Сонот на облачето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonot-na-oblacheto/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Jun 2022 07:49:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сонот на облачето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonot-na-oblacheto/ 32 32 Работилница, претстава и приредба на затворањето на 9. Интернационален детски фестивал на театар на сенки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnica-pretstava-i-priredba-na-zatvoranjeto-na-9-internacionalen-detski-festival-na-teatar-na-senki/ Wed, 08 Jun 2022 07:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=512472

Со работилницата „Караѓоз“ на Џемал Фатих Полат од Турција во 18 часот, претставата „Колку е часот“ на македонскиот театар „Сенки и облаци“ и приредбата „Детски смешки, едно кило тешко“ завршува 9. Интернационален детски фестивал на театар на сенки кој изминатите три дена се одржуваше во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Работилницата почнува во 18 часот, во фоајето на МКЦ, ќе трае 60 минути и е наменета за деца над шест години. Ќе се одвива на англиски јазик.  Децата ќе се запознаат со историјата на Караѓоз театарот, преку класичен текст за играње сенки и традиционалните звуци на ликовите. Во атмосфера на оригинална Караѓоз музика, ќе изработуваат кукли според традиционални методи стари над 650 години. Работилницата е овозможена од Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството е бесплатно, а бројот на деца е ограничен.

На сцената на „Фросина“ во 19 часот е претставата „Колку е часот“ на театарот „Сенки и облаци“, кој е организатор на Фестивалот.

Старо Купувам ѝ подари на Сара еден старински часовник кој пак чука во некое си чудно време, два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара се нурна дури до дното на океанот, одлета до крајот на универзумот и замина на пат околу светот но сепак одговорот не го најде. Ќе остане ли Сара тажна, или можеби по пат си најде ново другарче?
Оваа приказна за пријателството е дел од креативниот сет „Театарче за игра со сенки“ кој е составен од книга, кукли според ликовите и домашна сцена за театар на сенки, вели организаторот.

Фестивалот завршува со приредбата „Детски смешки, едно кило тешки“, која ќе биде изведена на сцената на „Фросина“ во 20 часот. Учестуваат деца од градинката „13-ти Ноември“.

Едно детенце - цвеќенце, две дечиња - цветчиња, а повеќе дечиња преубави букетчиња. Претстава со сенки во изведба на дечиња од градинката 13-ти Ноември, објект Парк. Претставата ја подготвија учителките Стојкова Емилија и Билјана Станојкова.

The post Работилница, претстава и приредба на затворањето на 9. Интернационален детски фестивал на театар на сенки appeared first on Република.

]]>

Со работилницата „Караѓоз“ на Џемал Фатих Полат од Турција во 18 часот, претставата „Колку е часот“ на македонскиот театар „Сенки и облаци“ и приредбата „Детски смешки, едно кило тешко“ завршува 9. Интернационален детски фестивал на театар на сенки кој изминатите три дена се одржуваше во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Работилницата почнува во 18 часот, во фоајето на МКЦ, ќе трае 60 минути и е наменета за деца над шест години. Ќе се одвива на англиски јазик.  Децата ќе се запознаат со историјата на Караѓоз театарот, преку класичен текст за играње сенки и традиционалните звуци на ликовите. Во атмосфера на оригинална Караѓоз музика, ќе изработуваат кукли според традиционални методи стари над 650 години. Работилницата е овозможена од Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството е бесплатно, а бројот на деца е ограничен. На сцената на „Фросина“ во 19 часот е претставата „Колку е часот“ на театарот „Сенки и облаци“, кој е организатор на Фестивалот.
Старо Купувам ѝ подари на Сара еден старински часовник кој пак чука во некое си чудно време, два пати тик, еднаш так! Чие ли време покажува тој? За да дознае, Сара се нурна дури до дното на океанот, одлета до крајот на универзумот и замина на пат околу светот но сепак одговорот не го најде. Ќе остане ли Сара тажна, или можеби по пат си најде ново другарче? Оваа приказна за пријателството е дел од креативниот сет „Театарче за игра со сенки“ кој е составен од книга, кукли според ликовите и домашна сцена за театар на сенки, вели организаторот.
Фестивалот завршува со приредбата „Детски смешки, едно кило тешки“, која ќе биде изведена на сцената на „Фросина“ во 20 часот. Учестуваат деца од градинката „13-ти Ноември“. Едно детенце - цвеќенце, две дечиња - цветчиња, а повеќе дечиња преубави букетчиња. Претстава со сенки во изведба на дечиња од градинката 13-ти Ноември, објект Парк. Претставата ја подготвија учителките Стојкова Емилија и Билјана Станојкова.

