СОНК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonk/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Jun 2023 12:16:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png СОНК Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonk/ 32 32 Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-kolektivniot-dogovor-za-visoko-obrazovanie-i-nauka-e-ispolnet-vo-tselost/ Wed, 21 Jun 2023 12:16:21 +0000 https://republika.mk/?p=653723

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.

- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.

Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.

- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.

Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.

- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.

Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.

- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.

Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение.

Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>

Со колективниот договор претходните две години имаше зголемување на платите за десет проценти во високото образование и наука и последнава година, односно мајската плата на вработените во високото образование беше зголемена за приближно 18 проценти, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, Јаким Неделков, кој денеска одржа прес-конференција во врска со имплементација на Колективниот договор за високо образование и наука заедно со Независниот академски синдикат - НАкС.
- За жал имаме работни места кои што не се вклопија во ова зголемување, а тоа е едноставна причина што спаѓаат во групата на зголемување на плати врз основа на порастот на минимална плата и кај нив имаше зголемување во март месец, односно април со мартовска плата, каде имаше зголемување за 12,55 проценти, рече тој.
Неделков информираше дека колективниот договор е исполнет во целост, а, како што рече, успехот го припишува на двата синдиката.
- Ни останува сите оние недостатоци кои што ги утврдивме при реализација на колективниот договор во однос на работните места, во однос на непостоечки работни места во колективниот договор, а практично ги има на терен, секаде онаму каде што минималната плата ја прави онаа, како што рече таканаречена „урамниловка“, сите тие работи треба да се коригираат, рече тој.
Дополни дека не станува збор само за тие работни места. - Се разбира и не само тие работни места, туку тоа што беше договарано, работа во фази на овој колективен договор останува подигнување на коефициентите по работни места, или, така како што беше договарано, распонот на работни места од најниската плата до највисокото образование да биде 1 спрема 5, рече тој, дополнувајќи дека тоа е втората фаза за која што, како што рече, ќе работат во наредниот период.
- Јас сум уверен дека во преговорите кои што ќе отпочнат многу скоро со Министерството за образование и наука, дека овие коефициенти ќе бидат искорегирани, така како што беше, дополни тој.
Претседателката на Независниот академски синдикат, Елена Џукеска, истакна дека пред потпишувањето на овој гранков колективен договор платите во високото образование многу долг период не само што не биле покачени, туку и буквално се раководеле по некои документи создадени во времето на СФРЈ.
- Ова е прво сеопфатно воведување на регулација на нашата дејност. Се разбира дека за две години не можеме да очекуваме да бидат сите проблеми што произлегуваат од имплементацијата, но е многу важно како почеток, рече таа.
Дополни дека констатацијата после две години имплементација на договорот е дека е неопходно системско решение. Она што го констатиравме после две години имплементација на овој договор е дека всушност најдобро за сите нас е да има едно системско решение кое што ќе биде основа која што ќе може да се имплементира за сите јавни високообразовни и научни установи, наспроти парцијалните решенија кои што можат да се склучат на ниво на работодавач, рече таа.

The post Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост appeared first on Република.

]]>
Вработените во градинките ќе добијат 15 отсто повисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotenite-vo-gradinkite-kje-dobijat-15-otsto-povisoki-plati/ Thu, 13 Oct 2022 11:59:22 +0000 https://republika.mk/?p=560626

Зголемување на платите на вработените во градинките за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е новината која е дел од колективниот договор што го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК).

Со договорот се предвидува и зголемување на додатоците и надоместоците на плата и се зголемуваат правата на работниците за време на штрајк.

Со колективниот договор, исто така, се надминува проблемот со работното време на воспитувачите и негователите за реализирање на другите програмски активности во други просторни услови во установата или надвор од неа.

„Се обезбедува регрес за годишен одмор, четири часовно платено отсуство од работа во текот на месецот за извршување на итни, лични и неодложни потреби, се зголемуваат правата за слободни платени работни денови во текот на календарската година, се воведуваат јубилејни награди за работа во градинката“, се наведува во соопштението од Министерството.

The post Вработените во градинките ќе добијат 15 отсто повисоки плати appeared first on Република.

