок да се осигураме дека се ќе биде доволно за зимата, но важно е, покрај решавањето на тековните проблеми со снабдувањето, да разговараме и за стратешки проекти и потенцијални заеднички инвестиции, кои ќе го направат целиот регион енергетски постабилен. Треба на двете патеки да работиме истовремено. Сите ние имаме одредени компаративни предности, одредени недостатоци и потреба да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност. Нашиот предлог беше да се формира заедничка работна група на Србија, Македонија и Албанија, која ќе се занимава со решавање на проблемите оваа зима, но и со потенцијална соработка на големи стратешки проекти и драго ми е што другите министри го прифатија овој предлог, рече Михајловиќ која зборуваше на панелот за енергетска безбедност на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан во Тирана, соопштија од нејзиниот кабинет.

Таа изјави дека нема причина да не се разговара само за поврзување на пазарите, туку и за заедничко балансирање, што е неопходно во сите земји од регионот.

-Албанија е доста зависна од обновливи изворина енергија (ОИЕ) и во моментот кога има проблем со ОИЕ треба да има базна енергија и ова прашање е важно и за Србија и за Македонија, рече Михајловиќ.

Очекувам, додаде, од следната недела да почнеме да работиме во рамките на работната група и на претседателите и премиерите на нашите земји да им презентираме предлози за заеднички инвестиции, без разлика дали се работи за соларни електрани, ветерни електрани, заеднички балансирање, пазарно поврзување, гасни интерконекции или можеби дури и подземни складишта за гас.

Таа нагласи дека не е доволно само една земја да биде енергетски сигурна, туку потребно е меѓусебно да си помагаме, да бидеме солидарни бидејќи никој не знае точно каква ќе биде состојбата зимава.

-Србија донесе нови закони во областа на енергетиката, најголем дел од подзаконските акти, при крај е со изработката на стратешките документи и има нов инвестициски план. Во тек е изградба на гасна интерконекција со Бугарија, која ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, а планираме да се поврземе и со другите соседи, пред се со Македонија и Романија. Заинтересирани сме и за можностите за подобра соработка и поврзување со Албанија, кога станува збор за планираниот терминал за ЛНГ, како и за подобро поврзување во регионот кога станува збор за високонапонската мрежа. Сите овие меѓусебни врски ќе овозможат поголема енергетска стабилност не само за Србија, туку и за регионот, рече Михајловиќ.

На панелот на кој учествуваа ресорните министри од Албанија, Србија и Македонија разговарано е за актуелната состојба во енергетскиот сектор во сите три земји, како и можностите да се придонесе за поголема енергетска стабилност во регионот преку поблиска соработка и искористување на компаративните предности на секоја земја.

