сончање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchanje/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Jul 2024 08:09:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сончање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sonchanje/ 32 32 Како да одредите со колкав заштитен фактор треба да се мачкате https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-odredite-so-kolkav-zashtiten-faktor-treba-da-se-machkate/ Mon, 29 Jul 2024 15:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=799408

Кремот за сончање е неопходен за да ја заштитиме кожата од штетните сончеви зраци. На пакувањето на производите за заштита од сонце стои број на фактор на заштита од сонце (СПФ) со кој се означува нивото на заштита од УВБ-зраци. Мора и да се наведе дали производот поминал тест од широк спектар против ултравиолетово (УВА) зрачење на сонцето.

Што е заштитниот фактор СПФ?

Кога поминуваме време на сонце, изложени сме на два потенцијално штетни видови зраци: УВА и УВБ. Факторот на заштита од сонце (СПФ) е број кој покажува колкава заштита нуди производот од УВБ-светлина. Производот со повисок СПФ нуди поголема заштита.

Факторите под 15 нудат ниска заштита, оние од 15 до 29 нудат средна заштита, оние од 30 до 49 нудат висока заштита, а факторот над 50 нуди многу висока заштита.

СПФ дава претстава за тоа колку е помал ризикот од оштетување на кожата доколку се користи кремот. Тој се фокусира на времето што им е потребно на УВБ-зраците да поминат низ кремот за сончање и да предизвикаат црвенило, во однос на времето кога нема крем за сончање.

Факторот се пресметува така што дозата на сончево зрачење која е потребна за да предизвика црвенило се дели со дозата потребна да предизвика црвенило без крем за сончање. Ако е потребно 15 пати повеќе време кожата да поцрвени со крем за сончање отколку без него, СПФ е 15. Во теорија, ако незаштитената кожа станува црвена за 10 минути, кремот за сончање со СПФ 30 треба да го спречи црвенилото за 300 минути, односно 5 часа, што е 30 пати подолго од времето без крем.

Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека кремовите со повисок фактор овозможуваат безбедно долго седење на сонце бидејќи во појавата на црвенилото играат улога и временските услови, периодот од денот, типот на кожата и начинот на нанесување на кремот.

The post Како да одредите со колкав заштитен фактор треба да се мачкате appeared first on Република.

]]>

Кремот за сончање е неопходен за да ја заштитиме кожата од штетните сончеви зраци. На пакувањето на производите за заштита од сонце стои број на фактор на заштита од сонце (СПФ) со кој се означува нивото на заштита од УВБ-зраци. Мора и да се наведе дали производот поминал тест од широк спектар против ултравиолетово (УВА) зрачење на сонцето.

Што е заштитниот фактор СПФ?

Кога поминуваме време на сонце, изложени сме на два потенцијално штетни видови зраци: УВА и УВБ. Факторот на заштита од сонце (СПФ) е број кој покажува колкава заштита нуди производот од УВБ-светлина. Производот со повисок СПФ нуди поголема заштита. Факторите под 15 нудат ниска заштита, оние од 15 до 29 нудат средна заштита, оние од 30 до 49 нудат висока заштита, а факторот над 50 нуди многу висока заштита. СПФ дава претстава за тоа колку е помал ризикот од оштетување на кожата доколку се користи кремот. Тој се фокусира на времето што им е потребно на УВБ-зраците да поминат низ кремот за сончање и да предизвикаат црвенило, во однос на времето кога нема крем за сончање. Факторот се пресметува така што дозата на сончево зрачење која е потребна за да предизвика црвенило се дели со дозата потребна да предизвика црвенило без крем за сончање. Ако е потребно 15 пати повеќе време кожата да поцрвени со крем за сончање отколку без него, СПФ е 15. Во теорија, ако незаштитената кожа станува црвена за 10 минути, кремот за сончање со СПФ 30 треба да го спречи црвенилото за 300 минути, односно 5 часа, што е 30 пати подолго од времето без крем. Меѓутоа, погрешно е да се мисли дека кремовите со повисок фактор овозможуваат безбедно долго седење на сонце бидејќи во појавата на црвенилото играат улога и временските услови, периодот од денот, типот на кожата и начинот на нанесување на кремот.

The post Како да одредите со колкав заштитен фактор треба да се мачкате appeared first on Република.