]]>

Зголемување на платите на вработените во градинките за 15 отсто и нивен континуиран раст со секое зголемување на минималната плата е новината која е дел од колективниот договор што го потпишаа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК). Со договорот се предвидува и зголемување на додатоците и надоместоците на плата и се зголемуваат правата на работниците за време на штрајк. Со колективниот договор, исто така, се надминува проблемот со работното време на воспитувачите и негователите за реализирање на другите програмски активности во други просторни услови во установата или надвор од неа.
„Се обезбедува регрес за годишен одмор, четири часовно платено отсуство од работа во текот на месецот за извршување на итни, лични и неодложни потреби, се зголемуваат правата за слободни платени работни денови во текот на календарската година, се воведуваат јубилејни награди за работа во градинката“, се наведува во соопштението од Министерството.

The post Вработените во градинките ќе добијат 15 отсто повисоки плати appeared first on Република.

]]>
СОНК: Онлајн настава не е прифатлива опција, најдете начин училиштата да не се затворат зимава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-onlajn-nastava-ne-e-prifatliva-opcija-najdete-nachin-uchilishtata-da-ne-se-zatvorat-zimava/ Thu, 22 Sep 2022 08:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=553087

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата.

Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК.

The post СОНК: Онлајн настава не е прифатлива опција, најдете начин училиштата да не се затворат зимава appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска на својот Фејсбук-профил објави дека Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) треба заедно да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата. Наставата од далечина не е прифатлива опција на најзасегнатите: учениците, родителите и наставниците, наведува СОНК.

The post СОНК: Онлајн настава не е прифатлива опција, најдете начин училиштата да не се затворат зимава appeared first on Република.

]]>
СОНК и МТСП уште ги усогласуваат ставовите за нов Колективен договор во градинките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mtsp-ushte-gi-usoglasuvaat-stavovite-za-nov-kolektiven-dogovor-vo-gradinkite/ Thu, 01 Sep 2022 15:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=546505

Работните групи на СОНК и Министерството за труд и социјална политика ги усогласуваат различните ставови во текстот на новиот Колективен договор за вработените во градинките, објавија попладнево на фејсбук-профилот на СОНК.

Зголемување на платите за 15 проценти од септември не е спорно како и другите придобивки кои се вградени во нацрт текстот кој што по усогласувањето ќе биде предмет на јавната расправа пред членовите на СОНК, стои во објавата.

The post СОНК и МТСП уште ги усогласуваат ставовите за нов Колективен договор во градинките appeared first on Република.

Неделков: Новата учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-novata-uchebna-godina-da-otpochne-so-nova-energija-nova-nadez-novi-sindikalni-iskustva-i-uspesi/ Thu, 01 Sep 2022 09:03:01 +0000 https://republika.mk/?p=546336

Лидерот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на вработените во образованието им посака успешна нова учебна година.

Почитувани колеги, Дозволете ни да Ви посакаме оваа нова учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси … Да ги научиме учениците за работи што не ги знаеле досега. Посакуваме да го извлечеме најдоброто од учениците во оваа претстојна година со нашата напорна работа и трпение. Сѐ најдобро! Среќен почеток!, напиша Неделков на Фејсбук.

Наставниците со платата за септември ќе добијат зголемување од 15 отсто договорено меѓу МОН и СОНК по организираниот штрајк пролетта.

The post Неделков: Новата учебна година да отпочне со нова енергија, нова надеж, нови синдикални искуства и успеси appeared first on Република.

Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-od-septemvri-povisoki-plati-za-15-otsto-na-vrabotenite-vo-osnovno-i-sredno-obrazovanie/ Tue, 07 Jun 2022 10:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=512139

Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Тоа е предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на обуката за прва помош за ученици во рамки на кампањата на Црвен крст „Првата помош спасува живот“.

Конечниот договор за зголемување на платите за 15 отсто за вработените во образовните установи МОН и СОНК го постигнаа на 17 мај со посредство на помирувач и по 12 дена прекината настава поради генерален штрајк во училиштата од 11 до 28 април.

Претставниците на двете страни во спогодбата се согласија платите на вработените во основните и средните да бидат зголемени за 15 проценти, почнувајќи од септември годинава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование, како и нова методологија што ќе обезбеди постојан раст на платите во образованието.

The post Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование appeared first on Република.