The post Работилница, претстава и приредба на затворањето на 9. Интернационален детски фестивал на театар на сенки appeared first on Република.

]]>
Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rabotilnica-za-ekologija-srpskata-pretstava-zaboravenite-princezi-i-likvid-performansot-fludo-vecherva-na-festivalot-sonot-na-oblacheto/ Tue, 07 Jun 2022 07:33:50 +0000 https://republika.mk/?p=511990

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ).

Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук.

Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>

Работилница зе екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо” на Театарот на сенки и облаци се вечерва на програмата на 9. издание на Детскиот фестивал на театар на сенки кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ). Работилницата „Заробени реки“ под водство на Доротеј Нешовски ќе се реализира вечерва во 18 часот во МКЦ. Преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Учеството е бесплатно а бројот на деца е ограничен. Задолжително пријавување во порака на „Сонот на Облачето” страната на Фејсбук. Од 19,30 часот по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Во оваа интерактивна визуелна вртелешка од претстава се скриени сите приказни за непознатите, одамна заборавени принцези, а некои од нив дури и самите заборавиле дека постојат. Сепак, тие заслужуваат повторно да бидат откриени, а можеби публиката ќе се пронајде во некоја од нив. Денот ќе биде заокружен со изведбата на театарот „Сенки и облаци“ на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ во 20:15 часот. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

The post Работилница за екологија, српската претстава „Заборавените принцези“ и ликвид перформансот „Флудо“ вечерва на Фестивалот „Сонот на облачето“ appeared first on Република.

]]>
„Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sonot-na-oblacheto-od-deneska-do-8-juni-vo-mkc/ Mon, 06 Jun 2022 07:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=511590

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“.

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера.

„Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон.

Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”.

Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори.

Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.

Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со претставата „Лавиринт”. Уникатна мултимедијална претстава без текст и со рачно изработени 3D скулптури чии сенки се проектирани на големото платно. Публиката ги гледа актерките на сцената како ја содаваат илузијата на гледање филм во живо, користејќи го изворот на светлина како камера. „Лавиринт” е приказна за погледот на светот низ очите на една жена, а сцени од нејзиниот живот се појавуваат како лирски фрагменти – визуелни поеми кои фрлаат светло на разни нејзини чувства и спомени. Инспирирани од опусот на Марианџела Гуалтиери, Емили Дикинсон, Ети Хилесум, Вислава Шимборска и Лори Андерсон. Во продолжение на фестивалското издание, на 7 јуни најпрво ќе се одржи работилницата „Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски, каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Веднаш потоа, по втор пат во Скопје гостува театарот Le Studio од Србија, овој пат со нивната најнова претстава „Заборавените принцези”. Денот ќе биде заокружен со изведбата на ликвид перформансот „Флудо” на плато МКЦ од страна на Театар „Сенки и облаци”. Мултимедијален перформанс за Флудо, духот на водата, кој со своите пријатели од подводниот свет ќе биде заробен од човечка рака со изградбата на една хидроцентрала. Приказна раскажана преку интересна техника со многу вода, боја и масло на платно и текст на Д. А. Лори. Последната фестивалска вечер, на 8 јуни, ќе почне со работилницата на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години. Фестивалската вечер ќе биде заокружена со премиерната изведба на претставата „Колку е часот“ од страна на организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”.
Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето” успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика, посочуваат во соопштението од фестивалот.
Организатор на фестивалот е Театар „Сенки и облаци“, со поддршка од Министерството за култура, Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје. Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување.

