сончев град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchev-grad/ За подобро да се разбереме Sat, 06 May 2023 18:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сончев град Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchev-grad/ 32 32 Целосно е изграден пред неколку години, но патот преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tselosno-e-izgraden-pred-nekolku-godini-no-patot-preku-vodno-kon-sopishte-s-ushte-e-zaglaven-vo-birokratski-protseduri/ Sat, 06 May 2023 18:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=637768

Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури. Се чека на издавањето дозволи помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта. Затоа неговото пуштање во употреба сѐ уште е неизвесно пренесува „Плусинфо“.

Од ЈПДП велат дека во моментов проектот за инфраструктура е одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек е постапка за „измени во тек на градба“, која исто така ја одобрува Министерството. Откако ќе се одобрат, следува постапка за аплицирање за употребна дозвола на патот, со цел да се изврши технички преглед.

Изградбата на регионалниот пат Р2138, Водно - Сопиште, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град, почна во 2013 година. Во текот на градбата се појави потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, кои што се опфатени со изработка нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Измените и дополнувањата опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање на три поотпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата, при пробивање на трасата и при оформување на косините на делови долж трасата, на лице место направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура, велат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека поради сите горенаведени настанати промени, потребно било да се изработи измена и дополна на одобрениот проект за инфраструктура, односно подготовка за планска документација согласно со фактичката состојба и дека се појавила потреба од јавна набавка за препроектирање.

Од Министерството за транспорт и врски информирале дека го одобриле инфраструктураниот проект доставен од ЈПДП.

Очекуваме ЈПДП во следниот период да достави измени за текот да градбата, за кои Министерството за транспорт и врски треба да се произнесе, по што ќе следи постапката за аплицирање за употребна дозвола, одговориле од Министерството.

Повеќе на „Плусинфо“.

The post Целосно е изграден пред неколку години, но патот преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури appeared first on Република.

]]>

Иако неговата изградба е завршена пред неколку години, патот од Скопје преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури. Се чека на издавањето дозволи помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта. Затоа неговото пуштање во употреба сѐ уште е неизвесно пренесува „Плусинфо“. Од ЈПДП велат дека во моментов проектот за инфраструктура е одобрен од Министерството за транспорт и врски и во тек е постапка за „измени во тек на градба“, која исто така ја одобрува Министерството. Откако ќе се одобрат, следува постапка за аплицирање за употребна дозвола на патот, со цел да се изврши технички преглед.
Изградбата на регионалниот пат Р2138, Водно - Сопиште, врска со регионален пат Р2134, со населба Сончев Град, почна во 2013 година. Во текот на градбата се појави потреба за одредени измени и дополнувања на проектната документација, кои што се опфатени со изработка нова проектна документација на ниво на инфраструктурен проект. Измените и дополнувањата опфаќаа препроектирање на дел од трасата, проектирање на три поотпорни конструкции, како и дополнително осигурување на стабилност на косината од високиот засек. Во текот на градбата, при пробивање на трасата и при оформување на косините на делови долж трасата, на лице место направени се отстапувања во однос на градежната линија која е предвидена во одобрениот проект за инфраструктура, велат од јавното претпријатие.
Оттаму додаваат дека поради сите горенаведени настанати промени, потребно било да се изработи измена и дополна на одобрениот проект за инфраструктура, односно подготовка за планска документација согласно со фактичката состојба и дека се појавила потреба од јавна набавка за препроектирање. Од Министерството за транспорт и врски информирале дека го одобриле инфраструктураниот проект доставен од ЈПДП.
Очекуваме ЈПДП во следниот период да достави измени за текот да градбата, за кои Министерството за транспорт и врски треба да се произнесе, по што ќе следи постапката за аплицирање за употребна дозвола, одговориле од Министерството.
Повеќе на „Плусинфо“.

The post Целосно е изграден пред неколку години, но патот преку Водно кон Сопиште сѐ уште е заглавен во бирократски процедури appeared first on Република.

]]>
Побаран затвор за Миле Јанакиески за „Сончев Град“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pobaran-zatvor-za-mile-janakieski-za-sonchev-grad/ Wed, 16 Feb 2022 14:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=459442

Случајот „Топлик“ е пред пресуда. Обвинителот Бурим Рустеми побара затворски казни за обвинетите, меѓу кои и екс – минситерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Според Рустеми, доказите упатуваат на директен договор меѓу обвинетите за продажба на државното земјиште на фирма за изградба на Сончев Град во општина Сопиште, а со тоа на буџетот му била нанесена штета од еден милион евра.

Степенот на кривичната одговорност, фактот дека истите контируирано се обидуваат во целост да ја избегнат кривичната одговорност, а со тоа и да се соочат од последиците од делото кое го сториле, при што воопшто не изразија каење и жалење за стореното дело и сметам дека во конкретниот случај единствено оправдано е изрекување на ефективна казна затвор, рече Рустеми.

Обраната пак, смета дека не треба да се донесат затворски казни. Адвокатот Донче Наков во завршниот збор се осврна на статусот на обвинителот Бурим Рустеми. Според него, тој не е овластен обвинител за случајот бидејќи сега е виш јавен обвинител.

Нема ниту законски, ниту делегирани, а најмалку со посебна одлука донесени или предадени на него овластувања за застапување, рече адвокатот Наков.

Првообвинетиот Миле Јанакиески, заедно со уште петмина од Министерството за транспорт и врски, кои биле членови на Комисијата за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

The post Побаран затвор за Миле Јанакиески за „Сончев Град“ appeared first on Република.