]]>

Повисоки плати за 15 отсто за вработените во основно и во средно образование ќе има од септември, како што е договорено со Самостојниот синдикат за образование и наука (СОНК). Тоа е предвидено во ребалансот на Буџетот, што треба да биде усвоен во Собранието, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Со СОНК ја потпишавме спогодбата која произлезе од процесот на помирување. Очекуваме да помине ребалансот на Буџетот за да подготвиме информација во Владата, за да се потпише конечната спогодба за 15 отсто. Значи, преговорите имаат потпишана спогодба, договорени се сите работи со СОНК и го чекаме ребалансот. Очекувам да помине и сѐ да биде добро за од септември да има повисоки плати во основно и во средно образование, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на обуката за прва помош за ученици во рамки на кампањата на Црвен крст „Првата помош спасува живот“.
Конечниот договор за зголемување на платите за 15 отсто за вработените во образовните установи МОН и СОНК го постигнаа на 17 мај со посредство на помирувач и по 12 дена прекината настава поради генерален штрајк во училиштата од 11 до 28 април. Претставниците на двете страни во спогодбата се согласија платите на вработените во основните и средните да бидат зголемени за 15 проценти, почнувајќи од септември годинава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување нови колективни договори за основно и средно образование, како и нова методологија што ќе обезбеди постојан раст на платите во образованието.

The post Шаќири: Од септември повисоки плати за 15 отсто на вработените во основно и средно образование appeared first on Република.

]]>
Просветните работници се изиграни и манипулирани, договорот меѓу СОНК и владата не е соодветен на нивните барања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prosvetnite-rabotnici-se-izigrani-i-manipulirani-dogovorot-megju-sonk-i-vladata-ne-e-soodveten-na-nivnite-baranja/ Sat, 21 May 2022 20:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=505299

Се чини дека сите чинители во општеството и граѓаните заборавија зошто почна штрајкот на наставниците. Штрајкот на наставниците почна затоа што тие бараа нивелирање на нивните плати според минималната плата во државата, а тоа не се случи и затоа сметам дека се изманипулирани. Договорот меѓу СОНК и Владата не е соодветен на нивните барања, вели Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во однос на договорот помеѓу владата и синдикатот кој што дојде после скоро три неделниот штрајк на вработените во воспитно образовните институции во Македонија, кои освен покачување на платите бараа и нивелирање на платите согласно зголемената минимална плата.

Таа во денешното гостување во централниот Дневник на Сител телевизија во „Тема на денот”, истакна дека договореното покачување на платите од 15% ќе биде на минималната нивна плата  која во основното образование е 14.754, а во средното 15.288, а не на плата усогласена со минималната, што беше едно од нивното клучно барање.

Ова што е сега договор меѓу СОНК и владата не се однесува на минималната плата на државата. Минималната плата  во основно образование изнесува 14.754 денари, во средно образование изнесува 15.288 денари. Што значи минималната плата во образованието и процентот кои сега тие го  добија, 15% ќе се однесува  на овие минимални плати, не на минималната плата во државата. Процентот ќе почнеме да го сметаме, еве на пример во основното образование, на помалата сума на 14.700 и кусур денари, после тоа, со тој процент ќе се пресмета коефициентот според работното  место, задачите кои ги извршуваат наставниците, стажот и работното искуство и така ќе ја добијат на крај бруто платата и тоа воопшто не е во согласност со нивните барања. Нивните барања беа нивниот коефициент да се пресмета врз основа на минималната плата во државата, односно 18.000 денари, истакна Јаневска.

Таа додаде дека начинот на кој што се дојде до овој договор е уште попонижувачки на просветните работници, затоа што Законот за помирување и мирно решавање на споровите требаше да се примени пред генералниот штрајк, а не после тоа.

Таа додаде дека Владата не го примени овој закон затоа што до последен ден не веруваа дека ќе дојде до штрајк на наставниците, но откако видоа дека веќе трета недела се протестира, а крајот на школската година и на матурите се ближи, одлучија да го применат овој механизам кој што, во секој случај требаше да се искористи пред, а не после отпочнување на штрајкот.

The post Просветните работници се изиграни и манипулирани, договорот меѓу СОНК и владата не е соодветен на нивните барања appeared first on Република.

СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mtsp-se-dogovorija-nema-da-se-kratat-platite-za-vrabotenite-vo-gradinkite-koi-shtrajkuvaa/ Fri, 20 May 2022 10:49:17 +0000 https://republika.mk/?p=504739

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор.

Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое што се согласија и двете страни да платите во дејноста – детските градинки и во образованието се зголеми за 15 проценти. Значи, сите делови коишто беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот колективен договор. Веднаш по 24 мај, по празникот започнуваме со работните групи коишто се веќе дефинирани и формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените, односно на носителите на дејноста во детските градинки, рече министерката за труд и социјална политика Јованча Тренчевска по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој на прес-конференцијата посочи дека со ова практично и е заокружен процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП.