The post „Сонот на облачето“ од денеска до 8 јуни во МКЦ appeared first on Република.

]]>
Во овие 17 години од кога постои театарот „Сенки и облаци“ поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-ovie-17-godini-od-koga-postoi-teatarot-senki-i-oblaci-pominale-sekakvi-temni-oblaci-no-nie-sme-tie-koi-go-sakaat-sonceto/ Sat, 04 Jun 2022 12:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=511004

По пауза од две години, поради ковид-пандемијата, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје од 6 до 8 јуни ќе се одржи Интернационалниот детски фестивал на сенки „Сонот на облачето“ во организација на театарот на сенки „Сенки и облаци“.

Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика. Досега на Фестивалот гостувале театари од Шпанија, САД, Бразил, Русија, Турција, Франција, а за деветто издание се најавени гости од Србија и Италија.

Во овие 17 години од кога постои театарот „Сенки и облаци“ поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето, вели основачот на театарот, актерот Круме Стефановски.

Театарот „Сенки и облаци“ кој се наоѓа во скопско Дебар маало успеа да опстои во услови на пандемија и забрана за посета на јавни настани. За жал, немаа можност да ги отворат вратите за публиката повеќе од две години, но сега, откако работите се сменија, планираат од есен да имаат претстави во континуитет. Тимот кој го сочинува Театарот е мал, но сложен и работи посветено, бидејќи како што вели Стефановски, играта со сенки е предизвик за сите.

[caption id="attachment_511006" align="alignnone" width="2004"] Тимот на театарот „Сенки и облаци“[/caption]

Од 6 до 8 јуни во МКЦ ќе се одржи 9. издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Организатор е театарот на сенки, „Сенки и облаци“. Овој театар не е многу популарен во светски рамки, но како Вам ви успеа толку години да се „заиграте“ и да го надградувате?

СТЕФАНОВСКИ: Ова е театар кој дава голема слобода во изразот и играта, и веројатно заради тоа се заигравме толку години. Можеме да нурнеме во длабочините на океанот и да патуваме до вселената, и сето тоа да е уверливо и да не е премногу сложено да се претстави. За сето тоа во класичниот театар треба повеќе простор, сретства и прецизни технички решенија. Веројатно слободата во играта што ни ја дава овој театар, и со искуството што веќе го имаме да најдеме соодветни решенија во сцените е тоа што нè држи возбудени и секогаш спремни за игра и креирање нови претстави.

Фестивалот секогаш буди големо интересирање кај децата. Дали тие деца, сега веќе пораснати, со годините, доаѓаат и понатаму ги следат претставите?

СТЕФАНОВСКИ: Пандемијата ни одзема две години од играта во нашиот театар и организирање на Фестивалот. Сега одново се обидуваме да го продолжиме прекинатиот континуитет. Фестивалот оваа година го преместивме од ноември, во јуни, и сè уште не сме сигурни како ќе помине оваа промена. Секогаш имало голем интерес за Фестивалот, но двегодишната пауза можеби нешто ќе измени. На нашите претстави секогаш доаѓала и возрасна публика, така што очекувам да има нови деца и возрасна публика која е веќе фан на нашиот театар и фестивал.

Освен претстави, на секое издание на Фестивалот има и работилници. Која е темата на работилниците оваа година?

СТЕФАНОВСКИ: Како и секогаш, од првото издание на нашиот фестивал, сме се труделе да има бесплатни работилници за што повеќе деца. Оваа година ќе има две бесплатни работилници, со двајца различни ментори. Првата е на нашиот познаник и соработник, скопскиот уметник Доротеј Нешковски и ќе биде во вторник, а во среда ни доаѓа Кемал Полак од Турција, и тој ќе ни ја покажа техниката и играта на Караѓоз – традиционалниот турски театар на сенки. Се надевам дека и оваа година ќе биде многу посетено и забавно.

Кои се гостите на ова издание на Фестивалот?

