Соња Ставрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonja-stavrova/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Nov 2022 14:49:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соња Ставрова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonja-stavrova/ 32 32 Изложбата „Кралот Алкохол“ на Соња Ставрова во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozbata-kralot-alkohol-na-sonja-stavrova-vo-mkc/ Sat, 19 Nov 2022 14:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=575874

Серијалот на фотографии „Кралот Алкохол“ од уметницата Соња Ставрова вечерва во 21 часот ќе биде претставен во Младинскиот културен центар. Ќе бидат изложени фотографии посветени на традиционалниот кафеански живот во Тиквешкиот регион, со фокус на градот Кавадарци.

Изложбата зема мотиви од романот ‘Кралот Алкохол’ или John Barleycorn (1913) од американскиот писател Џек Лондон. Во таа смисла, делата се потпираат врз мотивот на постојаното враќање кон алкохолот и средбата со пијалакот како засолниште од сомнежите поврзани со човековата доволност и достојност“, пишува за изложбата, Мања Величковска.

Соња Ставрова (1992) е родена во Кавадарци, живее во Скопје и е магистриран фотограф на катедрата по фотографија на интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Таа е еден од основачите и член на Bulb – асоцијација на фотографи. Во своето уметничко творештво фотографијата ја користи како медиум преку кој истражува општествени теми и актуелни глобални и локални случувања. Како најчест израз ја користи концептуалната фотографија и симболизмот.

The post Изложбата „Кралот Алкохол“ на Соња Ставрова во МКЦ appeared first on Република.

]]>