Она што беше како спорно исплатата на дневници на вработените во детските градинки кои штрајкуваат денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените, затоа што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред на нив да им се скрати од платата. МТСП, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен, рече Неделков.

Тренчевска појасни дека овие измени и и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.

Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството.

На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор.

По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена, неделава заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

The post СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа appeared first on Република.

]]>

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор.
Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое што се согласија и двете страни да платите во дејноста – детските градинки и во образованието се зголеми за 15 проценти. Значи, сите делови коишто беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот колективен договор. Веднаш по 24 мај, по празникот започнуваме со работните групи коишто се веќе дефинирани и формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените, односно на носителите на дејноста во детските градинки, рече министерката за труд и социјална политика Јованча Тренчевска по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Тој на прес-конференцијата посочи дека со ова практично и е заокружен процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП.
Она што беше како спорно исплатата на дневници на вработените во детските градинки кои штрајкуваат денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените, затоа што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред на нив да им се скрати од платата. МТСП, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен, рече Неделков.
Тренчевска појасни дека овие измени и и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.
Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.
Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството. На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена, неделава заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

The post СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа appeared first on Република.

]]>
Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да го затвориме проблемот со деновите од штрајк https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-pred-sredbata-so-mtsp-ochekuvame-da-go-zatvorime-problemot-so-denovite-od-shtrajk/ Fri, 20 May 2022 09:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=504713

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред средбата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека очекуваат дека денеска ќе го затворат проблемот со деновите од штрајк.

Тој додава дека тоа значи вработените од детските градинки, како и вработените во основните и средните училишта да си ги добијат дневниците.

https://www.youtube.com/watch?v=z3B7z3rwT9Q

The post Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да го затвориме проблемот со деновите од штрајк appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред средбата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека очекуваат дека денеска ќе го затворат проблемот со деновите од штрајк. Тој додава дека тоа значи вработените од детските градинки, како и вработените во основните и средните училишта да си ги добијат дневниците. https://www.youtube.com/watch?v=z3B7z3rwT9Q

The post Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да го затвориме проблемот со деновите од штрајк appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се утврдуваат платите на вработените во градинките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-kje-se-utvrduvaat-platite-na-vrabotenite-vo-gradinkite/ Fri, 20 May 2022 07:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=504634

Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК.

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по последната средба со Неделков на 17 мај, изјави дека ги приближуваат ставовите со СОНК и оти очекува до крајот на неделава да биде постигнат договор.

– Блиску сме до конечно решение. Се разговара за повеќе понудени предлог решенија и од МТСП и од страна на СОНК и дојдовме до приближување на ставовите кон она што значи решавање на спорот. Во текот на неделата продолжуваме повторно со дијалогот. Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме потпишано спогодби и конечно решение во однос на одлуката на штрајк во предучилишните установи. Тоа треба да биде во интерес и на МТСП и на СОНК односно вработените во градинките, а да е во согласност со законот, рече Тренчевска по средбата со Неделков.

И претседателот на СОНК изрази оптимизам  дека е можно да се дојде до решение, но, потенцира, доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот.

-Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен до крајот на неделата. Тоа не би требало се чини да биде сламка на сопнување, од аспект на тоа што има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, рече Неделков.

По повеќедневни преговори со посредство на медијатор, СОНК во вторникот постигна договор со МОН платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истото ќе важи и за вработените во градинките.

Генералниот штрајк на СОНК кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога Синдикатотот беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН.

The post Денеска ќе се утврдуваат платите на вработените во градинките appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за труд и социјална политика претпладнево ќе се оддржи нова средба помеѓу министерката Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, за изнаоѓање решение околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска по последната средба со Неделков на 17 мај, изјави дека ги приближуваат ставовите со СОНК и оти очекува до крајот на неделава да биде постигнат договор. – Блиску сме до конечно решение. Се разговара за повеќе понудени предлог решенија и од МТСП и од страна на СОНК и дојдовме до приближување на ставовите кон она што значи решавање на спорот. Во текот на неделата продолжуваме повторно со дијалогот. Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме потпишано спогодби и конечно решение во однос на одлуката на штрајк во предучилишните установи. Тоа треба да биде во интерес и на МТСП и на СОНК односно вработените во градинките, а да е во согласност со законот, рече Тренчевска по средбата со Неделков. И претседателот на СОНК изрази оптимизам  дека е можно да се дојде до решение, но, потенцира, доколку тоа не се случи може да има последици на одлуката за прекин или продолжување на штрајкот. -Убедени сме дека и овој проблем позитивно ќе биде решен до крајот на неделата. Тоа не би требало се чини да биде сламка на сопнување, од аспект на тоа што има добра волја од двете страни да се надмине ситуацијата, рече Неделков. По повеќедневни преговори со посредство на медијатор, СОНК во вторникот постигна договор со МОН платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истото ќе важи и за вработените во градинките. Генералниот штрајк на СОНК кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога Синдикатотот беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства. Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН.

