сообраќајкна незгода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soobrakajkna-nezgoda/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 17:50:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сообраќајкна незгода Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/soobrakajkna-nezgoda/ 32 32 Камионџија од Македонија удрил во куќа во Хрватска, повредено девојче https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kamiondhija-od-makedonija-udril-vo-kuka-vo-hrvatska-povredeno-devojche/ Wed, 07 Feb 2024 17:50:03 +0000 https://republika.mk/?p=741619

Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција.

Камионот удрил во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишното девојче, објави Индекс.

Според информациите се работи за 40-годишен возач кој е македонски државјанин.

Во болницата во Винковци ѝ ја сошиле главата, а од болницата потврдиле дека има полесна повреда во пределот на главата, поточно модринка и расекотина. Камионџијата има скршен нос, но сакал да ја напушти болницата по своја желба.

„Се разбудив, отидов да пијам кафе и наеднаш слушнав дека се скршило стаклото, се затресе и куќата, во миг помислив дека е земјотрес. Но жената доаѓа и вика: „Итно доаѓај горе, покривот падна!“, изјави за RTL Марко Микшиќ, сопственик на куќата.

Камионот буквално влетал во куќата, го скршил ѕидот и влетал во детската соба, каде во тоа време се наоѓало 14-годишното девојче.

“Кога дојдов, имав што да видам. Морав да ја скршам вратата за да влезам. Ми рекоа – “жено, не е покривот. Во нашата куќа влета камион”. На ќерка ми падна покривот или тула, уште не знам. Жената од болница пријавила дека ништо не е скршено, но ѝ ја сошиле главата. Девојчето е во свесна состојба“, додаде тој.

Тој потврдува дека камионот влетал во просторијата во која била неговата 14-годишна ќерка.

„Малата седна и рече – мамо, види ја крвта, крвта…“, вели тој.

Повеќе информации се очекуваат по истрагата која е во тек.

The post Камионџија од Македонија удрил во куќа во Хрватска, повредено девојче appeared first on Република.

]]>

Две лица се повредени утрово во сообраќајна несреќа во Мирковци кај Винковци откако камион излетал од патот и влетал во куќа, информираат од Вуковарско-сремската полиција. Камионот удрил во детската соба каде во моментот се наоѓало 14-годишното девојче, објави Индекс. Според информациите се работи за 40-годишен возач кој е македонски државјанин. Во болницата во Винковци ѝ ја сошиле главата, а од болницата потврдиле дека има полесна повреда во пределот на главата, поточно модринка и расекотина. Камионџијата има скршен нос, но сакал да ја напушти болницата по своја желба.