]]>
Како да ги спречите дамките од сонце на кожата? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-da-gi-sprechite-damkite-od-sontse-na-kozhata/ Sat, 01 Jun 2024 20:26:01 +0000 https://republika.mk/?p=783956

Летото се ближи, па затоа е важно да започнете да ја подготвувате кожата за изложување на сонце. Оштетувањето на клетките, забрзаното стареење на кожата и појавата на дамки се само дел од проблемите кои се јавуваат кога нашата кожа е изложена на УВ зраци.

И еден од најдобрите начини да го спречите ова е да внесете антиоксиданси во вашата дневна рутина за да ја одржите вашата кожа блескава и младешка цело лето.

Спречувањето на предвременото стареење на кожата е од суштинско значење, а антиоксидансите играат клучна улога во оваа задача. Тоа се молекули способни да ги неутрализираат слободните радикали (одговорни за оксидативниот стрес што доведува до стареење на кожата).

И како што старееме, нашиот природен антиоксидативен систем се намалува, зголемувајќи ја важноста од вклучување на антиоксиданси во нашата рутина за нега на кожата. Со неутрализирање на слободните радикали, антиоксидансите не само што ја намалуваат појавата на брчки предизвикани од сонцето, стресот и загадувањето, туку и ја штитат кожата од оштетување предизвикано од УВ зраците и други фактори на животната средина.

Оваа заштитна акција не само што промовира помлада, поздрава кожа, туку може да помогне и во спречување на рак на кожата со создавање бариера против УВ и инфрацрвено зрачење. Тие се клучни и за спречување и елиминирање на сончевите дамки.

Затоа, интегрирањето на антиоксиданси во вашата рутина за нега на кожата е ефикасна стратегија за да ја подготвите вашата кожа за лето и да ја одржите заштитена и блескава во текот на летната сезона.

The post Како да ги спречите дамките од сонце на кожата? appeared first on Република.

]]>

Летото се ближи, па затоа е важно да започнете да ја подготвувате кожата за изложување на сонце. Оштетувањето на клетките, забрзаното стареење на кожата и појавата на дамки се само дел од проблемите кои се јавуваат кога нашата кожа е изложена на УВ зраци. И еден од најдобрите начини да го спречите ова е да внесете антиоксиданси во вашата дневна рутина за да ја одржите вашата кожа блескава и младешка цело лето. Спречувањето на предвременото стареење на кожата е од суштинско значење, а антиоксидансите играат клучна улога во оваа задача. Тоа се молекули способни да ги неутрализираат слободните радикали (одговорни за оксидативниот стрес што доведува до стареење на кожата). И како што старееме, нашиот природен антиоксидативен систем се намалува, зголемувајќи ја важноста од вклучување на антиоксиданси во нашата рутина за нега на кожата. Со неутрализирање на слободните радикали, антиоксидансите не само што ја намалуваат појавата на брчки предизвикани од сонцето, стресот и загадувањето, туку и ја штитат кожата од оштетување предизвикано од УВ зраците и други фактори на животната средина. Оваа заштитна акција не само што промовира помлада, поздрава кожа, туку може да помогне и во спречување на рак на кожата со создавање бариера против УВ и инфрацрвено зрачење. Тие се клучни и за спречување и елиминирање на сончевите дамки. Затоа, интегрирањето на антиоксиданси во вашата рутина за нега на кожата е ефикасна стратегија за да ја подготвите вашата кожа за лето и да ја одржите заштитена и блескава во текот на летната сезона.

The post Како да ги спречите дамките од сонце на кожата? appeared first on Република.

]]>
Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/site-mislat-deka-e-zdravo-no-so-ova-maslo-ne-smeete-da-se-sonchate/ Mon, 17 Jul 2023 20:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=662455

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи.

Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите.

Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце. Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави.

Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

The post Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате appeared first on Република.

]]>

Не секогаш се потребни скапи и купечки масла за сончање за да се добие бронзен тен, но не секое масло е здраво да се користи. Некои од нив во лето се забранети за употреба, предупредуваат дерматолозите. Иако многумина од нас го користат како замена на другите масла за сончање, важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смее никако да се става пред излегување на сонце. Доколку се намачкате, мора да поминат барем 24 часа за да можете да се изложите на УВ зрачењето за да бидете сигурни дека нема да добиете непосакувани нус појави. Скоро истото важи и за маслиновото масло кое има фантастичен ефект на кожата, ја влажни и ја прави еластична, но тоа нема да ве заштити од ултравиолетовите зраци. Многу често маслиновото масло може да предизвика изгореници кои со често повторување предизвикуваат трајни оштетувања на нашата кожа – како хиперпигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

The post Сите мислат дека е здраво, но со ова масло не смеете да се сончате appeared first on Република.