The post Денеска ќе се утврдуваат платите на вработените во градинките appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Во овој процес сите сме добитници, освен тие што изгубија настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-vo-ovoj-proces-site-sme-dobitnici-osven-tie-shto-izgubija-nastava/ Wed, 18 May 2022 18:47:05 +0000 https://republika.mk/?p=503997

Завршивме со овој процес, сите да ги имаме позитивните поуки. Иако беше долг процесот, сите сме добитници – сите освен тие што изгубија во наставата и да се најде начин и тоа да се искоригира, изјави вечерва за ТВ Сител министерот за образование и наука Јетон Шаќири околу договорот со СОНК за покачување на платите.

-Кажувам дека сме добитници бидејќи имавме можност во овој период на лоша економска ситуација да најдеме начин за повисоки плати, сме добитници за тоа дека се отворија повеќе колективни договори и се отворија неколку дискусии во тие колективни договори каде што ќе има повеќе придобивки и за наставниот кадар освен ова што е предвидено. Мислам дека беше добар, отворен процес и нашите преговори со СОНК ќе продолжат не завршуваат со она што денеска се потпиша туку ќе ја разгледуваме заедно секоја стратегија за основно и средно образование-рече Шаќири.

The post Шаќири: Во овој процес сите сме добитници, освен тие што изгубија настава appeared first on Република.

МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-nema-da-gi-realizira-zakanite-nastavnicite-kje-zemat-cela-plata-za-april/ Wed, 18 May 2022 18:40:52 +0000 https://republika.mk/?p=503990

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука Синдикатот за образование, наука и култура. Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава.

МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно - образовниот процес во училиштата.

Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

The post МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април appeared first on Република.

]]>

Прифатени се сите препораки на посредникот кој согласно позитивните правни прописи беше назначен да управува со процесот на преговори за надминување на предизвиците помеѓу Министерството за образование и наука Синдикатот за образование, наука и култура. Претставниците на двете страни се согласија да има покачување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15% почнувајќи од септември годинава, а воедно и да нема кратење на платите за минатиот месец кога поради генералниот штрајк, 12 дена не се реализираше настава. МОН и СОНК ги усогласија и ставовите за потпишување на нови колективни договори за основно и средно образование кои одат во прилог на унапредување на општествената и економска положба на вработените во двете области. Исто така, утврдена е и нова методологја за постојан раст на платите во образованието, како и спроведување на низа други заеднички активности за унапредување на воспитно - образовниот процес во училиштата. Двете страни ги прифатија предлозите на посредникот кој се вклучи во преговарачкиот процес и тоа е нотирано во записникот кој е потпишан од учесниците на последниот состанок со кој процесот на преговори со посредство на трета страна завршуваат. Воедно, со тоа се потврди и дека опцијата за надминување на предизвици со помош на посредник е ефикасна и ќе овозможи продолжување, но и јакнење на социјалниот дијалог помеѓу МОН и СОНК, кои остануваат партнери фокусирани на градење подобар и поквалитетен национален образовен систем.

The post МОН нема да ги реализира заканите, наставниците ќе земат цела плата за април appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-apel-za-brzo-i-celosno-prifakjanje-na-istoriskoto-zgolemuvanje-od-15-na-platite-vo-obrazovanieto/ Tue, 17 May 2022 20:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=503596

Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието.”

The post Ковачевски: Апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието appeared first on Република.

]]>

Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.
Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи. Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција. Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието.”  

The post Ковачевски: Апел за брзо и целосно прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованието appeared first on Република.

]]>
Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-dogovorija-mon-i-sonk-15-pokachuvanje-za-site-vraboteni-vo-obrazovanie-od-septemvri/ Tue, 17 May 2022 18:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=503562

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.