СТЕФАНОВСКИ: Во понеделник, за отварањето го имаме театарот од Рим – Италија, со претставата „Лавиринт“. Ни доаѓаат со претставата која беше на отворањето на Венециското биенале, која е наменета за поголеми деца и возрасни. Специфична естетика на скулпури од жица, светла и магија која ги создава сенките. Препорака за сите возрасти. Во вторник ни доаѓа театарот од Белград, Србија, со претставата „Заборавените принцези“. Забавна, интерактивна претстава за сите заборавени принцези од бајките. Во среда е претставатана нашиот театар – Сенки и облаци, насловена „Колку е часот?“ Колоритна, динамична, разиграна, раскажува дека со посветеност, внимание и љубов сè е можно. Од нашиот театар во вторник имаме уште еден перформанс што ќе се одигра на отворено, во паркот пред МКЦ со име Флудо – духчето на водата.

Најавена е и промоција на „Театарски за игра на сенки“. Може ли да ни кажете нешто повеќе за овој креативен сет? Што може тој да им понуди на децата?

СТЕФАНОВСКИ: Креативниот сет – театарче за игра со сенки ни беше дамнешна желба да го направиме. Секогаш пречка ни беа средствата или времето – многу ангажмани и фокус на други работи. Сега дојде вистинско време за популаризација на театарот на сенки преку овој сет кој ќе биде достапен на фестивалот и понатака во книжарниците низ Македонија. Идејата е секое дете што сака и има интерес за овој театар, да му биде достапони и да може да игра дома и да ја развива својата имагинација. Текстот од претставата „Колку е часот?“, како и фигурите – куклите од претставата се вклучени во сетот. Ќе има и линк до нашата веб страна, каде ќе можат децата да си ја пуштат снимена нарацијата и дијалозите, па по неа да играат. Направивме комплетен производ со кои децата ќе си ја развиваат својата креативност и ќе можат да се забавуваат.

Во најавата за фестивалот е запишан и мултимедијалниот перформанс за животот на духчето Флудо. Што се крие зад оваа приказна?

СТЕФАНОВСКИ: Духчето Флудо е духот на водата. Имагинарен лик кој ја води приказната во оваа претстава. Како одговор на зголеменото уништување на природата и природните ресурси, водите и изградбата на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и недопрена природа, во соработка со Еко-свест, да се ангажираме во борбата продив уништувањето на природата и подигнување на свеста кај луѓето. Претстава е наменета за сите возрасти. Ќе се изведува во паркот пред Младинскиот културен центар и влезот за неа е слободен.

Какви се вашите искуства, дали во екипата која го создава Фестивалот има некој кој дошол како гледач, а потоа станал дел од тимот на театарот?

СТЕФАНОВСКИ: Во екипата ни се придружи Дарко Богески, кој во изминатите години работеше како волонтер и помагач на фестивалот. Бидејќи е професионален актер, брзо се вклопи во нашата екипа и одлично одговори на сите нови задолженија. Се случувало во изминатите години, луѓе што биле гости да ни понудат некаква соработка, но не и некој гледач да се вклучи во екипата.

Во скопско Дебар маало пред четири години го отворивте првиот Театар на сенки „Сенки и облаци“. Како се развива оваа приказна и кои се вашите идни планови?

СТЕФАНОВСКИ: Некако успеавме да опстанеме во услови на пандемија и забрана за посета на јавни настани. Повеќе од 2 години немавме можност да ги отвориме вратите на нашиот театар за публика. Но за среќа работите се сменија и почнавме со по некоја изведба. Плановите ни се од есен да бидеме поактивни, и да имаме претстави во континуитет. Неизвесно е времево што го живееме, турбулентно е во секој поглед, но сепак нашата намера е продолжиме понатаму. Во овие 17 години од кога постои театарот Сенки и облаци поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето. Ќе завршам со повик до сите кои го сакаат театарот да дојдат на нашиот фестивал „Сонот на облачето“, да ги донесат децата на работилници, да гледаат претстави, да се дружат и забавуваат. Не кажувам декларативно, туку знам и верувам дека децата се иднината на општеството и нашата намера е да направиме сè што можеме за да влијаеме позитивно на нивниот ментален развој, креативност и едукација. Се гледаме во МКЦ.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Приватна архива

The post Во овие 17 години од кога постои театарот „Сенки и облаци“ поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето appeared first on Република.