The post Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, денеска во Тирана изјави дека министрите од Македонија и Албанија ја прифатиле иницијативата на Србија за формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратешки проекти, јави дописникот на МИА од Белград. Таа рече дека за енергетска безбедност на регионот во кризни услови потребна е солидарност, поврзаност и заедничка работа на стратешки проекти.
-Сите ние во регионот сме под голем притисок да се осигураме дека се ќе биде доволно за зимата, но важно е, покрај решавањето на тековните проблеми со снабдувањето, да разговараме и за стратешки проекти и потенцијални заеднички инвестиции, кои ќе го направат целиот регион енергетски постабилен. Треба на двете патеки да работиме истовремено. Сите ние имаме одредени компаративни предности, одредени недостатоци и потреба да се обезбеди долгорочна енергетска стабилност. Нашиот предлог беше да се формира заедничка работна група на Србија, Македонија и Албанија, која ќе се занимава со решавање на проблемите оваа зима, но и со потенцијална соработка на големи стратешки проекти и драго ми е што другите министри го прифатија овој предлог, рече Михајловиќ која зборуваше на панелот за енергетска безбедност на состанокот на Групата за ублажување на кризи во рамките на иницијативата Отворен Балкан во Тирана, соопштија од нејзиниот кабинет.
Таа изјави дека нема причина да не се разговара само за поврзување на пазарите, туку и за заедничко балансирање, што е неопходно во сите земји од регионот. -Албанија е доста зависна од обновливи изворина енергија (ОИЕ) и во моментот кога има проблем со ОИЕ треба да има базна енергија и ова прашање е важно и за Србија и за Македонија, рече Михајловиќ. Очекувам, додаде, од следната недела да почнеме да работиме во рамките на работната група и на претседателите и премиерите на нашите земји да им презентираме предлози за заеднички инвестиции, без разлика дали се работи за соларни електрани, ветерни електрани, заеднички балансирање, пазарно поврзување, гасни интерконекции или можеби дури и подземни складишта за гас. Таа нагласи дека не е доволно само една земја да биде енергетски сигурна, туку потребно е меѓусебно да си помагаме, да бидеме солидарни бидејќи никој не знае точно каква ќе биде состојбата зимава. -Србија донесе нови закони во областа на енергетиката, најголем дел од подзаконските акти, при крај е со изработката на стратешките документи и има нов инвестициски план. Во тек е изградба на гасна интерконекција со Бугарија, која ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување, а планираме да се поврземе и со другите соседи, пред се со Македонија и Романија. Заинтересирани сме и за можностите за подобра соработка и поврзување со Албанија, кога станува збор за планираниот терминал за ЛНГ, како и за подобро поврзување во регионот кога станува збор за високонапонската мрежа. Сите овие меѓусебни врски ќе овозможат поголема енергетска стабилност не само за Србија, туку и за регионот, рече Михајловиќ. На панелот на кој учествуваа ресорните министри од Албанија, Србија и Македонија разговарано е за актуелната состојба во енергетскиот сектор во сите три земји, како и можностите да се придонесе за поголема енергетска стабилност во регионот преку поблиска соработка и искористување на компаративните предности на секоја земја.

The post Србија, Македонија и Албанија формираа работна група за соработка во енергетиката appeared first on Република.

]]>
ЕК ја прекина прекуграничната соработка со Русија и Белорусија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ek-ja-prekina-prekugranichnata-sorabotka-so-rusija-i-belorusija/ Sun, 20 Mar 2022 07:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=475570

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира.

„Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-от кохезиски форум во Брисел посветен на кохезиона политика.

„Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем“, додаде Фереира.

Европската комисија би можела да ги искористи парите што ги запре за Русија и Белорусија за да се грижи за бегалците од Украина.

Фереира рече дека Европската комисија моментално работи на „техничко ниво“ за да ги пренасочи тие средства „што е можно поскоро“.

The post ЕК ја прекина прекуграничната соработка со Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>

Европската комисија ги суспендираше сите проекти што земјите од ЕУ ги имаа со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на ЕУ, потврди еврокомесарката за кохезиона политика Елиса Фереира. „Интеррег и програмите за прекугранична соработка се прекинати. Не самите програми, туку транши од пари што требаше да ги поддржат руската и белоруската страна во таа соработка“, рече Фереира на 8-от кохезиски форум во Брисел посветен на кохезиона политика. „Сега работиме на репрограмирање на тие пари за да и помогнеме на прекуграничната соработка со Украина, за да и помогнеме да го реши својот проблем“, додаде Фереира. Европската комисија би можела да ги искористи парите што ги запре за Русија и Белорусија за да се грижи за бегалците од Украина. Фереира рече дека Европската комисија моментално работи на „техничко ниво“ за да ги пренасочи тие средства „што е можно поскоро“.

The post ЕК ја прекина прекуграничната соработка со Русија и Белорусија appeared first on Република.

]]>
Ратификуван Договорот со Косово за соработка во туризмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ratifikuvan-dogovorot-so-kosovo-za-sorabotka-vo-turizmot/ Mon, 21 Feb 2022 13:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=461512

Во Собранието денеска e ратификуван Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Косово, потпишан во Скопје, на 16 септември 2021 година.