Повисоки плати во образованието ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

The post Се договорија МОН и СОНК: 15% покачување за сите вработени во образование од септември appeared first on Република.

Тренчевска: Социјалниот дијалог со СОНК продолжува, се приближуваме до конечното решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trenchevska-socijalniot-dijalog-so-sonk-prodolzuva-se-priblizuvame-do-konechnoto-reshenie/ Tue, 17 May 2022 18:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=503461

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот на образование наука и култура (СОНК), Јаким Неделковски, со претставници од двете страни денеска одржаа средба на која продолжија разговорите околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК.

На средбата беа изнесени предлози за кои страните се договорија да бидат разгледани и до крајот на оваа недела се дојде до заедничко прифатливо решение во рамки на законите.

Министерката Тренчевска истакна дека има значително приближување на  ставовите по однос на барањето на СОНК.

„Имавме одлична конструктивна дискусија со претставниците на СОНК. Социјалниот дијалог продолжува. Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, потребно е време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека до петок, ќе го имаме конечното решение“, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Социјалниот дијалог со СОНК продолжува, се приближуваме до конечното решение appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на Синдикатот на образование наука и култура (СОНК), Јаким Неделковски, со претставници од двете страни денеска одржаа средба на која продолжија разговорите околу исплатата на плати за вработените во предучилишните установи кои учествуваа во штрајкот, организиран од СОНК. На средбата беа изнесени предлози за кои страните се договорија да бидат разгледани и до крајот на оваа недела се дојде до заедничко прифатливо решение во рамки на законите. Министерката Тренчевска истакна дека има значително приближување на  ставовите по однос на барањето на СОНК. „Имавме одлична конструктивна дискусија со претставниците на СОНК. Социјалниот дијалог продолжува. Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, потребно е време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека до петок, ќе го имаме конечното решение“, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: Социјалниот дијалог со СОНК продолжува, се приближуваме до конечното решение appeared first on Република.

]]>
Уште нема договор: МТСП и СОНК ги приближиле ставовите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-nema-dogovor-mtsp-i-sonk-gi-priblizile-stavovite/ Tue, 17 May 2022 13:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=503392

Министерството за труд и социјална политика и Синдикатот на образование наука и култура (СОНК) полека ги приближуваат ставовите по однос на барањето на повисоки плати во образованието, рече министерката Јованка Тренчевска. Во одговор на новинарско прашање, до каде се преговорите поради кои претходно СОНК одржа и повеќедневен штрајк, Тренчевска рече:

Се приближуваме кон ставовите и на двете страни, меѓутоа, ни треба време за да можеме предлозите коишто беа дадени од страна на СОНК и предлозите дадени од страна на Министерството за труд и социјална политика да ги усогласиме внатре во нашите институции и до крајот на неделата верувам дека четврток, петок, ќе го имаме конечното решение“, рече Тренчевска.

The post Уште нема договор: МТСП и СОНК ги приближиле ставовите appeared first on Република.

Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-se-ochekuva-konechen-dogovor-megju-sonk-mon-i-mtsp/ Tue, 17 May 2022 09:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=503251

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.

За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.

Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков. Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни. За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор. Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.

]]>
Нова рунда преговори СОНК и МОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nova-runda-pregovori-sonk-i-mon/ Tue, 17 May 2022 08:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=503239

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.

За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.

Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

The post Нова рунда преговори СОНК и МОН appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков. Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни. За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.
Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.
Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор. Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.  

The post Нова рунда преговори СОНК и МОН appeared first on Република.

]]>
Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-najavi-dogovor-slednata-nedela-bara-od-nastavnicite-da-bidat-trpelivi/ Fri, 13 May 2022 15:47:49 +0000 https://republika.mk/?p=502013

Продолживме со разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и на почетокот на наредната недела, понеделник или вторник, очекувам да имаме конечен договор, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по новата рунда преговори со делегација на СОНК.

  1. – Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори, нагласи Шаќири.

На новинарско прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара Синдикатот, министерот рече дека ставовите се доближуваат и се разгледуваат сите можности за изнаоѓање решение.

– Затоа од почеток побарав разбирање од СОНК и од наставниците. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение заради тоа што знаеме во која фаза бевме во процесот на донесување на буџет, во која фаза сме во подготовка на буџетот, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање на средствата на реализација на тој буџет. Мислам дека сме многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема, истакна Шаќири.