]]>
„Не бидете идиоти“: Овој Тик ток тренд за сончање остава трајни лоши последици https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ne-bidete-idioti-ovoj-tik-tok-trend-za-sonchane-ostava-trajni-loshi-posleditsi/ Mon, 03 Jul 2023 15:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=657797

Не бидете идиоти, алармираат експертите за новиот тренд кој се шири преку „Тик ток“, а во кој корисници тврдат дека со истурање и мачкање на пиво на кожата се добива најдобриот тен. Доктори за британскиот „Сан“ предупредуваат дека овој метод е многу опасен, зошто пивото изложува на ризик од топлотен удар и рак на кожата.

Ова е уште еден тренд со сериозни последици. Оштетувањето од сонцето е неповратно и предизвикува до 90 проценти од најчестите видови на рак во Велика Британија. Луѓето се изложени на сериозен ризик да развијат сите видови на рак на кожата, а изгорениците на кожата се силно поврзани со развојот на меланом, вели Кетрин Клифорд, ко-основач на добротворната организација за подигање на свеста за ракот на кожата, а други експерти се согласуваат.

Нанесувањето пиво на кожата и потоа изложувањето на сонце без претходна заштита значително го зголемува ризикот од изгореници, топлотен удар и предвремено стареење. Имено, без заштитен фактор, потребни се само 10 минути на сонце за да изгори. Со текот на времето, ова предизвикува ризик од рак на кожата, а во 70 проценти од случаите предизвикува оштетување на сонцето, додава д-р Стефано Пиетрини.

The post „Не бидете идиоти“: Овој Тик ток тренд за сончање остава трајни лоши последици appeared first on Република.

Eкспертите предупредуваат: Трендот за сончање на гениталиите е опасна и многу глупава идеја https://arhiva3.republika.mk/intima/ekspertite-predupreduvaat-trendot-za-sonchanje-na-genitaliite-e-opasna-i-mnogu-glupava-ideja/ Sun, 04 Sep 2022 10:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=547307

Инфлуенсерите ги охрабруваат луѓето да ги сончаат гениталиите во видеата кои стануваат вирални на „Тик ток“, но експертите предупредуваат дека тоа може да има негативни здравствени последици.

Клиповите за „сончање на перинеумот“ добиваат милиони прегледи на социјалната платформа, и во нив се тврди дека изложувањето на интимните делови на директно сонце носи многу позитивни ефекти, но експертите советуваат да не се практикува и предупредуваат дека тоа може да биде штетно за здравјето.

Д-р Дастин Портела возврати на трендот во свое видео на „Тик ток“ во кое вели дека нема апсолутно никаков доказ за тврдењата на лаиците инфлуенсери, додека науката веќе го кажала своето - не треба да ги сончате вашите навистина чувствителни места.

Еволуиравме да одиме исправено, при што до интимната област буквално не допира сонце, така што не треба да ја разголувате кон овој директен извор на светлина и топлина. Сум отстранувал толку многу тумори и рак на кожата околу анусот, вулвата и пенисот. Не сакате рак во таа област и ставајќи ги интимните делови на сонце, голема е веројатноста дека ќе изгорите и ќе го зголемите ризикот од рак на кожата, а потоа некој како мене ќе мора да забие игла таму долу, да почне да сече и реконструира за да ги „спои“ деловите повторно и да ги врати на место. Ви велам немојте да го сончате перинеумот, тоа е опасна и многу глупава идеја, вели тој.

The post Eкспертите предупредуваат: Трендот за сончање на гениталиите е опасна и многу глупава идеја appeared first on Република.

