сончогледово масло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchogledovo-maslo/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Sep 2022 13:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сончогледово масло Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchogledovo-maslo/ 32 32 „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед за 35 денари килограм https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/maslodajna-kje-go-otkupi-vkupnoto-proizvodstvo-na-sonchogled-vo-zemjava/ Mon, 26 Sep 2022 13:51:25 +0000 https://republika.mk/?p=554359

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или  поранешна „Маслодајна“ досега откупи  6 000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ.

„Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10 000 тони сончоглед од македонските ниви.

-Задоволни сме од отупот. Фабриката за сите земјоделци со кои склучи договор за годинава им обезбеди семенски материјал. Бројките зборуваат за тоа колку е зголемено производството на домашен сончоглед од страна на индивидуални земјоделски производители. Им се заблагодарувам на земјоделците кои се одзваа на повикот за зголемено производство на храна во државата за да не зависиме од увоз. Се гледа дека тоа што компанијата вложуваше во кампањата, полека дава резултат. Се потрудивме да им дадеме добра откупна цена на земјоделците, тие сами ќе кажат дали се задоволни или не, рече денеска на прес-конференција извршниот директор и сопственик на фабриката Горанчо Лазов.

Според него, откупната цена од 567 евра по тон што тие им ја даваат на македонските земјоделци е највисока во регионот. Во Србија тон е 535 евра, во Грција 500 евра, во Бугарија 530 евра, во Романија 530 евра, а во Украина минимални 360 евра.

Со стимулативната цена на сончогледот, земјава, оцени Лазов, ќе ги задоволи сопствените потреби за масло за два месеца.

-Годинава просечниот принос од хектар е од 1,8 до 2 000 килограми, но во наредните години македонските земјоделци ќе го зголемат на 2,5 до 3 000 килограми. Со тоа „Кристал 1923“ ќе нема потреба од увоз на сончоглед бидејќи со овие количини ќе можеме да произведеме масло за јадење и да ги задоволиме потребите на домашниот пазар, рече Лазов

The post „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед за 35 денари килограм appeared first on Република.

]]>

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес или  поранешна „Маслодајна“ досега откупи  6 000 тони сончоглед од кои 1,4 од ЗК„Пелагонија“, а останатите од индивидуални земјоделски производители. Сончогледот од земјоделците фабриката го откупува по 35 денари за килограм, плус ДДВ. „Кристал 1923“ најавува дека ќе ги откупи сите годинава произведени 10 000 тони сончоглед од македонските ниви. -Задоволни сме од отупот. Фабриката за сите земјоделци со кои склучи договор за годинава им обезбеди семенски материјал. Бројките зборуваат за тоа колку е зголемено производството на домашен сончоглед од страна на индивидуални земјоделски производители. Им се заблагодарувам на земјоделците кои се одзваа на повикот за зголемено производство на храна во државата за да не зависиме од увоз. Се гледа дека тоа што компанијата вложуваше во кампањата, полека дава резултат. Се потрудивме да им дадеме добра откупна цена на земјоделците, тие сами ќе кажат дали се задоволни или не, рече денеска на прес-конференција извршниот директор и сопственик на фабриката Горанчо Лазов. Според него, откупната цена од 567 евра по тон што тие им ја даваат на македонските земјоделци е највисока во регионот. Во Србија тон е 535 евра, во Грција 500 евра, во Бугарија 530 евра, во Романија 530 евра, а во Украина минимални 360 евра. Со стимулативната цена на сончогледот, земјава, оцени Лазов, ќе ги задоволи сопствените потреби за масло за два месеца. -Годинава просечниот принос од хектар е од 1,8 до 2 000 килограми, но во наредните години македонските земјоделци ќе го зголемат на 2,5 до 3 000 килограми. Со тоа „Кристал 1923“ ќе нема потреба од увоз на сончоглед бидејќи со овие количини ќе можеме да произведеме масло за јадење и да ги задоволиме потребите на домашниот пазар, рече Лазов

The post „Маслодајна“ ќе го откупи вкупното производство на сончоглед за 35 денари килограм appeared first on Република.