На седница на Владата, потенцира министерот, е донесена одлука која се однесуваше за средните училишта, одлука за тие што завршуваат четврта година.

– Сега заедно со Средношколската унија имаме формирано група после долги години да се разгледа и Законот за средно образование, каде досега се вклучени 24 членови од сите институции, а ќе ги вклучуваме УНИЦЕФ, УНДП, Европската комисија, амбасадите… Оваа одлука за завршување на наставата ја донесовме со консултација со Бирото за развој на образованието. Истовремено, во овој период е побарано мислење од Бирото да најде начин за комуникација со сите основни училишта за тоа до каде е фазата на реализација на програмите на основните училишта и да се разгледа можноста ако може да постигнат наставата да се заврши до предвидениот рок, додаде Шаќири.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат буквално за сите прашања и усогласиле генерално некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани.

Треба да завршат и бидат потпишани во периодот меѓу 1 и 31 септември. Има некои технички проблеми, мора да започне учебната година, па за да се реализираат тие одредби од колективниот договор. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози, како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се враќаме во Министерството за финансии за анализа и проверка на тоа колку средства ќе бидат потребни, и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени и коефициенти на инфлација, пораст на минимална плата итн., коешто би функционирано во наредниот период. Тоа се точките за кои разговаравме. Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција, истакна Неделков.

Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни.

– Се работи за нијанси. Ние одиме од аспект на нашите интереси максимално, тие од аспект на нивните интереси поинаку се однесуваат, меѓутоа не постои прашање за кое не се разговарало или не може да се реши. Договор нема денес. Секако дека нема. Тема на преговори ни е последното усогласување на минималната плата, односно зголемување на платите за 18,4 проценти. За жал, тоа што никој во државата не се секираше изминатите години и никој не побара усогласување на платите и што не е издејствувано, веќе рокот е поминат согласно Закон за минимална плата и тука многу не може да се стори. Велам за жал. Ние тоа што баравме и со протести го правевме, не беше сериозно сфатено. Сега кога го побаравме ова веќе излезе дека и малку е ова и треба многу повеќе. Факт е дека треба многу повеќе, но во овој момент ние колку можеме толку и правиме. Ако некој синдикат може повеќе, би биле благодарни да издејствуваат повеќе понекогаш и за просветните работници некој друг да одработи, а не обратно. Ние постојано работиме за други дејности. Меѓутоа тоа е нашиот Синдикат, еден единствен во државата, рече Неделков.

