Соња Лозановска и Оливер Петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonja-lozanovska-i-oliver-petkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Aug 2022 12:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Соња Лозановска и Оливер Петковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonja-lozanovska-i-oliver-petkovski/ 32 32 Од Канада дојдоа да снимат македонски песни: Слушнете ги „Боже правда нема“ и „Мојот живот“ на Соња и Оливер https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/od-kanada-dojdoa-da-snimat-makedonski-pesni-slushnete-gi-boze-pravda-nema-i-mojot-zivot-na-sonja-i-oliver/ Thu, 18 Aug 2022 12:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=541698

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика.

Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници.

„Боже правда нема“ и „Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски.

Песната „Боже правда нема“ доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце.

Втората нова песна „Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски/Момироски.

И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари.

Во песната „Боже правда нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски.

Во песната гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет и Филип Нуневски на труба.

https://youtu.be/XwSXbjHI-ro

Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла.

https://youtu.be/ypXjR-uhFUI

Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев.

The post Од Канада дојдоа да снимат македонски песни: Слушнете ги „Боже правда нема“ и „Мојот живот“ на Соња и Оливер appeared first on Република.

]]>

Летово на гости во родниот крај е познатото дуо Соња и Оливер од Торонто, Канада, односно брачниот пар Соња Лозановска и Оливер Петковски со потекло од Битола, кои негуваат македонска народна музика. Поводот за нивниот престој во татковината е работата на две нови македонски новосоздадени песни кои се креација на врвни македонски уметници. „Боже правда нема“ и „Мојот живот“ се наслови на песните за кои текстот го напиша Борче Нечовски, а музиката и аранжманот се на Дејан Момироски. Песната „Боже правда нема“ доловува автентичен мелос од егејскиот дел на Македонија, а според зборовите на Соња Лозановска содржината и актуелноста на текстот ќе допрат до сечие срце. Втората нова песна „Мојот живот“ е со родољубива, печалбарска тематика на која работеше истиот авторски тандем, Нечовски/Момироски. И двете нови песни имаат видео записи реализирани на повеќе локации во Битола, Пелагониското Поле и во Манастирот Св. Петка во битолското село Цапари. Во песната „Боже правда нема“ со оригинална кореографија учествува фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Битола во кореографија на Бранко Жежовски. Во песната гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет и Филип Нуневски на труба. https://youtu.be/XwSXbjHI-ro Во песната „Мојот Живот“ гостуваат: Благојче Трајковски на кларинет, Дарко Илиевски на хармоника и Џелјо Дестанивски на зурла. https://youtu.be/ypXjR-uhFUI Видео записот за двете песни е дело на Арт Студио Продукција со режисерот Дејан Ѓоргиев.

The post Од Канада дојдоа да снимат македонски песни: Слушнете ги „Боже правда нема“ и „Мојот живот“ на Соња и Оливер appeared first on Република.

]]>