]]>

По пауза од две години, поради ковид-пандемијата, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје од 6 до 8 јуни ќе се одржи Интернационалниот детски фестивал на сенки „Сонот на облачето“ во организација на театарот на сенки „Сенки и облаци“. Како единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион, „Сонот на облачето“ успешно придонесува кон интернационална и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика. Досега на Фестивалот гостувале театари од Шпанија, САД, Бразил, Русија, Турција, Франција, а за деветто издание се најавени гости од Србија и Италија.
Во овие 17 години од кога постои театарот „Сенки и облаци“ поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето, вели основачот на театарот, актерот Круме Стефановски.
Театарот „Сенки и облаци“ кој се наоѓа во скопско Дебар маало успеа да опстои во услови на пандемија и забрана за посета на јавни настани. За жал, немаа можност да ги отворат вратите за публиката повеќе од две години, но сега, откако работите се сменија, планираат од есен да имаат претстави во континуитет. Тимот кој го сочинува Театарот е мал, но сложен и работи посветено, бидејќи како што вели Стефановски, играта со сенки е предизвик за сите. [caption id="attachment_511006" align="alignnone" width="2004"] Тимот на театарот „Сенки и облаци“[/caption] Од 6 до 8 јуни во МКЦ ќе се одржи 9. издание на Интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Организатор е театарот на сенки, „Сенки и облаци“. Овој театар не е многу популарен во светски рамки, но како Вам ви успеа толку години да се „заиграте“ и да го надградувате? СТЕФАНОВСКИ: Ова е театар кој дава голема слобода во изразот и играта, и веројатно заради тоа се заигравме толку години. Можеме да нурнеме во длабочините на океанот и да патуваме до вселената, и сето тоа да е уверливо и да не е премногу сложено да се претстави. За сето тоа во класичниот театар треба повеќе простор, сретства и прецизни технички решенија. Веројатно слободата во играта што ни ја дава овој театар, и со искуството што веќе го имаме да најдеме соодветни решенија во сцените е тоа што нè држи возбудени и секогаш спремни за игра и креирање нови претстави. Фестивалот секогаш буди големо интересирање кај децата. Дали тие деца, сега веќе пораснати, со годините, доаѓаат и понатаму ги следат претставите? СТЕФАНОВСКИ: Пандемијата ни одзема две години од играта во нашиот театар и организирање на Фестивалот. Сега одново се обидуваме да го продолжиме прекинатиот континуитет. Фестивалот оваа година го преместивме од ноември, во јуни, и сè уште не сме сигурни како ќе помине оваа промена. Секогаш имало голем интерес за Фестивалот, но двегодишната пауза можеби нешто ќе измени. На нашите претстави секогаш доаѓала и возрасна публика, така што очекувам да има нови деца и возрасна публика која е веќе фан на нашиот театар и фестивал. Освен претстави, на секое издание на Фестивалот има и работилници. Која е темата на работилниците оваа година? СТЕФАНОВСКИ: Како и секогаш, од првото издание на нашиот фестивал, сме се труделе да има бесплатни работилници за што повеќе деца. Оваа година ќе има две бесплатни работилници, со двајца различни ментори. Првата е на нашиот познаник и соработник, скопскиот уметник Доротеј Нешковски и ќе биде во вторник, а во среда ни доаѓа Кемал Полак од Турција, и тој ќе ни ја покажа техниката и играта на Караѓоз – традиционалниот турски театар на сенки. Се надевам дека и оваа година ќе биде многу посетено и забавно. Кои се гостите на ова издание на Фестивалот? СТЕФАНОВСКИ: Во понеделник, за отварањето го имаме театарот од Рим – Италија, со претставата „Лавиринт“. Ни доаѓаат со претставата која беше на отворањето на Венециското биенале, која е наменета за поголеми деца и возрасни. Специфична естетика на скулпури од жица, светла и магија која ги создава сенките. Препорака за сите возрасти. Во вторник ни доаѓа театарот од Белград, Србија, со претставата „Заборавените принцези“. Забавна, интерактивна претстава за сите заборавени принцези од бајките. Во среда е претставатана нашиот театар – Сенки и облаци, насловена „Колку е часот?