The post Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>

Продолживме со разговорите со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и на почетокот на наредната недела, понеделник или вторник, очекувам да имаме конечен договор, изјави денеска министерот за образование и наука, Јетон Шаќири по новата рунда преговори со делегација на СОНК.
  1. – Во оваа фаза на процесот на преговори, во текот на 20-те дена, се отворија многу дискусии кои се однесуваат и на колективните договори, кои не се потпишани повеќе од десет години и мислам дека ќе има нов колективен договор во наредниот период и кога ќе имаме договор ќе имаме за што да продолжиме со разговори, нагласи Шаќири.
На новинарско прашање дали ќе се изнајде решение за 18-процентно зголемување на платите на просветните работници како што бара Синдикатот, министерот рече дека ставовите се доближуваат и се разгледуваат сите можности за изнаоѓање решение.
– Затоа од почеток побарав разбирање од СОНК и од наставниците. Ние имаме добра волја за изнаоѓање решение заради тоа што знаеме во која фаза бевме во процесот на донесување на буџет, во која фаза сме во подготовка на буџетот, во која фаза ќе сме во наредниот период после изнаоѓање на средствата на реализација на тој буџет. Мислам дека сме многу блиску за изнаоѓање решение за подобри услови. Не сакам да споменувам процент затоа што овој процес ќе биде подобар и наставниците ќе имаат подобри услови и после потпишување на гранските колективни договори. Сакам ова да е последен штрајк и прекин на наставата, што значи дека можеби во наредниот период ќе имаме потреба за други разговори, но прекин на настава да нема, истакна Шаќири.
На седница на Владата, потенцира министерот, е донесена одлука која се однесуваше за средните училишта, одлука за тие што завршуваат четврта година. – Сега заедно со Средношколската унија имаме формирано група после долги години да се разгледа и Законот за средно образование, каде досега се вклучени 24 членови од сите институции, а ќе ги вклучуваме УНИЦЕФ, УНДП, Европската комисија, амбасадите… Оваа одлука за завршување на наставата ја донесовме со консултација со Бирото за развој на образованието. Истовремено, во овој период е побарано мислење од Бирото да најде начин за комуникација со сите основни училишта за тоа до каде е фазата на реализација на програмите на основните училишта и да се разгледа можноста ако може да постигнат наставата да се заврши до предвидениот рок, додаде Шаќири. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјави дека преговараат буквално за сите прашања и усогласиле генерално некои ставови во однос на колективните договори и што ќе има во нив, меѓутоа тие не се до крај прецизирани. Треба да завршат и бидат потпишани во периодот меѓу 1 и 31 септември. Има некои технички проблеми, мора да започне учебната година, па за да се реализираат тие одредби од колективниот договор. Околу зголемување на платите имаше дополнително некои наши предлози, како и во кој процент да се зголемат платите. Сепак повторно се враќаме во Министерството за финансии за анализа и проверка на тоа колку средства ќе бидат потребни, и конечно околу нова методологија за изработка на плати во која ќе бидат вградени и коефициенти на инфлација, пораст на минимална плата итн., коешто би функционирано во наредниот период. Тоа се точките за кои разговаравме. Не се надевам, туку мора веќе да завршиме идната недела, а јавноста ќе биде запознаена. Дали штрајкот ќе биде повторно активиран, тоа сепак ќе зависи од резултатите од преговорите, од препораките кои ќе ги напише посредувачот или помирувачот. Се е отворено, се уште не можам да ви дадам ветување за опција, истакна Неделков. Тој нагласи дека е разговарано за сите прашања и дека тоа е веќе напредок, додавајќи оти не постои прашање кое ад хок се отфрла и е неприфатливо за двете страни. – Се работи за нијанси. Ние одиме од аспект на нашите интереси максимално, тие од аспект на нивните интереси поинаку се однесуваат, меѓутоа не постои прашање за кое не се разговарало или не може да се реши. Договор нема денес. Секако дека нема. Тема на преговори ни е последното усогласување на минималната плата, односно зголемување на платите за 18,4 проценти. За жал, тоа што никој во државата не се секираше изминатите години и никој не побара усогласување на платите и што не е издејствувано, веќе рокот е поминат согласно Закон за минимална плата и тука многу не може да се стори. Велам за жал. Ние тоа што баравме и со протести го правевме, не беше сериозно сфатено. Сега кога го побаравме ова веќе излезе дека и малку е ова и треба многу повеќе. Факт е дека треба многу повеќе, но во овој момент ние колку можеме толку и правиме. Ако некој синдикат може повеќе, би биле благодарни да издејствуваат повеќе понекогаш и за просветните работници некој друг да одработи, а не обратно. Ние постојано работиме за други дејности. Меѓутоа тоа е нашиот Синдикат, еден единствен во државата, рече Неделков.

The post Неделков најави договор следната недела, бара од наставниците да бидат трпеливи appeared first on Република.

]]>
Откако ги пушти низ вода наставнците, Неделков најавува дека има најави за договор со Министерството за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-gi-pushti-niz-voda-nastavncite-nedelkov-najavuva-deka-ima-najavi-za-dogovor-so-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Fri, 13 May 2022 13:54:55 +0000 https://republika.mk/?p=501980

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните догвори во основното и средното образование.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и,  како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите.

-Оптимизмот постои од двете страни. Секако дека иделано решение не може да се најде, меѓутоа има простор за соодветно решение што ќе ги задоволи двете страни. Останува да видиме со какви резултати ќе излезме денеска. Ни остануваат уште неколку дена, но изгледно е и денеска да има позитивни сигнали за конечно решение, изјави Неделков.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири претходно денеска изјави дека на преговорите денеска тема ќе бидат колективните договори, нема да биде понуден нов процент за повисоки плати во образованието и дека за нова финансиска понуда ќе се разговара на почетокот на идната недела.

– Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира. Има пресметки од Министерството за финансии и очекувам на почетокот на идната недела и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен догвор помеѓу двете страни, рече Шаќири

The post Откако ги пушти низ вода наставнците, Неделков најавува дека има најави за договор со Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за образование и наука е во тек новата преговарачка средба меѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) на која двете страни треба да се усогласат за отворените прашања во врска со платите и колективните догвори во основното и средното образование. Претседателот на СОНК Јаким Неделков пред новата средба попладнево истакна дека очекуваат да се приближат со ставовите и,  како што рече, конечно да завршат позитивно преговорите.