]]>

Инфлуенсерите ги охрабруваат луѓето да ги сончаат гениталиите во видеата кои стануваат вирални на „Тик ток“, но експертите предупредуваат дека тоа може да има негативни здравствени последици. Клиповите за „сончање на перинеумот“ добиваат милиони прегледи на социјалната платформа, и во нив се тврди дека изложувањето на интимните делови на директно сонце носи многу позитивни ефекти, но експертите советуваат да не се практикува и предупредуваат дека тоа може да биде штетно за здравјето. Д-р Дастин Портела возврати на трендот во свое видео на „Тик ток“ во кое вели дека нема апсолутно никаков доказ за тврдењата на лаиците инфлуенсери, додека науката веќе го кажала своето - не треба да ги сончате вашите навистина чувствителни места.
Еволуиравме да одиме исправено, при што до интимната област буквално не допира сонце, така што не треба да ја разголувате кон овој директен извор на светлина и топлина. Сум отстранувал толку многу тумори и рак на кожата околу анусот, вулвата и пенисот. Не сакате рак во таа област и ставајќи ги интимните делови на сонце, голема е веројатноста дека ќе изгорите и ќе го зголемите ризикот од рак на кожата, а потоа некој како мене ќе мора да забие игла таму долу, да почне да сече и реконструира за да ги „спои“ деловите повторно и да ги врати на место. Ви велам немојте да го сончате перинеумот, тоа е опасна и многу глупава идеја, вели тој.

The post Eкспертите предупредуваат: Трендот за сончање на гениталиите е опасна и многу глупава идеја appeared first on Република.

]]>
Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/sedum-nachini-da-gi-ublazite-izgorenicite-od-sonce-i-da-go-zadrzite-ubaviot-ten-bez-fleki-i-lupenje/ Sat, 16 Jul 2022 09:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=529698

Летното уживање на плажа деновиве може да предизвика проблеми доколку не се внимава на сонцето и на заштитата на кожата од сончевите зраци.

Доколку вашата кожа изгори на сонцето, без разлика дали изгореницата е блага или веќе се создаваат плускавци, постојат решенија кои ќе ви овозможат да го направите процесот што е можно побезболен и лесен, без лузни и промени во пигментацијата.

Пред сè, важно е да се запамети дека изгорениците се знаци на оштетување од сонце, а долгорочното изложување го зголемува ризикот од рак на кожата, па затоа е многу важно кремот со заштитен фактор да биде задолжителен.

Исто како и другите видови на изгореници, изгорениците од сонце се класифицираат според сериозноста како прв, втор или трет степен - и знаејќи кој тип го имате ќе ги води вашите следни чекори кога станува збор за нега.

1 степен: кожата е црвена и болна

2 степен: освен црвенило се појавуваат и плускавци

3 степен: најтежок тип и се советува веднаш да се побара лекарска помош. Покрај црвенило и плускавци кои покриваат повеќе од 20 проценти од кожата, симптомите може да вклучуваат силна главоболка, морници, висока температура и екстремна дехидрација.

1. Изладете ја кожата

Првата работа што треба да ја направите, дури и ако сè уште сте на плажа, е да се држите подалеку од сонце за да избегнете влошување на изгорениците. Најдете сенка, покријте ја кожата и направете се што можете за да се заштитите од штетното УВ изложување. Изгорената кожа е чувствителна и изложена на ризик од дополнително оштетување.

Потоа обидете се да го изладите, а за тоа можете да користите алое вера или кисело млеко. Исто така, туширањето со ладна вода може да помогне во ублажување на црвенилото и воспалението.

2. Хидратацијата е клучна!

Кога вашата кожа ќе се олади, нанесете лесен, хидратантен крем. Алоето, како и купките или облогите со овесно млеко се многу смирувачки. Посебен плус е ако претходно ги чувате во фрижидер за ефект на ладење.

3. Пијте многу вода

Кога ќе се појават изгореници, пиењето вода е исто толку важно како и нанесувањето навлажнувачки креми, особено ако веќе се создаваат плускавци бидејќи црпат вода од кожата.

4. Доколку е потребно, користете лекови

Секој лек кој има антиинфламаторно дејство може да помогне да се намалат симптомите. Секако, доколку не сте сигурни, консултирајте се со фармацевт или лекар.

5. Мора дополнително да ја заштитите и покриете оштетената кожа

Покривањето на црвената и иритирана кожа ќе го забрза нејзиното заздравување, па затоа е клучно да се заштити од сонцето и топол воздух, што значи лесни ткаенини над неа, по можност од природни материјали како памук.

6. Правилно третирајте ги плускавците

Изгорениците од втор степен доведуваат до појава на плускавци, а кога ќе се формираат на кожата, треба да ги оставите сами да пукнат за да се исцеди лимфата и течноста. Кожата под плускавците е многу нежна, бидејќи нервите се изложени на воздухот.

Носете тенка облека над иритираните делови и не отстранувајте ја „кожата“ бидејќи тоа може да ја оштети здравата кожа и да создаде лузни.