“ Колоритна, динамична, разиграна, раскажува дека со посветеност, внимание и љубов сè е можно. Од нашиот театар во вторник имаме уште еден перформанс што ќе се одигра на отворено, во паркот пред МКЦ со име Флудо – духчето на водата. Најавена е и промоција на „Театарски за игра на сенки“. Може ли да ни кажете нешто повеќе за овој креативен сет? Што може тој да им понуди на децата? СТЕФАНОВСКИ: Креативниот сет – театарче за игра со сенки ни беше дамнешна желба да го направиме. Секогаш пречка ни беа средствата или времето – многу ангажмани и фокус на други работи. Сега дојде вистинско време за популаризација на театарот на сенки преку овој сет кој ќе биде достапен на фестивалот и понатака во книжарниците низ Македонија. Идејата е секое дете што сака и има интерес за овој театар, да му биде достапони и да може да игра дома и да ја развива својата имагинација. Текстот од претставата „Колку е часот?“, како и фигурите – куклите од претставата се вклучени во сетот. Ќе има и линк до нашата веб страна, каде ќе можат децата да си ја пуштат снимена нарацијата и дијалозите, па по неа да играат. Направивме комплетен производ со кои децата ќе си ја развиваат својата креативност и ќе можат да се забавуваат. Во најавата за фестивалот е запишан и мултимедијалниот перформанс за животот на духчето Флудо. Што се крие зад оваа приказна? СТЕФАНОВСКИ: Духчето Флудо е духот на водата. Имагинарен лик кој ја води приказната во оваа претстава. Како одговор на зголеменото уништување на природата и природните ресурси, водите и изградбата на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и недопрена природа, во соработка со Еко-свест, да се ангажираме во борбата продив уништувањето на природата и подигнување на свеста кај луѓето. Претстава е наменета за сите возрасти. Ќе се изведува во паркот пред Младинскиот културен центар и влезот за неа е слободен. Какви се вашите искуства, дали во екипата која го создава Фестивалот има некој кој дошол како гледач, а потоа станал дел од тимот на театарот? СТЕФАНОВСКИ: Во екипата ни се придружи Дарко Богески, кој во изминатите години работеше како волонтер и помагач на фестивалот. Бидејќи е професионален актер, брзо се вклопи во нашата екипа и одлично одговори на сите нови задолженија. Се случувало во изминатите години, луѓе што биле гости да ни понудат некаква соработка, но не и некој гледач да се вклучи во екипата. Во скопско Дебар маало пред четири години го отворивте првиот Театар на сенки „Сенки и облаци“. Како се развива оваа приказна и кои се вашите идни планови? СТЕФАНОВСКИ: Некако успеавме да опстанеме во услови на пандемија и забрана за посета на јавни настани. Повеќе од 2 години немавме можност да ги отвориме вратите на нашиот театар за публика. Но за среќа работите се сменија и почнавме со по некоја изведба. Плановите ни се од есен да бидеме поактивни, и да имаме претстави во континуитет. Неизвесно е времево што го живееме, турбулентно е во секој поглед, но сепак нашата намера е продолжиме понатаму. Во овие 17 години од кога постои театарот Сенки и облаци поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето. Ќе завршам со повик до сите кои го сакаат театарот да дојдат на нашиот фестивал „Сонот на облачето“, да ги донесат децата на работилници, да гледаат претстави, да се дружат и забавуваат. Не кажувам декларативно, туку знам и верувам дека децата се иднината на општеството и нашата намера е да направиме сè што можеме за да влијаеме позитивно на нивниот ментален развој, креативност и едукација. Се гледаме во МКЦ. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Приватна архива

The post Во овие 17 години од кога постои театарот „Сенки и облаци“ поминале секакви темни облаци, но ние сме тие кои го сакаат сонцето appeared first on Република.

