сопран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sopran/ За подобро да се разбереме Tue, 24 Oct 2023 08:06:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сопран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sopran/ 32 32 „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zlatna-lira-kontsert-na-aleksandra-kotsevska-metsosopran-i-gligor-gelebeshev-pijano/ Tue, 24 Oct 2023 08:04:59 +0000 https://republika.mk/?p=694074

Вторник, 24 октомври
Музеј на македонската борба, 20 часот

КОНЦЕРТ НА

АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран
ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано

За програмата
Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте.

За уметниците
Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум.

Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>

Вторник, 24 октомври Музеј на македонската борба, 20 часот КОНЦЕРТ НА АЛЕКСАНДРА КОЦЕВСКА - мецосопран ГЛИГОР ГЕЛЕБЕШЕВ - пијано За програмата Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата, остварувајќи впечатливи музички креации кои остануваат долго присутни во меморијата на публиката и критиката. Оваа вечер на фестивалот „Златна лира“ ќе изведат оперски арии од Жорж Бизе, Џузепе Верди, Жил Масне, Волфганг Амадеус Моцарт, Камиј Сен - Санс и Саверио Маркаданте. За уметниците Александра Коцевска дипломира на ФМУ во Скопје, во класата на проф. Благоја Николовски. За време на своите студии учествува на бројни натпревари по соло пеење во Македонија и странство, каде е наградувана со високи награди. По дипломирањето започнува да работи во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во Штип, каде е една од основачите на класата по соло пеење. Во 2002 година ги завршува магистерските студиите во класата на проф. Билјана Јовановска – Јакимовска. Од 2006 година својата педагошка кариера ја продолжува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во Скопје. Доказ за нејзината успешна педагошка работа се бројните награди што нејзините ученици ги освојуваат на домашните и меѓународните натпревари, а честопати е поканувана како член во жири-комисии на меѓународни натпревари. Во 2011 година Коцевска ја добива наградата за повеќегодишна успешна работа во областа на уметничката педагогија која ја доделува „Здружението на музички и балетски педагози“. Од 2015 година особено се интензивира нејзината концертна активност. Во соработка со пијанистот Глигор Гелебешев, дуото настапува на концерти и манифестации низ целата земја. Од 2017 година таа настапува и со Триото Колегиум. Глигор Гелебешев студира на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професор Јокут Михаиловиќ, а магистрира на ФМУ во Скопје. За време на своето школување е добитник на бројни награди на домашни и меѓународни натпревари и е учесник на голем број концерти и мастеркласи на еминентни професори и пијанисти од странство (Евгениј Тимакин, Икуко Ендо, Арбо Валдма, Владимир Крпан, Јокут Михаиловиќ и други). По магистрирањето ја започнува својата пијанистичка кариера како солист и камерен музичар, соработувајќи со голем број истакнати музички уметници. Во 2001 година со својата сопруга, пијанистката Катерина Гелебешева Костадиновска го формираат пијано дуото Гелебешеви кое остварува бројни настапи во земјата и странство, меѓу кои се вбројува и настап со Македонската филхармонија. Дуото во својата биографија запишува и две ЦД-а, а реализира голем број трајни снимки за МРТ. Глигор Гелебешев настапил на најзначајните фестивали на домашната сцена: „Охридско лето“, „Интерфест“, „Денови на македонска музика“, „Златна лира“, а реализирал и настапи во Франција, Италија, Холандија, САД, Романија, Турција, Словенија, Хрватска, Полска, Бугарија, Србија, БиХ. Како педагог во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, тој бележи голем број успеси со своите ученици на домашни и меѓународни натпревари. Поради својата успешна педагошка работа, Гелебешев е честопати покануван да биде дел од жирија на натпревари по пијано во Македонија и надвор од нејзините граници.

The post „Златна лира“: Концерт на Александра Коцевска, мецосопран и Глигор Гелебешев, пијано appeared first on Република.

]]>