7. Либерално нанесувајте крема за сончање

Последното и најважно е да не штедите на кремата за сончање. Додека кожата заздравува, може да биде исклучително чувствителна на сонце, затоа внимавајте на изложеноста на УВ зраците и често нанесувајте крема за сончање.

Ова е од суштинско значење дури и откако вашата кожа заздрави: секое изгореници ги зголемува шансите за рак на кожата и предвремено стареење, затоа почнете да нанесувате крема за сончање што е можно поскоро и почнете да преземате други чекори за да ја заштитите вашата кожа од сонце.

The post Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење appeared first on Република.

]]>

Летното уживање на плажа деновиве може да предизвика проблеми доколку не се внимава на сонцето и на заштитата на кожата од сончевите зраци. Доколку вашата кожа изгори на сонцето, без разлика дали изгореницата е блага или веќе се создаваат плускавци, постојат решенија кои ќе ви овозможат да го направите процесот што е можно побезболен и лесен, без лузни и промени во пигментацијата. Пред сè, важно е да се запамети дека изгорениците се знаци на оштетување од сонце, а долгорочното изложување го зголемува ризикот од рак на кожата, па затоа е многу важно кремот со заштитен фактор да биде задолжителен. Исто како и другите видови на изгореници, изгорениците од сонце се класифицираат според сериозноста како прв, втор или трет степен - и знаејќи кој тип го имате ќе ги води вашите следни чекори кога станува збор за нега. 1 степен: кожата е црвена и болна 2 степен: освен црвенило се појавуваат и плускавци 3 степен: најтежок тип и се советува веднаш да се побара лекарска помош. Покрај црвенило и плускавци кои покриваат повеќе од 20 проценти од кожата, симптомите може да вклучуваат силна главоболка, морници, висока температура и екстремна дехидрација.

1. Изладете ја кожата

Првата работа што треба да ја направите, дури и ако сè уште сте на плажа, е да се држите подалеку од сонце за да избегнете влошување на изгорениците. Најдете сенка, покријте ја кожата и направете се што можете за да се заштитите од штетното УВ изложување. Изгорената кожа е чувствителна и изложена на ризик од дополнително оштетување. Потоа обидете се да го изладите, а за тоа можете да користите алое вера или кисело млеко. Исто така, туширањето со ладна вода може да помогне во ублажување на црвенилото и воспалението.

2. Хидратацијата е клучна!

Кога вашата кожа ќе се олади, нанесете лесен, хидратантен крем. Алоето, како и купките или облогите со овесно млеко се многу смирувачки. Посебен плус е ако претходно ги чувате во фрижидер за ефект на ладење.

3. Пијте многу вода

Кога ќе се појават изгореници, пиењето вода е исто толку важно како и нанесувањето навлажнувачки креми, особено ако веќе се создаваат плускавци бидејќи црпат вода од кожата.

4. Доколку е потребно, користете лекови

Секој лек кој има антиинфламаторно дејство може да помогне да се намалат симптомите. Секако, доколку не сте сигурни, консултирајте се со фармацевт или лекар.

5. Мора дополнително да ја заштитите и покриете оштетената кожа

Покривањето на црвената и иритирана кожа ќе го забрза нејзиното заздравување, па затоа е клучно да се заштити од сонцето и топол воздух, што значи лесни ткаенини над неа, по можност од природни материјали како памук.

6. Правилно третирајте ги плускавците

Изгорениците од втор степен доведуваат до појава на плускавци, а кога ќе се формираат на кожата, треба да ги оставите сами да пукнат за да се исцеди лимфата и течноста. Кожата под плускавците е многу нежна, бидејќи нервите се изложени на воздухот. Носете тенка облека над иритираните делови и не отстранувајте ја „кожата“ бидејќи тоа може да ја оштети здравата кожа и да создаде лузни.

7. Либерално нанесувајте крема за сончање

Последното и најважно е да не штедите на кремата за сончање. Додека кожата заздравува, може да биде исклучително чувствителна на сонце, затоа внимавајте на изложеноста на УВ зраците и често нанесувајте крема за сончање. Ова е од суштинско значење дури и откако вашата кожа заздрави: секое изгореници ги зголемува шансите за рак на кожата и предвремено стареење, затоа почнете да нанесувате крема за сончање што е можно поскоро и почнете да преземате други чекори за да ја заштитите вашата кожа од сонце.

The post Седум начини да ги ублажите изгорениците од сонце и да го задржите убавиот тен без флеки и лупење appeared first on Република.

]]>