]]>
Меѓународниот театарски фестивал на сенки за деца „Сонот на облачето“ почнува на 6 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/megjunarodniot-teatarski-festival-na-senki-za-deca-sonot-na-oblacheto-pochnuva-na-6-juni/ Wed, 01 Jun 2022 21:34:51 +0000 https://republika.mk/?p=509944

На 6 јуни (понеделник) започнува деветото издание на тридневниот меѓународен театарски фестивал на сенки за деца, „Сонот на облачето“ што ќе се одржува во Младинскиот културен центар.

Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина од 19:30 часот ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со мултимедијалната претставата „Лавиринт”.

На вториот ден од фестивалот ќе се одржи работилницата “Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Потоа следува интерактивната претстава „Заборавените принцези на српскиоттеатар „Le Studio“. На крајот ќе биде претставен ликвид перформансот “Флудо” на плато МКЦ од страна на театарот „Сенки и облаци“.

Последната фестивалска вечер ќе започне со работилницата на Караѓоз мајсторот, Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат уникатна можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години, а крајот на фестивалската програма ќе се забележи со претставата „Колку е часот“ во 19:00 часот во изведба на театарот „Сенки и облаци”.

„Сонот на облачето“ е единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион што успешно придонесува кон меѓународната и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика.

Организатор е Театар „Сенки и облаци“, а фестивалот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко- свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе ѝ овозможат на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки.

Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување. Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 250 денари, како и онлајн на следниот ЛИНК.

 

The post Меѓународниот театарски фестивал на сенки за деца „Сонот на облачето“ почнува на 6 јуни appeared first on Република.

]]>

На 6 јуни (понеделник) започнува деветото издание на тридневниот меѓународен театарски фестивал на сенки за деца, „Сонот на облачето“ што ќе се одржува во Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче за игра со сенки”, а веднаш потоа на сцената Фросина од 19:30 часот ќе се претстави театарот од Италија Unterwasser со мултимедијалната претставата „Лавиринт”. На вториот ден од фестивалот ќе се одржи работилницата “Заробени реки” под водство на Доротеј Нешовски каде преку мозаична игра со фолија во боја, со помош на светло и сенки децата ќе раскажат една поинаква приказна за зачувувањето на животната средина, со фокус на водата и реките. Потоа следува интерактивната претстава „Заборавените принцези на српскиоттеатар „Le Studio“. На крајот ќе биде претставен ликвид перформансот “Флудо” на плато МКЦ од страна на театарот „Сенки и облаци“. Последната фестивалска вечер ќе започне со работилницата на Караѓоз мајсторот, Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат уникатна можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки стари над 650 години, а крајот на фестивалската програма ќе се забележи со претставата „Колку е часот“ во 19:00 часот во изведба на театарот „Сенки и облаци”. „Сонот на облачето“ е единствен фестивал од овој тип во поширокиот регион што успешно придонесува кон меѓународната и локална афирмација на театарот на сенки, а воедно е и една од ретките манифестации кај нас што во континуитет прикажува претстави од странска продукција пред детската македонска публика. Организатор е Театар „Сенки и облаци“, а фестивалот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на С.Р.М., Градот Скопје, МКЦ, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко- свест“, Амбасадата на Италија во Скопје, Српскиот културно информативен ценатр СПОНА и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје ќе ѝ овозможат на најмладата публика да ужива во несекојдневните спектакли со сенки. Учеството на работилниците е бесплатно со задолжително претходно пријавување. Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 250 денари, како и онлајн на следниот ЛИНК.  

The post Меѓународниот театарски фестивал на сенки за деца „Сонот на облачето“ почнува на 6 јуни appeared first on Република.

]]>