]]>
Koвачевски тврди дека имаме масло за јадење и за Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-tvrdi-deka-imame-maslo-za-jadenje-i-za-albanija/ Mon, 09 May 2022 19:57:00 +0000 https://republika.mk/?p=500114

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во интервју за ТВ „Сител“, истакна дека Владата уште од првиот ден на енергетската и економската криза, кога заради војната во Украина пораснаа цените на производите и земјите донесоа забрана за извозот со цел да се заштитат цените на резервите што ги имаат, ресорните министри разговараат со соседите и носат конкретни одлуки.

„Конкретно, трговијата се одвива преку приватните компании заради тоа што сите земји имаме либерално пазарно уредување. Ние имавме недостаток од нерафинирано масло, Србија имаше забрана за извоз на нерафинирано масло. Тие извезоа кај нас рафинирано, и ресорните министри од Владата со постојани контакти успеаја да обезбедат нерафинирано масло, суровини за нашите компании“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Албанија има проблем со рафинирано масло, а ние имаме и нема да се наруши пазарот во државата доколку им дадеме.

„Колку и да имате на залиха, тоа не ја спушта цената на маслото, бидејќи самите суровини од кои се произведува маслото се драматично пораснати на светскиот пазар“, посочи Ковачевски во врска со цената на маслото за јадење во „Тема на денот“ во вестите на „Сител“ ТВ каде се разговараше за најновите случувања.

Тој додаде дека економијата не треба да се политизира објаснувајќи дека секој оној кој што знае да се приклучи дневно на берзите, точно ќе види дека во моментот има константно високо ниво на енергенсите, односно на цената на нафтата, имаме историски највисоко ниво на електричната енергија и доколку се погледнат цените на житото, јачменот, сончогледот тогаш ќе се види дека тие цени се драматично поголеми во однос на нормалните цени кои што ги имаше.

The post Koвачевски тврди дека имаме масло за јадење и за Албанија appeared first on Република.

Завојуваните соседи Русија и Украина буквално го хранат светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zavojuvanite-sosedi-rusija-i-ukraina-bukvalno-go-hranat-svetot/ Sun, 08 May 2022 19:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=499638

Русија и Украина заедно произведуваат 14% од пченицата во целиот свет и учествуваат со 29% од вкупниот извоз на пченица, според податоците на Гро Интелиџенс.

Светската програма за храна на ОН (WFP) објави дека во светот ќе завладее глад доколку украинските пристаништа на Црното Море не се отворат во најскоро време. Украинските силоси за жито се полни и летово ќе нема да има простор за складирање ако силосите не се испразнат сега. Тоа ќе генерира големи количини отпад и понатамошно покачување на цените на храната на светско ниво.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство проценува дека 25 милиони тони жито во моментов се во Украина додека нејзините пристаништа на Црното Море се затворени.

Од февруари, Украина, еден од водечките светски производители на пченка и пченица, не може да извезува жито со воз.

Освен житото, завојуваните соседи учествуваат во светскиот извоз на пченка со 17%. Русија и Украина имаат доминантна улога во светот за снабдување со сончогледово масло учествувајќи со неверојатни 76% од извозот на овој производ глобално.

Цената на житото многу ќе зависи од последните санкции на Западот против Русија. Санкциите против најголемата држава во светот во 2014 година за време на претходниот конфликт помеѓу Украина и Русија предизвикаа значително зголемување на цената на пченицата на светските берзи.

Фјучерсите на пченицата во Чикаго во 2014 година помеѓу февруари и март скокнаа за 25% поради стравувањата од нарушување на глобалното снабдување со жито. Претходната година во 2013, за среќа, жетвата во Украина беше успешна и плодна, па ситуацијата набрзо се стабилизираше.

Овојпат конфликтот е далеку поголем, а експертите веќе предупредуваат од недостаток на пченица, што би предизвикало причинско-последично поскапување на многу прехранбени производи насекаде низ светот.

И Украина и Русија се клучни снабдувачи на земјоделски стоки, но жетвите сега се загрозени во Украина, а заглавени во Русија поради санкциите. Повеќе од половина од прехранбените производи што ги користи Светската програма за храна на Обединетите Нации (WFP) во кризните региони потекнуваат од Украина.

The post Завојуваните соседи Русија и Украина буквално го хранат светот appeared first on Република.