Министерот за економија, Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил соопшти дека овој Договор ќе придонесе во развојот на односите во областа на туризмот меѓу двете земји.

Нашите земји ќе ги преземат сите неопходни мерки за промовирање и поттикнување на развојот на туристичките односи, за олеснување на туризмот со поддршка на туристичките агенции и други структури и организации кои работат во областа на туризмот, напиша Бектеши.

Со Договорот ќе се создадат поволни услови за инвестиции во областа на туризмот, како и можности за размена на искуства за стручно оспособување кадри од туристичката индустрија од други земји, ќе се поттикне реализацијата на целите на двете земји, а ќе се поддржуваат и во регионалните туристички интеграции.

Овој Договор, кој денеска го ратификуваше Собранието на Македонија, ќе важи за период од пет години.

The post Ратификуван Договорот со Косово за соработка во туризмот appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска e ратификуван Договорот за соработка во туризмот меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Косово, потпишан во Скопје, на 16 септември 2021 година. Министерот за економија, Крешник Бектеши преку својот фејсбук профил соопшти дека овој Договор ќе придонесе во развојот на односите во областа на туризмот меѓу двете земји. Нашите земји ќе ги преземат сите неопходни мерки за промовирање и поттикнување на развојот на туристичките односи, за олеснување на туризмот со поддршка на туристичките агенции и други структури и организации кои работат во областа на туризмот, напиша Бектеши. Со Договорот ќе се создадат поволни услови за инвестиции во областа на туризмот, како и можности за размена на искуства за стручно оспособување кадри од туристичката индустрија од други земји, ќе се поттикне реализацијата на целите на двете земји, а ќе се поддржуваат и во регионалните туристички интеграции. Овој Договор, кој денеска го ратификуваше Собранието на Македонија, ќе важи за период од пет години.

The post Ратификуван Договорот со Косово за соработка во туризмот appeared first on Република.

]]>
Костадиновска Стојчевска: Со колегите од Бугарија ќе ги интензивираме контактите во сите сфери на уметноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-so-kolegite-od-bugarija-kje-gi-intenzivirame-kontaktite-vo-site-sferi-na-umetnosta/ Tue, 25 Jan 2022 10:24:32 +0000 https://republika.mk/?p=449143

Со колегите од Владата на Република Бугарија, во работната група за култура, образование и наука, туризам, и младите и спортот работевме во конструктивна и отворена атмосфера, информираше преку своот Фејсбук министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Си поставивме конкретни задачи и чекори кои со точно предвидени рокови ќе ги преземемe од двете страни за да изготвиме програма за блиска соработка во секоја од овие области. Ќе ги интензивираме контактите во сите сфери на уметноста, а ќе изготвиме и заеднички календар за големите културни настани со учество на уметници од двете земји, напиша Костадиновска Стојчевска.

The post Костадиновска Стојчевска: Со колегите од Бугарија ќе ги интензивираме контактите во сите сфери на уметноста appeared first on Република.

Државниот архив и Музеј на македонската борба потпишаа Протокол за соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzavniot-arhiv-i-muzej-na-makedonskata-borba-potpishaa-protokol-za-sorabotka/ Tue, 18 Jan 2022 09:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=446210

Директорите на Државниот архив и на НУ Музеј на македонската борба, д-р Емил Крстески и Даниела Николова, денеска потпишаа Протокол за соработка меѓу овие две институции.

Со потпишувањето на овој протокол, всушност, се проширува соработката во областа на историјата, културата, науката и образованието преку заеднички проекти и програми организирање изложби, промоции, советувања и конференции за афирмација на нашата историја” - изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески по потпишувањето на овој Протокол.

The post Државниот архив и Музеј на македонската борба потпишаа Протокол за соработка appeared first on Република.