]]>

Русија и Украина заедно произведуваат 14% од пченицата во целиот свет и учествуваат со 29% од вкупниот извоз на пченица, според податоците на Гро Интелиџенс. Светската програма за храна на ОН (WFP) објави дека во светот ќе завладее глад доколку украинските пристаништа на Црното Море не се отворат во најскоро време. Украинските силоси за жито се полни и летово ќе нема да има простор за складирање ако силосите не се испразнат сега. Тоа ќе генерира големи количини отпад и понатамошно покачување на цените на храната на светско ниво. Организацијата на ОН за храна и земјоделство проценува дека 25 милиони тони жито во моментов се во Украина додека нејзините пристаништа на Црното Море се затворени. Од февруари, Украина, еден од водечките светски производители на пченка и пченица, не може да извезува жито со воз. Освен житото, завојуваните соседи учествуваат во светскиот извоз на пченка со 17%. Русија и Украина имаат доминантна улога во светот за снабдување со сончогледово масло учествувајќи со неверојатни 76% од извозот на овој производ глобално. Цената на житото многу ќе зависи од последните санкции на Западот против Русија. Санкциите против најголемата држава во светот во 2014 година за време на претходниот конфликт помеѓу Украина и Русија предизвикаа значително зголемување на цената на пченицата на светските берзи. Фјучерсите на пченицата во Чикаго во 2014 година помеѓу февруари и март скокнаа за 25% поради стравувањата од нарушување на глобалното снабдување со жито. Претходната година во 2013, за среќа, жетвата во Украина беше успешна и плодна, па ситуацијата набрзо се стабилизираше. Овојпат конфликтот е далеку поголем, а експертите веќе предупредуваат од недостаток на пченица, што би предизвикало причинско-последично поскапување на многу прехранбени производи насекаде низ светот. И Украина и Русија се клучни снабдувачи на земјоделски стоки, но жетвите сега се загрозени во Украина, а заглавени во Русија поради санкциите. Повеќе од половина од прехранбените производи што ги користи Светската програма за храна на Обединетите Нации (WFP) во кризните региони потекнуваат од Украина.

The post Завојуваните соседи Русија и Украина буквално го хранат светот appeared first on Република.

]]>
Украина ќе извезува помалку сончогледово масло и пченка поради војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-kje-izvezuva-pomalku-sonchogledovo-maslo-i-pchenka-poradi-vojnata/ Thu, 14 Apr 2022 10:46:09 +0000 https://republika.mk/?p=488379

Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага.

Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни.

– Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони, додаде Русаков.

Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022 на 6,6 милиони тони.

Специјализираната украинска консултантска компанија АПК-Информа минатата сабота објасни дека извозните цени на украинската пченка паднале поради ограничената побарувачка и големите залихи кои од почетокот на руската инвазија може да се извезуваат само со железница, преку границата со Полска.

Украина е еден од водечките добавувачи на жито во светот, а најголемиот дел од земјоделските суровини ги испорачува преку пристаништата на Црното Море. Бидејќи областа сега е место на конфликт, трговците се обидуваат да транспортираат што повеќе жито со железница.

Украинските власти соопштија дека залихите на пченка изнесувале околу 13 милиони тони кон крајот на март, додавајќи дека минатиот месец биле извезени само 300.000 тони жито

The post Украина ќе извезува помалку сончогледово масло и пченка поради војната appeared first on Република.

]]>

Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага.
Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни.
– Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони, додаде Русаков.
Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022 на 6,6 милиони тони.
Специјализираната украинска консултантска компанија АПК-Информа минатата сабота објасни дека извозните цени на украинската пченка паднале поради ограничената побарувачка и големите залихи кои од почетокот на руската инвазија може да се извезуваат само со железница, преку границата со Полска. Украина е еден од водечките добавувачи на жито во светот, а најголемиот дел од земјоделските суровини ги испорачува преку пристаништата на Црното Море. Бидејќи областа сега е место на конфликт, трговците се обидуваат да транспортираат што повеќе жито со железница. Украинските власти соопштија дека залихите на пченка изнесувале околу 13 милиони тони кон крајот на март, додавајќи дека минатиот месец биле извезени само 300.000 тони жито

The post Украина ќе извезува помалку сончогледово масло и пченка поради војната appeared first on Република.

]]>